Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ ОВАА КЕ БИДАТ ОД ПОЧЕТОК ДО КРАЈ САМО СТУДЕНТСКИ ПРОТЕСТИ ??
Author Message
трендафил Offline
Member
***

Posts: 166
Joined: Jan 2010
Reputation: 3
#21

Интересно денеска. На средба на министерот со деканите на оедагошките факултети сакале да влезат и четириесетина студенти повеќето од други факултети. Нормално не биле пуштени, а тоа е изненадување за новинарите од таборот на Сорос.
Имаме проширување на протестите. Веројатно некој се прашува денес дали протестот на сексуалните работници е почеток на крајот на актуелната влада што треба да донесе проевропска влада, односно влада што ќе се прави дека е луда и дека заемното решение за името, барем кога се работи за членство во меѓународни организации, НАТО и ЕУ, не е решение. Како што се прават луди од Советот на Европа кога го суспендираат решението на комисијата за проширување и народот на Европа преку своите предсставници, пратениците во Европарламентот.
За протестите на сексуалните работници со паролата И СЕКСУАЛНАТА РАБОТА Е РАБОТА каде ако не на ПЛУСИНФО. Неслободните медиуми не посветија големо внимание на овој настан.
17-12-2014, 03:29 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22

(17-12-2014, 03:29 PM)трендафил Wrote: Интересно денеска. На средба на министерот со деканите на оедагошките факултети сакале да влезат и четириесетина студенти повеќето од други факултети. Нормално не биле пуштени, а тоа е изненадување за новинарите од таборот на Сорос.
Имаме проширување на протестите. Веројатно некој се прашува денес дали протестот на сексуалните работници е почеток на крајот на актуелната влада што треба да донесе проевропска влада, односно влада што ќе се прави дека е луда и дека заемното решение за името, барем кога се работи за членство во меѓународни организации, НАТО и ЕУ, не е решение. Како што се прават луди од Советот на Европа кога го суспендираат решението на комисијата за проширување и народот на Европа преку своите предсставници, пратениците во Европарламентот.
За протестите на сексуалните работници со паролата И СЕКСУАЛНАТА РАБОТА Е РАБОТА каде ако не на ПЛУСИНФО. Неслободните медиуми не посветија големо внимание на овој настан.



Зар студентите, оние кои се најмногу засегнати со законов не треба да псисуствуват на дебатата. Па тогаш то не е дебата.





(This post was last modified: 17-12-2014, 03:44 PM by ЈорданПетровски.)
17-12-2014, 03:44 PM
Reply
трендафил Offline
Member
***

Posts: 166
Joined: Jan 2010
Reputation: 3
#23

Колку што знам ниту Груевски ниту Заев не ги повикуваат ни членовите на партиите, да не зборувам за другите заинтересирани граѓани на т.н. лидерски средби. Ни криминалците не учествуваат во носењето на кривичниот законик, ниту возачите во законот за сообраќај. Шегата на страна. Сметам дека не мора на средба на министерот со декани на факултети да присуствуваат и студенти. За жал македонските студенти и ученици немаат до сега направено ниту едни протести против лошото образование што го добиваат. Протестираат само кога некој прави обид истото да се поправи. По мене најголема грешка на македонското образование со децении е тоа што се учи по области, а кога одреденан тема ќе се затвори повеќе не се отвара и едноставно се заборава. Обидот сега е да се натераат студентите да ги запаметат барем основните работи. Колку гледам како дел од дијалогот со универзитетите (професорите и студентите) е тоа што не се нарушува автономијата на универзитетот. Прашањата за својот предмет ќе ги составува секој продесор согласно програмата што ја предава. Надворешна комисија (агенција) ќе прави само избор од тие прашања. Пак ќе напишам дека студентите и учениците можат да побараат и воопшто да не полагаат, а да добијат диплома. Вака ми е чудно кога некој не е задоволен од образовниот систем, а се бори против секаква промена. Доколку со протестите се бараше некаква друга промена, ќе дискутирав посериозно. Вака мислам дека овие што протестираат сакаат само една промена, Да се смени актуелната власт со најголемата опозициона партија. А албанскиот партнер да остане овој од власта. Иако министерот за образование е од ДУИ.
22-12-2014, 11:23 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#24

Трендафиле, што мислиш дали во Македонија може да има некои состојби ( незадоволства) кои можат да предизикаат чувства на несигурност и страв кај владеачката коалиција.
23-12-2014, 03:40 PM
Reply
трендафил Offline
Member
***

Posts: 166
Joined: Jan 2010
Reputation: 3
#25

Сигурно е дека има. Не и е лесно на влада што против себе ги има Брисел и Вашингтон, односно НАТО и ЕУ. При тоа не велам дека во Македонија нема и вистинско незадоволство, дури и глад, но сигурно е дека сега го има помалку и покрај светската економска криза и порастот на цената на храна и енергија кој за среќа не одминува. Од гладните најповеќе протестираат гладните за власт. Веќе имавме такви состојби. На 24 декември пред две години имаше дури и обид да се воведе диктатура, односно политичкото малцинство (опозицијата) се обиде да го спречи носењето на буџет за кој имаше подршка од мнозинството. А демократија е владеење на мнозинството. Но тие кои сметаа дека во Македонија има слобода на информирањето во време кога со чесни исклучоци мнозинството новинари пропагираше промена на името и не ги осуди НАТО и ЕУ што едно решено прашање, барем кога се работи за членство во меѓународни организации го прогласија за нерешено. И веќе 6 години се прават на удрени однесувајќи се како да е навистина така.
Иначе баш ми е гајле дали има или ќе има состојби од кои ќе се плаши власта. Поважно ми е дали има состојби од кои ќе се плаши народот. На пример од евентуални терористички напади од исламисти или некои други заслепени кои ги мразат сите што не се исти како нив и кои поради својата омраза се спремни да убиваат други и да се самоубијат.
Сигурно е дека во моментов власта најмалку се плаши од опозицијата. Таква ни е опозицијата. Која не само што се бори против сите промени во општеството, туку и понатаму тимот што губи не го менува. Веројатно чека некој друг, НАТО и ЕУ на пример, да ги донесат на власт. На демократски начин како што се смени власта во Ирак, Либија, на Косово, во Украина и да не набрајувам.
23-12-2014, 08:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26

Оваа е врв на лудилото на мегафоните на Грујо. Дали е во прашање страв или пак чувсто на моќ незнам



Quote:ФОТО: Сите протести и напади врз Владата опозициските медиуми ги снимаат од станот на сестрата на Шекеринска



Петок, 26 Декември 2014 10:51
Неформалната студентска организација „Студентски пленум“, која преку Младинскиот образовен форум финансиран од СОРОС не е ништо друго туку само продолжена рака на опозицијата, за денеска најави нови протести против воведувањето на државниот испит, кој треба да го подигне квалитетот во високото образование.

[Image: studenti14_thumb_medium500_375.jpg]

studenti14
Фотографија на Мери Јордановска

Доколку повнимателно се погледнат снимките на опозициските портали од последниот протест на студентите на 10- ти декември, може да се забележи дека голем дел од фотографиите и видео материјалот на порталите финансирани од Соросовата фондација се направени од едно исто место, односно од стан кој се наоѓа наспроти Владата.

Според информациите кои се шират низ новинарските кулоари од опозициските новинари, станува збор за стан кој и припаѓа на сестрата на Радмила Шекеринска, кој новинарите кои се дел од медиумите под контрола на СДСМ и СОРОС го користат при вакви протести. Фотографиите и видеоснимките кои се направени од исто место, покажуваат дека сите протести и напади врз владата опозициските медиуми ги снимаат од станот на сестрата на заменик-претседателот на СДСМ.





