Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НЕ СЕРИ КВАКЕ КАД НЕ СИ БРАВАР – ГРУЈО, ЕВЕ ТИ КЕЦ!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:НЕ СЕРИ КВАКЕ КАД НЕ СИ БРАВАР – ГРУЈО, ЕВЕ ТИ КЕЦ!


[Image: 333btar.jpg]
Власта на Грујо неодоливо ме потсетува на онаа на сите нам позната ситуација од школските денови кога професорката те вади на табла, ти поставува прашање, а ти поим немаш што треба да одговориш. И за да не ти зачука бандера во дневник, почнуваш да се вадиш: Професорке учев, жими мајка учев! Е добро де, ти враќа она, верувам дека си учел, ама дали си научил?

[Image: i1b1x5.jpg]

Истото се случува и со оваа преродбеничка власт. Сега, за време на изборната кампања, кога Пастирот е излезен пред таблата на учителот (читај: народот), наместо да одговори на поставеното прашање, кое со години му го поставуваат оние поочиклените, а кое гласи: Зошто и понатаму Македонија е шупчето на Европа со катастрофален квалитет на живеење, тој се вади како лошо учениче кое гледа да го оправда своето незнаење, како знае и умее и ја повторува онаа негова славна мантра: Ние работиме 24/7! Никој пред нас не градел толку како ние! Нема друг кој донел повеќе инвестиции од нас! Никој не вработил толку луѓе ко нас!

Тој не одговара директно на круцијалното прашање што му го поставува загрижениот народ како дежурен историски учител, туку вели: Учителе, јас учев, жими мајка, ама не знам што ми е денес! Што ти е денес? Еве Пастиру, јас како дел од оној народ што не припаѓа на твоето стадо ќе ти кажам што ти е денес: Исто што ти беше и беше вчера, а исто ќе ти биде и утре! Не можеш да направиш од Македонија пристојно место за живеење, зашто не знаеш како. Верувам, ти и твоите преродбеници некаде и сте учеле како треба да се води една држава, ама изгледа не сте научиле или сте избегале од тој час. Едно е да учиш, друго е да научиш. Секој го знае тоа. Може стварно работите 24/7, ама што сработивте? Суштинските прашања се дали народот виде некаква полза од тоа ваше работење и од вашата градителска опсесија? Се живее ли спокојно во Македонија затоа што вие работите и градите 24/7? Дали квалитетот на живеењето се смени на поарно во споредба со она време кога не бевте на власт?

Одговорот на сите овие прашања е НЕ! И не го кажувам ова од инает, туку објективно и непристрасно, зашто немам ничија партиска книшка и никој од опозицијата не ме плаќа за нарачани текстови. Никогаш во животот не сум добил пари од ниту едно министерство за култура или не дај боже од Сорос. Секаде сум бил одбиван кога сум нудел мои проекти и од вас преродбениците и од тие кои беа пред вас. Секогаш сум бил трн во очите и на вас и на оние другите. Немам причина никого да поддржувам зашто сум индивидуалец до јајца. Во стадо се чувствувам непријатно. Ако некој побара мое мислење го давам, ама тоа е мое мислење, а не нечиј партиски став. И затоа Пастиру, ќе ти кажам зашто за твоето владеење кај мене у дневник имаш единица како бандера обложена со инокс ленти и барокна позлата.

Во секоја работа што ја направивте вметнавте по една „квака 22“. Колегите мои купени од тебе ми велат: Ќути таму, Грујо ти покачи плата за 100 проценти! Кажи кој пред него им покачил плата на глумците! Точно е тоа, Пастирот ги покачи платите, само се премолчува фактот дека од 2006 година до денес цените на сите производи се скокнати од 75 до 100 проценти, ако не и повеќе. Тоа го знам зашто самиот плаќам сметки и одам по маркетите и пазарите. Ете една квака. После истите тие колеги ќе ми префрлат: Чекај а тоа што земаш додаток за трето дете? Тоа кој ти го даде? Грујо така? Точно и тоа е добар потег, само што ги лечи симптомите, но не болеста на реалноста во која живееме. А болеста е немаштија. Ако сте фраери направете да можеме лагодно да живееме од нашите плати, без да земаме милостини. Мене не ми треба детски додаток. Сакам достојно да живеам од она што го работам, како и секој друг нормален човек, без милостина од државата. Го земам зашто морам. Жена ми е невработена со факултетска диплома и лиценца за судски преведувач. Секаде каде проба да се вработи груевци побараа партиска книшка. Не бараат факултетска диплома, туку партиска. Срамота! Па нели ЗНАЕЊЕТО ЗА ВАС Е МОЌ!? Или тоа добро звучи само како слоган на реклами? Вработувате аналфабети без грам школо да дремат во канцеларија и друг да им ја работи работата, зашто самите не знаат да се потпишат, а илјадници други ко жена ми со факултетски дипломи, најкреативните години од животот ги минуваат дома. Ете уште една квака.

