Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГРУПАЦИЈАТА ВС КЕКЕНОВСКИ ИЛИ ВМРО ВС ДПМНЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,760
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ВМРО-ДПМНЕ е икона, а не параван за нечии интереси


[Image: E94E236CD1BEFC49896F0D99FC4C4EBD.jpg]
Јове Кекеновски

Во име на чесните патриоти во ВМРО-ДПМНЕ, сакам да му одговорам и на Заев и на целата македонска јавност - и ние ја сакаме вистината на виделина

Последниве месеци, откако претседателот на СДСМ, Зоран Заев, најави некаква бомба, од опозиционерите, но и од некои опозициски настроени новинари се' повеќе слушам дека „ВМРО-ДПМНЕ треба да биде разобличена на политичката сцена“!? Бомбашот Заев во интервјуто за „Слободен печат“ вели дека не е среќен што располага со аргументи што го докажуваат злосторството што власта и' го прави на Македонија веќе деветта година по ред. Во истиот контекст продолжува и вели: „вистината за делата на ВМРО-ДПМНЕ е престрашна за да може лесно да се покрие со инстант-акции“.

Како еден од луѓето кои и' пристапија на партијата од нејзиниот почеток, поточно од денот на нејзиното основање, морам да признаам дека овие обвинувања тешко ми паѓаат. Чекајте, бре луѓе! Застанете малку и избројте до десет. ВМРО-ДПМНЕ е партија со многуилјадитно членство и симпатизери, каде што постои централно раководство на партијата (претседател, потпретседатели, генерален секретар, извршен комитет и централен комитет), општински и месни раководства, членство, како и симпатизери. Бездушен ќе биде обидот на СДСМ доколку со вака јавно искажан став (оцрнувајќи и жигосувајќи не' сите нас) го прави тоа во име на теснопартиските интереси, во име на лекување на личните суети или омразата кон политичкиот противник, во име на желбата да се дојде побрзо на власт.

Ние, вистинските вмровци и патриоти, кои засега сме неформална партиска алтернатива, не го дозволуваме тоа. Затоа, господа политички противници, ве молиме разграничете што сакате - главата на оние кои, според вас, се огрешиле од законите и од моралот, главата на оние кои ги продале или ги продаваат највисоките национални и државни интереси, а кои се на високи државни позиции во името на ВМРО-ДПМНЕ, или, пак, ги сакате главите на сите членови на ВМРО-ДПМНЕ? Ќе биде штета за иднината на државата доколку најмногу од се' го посакувате последново.

Пред да им отстапам простор на историјата и на фактите, чувствувам дека е потребно да ве информирам за следното: Никола Груевски и неговите најблиски соработници се само дел од многуте членови кои и' се приклучија на партијата во подоцнежниот период од нејзиното постоење. Груевски и неговите соработници се само членови кои во овој момент ја извршуваат функцијата на која се избрани. Сето ова никому не му дава за право да ги поистоветува сите нив со целото членство на ВМРО-ДПМНЕ и за евентуалната нивна вина да ги обвинува сите членови. ВМРО-ДПМНЕ е многу, многу повеќе и поголемо отколку Груевски и неговите соработници. ВМРО-ДПМНЕ е икона. ВМРО-ДПМНЕ е историја. ВМРО-ДПМНЕ е идеја. ВМРО-ДПМНЕ е легенда. ВМРО-ДПМНЕ е светлина која никој нема право да ја задушува.

Во име на чесните патриоти во ВМРО-ДПМНЕ, сакам да му одговорам не само на Заев туку и на целата македонска јавност - и ние ја сакаме вистината на виделина. Вистина сега и веднаш. И ние нема да бидеме среќни ако е така како што вели Заев. За мене лично, а и за најголемиот дел од чесното патриотско членство на ВМРО-ДПМНЕ, најголемо понижување и навреда е сите ние да го носиме гревот на некој друг(и). Никој од нас нема да дозволи сите ние да ја наведнеме главата за тоа што некој друг(и) го прави или го направил тоа на што алудира претседателот на СДСМ.

Многубројното искрено членство на ВМРО-ДПМНЕ инсистира на правна држава, на владеење на правото, на еднаквоста, на создавање поле за реален натпревар меѓу претендентите во политичката игра. Тоа има изградена комплементарна култура на почитувањето на законите, настојува да има доверба во правниот поредок и во институциите на системот и инсистира на лојалност од секој граѓанин кон државата. Вмровската култура на законитост најенергично и' се спротивставува на културата на беззаконитост и на асоцијалното и криминално однесување на поединци, а посебно на избраните и именуваните функционери. Чесното и лојално членство на ВМРО-ДПМНЕ се повикува на моралните вредности и се врзува со потребата на Македонците и на сите етнички заедници во нашата држава да живеат слободно, без криминал, корупција, без насилство и понижувања, без тргување со националните интереси.

