Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВМРО КОМУНИСТИЧКА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,763
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Текст кој вреди да се прочита:


Quote:Сецирање на еден општествен паразит (или, што научив од ВМРО-ДПМНЕ)
February 20, 2014 — 7 Comments

Во времето на СДСМ (класично, се што има врска со ВМРО-ДПМНЕ, мора да започне со спомнување на СДСМ), некаде 2005-2006 година, од ВМРО-ДПМНЕ научив некои мошне убави, животворни нешта кои влеваа надеж. Масовни протести против продажбата на ЕСМ, за низа дубари од страна на владата на СДСМ… Будење на граѓанската свест, нов бран енергија, верба во возобновување на Македонија, крај на партиските вработувања, на криминалот, на нечесното работење, на монополите на олигарсите, на кратко, се навестуваше сеопфатен менталитетски ремонт, крај на една стара, транзициска Македонија, и зачеток на една нова Македонија… Сето ова поддржано од ВМРО-ДПМНЕ. Во времето кога уште беа нормални и чесни. Пред некои 8 години, пред да морфираат во Комунистичка Партија на Кина. Или нешто слично.
Вака, некако.

[Image: cpcdpmne1.jpg?w=640&h=426]
Вака, некако.

Но, напред во сегашноста. Текстов ќе биде еден вид издувен вентил за еден млад човек, кој немајќи друг начин да го изрази својот револт, ќе мора да го изрази вака, и без спомнување на имиња. Оти, немам намера да ми мафтаат пред нос со клевети за тужби и слични срања што ни ја дефинираат неслободнава слобода на говор. А, ја кажуваш вистината? Чекај да те игнорирам. Имаш свое мислење? Чекај да те тужам. Добродојдовте во Чистилиштето. Да не должам, ај со ред, еве што научив од ВМРО-ДПМНЕ во последниве години. Да ве предупредам, текстот е долг, оти лекциите се… долги и богами беа тешки и нечовечни. Долга тенија, долг текст. Добредојде во Македонија.

*
ЛЕКЦИЈА ПРВА

(ЗА ВНАТРЕШНАТА АНАТОМИЈА НА ПАРАЗИТОТ):

1. Иако си квалификуван за одредено работно место, нема да бидеш избран ниту да ти биде дадена предност дури и ако си поадекватен од другите кандидати, затоа што не си зачленет во ВМРО-ДПМНЕ. Да речеме дека ножот ти дошол толку до коска, што си стигнал стоички заби, и си го исполнил тој многу неопходен, темелен, вредносен услов.

2. Дури и да си зачленет во ВМРО-ДПМНЕ, повторно нема да ти биде дадена предност затоа што не си се „активирал“ и не си се „докажал“. Во најмала рака, треба да доаѓаш редовно на сите состаноци во штабовите, ако ништо друго, барем да те видат луѓето таму, да ти го „запаметат ликот“, кој си, што си… Којзнае, можеби сепак не си подобен. Треба време. барем 3-4 месеци да се докажуваш. Во превод, да правиш што и да ти кажат.

3. Ако не климаш глава цело време, тогаш џабе ти е и да си активен и да се докажуваш (а како ќе се докажуваш без сопствено мислење?), и тогаш сосема е за очекување другите сопартијци да те одминуваат, да те игнорираат, а одговорниот да не сака да се поздрави со тебе. Проблемот: „Многу збориш“. Или друга варијација, некој од твоите блиски изразиле критика за методите на Портокаловите. Тогаш си малце персона нон грата, и си сака дупло лижење г’з.

4. Не проаѓаат ни сугестии чисто од техничка, практична природа. Твоето напредно знаење за вмрежување и компјутерски системи нема да пројде кај партискиот трол вулгарис, оти партискиот трол вулгарис (без разлика на возраст) не е писмен, ниту е способен ни 4 реда во Ворд да напише. И ако земе да пишува, нема да знае каде треба точка, а каде запирка. За кирилична поддршка и да не правиме муабет – строго Mac C Swiss. А, знаеш компјутери, те бива? Леле, супер, ајде сега сета документација за партијата ти да ја одработиш! Тролот мора јаде, тролот мора кафе вари, тролот мора јаде гомна за СДСМ, тролот зафатен млого.