Ова видео, кое на „Јутјуб“ е објавено од страна на главниот новинарски послушник на СДСМ Бранко Героски е снимено од истото место како и низа други фотографии кои опозициските медиуми ги објавија од протестите, меѓу кои и онаа на новинарката на Фокус, Мери Јордановска.



Претходните два студентски протести, исто како и денешениот беа директно поттикнати и иницирани од најголемата опозициска партија, чии функционери можеа да се забележат во првите редови, исто како и главните пропагандисти на Соросовата фондација.

Повици со поддршка за студентите повторно стигнуваат од сите полуги на СОРОС без исклучок, а целата логистика на СДСМ повторно ќе биде вклучена исто како и на минатите протести. За исценираните протести се подготвени и опозициските новинари, чии фотографии и снимки повторно се очекува да бидат од едно исто место, според нивните коментари, станот на сестрата на потпретседателката на СДСМ.
Спонзорирани линкови
26-12-2014, 05:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27




Quote:Се спрема ли контрапротест пред Владата?

Денеска во Владата има отворен ден за граѓаните, кои сакаат да поразговараат со премиерот и министрите, иако студентите уште пред една недела го закажаа својот протест пред зградата на извршната власт
Фокус 26 дек 2014, 11:34

[Image: sk21.jpg&h=auto&w=620&zc=1]

Владата денеска организира отворен ден за граѓаните, истовремено кога студентите организираат протест во 14 часот пред зградата на извршната власт. Целта на овој владин проект е граѓаните подобро да се запознаат со работата на владата и да поразговараат со премиерот и министрите.

Владата за граѓаните ќе биде отворена од десет часот наутро до пет часот попладне, што значи дека истовремено пред зградата на извршната власт ќе се најдат и граѓаните кои сакаат да поразговараат со државниот врв, но и студентите, средношколците, професорите и сите оние кои сакаат да им дадат поддршка на идните академски граѓани, кои со месеци водат битка против воведувањето на државен испит на факултетите.

„Фокус“ се потруди да контактира со портпаролот на владата, Александар Ѓорѓиев, за да го прашаме зошто истиот ден е закажан отворен ден со граѓаните, кога студентите одлучија да протестираат пред владината зграда, но тој не одговараше на нашите телефонски повици.



Дали со овие решенија Груевски трга по патот на Милошевиќ и Чаушеску

Quote:Ilija Maksimovski


ЗА ПРОТЕСТОТ !

КОЈ ЗЛОБЕН УМ ОТВОРА ФРОНТ ЗА ПРЕСМЕТКА СО СТУДЕНТИТЕ СО ОТВОРАЊЕТО НА ЗГРАДАТА НА ВЛАДАТА ЗА ВЛЕГУВАЊЕ НА ГРАЃАНИ !?

ОД ЛИЧНО ИСКУСТВО НА СИТЕ ПОГОЛЕМИ И ПОМАЛИ ПРОТЕСТИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 20 ГОДИНИ :

ЗА РЕДОТ И БЕЗБЕДНОСТА Е ОДГОВОРНО МВР.
АКО ПОЛИЦИЈАТА ПОВРЕДИ ИЛИ ДОЗВОЛИ И ЕДЕН СТУДЕНТ ИЛИ НЕКОЕ ОД ДЕЦАВА ДА БИДЕ ПОВРЕДНО ВЛАДАТА НА ГРУЕВСКИ ЌЕ ПАДНЕ БЕЗ ОДЛАГАЊЕ!

ДРУГА РАБОТА Е ИСЦЕНИРАН ИНЦИДЕНТ ШТО ВЕРОЈАТНО СЕ ОЧЕКУВА СО ОТВОРАЊЕТО НА ЗГРАДАТА НА ВЛАДАТА ОД ПОЛИТИЧКИТЕ ЛЕШИНАРИ ВО ПРОТЕСТИТЕ !
НО, ТРЕБА ДА ЗНААТ ДЕКА ВО МАКЕДОНИЈА УЛИЧНО НАСИЛСТВО НЕ ФУНКЦИОНИРА ! ТОА СЕ ВИДЕ НА ПОСЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ КОГА ОВАА ВЛАДА ДОЈДЕ НА ВЛАСТ .
БАРАА МНОЗИНСКА ВЛАСТ - ИМ ЈА ДАДОА. БИДЕЈЌИ НЕ ЗНААТ ДА ВЛАДЕАТ И ДА ВОДАТ ДРЖАВА - ЌЕ ИМ ЈА ЗЕМАТ !
ИАКО ОВА СЕ СТУДЕНТСКИ ПРОТЕСТИ СИТЕ ТИЕ ГЛАСААТ А ГЛАСААТ И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА, БАБИ ДЕДОВЦИ,. . . ! НЕКОЈ ТРЕБАЛО ДА МИСЛИ ПОРАНО, А УШТЕ ИМА ВРЕМЕ.

САМО ТРЕБА ДА ИЗЛЕЗЕ ПРЕД СТУДЕНТИТЕ И ДА ГО ПОЗДРАВИ ТОЈ ШТО МУ ЈА ДАЛ ВЛАСТТА И ДВЕТЕ СТРАНИ ЌЕ СЕ СМИРАТ !
26-12-2014, 06:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#28



26-12-2014, 08:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#29

Quote:Силјановска, рамо до рамо со студентите на протести


„Горда сум на студентите! Тие се нашата енергија“ – проф. д-р Гордана Силјановска, рамо до рамо со студентите на протести
Издвојуваме



[Image: akademik-233.png]

Горда сум на моите студенти. Нивниот протест има легитимна цел и ќе бидам со нив и во предавалните, но и на протестите. Тие млади луѓе ми даваат енергија и инспирација и овој пат ги заштитија и професорите и универзитетот, вели за Академик професорката од Правниот факултет, Гордана Силјановска, која денес на Третиот студентски протест чекореше рамо до рамо со своите студенти.



И кралевите имале почит за професорите

За професорката Силјановска е нелогично и неоправдано да се носи законско решение што најмногу ги засегнува студентите, професорите и универзитетите без притоа да постои дебата и дијалог, што, пак, е одраз и на немањето почит кон академската заедница.

„Во средниот век и кралевите имале почит за професорите. Која е инаку смислата на Vivat academia! Vivant professores!“, вели професорката и посочува дека токму дијалогот, како што вели, од старт, е фундаментален за ваквите законски измени.

Доколку нема дијалог – ќе има отпор

„Не може да се предложи вакво законско решение без притоа да има дијалог, особено со оние на кои директно се однесува тоа решение, а тоа се студентите и професорите. Јас на моите студентите секогаш им говорам и им предавам за важноста од дијалогот. Доколку нема дијалог, тогаш секако дека ќе се појави отпор, протест“, вели проф. д-р Гордана Силјановска.

„Оттука, секако дека ги поддржувам студентите. Чекорев денес рамо до рамо со нив, а и како да не го направам тоа, тогаш би било спротивно на моите принципи и на она што им го предавам за демократијата и за дијалогот. И денеска, исто така, посебно ме израдува одлуката на Ректорската управа со која се бара повлекување на предложените законски решенија, тоа значи единство на Универзитетот, на професорите и деканите, солидаризирање со студентите“, нагласува професорката по уставно право.

Собранието им припаѓа на граѓаните

Таа укажува и на нелогичноста во пристапот кон креирањето на законските измени и на игнорирањето на ставот на професорите и факултетите.

