Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
"СЛУЧАНОСТИТЕ" ВО КАПИТАЛИЗМОТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,633
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:"СЛУЧАНОСТИТЕ" ВО КАПИТАЛИЗМОТ



[Image: Aerial_View_of_Singapore-700x352.jpg]

Пишува: Бојан Богевски, м-р по финансово право и Потпретседател на ЛК Атлас

Сте приметиле како во секоја дискусија со повеќето од нашите сограѓани секој успех во земјите кои претежно негуваат слободен пазар и либерално политичко-правно уредување е …. случаен?! Без разлика што топ 20-те капиталистички земји ги „јадат“ оние земји во кои Државата доминира во економскиот и политичкиот живот во сите можни индикатори за благосотојба, некако сето ова се „рационализира“ и не се прифаќа како резултат (!) на општественото уредување?

Имено, чиста случајност е што просечниот доход по глава на жител во топ 20-те капиталистички земји е околу 37,000 долари годишно наспроти 5,000 долари во овие вторите. Или пак што просечниот економски раст е 3.56% наспроти 1, 58%. Но, зарем про-капиталистичките системи не се немилосрдни за сиромашните граѓани, ќе прашате? Да, согласно идеолошките бајки со кои ни ја полнат главата. Во реалност, дури и занемарувајќи ја развиеноста на филантропијата (од 10-те земји со најсолидарни граѓани, дури 7 спаѓаат во нашиот примерок од 20-те најкапиталистички земји!), сиромашните граѓани во топ 2о-те про-капиталистички земји заработуваат годишно во просек околу 10.500 долари наспроти 1.000 долари во земјите во кои доминира Државата, и тоа во услови каде што трошоците за храна, гориво и греење им се многу помали (како процент од месечните примања)! Чиста случајност?! Да, сигурно. За идеолошки заслепените. Одиме понатаму.

Изгледа чиста случајност е и што земјите во кои имаат најмногу доселеници се … токму про-капиталистичките земји?! Ако овие земји се експлоататорски, материјалистички и немилосрдни како што ни ги опишуваат во идеолошките хорор приказни, тогаш зошто толку многу работници и луѓе од целиот свет одат да живеат токму таму?! Зарем е случајно што во 10-те најимигрантски земји во светот, дури 6 се дел од топ 20-те про-капиталистички земји (Нов Зеланд, САД, Сингапур, Германија, Австралија и Канада)?! Зошто луѓето се селат од Куба и Венецуела, последните жаришта на социјалистичкото уредување, во САД а не обратно?! Случајност?! Да, сигурно – за идеолошки заслепените. Одиме понатаму.

Критичарите на капитализмот сакаат да „голтнеме“ дека е и чиста случајност што граѓаните во топ 2о-те про-капиталистички земји се далеку послободни (од вмешување на државата и политичарите во нивните лични животи) и уживаат значително поголема заштита на нивните политички и граѓански права него во била која земја, во било кој временски период во историјата на човештвото! Не, немаат никаква улога либерално-капиталистичката култура „глеј си работа и остај ме да си ја терам својата“ и сите оние концепти за ограничување на власта кои ги одликуваат модерните либерални републики, алатки кои потекнуваат од умовите на класичните либерали. Не, ова нема никаква врска – се е чиста случајност. Да, сигурно. За идеолошки заслепените.

И чиста случајност е што целокупниот технолошки и научен развој потекнува од овие земји! Така, чиста случајност е што Мајкрософт, Епл, Јаху, Амазон, Гугл и голем број други гиганти во технолошкиот свет се токму американски компании. И чиста случајност е што најголемите менаџери и претприемачки умови, како на пример Стив Џобс, Бил Гејтс, Џеф Безос, Елон Муск, Лери Пејџ и многумина други, доаѓаат токму од најкапиталистичките земји во светот?! Па, дури и најкористените мобилни апликации и социјални мрежи се воглавно креирани од млади претприемачи од САД – Фејсбук, Твитер, Тумблр, Снепчет, Ватц-ап, Вајбер, Скајп итн. Да не одиме поназад во времето и да ги набројуваме луѓето како Томас Едисон, Александар Г. Бел, Хенри Форд, Џорџ Истман, итн. Луѓе, скоро се што денеска ни е од корист во секојдневниот модерен живот е измислено и ставено во употреба од луѓе и компании од „западот“! И изгледа случајно е што Никола Тесла, од толку земји во светот, одлучува да емигрира токму во САД?! И што токму индустриската револуција започнува во Англија, а не било каде од сите останатите безброј места во светот?! Изгледа и случајно е што од 100-те највлијателни интелектуалци и научници моментално, 90% потекнуваат од топ 20-те про-капиталистички земји, а останатите 10% се школувале во некој од нивните универзитети. Изгледа уште една космичка случајност е што во првите 100 универзитети во светот, 80% се од топ 20-те про-капиталистички земји, меѓу кои 10 места ги држат 8 универзитети од САД и 2 од Велика Британија. Случајно е што и кога ќе се разболи некој од нешто посериозно одат во болниците во САД, Велика Британија или пак некоја од останатите топ 20 про-капиталистички земји. Чудно што не се одлучуваат да одат на лекување во „бесплатните“, „високо-квалитетни“ болници во Куба, Венецуела и тако далје. Изгледа бидејќи случајно е што во топ 10-те највисоко рангирани болници во светот, 4 се од САД, меѓу кои и првите три највисоко рангирани?! Па, поради сето ова, граѓаните во топ 20-те про-капиталистичките земји живеат по просек 79 години, далеку повеќе од сите нас останати. Не, сето ова се случајности кои не ни даваат доволно причини да посакуваме да живееме во либерално-пазарно уредување.

