Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ОПШТЕСТВО НА МРТВИТЕ МАТУРАНТИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ОПШТЕСТВО НА МРТВИТЕ МАТУРАНТИ


[Image: 333btar.jpg]
Како по некое непишано правило, набрзо по изборите имаме уште еден до смрт избоден матурант. Така се случи и со Мартин Нешковски пред некоја година, така сега и со Ангел. И двајцата беа жители на Ѓорче Петров. Меѓу тие две убиства се случи и масакрот на Смилковското Езеро, кога сурово беа егзекутирани четворица матуранти, зашто на убијците не им се допаѓала нивната етничка припадност. Тие џелати сѐ уште не одговарале за тоа злодело и најверојатно никогаш нема да одговараат. Наводно лежат во затвор на Косово за некое помало дело, а косовските власти немаат намера да ги екстрадираат овде. И нема да ги екстрадираат, освен ако оние кои ги штитат не направат некоја прифатлива спогодба со македонските власти околу ублажување на казната која ја

[Image: 30j05xj.jpg]

заслужуваат, а тоа е доживотен затвор без право на помилување. Ако воопшто постои ваква казна во нашиот разбуцан правосуден систем. Во оние неколку дена по убиството на матурантите, на фејсбук напишав дека не верувам некој од убијците да одговара за свирепата егзекуција. Изгледа не утнав во проценките. По тој масакр, следеше уште едно убиство на средношколец во школски двор, кога убиениот Албанец рипнал да го брани својот другар Македонец од напаѓачите. Во тој период имаше и други лудории со ножеви во училиштата. Нападот во средното хемиско училиште од страна на младинци-хулигани во кој беа ранети и некои професори остана најмногу врежан во сеќавањата. Да не реагирало обезбедувањето, сигурно следниот ден, во школскиот двор ќе се раздаваше блага пченица. Претепувањата пак на патници по етничка линија во градските автобуси нема веќе кој да ги брои. Такви инциденти имаше неколку десетици.

Оттука бунтот на ѓорчепетровци овие денови е оправдан. Доста им е од стравот дека некој нивни близок, син или брат може да биде избоден штом излезе од дома. Тие се свесни дека последното убиство нема етнички предзнак, но знаат дека не е последно и што е најлошо, може да биде вовед во нова серија етнички пресметки меѓу младите, доколку државата еднаш засекогаш не му застане на патот на насилството, што тешко да се случи. Барем не во овој живот. Тоа го знаат ѓорчепетровци затоа и се исплашени, затоа и реагираат толку бурно. Таква реакција може да предизвика само голем страв, тоа е повеќе од јасно. Се наметнува прашањето, кој е виновникот за ова што се случува на нашите улици и во нашите маала.

За убиецот на матурантот Ангел се знае дека е деветнаесетгодишен Албанец од село Грчец, со подебело полициско досие. Па добро бе, кој дозволи досието толку да му се здебели до деветнаесетата година од животот? Кој е виновен за тоа што толку опасен деликвент со такво досие слободно шета по улица и се пика по туѓи дворови? Дали е дел од банда или делувал сам? Којзнае дали некогаш ќе дознаеме? Важно во Ѓорче Факинг Петров сите знаат дека криминални банди од Грчец крадат автомобили, велосипеди и моторцикли во нивната населба и ги носат во Грчец, па оттаму прво им ги нудат назад на нивните сопственици за мрсен откуп, а ако откупот не го добијат, ги продаваат којзнае каде. Како тргнале, утре деца ќе почнат да крадат и да бараат откуп за нив. И сите знаат дека нашата полиција, иако го знае тоа, никогаш не тркнала до Грчец да расчисти со бандите, туку замижува на едно око. Како што правеше и со бандите во Арачиново пред 2001 година, додека не беа убиени тројца полицајци како вовед во воениот конфликт во 2001-та. После се пееше слична песна кога Агим Красниќи од село Кондово упати закани до македонската држава дека ќе го гранатира Скопје. Со месеци во Кондово не смееше да стапне полициска нога и месеци беа потребни да се убеди со арно тогаш популарниот милитант да се сретне со властите и да не го гранатира градов. Ама сега не сакам да досадувам со тие приказни за нашата полиција која некаде, во некои општини слободно смее да фрла шок-бомби, да приведува, да тепа и претепува, додека во други, не смее ни да помисли да влезе без најава и букет рози, зашто таквите приказни се добро познати.

Мене повеќе ме интересира одговорот на прашањето кој става нож или пиштол во рацете на младите и уште колку матуранти треба да паднат избодени до смрт за сите сериозно да го сфатиме она што веќе го знаат ѓорчепетровци, дека оваа држава нема капацитет да се справи со насилството и насилниците токму затоа што самата учествува во нивното создавање. Ќе се прашате: Како? Е па вака некако...