„Логично е најпрво за овие законски измени да бидеме прашани ние, да постои дебата за тоа, да се одважи некој министер да дојде и да разговара со професорите. А дебата не е монолог. Ние и побаравме да бидеме повикувани да дадеме свои забелешки во матичната собраниска Комисија, но тоа не се случи. А чие е Собранието? Тоа не е ниту на Владата, ниту на партиите, тоа им припаѓа на граѓаните, оттаму извира и суверенитетот на државата, се разбира. Нашите забелешки требаше да бидат разгледани низ собраниската процедура, но сега останува пратениците да ги отфрлат законските измени. Тие мора да имаат предвид дека законот не е само процедурално донесување на актот, туку тој мора да имаат легитимитет. Законите се акти што треба да бидат легитимни и да го изразат општиот интерес затоа што чуму ви е таков закон ако не го изразува тоа, нешто на што укажувал дури и Аристотел“, вели Силјановска.

Државниот испит е непотребен

Според професорката, државниот испит како инструмент за проверка на знаењата е сосема непотребен и несоодветен, особено што, како што вели, постојат други законски механизми и инструменти за тоа.

„Еве, да речеме, за студентите што завршуваат право тука е правосудниот испит, испитот за државни службеници, нотарскиот испит итн. Државата има механизми на контрола. Доколку има сомнеж за постоење на „Фабрики за дипломи“ и тука си има законски механизми, тука е и Одборот за акредитација, кој во сегашните решенија дури има и проблематичен состав. Според мене, овој Одбор треба да биде составен од професори. Тие го имаат оној професионален ореол низ низата години затоа што не се станува лесно професор“, образложува д-р Силјановска.

Самиот факт на честа промена на Законот за високото образование говори за отсуството на концепт

За неа проблематична е и (не)компатибилноста на предложениот законски текст со европското право и посочува дека практично и не постојат наведени примери во функција на образложување на законското решение. Професорката појаснува дека првенствено „квалитетот“ на законското решение може да се согледа и од неговите чести измени, но и од номотехничкиот аспект на конкретните предлози.

И јазични пропусти во предложениот текст

„Законскиот текст требаше интегрално да се подготвува затоа што Законот за високото образование е толку често менуван што е контрадикторен сам со себе. Самиот факт на честа промена подразбира отсуство на концепт“, наведува таа, упатувајќи критика и за номотехничката подготовка на предложените измени, меѓутоа и за – јазичните пропусти во предложениот текст.

„Пишуван е како да го пишувал некој кому не му е мајчин јазик македонскиот. Јас го сакам и го почитувам македонскиот јазик и морам да укажам и на овие сериозни пропусти“, вели професорката, додавајќи дека со тоа само се докажува каков третман, избрзаност и посветеност се имало во подготовка на законските предлози.

„Оттука, таа избрзаност секако дека ќе иницира и протести“, вели Силјановска, повторно сугерирајќи дека за вакво крупно законско решение неминовна се дебата, посветеност и почитување на општиот интерес.

Студентите ги заштитија професорите – протести со силна идеја

Професорката нагласува дека студентите се во право и укажува на тоа дека всушност тие ги заштитиле професорите во случајот со протестите.

„Ова се поинакви протести и студентите нè заштитија нас. Силна е идејата, интригантните пораки, нивната идентификација со индексот“, потенцира Силјановска, додавајќи дека, како потрагата по политизација на протестите е сосема погрешна.

„Целта на студентите е силно легитимирана, а местото на професорите е кај студените. Јас како професор никогаш не сум гледала кој е Македонец, кој е Албанец, сдсмовец или вмровец, сите се студенти и имаат право на слобода на мислата и на заштита и одбрана на нивните права. Како јас, која им предава и ги учи за вредностите за слободата на мислата, да не бидам со нив. Јас ги поддржувам во таа нивна кауза и секако дека местото ми е таму“, вели професорката по уставно право.

Претседателот на државата да стави вето

Д-р Силјановска го повикува и претседателот Ѓорге Иванов, како професор од Правниот факултет „Јустинијан Први“, да не го потпишува законот и да стави вето затоа што етичкиот момент и кредибилитет за професорите е од суштествено значење и многу поважен од политичкиот.

Студентите се инспирација

„За секој професор најважни треба да бидат студентите. Јас како професор мојата енергија ја добивам од нив. Кога влегувам во предавална, не можам да останам рамнодушна на таа енергија. Таа младост е инспирација за мене како личност и затоа секогаш ќе бидам со студентите и на предавањата, но и кога треба да одиме заедно на протести. Горда сум на нив!“, гордо вели професорката Гордана Силјановска, која не ги крие емоциите од тоа што денеска можела сплотено да чекори со младите луѓе кои, како што вели, бескрајно ја радуваат и ја инспирираат, не само професионално, туку и во животот.

Милчо Велјаноски / veljanoskim@akademik.mk
26-12-2014, 09:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#30



26-12-2014, 09:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#31

Quote:Прес конференција, СДСМ

Петар Атанасов, претседател на Комисија за образование и наука
Скопје, 28.12.2014год

Премиерот Никола Груевски се изгуби, не можејќи да се помири со масовното студентско НЕ, што ја дигна на нозе речиси целата академска јавност.


Прво Груевски, воден во се што прави од лични или тесно партиски интереси, не можеше да разбере зошто студентите за коишто не важи т.н. државен испит, протестираат.

Но, вчера Груевски се надмина себе си во очајниот обид да најде оправдување, како се случи, најголем дел од професорите на факултетите и универзитетите да им се придружат на студентите, па дури, одлуките на неговата власт да ги отфрли и Ректоратот на Св. Кирил и Методиј.

По нападите врз студентите, вчера на тапет дојдоа професорите – протестирале зашто се плашеле од научни трудови?! Тоа е исто како да кажете дека докторите се плашат од грип.

Власта на Никола Груевски изненадено ѕирка од прозорците и не сфаќа што им се случува во општеството. Државата ја контролираат, но општеството не им е послушно.

Нивниот одговор е да бидат глуви и слепи за да не ги видат и не ги слушнат студентите од кои бегаат и професорите кои се солидаризираа во битката против катастрофата што му се подготвува на високото образование. Штетите ги направи власта а не професорите!

Трите аксиоми на сите законски предлози на власта, што се во собраниска процедура, се: желба за контрола врз вработените во основните и средните училишта, преголема продукција на закони во коишто никој не може да се снајде и измислување некакви и секакви комисии најчесто заради притисок врз вработените, како и измислување услови што не е точно дека се европски ниту, пак, светски вредности. На тој начин сакаат да ги држат покорни и студентите и професорите. Тоа им беше целта, што им ја расипува разбудената општествена свест и елементите на отпор во општеството.

Небулозите, наречени предлог законски решенија се во најголем дел апсурдни, неконзистентни и паушални. Кој може да нормира 5 секунди интервенција на тестатор? Зошто мора сè да се снима како во реално шоу? Ова сè е еден лош сон. Се предлага т.н државен испит, писмен тест, истовремено воведувајќи повторно устен испит, поради, како што констатираа, “аномалиите“ на писменото полагање според Болоња. И замислете, Владата ќе одлучува за почеток со годишната редовна работа на докторските студии.

На студентите, или идните студенти, им е јасно дека со измените им се ускратува уставно загарантираното право на образование. Дури излегоа и различни верзии на измените што ги добил Ректоратот од тие во Собрание, па и дека т.н државен испит сепак ќе важел и за сегашните генерации, за студентите кои повторуваат година.

Илјадници професори и наставници, со измените на власта, постојано ќе мора да плаќаат за обуки, тестирања и лиценци и за некакви тестови на личност и тестови за интегритет. Со еден удар власта сака и контрола и полн буџет.

Вакво малтретирање на наставниот кадар чијашто работа е посветеност во воспитно-образовниот процес, е досега невидено.

Како капак на се е следниот гест. Предлогот на законот за изменување на Законот за високо образование, кога беше ставен на Веб страницата на Министерството за образование, во член 167-в имаше само една казна, од 5.000 евра. Кога Законот стигна до Собранието, казните се веќе проширени и надградени со глоби од 10.000 до 30.000 евра, во денарска противвредност, и забрана за дејност ако високообразовната установа издаде диплома без претходно да се положи т.н државен испит, или му дозволи полагање испити на студентот од трета година без претходен државен испит по втора година. Одговорното лице, пак, на високо образовната институција кое ќе ги стори, според власта на Груевски овие “зла“, ќе се казни со затвор од 1 до 3 години.

