Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Poll: За кого ќе гласате на претседателските избори и зошто?
This poll is closed.
Ѓорѓе Иванов (ВМРО ДПМНЕ)
14.29%
1 14.29%
Стево Пендаровски (СДСМ)
28.57%
2 28.57%
Зоран Поповски (ГРОМ)
0%
0 0%
Илијаз Халими (ДПА)
14.29%
1 14.29%
Нема да излезам на гласање
28.57%
2 28.57%
Нема да гласам за ниту еден од предложените кандидати
14.29%
1 14.29%
Total 7 vote(s) 100%
* You voted for this item. [Show Results]

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРЕДСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ
Author Message
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#1




[Image: KANDIDATI.jpg]
05-03-2014, 03:11 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Зошто нема да гласам за Иванов ке одговорам со цитат од една колумна:

Quote:Наместо да се срејчава со државници, да бара чаре за името и барем еднаш да му кажи „не“ на пратениците и владата, тој се заака по ниви, по расадници, по бунари низ Паљурци… Ами на изборите ние не биравме пољак, претседател биравме!


Пендаровски мислам дека тешко би поминал лустрација, се разбира не оваа Грјовата, туку вистинскака.
06-03-2014, 03:00 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#3

(06-03-2014, 03:00 PM)ЈорданПетровски Wrote: Зошто нема да гласам за Иванов ке одговорам со цитат од една колумна:

Quote:Наместо да се срејчава со државници, да бара чаре за името и барем еднаш да му кажи „не“ на пратениците и владата, тој се заака по ниви, по расадници, по бунари низ Паљурци… Ами на изборите ние не биравме пољак, претседател биравме!


Пендаровски мислам дека тешко би поминал лустрација, се разбира не оваа Грјовата, туку вистинскака.

Пред некој ден во Анализа на ТВ 24 ја слушав дебатата помеѓу Димитар Мирчев и Зоран Поповски. Мирчев го стави Поповски во шише. Останува кандидатот на ДПА!

07-03-2014, 08:14 AM
Reply
sokoli Offline
Senior Member
****

Posts: 620
Joined: Feb 2010
Reputation: 27
#4

Iljaz halimi e kandidat na menduh taci.Toj pa skokna kako kandidat posle sredbata menduh-sasho mijallkov znaci od toa nema nishto.
Gjorgje ivanov otpadja toj shteta shto ne mozhe da vozi harley bideiki ke beshe zaedno so srpskite motociklisti vo ukraina, toj e tipicen cetnik i ako go secesh na 4 parcinja od nego izleguvat 4 shesheli.
Jas za sebe sum na mislenje deka stevo pendarovski e bivsh skoevec koj e kalen od starata shkolla.Vo momentot toj e svesen na situacijata koga vmro ima teshki miliardi po stranski firmi od ceshka do svajcarija pa do kipar i haiti i poradi toa ke bide po krotok po razumen vo delluvanjata.Pogore vo anketata gllasav deka nema da gllasam bideiki allbanskata diaspora donese zaklucok allbanskata diaspora da na padne vo zamkata na podellbite.Allbanskata diaspora nema da izleze so svoi kandidati, i go povikuva narodot nadvor ot makedonija da gi ignorira i predsedatellskite i parlamentarnite izbori.No ako ke gllasav ke gllasav za pendarovski
09-03-2014, 12:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

09-03-2014, 02:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:Пендаровски: Нема дилема дека иднината на Македонија е на запад, но цената ќе треба да се договори заеднички

[Image: images?q=tbn:ANd9GcScyIXHoCxF7XyH0x_oENj...Ya3vPt5bK1]

Власта и опозицијата мора да изградат заеднички став и да застанат зад него, Македонија мора да има црвени линии. Компромис е возможен само со консензус од сите релевантни политички субјекти, по принципот на рамковниот договор - порачува кандидатот за претседател од СДСМ Стево Пендаровски во вечерашната Анализа на 24 Вести.

Според него нема дилема дека иднината на Македонија е на запад, но цената ќе треба да се договори заеднички.

Кандидатот за претседател од СДСМ вели дека во земјава има политички затвореници, а актуелната власт ја разнишала демократијата.

Пендаровски порачува дека барањето на ДУИ за консензуален кандидат за претседател е всушност барање за коалициски кандидат за претседател. Според него, кавгата меѓу Груевски и Ахмети се сценарио.

Пендаровски порачува негов таргет не се партиите од албанскиот кампус и нема да се пазари со нив, ниту да договара пренос на гласови. Вели нему таргет му се граѓаните.



