Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КУЛТУРА НА ЛИНЧОТ – ИНКВИЗИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:КУЛТУРА НА ЛИНЧОТ – ИНКВИЗИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА


[Image: 333btar.jpg]
До пред десетина години верував дека „ловот на вештерки“ и џелатите на инквизицијата се брендови на некој далечен мрачен среден век и дека цркавата, особено католичката, одамна расчистила со тие големи петна од својата историја кога во името на Бога вршела страшна и смртоносна репресија на сите оние кои не се согласувале со нејзините догми.

[Image: 34i0mk6.jpg]
Пред еден месец, оние кои пишуваат за порталот Курир, со цел да предизвикаат верска омраза и да повикаат на линч, ја објавија само првата страна од стрипот кој оди во неделникот Фокус, извлекувајќи го од контекстот на целината и од него направија скандал, обвинувајќи го весникот и авторот дека го сквернавел бога тенденциозно, точно пред Велигден. Нивното неколкукратно објавување на таа манипулација на нивниот портал, нормално беше поттик за лавина негативни реакции од МПЦ и таму некоја си дирекција за борба против дискриминација во која членуваат луѓе блиски до МПЦ и власта, но што е уште пострашно, беше и тригер за некои запалени таканаречени верници кои не го ни виделе стрипот, а почнаа да праќаат ни малку наивни закани по социјалните мрежи кон уредниците на неделникот и авторите на стрипот, за кои веднаш беа известени претставниците на ОБСЕ во Македонија.

Сите тие на куп, да се малку верници, ќе знаеја дека Христос проповедаше безусловна љубов кон ближниот свој, милосрдие и простување. За него беше многу поважно да придобие макар еден грешник отколку стотина богобојажливи, а ги придобиваше со чиста љубов, никогаш со омраза. Ја презираше силата и силеџиството и ги учеше своите следбеници да го завртат и другиот образ, ако добијат шлаканица по едниот. На крајот, како кулминација на неговата љубов и со желба точно да ја пренесе последната лекција од своето учење, Христос го даде и својот живот за спас на целото човештво. Наместо тоа, големите христијани од Курир кои се нарекуваат новинари, со објавувањето на нивната шашма, отворено повикаа на линч, а големите христијани од МПЦ им се придружија во повикот, па ламентираа за кривични пријави и се закануваа со робии. Ниско од нивна страна. Ниско, непрофесионално и нехристијански во секој поглед. Лаги и клевети.

Темата на епизодата од стрипот која беше објавена во неделникот Фокус на три страници, (значи не на една, само онаа првата која ја објави Курир), беа изборните процеси кај нас, нивни комичен приказ. Во неа немаше никаков потсмев кон бога. Напротив. На почетокот на приказната беше искористена една неумесна изјава на еден од претседателските кандидати кој по првиот круг на претседателските избори изјави дека „во демократија и на Господ понекогаш треба да му се помогне.“ Тоа беа негови зборови, а не мои. Во еден миг, во приказната, Господ се појавува пред него и му вели индиректно дека е тоа хулење и напразно споменување на неговото име, што де факто е, а во библијата децидно стои „да не се споменува напразно името господово“. Да, уште му вели дека се знае кој на кого му помага на овој свет, во смисла дека Господ е оној кој помага, а не обратно. Тука нема никакво сквернавење.

Тогаш ми текна дека некој изгледа се навреди од тоа што Господ во стрипот беше прикажан со бела брада и со женски гради. Добро, реков, може тоа стварно ги навредува, само не знам, од каде оние навредените знаат како изгледа Господ? Го видел ли некој од нив некаде? Од каде се толку сигурни дека нивната ма(ч)оистичка претстава за Бога е точна? Зошто бог не би бил црнец или да кажеме, жена? А што ако е навистина андрогин, како што беше прикажан во стрипот? И кој е толку сигурен дека Бог мора да биде антропоморфен?