Ете, лудилото на власта влезе во нова фаза.

Но, во секое зло има и нешто добро. Излегоа на виделина неспособноста на власта да води квалитетен образовен процес, како и неодржливоста на форсирањето студентско организирање под контрола на власта.

Студентите и професорите кажаа Доста е, на што се придружи најголем дел од јавноста. Власта на Груевски нема избор, ќе мора да ги отвори и очите и ушите, затоа што од сето ова, назад НЕМА.
28-12-2014, 03:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#32

Quote: Моралните избори се возможни, особено за интелектуалците!!

Малите злосторства се прават од користољубие или од навика. Големите од верба и од убедување. Само големите идеалисти прават големи злосторства без каење, идеалите ги ослободуваат од грижата на совеста...

Кога обвинителите во Нирнберг им ги поставија на сведоците против Ајхман прашањата: „Зошто не протестиравте? Зошто се качивте во возот? Петнаесет илјади луѓе стоеја таму, а стотици чувари ве гледаа... зошто не се побунивте, не се растрчавте или зошто не ги нападнавте?“, Хана Арент со право вели дека прашањата се сурови и глупави. Целиот триумф на садистичката структура на СС-овците се базирал на таков тип структура во која потоа жртвата да дозволи самата да биде одведена до јамата без протест, самата да се одрече од секаков квалитет на човечки отпор: системот кој ги уништува жртвите пред да стапат на губилиштето е неспоредливо подобар за држење на цел народ во ропство.

Законите во вообичаените земји во светот се токму такви: вообичаени и стандардни законски материи. Нашиот предлог-закон за Високото образование НЕ Е ВООБИЧАЕНА ПРАВНА МАТЕРИЈА.

Секој што ќе застане зад овој Предлог-закон е потенцијален соработник, инжењер, помагач и овозможувач на инфраструктурата што го овозможила владеењето на една помалку или повеќе тоталитарна матрица. Злосторствата (кон знаењето, а тоа значи и воопшто) што ќе бидат направени во име на овој потенцијален ЗАКОН се злосторствата направени во име на секој што НЕ реагирал!

Ова најодговорно го тврдам како редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, со 20 годишна наставна активност, со авторство на девет (9) научни книги, од нив три (3) преведени и објавени во странство, и на преку 300 студии објавени во водечките списанија за општествени науки и хуманистика во светот!

Тековниот Предлог - Закон за високото образование, кој има шанси да биде изгласан веќе во понеделник, е:

1) „Неконцизен, нејасен, непрецизен и контрадикторен“;
2) „Не е креиран според номотехничките стандарди.... зошто, по својот карактер не се законска материја, па би требало да бидат регулирано со упатство“
3) „(Ч)ленови имаа невообичаено голем број ставови и поради отсуството на енумерација не можат да се читаат интегрално
4) Дури и ваква забелешка: „Јазикот е лош и му треба не само лектура, туку и редактура“. (дел од извештајот на Правниот факултет) дека:


Не го слушајте СПИНОТ на Власта.

-Ова не е Закон, туку е Упатство за употреба, лошо и штетно напишан!

(Екстерното тестирање/државниот испит се само мал дел од тоталитарните решенија во Предлог-Законот)

- Предлог-Законот се коси со СИТЕ нормирачки закони во државава!

- Предлог- Законот е ПРОТИВУСТАВЕН, АНТИДРЖАВЕН, НЕХУМАН, ДИСКРИМИНИРАЧКИ, НАВРЕДЛИВ, ШТЕТЕН, освен тоа тој е директно уназадување од стотина образовни години!

- Предлогот е ПЛАНЕТАРНО НЕАПЛИКАБИЛЕН! Водечките импакт фактор списанија се однесуваат на cancer, brain cancer, итн. И тимови атомски физичари (знам од брат ми) не може да објавуваат во овие списанија, без соработка со јапонски, американски, корејски, xyz тимови, кои години минуваат во акцелератори, со огромни државни буџети за истражувања и дури ниту тоа не гарантира дека ќе бидат објавени во импакт фактор списанија. ДУЗИНА Нобеловци биле ОДБИВАНИ од импакт фактор списанија по најмалку три години читања... Предлог-законот не само што не е применлив за природните науки, тој е ПЛАНЕТАРНО НЕВОЗМОЖЕН за општествените и хуманистичките науки!

- Предлог- законот значи целосно ЗАМРЗНУВАЊЕ на секоја наставна и на секоја научна РЕПРОДУКЦИЈА НА КАДРИ, А СО ТОА И НА ЗНАЕЊЕТО како што тоа најбазично го дефинира педагогијата: како трансфер на знаењето од постари кон помладите. Законот е напишан како КРАЈ на наставно-научната обнова во земјава.

- Предлог- законот е НЕХУМАН, НЕПРАВЕДЕН И ШТЕТЕН. Меѓу сите ужаснувачки одредби, извадени од МАЛ МОЗОК, тој подразбира најдиректен упад во приватноста на луѓето (со барањето за снимање и емитување во живо на испити, со што се врши директен упад во приватноста на студентите).

...
И уште едно десетина КЛУЧНИ прашања!
....

Мора да бараме ИТНО прекинување на секаква расправа по повод Предлог-законот и пишување НОВ ЗАКОН ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ!

Овој и ваков Предлог- закон е ПЛАНЕТАРНА НЕБУЛОЗА и е ШТЕТЕН за Република Македонија. Како таков тој треба веднаш да се прекине во секоја форма на легислативно постоење, и во која било фаза на гласање или разгледување!

Сето ова што го зборува е крајно СЕРИОЗНО!

Да повторам: моралните избори се возможни, особено за интелектуалците!!

ЈАСНА КОТЕСКА
28.12.2014
28-12-2014, 03:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#33

Quote:Отворено писмо од професори и академици до пратениците



28-12-2014


Писмото го пренесуваме во целост:


"Пред вас наскоро ќе се најдат предлог-закони за измени и дополнувања на законите вообласта на високото образование, како и нови предлог-закони чија содржина енергично ја отфрлија или, во најмала рака, суштински ја оспорија оние што тие закони најмногу ги засега т – студентите и универзитетските учители. Ви се обраќаме за да ве повикаме да ја запрете понатамошната постапка и за да нè сослушате пред да донесете одлука што може скапо да нè чини и нас, и вас и целокупното наше општество.

Имено, пред вас наскоро ќе се најдат предлог-закони што се оспорија на стручни расправи и со прогласи во јавноста и против кои на улиците гласно и видливо се изјасни десетилјадна поворка од студенти и учители, откако предлагачот ги пренебрегна нивните повици за суштински разговор, кој мора да се води врз основа на издржани анализи и наоди, поткрепени со докази.

Тоа се предлог- закони за чиј концепт и за чи текстови предлагачот во кратки рокови побара мислење од единиците на универзитетите и кои мнозинството од нив недвосмислено ги отфрлија како противуставни, нехумани, штетни, скудно и противречно составени, како полни со недоследности и со нелогичности, како неспроводливи и, најважно од сè, како средства за конечно уривање на универзитетската автономија.

Меѓу другото, студентите и академската заедница побара да се напуштат тамошните решенија и да се одложи донесувањето на овие закони, а постапката да се врати на почеток за да се стави на здрави нозе и заеднички со студентите и со академската заедница да се согледа т корените и причините за проблемите во високото образование, и тоа со анализа во која ќе се вклучат сите фактори за да може да се дојде до најделотворните решенија за нашиот високо бразовен систем со сосема нов закон.