(This post was last modified: 13-03-2014, 11:36 AM by ЈорданПетровски.)
13-03-2014, 11:34 AM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#7

Љубчо Георгиевски ќе бара „Европа сега“

објавено на: 12-03-2014

Македонија мора што поскоро да го реши проблемот со името и да ја напушти „антиквизацијата“, вели за НОВА, Љубчо Георгиевски. За избор на претседател тој би се определил за Кекеновски но не и за Иванов, кој како што вели, ПОТЕКНУВА ОД НАЈГРКОМАНСКОТО СЕЛО во Македонија

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=16&vest=12403

Ете Љубчо Георгиевски го имал одговорот .

Јас па се чудам што толку запнале за Ѓорѓе Иванов .
Ѓорѓе ти е класичен тенџерко .99,9 % од население во Македонија би биле подобри претеседатели од него . Ќускија невидена . Едноствно (нелииии) не е можно да се биде послаб претседател од него .

Абе тешка навреда е воопшто да се спордува Ѓорѓе со Кекеновски и Пендаровски .

И колку хајки и местенки удрија против Кекеновски само да го наместат Ѓорѓета .
А Ѓорѓе може само вода да му носи на Кекеновски .

Арно ама батето било Гркоманче . Тоа е вицот .
Е затоа Груевски , Влатко Ѓорчев , Флоровски по секоја цена барале Ѓорѓе да биде канадидат за претседател .
Истиот овој гркоман Ѓорѓе кој активно учествуваше во државниот удар на 24 декември 2012 и кој за тоа треба да крампа во Идризово .Оти не ја признава државата Република Македонија и активно учествуваше во насилното менување на уставно –правниот поредок – Државен удар .( го потпиша незаконски донесениот буџет и потоа јавно од говорница го правдаше државниот преврат )

Истото ова смрдливо грманче Ѓорѓе нас Македонците ќе не “бранел” од Грците ќе не зачленувал во Индија во Русија во Тунгузија а уствари цело време работи (со Груевски и компанија) за интерес на Грците .

Информиран е Љубчо јас за други работи му замерам .Ете да не кажеше цело време ќе се чудевме зошто баш Ѓорѓе кој е најглупото можно решение и за ДПМНЕ и за Македонија .
23-03-2014, 12:36 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8






Da_ne_si_ludDa_ne_si_ludDa_ne_si_ludDa_ne_si_lud
(This post was last modified: 01-04-2014, 01:56 PM by ЈорданПетровски.)
01-04-2014, 01:55 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#9

Види ги болгарчињава навиваат за комуњарски кандидат а се пењават демек се против УДБА и србоманството...
Кој од вас му ги краде на Лиобчо апчињата?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
02-04-2014, 08:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10



03-04-2014, 01:38 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11



03-04-2014, 01:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Целосно видео од синоќешната дебата на МТВ



[Image: foto_debata.JPG]



Целата дебата можете да ја проследите на линков Претседателска дебата во МТВ
(This post was last modified: 06-04-2014, 02:43 PM by ЈорданПетровски.)
06-04-2014, 02:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13

Quote: Катиљ Ѓорѓи



[Image: ivanov-georgi-epa_0.jpg]

Дури почнува да ми станува и криво што овој човек нема више да биде присутен на јавна сцена и у наредните 5 години. За разлика од некои други политичари кои не можам да ги смислам, а уште помалце да ги слушам, овој морам да признам дека ме насмеал на неколку пати, и то добро ме насмеал. Политичарите обично нервираат, али овој напротив, делуваше баш освежувачки по мојот ментален систем.

Али шала на страна. Додека ја се смеам, државата со вакви политичари пропаѓа, не назадува, него пропаѓа у буквална смисла на зборот. Иначе пред да стане прецедател, господинот работел како професор, и тука испливува на површина уште една дури и полоша работа од тоа што имавме прецедател на држава кој немаше капацитет за такво нешто, а тоа немаше да го дознаеме ако човеков не дојдеше на функција. Па добро бе по ѓаволите и морските длабочини, какви све тоа професори предаваат у државава? Кој све им предава на студентаријава? Па не е ни чудо што се ван колосека. Не ги бива за ништо. За разлика од други држави каде они се доста активни и политички, а и кога треба да се излезе на демонстрации они се увек у први редови. Кај нас јок, ги интересира само шема, кафе-мафе, игрици, диско, боди билдинг, ги заболе за државава. Абе студентарија у нормални држави рушела влади, кај нас можат само да срушат рекорд на седење пред компјутер и играње ПЕС 2014. Али со вакви професори не е ни чудо што студентите се понашаат како паднати од марс. Ако некој место да ги научи нешто, он ги убија у поим, не е ни чудо што не ги бива за ништо.

