Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ПРОТИВ ТОДОР ПЕНДАРОВ
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#1



Кој си поигрува со Илинден?

Тодор Пендаров

Не гледам ниту научни ниту политички причини зошто мораме да го одбележуваме Илинден заедно со Бугарите или, пак, со кој било друг сосед

Во минатата колумна не знам веќе по кој пат напишав дека ние спаѓаме во групата на таканаречените неисториски народи. Односно народи кои само создаваат историја, а ништо не научиле од неа и ги повторуваат истите грешки. Во рамките на ваквото (не)разбирање на историјата, според мене, е и иницијативата заедно со соседна Бугарија да сме го прославувале и Илинден! Иницијатива која доаѓа од кабинетот на нашиот претседател, а демек била дел од заедничката иницијатива со неговиот бугарски колега Плевнелиев.

Не знам дали по последната посета на Ватикан и молебенот на гробот на свети Кирил на нашиот претседател му се „отвориле“ духовните хоризонти за заедничко одбележување на историски датуми со соседна Бугарија? Многу поверојатно е дека претседателот Иванов „наивно“ ја прифаќа бугарската теза за заедничка историја зад која стои нешто многу посуптилно, а сето тоа, демек, во името на добрососедските односи како европски принцип и стандард. Таа суптилност во суштина е една континуирана политика на нашиот сосед еднаш изразена многу транспарентно, а другпат „дискретно“ и се сведува на „еден народ две држави“.

Да одиме по ред. Заедничкото одбележување и чествување на свети браќа Кирил и Методиј од ниту еден аспект не е спорно. Не знам дали знаете - на гробот на свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим денеска има три плочи и тоа на македонски, српски и бугарски јазик. Понатаму, не верувам дека претседателот, поточно во неговиот кабинет знаат дека во Уставот на Словачка во преамбулата стои: „...ние, словачкиот народ, изразуваме благодарност до светите браќа Кирил и Методиј, кои ја донесоа писменоста во Моравија“. (http://www.slovakia.org/sk-constitution.htm). Односно, солунските браќа не се ниту „наши“, ниту бугарски, туку се универзална категорија и дел од европското културно и духовно наследство.

Дотука е се' во ред, ама да го прославуваме заедно и Илинден? Патем, ова не е нешто ново. Ваква идеја прв пат изнесе последниот премиер од редовите на СДСМ, Владо Бучковски, ама тогаш беше дочекана на нож, како во медиумите така и од тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ. И еве сега повторно ќе сме го славеле Илинден 1903 заедно со Бугарите. Илинденското востание, барем мене така ме учеа, е востание за национална слобода и еманципација на македонскиот народ и создавање сопствена држава. Ако тоа е така, не гледам ниту научни ниту политички причини зошто мораме да го одбележуваме заедно со Бугарите или пак со кој било друг сосед. Некој ќе ја спомене онаа излитена и крајно политизирана флоскула „оставете ја историјата на историчарите“. Велам излитена флоскула, бидејќи некако се натура само кога станува збор за Македонија и македонскиот народ. Зошто, на пример, и ден денес бугарските и грчките историчари имаат сосем различни ставови околу Балканските војни и никој не бара заедно да ги слават тие датуми. За официјалната грчка историја, Бугарија во Втората светска војна е окупациска сила која окупирала дел од грчката територија. И бугарските историчари мудро молчат, ама кога станува збор за нас, како што тргнале работиве, ќе треба да ги славиме како ослободители. Демек, заедничкото славење на историски датуми било некаков скандинавски модел. Глупост. Замислете, на пример, во Шведска некој да рече дека одреден билатерален договор со Норвешка е склучен на шведски јазик и на „официјалниот“ јазик на Норвешка. Такво нешто не може да се случи.

Добрососедските односи треба да бидат една од константите на надворешната политика на Македонија. И тоа не поради тоа што тоа го бара Брисел, туку, пред се', поради нас самите. Тие добрососедски односи не се градат со славење заеднички датуми од историјата, туку со максимално развивање на сите форми на соработка во сегашноста, од полето на спортот, културата преку економските односи, па дури и заеднички или барем многу слични политички ставови за некои пошироки регионални или глобални прашања и предизвици. Арно ама, бидејќи ние не сме ја научиле историјата, сега ќе ги повторуваме истите историски грешки со некакво оправдување дека наводно било по европски образец!?

