Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Санта Клаус на лошата Македонија ќе ѝ дари мегабомба
Author Message
трендафил Offline
Member
***

Posts: 166
Joined: Jan 2010
Reputation: 3
#1

Санта Клаус на лошата Македонија ќе ѝ дари мегабомба

Последната најава на Зоран Заев, според сценариото што било подготвено и се чекало само да се активира во прав момент, е дека најавената бомба што сигурно ќе ја собори Владата ќе експлодира на Свети Никола.
Планерите мислеле дека така ефектите од експлозијата ќе бидат поголеми. Интересни се размислувањата на главниот мозок на операцијава, кој и да е и од каде и да е, а не е нашинец дефинитивно. Мислам на ефектите на бомбата што ќе експлодира. Ако Владата падне по автоматизам од јачината на експлозијата, како што очекува Заев, што е важно пренаменувањето на славското собрание во македонските семејства во партиска трибина на неверничка партија? Или можеби употребата на светец во земските политички играрии е уште еден детаљ за производство на масовна шок-состојба, веднаш по главниот удар. Како и да е, сите главни настани во поновата едновековна македонска борба за државност се сврзани со некој светец. Почнавме со свети Илија, понекогаш во плурализмот и транзицијата го вплеткувавме душовадникот Архангел Михаил, а во име на своите „идеали“ разни човечки отпадоци двапати ни го зацрвенуваа со невино пролеана човечка крв и Велигден. Ми се чини дека она што беа Мартовските иди за римските диктатори и императори, тоа се христијанските светци за извесни политички дејци во Македонија - наместо за молитва и за духовен раст, служат како ритуални алатки во игрите за прераспределување на моќта.



Во очекување на мегаексплозијата на светиниколската бомба во 2014 година (бидејќи минатогодишната нагазна мина не заврши со саканите последици, ами напротив, на изнудените двојни избори, се потврди старата власт со нов мандат), сакам со вас да прошетам низ сценариото на СДСМ. Само водете сметка дека „расхотката“ ќе ни биде низ густа магла од ти реков ми рече „информации“ и државни институции што се закопчани до грло и речиси воопшто не општат на темава со медиумите. Единствена помош на патот ни се информациите од надвор, настаните во блиското ни соседство и оние од кои се тресе ЕУ. Да почнеме!
ПРИЧИНА: Отстранување на Никола Груевски, кому на вообичаен начин не можат да му ги срушат авторитетот, интегритетот и угледот кај Македонците. Сам по себе тој не би бил важен ако не е фактот дека девет години „врзува“ добар дел од популацијата, односно го контролира теренот. Биткава е за контрола на теренот, односно способност да мобилизира маса. Власт паѓа кога губи терен и способност да мобилизира народ.
ЦЕЛ: Првата е смена на власта што не сака да го заврши „проектот“ демонтажа на Република Македонија и бришење од регистарот на живи народи на Македонците. Ова ќе значи формално затворање на Берлинскиот конгрес и Букурештанскиот мировен договор и потврдување на версајските одлуки. Промотори на оваа цел се Вашингтон и Брисел виа Берлин и Париз. Џекпотот оди кај Грција.
Втората е дел од големата игра на САД и Русија за прераспределување на моќта со помош на корисни идиоти (пиони). Вашингтон и Брисел, со топовска асистенција на Берлин, сакаат преку уништувањето на Македонија да му обезбедат два последователни а сигурни мандата на „лауферот“ Андонис Самарас и така да го победат Владимир Путин во медитеранската гасоводна битка, ама и да ги спасат ММФ и Светска банка. Македонија е кибицер колатералка со ефекти на аналгетик за бессовесните и аморални евроатлантски политички гангстери и злосторници што заседнале во политиката.

ПОВОД: Мегаскандал со непозната содржина (пасоши, машина за печатење пасоши, изборен фалсификат во Охрид и сл.). За разлика од претходниот, кој експлодира во 2001 година и се однесуваше на мегаприслушувањето, овој е содржински неизвесен. Заев очигледно беше принуден да лицитира откако првично ја најави бомбата. Тоа упатува на констатација дека човеков добил задача да испрати коминике со најава, ама и самиот бил на почек за содржината. Додека чекал да му врачат тема на скандалот и докази, почнал и да тргува. Оти и самиот не е на чисто дали може да настрада како колатералка од „пријателски оган“. Изгледа дека дизајнерите од странство до последен момент не им кажале на домашните бомбаши на која тема и колкава ќе биде разорната моќ на експлозивната направа. А можно е и самите да се двоумеле во изборот зашто им чкрипело нешто во процесот на производство, односно монтажа на аферата. Но, колку што разбрав од високи и угледни партиски логистичари, сега сѐ било подготвено барабар со Грците и ние пак да излеземе на предвремени избори!? Демек, афера, па техничка влада под странски притисок и украински „слободни избори“ со загарантирана „гооолема“ победа за СДСМ. Исто како во 2001 и 2002 година.