Поготово мене работава највише ми е сумњива баш на правниот факултет од каде што доаѓа и сегашниот односно уште малце веќе бившиот прецедател на државичкава. Рука на срце од таму доаѓаат и ред други истакнати политичари, и уште доаѓаат. Тој е непресушен извор на тотални антиталенти за политика. Ако се такви професори како што се политичари, тогаш у секунд ми станува јасно зашто пропаѓаме. Дај нека се бават со нешто друго осим со политика, еве да речеме со глума, баш ги бива за тоа. Така добро глумат, шо ги бива и за комедија, ама ги бива и за драма. Знаат и да те насмеат, а знаат и да те расплачат. Сега види вака, рука на срце у изминативе години поише на репертоарот поставувале драми со трагични елементи, тоест поише сме плачеле него што сме се смееле, дури на моменти и мамицата ни ја расплакувале, али таква е уметноста, има и комични, има и тажни дела. Стварно ги бива за глума, али они јок, политика, па политика.

Ја викам, правниот факултет треба да се преврти наопачке, да се реновира од корен. Според мое скромно и нестручно мислење таа институција е легло на кодоши, удбаши, шпиуни, и ако сакаме да ни тргне, осим реформите кои ги правиме веќе 24 години и никако да ги направиме, треба да се направат реформи и у некои поважни институции. Идниот прецедател, да не го именувам мислам дека поише од јасно е кој ќе биде, и самиот завршил на правен факултет, и он највероватно многу добро го знае тоа.

Да не отворам уста за судството. Борбата со криминалот не почнува на улица, него у судството. Ако сака некој да го искорени криминалот, прво треба да почне да апси судии, па тек после криминалци. Време е да се почне со озбиљна дезинсекција, дератизација а богами и дезинфекција на овие две најважни институции, се со цел уништавање, сузбијање на глодарите и инсектите и други штеточини кои ја доведоа државава на ова дереџе. Пошто таквите се опасни по наше здравје и нанесуваат економски штети на државава. Без една таква широка акција, не уште 24, него уште 124 години нема да се опрајме. Идниот прецедател треба да го има тоа на ум.

Нашиот прецедател да имал намера нешто да оправа, за 5 години ќе опраел нешто. Да размислувал барем малце, немаше уопште ни да се кандидира на овие избори. Имал 5 години да сфати самиот дека не го бива. Можеше да се повлече како човек и да ужива у малата пензија која ќе ја добива као бивш прецедател на држава, а место тоа он сака и нас што сме ван факултета да не убија у поим. А ако продужи и даље да не убија у поим, тогаш ќе стане Катиљ. Ќе го пишуе по новини - Катиљ Ѓорѓи си го уби народот у поим. Немој бе, нема смисла, и така ни се смее светот.

Пред 5 години ме убедуваа, на некоја округла маса у некоја кафана, дека човекот има трема ама ќе му поминело па ќе бидел добар прецедател. Ниту тремата му помина, ниту стана добар прецедател. Па и ја сакав да бидам глумец ама имав трема и нормално не ме примија у драмска секција. Ми рекоа фино поштено дека не сум за глумец и ја го прифатив тоа. У Средно сакав да запишам музичко ама на аудиција така ја исфалшираф Лет ит Би од Битлси, што еден од професорите на крај ме праша - Која песна ја изведе сега, момче, а? Кога му одговорив, само климна со глава и ми рече - Не си ти за музичар. Не сум, не сум, го прифатив и тоа. Не можеш да бидеш нешто ако не те бива за тоа, се слагам. Сега ние исто така треба да му кажеме на Ѓорѓи дека не е за прецедател, а он фино културно треба да го прифати тоа. А изборите се одлично место на некој политичар да му кажеш нешто, пошто док се у фотеља нешто не им се слуша. Пенкалото у раце и да го спасиме Ѓорѓи, сите гледаме дека се мачи на функцијава. За негово добро, да не се бламира више. Кога не те бива за нешто, не те бива. Со сила убајна не бидува. Али за разлика од него, мене кога ми рекоа дека не ме бива за глумец и музичар ми се рушеа сништата како кула од карти, а него нема ништо да му се сруши, релативно млад си иде у пензија и ќе има време на раат да си пушта плочи од Дуран Дуран, ... а народот ќе живее подолго и посреќно.

