Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ТАЈЗИ, ТРЕТОТО ДЕТЕ И СЕКСОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ТАЈЗИ, ТРЕТОТО ДЕТЕ И СЕКСОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ


[Image: 333btar.jpg]
Како Македонка никоја не љуби, ама и не шара. Којзнае дали Тајзи знае каков таинствен љубовен живот имаат Македонките? Додуша и Македонците не се цвеќиња за мирисање. Нејсе, сѐ што гледате на порниќи го има и кај нас. Со тројца, со петорица, меѓу неколку пара, со магарица, со коза, со доберман или леси. На кока или на Водно. Во кола, во лифт, на мотор, во јавно ве-це, на клупа у парк, во канцеларија. Орално, анално, вагинално и махинално. Во нос и во уво. Во сите отвори! Маж со маж и жена со жена. Па со братучетката, со вујната, со комшијата, со чичкото, со внуката и да не редам понатаму, да не ви се збурбати во стомакот. Еден мој пријател психијатар во душевна болница вели дека за него е нормално да го посетуваат зрели скопјанки, милфарки, кои ги лечи зашто се зависни од секс со своето домашно милениче, што и да е по род. Сексуалниот живот на Македонците и Македонките е толку разновиден и перверзен што дури и начув дека сме биле следни на списокот на Бога за потоп, земјотрес или наезда на скакулци. Содома и Гомора.

[Image: 10477824_10152448745157180_1063126331_n....4639db8e76]

Да, ама оди некој да признае таква работа. Познат и излитен е оној муабет: Ти си ми втор! Ние Македонците одамна не сме невини, по ниту една основа. Само се правиме дека сме такви. Во тој двоен морал лежи нашето проклетсво и баксузлакот. Нашата прва реакција, кога нешто не ни е по ќеф, е да се крене тепихот и причината за нашата вознемиреност да се пикне под него. Сакаме да изигруваме европејци додека во нас дивее духот на паланката. Е, тоа не може. И не е нашиот сексуален живот едеинствената сфера во која сме дволични. Него го земав само како највоочлив пример. Ние сме дволични интегрално. Како личности и како заедница. Што значи ниту сме личности, ниту пак живееме во заедница.

Веќе со години власта нѐ труе со онаа скандалозна и малограѓанска кампања за трето дете. Последен во низата имбецилни реклами за таа кампања, е оној нов музички спот на Тајзи. Секој што се разбира малку од музика ќе ви каже дека таа песна е дно на самото дно во композиторска, аранжманска, естетска и продуцентска смисла, што е и нормално, зашто нејзината цел не е да пренесе некоја длабока порака и да достигне високи естетски и уметнички дострели, туку претставува нарачка од власта со цел идеолошки да ја индоктринира целната група за која е наменета. Нејзините пораки се празни догми на владеачката партија со кои се манипулираат луѓето кои ја конзумираат. Таа песна како идеолошка творба, како и целата кампања за трето дете е дволична од проста причина што оние кои ја туркаат и финансираат со наши пари, задкулисно прават сѐ за да го разорат семејството како јадро на една здрава заедница.

Куп невработени и отпуштени од работа, срамни плати за оние вработените, никаква заштита на работникот во однос на работодавачот, а особено кога се во прашање вработените жени кои се слабо заштитени во фирмите во случај на бременост, кога честопати и ја губат работата ако затруднат. Честопати се сведоци кога работодавачот најдрско им сугерира дека ќе бидат вработени под услов да не останат трудни во одреден временски период. Има жени кои работат по десет и повеќе часови, а за тоа да немаат никаква парична надокнада. Работат како робови во неколку смени, саботи и недели, за осум до десет илјади денари месечна плата. Притоа се изложени на сексуален и друг вид на мобинг кој најчесто останува неказнет. Повеќе се на работа, отколку дома со семејствата ако стигнале да ги создадат. И голем дел од овие нерегуларности се случуваат во славните економски зони на Ставре и Грујо, токму пред нивните преродбенички очи. Не им чуе за тоа, а од друга страна го праќаат Тајзи да црцори за зголемување на наталитетот и трето дете.

А бре има жени што нејќат да помислат ни едно да родат, а камо ли три! Едните од бес, а другите од немаштија. Штета што овие вторите се далеку побројни. На нив ни до секс не им е дојдено, а камо ли до бременост! Егзистенцијалните проблеми се смртоносни за сечиј сексуален нагон, тоа секој го знае. На страна тоа што половина од оние што зборуваат за здраво семејство меѓу маж и жена се двоцевки од голем калибар. Го слушаат исклучиво Елтон Џон и го копираат неговиот начин на живот, кога веќе немаат талент да го копираат неговото дело. И сега, одеднаш, тие се најдоа да ни зборуваат за трето дете. Море ајт таму, шегобијци едни!