Значи, приказната беше напишана со цел да се потсмева со механизмите кои се користат за кражба на гласови во еден изборен процес и тоа го знаеше секој што ја прочитал таа епизода од стрипот од почеток до крај. Па сепак некои мрачни типчиња во тоа видоа сквернавење на Бога и злоупотребија одредени медиуми да ги повикаат силеџиите кои се кријат под маската на православието да дејствуваат. Исто како што се случи кога ја опседнаа општина Центар, па ѓоамити во одбрана на црквата, корнеа огради, кршеа прозорци и упатуваа смртни закани кон советниците. Така беше и пред четири-пет години на плоштадот, кога физички ги нападнаа студентите од архитектура кои протестираа против изградбата на црква на плоштадот. Со хајката против авторите на стрипот во Фокус, медиумските џелати на инквизицијата и власта сакаа да го дефокусираат вниманието од скандалот „поткуп од Газда Нини“ кој беше обелоденет непосредно пред парламентарните избори, па сепак, закана со тужба е едно, а повик на линч сосема друга работа. Во тој случај, имаше и од двете. На крајот, кога сѐ заврши добро за власта по изборите, ни беше порачано од тој фраерот од дирекцијата за борба против дискриминација дека морале да реагираат воспитно, за да не се повторело другпат. Уште фала треба да му кажеме! Fuck off!

По случајот со стрипот во Фокус, многу актуелен беше Миленко со неговиот текст против некои новинари, кога повика на нивни линч затоа што наводно биле грчки платеници и што ти не. Само, не сфаќам, ако тие негови колеги толку му пречат, што не ги ликвидира сам, туку ги повикува оние дежурни патриотски вознесени силеџии кои тој ги нарекува народ, да го направат тоа место него. Не помина долго по неговиот повик на линч, кога истиот тој тип, на телевизија јавно се произнесе за сексуалните ебоповикливи атрибути на една амбасадорка во Македонија. Тогаш не чув оној фраер од таа дирекцијата за борба против дискриминација, нешто да изреагира и да постапи образовно-воспитно кон Миленко. И тука не завршува сѐ. Формите на институционално насилство се манифестираат и преку поплава од тужби од разни поединци од власта и новинари од медиумите кои се блиски на власта, а кои се упатени кон секој оној кој се дрзнал да ги критикува нивните злосторнички дела од кои се офајдиле со милиони евра и долари, кои очигледно не им се доволно, па сакаат дополнително да се нафатираат од тужбите кои секако ќе ги добијат, зашто многу добро знаат дека тасот на македонската Јустиција одамна е закотвен на една страна, онаа на власта. Така во моментов кај нас се одвива уште еден, институционално заштитен тип на линч кон неистомислениците на власта, а тоа е финансискиот. Оти кога на еден човек преку тужба му бараш отштета од милион денари, а тој годишно заработува двеста илјади денари, не му преостанува ништо друго освен да се обеси. И кога ќе видиш, крајниот исход од линчот е ист. Уништен живот. Со тоа што со финансискиот линч покрај животот на одбраната жртва, ги уништуваш животите и на неговите блиски.

Човек нема да помине поразлично и ако отворено критикува било која друга група која се институционализирала или се бори да го стекне тој статус. Ако ги чепне феминистките, здруженијата за заштита на животни, екологистите од разни невладини организации, масоните или да кажеме хомосексуалците, веднаш ќе биде цел на напад и вербален линч, без разлика на тоа колку е во право или не. Среќа што овие групи во раце ги немаат државните механизми за репресија. Во тој случај, некои од нив, верувам ќе бидат многу покрволочни од некоја верска институција или партија на власт. Секоја од тие групи себеси се смета за единствен и легитимен застапник на вистината и не дај боже ако противречиш. Тогаш си малоумен, мизерен, фашист или хомофоб. Парадоксот со овие групи е во тоа што бараат од оние другите, различните од нив, да бидат транспарентни и толерантни, а самите тоа не се.

