Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МИРКА, МИЛЕНКО И БУРЕГЏИЈАТА ВО ЕДНО Е БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Branko Trickovski

Убиството на премиерот во сон!

Одмаздата мора да е правна, да ја има супериорноста на правноста, така да се култивира! Јас мислам дека луѓето што не се во состојба да го мразат режимот и неговите најистакнати поединци, со лидерот Груевски на чело, не се нормални. Не верувам во неутралното разликување на доброто од злото или на убавото од грдото, без страст, тоа не е можно. Не треба да ја бркаме омразата туку и неа да ја култивираме!

Пишува: Бранко Тричковски

Секоја вечер го шетам куферчето со "хеклер и кох" меѓу ѕидините на скопското Кале. Гледам да сум под вардарските темели на американската амбасада меѓу еден и два. Тука и ја качувам елегантната напрченост на оптичкиот нишан "леуполд" 3,5-10 х 56 ку 30, со црвена точка и снајперската пушка е готова!
Потоа нишанам, еднаш, двапати, лефтерно, како Американец во некоја сентлуиска продавница за оружје, за проба, доле во тополите крај арената на поразите, во чавките на спиење! Цврцнувам од "полимарито", се издишувам како Леброн Џејмс пред да шутира слободни фрлања за "кавсите", и минувам на финалната фаза, со отворање како во некој хичкоков филм, прво го фаќам квартот, па ја барам зградата на владата, па џамот на премиерот, па го зумирам премиерот, го гледам човекот низ тоа "леуполдот" како работи за доброто на Македонија, како на еден голем вертикален крстозбор го решава прашањето за името и други тешки прашања, како што е новиот систем кој гарантира дека студентот не може да дипломира ако нема незнаење на глупак, ја гледам црвената точка на неговото теме и чкрапам, нула, еден, куршумот полетува, јас го вадам мобилниот телефон, му ѕвонам на премиерот, низ нишанот гледам како тој го крева својот "ајфон" од масата со решенијата за Македонија, "ало" вели тој, "ало" велам јас, "сврти се накај американската амбасада, имам еден подарок за тебе", му велам, тој се врти, го гледа ласерскиот зрак обоен во црвено, фацата му се изобличува како на Хамилтон во "Параболика" на Монца, проектилот го крши џамот и влегува во основата на неговиот нос во форма на куртовска капија и прави божурен отвор во неговата чипирана глава!
Пред да се раздени сонувам уште еден сон. На "Даме Груев" во Скопјанг, пред неговата ердоганска палата, му викам на Зокита Ставревски, Зоки, бе, јас сум Џидипито, растам секој ден, можеби не се сеќаваш, многу би сакал да те почестам нешто во мојата гаража, ја изградив од моите пари на вемерето, прекрасен проект на твојата влада, тој вика, "да, да, се сеќавам, како не се сеќавам", епа, ај тогаш, да одиме, и така Зоки дојде во мојата гаража и тука како оној Батлер, Џерард Батлер, ако се сеќавате, го легнувам јас Зокита на работната маса му ушприцувам две-три инјекции за да не може да ми умре од болка и така врзан и немоќен, фиксиран како курсот на денарот, немоќен како некои луѓе на кои тој им ја беше ебал мајката, а и татковците не им ги беше поштедил, фатив да му ги кинам ушите и прстите на рацете со моторцанглите "блек и декер", ганц нови, да му ги вадам катниците и очните капаци, да му акам уште не знам колку инјекции против брзата смрт и со моторна пила да му ги сечам нозете, на по три сантиметри, кругчиња, како од млади брези на Водно, да има да трае, стоката да страда, додека камерата снима како овој вреска, да се знае, оти бев наумил да ја покажам снимката на некоја журка или на јавна проекција на некој плоштад или на некоја од бројните шителизирани телевизии во кои тој ги беше бапнал парите од моите даноци и фирмите што со своите политики ми ги затвори!!
Го шетам потоа Мајло, кучето ги замочува липите на Аеродром, неговите гомна испаруваат од купчињата окапани лисја и формираат велелепен контраст со општите валканици во земјава, јас го гледам како ужива во светот на своите мириси, се му е супер и тогаш, во таа волшебна тишина, додека сонцето фаќа да се извишува над смачканата земја откај слободната зона во Бунарџик, ми се враќаат сликите од сонот и јас останувам фрапиран што во јавето на магливото утро немам некои битни забелешки на жестокоста од сношти! Тие слики не ме плашат. На едно рационално ниво јас знам дека не е убаво да се убива премиерот на една држава, дури и на држава што тој ја има уништено потемелно од некои мои јастуци и разноразни кабли во изведба на Мајло, ниту е убаво да го измачувам на најмонструозен начин министерот за финансии, но настрана од таа општа морализација, можеби не сум неутрален, но не чувствувам некоја згрозеност или нешто слично. Од сонот. Обратно, моето расположение има некоја удолна траекторија и само тој факт ме фрапира!
Не би сакал да сум премиер или министер во држава во која луѓето сонуваат вакви сонови! И веднаш потоа: не ми е јасно зошто, макар од себични причини, луѓето од власта не ги загрижува тоа во мерка која благовремено би им сугерирала да не го прават злото што овие од актуелното злосторничко здружување веќе го направија!
Мислам дека хемијата од која се раѓаат вакви сништа произлегува од фактот дека морбидноста на ситуацијата во Македонија и страдањето на милиони поединци и на општеството во целина, се над жестокоста на мојата или на чија било имагинација! Ако утре падне авионот на премиерот ние би прогласиле еднодневна претпладнева жалост со зурли тапани, ќебапчиња и пастрмајлии. И со Боцевски на чело на орото, оф корс! Дури, би рекол, нема сон во кој може да се доживее тоа што луѓето го доживуваат во јавето на Македонија! Второ, постојано се прашувам зошто лудакот со некаква државна функција може да прави просто неверојатни злосторства, вклучително и убиства, малтретирање и тероризирање на луѓето, девастација на просторот, на егзистенциите и на перспективите, окупација на институциите и приватизација на државните ресурси, а луѓето без тие лиценци да мораат да плаќаат казни ако говното не им ја погоди дупката во клечавецот на некоја биртија!? Претпоставувам дека немоќта од јавето потоа ја компензираат во волшебните соништа! Трето, ми се чини дека нивото на злото во општеството има тенденција да се изедначува, и дека кога ќе се изедначи како свест за злото тоа се вика катарза, а кога ќе се израмни со друго зло, тоа се вика хаос или револуционерен терор! Сонот е, веројатно, едно од местата кај што се врши тоа порамнување! Но, и животот, колку што гледам, е спремен за расчистување на сметките! Да сум власт, јас би умрел од страв!
Потоа си мислам, дали во тие мои соништа и расположенија има елементи на одмаздништво или омраза или макар мисла или говор на омраза, тоа е сега модерно така да се расправа!? Веројатно-да, со тоа што јас немам негативен однос кон одмаздништвото, а уште помалку кон омразата кон оние поединци и структури кои успеаја да смислат и да реализираат еден ваков монструозен проект, без преседан во светската историја: уништувањето на една мала, и покрај се, питома земја, на питоми и меки, во основа, добри луѓе, со не мали шанси да ја освојуваат иднината во заедничкото патување со сиот нормален свет, од страна на тукашни луѓе, на лу од нашето маало!
Се разбира дека одмаздата мора да е правна, да ја има супериорноста на правноста, така да се култивира, ако така можам да кажам, како и омразата! Јас мислам дека луѓето што не се во состојба да го мразат режимот и неговите најистакнати поединци, со лидерот Груевски на чело, на еден начин, не се нормални. Не е ненормално ако мразиш туку е ненормално ако не мразиш! Без тоа чувство, колку и да звучи апсурдно, нема промени. Јас не верувам во неутралното разликување на доброто од злото или на убавото од грдото, без страст тоа не е можно. Културата на омразата е битна! Интенцијата да се избрка од културниот код е погрешна.
(Колумна во " Слободен печат")
30-11-2014, 06:14 PM
Reply
трендафил Offline
Member
***

