Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ОД ПОЛИЦИСКО ДУВЛО ДО РАСАДНИК НА КАДРИ КОЈ ЈА ИЗВАЛКАА МАКЕДОНСКАТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,760
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:КОДОШИ СО НАУЧНИ ТИТУЛИ !!

ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ОД ПОЛИЦИСКО ДУВЛО ДО РАСАДНИК НА КАДРИ КОЈ ЈА ИЗВАЛКАА МАКЕДОНСКАТА ТРАНЗИЦИЈА

[Image: 85CF44328664DE47B30D489D18CDC94B.jpg]


ФОКУС 583
Како може при двајца министри за полиција од Правниот факултет со титулите проф. и д-р: Фрчковски и Чокревски; двајца за Правда- Поповски и Камбовски; еден претседател на Врховен суд- Гелевски, двајца во Уставен суд-Џунов и Нетков, два директори на Агенцијата за разузнување- Поповски и Китановски, па ете дури и еден премиер во ликот и делото на професорот по римско право, Бучковски, после деценија и пол, ЕУ да инсистира на реформи во судството и во полицијата. Мора да има некаква вградена фабричка грешка на Правниот факултет 'Јустинијан Први'.

Пишува Јадранка КОСТОВА



Источна Германија беше меѓу првите посткомунистички земји, која уште во 1991 г. се 'прочисти' од соработниците на тајната полиција. Тогаш излезе на виделина фрапантната бројка од дури 170 000 доушници. Но како вистински куриозитет прозвучува податокот дека само во една нејзина покраина биле лустрирани или работата ја изгубиле, внимавајте- 13 500 наставници и раководители во училиштата и универзитетите, кои биле 'кодоши' на Штази.
Овие источногермански искуства се само добар вовед во нашата тема. Нашите шпиони со научни титули вгнездени низ универзитетските и научните одаи. Тајната комунистичка полиција очигледно дека особено била заинтересирана и загрижна за 'здравјето' на учените луѓе, кои треба да одгледуваат и негуваат нови политичко подобни поколенија. Македонската УДБА не била ништо поразлична или поглупава од останатаите сестрински служби. Но додека повеќето посткомунистички земји се 'прочистија' од ваквите чпиони во научна обланда, кај нас зборот лустрација е табу тема токму на Универзитетот.
Зошто изостана гласот на научната елита за прочистување на самостојна Македонија од кодошите на комунистичката тајна полиција? Одговорот ќе ви се наметне ако ги дознаете соработниците. Ќе видите дека истите ни се 'елита' и во плурализмот. Додуше, во Македонија наследниците на комунистичката партија, СДСМ, иако загубија на првите избори на 'волшебен' начин останаа да владеат. Сефте треснаа дури осум години по падот на еднопартизмот.

УМЕТНИЧКИ КОДОШЕЊА-'ДРАМАТУРГ' И 'ТАЈНЦ'