Но, предлагачот и Владата не ги сочека ниту овие мислења и, пред во пшто да измине рокот што самите им го дадоа на универзитетите, ги усвоија предлозите и ги проследија во собраниска процедура. Против овој чин јавно, со име и презиме, се изјаснија и над стотина универзитетски учители, а, еве, денес нивниот број многукратно се зголеми.

Кон овие повици, со лични јавни дописи и со писма потпишани групно, се придружија осумдесетина од највидните светски мислители и филозофи, кои предават на најугледните светски универзитети.

Затоа, со оглед на гласноста и на многубројноста на овие недвосмислени пораки, ве повикуваме да го примените основното начело на демократијата – да го сослушате гласот на засегнатите страни.

Отука, ве повикуваме да не ги донесувате овие предлог-закони со кои, да наведеме само неколку начелни забелешки, се воведува концепт на државен испит каков што не познава ниту една цивилизирана држава во светот и кој задира во автономијата на универзитетите; со кои се задира во определувањето на студиските и на предметните програми, кои секаде во светот, по правило, слободно ги изготвува т самите установи и наставниците; со кои министерот во која и да е влада, сегашна и идна, кој е политички именувано лице, ќе дава согласност за рецензентските комиси за избор во звање на наставниот кадар во разни научни области, целосно уништувајќи ја автономијата; со кои се наметнува користењето одредена преведена или каква било литература, иако на сите светски универзитети цивилизираната државатоа не сме да го прави; со кои би се применувале нелогични решенија неспојливи со разнородните научни дисциплини; со кои се обезвреднува т јазиците што се говорат во Република Македонија и другите светски јазици за сметка на англискиот; со кои по автоматизам би се обезвредниле индивидуалните постигнувања на кандидатите од еден универзитет единствено врз основа на педигрето на друг универзитет, наместо со вреднување на личното постигнување, по силата на множество критериуми. Списоците со вакви забелешки се огромни и патуват до предлагачот, но предлагачот не ги ни сочека...

Познавајќи ги одредбите на Деловникот на Собранието, посегнавме по процедурален чекор:

1. Ги повикавме членовите на Комисијата за образование, наука и спорт во својот Извештај да го отфрлат Предлогот и да утврдат дека нема потреба од натамошно читање. Сепак, иако уредно побаравме присуство, претседателот на Собранието не нѐ повика.

2. Очекувавме Законодавно-правната комисија, раководена од неусогласеноста на Предлогот со Уставот – да го отфрли, но и тоа не се случи. Затоа, сега.

3. Ги повикуваме пратениците, по општата расправа, да одлучат да се прекине со натамошното читање и со постапката, со што ќе оневозможат поднесување нов предлог во рок од три месеци.

4. Доколку не го сторат ова што го сугерираме, бараме од Собранието, по општата расправа, да донесе одлука за организирање јавна дебата, во чија функција ќе го објави Предлог- законот во дневниот печат, ќе собере мислења и предлози и ќе подготви извештај.

5. Се надеваме дека во второто читање, врз основа на јавната дебата, пратениците, матичната комисија и предлагачот ќе посегнат по бројни амандмани што ќе ги одразат барањата на засегнатите страни, иако остануваме со длабоко уверување дека само нов закон може да биде со дветна правна рамка за суштински и квалитетни реформи.

6. Ако Собранието изгласа закони по мерка на Владата, односно на партите, а не според потребите на засегнатите страни и на граѓаните, докрај ќе си го урне легитимитетот, кој му е веќе поткопан, и ќе се потврди како партиска школа, наместо како школа на демократијата. На тој начин ќе докаже дека заборавило дека легитимитетот извира од нас, од народот.

7. Конечно, последното процедурално средство е претседателското вето. Ако претседателот на Република Македонија, кој милува да ги учи и да ги повикува младите лидери на донесување храбри одлуки, не собере храброст барем сега да каже не и не посегне по ветото, ќе
го загуби не само својот политички легитимитет туку и професорското и моралното достоинство и интегритет.

8. Нам ни останува граѓанскиот отпор.Ве повикуваме да ги послушате нашите заложби и така да избегнете предизвикување инаков облик на отпор – граѓанска непослушност, која е легитимна во филозофијата и во историјата на правото, и која им е својствена на делата и на дејствата на многумина пред нас. Им се обраќаме на пратениците во нашиот законодавен дом, а не на угнетувачи-туѓинци.

Со почит, членовите на академската заедница во Република Македонија".