5. На состаноците на фамозните стручни партиски комисии (за здравство, за образование, итн.), обично се собира една гунгула луѓе, пола вработени пола не, дел од нив спектатори и сериџии или тролови/потрчковци. Сите седнуваат, поминува задолжителен список за присуство и работен статус – вработен/каде или невработен (плус датум, фали уште графа за матичен број, итн.) Откако за 5-10 минути ќе се стиши малку атмосферата, одговорниот, наместо да започне разговор за тоа како би се подобриле состојбите во образованието, здравството, итн., од интелектуалциве што му дошле во партија кој до мака, кој од убедување, почнува да чита инструкции за однесување месецов. Па така, овие од ова школо, ма не, од сите школи, за овој скандал што изби вчера, ќе го кажувате точно ова ова и ова, понатаму, ќе ја фалите владата, и ќе се обидувате да ги придобиете луѓето да мислат позитивно за работата на владата. И сега иде моментот, јадицата (или, ако сакаме, морковот/стапот): кој ќе се покаже особено успешен на тој план, еве ви ги планираните нови работни места во следниов месец во општината (може и соседни или во Скопје), и планираните работни места ги знаат само членовите на партијата, цели 2 недели пред огласите да бидат објавени за јавноста. Работните места ќе се доделуваат на заслужни партиски членови, а доколку сепак нема баш докажан кадар, може и да се препорача/планира некој друг, но сепак „нивни“ човек. Овие 2 недели оставаат доволно време да се ургира и да се пуштат „препораки“ за нечија „партиска адекватност“ (некоја аритметика помеѓу редновност, лижење гз, фанатичност и се разбира, личните познанства, дилови и конекции). Одеднаш, дојдените интелектуалци се стишуваат, овде онде некои нервозни шепкања, секој потајно се надева дека ќе му биде вработен, конечно, некој од семејството. Состанокот на комисијата привршува, а покрај одговорниот поминува задолжителното дефиле од дилерџии, или, партиски членови на кои веќе нешто им е ветено (услуга или вработување) но се јавил некој проблем: па мора да се разговара со одговорниот. И така, 15-20 минути после крајот на состанокот, полтроните/очајните граѓани се изредуваат, одговорниот ги теши или куди, им ветува дека „ќе биде, ќе биде, ќе ја наредат работата“, и сите фајронт по дома. Или, во агитација. Мора да се одработи за партијата. Други квалитети се непожелни, и не постојат. Стручните комисии, се, значи, комисии за нестручно вработување. (Секоја чест на исклучоците.)

6. Ако сте одолеале и на таквите искушенија и премрежја за душата и личниот интегритет (и ако веќе не сте се разочарале доволно и не ве дотепал очај), тогаш реагирате до повисоката инстанца, т.е. одговорниот. Тој ви се мршти, не сте заслужни. Одите кај повисоката инстанца, одреден градоначалник. Од него истата песна, со пар шегобијни закани за лично насилство или кон вас лично или кон вашите блиски. Проблемот? Не сте се согласувале со принципот преку кој се вработуваат луѓето. Сте критикувале дека е неисправно, нечесно, неодговорно и непатриотски да се вработуваат луѓе строго преку партиски заслуги и лични врски. Не важат ли ништо образованието, компетентноста, дебелото CV? На крајот на краиштата, чесноста? Одговорот е следниот: Не. Учени не ни се потребни на нас, бе, друже, туку гласови! Можеш ли ти да ни обезбедиш… гласови?? Како тебе да ти дадеме предност, кога овие другиве 15 души што чекаат на ред досега ни имаат обезбедено еден куп дополнителни (wait for iiiit!) гласови! И стварно, како? Со квалитет ли планирате гласови да добиете? Заеби тоа, строго ветувања и експлоатација/уценување за нови, можни, потенцијални, апстрактни, вработувања. И ниту докажаноста ниту ангажманот ниту компетентноста се некакво покритие, ниту пак искрената увереност во идеалите на партијата (кои се исто така погазени, и сосема обратни од Гоцевите социјалистичко-републикански идеали, но тоа е друга тема.) Постојат партиски членови кои се докажувале и по 5, 6 години, па ветеното баснословно работно место пак им го зел од пред нос некое креле или многу убаво моме што во партијата е од утре (поради роднински или сексуални, овај, христијански побуди, кхм.). Зошто? Затоа што се е ветер и магла. Зошто? Затоа што гласови. И личен интерес. И бизнис интерес. И курварлук. Да сумираме: гласови и интерес. Во превод: себичност и криминал.