Власта систематски со години наназад го аминува злото применувајќи СЕЛЕКТИВНА ПРАВДА, која во својата суштина е ГОЛЕМА НЕПРАВДА зашто им дозволува на многу големи злосторници да останат неказнети за извршените злодела. Курето на власта ѝ е многу потврдо кога емитува на телевизија снимки од приведување на свои политички противници кои ги терети за земање мито од двеилјади евра, отколку да приведе други кои зеле мито од два милиони евра. Затоа на власта ѝ се потребни тв-слики на она што тие го сметаат за зло, за што полесно да мине неказнето некое поголемо зло во кое таа е директен учесник или барем, посредник.

Понатаму, оваа власт е толку заслепена од своите таканаречени реформи што не може да ја процени нивната огромна штетност по здравјето на македонското општество. Еве, земете го образованието за пример. Од каде дојде тоа да нашите ученици во основните училишта и гимназиите ги чуваат приватни служби за обезбедување и специјални полициски единици? Оние моронски министерчиња на Грујо кои му удрија реденка на образованието никако да разберат дека многу малку од еден човек има во неговата факултетска диплома и дека дипломата без воспитување е безначајна. Доброто воспитание и моралот треба да бидат кичма на квалитетното образование, а не нешто на кое младите гледаат со презир зашто се свесни дека живеат во држава во која добро воспитаните и оние со високи морални принципи се наоѓаат на маргините втурнати во сурова борба за гола егзистенција. На нивна сметка државата генерира аналфабети со куп дипломи од разни универзитетчиња низ државава кои се спремни и родителите да си ги заколат на спиење ако не добијат дел од наследството или нов бесен автомобил. Малоумниците од министерството за образование за тоа време имаат поважна мисија, да им удираат пацки на професорите, дури и на оние докажаните, доколку не исполниле некоја имбецилна задача од новите наставни програми или пак, ако некоја размазена будала од нивните ученици неосновано ќе ги наклевети за било што. Кутрите професори, не можат ни гласот малку да го повишат пред учениците-пробисвети кои не знаат да бекнат, а бараат високи оценки и очекуваат да ги добијат, зашто некој близок од власта им го чува грбот.

Никој и не може да очекува од нив да се однесуваат поинаку, зашто сѐ што гледаат наоколу во својата околина е насилство, кич и неправда. Младите многу рано ќе научат дека ова општество не им припаѓа на заслужните, туку на гребаторите, затоа оние способните масовно ја напуштаат земјава, убедени дека секаде надвор побрзо би успеале, отколку овде. И не грешат. Надвор никој нема да ги праша чија партиска книшка имаат во џебот. Оние пак, кои остануваат дома, а неправедно се изолирани, соочени се со немаштија и се полнат со гнев, а тој некаде мора да излезе за да не преиде во лудило. Затоа и спортските настани ни личат на Бејрут од осудесетите години на минатиот век. Постојано тепачки меѓу навивачите и прекини на натпреварите. Истото се случуваше и непосредно пред почетокот на крвавата граѓанска војна во СФРЈ. Изгледа лекцијата не ја научивме на туѓата мака, па ќе мора да ја платиме со своја крв.

И тука партиите се главни за тоа навистина да се случи. Не пропуштаат ниту една можност да ја разгорат меѓуетничката омраза меѓу граѓаните на Македонија. На што личеше оној повик на премиерот пред изборите, кога побара 63 пратеника за да им ставел крај на заканите на Албанците? Личеше на лош театар за привлекување на гласачко тело, ништо друго. Е па сега да ги видам големите патриоти и борци против албанските уцени кога како попчиња ќе потпишат коалиција со Али Ахмети и Тачи во дует. Важно ја отворија пандорината кутија пред изборите за грст гласови и победа на изборите, а сега ги боли уво кога матурантите се бушат со ножеви. Ќе излезе на прес онаа беда од министерка да блее како треба да се сочуваат главите студени и да не се подгревааат меѓуетничките судири и толку. Или пак, ќе се обиде со сите сили да спинува некој голем инцидент со зборовите дека тоа е дело на опозицијата во обид да ја дискредитира власта и дека не треба да му се придава големо значење, како што се случи со бунтот на ѓорчепетровци изминативе денови. Сега излезе, опозицијата ги организирала!? Нивните лаги веќе ни кучињата со маст не ги јадат. И тој спин се случува замислете, истиот ден кога таа опозиција објавува дека експертизата потврдила дека гласот во случајот Поткуп од Газда Нини е токму на премиерот.

И не е важно кој е виновен, а кој не во немилиот настан кој го потресе Ѓорче Петров и Македонија. Дали убиецот се бранел или убил зашто сакал крв. Важно е дека попусто отиде уште еден млад живот, кој во случајов излезе вреден колку половен велосипед. И тоа пак ќе се случи, сигурен сум, зашто нашите улици одамна не се безбедни, а на власт се наоѓаат опасна група луѓе на кои желбата да владеат им е поважна од безбедноста и благосостојбата на граѓаните. Затоа, до следниот избоден матурант, до гледање!

Сашо Тасевски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ
22-05-2014, 02:54 AM
Reply