Бојан Шоптрајанов, академик
Катица Ќулафкова, академик
Љупчо Коцарев, академик
Абдулменаф Беџети, академик
Газанфер Бајрам, академик
Димитар Димитров, професор во пензија
Мирослава Момирска Марјановиќ, професор во пензија
Ѓорѓи Марјановиќ, професор во пензија
Венко Андоновски, професор
Руфи Османи, професор
Анета Серафимова, професор
Земри Елези, професор
Билјана Ванковска, професор
Катерина Колозова, професор
Гордана Силјановска Давкова, професор
Јасна Котеска, професор
Гордана Попсимонова, професор
Слободан Унковски, професор во пензија
Љубинка Басотова, професор во пензија
Сефер Тахири, доцент
Наде Проева, професор во пензија
Теута Шабани, доцент
Игор Јованоски, асистент
Артан Садику, асистент
Огнен Чемерски, асистент
Маргарита Бузалковска-Алексова, професор
Маја Бојаџиевска, професор
Милева Ѓуровска, професор
Гоце Смилевски, доцент
Елизабета Аврамовска, професор
Никос Чаусидис, професор
Гордан Калајџиев, професор
Томе Николоски, професор во пензија
Мартин Панчевски, професор во пензија
Звонко Никодиновски, професор
Трајче Стојанов, доцент
Дана Прелиќ, професор
Маја Мухиќ, професор
Богдан Богданов, професор
Лидија Капушевска Дракулевска, професор
Игор Вецовски, професор
Симона Груевска-Маџоска, професор
Елка Јачева Улчар, професор
Радица Никодиновска, професор
Небојша Вилиќ, професор
Елјеса Касо, професор
Марија Ташева, професор во пензија
Зоран Анчевски, професор
Емина Авдиќ, доцент
Жанета Трајкоска, доцент
Јасмина Делчева Диздаревиќ, професор
Воjислав Саракински, доцент
Хасан Јашари, професор Румена
Бужаровска, доцент Елизабета
Шелева, професор Антоанела
Петковска, професор Константин
Миновски, професор Дона
Колар-Панов, професор Невзати
Кренаре, професор Грчев
Александар, професор
Македонка Митрова, професор
Маја Стевановиќ, професор
Темелко Ристевски, професор
Агни Алиу, професор
Искра Пановска-Димкова, професор
Марија Ѓорѓиева Димова, професор
Оливер Зајков, професор
Владимир Радевски, професор
Катерина Велјановска, професор
Димитар Апасиев, асистент
Сузана Алиу, професор
Ана Крстевска, асистент
Ристо Солунчев, доцент Светлана
Камџијаш, професор Ружица
Манојловиќ, професор Наташа
Англоска Галевска, професор Сретен
Андонов, професор
Татјана Прентовиќ, професор
Љубица Костовска, професор
Владимир Борозанов, професор во пензија
Мариета Петрова, доцент
Драган Славков, професор во пензија
Анастасија Ѓурчинова, професор
Арафат Шабани, професор
Златко Левков, професор
Здравко Савевски, професор
Владимир Каранаков, професор
Методија Атансовски, професор
Марија Маџар-Рибар, асистент
Марија Пандевска, професор
Тодор Ношпал, професор
Лилјана Пановска, професор
Весна Мојсова-Чепишевска, професор
Сузана Арбутина, асистент
Милица Ристовска, професор
Зоран Велковски, професор
Наташа Аврамовска, професор
Куштрим Бектеши, асистент
Синоличка Трпкова, професор
Валентина Миронска-Христовска, професор
Роза Тасевска, професор
Бујар Рауфи, доцент
Сузана Никодиновска-Банцотовска, професор
Ангелина Бановиќ-Марковска, професор
Сергеј Цветковски, доцент
Елена Градишки, професор во пензија
Марина Тунева, предавач
Горан Зенделовски, доцент
Гезим Џафери, професор
Руска Ивановска-Наскова, доцент
Ивица Милевски, професор
Снежана Трпевска, доцент
Татјана Улчар-Ставрова, професор во пензија
Тања Милошевска, доцент
Викторија Боровска, доцент
Ана Пејчинова, доцент
Јордан Шишовски, доцент
Зоран Здравковски, професор
Милица Миркуловска, професор
Станко Павлески, професор
Михаил Раду Атанасов, лектор
Емилија Црвенковска, професор
Слободанка Стевческа, доцент
Oлга Пешевска Заревска, професор
Славица Србиновска, професор
Никола Петров, професор
Мери Каранфиловска, научен соработник
Магдалена Симионска, надворешен
соработник
Марија Цветковска, библиотекарка
Игор Мицевски, предавач
Боце Митревски, професор
Владимир Мартиновски, професор
Калина Малеска, доцент
Бојан Георгиевски, генерален секретар на Високата школа
Татјана Б. Ефтимоска, предавач
Дејан Андонов, предавач
Весна Шопар, професор Љупчо
Меловски, професор Маја
Геровска Митев, професор
Билјана Секуловска Габер, професор
Елена Ончевска Агер, доцент
Зоран Киткањ, професор
Елисавета Поповска, професор
Ирина Бабамова, професор
Снежана Петрова, професор
Нина Анастасова Шкрињариќ, професор
Милан Дамјаноски, асистент
Искра Стаменкоска, предавач
Мемет Мемети, доцент
Агрон Рустеми, доцент
Дивна Пенчиќ, доцент
Јонуз Абдулаи, професор
Али Пајазити, професор
Фадил Зендели, професор
Емилија Бојковска, професор
Благоја Јанаков, професор
Каролина Ристова-Астеруд, доцент
Даворин Трпески, доцент
Сенка Анастасова, доцент
Ана Ашталковска Гајтаноска, доцент
Ванчо Кенков, професор
Људмил Спасов, професор
Игор Трајковски, професор
Марко Трошановски, предавач
Александар Стамболиев, предавач
Ана Мартиновска, професор
Станислава Тофоска, професор
Татјана Котева-Мојсовска, професор
Весна Димовска, професор
Игор Андре вски, професор
Весна Макашевска, професор
Сузана Симоновска, професор
Крсте Шајновски, доцент
Олга Галбова, професор
Гоце Наневски, професор
Тихомир Стојановски, професор
Мира Трајкова, професор
Севда Лазаревска, лектор
Лина Данова Калајџиева, предавач
Гордана Апостоловска, професор
Вели Креци, доцент
Кирил Барбарев, доцент
Сузана Диневска-Ќовкаровска, професор
Ирена Павловска, лектор
Хисмет Рамадани, асистент
Наташа Алексоска, виш лектор
Лилјана Стефановска, професор
Ласко Баснарков, професор
Иван Грозданов, професор
Маргарита Велевска, професор
Сања Михајловиќ Костадиновска
Соња Стојменска-Елзесер, професор
Неда Здравева, доцент
Влатко Коробар, професор
Жанета Попеска, професор
Виолета Мартиновска, доцент
Вангел Ајановски, доцент
Марјан Малцев, професор
Соња Геговска-Зајкова, професор Љупчо
Пановски, професор во пензија
Mаргарета Пецовска Ѓорѓевиќ, професор
Софија Богданова, професор во пензија
Илинка Митрева, професор
Авзи Мустафа, професор
Бисера Станкова, лекор
Мирко Ѓошевски, професор во пензија
Петре Макрески, професор
Сузана Лошковска, професор
Магдалена Георгиева, професор во пензија
Горан Николовски, професор
Валериј Софрониевски, професор
Маја Јорданова, професор
Владимир Ивановски, професор
Билјана Миова, доцент
Виолета Петроска-Бешка, професор
Октај Ахмед, професор Горан
Коевски, професор Виолета
Арнаудова, професор Михајло
Поповски, професор Елисавета
Сарџовска, професор
Елена Ачковска Лешковска, професор
Николина Кениг, професор
ОгненСпасовски, професор
Орхидеја Шурбановска, професор
Филип Сулеманов, асистент
Ана Фрицханд, доцент
Катерина Ребок, доцент
Борче Костов, професор
Билјана Блажевска Стоилковска, доцент
Катерина Наумова, доцент
Татјана Филиповска, професор
Марина Митревска, професор
Лидија Георгиева, професор
Благица Сековска, професор
Радојка Јосифовска, професор во пензија
Јасминка Ризовска Атанасовска, професор
Љиљана Узуновиќ, професор
Ана Стојаноска, професор
Ладислав Цветковски, доцент
Момчило Богданов, професор во пензија
Трајче Стамески, асистент
Љубомир Фрчкоски, професор
Слободанка Марковска, професор
Елена Џукеска, професор
Анета Бараковска, професор
Светлана Кочовска, доцент
Вера Стојановска, професор
Славчо Христовски, професор
Лулзим Алиу, професор
Розалина Попова-Коскарова, професор
Иван Блинков, професор
Александар Трендафилов,професор
Малетиќ Владо, професор
Дана Дина Колевска, професор
Николчо Велковски, професор
Љупчо Несторовски, професор
Аднан Ќахил, професор
Зорица Салтировска, професор
Бујар Саити, професор
Стерја Начевски, професор
Кирил Сотиров, професор
Никола Николов, професор
Ирена Папазова Анакиева, професор
Панде Трајков, професор
Македонка Стојановска, професор
Бојан Симовски, асистент
Иван Минчев, асистент
Сашо Граматиков, доцент
Сузана Миовска-Спасева, професор
Александра Теменуговска, истражувач
Билјана Камчевска, професор
Анита Кузманоска, професор
Даниела Тошева, насловен доцент
Љуљзим Адеми, професор
Eмил Сулејмани, професор
Јетон Шасивари, професор
Киро Стојаноски, професор
Марија Михова, професорМаријана Ѓорѓиева, виш лектор
Валентина Славевска Стаменковиќ,доцент
Горазд Смилевски, предавач
Сашко Ристов, доцент
Рукије Агиќ, професор
Анастас Мишев, професор
Бојан Поповски, професор
Ментор Хамити, доцент
Адриан Бесими, доцент
Мајлинда Фетаји, доцент
Јаумин Ајдари, доцент
Меџид Ферати, доцент
Слободан Банџо, професор
Мирослава Николоска, професор
Цветко Смилевски, професор
Беким Фетаји, професор
Садудин Ибраими, професор
Марина Нишлиска, лектор во пензија
Дарин Ангеловски, асистент
Владимир Вуксановиќ, доцент
Ванчо Поп-Петровски, професор
Стефан Сидовски, професор
Дејан Ѓорѓевиќ, професор
Брикена Џафери, професор
Влатко Илиески, професор
Блерим Река, професор
Александра Ѓуркова, научен советник
Љупчо Коскаров, доцент
Гоце Арсов, професор во пензија
28-12-2014, 03:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#34

Quote:ГОЛЕМО БРАВО ЗА СТУДЕНТИТЕ, НЕ НАСЕДНАА НА ГОЛЕМАТА МЕСТЕНКА

Груевски го води Професорскиот пленум во Собрание

05.01.2015





Премиерот Никола Груевски се појави пред хотелот Александар Палас додека професорите од Професорскиот пленум објаснуваа зошто не сакаат да присуствуваат на дебатата која беше закажана за денеска во хотелот и ги покани дебатата ја префрлат во Собранието. Тој рече дека владата е отворена за дијалог. По ова, дебатата во Александар Палас се откажа и се премести за во Собранието во 13:30 часот. Професори од Професорскиот пленум се согласија да дојдат во Собрание, но студентите од Студентски пленум изјавија дека нема да присуствуваат на оваа дебата.






