Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ВО ДРЖАВА КАДЕ ШТО ПОСТОИ ЈАВНО МНЕНИЕ, ФРЧКОВСКИ НЕ БИ БИЛ НИ ВРАТАР НА ПРАВНИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

ДАЛИ ФРЧКОВСКИ НАВИСТИНА ГО ПИШУВАЛ УСТАВОТ !!?? 1



Едно општество да стане демократско мора во него да има иградено јавно мнение. За да има јавно мнение во општеството треба да има академици, новинари, уметници, ... со еден збор, граѓани од сите слоеви со личен интегритет. Луѓето со личен интегритет, партиската припадност единствено ја искажуваат зад параванот кога гласаат. Во сите други ситуации пред се и над се, се интересите на државата, моралот, етиката ...




Намерно направив подолго видео бидејки сакав да ја воочите и вие збунетоста на Фрчковски од прашањето, неколкуте започнувања да даде одговор и на крак одбегнувањето на давање на конкретен одговор на прашањето кое го постави водителот.
Кога прашаниот одбегнува да даде конкретен одгвор јасно е дека сака да се сокрие вистината.
Водителот не го праша Фрчковски зошто се лустрирани инспекторите, за да тој одговори дека инспекторите работеле според законот, прописите, правилниците. Инспекториѕе не се тие кои треба да се грижат за УСТАВНОСТА на законите, прописите и правилниците.
За уставноста на законите и другите акти, првин треба да се грижи министерот, владата ако тие направат пропуст од било кои причини постои институцијата Уставен суд, институција која мора да го брани уставот, која мора да се грижи за доследно почитување на уставот.
Налозите кои се давани за прислушување и следење биле во согласност со прописите вели Фрчковски и тоа не е спорно, со тоа се симнува условно одговорноста од инспекторите. Проблемот за Фрчковски, владата и Уставниот суд е во тоа што прописите не биле во склад со уставот.
Да го потестам пишувачот ама по се ке излезе дека Фечковски само бил препишувач бидејки е невозможно самиот творец ако навистина е творец да не знае што напишал во уставот.
Затоа еве да го потсетам што е напишано во уставот и што Фрчковски бил обврзан со заклетвата која ја полагал кога станал министер да го почитува:

Quote:Член 17

Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење.

Само врз основа на ОДЛУКА НА СУД може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката.

Quote:Член 51

Во Република Македонија ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ВИДАТ ВО СОГЛАСНОСТ со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.

СЕКОЈ Е ДОЖЕН да ги почитува Уставот и законите.


Јордан Петровски

продолжува
11-02-2014, 12:46 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

ДАЛИ ФРЧКОВСКИ НАВИСТИНА ГО ПИШУВАЛ УСТАВОТ !!?? 2






Универзитетскиот професор во видеово вели дека законите на бившата СФРЈ се применувале до 1992 година, до моментот кога е донесен новиот закон на МВР. Ама на секоја лага и се крастки нозете па така и на лагата на универзитетскиот професор Фрчковски. Еве решение за ПРИСЛУШКУВАЊЕ кое е донесено на 04.05.1994 година, значи скорo две години по носењето на уставот од 1991 година.


[Image: 2qdsyvq.jpg]



Универзитетскиот професор во видеово уште вели дека: "се прифаќаат законските прописи од бившата Југославија доколку не се во противност со новиот устав!!!"

Во уставот на Р. Македонија донесен во ноември 1991 година, а наводно напишан од Фрчковски во Член 17 се вели: Само врз основа на ОДЛУКА НА СУД може да се отстапи од начелото на неповредливост .....





[Image: 6xtev4.jpg]


Јордан Петровски

продолжува







(This post was last modified: 11-02-2014, 02:21 AM by ЈорданПетровски.)
11-02-2014, 02:19 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

ДАЛИ ФРЧКОВСКИ НАВИСТИНА ГО ПИШУВАЛ УСТАВОТ !!?? 3





Во уставот на Република Македонија, донесен 1991 година, не пишува никаде ПОСЕБЕН СЛУЖБЕН ВЕСНИК.


Quote:Член 52

Законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила.

Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија" најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.

Законите влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето, а по исклучок, што го утврдува Собранието, со денот на објавувањето.

Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните.



Се наметнува едно логично прашање ако ПРАВИЛНИЦИТЕ за работа не се допстапни до граѓаните како тие ке знаат што е казниво, збрането. ПРАВИЛНИКОТ 10/92 во себе сосджи по кои ЛИНИИ НА РАБОТА ке се прогонуваат граѓаните.
Сум заборавил дали Сталин или Берија го има изговорено оваа: "дајте ни човек, јас ке му најдам случај-вина."
Целта, функцијата на ПОСЕБНИОТ СЛУЖБЕН ВЕСНИК е таа, тоталитарната комунистичка тајна полиција да може секого да го прогонува и се разбира без суд и превосилна пресуда да прогласува за виновен кога таа ке реши.

Јордан Петровски

продолжува
13-02-2014, 06:13 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

ДАЛИ ФРЧКОВСКИ НАВИСТИНА ГО ПИШУВАЛ УСТАВОТ !!?? 4






Фрчковски не ја споменува линијата за работа за Македонски Екстремизам и Врховизам. Линија која е воведена со правилникот за работа дпнесен во октомври 1992 година и објавен во НЕУСТАВНИОТ, ПОСЕБЕН СЛУЖБЕН ВЕСНИК 10/92 !! Не ја споменува бидејки таа линија ја открива докрај антимакедонската работа на СДБ водена од Фрчковски.

