Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ ИМА ИЛИ ДАЛИ КЕ ИМА СУДИР ВО ДПМНЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Самата дискусија за Јове на тема избори е веке надвор од темата, Јове не победи на партиската конвенција. Затоа ке отворам нова тема со твојот пост Фетак.



[Image: fbdbmq.jpg]



Денеска Јове упати отворено писмо до Груевски. Еве го целото писмо:



Quote:ОТВОРЕНО КРАТКО ПИСМО ДО НИКОЛА ГРУЕВСКИ


Претседателе на ВМРО ДПМНЕ г-дин Никола Груевски немајќи друг начин и можност да Ви се обратам, ја користам оваа шанса преку социјалните мрежи јавно да Ви посочам и укажам на одредени работи се со цел да се преземе нешто и да спасиме додека се уште може да се спаси. Мислам дека како човек кој досега стекна искуство не треба слепо да верувате во ,,филмот” кој Ви го протежираат организаторите на политичката кампања (тука секако дека спаѓаат и вашите омилени анкетари) за состојбите по комитетите и градовите кои се посетуваат за време на кампањата како и за еуфоричното расположение на граѓаните. Во спротивност секој ден ќе се соочуваме со сè помалку посетители на митинзите и посетите по градовите и селата, а тоа секако дека максимално ќе го искористат нашите опозиционери. Нека не Ве залажуваат по список присилно доведените граѓани административци и луѓето на Амди Бајрам во Охрид кои повеќе ги наполнија кафеаните отколку плоштадот. Зарем доволно не ви говори фактот дека немаше ниту една овација и громогласен аплауз за време на говорите. Каде е еуфоријата од пред пет години?. Ви значи ли ова нешто како сериозен индикатор или не...?
Знаете ли дека основната девиза на поголем дел на посетителите на митингот во Охрид им беше: ,,купи ден (вечер) помини” или ,,не видоа дека сме тука, ај сега да прошетаме, кој ќе ги слуша овие” и др. Каде беа старите вмровци во Охрид, каде беа охриѓаните?. Ако никој не ви кажа еве јас ќе ви кажам!. Греотките беа на страна и sиркаа од темнината, од некој агол, од прозорците радувајќи му се на секое видено црвено црно знаме и на знамињата со лавот. А за жал тие наши препознатливи знамиња беа во мал број, далеку од она што го гледавме во минатото. Sиркаа и меѓусебно тивко си говореа ,,за ова ВМРО ли се боревме”. Така слично беше и во Струга, Вевчани, Белчишта, Ресен и вo другите населени места.
Претседателе Груевски мислите ли дека основоположниците на партијата во своите градови треба и понатаму да бидат игнорирани од вашите нови општински раководства. За овие нови општински раководства пред некој ден во еден мој пост напишав: ,,бранејќи и плашејќи се за нивните удобни општински и партиски фотељи и длабоки џебови го поделија членството во партијата на ,,подобни и неподобни”, ,,ваши и наши” на “бивши и сегашни”?!. Бумерангот, за среќа, не е откритие на ,вашето“ време драги наши НОВИ сопартијци. Истиот може да ви биде и кадија, а ние партијата ќе ја задржиме. Бидете внимателни во односите со вашите корени, бидејки секоја градба без темел кусо трае...”
Укажете им на сите нив дека овие вистински патриоти, ДОМОЉУБИ, не ги сакаат нивните фотељи, туку партија и само својата партија.. Мислите ли дека посетите на градовите за време на кампањата личат без препознатливите вмровци во својата сопствена средина?
Не, претседателе. Не личи!!!! На ваков начин со лажно пренесување на слики и ситуации и вештачка еуфорија тешко се стигнува до бројката од 63 пратеника, иако јас лично посакувам 65 пратеника. Мора нешто да се менува претседателе Груевски. Додека е време...во спротивно некој ќе мора да ја сноси оговорноста

Со почит проф. д-р ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ
27-03-2014, 08:28 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Груевски е свесен за состојбата во општинските комитети, знае за незадоволството, длабоко сум убеден дека тој самиот е креатор на тоа незадоволство.
Тој ужива да го пцујат зад грб, да не го сакат зад грб ама тие што го пцујат зад грб, што го мразат зад грб кога ке се лици в лице со Груески се помали од маково зрнце, во состојба се нозе да му мијат водата да ја пијат а во тоа ужива Груевски во тој момет тој триумфира, тоа му е душевна храна. Груевски е свесен дека такви лицемери нема шанса да го срушат.
Што сака да постигне Кекеновски повикувајки се во писмото на основоположниците е уште поголема непознаница. Велам дека што сака да постигне Јове е непознаница од причина што и тој, барем јас не го случшнав, не ги оспори верзиитње за основање на партијата изнесени од Змејкобвски и Синадиновски од Љупчо Георгивески, ....
Ако врвот на партијата, членството на партијата, основопложниците, оние кои се сметаат за носители на основање на партиските комитети несакаат да се знае кој ја основал партијата, кој учествувал во основањето, односно како течеле подготовките за да дојде до основачкото собрание на 17.06.1990 година, нормално е да не се знае ни кои се основоположниците по градовите.
Неможеме да зборуваме за настаните после 17.06.1990 година, бидејки ако не бил 17.06.1990 година ке немало ни оснпвппложници кои ги споменува Јове.
27-03-2014, 09:52 PM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0
#3

Заеш и сам Јове нема да кажува она што ти го пишуваш.Јове,Никола,Љубчо се борат за гласови на стари членови.Намера и цел на се ова со Јове е да гласови одат или кај Љубчо,или дел да се поколебат и да поверуват е еве го Јове преку него се ке биде поарно во ВМРО-ДМНЕ.
Прво поради ново СДСМ.Потоа поради нови луге во врвот на СДСМ.Таму го имате Зоран Заев и Шекеринска.Со нив нема или досега не можат да постигнат спогодба.Победете земете ја власта и одиме понатака.Јачина на текстови на Јове е дека нема шанси за сега за такво нешто.На ден на гласање ако стари членови гласат за СДСМ, кој во споредба со денешно ВМРО-ДПМНЕ е националистичка,нокта ке ја знаеме вредноста на таа бројка.Потоа би се разјаснило и Јовево незадоволство кое не го видел и казал пред 5 години ,туку пред 35 дена од дебакал.Бранко е крив за се.
27-03-2014, 11:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Овие две фотографии многу ме бунат.




[Image: rvbno7.jpg]


[Image: 2mzld9w.jpg]


28-03-2014, 12:48 AM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,424
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#5

Neka ne te buni nishto Joco, koj shto si see toa kje si znee, Makedonija e zrela za VMRO-PRAVDA, so naglaska na pravda, ili potochno samo pravda bidejki ovie 20 godini od vmro napravija shvajcarako sirenje
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
28-03-2014, 06:44 AM
Reply