05-01-2015, 09:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#35

(05-01-2015, 09:36 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:ГОЛЕМО БРАВО ЗА СТУДЕНТИТЕ, НЕ НАСЕДНАА НА ГОЛЕМАТА МЕСТЕНКА

Груевски го води Професорскиот пленум во Собрание

05.01.2015





Премиерот Никола Груевски се појави пред хотелот Александар Палас додека професорите од Професорскиот пленум објаснуваа зошто не сакаат да присуствуваат на дебатата која беше закажана за денеска во хотелот и ги покани дебатата ја префрлат во Собранието. Тој рече дека владата е отворена за дијалог. По ова, дебатата во Александар Палас се откажа и се премести за во Собранието во 13:30 часот. Професори од Професорскиот пленум се согласија да дојдат во Собрание, но студентите од Студентски пленум изјавија дека нема да присуствуваат на оваа дебата.














Ако има грам морал Груевски после оваа бламажа, после оваа лекција по демократија треба не да поднесе остасвка туку треба да се самоубие.
05-01-2015, 09:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#36

Премиеров е забеган 1000%












05-01-2015, 10:18 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#37

Еве го писмото на ректоророт од кое се гледа колку Груевски лаже во денешното држење "лекција" на ректорот


Quote:Се огласи ректорот Стојковски: да дебатираме со министерот, не мора на телевизија



[Image: stojkovskiii.jpg&h=auto&w=620&zc=1]

Сето тоа значи, дека ниту Ректорската управа, ниту Сенатотот, а ниту јас како ректор сум застапувал или сум можел да застапувам поинакви ставови од тие на факултетите и институтите и органите на универзитетот, што впрочем е потврдено и со нашите потписи на писмото упатено до министерот.

Фокус 4 јан 2015, 15:10



Ректорот Велимир Стојковски експресно одговори на писмото на Професорскиот пленум. Тој им тврди дека е на страна на факултетите и професорите, но за јавна дебата вели дека е доволна средбата со министерот и професорите закажана за утре. Затоа немало потреба од телевизиска дебата.

Во продолжение писмото на ректорот, кое по неговор барање, го објавуваме во целост.

„Писмото кое го добив од вас насловено како „отворено писмо“, не е вообичаен начин на комуникација на членови на една иста академска заедница, особено ако знаете дека вратите на Ректоратот секогаш се отворени, но, сеедно. Го ценам вашето обраќање и го прочитав со големо внимание. Во оваа прилика, а во врска со вашето писмо, сакам да ви посочам некои факти и да ве потсетам на се она што Ректорската управа, Сенатот и јас лично направивме во изминатиот период во врска со предложените измени во Законот за високото образование. Првите информации за воведување на „екстерен испит“ (терминот беше користен од министерот Абдилаќим Адеми), односно државен испит ги добивме од изјавите на министерот во медиумите.

По објавените информации, на министерот му испратив писмо (бр. 19-1209 од 30.10.2014) со барање да предложи термин за одржување на седница на која тој би бил присутен и би ни образложил за какви идеи и реформи станува збор, бидејќи медиумите не се начин за комуникација, кога се работи за толку сериозни прашања. За жал, министерот на тоа наше барање одговори дури денес 3.01.2014 година. Убеден сум, дека ако навремено се поразговараше за овие прашања, работите ќе се одвиваа поинаку.Сигурно ќе разберете, дека Универзитетот не може да дебатира по изјави вомедиуми, без пишан материјал за кој ќе се отвори дебата. Во меѓувреме одминистерот добивме два дописа (материјали). Првиот, на 5.12.2014 год., сокој ја објаснува идејата за државен испит и кој е веднаш пратен доединиците на универзитетот (и до другите универзитети во Република Македонија) за изјаснување и на кој одговорот од сите е идентичен, дека државниот испит не е мерка кој ќе го подобри квалитетот на високото образование.

Во текот на изјаснувањето по првото писмо Министерството за образование и наука на интернет страницата на ЕНЕР ги постави измените на Законот за високото образование, но, овој пат заедно со Предлог-закон за високобразовните установи за образување на наставен кадар во предучилишно, основно и средно образование. Затоа, на министерот му се обративме повторно, со второ писмо од 17.12.2014 година и го побаравме официјалиот текст на предложените измени за да може да спроведеме јавна дебата. Материјалот го добивме на 18.12.2014 година со рок на изјаснување до 20.12.2014 година (сабота), односно само еден ден. Со оглед на тоа дека тоа не беше возможно, материјалот веднаш беше доставен до единиците на Универзитетот, а истовремено беше побарано од министерот да го почитува рокот од минимум 15 дена изјаснување, односно изјаснувањето да биде до 29.12.2014 год. Но, во меѓувреме се започна со постапката за носење на измените на законот, како и споменатиот закон.

Трнувајќи од сето тоа, Ректорската управа едногласно на седницата од 22.12.2014 година упати писмо до министерот за образование со барање да се одложи постапката на носење на овие измени и да се овозможи сериозна дебата. Иствремено Ректорската управа донесе одлука да се одржи конференција на која би биле поканети и надлежните институци, да се отворат сите прашања за квалитетот во високото образование. Истата одлука беше едногласно потврдена и од Универзитетскиот сенат на седницата од 29.12.2014 година (во кој има и колеги кои се активни во Професорскиот пленум).

Сето тоа значи, дека ниту Ректорската управа, ниту Сенатотот, а ниту јас како ректор сум застапувал или сум можел да застапувам поинакви ставови од тие на факултетите и институтите и органите на универзитетот, што впрочем е потврдено и со нашите потписи на писмото упатено до министерот. Убеден сум дека ви е познато, но сепак да потсетам, Ректорската управа ја сочинуваат 34 декани, директори на научните институти и претседателот на Студентскиот парламент, проректорите и ректорот, а Универзитетскиот сенат 68 сенатори од сите единици на Универзитетот, кои имаат потполно демократско и легитимно право да ја претставуваат единицата од која што се делегирани, да ги застапуваат ставовите на факултетите и институтите, но и да искажуваат лични ставови по одредени прашања. Оттука, сите одлуки кои едногласно се донесени од Ректорската управа и Сенатот, се истовремено и став на Наставно-научните совети на факултетите и на Универзитетот.

Почитувани колеги, целта ни е заедничка – квалитетно високо образование поевропски и светски стандарди, каде што студентот е централен субјект, затоа што универзитетите постојат заради студентите, а не обратно. Но, методите и начините на делување се различни. Во таа насока, ве уверувам дека органите на Универзитетот прават се што можат да направат во законските рамки, да се слушнат нашите аргументи во врска со споменатите предлози. Затоа, во ситуација кога сите бараме дебата и да се слушне нашиот глас, дури и вие како Професорски пленум денес тоа и јавно го објавивте (барање за ТВ дебата), не гледам разлика меѓу јавната ТВ дебата и дебатата на состанокот предложен од министерот за образование и наука, особено што на состанокот се поканети 5 претставници од Професорскиот пленум кои ја прифатија поканата. Не гледам зошто едната би била “фрлање прав“, а другата не. Зошто дебатата во склоп на Интеруниверзитетската конференција би била “post festum”, а дебатата на ТВ тоа не би била?