Еве, конкретно за хомосексуалците, оди објасни им дека имаш право на сопствено мислење и убедување и дека според него, не гледаш ништо корисно и оупенмајндит во тоа мажи да стапуваат во брак со други мажи и да одгледуваат деца. Или не дај боже јавно да излезеш и да проговориш за оние речиси двамилиони евра кои годишно легнуваат на сметките на нивните овдешни организации од разни странски фондации, со цел тенденциозно да се промовира во јавноста нивниот стил на живеење заедно со сексуалните афинитети кон партнери од ист пол и сето тоа под маската на прифаќањето на разликите и толеранцијата. Тогаш покрај хомофоб ќе те направат и параноиден шизофреник кој верува во геј и разни други заговори. Не знам дали е геј-заговор во прашање, ама знам, голем дел од тие средства не се ни знае каде завршуваат, зашто не се искористуваат до крај за она за што официјално се наменети. Верувам, ќе се согласите, тоа се многу пари ако се подарени за промоција на само еден хипи-идеал како што е толеранцијата. Што не ми даде мене некој толку пари да ширам позитивна енергија и толеранција? Знаете ли колку љубов и разбирање ќе проповедам во јавноста, ако некој како чичко Фуере наговори некоја европска фондација да ми цалне милион евра? Немате поим каква геј-парада ќе организирам за тие пари! Сѐ наоколу има да блешти од љубов и толеранција!

Било како било, во нашето општество полека се раѓа една култура на силеџии и насилници и со нејзиното кревање сѐ повеќе ја губиме способноста да чуеме мислења поинакви од нашите. Затоа сѐ повеќе се повлекуваме во разни групи за да можеме полесно да се спротивставиме на вистината за нас, тогаш кога ќе биде изговорена јавно. Чопорот и стадото се најдобри за напад и одбрана, затоа така чопоративно и се напаѓа вистината, која, секогаш бидува обзнанета од поединци, никогаш од стадо. Таа е опасна за секое стадо, чопор, политичка партија, верска институција или секта, секојпат кога ќе ги разголи лажните догми кои ја одржуваат кохезијата во тие групи. Изгледа инквизицијата ќе го следи човештвото уште многу години во иднина, а до кога ние ќе живееме во оваа наша култура на линч, стварно не знам. Ама знам дека крајно време е некој овде да се освести и да му застане на патот на талибанското однесување на одредени поединци, тв-медиуми, интернет-портали и разни инквизиторски институции и групи, оти ако им се дозволи и понатаму лажно да клеветат, неосновано да напаѓаат и да објавуваат што сакаат, брзо ќе дојде и тој ден кога оние лажни верници во нешто, кои во суштина се силеџии, во лажен верски или друг фанатичен занес, ќе пролеат нечија крв, која секако ќе оди на совест токму на тие медиуми, институции или групи.

Сашо Тасевски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ
(This post was last modified: 31-05-2014, 04:53 PM by ЈорданПетровски.)
31-05-2014, 04:50 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#2

Сашо Тасевски за прв пат во колумната кажува, индиректно, дека станува свесен за можните последици за своите искажани ставови. Лично почуствував маку загриженост, да не кажам страв, во неговите зборови. Страшно е кога поединец стане против институционализирано зло и неправда. Секогаш има реакција од тоа зло. Од друга страна промените станувале само со формирање критична маса на освестени или обезправени луѓе.А, пак, промените некој мора да ги почне, јавно да зборува за потреба од нив. Дали Македонија достигнала таков степен на колективно освестување да ја направи таа критична маса која ке доведе до дефинитивни промени и демократизација на државата? Дали народ кој за последните 100 години неколку пати го променил својот идентитет и каде секој трет човек има доушничко педигре или историјат може да формира такво критичко мннозинство? И што да прави понатаму Сашо Тасевски? И понатаму да се експонира како изврстен хроничар на македонското општество со извесен крај или ке го видиме на чело на македонската пролет!?
03-06-2014, 10:20 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(03-06-2014, 10:20 AM)hristo Wrote: Сашо Тасевски за прв пат во колумната кажува, индиректно, дека станува свесен за можните последици за своите искажани ставови. Лично почуствував маку загриженост, да не кажам страв, во неговите зборови. Страшно е кога поединец стане против институционализирано зло и неправда. Секогаш има реакција од тоа зло. Од друга страна промените станувале само со формирање критична маса на освестени или обезправени луѓе.А, пак, промените некој мора да ги почне, јавно да зборува за потреба од нив. Дали Македонија достигнала таков степен на колективно освестување да ја направи таа критична маса која ке доведе до дефинитивни промени и демократизација на државата? Дали народ кој за последните 100 години неколку пати го променил својот идентитет и каде секој трет човек има доушничко педигре или историјат може да формира такво критичко мннозинство? И што да прави понатаму Сашо Тасевски? И понатаму да се експонира како изврстен хроничар на македонското општество со извесен крај или ке го видиме на чело на македонската пролет!?