За време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, кога со полицијата раководеше Доста Димовска беше донесен законот за отворање на полициските досиеа. Историчарот д-р Зоран Тодоровски, кој бил дел од тимот кој работел на овој проект, ни изјави дека тие подготвиле два закона- еден за досиеата, а вториот за кодошите, но вели не му е познато зошто вториот, законот за лустрација воопшто не стигнал до законодавниот дом. Според некои ВМРО-овци, ембаргото им било наводно објаснето со ветото од алтернативците на Циле. Чудно е само што и тогаш кога владееше десницата, лустрацијата не доби гласност како проект, туку некако се задскри зад досиеата. Времето ќе покаже дека и во тој период тајната полиција била под тајна контрола на реформираните комунисти. Но, тоа е посебна тема.
И досиеата се отворија, што на некои им даде ореол на жртва. Меѓутоа фактот што некој има досие не значи дека немал и статус на кодош. Доброупатените во оваа 'направија' кои сакаат да останат анонимни, ни тврдат дека имало доста осудени за Информбирото, кои лежеле на Голи Оток, а потоа биле принудени да работат и како доушници. Што би се рекло- УДБА ти станува судба. Еднаш си кодошен, а потоа кога ќе те уловат во грев, па ќе ти понудат излезна атернатива- да станеш кодош. По истиот принцип биле врбувани и одредени млади '68-маши', кои биле најпрвин етикетирани заради либерализмот, а потоа биле 'умрежени'.
И кога оваа работа не е расчистена, за да се знае кој е кој, останува само да се шпекулира и нагаѓа. Оние кои имале можност да ѕирнат во 'кодошкиот' именик, можат вака да си ги користат сознанијата за замолчување или уцена на 'грешнициве', кои барем сите се согласни дека се уште се фактори во јавниот живот. И веројатно така убаво им се погоди работата, па не се приврзаници на лустрацијата, зошто ќе останат без скриените адути. Во секој случај, и покрај бројните усни преданија, но и одредени писмени поткрепи, за да ја избегнеме можната манипулација, иако јавноста се пали на имињата, и овој пат ќе бидеме внимателни. Целта на целиот серијал е само да ја поттикне лустрацијата како проект, иако станува збор за моќна и бројна групировка, па работава тешко оди. Меѓу информациите до кои дојдовме, за кодошите со научни титули распознавме битни фаци кои во овие 15 години го креирале јавноито мислење, а го креирале така да го држат во мрак. Биле во влада, станувале декани на факултети, ги знаеме како демек угледни експерти, некои 'само' се концентрирале во НЏО-ата, и секако врие од нив во сите партии. Доброволно или со уцената, сеедно, но како доушници од редот на МАНУ, на пример, фигурураат лицата со псвдоними 'Фолклорист' и 'Пиринец'.
Пред 30-сетина години, на пример, со задача како што ќе стои во картончето: 'за следење, попречување, и документирање на непријателска активност на безбедносно интересни лица, експонирани од позиција на граѓанска десница, анархолиберализам, бирократски догматизам, антисамоуправни и други дејности пред се во културните средини кои се од интерес на СДБ', од Факултетот за драмски уметности биле 'учипени' уметниците со псевдонимите 'Драматург' и 'Тајнц'.
Но ова е само за загревање. Нашиот интерес сепак ќе го насочиме кон Правниот факултет во Скопје, кој од оваа временска дистанца изгледа како вистинско доушничко дувло на тајната полиција. Зошто? Одговорот е многу едноставен. Токму на овој факултет треба да се изнедрат идните судии и обвинители, што се од особен интерес за секоја комунистичка гарнитура. И второ, токму во оваа десенија ипол, ѓоамити плурализам, токму Правниот стана расадник на кадри за сите сегменти на власта. И да биде иронијата поголема, Макеоднија заглави во вечна транзиција.

'КОДОШКИОТ ЏГАН' ОД ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ

Но да почнеме од 1951 г, кога е формиран факултетот. Во него уште тогаш се инсталирани сите учени кадри на полицијата. Во оваа прва гарнитура ќе бидат и оние што беа судии или обвинители во процесите против Ченто и другите национално определни кадри што, демек, скренале од курсот на Партијата. Втората генерација, доаѓа главно од роднини на првите, или стипендисти на полицијата. Неколкумина ќе бидат деташирани на битолскиот Правен факултет, ама после еден скандалозен настан, токму благодарение на нив, ќе настрада Битола. Детали за скандалот ќе биде вешто сокриени. Но и СКМ и управата на скопскиот факултет ќе држат тајни седници. Нашиот извор тврди дека дури без кворум била донесена одлука за укинување на битолскиот правен факултет, а 'талентите' вратени во Скопје. Во секој случај, ваквите забошотени скандали се одличен повод потоа полицијата да ве има на узда.
Но, кога во 70-сетите години ќе биде во тренд, согласно 'писмото на Тито' да се расчистува со либерализмот, токму Правниот факултет ќе добие ореол на дисидентски. На удар ќе дојдат Славко Милосавлевски, Томислав Чокревски и Милан Нетков. Сепак, ретко кој може да ви наведе барем еден нивен труд или напис во кој изрекле и се заложиле за либерализмот. Ќе да е дело на кодошите од нивните кабинети, реферирани од некави нивни неврзани муабети.
И има и трета генерација правнички 'доушници' за која тврдат дека иако има етикета на демократска и '68-ашка', всушност и во овие редови има такви кои соработката со службата ја прифатиле како дополнителна дејност. Да, ете и асистент си го кодошел менторот професор.
Секако, од интерес на службата ќе биде и професорот Ѓорѓи Марјановиќ заради неговите залагања за укинување на фамозниот 'вербален деликт'. Но, Марјановиќ остави писмени траги за својата идеја. И денес како пензионер, тој смета дека државата би требала да биде заинтересирана да се ослободи од услугите на тој, како што го ословува 'одвратен кодошки џган'. За кодошите од неговиот Факултет вели:
-Не ми паѓа на памет да си правам 'бајрам со умот' и да мислам дека во мојата довчерашна куќа (Универзитетот!) работите стојат битно поинаку! 'Проверените' комуњарски кадри (довчерашни декани на измислени факултети за безбедност и општествена самозаштита, републички и сојузни министри за правда) и денес, рециклирани до непрепознатливост, најсигурно чекорат по скалилата на македонската академска хиерархија. Погледнете само кого од Правниот факултет во Скопје го направија 'бесмртник' и се' ќе ви биде јасно. А на факултетот (и не толку тихо!) луѓето меѓу себе си играат мајтап со конспиративните псевдоними на нашите осведочените комуњарски кодоши. Но, не би можел да ги кажам тие кодошки прекари на моите колеги, иако кодошите меѓу нив многу убаво ги знам- вели Марјановиќ.
Патем речено, неодамна од Правниот факултет за академик беше избран проф. д-р Владо Камбовски. Всушност, Милосавлевски, Нетков, Чокревски и Марјановиќ беа само како демократски украс, икебана на Правниот факултет зад која се задскриваа едно чудо 'тастери'.