Но, се на страна – еве, во право си (не сум јас во право – горенаведените се објективни, лесно проверливи, ФАКТИ – јас само ги пренесувам на хартија). Но, про-капиталистичките системи, во кои профитот е главната цел на приватните претпријатија, сигурно се погубни за животната средина, така!? Грешка. Граѓаните во капиталистичките земји, имајќи поголеми средства и технолошки развој од сите останати, живеат во далеку почиста животна средина, односно дишат почист воздух, јадат поздрава храна и пијат почиста вода од сите останати! СИТЕ еколошки индикатори се подобри во споредба со останатите земји во светот. Патем, најзагадените места во светот се во земји кои не се ни во првите 50 најкапиталистички земји во светот – т.е. воопшто не можат да се категоризираат како капиталистички по било кој објективен стандард.

Се разбира, далеку од тоа дека либерално-пазарниот систем е совршеното решение, но дава резултати. И тоа одлични. Потребни се „политички иновации“ ваму и таму, но важно е да се препознае насоката кон кој треба истите да се движат.

Но, ок – се супер ова, но која ти е поентата на муабетот? Зарем не е дебатата за политичките системи затворена по распадот на СССР и катастрофалните резултати по сите индикатори на социјализмот во било која земја во која е испробан?! Не е ова поентата. Алтернативата на слободниот пазар и либералното уредување не е социјализмот, без разлика што одредени социјалистички идеи никако не умираат. Не. Алтернативата е регулираниот пазар, мешаната економија основана на кензијански тези. Затоа е неопходно да се разбере дека горенаведените придобивки се (воглавно) директен резултат од претприемачката клима и развиениот пазар на капитал – не од државните регулативи или пак од „социјалните политики“ – клима која вирее само во слободен пазар и либерално-правно уредување. Токму затоа и ни се неопходни во Македонија. Се разбира, доколку сакаме да одиме напред како општество, да си ги вратиме луѓето назад и да живееме слободно и цивилизирано.



* ЛИБЕРТАРИЈАНСКИ КЛУБ АТЛАС е првото либертаријанско здружение на граѓани во РМ и пионерски чекор кон промоција на либертаријанизмот и слободарските вредности на наше тло, а тоа се толеранција, ненасилство, односно минимална влада и максимална пазарна и граѓанска слобода.

13-05-2014, 12:18 PM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#2

[quote='ЈорданПетровски' pid='61366' dateline='1399979920']
[quote]



Изгледа чиста случајност е и што земјите во кои имаат најмногу доселеници се … токму про-капиталистичките земји?! Ако овие земји се експлоататорски, материјалистички и немилосрдни како што ни ги опишуваат во идеолошките хорор приказни, тогаш зошто толку многу работници и луѓе од целиот свет одат да живеат токму таму?! Зарем е случајно што во 10-те најимигрантски земји во светот, дури 6 се дел од топ 20-те про-капиталистички земји (Нов Зеланд, САД, Сингапур, Германија, Австралија и Канада)?!



Се разбира, далеку од тоа дека либерално-пазарниот систем е совршеното решение, но дава резултати. И тоа одлични. Потребни се „политички иновации“ ваму и таму, но важно е да се препознае насоката кон кој треба истите да се движат.