Типичен пример за повторување на истите грешки е токму сегашниот бојкот на опозицијата на законодавниот дом. Ама откако некои од пратениците, сепак, разумно одлучија да седнат во парламентарните клупи, а странците повторно вршат притисок, ВМРО-ДПМНЕ предлага лидерска средба и платформа за преговори, СДСМ на чело со двоецот Заев - Шекеринска тоа го прифаќа. Секако, за да бидат сигурни дека преговорите ќе се водат по „европски образец“ странците ќе дадат и свој експерт-модератор, кој ќе ги води преговорите. Замислете, „експертот“ доаѓа од Белгија. Држава во која поради тоа што немаше дијалог помеѓу двете најголеми етнички заедници, две години немаше влада. Навистина како граѓанин се чувствувам навреден од домашните политички елити кои не можат да се ги средат внатрешните проблеми и бараат „помош“ од странците. Замислете, дури опозицијата бара „странците“ (читај ЕУ) да бидат гарант дека договорот ќе се спроведе. Најблаго речено, понижувачки за сите нас кои живееме тука.

Инаку „принципиелниот“ однос на странците до нас сме го почувствувале повеќе пати, и тоа многу болно. Дури и сега таа нивна принципиелност е најблаго речена селективна. Ете ЕУ е загрижена за бојкотот на опозицијата и ќе им помогне на власта и опозицијата да најдат компромисно решение. Браво наши, браво ЕУ. Ама да прашам дали по ова вин-вин решение, странците ќе и' „помогнат“ и на ДУИ да почне да го признаваат претседателот на државата. Мислам дека странците за ова ги боли уво. Е, па, нека ни е со среќа до идните избори.

(Авторот е државен службеник и изразува свои лични ставови)

http://www.buenosearch.com/?q=%D1%82%D0%...src=NT_def
07-07-2014, 08:34 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#2

04.07.2014, 18:42

Мислења

Зошто заедничка прослава?

Љупчо Георгиевски

Нашиот општествен поглед и натаму продолжува да биде скандинавски само спрема северот, а балкански спрема сите други

Полемика на поранешниот премиер со Тодор Пендаров

Реакција по повод текстот на Тодор Пендаров од 20.6.2014 (Кој си поигрува со Илинден)

Колумнистот Тодор Пендаров во Вашиот ценет весник ги искажа своите ставови зошто не треба Илинденското востание заедно да го прославуваме со нашиот источен сосед. Како долгогодишен поборник на идејата за заедничко чествување, сакам да му се противставам на неговиот став во текстот издвоен како посебен мотив, цитирам: „Не гледам ниту научна ниту политичка причина зошто мораме да го одбележуваме Илинден заедно со Бугарите или, пак, со кој било друг сосед“.

Прво, ќе се задржам врз научните факти: Организацијата којашто ја направи целата подготовка за Илинденското востание до 1902 година се вика БУГАРСКО-МАКЕДОНСКА ОДРИНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА! Во член 2 од нејзиниот Устав Гоце Делчев и Ѓорче Петров запишале дека членови на организацијата можат да бидат само граѓани кои се под јурисдикција на Бугарската Егзархија, што важело се' до 1902 година - кога името го смениле во ТМРО, отворајќи се на тој начин пошироко спрема другите национални структури; Главни носители на организацијата и востанието биле учителите на Бугарската Егзархија во Македонија, меѓу кои што најистакнати се: Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев и да не ги набројувам сите редум; Значи, нашите највелики војводи во исто време биле и бугарски учители во Македонија, од каде што земале плата, имајќи притоа логистика и поткрепа да се движат низ Османслиската империја; Главен јазик во писмената комуникација во организацијата и меѓу учесниците на целото Илинденско востание бил бугарскиот литературен јазик! Сите документи, писма, инструкции, команди се пишувани и извршувани на бугарски јазик! Впрочем, имале можност да го прифатат и турскиот и грчкиот и српскиот, но тоа не го сториле; Најголемата финансиска подршка била собирана и праќана од Бугарија! Најголемиот процент од оружјето било обезбедувано од Бугарија, а речиси сите фабрики за оружје на организацијата биле стационирани во Бугарија; Војводите и целите чети сите логистички повлекувања и засолнувања ги правеле во Бугарија; По погромот на востанието, масовното бегство на загрозеното население се одвивало исто така кон Бугарија.