ПС. Зашто мислам дека унапред се знае победникот на овие прецедателски избори. Затоа што овој пат неопределените гласачи, како мене, добија кандидат, за кого ќе може да гласаат. А неопределените секогаш ги решавале изборите. На овие избори они ги држат конците у свои раце. У последниве години некако слабо беа активни на избори, али то највероватно зато што изборот беше катастрофалаен. Сега е друго. За разлика од досегашниот прецедател, сега имаме човек со харизма, човек што знае да се изрази, човек со став, човек што ќе го пуштиш у бел свет и знаеш дека нема да тресне некоја зелена и да не обрука. Време е да имаме прецедател, а не како до сеа домазет, има слика нема тон. Некој ќе рече, абе не заебавај, нема ни овој ништо да направи. Ако не напрај и него ќе го смениме. И време е да почнеме да ги мењаме политичарите како чорапи. Видете ја Франција, партијата на Оланд изгуби катастрофално на тамошните локални избори по само 2 години одкако овој беше избран за прецедател. Французиве не Бате жива сила. Е не, ќе го тинтраат со години. Не си напраил тоа што си го рекол, првата прилика, клоцата у газ. Нема заебанција у Франција, зато се јаки. Да не ги остававме и ние нашиве политичари подолго од 2-3 години на власт досеа ќе бевме каде-каде боље место за живеење. Затоа неопределени гласачи... ЈУРИИИШ.

За крај ја користам оваа прилика на Ѓорѓи да му го честитам заслуженото заминувањето од прецедателска функија и среќни пензионерски денови.

Скопски Солидарец
06-04-2014, 09:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

(06-04-2014, 02:39 PM)ЈорданПетровски Wrote: Целосно видео од синоќешната дебата на МТВ



[Image: foto_debata.JPG]



Целата дебата можете да ја проследите на линков Претседателска дебата во МТВ




Quote: Дебата или евтини приказни?



[Image: vv.jpg]

Дебатата или политичката дебата е всушност мисловно артикулирана конфронтација по однос на различни мислења и ставови од јавен интерес и општествен карактер. Ако сакате, можеме да ја метафорираме со борба во политички ринг од која треба да произлезе победник. Притоа, кога велиме победник, мислиме на победник со силата на аргументите по однос на ставовите за конкретните прашања. Токму “победата” упатува и на компетитивниот елемент во играта наречена дебата

Што се случи вчера? Велат, високите очекувања, носат длабоки разочарувања. А, јас пустиот толку се спремав. Немаше игра, немаше натпревар, немаше компетитивност, па оттаму немаше ни победник. Ако немало победник, дебатата не ја остварила својата главна цел.

После оваа дебата, ние не дискутираме кој победил, туку кој помалку загубил. Без жар, тотална летаргија, чиниш парастос. Дури немаше ни гафови чоЕче. Добро, ситни души ќе најдат нешто. Некој ќе се вади на концептот, некој на модераторот, а некој на врнежливото време и како тоа му влијае на коленото и расположението. Бесмислици.

Факт е дека после долго време, после притисокот од јавноста за соочување на претседателските кандидати, беше организирана дебата, на јавниот сервис, пред целиот аудиториум. Тука не велам дека сега треба да се радуваме што воопшто некој организирал дебата . Напротив, тоа мора да премине во постојана пракса, а не да биде со фреквентност како Халеевата комета. Но, некој ја нема сега толку мувата на капата.

“По утрото се познава денот” во овој случај излезе точна. Ако на било која дебата, дебатерите се борат за повеќе време за дебатирање, нашиве не знаеја како да го пополнат истото. Врти-сучи по стотина секунди. Како почна така и заврши. Неискористена минутажа за искажување на ставот, не дај Боже реплика или контра-реплика. Празни флоскули, општи фрази, дури и распоредот на зборовите во речениците им е ист на сите кандидати изминативе десетина дена. Што ќе рече еден другар со фудбалски речник, си ја подаваа топката на средината на теренот. Ако веќе не сакаме функцијата да премине во церемонијална, мора некои ставови да се конкретизираат и спротивстават. Мора некој силно внатре во себе да ја посакува оваа функција. А, они си научиле по две-три реченици од некои претседателски надлежности и си тераат. Амбасадори, воен буџет, колку да не е без ич. Индиските серии се поинтересни.

[Image: milco.jpg]

И оп, гром од ведро небо, оддеднаш реплика и контра-реплика за земјоделскиот извоз. Дури на момент помислив дека ја гледам поранешната утринска емисија Аграр.

Всушност затскривајќи се во економијата ја тераат целата кампања. За круцијалните прашања, тотална тишина. Иако се со различни ставови, а навидум исти, сепак без реплики. Дали таквата тишина е некаква форма на премолчен консензус за нелицитирање е друго прашање. Големиот Фридрих Ниче рекол: „Тие што не можат да разберат како да ги стават сопствените мисли на лед, не треба да влезат во жештината на дебатата”.

Покрај компетитивниот, тука е и дистинктивниот елемент. Како сега, ако некој пледира и претендира за функцијата Претседател на Република Македонија, ќе го убеди неубедениот гласач да го разликува него, од останатите.