[Image: rtjac4.jpg]

Знаеме дека носителите на бугарскиот врховизам македонското прашање сакале да го решат во склоп на бугарската држава, југословенските врховисти сакале македонското прашање да го решат во склоп на југословенската држава, српските врховисти македонското прашање сакале да го решат во склоп на српската држава. Се наметнува прашањето на кого му пречело решавањето на македонското прашање да се бара и најде во македонска држава и затоа бил принуден да спроведува прогон и по таа „линија“?!




Кога и каде е употребено насилство од страна на лицата кои се прогонувани за МЕВ, Македонски Екстремизам и Врховизам.



(This post was last modified: 14-02-2014, 05:15 PM by ЈорданПетровски.)
14-02-2014, 05:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

ДАЛИ ФРЧКОВСКИ НАВИСТИНА ГО ПИШУВАЛ УСТАВОТ !!?? 5






Уставотворецот а во истовреме и генералниот секретар на Форумот за човекови права и потоа министер во чиj ресор е и тајната полиција, докторот по правни науки и универзитетски професор, Фрчковски на видеово вели:

Quote:-Можам да кажам дека овие што ги навеле тие, ниеден не е НЕВИН, НИЕДЕН АПСОЛУТНО !!!


Ама уставот на Република Македонија вели:


Quote:Член 13

Лицето обвинето за казниво дело ќе СЕ СМЕТА ЗА НЕВИНИ се додека неговата вина не биде утврдена со ПРАВОСИЛНА СУДСКА одлука.



Застрашувачко за демократијата во Македонија е што задолжените да го бранат уставот и уставниот поредок го одмолчаа оваа. Уставниот суд, една од институциите задолжени да го бранат уставот дури застана во одбраната на прекршителите на уставот, застана во одбрана на Фрчковски, поточно во одбрана на СДСМ, партија наследник на тоталитарниот Сојузот на Комунистите. Уставниот суд не застана тука, туку отиде и чекор подалеку, испрати лажни информации на Венецијанската комисија, во информацјата го сокри неуставното користење на тајната полиција во партиски цели, со цел да добие мислење од Венецијанската комисијата со кое ке го покрие амнестирањето на СДСМ и Фрчковски.
Застрашувачко е што борците за човекови права и борците за рушење на режимот на Груевски: Најчевска, Кaлајалџиев, Пировска, Трајаноски, Героски, ... не само што не го осудија Фрчковски за вакво толкување и практикување во време кога беше на чело на МВР, туку застанаа во негова одбрана.
Најчевска и Кајалџиев заедно со Фрчковски се професори на Правниот факултет, научно образовна иинституција која образува и воспитува идни правници. Дали од овие ментални комунисти, студентите ке научат дека уставот треба и мора да се почитува а неговите одредби беспоговорно и во потполност да се спроведуваат.


Јордан Петровски

продолжува
16-02-2014, 03:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

ДАЛИ ФРЧКОВСКИ НАВИСТИНА ГО ПИШУВАЛ УСТАВОТ !!?? 6





Докторот на правни науки вели:

"ниеден не е невин, апсолутно!! Тоа можат да го потврдат сите што биле вклучени не само јас"

Значи да ги прашаме инспекторите, соработниците!!!! Овој е тотално луд, кој ли му даде диплома на шутраков, кој ли му даде пишува Устав ....??
Aко е така како што вели на видеово тогаш зошто го напишал шутраков оваа во уставот:


Quote:Член 13

Лицето обвинето за казниво дело ќе СЕ СМЕТА ЗА НЕВИНО се додека неговата вина не биде утврдена со ПРАВОСИЛНА СУДСКА одлука.

Можеби кога е пишуван овој дел од уставот, шутракот бил отсатен, чекал пред вратата на Златна Вилушка за да се умилостиви Роли Јакуповиќ па да го прими на маса...

Да ги замолам почитувачите на ликот и делото на шутраков, Героски, Кабрамов, Пировска, Милчин, Исмаил да му пренесат на Шутраков дека САМО СУДОТ ја утврдува вината.


Генералниот секретар на ФОРУМОТ за Човекови Права незнае што е кршење на човекови права. Незнае дека секое прекршување на со устав загарантираните човекови права е ПРЕКРШУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА!!!
Тој со неуставното прислушкување, шутракот ги потпишувал решенијата за прислушкување, ги кршел правта на илјадници граѓани на Македонија.

Шутраков вели дека не им ги дале да ги видат досиеата што не е точно. Решенијата за прислушкување, доказот дека се кршени човековите права се достапни не само на комисијата туку и на сите граѓани.

[Image: 6xtev4.jpg]

Да го потсетам уставопишувачот прислушкување е дозволено само со СУДСКА ОДЛУКА.

Quote:Член 17

Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење.

Само врз основа на ОДЛУКА НА СУД може да се отстапи од начелото на неповредливост


Јордан Петровски

продолжува
(This post was last modified: 19-02-2014, 08:38 PM by ЈорданПетровски.)
19-02-2014, 08:36 PM
Reply