Самата организација во нејзината основа е крстена Македонска-Одринска. Кои се Одринците? До сега не сум чул дека на одринските Бугари некој им го оспорил индентитетот! Значи, во самиот почеток нашата најславна организација е заснована врз партнерски односи и од тогаш постои окружен комитет под единствена команда на организацијата. Гоце Делчев како што вршел инспекција во Штип, безброј пати одел и во Одринско во инспекција на четите. Како што битолскиот вилает ја спровел одлуката на Солунскиот конгрес за кревање на востанието, одринскиот комитет нејзиното спроведување го прифатил под команда на познатиот војвода Михаил Ѓерџаков, само со десетина дена задоцнување. Токму затоа востанието меѓу двете светски војни, сите Македонци го нарекувале Илинденско-Преображенско востание. На кратко, толку за науката!

Сега, да спомнам неколку збора за политиката. Во последните две години македонската општествена јавност околу прашањето на историјата се постави скандинавски, исклучиво во односот спрема нашиот северен сосед. За кратко време ни беше посведочен скандинавски третман на српските владетели од средниот век! На петмина од нив им изградивме споменици, со посебен акцент врз симболот на великосрпството - Цар Душан! Со обновата на Зебрењак и заедничката прослава со српската влада по повод стогодишнината од окупацијата на Македонија во Балканските војни, скандинавски го „покривме“ најцрниот датум во македонската историја. И конечно, обновувајќи го српскиот Официрски дом во центарот на Скопје, скандинавски ја пренебрегнавме и дваесет и тригодишната српска окупација на Македонија - толку свирепа и жестока што 1941 година кога влегле бугарските воени сили, во сите градови македонскиот народ излегол масовно да ги пречека, за што сведочи постоењето на мноштво фотографии и видеоснимки. Македонската десница се ставила во нивна служба, а македонската левица едногласно донела одлука да се оттргне од КПЈ и да се присоедини кон БКП. Нашиот општествен поглед и натаму продолжува да биде скандинавски само спрема северот, а балкански спрема сите други!

Лично мислам дека ставот на господинот Тодор Пендаров не е заснован ниту врз научни, ниту врз политички аргументи, туку дека станува збор за емоционален однос внедрен во сите нас од југословенското образование и масовната пропаганда, од која што мошне тешко се ослободуваме. Јас наведов само неколку историски факти зашто востанието треба да го прославиме заедно, а верувам господинот Пендаров ќе пронајде милион причини само ако има интелектуален предизвик да почне да ги чита спомените, книгите, интервјуата на директните учесници во Илинденското востание. Постојат најмалку сто книги и спомени од непосредните учесници. Се надевам ќе бидат читани во нивната изворна верзија, а не преработените, дополнетите со фусноти и фалсификуваните!

(Авторот е поранешен претседател на Владата на Р. Македонија)

http://www.utrinski.mk/?ItemID=7567CA173...BBE8D94E31
07-07-2014, 08:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Писмото на политичкиот мртовец
Продадената душа Љубчо Георгиевски не лаже само кога спие


За Македонија и за Македонците Георгиевски одамна е умрен. Од време на време бугарската пропаганда се обидува да го воскресне „мртовецот" и да го искористи во војната против македонската држава.

[Image: mkd-136586.jpg?itok=XEhkI6Rx]
Таа го прави тоа безумно и глупаво. Прво, затоа што и самата пропаганда е таква; второ, зашто и нејзиниот воспитаник е со проблематичен интелектуален потенцијал.

Последен доказ е писмото на Георгиевски „Зошто заедничка прослава?“, во кое им дал слобода на своите болни фантазии за бугарски карактер на Илинденското востание. Само во неколку редови Георгиевски натрупува грамада дебели лаги:

1.Лага е дека до 1902 г. внатрешната револуционерна организација се викала Бугарско-македонска одринска револуционерна организација. Организацијата е создадена на 23 октомври 1893 г. под името Македонска револуционерна организација. Во 1896 г. во Солун таа се преименува во ТМОРО, т.е. Тајна македонско-одринска револуционерна организација. На Рилскиот конгрес во 1905 г. името веќе ѝ е ВМОРО, т.е. „тајна“ се заменува со „внатрешна“. По Првата светска војна определницата „одринска“ отпаѓа и Организацијата го добива популарното име ВМРО.

