Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
КОИ СЕ, ПОТОЧНО КОИ НЕ СЕ, КОДОШИ ОД НОВИНАРИТЕ!!!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Новинари кодоши

КОЈ СЕ КРИЕ ЗАД ПСЕВДОНИМИТЕ БЕЛИ, НАРЦИС И ДОПИСНИК?


[Image: F484DBDB-7AA0-45C9-96CB-C1671B3A83CF_w26...6_cw96.jpg]

Кога ќе знаете кој се крие зад 'Бели', која новинарка се води како 'Дописник', а кој е 'Нарцис', тогаш ќе ви стане јасно како ден зошто при толку ТВ, на ниту една нема да биде ни споменат предлогот на Стојан Андов за обелоденување на имињата на доушниците на ДБК и нивно отстранување од јавните функции. Нешто што го сторија речиси сите посткомунистички земји како начин на прочистување на државниот организам. Но како лустрацијата да добие гласност кога повеќето домашни новинарски ѕвезди или ѕверки се така добро распоредени што нема шанса да пробие нешто што не им е по ќеиф ним. Или на нивните газди- кодоши од бизнис провиниенција. Или на Шефот со иницијали Б.Ц. кој стои на врвот на оваа тајна мрежа, своевидна 'алкаеда'.

Пишува Јадранка КОСТОВА


'Дописник', 'Ататурк', 'Бели', 'Нарцис', 'Попе', 'Консултант', 'Филозоф' се само еден мал дел од доушниците на тајната полиција, чија професија била новинарството. Оние кои се задскриваат зад овие кодошки имиња и денес се на важни функции низ македонските печатени и електронски медиуми. Ова го тврдат извори на Фокус, кои сепак инсистираат на анонимност. Кога ќе знаете кој се крие зад 'Бели', која новинарка се води како 'Дописник', а кој е 'Нарцис', тогаш ќе ви стане јасно како ден зошто при толку ТВ, на ниту една нема да биде ни споменат предлогот на Стојан Андов за обелоденување на имињата на доушниците на ДБК и нивно отстранување од јавните функции. Нешто што го сторија речиси сите посткомунистички земји како начин на прочистување на државниот организам. Но како лустрацијата да добие гласност кога повеќето домашни новинарски ѕвезди или ѕверки се така добро распоредени што нема шанса да пробие нешто што не им е по ќеиф ним. Или на нивните газди- кодоши од бизнис провиниенција. Или на Шефот со иницијали Б.Ц. кој стои на врвот на оваа тајна мрежа, своевидна 'алкаеда', а кој ги контролира сите процеси. Значи лудост е да очекувате колегите новинари да ја подржат лустрацијата, кога тоа би значело нивно соголување, а на професионален план -самоубиство.
Се разбира, молкот делумно го наруши Дневник со коментар од 29 јули, каде се прозива Андов кога веќе ги обвинува новинарите за соработка со тајната полиција, да кажел 'кој, кога, каде, како' и да ги обелоденел сите детали 'јавно, јасно и гласно'. И така Дневник, намерно или од незнење, проектот- лустрација го минимизираше, а решението го сведе на изјава на еден политичар кој ќе кажел кој и каде, а не на законска постапка во која ќе биде изведен целиот проект. Така правеа сите земји што веќе се во Европа, а не со деталите кои би ги изнел еден политичар. Работа нема да се реши ниту ако Фокус ги објави деталите за Ататурк или Консултант, за Бели или Дописник, за Нарцис или Попе. Затоа што тие се едно мало камче од огромната карпа. Со вадење на пет-шест алки од синџирот, не се растура мрежата.

