Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПАДОТ НА СВИЛЕНИОТ ДИКТАТОР
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ПАДОТ НА СВИЛЕНИОТ ДИКТАТОР




[Image: 333btar.jpg]
Нема позаебано од тоа да повикаш некого на некое место со намера да го заебеш, а тој, ем да не ти дојде на закажаното место, ем да прати друг место него. Е токму тоа го снајде нашиот голем визионер и свилен диктатор Грујо Портокаловиот. Само тој и неговите преродбеници знаат колку народни пари потрошија на антиопозиционерски спотчиња во кои плукаат и ркаат по Рада и Заев, а кои требаше да ги емитуваат за време на изборната кампања. Се обложувам дека во тоа плукање ќе минеше целата нивна кампања, зашто гореспоменатите, со Шилегов на чело за неколку месеци го демаскираа целиот преодбенички патриотизам на ДПМНЕ по што излезе на видело дека во нивното владеење од патриотизам нема ни „П“, туку сѐ се сведува на брутална пљачка на сопствениот народ.

[Image: 1932015_10152265281637180_919088672_n.jp...e=534A2DB4]

Разулавени од паѓањето на нивните маски, Грујо и преродбениците во изминатиов период тргнаа во голема офанзива по формулата нападот е најдобра одбрана, па се обидуваа да извадат сѐ што се може за своите душмани во ликот на Шилегов, Рада и Заев како би го свртеле малку вниманиото на јавноста далеку од себе и нивните криминални тендери и фантомски фирми расштркани по разни рајски острови на Пацификот, Атлантикот, Медитеранот и Егејот. И мислеа со засилено контраплукање за време на изборната кампања колку-толку ќе го амортизираат ударот на опозиционесркиот СДСМ, арно ама, раководството на СДСМ повлече потез чиниш изваден од учебникот на мудриот Сун Цу. Ниту еден од своето највисоко раководство не го назначија за носител на листа за претстојните парламентарни избори. Само Господ знае колку позеленел Грујо кога неговите полтрончиќи му јавиле дека на пратеничките листи на СДСМ ги нема ниту Заев, ниту Рада, ниту Шема. Никој од нив. СДСМ одиграа на факторот ИЗНЕНАДИ ГО НЕПРИЈАТЕЛОТ и мислам дека по првите реакции, одиграа успешно, зашто Грујо тешко ја крие својата збунетост од тој потег. Затоа немаше брза реакција од преродбениците полна со ликување за лесна победа зашто против себе на листите ќе имаат речиси анонимци. Да, потоа очекувано, Латас излезе со инфантилна реакција од типот НАПРЕД НАШИ СДСМ СЕ ПЛАШИ, па затоа излегува со резервни играчи на изборите.

Накоро ќе се види кој се плаши, иако Грујо и вака се најде во незавидна позиција „угоре високо, удолу длабоко“, зашто сите планови за плукање на своите миленици од СДСМ му падна во вода преку ноќ, а повеќе нема време да смислува плукачки стратегии за оние кои ќе бидат носители на листите на СДСМ, за кои нема ни што да ископа компромитирачко, од проста причина што се анонимни и со чисти биографии. И сега пред целокупното гласачко тело на едниот кантар ги имате добро познатите популистички фаци на преродбениците на кои има три слоја патина од криминал и финансиски скандали, а на другиот кантар имате лица без дамка на образот. Што мислите наутралните гласачи и оние на кои им е преку глава од политиката на преродбениците, за кого ќе гласаат во оваа ситуација? Јасно е дека за гласачкото партиско тело на СДСМ не е важно кој е носителот на листата, тие ќе гласаат така како што ќе им биде кажано да гласаат од врвот на партијата. Од тие причини за нив и не е многу важно дали носителите се анонимни или не, но кај останатите таа одлука има силен ефект, зашто е без преседан во македонскиот плурализам и ја подгрева онаа потсвесна потреба кај секој поединец да види промена и нови личности.