2.Лага е дека во 1902 г. организацијата се преименувала во ТМРО. Таква кратенка ТМРО никогаш не постоела. А во 1902 г. и немало преименување. Организацијата продолжува да се вика ТМОРО.

3.Лага е дека во чл.2 од Уставот, Гоце Делчев и Ѓорче Петров напишале дека членови на организацијата може да бидат само граѓани под јурисдикција на Бугарската егзархија. Членот 2 од Уставот гласи сосема поинаку: Организацијата „се бори за елиминирање на шовинистичките пропаганди и национални кавги, кои ги делат и ги обезмоќуваат македонското и одринското население во борбата против заедничкиот непријател“. Членот 4 од Уставот е тој кој го определува членството во Организацијата: „секој Македонец и Одринец, кој не е компромитиран со ништо нечесно и неморално пред општеството и кој ветува и се задолжува да биде корисен на револуционерното и ослободително дело“.

За олеснување на Георгиевски го цитирам пробугарски ориентираниот Христо Силјанов во неговата книга „Ослободителните борби на Македонија“ том 1, објавена уште во 1933 г.

Но, лагите на Георгиевски не сопираат тука: „Значи, нашите највелики војводи во исто време биле бугарски учители во Македонија, од каде што земале плата...“ Само во половина реченица има две лаги. Некои раководители на Организацијата навистина биле егзархиски учители, но не и „бугарски учители“. Големиот конфликт меѓу Егзархијата и Организацијата бил поради тоа што цитираните од Георгиевски – Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев и многу други – се бореле за политичка автономија на Македонија, како пат за создавање на македонска држава, а не за припојување кон Бугарија. Затоа Егзархијата, поддржана од бугарската држава, ги прогонувала учителите Македонци и помагала да бидат затворани од турските власти. Нејзината цел била да ги замени со бугарски учители од кнежевството Бугарија. По тој повод рускиот конзул во Битола Ростовски, соопштува: „На тој начин само во 1898 г. тие успеаја 25 проценти од овдешниот учителски персонал да го пополнат со чисти Бугари“. Така што лидерите на организацијата, а и обичните учители Македонци не само што немале „логистика и поткрепа да се движат низ Османската империја“, како што тврди Георгиевски, туку, напротив, биле шпионирани од Егзархијата. Другата лага на Георгиевски е дека како егзархиски учители лидерите на организацијата земале бугарски плати. Вистината е дека Македонците кои биле под јурисдикција на Бугарската егзархија требало да ѝ плаќаат даноци. Многу од егзархиските чиновници се жалат дека населението не сакало да плаќа даноци затоа што тие оделе за издршка на бугарската пропаганда во Македонија. Со македонски пари Егзархијата издржувала бугарски учители, свештеници, чиновници во Македонија, чија цел била „да ја побугарчат Македонија“, како што признал бугарскиот учител во Солун, а подоцна министер Васил К’нчов. Парите кои ги добивале Гоце Делчев и другите наши револуционери не биле бугарски, ами на македонскиот народ. Сосема друг е случајот со самиот Георгиевски, кој долги години добиваше македонска плата, а работеше за бугарските фашистички интереси.

Лага е тврдењето дека македонските егзархиски учители ги учеле учениците на „бугарскиот литературен јазик“. Не само тие, туку и етничките Бугари дојдени од Бугарија не можеле да го прават тоа затоа што Македонците не го разбирале бугарскиот јазик. Еве само едно од многуте документарни сведоштва: „Да проштеваат Скопјаните и сличнојазичните бидејќи и тие не го разбираат ниту можат да го разберат нашиот бугарски јазик“ (бр. 55 од 1851 г. на „Цариградски весник“). Од таа причина, до Балканските војни страниците на егзархиските учебници биле поделени. На едната страна биле напишани текстовите на македонски народен јазик, а на другата – на бугарски јазик.

Што се однесува до тврдењето на Георгиевски дека најголема финансиска поддршка за македонското ослободително движење „била собирана и праќана од Бугарија“, треба да се уточни дека таа поддршка доаѓала од македонската емиграција во Бугарија, а не од бугарските влади и бугарскиот државен буџет. Да, и оружје било испраќано од Бугарија, но секоја пушка, пиштол или бомба се купувани со македонски пари. Бугарите биле штедри само на ветувања, но поголемиот дел од оружјето за Илинденското востание било купено со парите од откупот на Мис Стон.