ШТО Е ТОА ШТО МОЖЕ ДА НЀ ШОКИРА? Речиси ништо по 23 години искуство. Вообичаено, кога службите се занимаваат со производство и со пласман на бомби за дестабилизација на држави преку елиминација на неподобни политичари и друг вид моќни и угледни луѓе, се користат непријатни информации за персоната што е маркирана како цел. Тие се финансиски, политички или лични, а секогаш поврзани со моралот. Никола Груевски, со сите негови слабости и несовршености, не е лесен за ваков вид отстрел. Не остава видливи траги или зашто е навистина приватно беспрекорен или зашто е политички чист и честит. Единствено што може да го урне на ваков начин е да му нашле лична сметка со милиони долари на Сејшелите или да го фатиле црно на бело (со потпис) да испреговарал промена на името на државата. Сѐ друго (швалерај, педерастија, алкохол, дрога, коцкање, мафијашење заедно со Ахмети) е „мрка капа“. Човеков го немаше ни на Викиликс, а на онолку шпионажа од САД, Велика Британија, Франција и од Германија, во девет години ќе ископаа нешто крупно и доволно убиствено за да нѐ испошокираат набрзина наместо да нѐ пимплаат преку Заев. Афери и бомби што може да компромитираат некој или неколку државни функционери или блиски соработници на Груевски, колку и да се сочни и големи, не го загрозуваат самиот Груевски. Може елегантно и ефектно да ги бајпасира со два-три проекти што не ни ги ветил, ама, ете, тој ги подготвил.

ВРЕМЕ: Грција се подготвува за предвремени претседателски и по автоматизам, ако ни по три круга не се избере шеф на државата, се активираат и предвремените парламентарни избори. Штом Самарас од притвор ги вади златнозорците за да гласаат во парламентот, јасно е до каде му е стигната работата со Сириза и колкава е магнитудата на страв од Ципрас во Брисел и Вашингтон. Македонија, по совет на ЦИА, треба да биде дестабилизирана ако Самарас сака да се стабилизира. Тоа е цената.
Што бара Грција во сценариото на СДСМ? Не, не сум се збунила. Токму во тоа е штосот. Радмила Шеќеринска и Тито Петковски како постар кадар се маркирани како прогрчки ориентирани од поодамна. Згора, Јорго Папандреу ѝ е политички ментор на Шеќеринска, кој ѝ ја гради интернационалната кариера. Заев е понова генерација и е политички инсталат и „духовно“ чедо на гркоманските владики во Синодот на МПЦ. Не чудете се! Ги има, впрочем како и во сите други православни цркви. За разлика од лани или оломлани, овој пат партијата со ова „прочистено“ раководство не се ни обидуваше да најде формален изговор за бомбашкиот напад. Партијата очигледно е незаинтересирана да дејствува како нормален политички субјект што се бори за гласови. Не е заинтересирана за соработка со синдикатите (СДСМ не го почитува работништвото) не се занимава со земјоделството. Не ја интересира ни средната класа, односно администрацијата, буџетарите. Упадливо е отсуството на поткрепена и аргументирана критика за големиот број грешки на Владата во комуналната сфера. Нема активитет во оцена на надворешната или одбранбената, енергетската, финансиската политика. Единствената активност на СДСМ е сврзана со дестабилизацијата на Македонија, која пак ѝ е важна на Грција.

Дестабилизацијата во повеќе наврати им беше препуштена на милитантите од албанскиот политички корпус. Ама овој пат тие со одлука на нивните спонзори „одмораат“. СДСМ од лани е главниот изведувач на работите. Креативниот сценарист пресметал дека албанското ѕвечкање со бомбичиња во Македонија само ги обединува и ги дразни Македонците, што не е добра тактика ако некој сака да освои терен преку демотивација и апатизирање на народот. Згора, планерите на големата шаховска партија што сега се игра во Европа на секоја педа земја не сакаат да му подарат на Путин адут преку осветлувањето на проектот „Косово - држава“ и особено не тој да докаже дека фаворизирањето на Албанците во регионот не е дел од регионален миротворен процес, ами обратно, значи наменско покривање на балканскиот терен со семе за конфликти. Како и да е, Албанците на овој Свети Никола се кротки и невообичаено кооперативни. Прифатија уставни промени. Поддржуваат образовни реформи и државен испит, го прифатија дури и предлог-грбот на РМ. Само по себе е невообичаено и излегува од рамките на досегашните сценарија, но токму затоа го вперува прстот директно кон авторот на сценариото.

За новиот фингерај изборот за главната улога очигледно паднал на СДСМ и на актуелното раководство зашто има организациска инфраструктура, сериозно гласачко тело и очигледно поединци што се нафатиле да ги изведат валканите работи сврзани со името како ултимативна цена за нивно инсталирање на власт (што и досега повеќепати го изведуваа), ем за да издејствуваат македонско - македонски судир како претекст за деморализација или граѓанска војна. Ланскиот обид (24 декември, односно црниот понеделник) за идеолошки судир не успеа. Оваа година го пуштија генералот во пензија Тодор Атанасовски да промовира и провоцира вардарско-егејски судир. Што ли ќе биде следното?

Автор: Мирка Велиновска за НОВА МАКЕДОНИЈА
23-12-2014, 08:45 AM
Reply