Целта на дебатерот е да направи јасна дистинкција од другиот. Оти, токму затоа и служи дебатата, за разграничување на ставовите и правење разлика од противникот во своја полза. Аргументацијата треба да биде толку цврста што ќе го натера гласачот да размисли дали 2 и 2 се 6.

Што добивме? Гола тишина.

На моменти стана трагикомично да се слуша модераторот како прашува за (нуди) реплики како да се семки и кикиритки. Ќе рече некој затишје пред бура, заплет пред кулминација, ќе има следна дебата, ама не бе брат, тука нема тактизирање и бледо согласување меѓусебе. Тука се игра во противничкиот шеснаесетник. Или некој свесно создава анимозитет, за да се користат други механизми? На крајот, некој изгуби некој процентен поен во рејтингот, некој си ги задржи, а некој несакајќи доби.

Маргарет Тачер во една прилика рекла: „Сакам аргументи, сакам дебата. Не очекувам некој само да седи таму и да се согласува со мене. Не им е тоа работата.” Можеби им недостасуваше жена во дебатата?!



За Strumica Online пишува: Јован Алтанџиев
(Магистрант по Меѓународно право и меѓународни односи)
07-04-2014, 02:47 AM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0
#15

Кампањата ме зачудува знаејки како до сега одеше оној воз што некогаш беше симбол на ДПМНЕ.Таа брзина сега ја нема.Од што е предизвикано тоа?Од пресот на Шилегов пред кампања кој беше порака знаеме се и имаме се за вас или? Чуму вкочанети лица на сите од ДПМНЕ кои се носители на листи?Зошто Влатче не е носител во 3? Од многу арно или од многу лажење и лапање?
На еден од митинзите Страшо Ангеловски се обрака на ткиво на ВМРО на тие од 90 и 97.Зошто Страшо зошто не број 1?И секогаш после говор на Горгија Иванов зборува Никола а зошто не е обратно?Или се кажува кој коси кој вода носи?
Како да се спремаат да се опозиција до кај 50 пратеника.Сметајки оти ја имаат сета локална власт и преку неа би подоцна делувале.Ако некој е загрозен дигај тоа членство против Комуњаришта демек реваншизам е.Бараат 63. Не велат ако ни изгласате 63 не правиме коалиција со ДУИ него со кого ние сакаме од оние Албанци кои се вопарламент. Тоа го нема зошто?
Зошто Страшо му се обрака на ВМРО , зар конечно ДПМНЕ ке биде оставен сам?Иако нема глас ни од Мирка ,ни од Дарко,ни од Миленко, и Бурекот , сепак пелин и противник е Бранко а и Пол??Зар толку не разбраа дека она што го пишуваше Миленко и Мирка за Волерс е разбрано оти е насочено кон Америка.Чекајки ја Русија да влезе и да го заземе Свирипичино да ги спаси ДПМНЕ, да заземе гео стратески значајни позициии и да засјае сонце на Македоња?
Конечно се појави еден столб на ВМРО ли е на ДПМНЕ ли е ама Владимир Голубовски поради Владимир е дава сила???
07-04-2014, 09:11 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

Quote:[Image: clarin-institutional-che-guevara-small-7...&w=660&a=c]


Некој че го крка!

Колумната не се препорачува за деца под 77 години

Неопходен е надзор на родител или старател





И така, евене пред избори. Претседателски, прв круг. И последен? Не! Да небеше „Сушико договоро“ помеџу патер фамилијас и Тачи војвода, работата че почнеше и че завршеше на едно мавање. Вака, че треба уштеднаш да си премаваме. Е ако де, само за арно да е.

А сѐ ми изгледа ко на така да оди работата. Стари вела, ко че е чоек на мака и во небрано, испулимусе во сурато и че видиш колку е сато. Ви текнува каков беше Хорхе пред 5 години? Смирен, релаксиран, насмејан… А сега? А бе сега фацата му е сменета! Не да видиш колку е сато, туку со еден опул можиш да му ги пребројш и минутите и секундите шо му останале до крајо на мандато. „Течи“ Хорхе ко песочен часовник!

Зато е толку намуртен. И нервозен. И агресивен. Го гледав на дебатата на МТВ, и сѐ си мислев дека, кај да е, че рипни од столица и на Стево грклано че му го извај! Лебами, така ми личеше во сурато! Ко да му е Стево крив шо го преспа мандато и шо за 5 години не напрај една работа по која шо че го памтиме. Тука, разбирасе, не ги есапам бисерите. Мислам на некоја државничка работа шо ја напрајл. А такви, фала на прашање, немаше баш премногу: лани ич, годинава помалце!