Јасно е зошто револуционерната организација се создава како Македонска револуционерна организација, а потоа има додавка „одринска“. На тој начин организацијата сакала да ја прошири својата база. Освен тоа, одринската територија е блиску до главниот град на османлиската држава и можела да се искористи како прв бедем во одбраната на Македонија. Обидите да се изедначат Македонија и Одринско се смешни.

Прво, на конгресот во Смилево на кој се донесени најважните решенија за востанието, се утврдува стратегијата и тактиката и се избира Главниот штаб на востанието, не присуствуваат дејци од Одринско.

Второ, летописецот на востанието Христо Силјанов посочува дека востаниците од Одринско учествувале заедно во 36 битки, сите во месец август. Имале вкупно 46 жртви. Во споредба со нив, востаниците во Македонија учествувале во 203 битки и дале 20 пати повеќе жртви. Силјанов бил еден од раководителите на побуната во Одринско и ситуацијата му била сосема јасна. Затоа првиот том од неговиот летопис има наслов „Илинденско востание“, а вториот „По Илинденското востание“, а за побуната во Одринско одделил само 14 страници.

Меѓу востанието во Македонија и во Одринско сепак има нешто заедничко. Ниту едните, ниту другиите имаат цел да се присоединат кон Бугарија. Раководителот на бунтот во Одринско, Бугаринот Михаил Герџиков, пишува дека меѓу одринското население „постоеше надеж дека во борбата ќе бидат поддржани од Македонците и дека тоа ќе биде заедничка борба. За Бугарија не се зборуваше, ниту се влеваше надеж дека Бугарија ќе ја поддржи борбата“. Амбициите на одринци оделе дотаму да им се подобри социјалната положба и да добијат повеќе права. Целта на Македонците била сосема друга, затоа создаваат своја државна институција преку Крушевската република и подготвуваат леарница за леење сребрени и бакарни пари како платежно средство во слободната македонска држава.

Следната лага на Георгиевски е дека „востанието меѓу двете светски војни, сите Македонци го нарекувале Илинденско-Преображенско востание“. Спомнатата кованица е дело на бугарската комунистичка историографија од 60-тите години на минатиот век и е поврзана со познатата доктрина на Тодор Живков дека Македонци не постојат. Сè дотогаш востанието се нарекува Илинденско и македонско. Индикативно е што до 1929 г. во Бугарија востанието се слави само од македонската емиграција. Ниту еден Бугарин не сакал да учествува во славењето. Јасно е зошто. Впрочем, со тоа што Георгиевски зборува за периодот меѓу двете светски војни, еве неколку сведоштва оттогаш. Во јули 1922 г. весникот „Илинден“ пишува: „Ете зошто денот 2 Август, кој е симбол на македонската борбеност, во исто време е и симбол на македонската измачена Правда“. На 11 август 1923 г. во Извештај на италијанската амбасада во Софија, под наслов „Македонска комеморација“, се вели: „На 5 о.м. во Софија и во позначајните градови во Бугарија се одржа свечена комеморација на 20-годишнината на македонското востание од 1903 г., т.н. Илинденско востание“. На 2 август 1934 г. весникот „Ризоспастис“ пишува: „...Револуционерните традиции на македонскиот народ, кој од 1913 година се наоѓа поделен меѓу три капиталистички држави (Грција, Бугарија и Србија), го има како централен светол белег вооруженото востание на св. Илија (Илинден) на 2 август 1903 година (по стариот календар 20 јули). Тој е најсветлиот белег бидејќи во тоа востание беше изразено единството на македонскиот народ“. Може да цитираме безброј примери од тој тип, но два се главните заклучоци:

1.Бугарија од 2003 г. до денес се обидува преку притисоци, уцени, ултиматуми да добие заедничко славење на Илинден, зашто Илинденското востание е клучен момент во развојот на македонската нација, која бугарската држава не ја признава. Илинден од 1903 г. го направи возможен вториот Илинден од 1944 г., кога воскресна македонската држава.

2.Веројатно продадената душа Љубчо Георгиевски не лаже само кога спие.