РАСАДНИК НА КАДРИ СО ФАБРИЧКА ГРЕШКА

И така Правниот факултет влезе во плурализмот. Ем со дисиденски имиџ, ем дувло на доушници на тајната полиција. И како таков, стана главниот расадник на кадри во сите сегменти на власта. На преминот, во Извршниот совет кој не внесе во првите повеќепартиски избори, потпретседател беше Тито Беличанец, професорот по 'здружен труд'. Колку да нема дисконтинуитет. И потоа имаме вистински правен кадровски бум. Љубомир Фрчковски, Јане Миљовски, Денко Малески, Софија Тодоровска, Томислав Чокревски, Димитар Бајалџиев, Владо Поповски, Гордана Силјановска (ЛП), Лазар Китановски, Владо Бучковски. Со исклучок на Силјановска, сите до ред беа министри на реформираните комунисти- СДСМ. Потоа по бројност доаѓа Демократската алтернатива, која главно беше пополнета од докажани комунистички дејци. Низ владините кабинети под знамето на ДА поминаа: Васил Тупурковски, Владо Камбовски, Саво Климовски (претседател на Собранието), Гале Галев. Со подршка на алтарнативата, Симе Гелевски набрзина стана претседател на Врховниот суд. Пред тоа, пак, 'розите' го дадоа Љупчо Арнаудовски за Републичкиот судски совет, а во Уставниот суд од Правниот факултет ќе заминат Тодор Џунов и Милан Нетков. Откако им заврши мандатот, за да нема луфта, требаше во уставниот да замине Миодраг Мицајков ама се повлече откако разбра дека претседателското место е резервирано за друг заслужен кадар. Секако, и за Милосавлевски ќе се најде место. Ќе биде амбасадор во Белград, и тоа предолго.
И доаѓаме до клучното и логично прашање: како може при целава плеада доктори на правни науки во сите сегменти и во врвовите на власта, и после 16 години Македонија да тоне и да биде на опашката во Европа? Како може при двајца министри за полиција од Правниот факултет со титулите проф. и д-р: Фрчковски и Чокревски; двајца за Правда- Поповски и Камбовски; еден претседател на Врховен суд, еден на РСС, двајца во Уставен суд, два директори на Агенцијата за разузнување- Поповски и Китановски, па ете дури и еден премиер во ликот и делото на професорот по римско право, Бучковски, после деценија и пол, ЕУ да инсистира на реформи во судството и во полицијата. Мора да има некаква вградена фабричка грешка на Правниот факултет 'Јустинијан Први'. Или можеби според нивната 'научна' дефиниција Македонија е правна држава по автоматизам затоа што во власта постојано има барем тројица од Правниот факултет. И на 50-сет годишниот јубилеј, кога во 2001 славеа уште самите се гордееа што демек биле расадник на кадри во политиката, наместо да се засрамеа бидејќи нивните 'расади' ја сотреа земјата. Дека 'подобноста' била строго контролирана се покажа што од таму единствено ВМРО ДПМНЕ не се збогати со некоја 'фиданка'. Но затоа, во 'потпикувачки' стил, на јубилејот без око да им трепне им дадоа златни стауетки Јустинијан Прима на Борис Трајковски и Љубчо Георгиевски. Секако едниот беше претседател, вториот премиер. Всушност се виде како правилно е таму негуван односот кон моќта. Срамот, пак, е непозната категорија.
На пример, делува дури перверзно кога Министер за внатрешни работи во најмрачниот период од нашата валкана транзиција- во кој влегува кршење на ембаргото кон СРЈ и шверцот преку кој поединци- бизнисмени соработници на ДБК станаа моќна финансиска олигархија; потоа контроверзната приватизација преку која се испумпа силни милијарди на сметки во егзотични земји и острови; човекот во чиј мандат се случи атентат над претседателот на државата, за што се водеше дилетантска истрага; потоа во чије раководење со полицијата останаа неразјаснети дузина мистериозни (само)убиства; се забошоти Хард Рок ... И да не набројуваме натаму, но единствено не направи реформи на ресорот, па тие и денес Брисел ги бара од нас; денес тој исти Фрчковски да тртља (негов омилен израз) за ред и поредок, за одговорност, е во најмала рака бесрамно. Или во неговиот вредносен систем тоа што зборува англиски, а приори го прави реформатор, чесен и доблесен?! Да му се чудиш на умот.