7. Ако, пак, сте имале интегритет да не се согласите ниту со таквиот однос, и да ги преживеете и заканите за дефенестрација, тогаш, сепак, се топи голем дел од блефот и блеснува бедата: за вас, конечно, е најдено работно место, то ест, понуда. Вие, како високообразован, слободоумен, високо компетентен и чесен кадар сте задолжени со работни обврски, одземени од работните обврски на веќе некој вработен (и кој едвај врзува крај со крај, и кој без своја волја добил наредба да ви даде дел од работата), и за кои ќе добивате по 1000 денари месечен надомест. Колку да имаш за цигари. Нешто помала месечна плата од уличен чевлар во Бангладеш.

8. Нормално, непристојните предлози и понижувањата се неподносливи (всушност, за кого-како), и откако ја одбивате понудата, е тогаш веќе се врти играта на глава: сега вие сте неблагодарните, нечесните, негативните, потценувачите. ВМРО-ДПМНЕ е чист ко солза. Мајка. Тереза. Вие сте мрзливите, вам нешто ви фали, се преценувате, суетни сте, прво ви пречеше партиско вработување, сега ви пречи и вработување за 1000 денари, како не ви е срам? Па имате ли вие образ??

9. Имаме. И затоа збогум. Но имате ли вие, ВМРО-ДПМНЕ?

10. Само привремено. Т.е. до следните избори. Кога ќе ѕвонат телефони, ќе се даваат паушални ветувања за можни вработувања, ќе се пропишуваат прелиминарни совети за вмроовчарска индоктринација по пат на автолоботомија, и сето тоа по цена од само 4 нови, екстра обезбедени гласа за единствените и неповторливите катастрофи, ВМРО-ДПМНЕ. Баш. Еве одма, трчам. Просто обожавам да бидам третиран како број. Нормално, иронизирам. Конечно го исфрлив паразитот од себе. Или тој мене од него.

**
ЛЕКЦИЈА ВТОРА

(ИЛИ, ЗА ОРГАНИТЕ ОД КОИ ЦИЦА ПАРАЗИТОТ):

1. За да волонтираш во државна агенција, не треба само да бидеш добар и желен студент со исполнет просек. Тоа е лага. За да бидеш волонтер во државна агенција (во превод, да им ја работиш целата работа на трутовите таму, за месечен надомест од некои 3.500 денари), потребно е да имаш партиска книшка. Но, сепак, бидејќи толку многу луѓе имаат партиска книшка, следната неопходност е да имаш силни врски и да ги бркаш барем 5-6 месеци. Инаку, џабе ти е. Но еј, сепак… 3.500 денари а? Башка нели после 2 години волонтирање и работење за другите (додека они си го тегнат) по закон ти следува предност при вработување. Па како и во сите нормални држави прво волонтираш, се докажуваш, и потоа ти го вреднуваат трудот и посветеноста, и ти даваат решение. Не мора за стално, ама барем нормална плата да имаш, кога веќе работиш. Така оди тоа, нели? Е, па, малце си се заебал. Според ВМРО-ДПМНЕ, нема потреба да живееш во нормална држава и да имаш нормални очекувања.