[/quote]

Да точно е !
Сее точно освен дека не се материјалистички и експлоататорски .
Ама па зарем цела таа економска емиграција не се сели токму од причина да си го зголеми стандардот и заради тоа да си ги реализира способностите повторно за возврат добивајќи материјална сатисфакција за својте способности кој неможе да ги реализираат во матичните змеји .
Се подразбира дека секој што вработува сака да има ќар-профит но исто и секој што работи сака да си го подобри својот животен стандард .
Освен ова целиот текст е ОК .Вистинит текст .
Кога напишаното соодветствува со реалноста каде може да се потврди-провери тогаш тоа е ВИСТИНА .

И сега јас напишав нешто во тема за Виктор Трифоновски за Првомајските празнувања еве сега повторно ќе кажам .
Ова дури и како прашање до авторот (се подразбира дека немора да одговори )
Од 6 –те најкапиталистички земји каде луѓето најмногу емигрираат дури 4 се бивши Англиски колонии.( Нов Зеланд, САД Австралија и Канада) а 5 се ПРОТЕСТАНТСКИ на претходните 4 доавајќи ја и Германија .

И во овие 5 во последните години имаме стампедо од емиграција од Македонско население што може за брзо време да доведе до пропаст на Македонија и целиот Македонски народ .

Половина милион граѓани се иселиле од Македонија

http://www.plusinfo.mk/vest/51430/Polovi...Makedonija


Македонските работници се третираат како стока

http://www.novatv.mk/index.php?navig=8&c...vest=12072

Ова сакам да кажам

Најголемиот дел од македонците се селат токму во Протестанстски земји –држави каде капитализмот е најуспешен
Капитализот првично и настанал во Протестантските змеји .
После него го прифатиле и атеистите и со Наполеен Бонапарта со војна го ширеле –воспоставувале низ Европа преку која се раширил низ целиот свет .

И тоа протестантите не го кријат .Нее непознат историски факт



Max Veber u poznatoj knjizi
“Protestantska etika i duh kapitalizma”.

Max Weber je upravo dao jednu znanstvenu analizu takvih uzroka i posljedica koje su omogućile protestantizam i koje su ostvarile mogućnost pojavljivanja jednog fenomena modernog čovjeka - KAPITALIZAM. Veza između protestantske etike života i nastanka kapitalizma glavna je tema i teza ove Weberove knjige.
Važno je naglasiti da je kapitalizam DOSLOVNO POSLJEDICA protestantizma.


Dobro znamo,ovo je uzmimo tocna teza,i to je bio progresivni protestantizam,a zasto katolicanstvo prihvata kapitalizam,zar nije bila bolja zaostala drustvena formacija feudalizam.

http://izaija95.lolbb.com/protestantizam...a-t426.htm


Протестантизмот Е ОТКАЖУВАЊЕ од (болни) амбиции верско-религиозни организации да посакуваат Власт (државна ) и Материјани богатства незлужено злоупотребувајќи верски чувства на лужето .

А од друга страна после падот на Социјализмот 1990 година имаме повампирување на Православието кое не крие дека злоупотребувајќи ги верски чувства на луѓе бесрамно бара Власт и материјални богатства .
И тоа нее случај само во Македонија туку букавлно во сите бивши Социјалистички земји .Ама нас не интересира Макеоднија нели .

Дефиниција
Голема збуна настанува кога се поистоветуваат Демхристијанство на Запад каде доминантен е Протестантизмот кој се откажал од барање Власт и Демохристијанство како политички параван на Православната религија која бара Власт и Материјани богатства .

И тоа не само што лесно се докажува туку Православито отворено го бара иго добива .Тоа си го има запишано написмено и не отстапува од таквите барања .
Православието буквално ги УЦЕНУВА народите и државите на кој им е спопикано .Дека ако не му се дозволат Власт и материјани богатства и привелегии ќе ги уништи и народите и државите на кој и ме спопикано .

Еве :

Без Македонската Црква НЕМА ОПСТОЈ на НАРОДОТ и на ДРЖАВАТА (14.04.2007)
МИТРОПОЛИТ КИРИЛ: Летото 2007 Господово

Без народ нема држава. Без држава нема опстој на народ. Без народ и држава нема опстој на автокефална црква. Без црква нема опстој на народ и на држава, од причини што не може да се доживее полнотата на слободата, државотворна, национална, културно-просветна и духовна.

http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=1944

преземено од неделникот „Македонско Сонце“, 6.04.2007 год.
http://www.makedonskosonce.com/broevis/2...tervju.pdf

ФОТО: Поп го осветува штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Зелениково?!
На социјалната мрежа Фејсбук беа објавени неколку фотографии на кои се гледа поп како осветува некаква просторија, која, според напишаното, е штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Зелениково.


