Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КРАТКА ИСТОРИЈА НА ТЕРОРОТ - АЗИС КЕЉМЕНДИ ЕНД КОМПАНИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,904
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:КРАТКА ИСТОРИЈА НА ТЕРОРОТ - АЗИС КЕЉМЕНДИ ЕНД КОМПАНИ


[Image: 333btar.jpg]
Се сеќава некој на Азис Кељменди? Не верувам дека повеќето се сеќаваат на неговиот лик и дело, ама некој сигурно се сеќава, а ако не се сеќава сега ќе се потсети. Азис Кељменди беше студент на правниот факултет во Приштина, којшто на почетокот на бурните осумдесети години од минатиот век беше расадник на албанскиот шовинизам и иредентизам. Мислам дека и наш Али студирал таму во тоа време на албанската пролет. Ама сега муабетов не е за Али туку за Азис. За тој Азис велат бил добар студент, редовен во секоја смисла. И како што бидува со секој редовен тип, во 1987 година заминал на отслужување и на редовниот воен рок во тогашната ЈНА, поточно, во касарната во Параќин. И сѐ било океј скоро до крајот од неговиот престој во ЈНА. Тогаш, на само три недели пред

[Image: 28vr53m.jpg]

слекувањето на униформата и враќањето дома, Азис Кељменди, една ноќ го напуштил стражарското место и со автоматска пушка полна со боева муниција влегол во спалната каде биле неговите цимери и почнал да пука. Убил четворица војници и тешко ранил петмина други. Негови другари, соборци и цимери од Босна, Србија и Хрватска. Не им дал шанса да се бранат. Ги егзекутирал на спиење. После се дал во бегство, веројатно свесен за планираниот чин што го направил. Официјалните извештаи на ЈНА по масакрот беа дека се самоубил неколку часа подоцна, зашто наводно и за време на маскарот бил прилично ментално растроен. Но, тоа официјално соопштение на ЈНА беше наменето само за јавноста со цел да ги смири малку страстите во тогаш веќе зовриената југословенска братска заедница и како такво, воопшто не беше точно.

Мој близок познаник во тоа време беше дел од военото разузнавање и зборуваше дека на бегање од касарната Азис позајмил уште десетина рамки со куршуми и жестоко се борел уште неколку часови кога бил опколен од специјалната единица, сѐ додека не бил ликвидиран. После, затворената истрага покажала дека до гуша бил задоен со идеите за Голема Албанија и дека самиот масакр бил смислен и долго планиран чин за напад на државните институции и војската. Интересно било тоа што, воените истражители по тој чин осуетиле уште десетина други обиди за слични терористички напади на разни касарни низ Косово и пошироко, низ тогашната СФРЈ.

Не треба да заборавиме дека и години пред овој масакр Србите на Косово, но и другите помали неалбански етникуми беа изложени на терор и разни форми на притисоци од страна на радикалните албански шовинисти, по кои масовно се иселуваа и го напуштаа Косово во текот на осумдесетите години од минатиот век. Репертоарот на тие насилни чинови беше од широк дијапазон. Палење на неалбански куќи и домови, цркви, сквернавење на православни гробишта и десетици случаи на силувања и линчувања кои никогаш не беа расветлени од тогашните косовски власти во кои претежно беа Албанци Да, тоа не смее да го заборавиме, без разлика што изминативе години од транзициска Македонија, тие факти намерно се преќутуваат и игнорираат од страна на нашите политичари и медиуми само со цел, премногу да не ги нервираме нашите соседи Албанци, кои, ама баш во секоја ситуација кога е ставена под лупа нивната политичка кауза заради некое антидржавно или терористичко дело на нивни брат по крв, веднаш се вадат на тоа дека се угнетени и дека Македонците се полоши од Милошевиќ. Па митот на Милошевиќ се создаде токму затоа што Србите на Косово, долго време пред неговото доаѓање беа незаштитени пред насилствата на албанските сепаратисти и шовинисти. Ете тоа не смее да се заборави. И нека се знае дека е така и никако поинаку.

И тоа не престана таму, во старата и кутра СФРЈ. Во 2001 година кога веќе се надѕираше независноста на Косово, токму во близина на косовската граница, беше кренат во воздух цивилниот автобус на Ниш Ескпрес при што загинаа единаесет невини патници, а дваесетидвајца други беа ранети. Осудениот на 40 години робија за тој напад, Флорим Ејупи подоцна, по укинувањето на пресудата на второстепениот суд на УНМИК, од Косовскиот Врховен Суд е ослободен од сите обвиненија поради недостаток на докази. Што мислите, што ќе се случи со пресудата од Монструм ако ја префрлиме на разгледување кај Косовскиот Врховен Суд? И судот на УНМИК во случајот со бомбата во Ниш Експрес (како и македонскиот во случајот Монструм) тогаш од Албанците на Косово е обвинет дека пристрасно осудил невин човек само зашто бил Албанец, па Ејупи мораше да биде ослободен. Тоа е, кога нема признание од убиецот или негово селфи од мигот на масакрот, што вели Каролина Астеруд, за косовските судови и албанската јавност е доволно тој човек да се прогласи за невин. И секоја сличност со гранатирањето на автобусот кај Љубанци и маскарот кај Карпалак е случајна.

Албанскиот екстремизам има само една цел, обединување на сите територии каде живеат Албанци и таа нивна агенда не е рекла-кажала. Содржана е и во еден стоикусур години стар меморандум на Албанската академија на науките, како и во оние од Призренската лига и нема зошто сите ние во име на некаков лажен соживот да се правиме мутави и луди дека тоа не е така. Па ако ја изгубивме војната во 2001, не значи дека вечно треба да молчиме и да се повлекуваме пред вистината, само затоа што, таа на нашите соседи не им е пријатна за слушање. После Договорот од Охрид, не знам што повеќе треба да им се даде на Албанците за да бидат среќни. Имаат свои универзитети, имаат двојазичност, активно партиципираат во секоја сфера во општествениот и социјалниот живот, па дури имаат и разни привилегии кои ги нема ниту едно „малцинство“ на светов. Од загарантирани квоти за вработувања и уписи на факултет до високи државни функции. Само, изгледа пак не се нешто среќни со добиеното, па сакаат многу повеќе од тоа и во тоа „многу повеќе“ се крие голема и реална опасност за сите нас. И Албанци и Македонци. Затоа наводните протести против пресудите во случајот Монструм толку лесно се прешалтаа во етнички и територијални барања и претензии на оние кои се бунтуваа и фрлаа камења кон македонските институции и полицајци. Истата онаа задоеност со омраза кон сѐ што не е албанско, со која се одликуваа демонстрантите во Приштина во 1981 година, се читаше и во очите на протестантите пред судот во Скопје. Све је исто, без разлика што ги нема и Тито и Милошевиќ, а повеќето од нас, сѐ потешко се ослободуваат од впечатокот дека можеби Албанците не сакаат да живеат заедно со никој освен со самите себе.

Ако ме прашате, лично, сакам да останеме заедно и да градиме вистинска заедница и со Албанците и со секој друг во земјава, но само доколку сите го сакаме истото. Оти со сила убајна не бидува, а уште помалку со самозалажување. Затоа и Македонците, но и Албанците мораат да ѝ погледнат на вистината и историјата во очи, колку и да е таа болна и непријатна, па дури тогаш да ги засукаме ракавите и да видиме кај сме, со цел да ги поврземе нитките што отсекогаш нѐ врзувале, а кои очигледно одамна се скинати.
Сашо Тасевски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ
11-07-2014, 12:14 AM
Reply