Третото дете, утре ќе порасне, ќе стане студент. Треба ли да се школува? Треба ли да има пари да прошета, да оди на море, да полага за возачка, да купи кола, ова или она? Од каде бе преродбеници? Има илјадници семејства што имаат само еден вработен, како што е да кажеме моето. И тоа трето дете не е само нели? Трето е! Што значи има уште двајца пред него. Браќа, сестри или мешано. Тие не треба да се школуваат, да се пратат на одмори и на екскурзии, да се облечат? Гласачите на Грујо честопати знаат да им кажат на оние кои имаат трето дете, а кои сепак негодуваат поради околностите во кои живеат, дека треба да се среќни зашто Грујо бил тој кој им дал надокнада за трето дете. Не сакаат да видат дека таа надокнада од 8300 денари се дава до десетгодишна возраст и завршува таман кога почнуваат вистинските финансиски побарувања за тоа дете да израсне во школуван, комплетен маж или жена. Што треба да прајме ние кои гледаме три деца со една плата? Штом наполнат десет години да му ги однесеме на Грујо дома за да ги причува и да ги дошколува? Да ги прати заедно со неговите деца на некој скап универзитет во странство? Ајде ви се молам.

Не ни треба нам милостина. Оваа држава треба да обезбеди достоинствен живот за секој поединец, а тоа значи да му се овозможи да работи и добро да заработува, а не цел живот да живее на нечиј грб. Зошто да кажеме власта не направи сите ние да можеме нормално да живееме од нашите плати? Тоа е она што го обезбедуваат за своите граѓани сериозните држави. Кој работи не му ја мисли како ќе преживее од први до први, па нека има и пет деца. И имаат. Еден просечен Норвежанец, Германец или Швед, парите за трето дете ако воопшто добива такви, не ги чека со душа за да ги троши за плаќање на месечните сметки за струја, парно, вода, телефон, интернет и телевизија.

Преродбениците да се грижеа малку за својот народ, со оние стотици милиони евра што ги спискаа на споменици и неокласицистички кичерај и барок, ќе отвореа десетици фабричиња за шрафчиња, конзерви и други џиџи-миџи во кои ќе вработеа илјадници луѓе и ќе имаа извоз и далеку помал трговски дефицит, такашто стопанството ќе живнеше, а со него и државата, зашто сите тие фабричиња регуларно ќе плаќаа данок. Тогаш ќе немаше потреба да чекаме некој душевадник од белиот свет да отвори овде фабрика за која нема да плаќа на државата ни денар и ќе ги експлоатира нашите работници за осум илјади денари плата. И знаете што ќе се случи со тие инвеститори? Штом најдат земја со уште помалку платена работна сила, ќе ги склопат нивните монтажни фабрики и преку пристаништето во Солун, адио рагаци! Гуд бај анд фак јор селф! Тоа е логиката на глобализацијата за која Грујо никогаш не зборува во своите прочуени говори пред овчичките од неговото стадо.

Да не зборувам какви сѐ други вложувања преродбениците можеа да направат со цел да поефтини струјата, парното, храната и другите основни трошоци. Беспредметно е сега за тоа пак да се вергла. Вака излезе, наместо прогрес, секој нивни проект има последица масовно иселување на поединци и цели семејства на печалба. Нема кој деца да прави, а они зборат за трето и четврто дете. Чиста демагогија, на која и Пол Пот и Мао би ѝ позавиделе. Не е проблем, ќе најдат они уште десетмина ко Тајзи кои без да мислат ќе ја компромитираат својата личност и талент за да направат песна која само малоумни би ја сфатиле сериозно. Но да се разбереме, такви има во државава со лопата да ги ринеш, затоа ни се случува ова што се случува. Оти нема таков кој еднаш заминал одовде и пишман се вратил, ниту пак има такви кои ќе поверуваат во она дека како Македонка никоја друга не љуби така. Ние децата на социјализмот, имавме можност на Наше Море да се увериме дека и Русинките, Чехињите, Германките, Швеѓанките знаат да љубат охохооо. И не чекаат двапати да им кажеш или не дај боже да ги молиш.

Затоа немојте повеќе да ги следите нивните идеолошки обоени кампањи. Ниту нив, ниту нивните медиуми. Покажете граѓанска непослушност со тоа што ќе бидете и слепи и глуви кон нив. Само така ќе им демонстрирате дека имате барем елементарна култура, образование, свест и чувство за мерка и дека е невозможно да ве манипулираат дури и кога за таа цел ги злоупотребуваат вашите симпатии или идоли од јавниот живот, без разлика дали е тоа Тајчи или Тајзи. Едноставно помножете ги со нула, зашто тоа и се.

Сашо Тасевски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ
19-06-2014, 02:37 PM
Reply