Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ОНАА РАБОТА ОТПОЗАДИ ДО КРАЈ И ДУША ВО РАЈ!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,608
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

ОНАА РАБОТА ОТПОЗАДИ ДО КРАЈ И ДУША ВО РАЈ!


[Image: 333btar.jpg]
Како народ го заслуживме секое страдање. Минато и сегашно. И го заслужуваме секое идно. Ние ја мразиме слободата зашто се плашиме од неа. Затоа секогаш реагираме последни, за било што. Кога Србите, Грците и Бугарите ги шутнаа Османлиите и создадоа свои самостојни држави, нам дури тогаш ни текна да креваме востанија, кои пак се покажаа килави, па потонавме под уште пострашни окупации од онаа на Османлиите.

[Image: 2qcm0ow.jpg]

Потоа за време на Втората светска војна, меѓу последните востанавме против фашистите и нивните верни слуги. Кога во 1943 година, во босанското гратче Јајце се удираа темелите на идната СФРЈугославија, само на нашите делегати не им успеа да стигнат на заседанието. Сите стигнале во Јајце, само нашиве заглавиле на некое бачило. Историјата вели не успеале поради големиот снег и невремето. Којзнае? Добро е што Тито бил човек од збор, па не им пишал неоправдани во дневникот и не ги изоставил Македонците од составот на идната држава. Така се случи, дури во 1945 година првпат во историјата да добиеме република, признат македонски јазик и македонско писмо на кој ќе се школуваат наредните генерации.

Речеси половина век подоцна, кога се распаѓаше таа држава во која за првпат бевме признаени како народ, сите братски народи се отцепија и прогласија независност, а ние пак останавме меѓу последните. До последно се колебавме што да сториме. Дали да тргнеме по патот на независноста или да продолжиме во раскантаната и преполовена композиција во која останаа само Србија и Црна Гора. Сепак, на крајот, како да се срамиме од поголемиот брат Србија и некако со пола уста прогласивме независност, која немаше да се случи ако на референдумското ливче не стоеше она, парафразирам: „гласам за независност, но со можност за присоединување кон Југославија.“ Некој од македонските тајните служби очигледно добро си го познавал својот колеблив народ па му паднал на памет мудар штос за да го намами и полесно да одлучи за независност.

Е, најпосле, барем на хартија, ја добивме и независноста, ама стравот од слобода остана притаен и го манифестиравме секогаш кога беше најпотребно да бидеме храбри и одлучни. Сите од отцепените братски народи влегоа во ОН со уставните им имиња, само ние влеговме со сменето име. Дај што ќе дадеш, не прајме проблем! После, во наредните години, за да ни биде полесно на душата си направивме филм дека сме фактор на стабилност на балканот и „оаза на мирот“. Така ја дочекавме и 2001 година кога бевме физички нападнати однадвор и одвнатре. Тогаш меѓународната заедница и НАТО недвосмислено и пријателски ни порачаа: Драги мирољубиви Македонци, во вашата оаза на мирот, на вашата територија слободно се шетаат терористи, екстремисти и разни нарко-банди! Разбудете се од сонот, од нас имате еден месец, земајте метлата и изметете ја оазата, поточно дворот! Џабе ни порачаа така. После кога видоа дека и за тоа се колебаме, рекоа: Од овие ни народ бидува ни држава бидува, ќе се замешаме оти немаме нерви за уште една долготрајна касапаана на Балканот. Ко се колебаат, тогаш нека ја делат државата со терористите! Јеби га! И најпосле, двете страни ќе ни се клањаат нам!

Следуваше референдумот против новата територијална поделба на општините. Тогаш против гласавме околу 450000 луѓе. Се знаеше дека референдумот нема да успее, зашто поделбата беше договорена уште во 2001 со Охридскиот договор, со кој Македонија потпиша неформална окупација на дел од својата територија и ја отстапи на оние против кои војуваше. Затоа беше потребна новата поделба на општините, за да се исполни ветеното од договорот во Охрид и Албанците да добијат територии каде ќе воспостават речеси парелелни државни институции и власт. Ех само да знаете колку е денес лесно тие општини да прогласат непослушност кон централната власт и да се одметнат, да кренат востание или бунт. Доволно е само Груевски да каже: Доволно ми се оние 63 пратеника што ги добив на изборите, такашто, не ги љуљам ни Тачи ни Али! Со нив не правам коалиција!

Тогаш големи мои патриоти ќе сфатите колку е слаб и зависен вашиот Пастир и дека, кога би рекол такво нешто за миг ќе се вратиме во 2001 година, само што овој пат ќе останеме без пола териториј,а на која пак, ќе живеат само триесетина проценти од сите Македонци. Другите ќе отпатуваат, кој на оној свет, кој беглец на печалба. Затоа да се паѓа на неговите шашми за големомакедонштината која не трпи уцени од Албанците е знак на крајна неупатеност, неукост и заслепеност. Албанците се тие кои во моментов се главен фактор за стабилноста на Македонија, сакале ние тоа да го признаеме или не. Пастирот може да им се заканува и да ги плаши само Македонците, но не и Албанците. Тие тоа многу добро го знаат за разлика од стотиците илјади Македонци кои ја проголтаа онаа предизборна лага на Пастирот дека доста му е од албанските уценувачи и негови партнери во власта.

Ако. Набрзо, гласачите пастирови ќе се разбудат од трансот и ќе го фатат уште еднаш во лага, а потоа ќе се разбудат и од сонот за економските успеси на владата, сега кога ќе почне да се стега јамката околу нивниот џеб. На адреса на владата на Пастирот веќе почнаа да стигаат за наплата старите камати, иако неговиот кум Ставре, свесно одбива да каже дека се тоа само каматите, а главнината на старите долгови и понатаму останува нечепната. За тоа време пак, се прават нови и нови задолжувања. Во таа смисла како и за сѐ друго, пак ќе бидеме последни и големата економска криза за нас допрва следи. Ќе има многу отпуштања од работа и ќе има нови даноци кои дополнително ќе го испразнат џебот на Македонците.

Го заслужуваме тоа, бидете сигурни, зашто секогаш поважно ни беше спокојството од слободата сами да одлучуваме за нашата судбина. Пастирот и оваа власт се типична материјализација на нашиот страв од слобода. Поради тој страв овој народ не само што не успева да ги препознае неговите вистински непријатели, туку честопати во душманот гледа пријател. Тој мазохизам, тоа уживање да се биде цицан и силуван без престан, полека станува наш македонски бренд. Европските и светски медиуми веќе наголемо и поодамна пишуваат за нашата демократија како за близнак на Белорусија, а на табелата за слободата на медиумите сме на чекор од категоријата земји со целосно неслободни медиуми. Од таа категорија нѐ делат само три бода. Во меѓувреме, мува не нѐ лази. Патирот ни е супер и сите сме супер. Е па нема уште долго. Кога сме неуки, заслепени и исплашени, ќе мора лекциите и понатаму да ги учиме на потешкиот начин, со страдање. Оти онаа работа отпозади до крај и душа во рај, тоа не може! Ниту било, ниту ќе биде! Амин!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ
08-05-2014, 09:27 PM
Reply