Големите инвестиции и инвеститори им се посебна приказна. Бајка. Се акаа по светов од немило до недраго, божем да донесат опасни инвеститори, а им отворија врати само на големи хохштаплери како Моше Баум (кој знаеме како заврши) и Субрата Рој. Овој последниов изгледа беше на чекор од Македонија да направи боливуски рај, ама кваката е во тоа што отиде во затвор. И тоа во индиски затвор кадедшто не мора да ти падне сапунчето на туширање за некој од цимерите да те надене со нешто. Ете, такви се нивните инвеститори. Оние сериозните кои ни дојдоа на гости како оној милијардерот од Мексико, одма си заминаа и веќе не се вратија, кога видоа со кого треба да се уортачат. Па тие никогаш немало да станат милијардери ако правели дилови со типчиња како Ставре, Грујо и Мизо. Оние пак странски инвеститори кои отворија неколку мали фабрики во Македонија, профитираат на маката на овој народ, заш работниците во нив работат за мизерни плати и не знаат кога е празник, а кога делник, а нема ни кому да се пожалат за тоа што се принудени да работат како робови. И нема да помине долго по падот на Грујо кога овие странски фабриканти ќе ги затворат овдешните фабрики и ќе ги дислоцираат во друга кутра држава каде ќе најдат робови кои ќе работат за уште помали плати. Тоа е суштината на глобализацијата.

Преродбениците постојано се фалат дека граделе, изградиле и чуда направиле. Велат со тие безброј споменици и градби имале цел да го кренат духот на Македонците и конечно да го дефинираат нивниот идентитет за да не излезе дека лутале како гуски во маглата на историјата. И тука има квака. Можеби најзаебана од сите. Не се многу оние кои знаат зошто Грујо и неговата банда толку гради. Ги заболе нив за идентитетот на Македонците. Тоа што уште повеќе ги поделија и дезориентираа Македонците во поглед на идентитетот со тоа градење како и со откачените митови за мадињата на Букефал и Александар Македонски е помалку важно. Поважно е дека со инвестирањето во градежни проекти, власта сака да прикаже дека има некаков економски раст во земјава и затоа тоа постојано го верглаат, дека градежниот сектор најмногу цвета само по нивна заслуга. А еве ја кваката. Кога нема голема потрошувачка од страна на народот зашто тоне во сиромаштија, кога нема големи странски инвестиции, едниствениот начин на државата да покаже дека БДП-то расте е самата да троши. И тука има уште една квака. Кваката е во тоа што власта не троши за конкретна полза на граѓаните, да го крене нивниот стандард со вложување на парите во индустрија и гранки кои се доходовни, туку ги троши на споменици и барокни згради и фасади, за да ги испере полесно и да ги наполни сопствените џебови. Не е важно за власта на што ги троши народните пари, зашто секоја потрошувачка на државата при правење на годишниот биланс ќе рефлектира некаков економски раст, па нека е и од еден до два проценти годишно. Тоа е добро да се искористи како фалба на избори, само што таквиот економски раст значи дека уште многу децении нема да мрднеме од немаштијата во која живееме денес, дури и да се правиме наудрени дека нема да дојдат и полоши денови. Економистите сигурно разбираат за што зборувам во овој пасус.

Не знам дали некои од членовите на груевото стадо се свесни каква квака се крие во задолжувањата што ги прават во ММФ и другите големи банки. Дали знаат дека голем дел од тие пари се слеваат на приватни сметки на нивните идоли од Централниот комитет. Дали се свесни дека нивното лично богатење на сметка на народот уште утре ќе го плаќаме со намалување на плати, со губење на работни места, со строги мерки за штедење и со други драпаници? Тогаш ќе ве прашам на кого песни му пеете и во кого денес се колнете. Само што вашите идоли тогаш ќе бидат премногу далеку за да ви помогнат. Кој во Њујорк, кој во Прага, кој на Малдиви.

Да, преродбениците смислија и бесплатни карти за пензионерите за градските автобуси. Некој што не ја знае кваката која се крие зад нив, ќе каже браво за Пастирот, но вистината е дека бесплатните билети за пензионерите ги платија вработените во ЈСП чија плата се намали некому и за 100 евра. Имам пријател кој работи таму. Се ежи кога ќе го чуе зборот пензионер. Од 25 илјади денари, платата му е намалена на 18 илјади. А да, директорот ги потсетил дека за намалувањето да не јадат гомна наоколу, да не останат без работа.

Кумановци не случајно велат: Не сери кваке кад не си бравар! А преродбениците во своите дела ставија толку кваки што дури и браварот Јосип Броз би им позавидел. Квака до квака. Не сакам да тупам за други примери, сепак е ова само колумна. На секое преродбеничко дело, верувајте, има по една квака. Нешто кое го поништува претходно направеното и тоа нешто власта секогаш го премолчува, зашто кога би го знеле тоа сите, народот не само што нема да гласа за нив, туку и љубезно ќе ги праша со која смрт да ги отепа.

Сашо Тасевски
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ
01-04-2014, 01:14 PM
Reply