ЧОКРЕВСКИ РЕЧЕ АМА СЕ ПОВЛЕЧЕ

Како тоа изгледа, се гледа и низ примерот на Романија, која токму сега пред влезот во ЕУ, ги раскринкува соработниците на озогласената тајна полиција на комунистичкиот диктатор Чаушеску- Секуритате. Се отвораат досиета класифицирани како 'строго доверливо', но се објавуваат и нивните шпионски имиња. За разлика од македонскиот молк, интересно е дека романските медиуми бараат да се објават имињата на некогашните соработници на тајната полиција во политиката, медиумите и на универзитетите. Здружението на граѓанските медиуми изработило список од 400 новинарски имиња, од кои се бара да дадат јавна изјава дали соработувале со полицијата. Јавноста била шокирана кога ТВ ѕвездата Карол Себастијан, симбол на антикомунистичката генерација, морал да признае дека уште како студент соработувал со тајната полиција. На списокот 'осомничени' се наоѓа и претседателот на романското новинарско здружение. Во секој случај, парламентарната комисија задолжена за контрола на тајните служби најавила истрага во редакциите на сите романски медиуми. Ваквото дури би рекле малку задоцнето проветрување и прочистување на Романија пред влезот во ЕУ, повторно и се припишува на фамозната министерка за правда, Моника Маковеј. Јавноста веќе и го даде прекарот Џедај заради нејзината борбеност и упорност. Таа ја ставила под клуч тајната полиција откако се посомневала дека уценува функционери со сознанијата кои ги поседува. Инаку заради 'добронамерниците' од СДСМ-овската мрежа, кои гледаат зло во секој од невладиниот сектор кој не е од нивната 'алкаеда', Моника Маковеј дошла за министер како претседател на романскиот разгранок на Хелсиншкиот комитет за човекови права. И навистина се прослави по борбата против корупцијата фасцинирајќи ги и Европјаните.
Како и да е, некој порано, некој подоцна, ќе мора да расчисти со ваквите реликвии на минатото. 'Непрочистена' Македонија останува последаната 'оаза' на нереформираната од комунизмот тајна полиција. Експертите предупредуваат дека при една ваква обемна операција треба да се внимава, да нема подметнувања. Екс министерот за внатрешни работи, сега претседател на ДС, Павле Трајанов посочува дека 'Многумина кои ќе се 'прочитаат' како соработници на СДБ, можеби ќе бидат изненадени затоа што некои од нив и никогаш формално не прифатиле соработка со СДБ, КОС или другите служби. Затоа треба отворањето на досието да не се искористи за политичките пресметки, туку тоа да се одвива преку законска процедура'.
Но да бидеме на чисто. Оние псевдоними на новинарите кодоши, кои ги споменавме, не се од 'несвесната' категорија. Тие прифатиле или потпишале изјави за соработници на службата-тврдат нашите извори.
Гледано од овој агол, станува јасно и 'што сакал писателот да каже' односно каде нишанел екс министерот за внатрешни работи Томислав Чокревски кога во далечната 1996 г. изнервиран од одредени новинарски истражувачки потфати, ќе лоцира постоење административни полициско- новинарски бракови. Чокревски потоа се повлече, не се дообјасни едноствно затоа што обелоденувањето на кодошката новинарска фела не беше во агендата на наследниците на комунистичката партија, СДСМ која Чокревски го стави на ова министерско место. Така новинарите продолжија да и служат на сдсм-овската врхушка.

КОДОШ БИЗНИСМЕН ПЛАЌА- МВР ИСПЛАЌА

А штом не се демонтира, таа си продолжи да функционира, во служба на Партијата. Спред екс-разузнавачот Јанко Бачев токму во средината на 90-тите, во рамките на СДБ незаконски функционирал и посебен оддел кој исклучиво работел на проблематиката на контролирано и диригирано новинарство, односно нивно врбување по однапред грижливо спроведена селекција. Врбувањето, и во плурализмот, како и во комунизмот, се вршел во најголем дел на материјална и комромитирачка основа, а поретко и на други основи како случаите на роднински врски со лица од тајната полиција. Како покарактеристично, Бачев споменува случаи кога новинари самите лично се нуделе за соработка, затоа што како што наведувале во своето барање 'имале наводна склоност кон разузнавачка работа' и да ги откриваат 'антимакедонските елементи'.
За кодошката работа по осамостојувањето на Македонија, и ѓоамити во демократскиот амбиент, овие новинари имале редовни примања од т.н. спец каса на тајната полиција. За ова Бачев ќе рече:
-Да појаснам дека се до 1998 година во рамките на СДБ функционира т.н. спец каса со големи парични средства надвор од буџетските ставки за СДБ. Оваа спец каса се полни со 'самофинасирање' на тајната полиција со парични средства од одбрани бизнисмени-соработници на СДБ кои за возврат добиваат даночно-царински привилегии при својот увоз-извоз на стоки каде се 'ослободени' на царинските премини. Дискреционо право за располагање со овие големи суми на парични средства имаа раководителот во СДБ и министерот во МВР- објаснува Бачев.
Ете, како под закрила и со благослов на тајната полиција се раѓаат 'угледни' бизнисмени и новинари, при што секој за кодошлакот си добива одредени привилегии. Некој ќе биде ослободен од царина, друг ќе добие уредничко или директорско место.
Но сиве овие марифетлуци не остануваат незабележани и однадвор. Криминолозите Гзавиер Рофер и Стефан Кере во нивната неодамна објавена книга 'Кодот на злото- албанската мафија', давајќи пресек на балканската мафија , па во тие рамки и оваа нашата македонска, ќе ја регистрираат и тажната улога на нашите медиуми:
-За жал, во Република Македонија огромни износи на валкани пари добиени со шверц на дрога, оружје, бело робје и проституција, но и со продажба на човечки органи, се перат дури и низ криминални 'образовни' институции, далеку од моралните норми на една правна држава. Медиумите се поткупени преку отстапување на рекламните простори, новинарите се замолчани, мафијашите од Балканот и Европа задоволни ги тријат рацете бидејќи дефинитивно ја совладаа и седмата сила. Молкот и мракот се заканува над овие простори- констатираат авторите.
За политикологот, Проф. Д-р Ѓорѓи Иванов 'Медиумите се приказна за себе'. На старата кодошка струкура, тој ќе ја додаде и новата 'Фабрика' на Бучковски.
-До неодамна на новинарите страв им беше да споменат или пак да известат за лустрациите во другите замји. Доколку се читаат денес написите кога СДСМ беше опозиција, авторите на тие текстови ќе ги препознаевте како портпароли во сите министерства. Нивниот простор неодамна го пополнија 'фабрикантите' мобилизирани од бившиот премиер. За жал, не им успеа до крај проектот, меѓутоа тренингот им беше доволен за нова инсталација. Кога обичните луѓе би го дознале само бројот на овие 'фабрички работници' и кој се не е на нивниот список, разочарувањето би било тотално. Не верувам дека некој ќе продолжи да верува во нивните весници и ќе гледа некој од нивниоте медиуми. Целосно ќе им стане јасен молкот на некои медиуми за теми кои вообичаено се за прва страна и во прва минута. Орвел може вода да им носи. Ова неостварено министерство за вистина е веќе ставено во погон. Се препознава 'секој ден во секој поглед' како напредува. Повторно исти приказни, исти финти, исти 'драмски секции', исти сценарија ни го покриваат јавниот простор-констатира Иванов.

