ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
    
Posts: 14,139
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:Зошто никој не ги гони налогодавците во „Метастаза“!?
![[Image: metstza-glavna-combo.jpg&h=270&w=620&zc=1]](http://fokus.mk/wp-content/themes/fokus/timthumb.php?src=http://fokus.mk/wp-content/uploads/2014/03/metstza-glavna-combo.jpg&h=270&w=620&zc=1)
Се сеќавате ли на случајот „Метастаза“? Според институциите, тоа е веќе речиси затворен случај, оти имаше пресуди и казни за директните извршители на кривичните дела. Но, наредбодавците, иако познати – поминаа не само неказнети, туку и заборавени!
Текстот е објавен на 16 ноември 2012-та во неделникот „Фокус“ во бројот 907
Пишувал
Саше ДИМОВСКИ
Лекарите обвинети во „Метастаза” за предметот со издавањето лажни инвалидски пензии треба да одат во затвор, со казни од условни до 2,5 години; дел добија забрана за членување во инвалидски комисии или ревизиони, а другите ќе треба да внимаваат што прават, за да не им се замени условната казна со затвор.
По две и пол години судење, белите мантили ја слушнаа пресудата, кои некои тврдеа дека е престрога, а други дека е многу ниска. Ама, целата постапка на крајот исфрли на виделина многу прашања кои требаше да ја засенат вината на лекарите и посредниците кои мешетареле за добивање пензии, зашто не биле само овие 77 луѓе опфатени во обвинението дека добиле пензија.
Најстрашно е што инвалидските пензии биле државен криминал за кој знаеле, а и директно наредувале, министри, заменици, партиски функционери, на кои не им фали ни влакно од главата, а зад решетки ќе завршат луѓето, кои, покрај тоа што биле партиски послушници, од време на време, за да се омрсат, заклале по „некоја овца”, како што велат.
За време на судењето, од 77 сведоци што добиле инвалидски пензии, со некомплетна документација и за пари, како што тврди обвинителот, само шестмина потврдиле дека им биле барани пари или дека дале, додека 71 од нив тврделе дека навистина се болни, никој не им барал пари, ниту дале, на што обвинителот реагира и вели пред судот дека неговите сведоци што требало да го поткрепат обвинението – лажат!
ЧИИ ПЕНЗИИ СЕ ДРЖАВНА ТАЈНА?
Прашањето за казните, кое возбуди многумина, треба да се гледа од два аспекта: дали обвинението се докажа, а на така утврдена фактичка положба се изречени ниски казни, или, пак, казните се дадени на докрај недокажани обвиненија и во ситуација, кога сведоците тврдат дека не дале пари?
Ако се гледаат внимателно документите во предметот, ќе се види дека обвинителот има листинзи од телефонски разговори обезбедени со следење на обвинетите, кои укажуваат на шеми, на посредници и се разговара за пари, но, во текот на постапката ги нема тие пари!?
Затоа, многу чудно е да се поверува дека полицијата не можела да најде лажни пензионери кои даваат пари за инвалидски пензии и на тој начин, преку обележани банкноти, да фатела некого на самото место. Сега имаме ситуација да се даваат пари, од 3 до 5.000 евра, ама само во телефонските разговори, зашто полицијата нема фатено никого на дело. Од друга страна, пак, инвалидските пензионери тврдат дека не ги дале парите што се споменуваат во целата приказна!
Сепак, без намера ние да оценуваме кој е виновен и колку, ќе потенцираме дека јавна тајна беше, како што тврди и заштитениот сведок во случајов (на кого дополнително ќе се осврнеме), дека морало да се дадат пари за да се добие пензија.
Е па, ако е јавна тајна, ајде да видиме дали државата вистински реши да се справи со проблемот на издавање инвалидски пензии или настрадаа само тие долу, пониските ешалони, а на функционерите кои наложувале, не само што не им фали влакно од глава, туку се унапредени на повисоки позиции.