И зато од една страна го разбирам чоеко шо е таков каков шо е. Ко че нема со шо да се пофалиш, че киниш зелени и че се надеваш оти лагата шо ја кажуваш, до вторио круг на изборите, можи че стани вистина!? И шо можи да прај? Че ја вергла глупоста на кум Ставре дека имало 120.000 вработувања, дека комшите од толку многу шо не сакале, вени сечеле занас, И то не попреку, ами вдолж.

И зато за Хорхе че беше поубо ич да немаше втор круг. Оти дотогаш којзнај уште шо не че изнакажи. Башка, ако губи по првио круг, а че губи, никој жив неможи да претпостави шо сѐ че мора да прај и да зборува до 27 април. То че биди најсигурнио знак дека почнала операцијата „Патриотско спасување“. То значи дека некој че го крка! А ако биди така, то не че да е убо ни за слушање, а богами ни за гледање.

Слушам како Хорхе по митинзи раскажува оти политиката не го сменила, останал истио. А бе то е то шо ме плаши, бивш претседателе! Оти ако беше сменет, можи че размислев околу гласањето. Вака, арно шо си искрен и шо ни кажа дека си останал каков шо си беше. А таков каков шо беше, таман си за архивирање. Уштедна тура со тебе? Не, фала. Ако е и од тебе, доста е. Најс ту мит ју и гудбај!

Кумо на фамилијата, пак, најави простување на долгојте! Ај тие че ни ги проста долгојте, ама кој че му ги прости нив гревојте? Да беше сега на слобода брат Љубе, гласно ќе му викнеше: Бандо криминална!!!

Му ја зедовте душата на лујџето, ги отепавте од казни, арачи, уцени, закани. Ги избркавте младите и образованите во странство, ги задолживте и нашите неродени внуци и правнуци, изнесовте миљарди евра по разни острови и полуострови… И сега че се прајте на будали и че простувате дојгој? До толку забегавте со умо? До толку ви е блиску крајо, шо вашата малоумна квазипрограма ја сведовте на листа на желби?

А бе народо нејчи да му го простувате борчо, бараби едни непрокопсани! Народо сака работа. Да работи, да заработи, а борчо сам че си го плати. Ако чека вие да му ја завршите таја работа, никогаш нема да дочека. Оти од такви преваранти како вас, одамна му е преку „Стојко Вранковиќ“!

Жива срејча оти долго време живеам во државава, па имам јасна слика кој е власт, а кој опозиција. Ако чоек се вратил во нашава недојдија ден-два пред почетоко на кампањата, че се збрложеше од спотојте. Едните вела „че напрајме“, и другите вела „че напрајме“!? И сега, нормален чоек че си речи: ами, кој бил досега (робо)владетел ако сите зборува во идно време?

Ај овие комуњариштава, кутрите, забораја шо значи да бидиш на власт, ама овие другиве, портокаловиве? Че напрајме автопати, че отвориме нови работни места, че ја внесиме државата во ЕУ… Добро бе, багро аздисана, шо мајка праевте 8 години? Оти сето то „че“ не го напрајвте досега? Или немавте време од крадење? Катаден, од сабајле до вечер, стрижевте една овца, па сега, ко во вицо: „запалетеја ламбата, да стригнам уште пет-шес? Е то нече мочи. Барем шо се мене тиче.

А во Центаро за дезинформирање на квазипатриотите се работи на ангро. Ме прашува еден пријател дали сум го читал Влатче без репче, оној шо пишува четива по портокаловине „палома“ весници? Демек, раскажувал оти че гласал за Хорхе. А шо има да читам, ко го знам одговоро? И то не само јас, ами цела Македонија: че гласа, да ми извините, оти му гори под газо! Оти се работи и за неговата кожичка, оти ако се смени власта многумина че појда курбан! Ете зато че гласа за Хорхе. И тој и целата портокалова буржоазија. За ништо друго!

И сега за крај, прогноза!

Е добро де, знам дека то е џаолска работа. Ама ко сум се зафатил со бистрење политика, нема од то бегање. Ко е така: Стево во првио круг че води, а во Прилеп нема да има помалку од 20.000 гласој! Не заради то шо че му одработа комуњарите, туку зато шо чоеко врви кај народо и зато шо Хорхе не му е ни до колена!

Еве јас кажав бројка, а вие држетеме за збор. Ако сум јалнаш, тогаш јаз’к! Не шо нема да прам политички проценки, туку и вкладилница појче нема да цапнам. Ако грешам, нека изгорам!

REVOLUCIONERMK

09-04-2014, 01:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#17

Quote:Шкариќ до Иванов: Го уриваш уставното уредување на Македонија!


