Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЕКС НА РАБОТНОТО МЕСТО – СЕКСОПАТИ И ПСИХОПАТИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:СЕКС НА РАБОТНОТО МЕСТО – СЕКСОПАТИ И ПСИХОПАТИ



[Image: 333btar.jpg]
Некои жени престојот на работното место им е прав порниќ, зашто барем трипати во работното време се клацкаат во скутот на претпоставениот или му прават „хонолулу“ под бирото, а други пак, кои не можеш толку лесно да ги убедиш, престојот на работа го доживуваат ко да седат со голо газе на жилети и мрдаат во ритамот на зумбата. Некои од нив со години се таргет на својот претпоставен кој упорно се обидува да ги одвлечка во кревет за доброто на компанијата, со тенко оправдување дека сексот меѓу вработените и лидерот во успешните компании е дел од тим-билдингот. Велам, да не си во кожата на овие жени, зашто секојдневно мора да измислуваат безброј заводнички керефеки за културно да го одбијат својот претпоставен, а притоа да не го разбеснат до таа мерка за да бидат отпуштени од работа.

[Image: 10149333_10152252921992180_273470690_n.j...7befb03808]
Многу од тие жени се разведени или самохрани мајки на кои очајно им треба работата што ја работат, особено ако е добро платена и секоја помисла дека ќе ја загубат ако го одебат својот шеф кога им нуди непристоен предлог, кај нив предизвикува огромен стрес и бес во исто време. Затоа има и такви меѓу нив, кои се кршат при таа внатрешна борба и го прифаќаат предлогот со мисла дека после неколку секс-партии, нивниот предатор ќе се олади, ќе најде некоја друга играчка, а нив ќе ги остави намира да си ја работат работата. И тука малку се заебуваат. Малку појше, де... Тие не знаат дека предаторот со кој си имаат работа е толку добро маскиран, што само личи на човек, но во суштина, тој тоа не е, туку нешто сосема друго. Неговата природа е демонска. Секој што влегува во положение на таков демон, засекогаш останува заробен во неговиот свет. Тоа е свет на крајна и беспоштедна манипулација, свет на сплетки и подметнувања, свет на морално и духовно уништување во кој постои само еден победник, оној кој го креирал – ПСИХОПАТОТ.

Психопатијата не е ментално, туку антисоцијално пореметување на личноста. Тие не се луди, што значи немаат халуцинации и не ги прогонуваат Марсовци или агенти на ЦИА. Лесно можат да направат разлика меѓу добро и зло, само што БАШ ИМ Е ГАЈЛЕ. Им се свирка за нивните жртви, иако знаат дека им предизвикуваат болка. Секој психопат не убива во физичка смисла, но треба да знаете, тоа не го прави помалку опасен. Некој таков може да биде ваш колега од работа или уште полошо, ваш претпоставен и да направи таков пустош од вашиот живот, што ќе помислите, поарно да ве убиел. Зашто психопатите немаат совест и манипулираат, сплеткарат, свртуваат човек против човека, колега против колега и клеветат лажно од чиста забава, досада или од болна амбиција, сѐ едно. Барем за нив. Да нема нејаснотии, психопатите не се неморални, туку АМОРАЛНИ, што значи, немаат никаков однос кон општоприфатените морални принципи. Целосно се рамнодушни кон нив, зашто повеќето од психопатите се нарциси кои живеат во свој свет, во кој тие се главни, а сите други се само за спотер, топовско месо кое треба да се прождере на нивниот пат до целта.

И секогаш кога се колнат во некое општо добро, во доброто на компанијата за која работат или ја управуваат или кога се колнат во доброто на народот или државата, знајте дека бесрамно лажат, зашто за ништо друго не им е гајле освен за себе и врвот кој мора да го запоседнат по секоја цена. Опасни се заради начинот на кој доаѓаат до целта и заради влијанието кое можат да ги имаат кај околината, зашто тешко се препознаваат. Повеќето од нив се наизглед шармантни, добри и одлично прилагодливи. Психопатот е човек за сите сезони и ситуации. Камелеон кој добро имитира сочувство, солидарност, пријателство и љубов, зашто самиот е емоционално осакатен, не чувствува каење и нема чувство за соработка. И токму луѓето, со изразена сочувствителност и солидарност, кои се љубовни и пријателски настроени, се нивни десерт и главна цел. Најмногу уживаат кога ги проголтуваат токму таквите, зашто тие и најмногу можат да ги демаскираат како психопати, да ја интуираат нивната зла природа и да се дистанцираат од нив на време. Останатите, кои се во мнозинство и кои не се толку емпатични, стануваат лесни жртви на психопатите, зашто тие во контакт со некој психопат доживуваат ментална парализа и не можат рационално да реагираат сѐ додека не биде предоцна за нив.