Од серијата папки со документи за „Метастаза” обезбедени со посебните истражни мерки, дел се прогласени за државна тајна и тие не се презентирани на судењето!? Има ли некој одговор, зошто добивањето пензија е државна тајна?!
Секако, сите ќе се согласите дека не смее да биде никаква тајна, бидејќи пензионерите, инвалидски или не, користат пари кои се собираат од сите нас, од тие што работат и затоа тоа никако не може да се подведе ни под обична, а не, пак, под државна тајна. Ако нешто мора да биде тајно, тоа се само личните податоци на пензионерите, но не и името и презимето!
Па, во теснецот меѓу вистината и државната тајна, крајот на судењето за „Метастаза” откри шокантни податоци, дека не биле само овие 77 луѓе кои наводно добиле инвалидски пензии, без да има основа за тоа, туку биле пензионирани дури 700 партиски војници, кадри на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, а за тоа, ниту некој одговара, ниту ги споменува!
Обвинителот Златко Биковски, неодамна дојден од Берово во обвинителството за организиран криминал, од страна на обвинетите беше обвинет дека селективно ја спроведува правдата – од кошот следени разговори или пораки ги вади само тие што му одговараат, а другите, намерно или не, ги крие или сопствениците на телефоните не ги прикажува со име и презиме, туку ги третира како НН (непознато лице), иако тие сопственици ги користат и денеска тие телефони, ама се високи државни и партиски функционери!
СИТЕ ЗНААТ КОЈ Е Н.Н!
Како што тврдеше обвинетиот кардиолог Сашо Јосимовски во неговиот завршен збор, обвинителот меѓу доказите оставил три пораки упатени на неговиот телефон од НН лице, кое, всушност, не само што не е непознато, туку е унапредено по аферата „Метастаза” и сега е министер за труд и социјална политика. Се вика Спиро Ристовски.
Во завршниот збор, даден на судење, Јосимовски, обраќајќи им се на судиите и на обвинителот рече: „На страна 175 и 176 од завршниот збор на обвинителот има некои пораки, а бидејќи не сакам да излезе дека правам драма, барам да се затвори седницата, па ќе продолжам (бидејќи процесот е јавен, судот го одби ова барање, па завршниот збор е даден пред сите присутни н.з.).
Господине обвинител, дали Вие ми ставате на товар пораки од НН лица? Што ако лицата се со познат идентитет. Имено, станува збор за господинот Спиро Ристовски, актуелен министер за труд и социјална политика. Еве, за обвинителот, со негови куршуми. Имено, бројот од Љубица Величкова ми го праќа никој друг, туку самиот министер Спиро Ристовски. Следува и незаконито барање за пензионирање, но и пофалба за завршената работа”, рече докторот Јосимовски, презентирајќи ги пораките што кон неговиот број се испратени од број 075 3…..7, кој и денеска го користи актуелниот министер за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, а тогаш заменик-министер!
Првата порака од заменик-министерот до лекарот е испратена на 15.10.2008 година во 9.22 часот, каде што Спиро Ристовски и ги испраќа мобилните телефони на Љубица Величкова, началничка на комисиите за утврдување инвалиднина, кои работат во рамки на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, период кој, според обвинението, е почеток на организирањето на групата, која почнала да наоѓа луѓе на кои им се подготвувале документи за лажни пензии.
Следната порака, која сегашниот министер за труд и социјална политика му ја испраќа на Сашо Јосимовски, а „по грешка” се нашла меѓу доказите, е од 3 септември 2009 година, испратена во 11.35 часот со содржина: „С.А. од Велес, со дијагноза „Ко…ис” да добие општа неспособност за работа (пензија). Поздрав”.
На вака добиената порака, најверојатно Јосимовски одговорил дека работата ќе биде завршена, па за само три часа, (во 14.13 часот) Спиро Ристовски, на Јосимовски му испраќа порака со текст: „ЛЕГЕНДА СИ”!