http://libertas.mk/фото-поп-го-осветува-...-вмро-дпм/


Да не прашуваме за парите на Црквата, оти грев ќе нѐ фати!?

http://fokus.mk/da-ne-prashuvame-za-pari...-e-n-fati/

Треба ли да споменеме бројни афери на Православна Црква заради чие заташкување мораше да се суспендираат и полиција и Судство .
Последен случај е физички напад на општина Центар каде градоначалник е либералот Жерновски .Ем физички нападната легално ИЗБРАНА ВЛАСТ ем демолирана општина .А на телевизија ислики се гледа водачи биле Православни попови .И доден денес се недостапни ниту за полиција ниту за судство.
Дефиниција
Во услови на Православие неможе да постои Правна Држава .
И нее само во Макеоднија правосудтвото карикатура туку во сите бивши Социјалистички земји каде постои Православие….Бугарија ,Романија , Србија , украина а па тек Русија да не збориме .Правосудство практично не постои туку само некој карикатури кој се нарекуваат судство .
Тоа и едно од барањата на Православие за нејзини членови поединечно и сите заедно (за професионалци збориме не за обични заблудени луѓе ) да неважат Законите па можат што сакаат да си прават .

Неможе да се исполни капиталистички идеал “Законот е над сите “
Дефиниција
Ако нема правна држава нема-неможе да постои ниту капитализам.

Правната држава е таа како непристрасна организација обезбедува фер услови за сите чинители во капиталистичко општество во какво и својство да се наоѓаат ..граѓани , бизнисмени , итн.

Нема правна држава – нема ниту капитализам .

Дефиниција :
Приватната сопственот нее доказ за постоење на капитализам .

Токму така .Па во СФРЈ дури 80 проценти од земјоделско земјиште беше приватна сопственсот , движен недвижен имот на граѓани , мало стопанство , занаетчии .
И во Социјализмот имаше и те како приватна сопственост но тоа сепак не беше капитализам .

Еве и во Макеоднија има повеќе приватна сопственост отколку во време на Социјализам па секој ќе ти каже дека ова нее капитализам нема ништо зедничко со капиталзиам .Секој ќе ти каже дека ова е феудализам .
И тоа нее некоја утеха ама го има во сите бивши Социјалситички земји каде после падот на СОцијализмот 1990 година имаме повампирување на Православието .

Заради една организација –Православието нее можно да се воспотави Капитализам .
Ете поради Православието во Македонија зарем истиот статус на недопирливи на судот не се политичарите Православни –Демхристијани од ДПМНЕ и Груевски и Јанкуловска итн сите го бараат истиот стус како и Православниот религиозен сталеж да бидет недопирливи на полиција и судтсво..Зарем Путин во Православна Русија не покажа безброј пати дека може да затвори било кој бизнисмен со измислени обвинувања само ако овој има различно мислење од него .Зарем во Правсолавна Бугарија немаше со месеци демонстрации оти за министер на полиција назначија познат мафијаш .Нее само Макеоднија туку во сите земји народи на кој им е спопикано Православието нееможно да се воспотваи Правна држва .
Ако нема правна држава нема сигурност ниту за бизнисот ниту за приватната сопственост .Путин со затворањето на бизносмени тоа го докажа ама тоа исто се случува во сите земји каде има доминантно Правславие .
Протестнтизмот поима ПРАВО секој да верува во што сака под услов да нема болни амбиции да злопотребува верници за свој политички и материјани цели..
Не станува збор само за секуларизација на држава од верувања.

А ете Правсолавните Македонци најмногу бегаат токму во Протестантски земји САД Астралија Нов Зеланд Канада каде токму поради Протестантизмот капиталзимот најмногу успева ..А тука од пусти страв од Правсолавието мора да плукаат по Протестантизмот као секта .Абе Протестантизмот нее секта туку секој може да верува (или да не верува )во што си сака но под услов “Законот е над сите”.
Глупоста е дека поради - причина Православието Македонците или цели семејства или младите (што е најтрагично )мора да си ги праќаат бегаат во Протестнатслите земји .Е таму со текот на време ќе станат Протестанти.
А тука неможе да ги расшутираат смрдољаците од Православието поради кој морада си ги бркаат ...замисли само .......својте сопствени деца .Ненормални до небеса .
Прашањето ми е во склад со претходно кажаното :
Како ќе воспоставиш либерален капитализам кога во услови на Православие нее можно да се воспостави било каков -никаков капитализам .
Ете тоа е прашањето .
15-05-2014, 02:32 AM
Reply