Овие несреќници често паѓаат под такво влијание на психопатот што комплетно му ја предаваат својата волја и стануваат опасно оружје во неговите маниупулации со другите. Во еден наш оператор за мобилна телефонија шефот на еден сектор ѝ наредил на една од своите љубовници од компанијата да следи постојано една своја колешка која тој сакал да ја обљуби или да ја опне, народски кажано. Својата љубовница дури и ја преместил на друго работно место само за да биде во иста канцеларија со неговата идна жртва. Љубовницата морала да му се јавува дури и жртвата кога тргнувала во тоалет, за да може сексопатот да тргне по неа и да ја гњави за секс од нога во тоалетот. Замислете, тоа малтретирање траело цели три години. Така, еден убав сончев ден, на сила или не, не знам како, психопатот манијак успеал да го вотне патлакот таму кај што сакал. Жртвата дури тогаш гласно се пожалила, ама не на полицијата, туку кај еден од појаките директори на компанијата. Директорот ѝ рекол: „Те разбирам, ама што сакаш? Да го отпуштам? Да го пријавам во полиција? Не можам ни тоа ни тоа, зашто немам поспособен за него на тоа место. Нема ни да најдам. Си ја знае работата и носи пари за компанијата!“ Ете таков одговор добила од директорот на компанијата која душа дава за своите корисници и клиенти. Психопатски, нели? И знаете што? Жртвата после го пријавила случајот и во полиција, но никогаш не стигнал до суд. Истражен е до некаде, а после заташкан и закашкан. Силуваната дала оставка и добила некоја отпремнина, а силувачот добил унапредување и покачување на платата.

Оваа тажна епизода од нашата реалност ме потсети на Волкот од Вол Стрит, филм за кој пишував минатиот пат. Главниот лик колку и да е шармантен и умен во суштина е болен психопат кој ги поттикнуваше своите вработени да прават финансиски измами, да лажат, манипулираат и сплеткарат за што поголем профит. Покрај тоа ги мотивираше и да живеат крајно раскалашен живот проткаен со најболни перверзии и навики. И најпосле, целата таа филмувана школа за психопатија и алчност, продуцентите и режисерот на филмот ја спакувале така да биде магнет за гледачите. Просто да гориш од желба да станеш психопат и манипулатор и секогаш да ја злоупотребуваш моќта ако ти се може.

Затоа не ме чуди што еден друг тип кој води помала компанија, кога ја чу приказната за силуваната во тоалетот на нашиот мобилен оператор, ми одговори идентично ко нејзиниот директор: „И јас би го заштитил оној што ја ебнал, ако ми носи пари! И од кај знаеш дали ја силувал? Што не му извадила око ако не сакала да ја натрти? Што ако она му дала путе за после да го уценува?“ После типот ми објасни дека џабе се жестам против тие работи зашто се нормални и се случуваат секаде и дека секој е добредојден само ако знае да прави профит за фирмата, особено кога тој некој е спремен да јаде живи деца и да гине за компанијата. Штета, си помислив, што овој тип нема поим дека на ниту еден психопат не му е важна компанијата за која работи, туку најчесто се гледа себеси во врвот на таа компанија, без разлика на цената која за тоа ќе ја платат и компанијата и нејзините вработени.

И да поентирам, а ова особено е важно за жените (иако и мажите често се на удар на истите тие психопати од двата пола), секогаш кога ќе наидете на психопат на работното место кој се обидува да ве придобие вака или онака, држете го на што поголема дистанца, а ако тоа не помага, наместете го како знаете за да го разоткриете пред сите. Ако не сте толку умни, пресечете му го патлакот на пола со излетничко ноже или откинете му го со заби, сѐ едно. Само не бегајте и не му се плашете, а ни под разно немојте да му се подадете на било кој начин, со умисла дека тормозењето ќе престане, оти тоа нема да се случи никогаш, зашто за психопатите нема лек. Еднаш психопат, секогаш психопат. Само треба да се потенцира, секој што ќе ви побара секс на работа, не значи дека е психопат. Такви се да кажеме три или пет проценти од колегите во вашата компанија. А за тоа како полесно да ги препознаете, ќе ви раскажам во следната колумна, ако имате желба за тоа.

Сашо Тасевски

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на КОТЛЕ
20-03-2014, 11:52 PM
Reply