2. Вадиш книшка. Фаќаш врски. Уф, конечно, те примаат. Конечно, ќе можеш да се здобиеш со некакво работно искуство, за скоро ич пари. Ако, налет нека е! Друго е коа ќе ти стои во CV. И башка, за 2 години, ќе имаш предност при вработување! Па сепак, работава е техничка, ти и уште 5-6 волонтери инженери би требале да ги наследите тие работни места, ем искусни, ем, нормално, во агенцијата треба да работат стручни инженери. Арно ама… навршувате 1 година и 9 месеци волонтирање. Веќе на неколку огласи на кои вие како волонтери би требале да бидете уважени или унапредени, се вработуваат луѓе со земјоделски факултет, со педагошки факултет, со секаков факултет освен оној кое го бара работното место. И тоа, освен една (роднина на извесен популарен и моќен, провладин лик), другите се луѓе во години. И тие нечии сопруги, некој некогашен функционер… Што правите, млади волонтери, инженери? Пишувате многу учтиво и коректно писмо до директорот на агенцијата, предочувајќи му ги законските прописи и обврски според кои предност при вработување треба да добиете вие, кои им ја работите работата, за скоро ич пари, за да се докажете. Ко во секоја нормална земја, нели? (Освен ич-те пари, во нормални земји волонтерот не се третира како привезок.)

3. Само еден ден по учтивото писмо до партискиот директор, добивате низа закани, и погодете што: сите волонтери до еден, што сте упатиле критика, од утре сте веќе непотребни, а договорите ви се поништени. Неблагодарни вчерашни копилиња. Вие ли бре ќе му солите памет на ВМРО-ДПМНЕ за некакви законски обврски и прописи? Образованието е сила, образованието е моќ, под услов да знаеш кому да му го издудлаш (и колку долго). Ќути и пуши, инженеру. Во спротивно, веќе ни овие 3.500 денари нема да ги видиш. Долги се срамните влакна на ВМРО-ДПМНЕ! Со нив дават инженери.

***
ЛЕКЦИЈА ТРЕТА

(ИЛИ, КАКО ПАРАЗИТОТ ГИ УНИШТУВА БЛАГОТВОРНИТЕ СИМБИОТИ КОИ МУ КОНКУРИРААТ):

1. Конечно, си имаш работа со странци, со кои нема заебавање! Странциве, ни книшка барање, ни врски фаќање, ни индоктринирање, ни уцени, ни „активирај се и докажувај се во натпреварот по лоботомија во локалниот штаб“, ни „ако донесеш пун курац гласови за МЕНЕ, тогаш ќе добиеш помалку од што заслужуваш“. Ама затоа пун курац тестови, ригорозно, си дестилираат квалитет. Ги поминуваш сите тестови. Си го добиваат кандидатот. Ти си ја добиваш работата. Честито и за двете страни.

2. Меѓутоа, локалниот партнер, зад кој стои ВМРО-ДПМНЕ, не можат да остават да вирее нормалност, нели така. Мора веднаш некако да мавнат клизачи. Тенијата чувствува конкуренција во организмот, па почнува да се нервира. Како тоа да не цица и од таа цицка?! Проблемот: нечија роднина не влегла таму. Роднина на некој моќен од ВМРО-ДПМНЕ. Позади кој стои (или тој стои зад неа) една државна институција. Проблемот, е, значи, некој непартиски и квалитетен добил работно место. Ова, секако, е проблем за ВМРО-ДПМНЕ. Што да се прави?

3. Лесно е. Малтретажа од типот недавање плата од страна на македонскиот партнер под капа на ВМРО-ДПМНЕ. Демотивирање на вработените. Проблематизирање (секојдневно) на вработените и странскиот партнер. Им гасиш интернет. Им гасиш струја. Им позајмуваш ресурси и не им ги враќаш. Закажуваш состаноци и не се појавуваш. Купуваш 30 MacPro компјутери, JBL звучници ко за на Вудсток, 2 нови возила, но немаш по 10.000 денари за плата. Потпишуваш договори за работа, три пати ја грешиш датата, па откако плата не стига, се правиш луд и пак не исплаќаш, оти договорот бил неважечки. Резултат, години подоцна? 6 плати уште непрефрлени, отказ (после 3-4 неиспочитувани договори со локалниот ВМРО-ДПМНЕвски партнер) ефектуиран. Резултат од натпреварот: ПАРАЗИТОТ ВМРО-ДПМНЕ 1 : ПОНОРМАЛНИОТ СИМБИОТ 0.