ДОСИЕ 'Г-17 РЕСЕНСКИ ВОЗ'

Всушност станува јасно зошто и скандалот 'Фабрика' во кој според некои информации дури стотина новинари биле ангажирани за хонорари да соработуваат со владата, не се разјасни докрај.
За ваквата програмска 'ТВ шема', Д-р Миодраг Лабовиќ вели дека лично доживеал своевиден парадокс. Додека бил обичен советник во МВР имал пристап многу често до сите медиуми. Но откако станал доктор на науки и универзитетски професор, и заговорник на идејата за квалитативно-радикални реформи, сите медиуми почнале да го одбегнуваат.
-Тоа е така затоа што во така воспоставениот коруптивен систем на наметнатата и фабрикувана конјуктура на пазарот на читателската публика, личниот интерес на главните фактори во секој од медиумите ги тера да го прават истото или сличното што го прават и сите други медиуми. Во Македонија воопшто не постои промотивно новинарство, кое ќе лансира нови идеи, алтернатвни решенија, ќе отвори нови димензии и ќе ја подигне свеста кај граѓаните- заклучува Лабовиќ.
Но, затоа се држат новинарите на узда. Да креираат виртуелна стварност по жалба на Фамилијата. Доколку не можат да земат под свое некого, тогаш се користат и други, валкани методи. Нашите анонимни извори ни го посочуваат како особено карактеристично врбувањето доушници, па во тие рамки и новинари, со уцена и компромитирачки материјали. Само за илустрација, некои станале доушници 'благодарение' на своите хомосексуални склоности, кои полицијата ги 'снимила'. Во 1990 г. кога Македонија барем формално, но не суштински, го урна стариот систем, во Секретаријатот за внатрешни работи постоело досие за новинари соработници под шифрираното име 'Г-17 Ресенски воз'. Инаку кон ваквата 'шема' се прибегнувало кога ДБК не успевала таргетираниот новинар да го земе 'доброволно' за своите операции, а ценела дека тој е значен за 'каузата'. Бачев е расположен да говори и за оваа 'формула'.
- Најпрвин службата им прави детални опреративни проверки за да се добие т.н. субјективна и објективна слика за проверуваното лице. При тоа се применуваат сите оперативно-технички средства и мерки за да се дојде до компромитирачки елементи за потенцијалниот кодош. Потоа на релативно лесен начин се врши посакуваната контрола. Кога кажувам за контрола од политичкото водство мислам, пред се, на Бранко Црвенковски кој во овие петнесетина години има воспоставено перфектна контрола врз новинарството која совршено функционира и ден денес преку механизмите на спомнуваниот таен центар во СДБ и спомнатите привилегии кои во склад со времето постојано се усовршуваат и прошируваат и со нови содржини.
Очигледно е дека толку се фино распоредени, толку се добро размножени и толку се моќни, се уште, што навистина и предлогот за лустрација максималносе игнорира и ќе се игнорира. Што повеќе да се објаснува, доволно е само тоа дека дури лустрацијата како термин не постои во ниту еден македонски речник, па затоа и најчесто лекторите го заменуваат со илустрација. Најсвеж пример е колумната на професорот Ѓорѓи Марјановиќ во Дневник. Или преоредбеничката програма на ВМРО ДПМНЕ каде се предлага 'илустрација'. И така, Македонија останува ретка земја каде лустрацијата е 'прашање што не заслужува одговор'. Сепак на нашето прашање: Што ќе се случеше со Македонија доколку постапевме како Чесите, Германците Полјаците и сите други, во спроведувањето на лустрацијата во изминативе 15 години?, Ѓорѓи Иванов дава ваков одговор:
-Како прво, не знам дали воопшто ќе постоеше кадар за раководство на СДСМ. Доколку се погледнат биографиите на досегашните членови на раководството на оваа партија, не се знае кој не соработувал со тајната полиција. Најголем број од кадрите на оваа партија, но и сите нивни 'инсталации' во другите партии ќе беа опфатени со лустрација. Исто ќе се случеше со нивните луѓе во администрацијата, судството, полицијата, универзитетот, медиумите ... Причините за неуспешната транзиција значи се објаснуваат и со отсуството на лустрацијата во Македонија. Треба да се спомене и фактот дека во земјите со успешна лустрација драстично е намалена и корупцијата и криминалот- ќе заклучи Иванов, професор на Правниот Факултет Јустинијана Прима.
А за кодошите со научни титули - во следниот број на Фокус.