Posts: 166
Joined: Jan 2010
Reputation: 3
#2

Никој не му го оспорува правото на Тричковски да мрази. Но не може да бара сите да мразат како него. Некој (повеќето) мрази друг или не мрази никого. Во секој случај се работи за класичен говор на омраза. Во најпримитивната смисла на зборот. И очигледно е дека Тричковски ни на сон не може да види како некој (Заев) во догледно време може да го победи Груевски на демократски начин, на избори, па бара „алтернативни“ решенија.
(This post was last modified: 04-12-2014, 10:54 AM by трендафил.)
04-12-2014, 10:53 AM
Reply
трендафил Offline
Member
***

Posts: 166
Joined: Jan 2010
Reputation: 3
#3

Интересно е тоа што сите што го нападнаа Миленко за еден збор, ебозовна, што го употреби за поранешната холандска амбасадорка, сега молчат. Иако Миленко не ги објави своите соништа во врска со „ебозовната“ амбасадорка. не знам дали таква колумна би била говор на љубов, ако сексот се гледа како врв на љубовта, за разлика од овој очигледен говор на омраза усмерен против нашиот премиер. Претпоставувам дека Миленко, на кого му пречеше што амбасадорката наместо да се однесува дипломатски се однесуваше како портпарол на опозицијата и дека во тие соништа на некој начин би се обидел да и ја „затне“ устата.
Лично се надевам дека ова пишување на Тричковски е дното на новинарското однесување. Но не би можел да се кладам дека не може и полошо. Имаме доста способни новинари за такво нешто.
09-12-2014, 08:43 AM
Reply