Затоа, сега и само сега и веднаш, без одложување, почитувани опозиционери, излезете со конкретни докази, дајте споделете ги вашите сознанија со сите нас без разлика колку ќе боли сето тоа. Ние сме должни, во име на вековниот идеал на нашата партија како наследник на историското ВМРО, и сами да ја расчистиме работата и да ги казниме сторителите на таквите дејанија. Се разбира, доколку ги има... Членството на ВМРО-ДПМНЕ го красат вистински вредности како заложба за ред, мир, поредок, правда, вистина, патриотизам, слобода и други вредности со векови проповедани и практикувани на овој простор. Вредностите што ги застапува членството на ВМРО-ДПМНЕ им се спротивставуваат на појавите на секое патолошко и апатриотско однесување и никогаш никому нема да му дозволи тие да станат хронични, растечки, а уште помалку - да станат доминантни.

Е, тогаш, доколку во вашите обвинувања препознаеме вистина, ако таа е опиплива и со цврсти докази, а не како досегашното грепкање по површината, сама по себе ќе се наметне потребата да се свртиме наназад, низ историјата, да видиме како се решавале ваквите дејанија. Само тогаш, согледувајќи ги овие две страни на еден ист медал - едната темна, другата малку повеќе темна, ќе собереме сили сами да си ги средиме состојбите. Погоренапишаното не е само мој став, мое убедување, ниту само моја желба. Убеден сум дека најголем дел од моите сопартијци размислуваат исто.

Но убаво е да се знае дека верните и искрени патриоти во ВМРО-ДПМНЕ нема да му простат никому кој се обидува без основа да ни ја анатемиса партијата со исфабрикувани средства и методи, а уште помалку на оние кои се во нашите редови и кои во име на личниот интерес го поматиле угледот на партијата и на државата промовирајќи и практикувајќи лажен патриотизам.

П.С. Соочени со дилемата дали најавената бомба на бомбашот од Струмица ќе експлодира со несогледливи последици или, пак, ќе замириса на ќор-фишек, некои други „бомбаши“ во предвечерието на студентскиот марш се обидоа да постигнат друг ефект. Да влеат страв и немир... Ми се чини дури и тенковите да излезат на улица нема да може да се спречи доаѓањето на пролетта.

(Авторот е универзитетски професор)

Колумната е превземена од UTRINSKI VESNIK


Јове за жал ама за волја на вистината Заев е прав 100%. Членство кое не крева глас, членство кое дава слепа подршка на Груевски на неговата политика, на неговиот избор на соработници е соучесник и е еднакво виновно како и Груевски.
Колку од оние кои навистина ја основаа ВМРО ДПМНЕ се во партијата, пред се мислам на носителите на континуитет на ВМРО?? Значи зборам за оние кои ја водеа битката на основање пред 17.06.1990 година, онаа битка за што во партијата се молчи и за што досега никој не се осмели да ја спомене, поточно да се каже вистината како е дојдено до ВМРО ДПМНЕ.... ако тоа во ове 24 години беше разјаснето денеска обинувањата на Заев ке беа јасно разбрани од сите и ке се знаеше точно на кого се однесуваат. Зборовите, обинувањата на Заев не се однесуваат на ВМРО на луѓето кои го носеа континуитет на ВМРО и кој свесно прифатија да со обединат со творбата на УДБа, ДПМНЕ !! Тие луѓе уште со првите знаци дека се одстапува од идеологијата на ВМРО, сега веке далечната 1992 годаина, тивко без многу помпа и препукувања се повлекоа а сее повлекоа бидејки скоро сите беа глув да ги слушнаѕ=т нивните предупредувања. Тие луѓе членството, врвот на партијата свесно ги маргинализираше и сеуште ги маргинализира. а ги маргинализира заради тоа што преку ноќ се изродија едно чудо ВМРО вци, ВМРО вци кои немаа ниту В од ВМРО!
Фактурата на такавото однесување денеска ја испорачува Заев и наместо зборовите на Заев да донесат отрезнување и барање на решение онаму каде што е!!! Во враќање на партијата на изворните принципи на ВМРО а тоа е единствено можно со помош на луѓето кои се носители на континуитетот на ВМРО, се разбира оние кои се сеуште живи а благодарение на Господа кои ги чува, ги има и се сеуште со добро здравје!

пс. да не бидaм погрешно разбран тие луѓе неможат, поточно нетреба да ја водат партијата. Партијата треба да ја водат млади но искрени следбеници на идеологијата на ВМРО.
11-12-2014, 02:58 PM
Reply