Bravo




Сашо е загрозен бидејки не припаѓа на ниедна банда, тој е еден од ретките кој проблемот го детектира на вистинското место, во системот и во комунистичкиот менталитет.
Моите видиувања не се нималку оптимистички, Македонија е многу далеку од освестувањето за да се направи критична маса која ке ја задвижи демократизацијата на Македонија.
Македонците, зборувам за генерациите кои ги профилираше и воспитуваше Тито и титовите наследници се луѓе од многу мек материјал.

пс. читаноста на колумните на Сашо е интересна за анализа, поточно преку читаноста се добива слика за подготвеноста на Македонците да си ја превземат судбината во свои раце.
суштинските колумни, колумни како оваа имаат читаност под 2000 илјади, колумни за Ивонче идат и до седум илјади.
03-06-2014, 01:08 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#4

(03-06-2014, 01:08 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(03-06-2014, 10:20 AM)hristo Wrote: Сашо Тасевски за прв пат во колумната кажува, индиректно, дека станува свесен за можните последици за своите искажани ставови. Лично почуствував маку загриженост, да не кажам страв, во неговите зборови. Страшно е кога поединец стане против институционализирано зло и неправда. Секогаш има реакција од тоа зло. Од друга страна промените станувале само со формирање критична маса на освестени или обезправени луѓе.А, пак, промените некој мора да ги почне, јавно да зборува за потреба од нив. Дали Македонија достигнала таков степен на колективно освестување да ја направи таа критична маса која ке доведе до дефинитивни промени и демократизација на државата? Дали народ кој за последните 100 години неколку пати го променил својот идентитет и каде секој трет човек има доушничко педигре или историјат може да формира такво критичко мннозинство? И што да прави понатаму Сашо Тасевски? И понатаму да се експонира како изврстен хроничар на македонското општество со извесен крај или ке го видиме на чело на македонската пролет!?

Bravo




Сашо е загрозен бидејки не припаѓа на ниедна банда, тој е еден од ретките кој проблемот го детектира на вистинското место, во системот и во комунистичкиот менталитет.
Моите видиувања не се нималку оптимистички, Македонија е многу далеку од освестувањето за да се направи критична маса која ке ја задвижи демократизацијата на Македонија.
Македонците, зборувам за генерациите кои ги профилираше и воспитуваше Тито и титовите наследници се луѓе од многу мек материјал.

пс. читаноста на колумните на Сашо е интересна за анализа, поточно преку читаноста се добива слика за подготвеноста на Македонците да си ја превземат судбината во свои раце.
суштинските колумни, колумни како оваа имаат читаност под 2000 илјади, колумни за Ивонче идат и до седум илјади.

Јордане, ја споделувам твојата скепса за можност да во Македонија се направи критично мнозинство на основа на согледување и пристапи на Сашo Тасевски. Повеќе фактори се во прашање а ти спомна дел од нив. Тогаш, што да се прави? Јас и порано сум кажувал дека за Македонија е најдобро што побрз влез во ЕУ и од таа позиција со посилен мониторинг и влијаниа на ЕУ ( како оди процесот на евроинтеграцијата) да се подобрува и функционирањето на државниот апарат ( во сите сегменти) и побргу менување на свеста и менталитетот на граѓаните. И по цена на компромис за името.
П.С. На глобален светски план гледано од геостратешки аспект поборник сум на мултиполарен свет, но за Македонија е најдобро да се приклони кон ЕУ и нејзините стандарди, независно што ЕУ е стратешки и партнерски многу поврзана со САД.

04-06-2014, 09:32 AM
Reply