Стефан Влахов - Мицов

MKD.MK
10-07-2014, 12:15 AM
Reply
Тодор Offline
Македонски Българин
***

Posts: 111
Joined: Oct 2010
Reputation: 27
#4

„секој Македонец и Одринец, кој не е компромитиран со ништо нечесно и неморално пред општеството и кој ветува и се задолжува да биде корисен на револуционерното и ослободително дело“...

...Меѓу востанието во Македонија и во Одринско сепак има нешто заедничко. Ниту едните, ниту другиите имаат цел да се присоединат кон Бугарија. Раководителот на бунтот во Одринско, Бугаринот Михаил Герџиков,...
******************************************************************

Абе Мицов, общото во Македония и Одринско биле Българите. Ако Българинот Михаил Герджиков раководел во Одринско, кой мислиш ти раководел во Македония? Присъединяването към България било след автономия.

А тоа, "секой Македонец и Одринец", що мислиш ти означава, географска или етнографска принадлежност?
Небото да е книга, морето мастило, не ще можам да напишам своите ядови.
10-07-2014, 03:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Акад. Блаже Ристовски во своата книга “Столетија на македонската свест”, Скопје, Култура, 2001.

Стр. 33:

-"Вистина, барем досега расположивите официјални документи на Македонската револуционерна организација директно или индиректно декларираат, иако недостатно јасно артикулирана, главно бугарска национална свест на истакнатите револуционери. Исто така тие, како егзархиски воспитаници и службеници, го користат бугарскиот како и свој литературен јазик и не ни размислуваат за сопствена посебна македонска црковна хиерархија, а имаат свое официјално надворешно претставништво само во Софија и ги користат услугите само на бугарските митрополити и трговски агенти во Македонија. Не треба да се подзаборава ни ординарниот факт дека Организацијата, во согласност со диецезата на Бугарската егзархија, го вклучи во својот организам и немакедонското Одринско, иако нашата наука како да го пренебрегнува тој ноторен белег што малку подоцна се инфилтрира и во името на самата Организација. При сето тоа како да се нема предвид и несомнениот факт дека МРО (Македонската револуционерна организација) произлезе всушност од “лозарството”, кое во основата беше национално македонско и тое “сепаратистичко движење”, но и тоа дека Бугарија беше единствената држава што го поддржуваше ова движење, па и бугарските влади директно успеваа да се мешаат во работите на Организацијата. Нашата наука како свесно да подзамижува пред тие општопознати факти."
12-07-2014, 11:19 AM
Reply
тракиецъ Offline
Member
***

Posts: 103
Joined: May 2012
Reputation: 12
#6

Трудолюбив човечец е г-н Мицов.Music3 То не бяха статии по вестниците, то не бяха книги, конференции и симпозиуми.Не можем да му се сърдим - всеки ден трябва да се яде по три пъти. Ето, драснал е 500 думи и манджата е осигурена.
Най-веселото е, че е забравил родния си татарске език и когато се връща в родината си зборува само на македонски! Клик тук.
Music3
12-07-2014, 09:49 PM
Reply
NGruevskisakis Offline
Junior Member
**

Posts: 39
Joined: Dec 2014
Reputation: 0
#7

Во Илинденското востание учатсват 42 офицери од бугарската Армиja ... двамина од нив се генерали.....Александар Николов Протоѓеров (бугарски: Александър Протогеров) бил политичар, генерал и раководител на ВМРО..Внатрешната македонска револуционерна организација. генерал-лајтнант на бугарската армија......војвода во Горноџумајското востание и во Илинденското востание. ......



http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%B...0%BE%D0%B2
(This post was last modified: 06-12-2014, 09:14 AM by NGruevskisakis.)
06-12-2014, 09:13 AM
Reply
NGruevskisakis Offline
Junior Member
**

Posts: 39
Joined: Dec 2014
Reputation: 0
#8

ВМРО=Бугари.......Првото име на ВМРО е Бугарски Македоно-Одрински Револуционни Комитети......ВМРО е бугарска организация...официално се признава


https://www.youtube.com/watch?v=fwEiPXGzeAw
(This post was last modified: 06-12-2014, 09:24 AM by NGruevskisakis.)
06-12-2014, 09:24 AM
Reply
NGruevskisakis Offline
Junior Member
**

Posts: 39
Joined: Dec 2014
Reputation: 0
#9

Љубчо Георгиевски за македонскиот идентитет-класика во жанрот............




06-12-2014, 09:49 AM
Reply