[Image: skaric-i-horhe1.jpg&h=auto&w=620&zc=1]

Неколку поенти од отвореното писмо на професорот Светомир Шкариќ до претседателот Иванов
Фокус 11 апр 2014, 12:55

Овојпат ти се обраќам со зборовите на Цицерон упатени на Катилина во римскиот Сенат, кога последниот правеше ,,заговор“ против Римската република: „Па, до кога така, па до кога така ќе го злоупотребуваш моето трпение, о, Катилина“?

Како Цицерон, и јас сум вознемирен по твојот разговор со новинарот Јанко Илковски на Сител 3 во емисијата „Јади бурек“ од 27 март 2014 година, кога тврдеше дека кинескиот претседател ја имал „мојата книга во која има делови за Конфучие, за Лао Це, за таоизмот и за будизмот“. Коректно е јавноста да знае дека не станува збор само за твоја, туку за заедничка книга „Политички теории – антика“ објавена во 2006, а потоа преиздадена во 2010 година. И самиот знаеш дека коавторството во таа книга се движи во сооднос не помал 95-5 во полза на постариот автор.

[Image: 10150745_659782867404648_607953013280989...50x150.jpg]

А кога зборуваш за посочените делови од книгата, во нив нема ниту еден твој збор зашто никогаш не си ја проучувал кинеската политичка мисла. Не е чесно што го игнорираш името на главниот автор кој ти бил професор и ментор и кој ти ги пишувал рецензиите за твоето напредување во академската кариера од асистент до вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. И самиот знаеш дека такви примери на игнорирање се ретки во универзитетска средина и дека на нив се гледа со презир и со револт.

Но, откако стапи на претседателскиот трон, молчешкум се откажа од реченото. Советничкиот тим никогаш не си го викнал да поразговараш за прашања од твојата надлежност. Мене ме одбра за советник за уставни прашања, но никогаш не ме праша за одреден закон дали е уставен. Ми додели кабинет во претседателската палата, во мир да ги пишувам нашите заеднички книги, но не и да разговараш со мене за проблемите на уставното уредување во земјата:

„Професоре, одберете си кабинет што ви одговара. Овде ќе имате мир за пишување. Ќе ве чува мојата гарда“!

Не презеде ништо ни за заштитата на автономијата на универзитетот, иако таму ги стекна сите академски звања, од асистент до редовен професор. Поради тоа расте и незадоволството на Правниот факултет „Јустинијан Први“ кон тебе, кога е во прашање твојот однос кон високото образование и неговата иднина.

Забележувам дека со омраза зборуваш и за квалитетот на високото образование од времето кога ти си студирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Веројатно поради тоа што правните студии си ги завршил со седумка. А по изборот за претседател си станал академик од европско и од светско значење, си се вивнал до „врвовите на Харвард“ и си станал „почесен професор“ на Ломоносов.

Те поканувам да дојдеш на претставувањето на тоа дело што ќе се одржи на 12 април 2014 година во 15 часот на Саемот на книгата во Скопје. Ќе го чуеш мојот глас изворно за претседателското вето на сите четири претседатели на РМ. Ќе стане збор и за твојот однос кон медиумските слободи, за автономијата на високото образование, како и за твојата улога во настаните од 24 декември и формирањето на ад хок комисијата за утврдување на уставноста на тие настани.

По прочитувањето на оваа книга ќе видиш зошто не ти ја дадов поддршката за вториот претседателски мандат и зошто би застанал со задоволство зад барањето за твој импичмент, ако тоа го побараат две третини од пратениците од новото избрано Собрание на Република Македонија или 150.000 граѓани. Услови потешки за твој отповик од оние за Шарл де Гол или за Барак Обама!

Без да размислиш ја прифаќаш тезата дека е добро што „работиш тимски“, дека е полезно за земјата што си „дел од тимот, составен од пратениците, премиерот, министрите и локалната власт“. Не сакаш да видиш дека тоа е фузија на различни власти, својствена на собранискиот систем од времето на социјализмот. Со таква теза го уриваш уставното уредување на земјата, засновано врз начелото на поделба на власта, како да правиш „заговор“ против Уставот.

Не те трогна ни случајот ,,Кежаровски“, иако тој случај доби меѓународна димензија. Човекот е во затвор затоа што во вршењето на професијата се држел за медиумските слободи гарантирани со Уставот!

Забележувам дека со омраза зборуваш и за квалитетот на високото образование од времето кога ти си студирал на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Веројатно поради тоа што правните студии си ги завршил со седумка.