***

Да не гњавеа на телефон и да не ме потсетеа дека постојат, немаше да се случи блогов. Но, како што бива, секоја акција нужно повлекува спротивна и пропорционална контрареакција. Они мене очигледно ме перцепираат како број, јас нив како едно купче од букви опишано погоре (кои со гадење ги напишав). И не дека тоа е се, опишаното не е ни една третина од доживеаното. Да не спомнуваме за рамковните вработувања, и луѓе што седат дома а секој месец добиваат по 300-400 евра на сметка. Дишат воздух во соодветниот штаб, не им е лесно…

А за посредни лекции, ехе, ВМРО-ДПМНЕ е многу добар учител. Еве пред неколку дека научив дека државата според замислата на ВМРО-ДПМНЕ во секој момент има 18 и кусур милиони евра за железно, посрано, панорамско тркало кое ќе го зарие во фекалниот Вардар, ама нема ни 1/20-на од тие средства за да го санира ноторното битолско музичко училиште во кое нашите идни уметници си шлапкаат во измет и си дишат пареи на уреа, ниту пак има средства за болницата во која снемува струја и по неколку саати (а пациентите паничат, кој на апарат, кој без греење, оти еј, па ни централно греење во многу болници нема), ниту пак има средства за штипската бања која наликува на украинскиот град Припјат, во областа Чернобил. Ниту за коритото на штипската река Отиња, кое го раскопаа тие, и сега градот личи на една од оние борбените зони во Кабул.

За ништо нема средства, освен за приватни џебови. И за незаслужени вработувања. И не е се така црно, малку мава и на сиво… Добар дел луѓе или уште не го примиле, или го исфрлиле паразитот од себе. Паразит ко паразит, може да се преправа, да ти мачка очи, да ти глуми дека ти користи, а уствари тивко да те убива. Прво влегува низ дигестивниот тракт, маѓосувајќи те со ветувања за леб, храна, достоинствен живот, семејство, топол дом, патриотизам… после ти ги одзема органите ден по еден. Паразитот ти проповеда Македонизам, а произведува македончиња-полтрончиња. Си апси и оцрнува арбитрарно. Арно ама, ај да не бидеме толку сериозни и да не го преценуваме суштествово, па оно само сака да живее. Се знае и од каде, и како излегува, т.е. се исфрла паразитот. Знаете од каде?

Отпозади. Редно е да го искакаме. Јас го искакав и сега сум чист.

Вие, драги мои сограѓани… како сакате, така. Ваше е да си изберете што сте: граѓани Македонци, или македончиња полтрончиња.
23-02-2014, 05:07 PM
Reply
трендафил Offline
Member
***

Posts: 166
Joined: Jan 2010
Reputation: 3
#2

Треба ли да веруваме дека кога СДСМ е на власт на државно ниво или таму кај што сега е на власт на локално работите се различни од тие што ги пишува во колумната. Или пишувачот смета дека се работи за патентно право на оваа партија.
Не е ли нормално покрај формалните квалификации еден работодавач да има и доверба во тој што ќе го вработи. Дали власта може да има доверба во некој што почнува да мрази и барок и стиропор кој се користи за изолација и во владините градежни проекти дека ќе работи со сето знаење и умеење во спроведувањето на програмата што победи на изборите.
04-12-2014, 11:06 AM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#3

Problemot e sto dpmne e 100% polos od sdsm,se sto bese loso sega e nadgradeno i prosireno vo 1000 cekori.
28-01-2015, 04:21 PM
Reply