РАЗМНОЖУВАЊЕ НА НОВИ БАЛКАНСКИ ШПИОНИ

Логично прашање би било и зошто при толку универзитетски кадри во сите влади, Македонија остана нелустрирана? Доколку стануваше збор за неизвалкани , за луѓе со прогресивни идеи, за демократи по карактер или барем за вистински дисиденти од комунизмот, сигурно идејата за лустрација барем ќе беше во нивниот вокабулар. Согласно пак моќта што ја имаа во власта, процесот ќе беше одамна завршен. Но кадровската политика 'наше дете' и натаму е на сцена. Сите оние, пак, што излегуваа од оваа шема, па иако 'неподобни' добија шанса да ја помирисаат одблиску власта, а при тоа се извалкаа, станаа погодни за теледиригирање. Согласно филозофијата 'корумпирај, па манипулирај', што ќе признаете во Македонија во континуитет успешно се практицира. Со нереформирана тајна полиција, пак, јасно е каде е Центарот.
Но и Европа сфати дека со рециклирани комунисти, без лустрирани доушници кои и натаму жилаво просперираат во општеството,тешко може да се градат нови вредности и демократски систем. Не случајно минатата есен во Белград, после двегодишна работа, беше одржан собир на темата 'Лустрација во Западен Балкан'. Организација беше на Центарот за демократска иницијатива и помирување во Југоисточна Европа од Солун, а со подршка на Европската Унија и УСАИД. Тоа доволно говори дека за Брисел лустрацијата можеби не е услов за влез во Унијата ама е пожелна работа и особено тест за ориентацијата на владеачките врхушки.
И она што особено заслужува да се потенцира, се зборовите на директорот на овој проект, Магардиш Хечикјан дека 'законот за лустрација и архивите на тајната полиција треба да го покрие и периодот по падот на комунизмот'. Инаку објаснувањето е многу просто- во Западниот Балкан нема лустрација пред се, затоа што речиси секаде на сила е континуитетот на политичките елити од комунизмот. Затоа тајните служби и натаму ги контролираат политичарите.
Ако пак се 'прими к знању' дека тие, тајните служби, до 1990 и официјално си беа заедно собрани под 'брендот' УДБА и КОС, тогаш јасно е дека овие балкански мрежи не се сосема прекинати. Но, на сите им е јасно дека оние кои се позадински актери нема самите себе да се лустираат и ќе даваат отпор кон реформите и приближувањето кон Европа. На собирот во Белград дури е посочено дека ситуацијата во Западниот Балкан (екс СФРЈ минус Словенија, плус Албанија) е уште полоша после 1990, бидејќи 'веќе не знаеме колку и кои се служби водат евиденција за нашите животи'. Согласни се и дека од 1990 г. на Балканот почнало размножување на нови балкански шпиони.
Интересно е дека на овој собир и во овој проект од Македонија учествувал и 'соросовецот' Владе Милчин, кој до неодамна беше член на ЦО на СДСМ. Според извештаите од српските медиуми таму го носел и своето досие од 217 страници (формат А4) водено за него од 1968 г. од неговите студентски денови во Белград кога УДБА го завела под графата 'анархолиберал'
За 'дивно чудо' целиот овој проект не доби никаква гласност во Македонија. Ниту од домашните медиуми, ама ниту од Милчин кој инаку се истакнуваше по едно чудо акции и кампањи, како што беше за изборот на Црвенковски за претседател или ден пред референдумот за територијалната кројка со прославата на плоштадот ама демек за американското признавање на уставното име. Лустрацијата како да не му е од посебен интерес. Но, никогаш не е доцна.
После сево ова, делува благопријатно веста барем за почеток дека во новиот кабинет на Груевски нема кадри од скопскиот 'расадник'. Лошиот дел од вест е дека за прв пат кога една македонска влада остана без вакви расади од 'Јустинијан Први', по само неколку недели започна воениот конфликт во 2001 г. Но, за улогата на тајната полиција додека СДСМ и Црвенковски се во опозиција, но и 'борбата за човекови права' на учк-ите на Ахмети, во следниот Фокус.