![[Image: metastza-dokument.jpg]](http://fokus.mk/wp-content/uploads/2014/03/metastza-dokument.jpg)
ПЕНЗИОНИРАНИ 700 ПАРТИСКИ ВОЈНИЦИ
Тргнувајќи од овие докази, обвинетиот лекар пред судот прашуваше: „Дали обвинетите здравствени професионалци во „Метастаза” се тие што ја креирале корупциската шема за добивање пензии или само сомнителни лица со сомнителни намери, кои требаат да бидат казнети?”.
- Постигнувањето на целта на кривичната постапка, никој невин да не биде осуден, а на виновникот да му се изрече кривична санкција под условите од Кривичниот законик, бара утврдување полна, права вистина за кривичното дело и за извршителот. Па, која е целта мене да ме казните, ако не ги казните вистинските виновници – рече Јосимовски пред судиите.
Но, партиските шеми не запираат тука. Според истражувањето на „Фокус”, во периодот од доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ во 2008 година, незаконски биле пензионирани дури 700 партиски војници, но за нив не се споменува ниту збор во обвинението, а нивните досиеја се прогласуваат за тајни.
На списокот на пензионирани, со директен партиски налог, се наоѓале блиски роднини на партиски функционери, од баби и дедовци, до мајки и татковци, до трети заслужни лица, за кои се носеле решенија да се прогласат за работно неспособни и на тој начин да добијат решенија за инвалидски пензии, трајни или привремени, или, пак, да им се определи нега за трето лице.
Сепак, партиските војници во комисијата за ревизија или претходно на прегледите требало да поминат со два потписа, како гарант дека врска му е партијата. За тоа, според кажувањето на Јосимовски пред судот, задолжени биле началничката Љубица Величкова и помошник-директорот во Фондот за ПИОМ, Трајко Премчевски, кој сѐ уште е на оваа функција.
За него, доктор Јосимовски вели: „во моите изјави и пред истражен судија и пред овој суд на главен претрес го споменав помошник-директорот на ФПИОМ, Трајко Премчевски, и затоа го повикав и како сведок. Тој беше предупреден за правните последици од давање лажен исказ, но, сепак, пред овој суд лажеше.
Тој кажа дека не сме имале никаква комуникација, а дека само еднаш сме се виделе. Е, па, баба лаже, трап не. Го молам судот да го погледне телефонот и пораките на Трајко испратени до мене на телефонскиот број 07./2.1…9. Со ова се потврдува мојот исказ дека навистина тој беше лицето со најмногу ургенции, претставени како партиски врски. Кога се посомневав, добив информации за заднината на некои од тие ургенции, ги запишав во еден тефтер и ги покажав на претпоставените, од кои немаше некој посериозен ангажман.
Значи, имав контакти со овој сведок, кои беа по ургенции, но тоа нема допирни точки со остварување имотна корист. Треба само да имате предвид дека овој човек високо котира во одлучувањето за работната способност, и порано и сега. Но, сега можеби има некој нов Сашо. Во своето сведочење на прашање на моите бранители, кој го донесува и го потпишува решението со кое осигурениците остваруваат право на инвалидска пензија, што е императив во управната постапка, тој одговори: раководителите на подрачните единици на ФПИОМ. Раководителите што тој ги поставил?! – објаснуваше лекарот пред судот.
За началничката на комисиите која утврдувала кој треба да добие инвалидски пензии, Љубица Величкова, Јосимовски вели дека ја познава како пациентка од 2004 година, која доаѓала на редовни кардиолошки консултации кај него до крајот на 2008 година, кога му била претставена од помошник-директорот во Фондот за ПИОМ, Трајко Премчевски, заради нивна „синхронизација” околу извесни партиски ургенции кои прво му биле најавувани од Премчевски, а потврдувани од началничката Љубица Величкова.
- Комуникациите беа само во таа насока со извесен сомнеж за притисокот на наведениот господин – тврдеше лекарот Јосимовски.
|
|