Неочекуваниот потег кој го повлече СДСМ зборува дека зад него стои многу моќен играч кој во вистинско време на социјалдемократите им понуди совет од милион долари. Зашто само на голем зналец во политиката би му паднало на памет да одигра на овој начин во партија која сите ја сметаат за однапред изгубена. Тој играч не верувам дека е домашен, туку увезен како ракометарот на Вардар Дибиров да кажеме, затоа толку лесно им го вотна на преродбениците од страна. Тоа зборува и за она кое и самиот го зборував порано во неколку мои колумни, дека на странските играчи од политиката, кои го донесоа Грујо на власт, веќе им е доста од него и неговото глумено лудило за антиката, името и економскиот раст и решени се да го сменат. Зашто дојде време, раката што дава, да почне да зема, а фала богу и на Грујо ќе му биде подобро да си замине, откако ги потроши на глупости сите кредити и оние кај народот и оние од ММФ и белосветските банки и сега е потребно да дојдат други да го кркаат стапот со рестрикции на буџетот, со масовни отпуштања од работа, со намалување на плати и пензии, зашто госпоѓа Меркел во една прилика изгледа многу дискретно му порача на нашиот свилен диктатор: ДОСТА Е! ПАРИ ЗА ВАС ПОВЕЌЕ НЕМА! СЕГА ЌЕ МРКАТЕ ЛЕБ И СОЛ КАКО ГРЦИТЕ!

Затоа велам, за Грујо ќе биде подобро да замине, зашто ако остане, истите лајна ќе ги јаде, ама тогаш ептен ќе му падне во вода сѐ што рекол за овие осум години, зашто во тој случај и самиот ќе мора да ја стави државата на диета, па тогаш да доживее некој свој Мајдан. Гледано од тој агол, за врвот на СДСМ одлуката да истапи на изборите со анонимци има и друга страна. Ако победат со анонимците, токму тие ќе мора да ги чистат лајата кои за овие осум години преродбениците ги оставија зад себе и на нив, неоправдано, ќе биде насочен гневот на простодушниот народ кој ќе мисли дека тие му се криви за сите скратувања, отпуштања од работа и сета беда што нѐ очекува во наредните десет години. Во таа смисла анонимците кои СДСМ ги пријави за свои носители на листи ќе бидат и жртвени јагниња, во некоја рака, особено во првите две години од промената на власта кога ќе мора некој да исчисти по преродбеничкото цунами кое дивееше изминативе осум години.

Што и да биде, овие денови Свилениот диктатор тешко ја крие нервозата дури и кога се појавува на ракометните натпревари со својата полтронска свита. Кога ќе ги кадрира камерата лесно може да се види дека на натпреварот се присутни само со телото, а мислите им лутаат којзнае каде. Некому на Малдиви, некому во Лугано, некому на Кипар, некому во Прага, некому во Њујорк. Во привидно спокојство ги пеат последните ноти од својот реквием, а во своите глави го доработуваат планот бе и сега се најопасни. Во многу нешта ќе наликуваат на хитлеровата армада кога бегаше пред Црвената армија. Ќе уништуваат зад себе сѐ што може да се уништи и тоа, со невиден апетит, зашто сѐ уште патолошки веруваат дека се неуништиви и вечни.

Сашо Тасевски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ
24-03-2014, 12:40 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Досега Груевски потезите на СДСМ ги знаеше пред да ги дознаат и сите членови на самиот партиски врв. Сега за прв пат после толку време Груевски е изненаден!! Што се случи со кодошите на Груевски во врвот на СДСМ за тие да не ја дознаат оваа стратегија на партискиот врв? Имам неколку претпопставки:

-Биле откриени и од нив се сокривала информацијата.

Што за мене е малку веројатно.

-Кодошите добиле налог од службата да молчат. Што е многу поверојатно за мене. Зошто велам поверојатно, следејки ги пресовите на Шилегов на кои ги обелоденува аферите врзани за Мијалков јасно се препознава дека СДСМ не е тој што ги пишува соопштенијата, не тој кој со сопствена истрага доаѓа до податоците.

Зад сето ова по мое длабоко убедување стои службата, онаа иста која до сега стои зад Груевски.
Дали оваа однсеување на службата е само опомена за Груевски или пак е јасна порака дека службата донела решение да го пушти по вода Груевски набргу ке знаеме.
24-03-2014, 01:56 PM
Reply