Почитувани колеги, Ве молам да останеме во академските рамки и на висината на нашата професија, а нашата сила да биде силата на аргументите, за доброто на сите.“- сто во писмото.
06-01-2015, 01:23 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#38

Quote:Професорски пленум – Премиер: 3:0

Соопштение за јавност



[Image: siljanovsk93f9.jpg]

Можете да кажете било што, но денес Владата и премиерот загубија со службен резултат 3:0 од една солидарна, голема и почитувана група професори! Некои опозициски медиуми веќе излегоа со друг резултат, но ако не го виделе она што денес го стори Професорскиот пленум, или не се добро информирани, или се злонамерни.

Најнапред, политичар/премиер кој е познат по својот манир да доцни дури и на поважни средби, денес се „нацрта“ пред хотелот Александар Палас предвереме, само да ја осуети намерата на членовите на Професорскиот пленум да не учествуваат на фарса од дебата. Се разбира, нашата намера да одржиме прес-конференција и да образложиме зошто „тази дебата не е дебата“ и е и бесмислена и нелегитимна, а таа беше уредно најавена преку медиумите. Нашиот личен став беше во духот на она што колешката Силјановска брилијантно и духовито го срочи за време на синоќешниот пленум: „Ако им влеземе сега во хотел, утре ќе побараат од нас да влеземе и во апартмани.“

Прес-конференцијата беше одржана според планот. Присутни не многу професори, но доволно за да ја пополниме сцената. Се прочита соопштението со лаконски наведените причини зошто одбиваме да дадеме легитимитет на фингирана дебата (која на своја кожа подоцна ја искуси и ректорот Стојковски). Почнаа провокативни прашања од медиумите, особено за нашите следни чекори и за тоа што мислиме за нашите колеги кои се кооперативни и ќе учествуваат на дебатата. На дел од нив одговори колешката Силјановска, а на последното се надоврзав, кажувајќи дека нема да дозволиме политички да ја делат академската заедница, која е легитимно да има различни ставови и да соочува аргументи, ама не под покровителство на Владата која не` дели на „добри“ и „лоши“, на „наши“ и „ваши“ и тоа во вонинституционален формат. Во тој момент, не бев ни свесна дека премиерот стои отстрана и чека момент да ми упадне во збор.

Несомнено, политички гест (веќе виден во недамнешната политичка историја) од Груевски. Ова не е безначајна работа – бидејќи во 2011 година, вака „храбро“ настапи министерот Тодоров (и тогаш Силјановска беше во првите редови да му каже се` в лице). Овојпат, премиер кој не ни беше предвиден како учесник на дебатата се појавува на прес-конференција на еден (како што тој вели) „таканаречен професорски пленум“. Тоа веќе не е знак на ароганција, колку што е признание за нашиот ЈАВЕН ИМПАКТ (фактор). Да му беше сеедно, ќе си држеше конференција со послушните професори и ректори.

Тој го почна дуелот, непосредно со мене, и драги мои Пленумци, немаше време за демократска пленумска дебата и консултација, за да му одговорам на предизвикот морав да реагирам инстинктивно. Она што мнозина се прават дека не го виделе и слушнале беше моето отворено кажување дека „хотелите се за туризам, а не за парламентаризам“. Додека зборував, тој слушаше и цупкаше по снегот. Кажав тоа што мислев дека треба да му го кажам – но како на премиер кој ја крши постапката и не` смета за малумни. А не како на политички опонент! Некои веќе почнаа да ме парчосуваат дека сум била апологет затоа што не сум му одвратила дрско и што сум рекла „ние не сме против Владата“. Точно е: професорскиот пленум ниту е политичка партија, ниту ќе урива влада! Ние браниме достоинство, автономија на универзитет и академски слободи! Ако тоа не умееме да го одбраниме, тогаш нема да можеме за ништо вредно во животот да застанеме.

Знаете кога му дадовме втор гол? Кога пред сите камери покажа дека тој е папет-мајсторот, оној кој ги движи конците на целата камарила: од бројното обезбедување, до нашите јадни ректори и професори, кои дури и не беа исконсултирани дека дебатата се презакажува во Собрание! Па, со нив не треба ни да преговара, ни да ги кани – тие реагираат „где он оком, они скоком!“ Епа, на моето укажување дека хотелот е несоодветно место и дека законот е во Собрание, тој веднаш како домаќин и на Собранието (знаеме кој пали, а кој гаси) – со широка насмевка не` покани таму. И тоа закажа средба за 15 минути! Во ниту еден миг, во мојата глава немаше двоумење дека нема да не види уседнати на журка во куќа чиј домаќин тој не е! Сепак, следуваше куса консултација со присутните колеги што да се прави. Набргу тргнавме кон Собранието, подготвени за вториот медиумски настан.

Таму го дадовме третиот гол! Наместо да влегуваме на забава без никаква смисла, по снегот и студот колешките одржаа блескави говори пред уште поголем број камери. Поентираа прецизно и брилијантно! Ќе речете: ама Шител не покажа така, Курир не` направи партал! Па, треба ли на умни луѓе да им се објаснува што е конструирана слика за реалноста? Па, зарем од нив очекувате да не го работат она за што се платени? Многу поинтересен е односот на опозициските медиуми, кои се подеднакво настрвени кон овој дуел и веќе прогласија 5:0 за премиерот во однос на Ванковска (небаре јас сум „импакт-факторот“ во ова општество)! Но, тоа е друга приказна.

Факт е дека во текот на денешниот ден постапивме согласно договорот (односно ставот дека не прифаќаме никаква дебата, најмалку материјална дебата по однос на законските решенија, а бараме повлекување на законот и донесување нов). Добивме двоен настан кој медиумите го пренесоа – тоа е реклама без пари (иако мнозина мислат дека е тоа лоша реклама, јас не се согласувам). И трето, покажавме дека сме некаков фактор (овој збор се’ повеќе ми се допаѓа): бидејќи рашетавме еден премиер со цела свита од еден крај на градот на друг, а пак не му седнавме на топло, како што сторија дел од нашите колеги и ректори. Студентите си го изнесоа ставот преку нивниот претставник, кој даде куса изјава – иако ми е жал што не застанаа со нас на прес-конференцијата, но тоа беше нивна одлука која ја почитувавме, за да си го сочуваат идентитетот. Покрај тоа, имаше едно момче со порака на голем лист хартија кое стоеше на наша страна пред хотелот, па дури и додека Груевски зборуваше, тој искористи да ја покаже пораката (но, кој ја виде е друга приказна).

Vankovska.com
06-01-2015, 01:39 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,542
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#39

[Image: Profesorsk1c6c.jpg]
13-01-2015, 02:05 AM
Reply
трендафил Offline
Member
***

Posts: 166
Joined: Jan 2010
Reputation: 3
#40

Проблемот е во тоа што противниците на државниот испит всушност и не се за дебата, туку инсистираат на усвојување на нивниот став. Без никакви отстапки. Владата пак направи доста голем број на одстапки од првичниот објавен модел. Во секој случај за следните избори ќе знаеме дека СДСМ доколку победи ќе ги укине и екстерното тестирање на средношколците и државниот испит на факултетите. Доколку гласачите по три години паметат уште дека воопшто имало вакви протести. И доколку оваа партија уште постои тогаш.
Што се однесува до претседателот Иванов, тој мора да ја почитува волјата на мнозинството граѓани. Не ултиматумите на опозицијата. Никој иначе не може да ја почитува волјата на сите граѓани, затоа што таа очигледно е многу спротивставена.
Што се однесува до професорите и студентите, тие не превземаа ништо за било каква промена во образовниот систем. Ни сега немаат никакв свој предлог за подобрување на образованието. Само сакаат да спречат други (власта и тие што ја подржуваат) да се обиде да смени нешто. А нели мора да влезеш во вода за да се научиш да пливаш.
13-01-2015, 08:45 AM
Reply