Д-р Ѓорѓи МАРЈАНОВИЌ:
ЌЕ СЕ РАЗНЕБИТИ УНИВЕРЗИТЕТОТ АМА ЌЕ ОЗДРАВИ МАКЕДОНИЈА

Македонија мошне 'килаво' се влечка низ процесот на 'транзицијата' зашто никогаш не раскрсти со своето 'комуњарско' минато. Лек за тоа имаше (и има): името му е лустрација или жртвено прочистување од комуњарските гревови! Се плашам само дека е и премногу доцна. Комуњарите во меѓувреме до непрепознатливост се превапцаа со сите можни фарби, а и да ги препознаеме толку добро се 'нафатираа' (според законите кои самите си ги донесоа!) што веќе мува не ги лази. Се закожурија како комуњарски ларви, се излегоа како националистички пеперуги. Тој филм може да се види само кај нас. И после се чудиме што има толку отпори спрема нашето влегување во ЕУ.
За жал, донесување закон за лустрација кај нас не ми изгледа веројатно, иако е тој цондитио сине љуа нон за конечно оздравување на болното македонско општество. Вицот е во тоа што ќе мора да жртвуваме еден голем куп креатури кои се во најдобар случај на десетина години пред пензија со опасност да го разнебитиме Универзитетот, да ја растуриме МАНУ... Па сепак, си мислам, па си мислам: штетите поради оваа жртва би биле помали од непроценливата корист за здравјето на Македонија.


'Расадите' од ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ


Проф. Д-р Љубомир ФРЧКОВСКИ беше министер за внатрешни работи во периодот на кршење на ембаргото кон СРЈ, криминалната приватизација, атентатот врз претседателот на државата. После сиве 'успеси' беше шеф на дипломатијата, се додека Црвенковски не му даде шут карта. А негов 'сукцесор' во полицијата стана колегата му Чокревски.

Проф. Д-р Лазар КИТАНОВСКИ пред 'Промените' беше министер за одбрана, а после '15 септември' сигна до директор на Агенцијата за разузнавање. Како да чувствуваше дека ќе загубат, па навреме си обезбеди пратенички мандат во новиот собраниски состав. Инаку колегите од факултет му дадоа прекар Суслов.

Проф. Д-р Владо ПОПОВСКИ бил министер за одбрана, па за правда, но и директор на Агенцијата за разузнување. Најпрвин беше деклариран како независен, но важеше за близок до Глигоров, па се најде кај Либералите, а сега е советник на Груевски.

Проф. Д-р Владо КАМБОВСКИ во владата 'За промени' ќе биде министер за правда од редовите на Демократска атернатива, но само до првата реконструкција. Најмногу го 'олајаваа' токму сдсм-овските министри како близок на службите. Беше И минстер за правда во последната Сојузна влада на Анте Марковиќ. Од неодамна е избран за 'бесмртен' во МАНУ.

Проф. Д-р Владо БУЧКОВСКИ стартуваше како министер за одбрана во широката коалиција во 2001-та. Се приклучува на СДСМ после падот 1998, но затоа ќе дотера до премиер. Заради спорните набавки во одбараната ќе биде клиент на заменик јавниот обвинител Михајло Маневски во 2002-та, па исто како и 'клиентот' Фрчковски (само заради атентатот) најмногу ќе го 'боли' зиборот на новиот министер за правда.
17-02-2014, 03:09 PM
Reply