Радикално го променив мислењето за тебе како човек, во негативна смисла. Особено по настаните од 24 декември бидејќи и ти имаш одредена заслуга за насилството што се случи. Најмногу поради тоа одбив да те поддржам за втор претседателски мандат кога тоа беше побарано од мене на 18 декември 2013 година.

11-04-2014, 01:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#18

(11-04-2014, 01:26 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Шкариќ до Иванов: Го уриваш уставното уредување на Македонија!


[Image: skaric-i-horhe1.jpg&h=auto&w=620&zc=1]

Неколку поенти од отвореното писмо на професорот Светомир Шкариќ до претседателот Иванов
Фокус 11 апр 2014, 12:55







[Image: wrgwno.jpg]


11-04-2014, 09:14 PM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#19

(23-03-2014, 12:36 AM)Flok Wrote: Истиот овој гркоман Ѓорѓе кој активно учествуваше во државниот удар на 24 декември 2012 и кој за тоа треба да крампа во Идризово .Оти не ја признава државата Република Македонија и активно учествуваше во насилното менување на уставно –правниот поредок – Државен удар .( го потпиша незаконски донесениот буџет и потоа јавно од говорница го правдаше државниот преврат )

Професорот Шкариќ му порачува на Иванов да си пакува куферчето за подолг престој во Идризово .
Делото државен удар од 24 декември 2012 година е нејтешко можно кривично дело потешко дури и од убиство .Дело кое не застарува .Така што “државата пред се “ што лаже Иванов се виде со државниот удар колку му значи државата .

Шкариќ до Иванов: Го уриваш уставното уредување на Македонија!
Фокус 11 апр 2014

Радикално го променив мислењето за тебе како човек, во негативна смисла. Особено по настаните од 24 декември бидејќи и ти имаш одредена ЗАСЛУГА ЗА НАСИЛСТВОТО што се случи. Најмногу поради тоа одбив да те поддржам за втор претседателски мандат кога тоа беше побарано од мене на 18 декември 2013 година.

Целото писмо од професорот Шкариќ до Иванов можете да го прочитате во најновиот број на „Фокус“

http://fokus.mk/shkarik-do-ivanov-go-uri...akedonija/

Професоре Шкариќ, благодарам што ни одржавте јавна лекција
Според Уставот мандатот за составување на Владата го дава претседателот на државата на партијата која освоила најмногу пратеници во Собранието а партискиот лидер е мандатар кој го предлага составот на Владата до Собарението, кое пак со мнозинство гласови на пратениците ја изгласува Владата.

Ако во државата официјално има околу 2,2 милиони граѓани, во 2006 година невработеноста била 38% , од тогаш до денеска се иселиле над 430 илјади граѓани, кои се главно млади луѓе кои биле невработени-ова се параметрите за пресметка за да се добие резултатот дали и колку Владата на Груевски ја намалила невработеноста.
М-р Митко Јованов
Авторот е аналитичар на политиката на Германија на Балканот

http://libertas.mk/%d0%bf%d1%80%d0%be%d1...%be%d0%b4/

http://libertas.mk/професоре-шкариќ-благ...што-ни-од/

А и злосторничкото здружение Груевски Јанкуловска Мијалков Ставревски и остала компанија џабе се ставиле први на листи .Пратенички имунитет важи за дела за кој е предвидена затворска казна ДО 5 години . А за сите криминалии што ги имаат направено плус државниот удар би добиле по 3 доживотни казни затвор плус 3000 години робија без право на помилување џабе мислат дека тоа што ќе бидат избрани дека би ги заштитил пратенички имунитет .Нема да ги заштити .

Него ај нека си спремаат куферчињата кај чичко Идриз .
Брат Љубе со душа ги чека . Да не го остаиме човекот многу да ги чека .


11-04-2014, 11:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,628
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#20

Quote:Emil Atanasovski

Вечерва "претседателот" Иванов ќе гостува кај Миленко "метак во чело" во емисија.

Не ги удостои кандидатите и јавноста вчера на дебата организирана од можеби НАЈГОЛЕМАТА И НАЈПОЗНАТА политичка непрофитна невладина организација во светот, НДИ, која работи во 130 земји, има над 60 канцеларии во светот и работи со 720 политички партии.

Но Миленко не се одбива. Затоа што тој редовно работи со омраза, има 1 канцеларија, 1 партија и работи во 1 малку изолирана но сепак прекрасна земја во која очигледно ако си осуден криминалец и мразиш ти доаѓа претседател во емисија.

Вистински претседател не би одел на емисија каде некој повикува на елиминирање на други новинари. Но сите знаеме дека Иванов не бил, не е и нема никогаш да биде вистински претседател.

За очекување е пак дека ќе има дискусија на нивоу на овие два интелектуални барда.




12-04-2014, 12:45 AM
Reply