'Добронамерниците' на СДСМ

Јанко БАЧЕВ:

СДСМ-ОВЦИТЕ ЌЕ НАПАЃААТ СПОРЕД 'АНАЛИЗАТА' НА МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ СТОКМЕНА ВО БОГДАНЦИ

Народно движење за Македонија дојде до сознанија според кои тим од агенти на тајната полиција на чело со Миле Зечевиќ, во куќа- кафеана во Богданци (во сопственост на роднина по жена му) одржале средба на која се дефинирале сите потребни компромитирачки елементи за оцрнување на потенцијалните министри во новата влада на Груевски што треба да се изгласа в петок, на 25 август. Овој завршен 'аналитички' извештај на тајната полиција изработен во мирна атмосфера во Богданци е предаден на Бучковски и всушност е основата врз која се градел ставот на пратеничката група и на Претседателството на СДСМ на состанокот одржан минатата недела во врска со нивниот настап на собраниската седница. Забележливо било дека оваа група агенти дошла во 'штабот' со мошне обемна документација која најверојатно е и од масовните телефонски прислушувања, за што НДМ веќе ја информираше јавноста, како и фактот дека за време на празникот Илинден од ДБК масовно се селектирани и изнесувани службени материјали.
Значи, и овој пат тајниот центар на СДСМ во СДБ се става во улога на власта во заминување. 'Жестокиот' настап кој го најавува Бучковски за в петок всушност е базиран на извештајот подготвен во Богданци- вели за Фокус, Јанко Бачев како претседател на НДМ.

Д-р Ѓорѓи Иванов:
ВРЕМЕ Е ТАА ГНАСА ДА СЕ ЛУСТРИРА

Во најавата на Јани Макрадули дека за собраниската седница за избор на новата влада веќе им се јавиле добронамерни граѓани да им кажат скокотливи податоци за новите министри, професорот Ѓорѓи Иванов ја препознава тајната полиција.
- Кого лажат и кого замајуваат, им ги знаеме многу добро нивните 'добронамерни' кодоши кои со државни пари и државни средства се во служба на нивната партија уште од времето на нивните татковци. Затоа и токму поради нив немаше лустрација во Македонија. Сепак Македонија е мала земја. Тука не може речиси ништо да остане тајна.
На прашањето, пак, зошто сме единствената земја во регионот, но и пошироко, во која не е спроведена лустрацијата, Иванов возвраќа:
- Зошто е тоа така може да се дознае од начинот на кој се отвараа досиејата во Македонија; кои се вработуваат на одговорни места во полицијата, судството, администрацијата, како се постапува до ден денес со жртвите на комунистичката власт ( само за пример, Ченто сеуште не е рехабилитиран); каков однос има полицијата и ден денес кон оние што ја негуваат македонската кауза; како завршуваат тие што отворено заборуваат за криминалот во државата, како постапуваат судиите, обвинителите, инителектуалците, медиумите кон тие што тоа го кажуваат гласно и јасно. Потоа, покра сево ова, други биле виновни за се што не снашло. Една работа барем станува се појасна и за обичниот човек: Гнасни луѓе прават гнасни работи. Време е сета таа гнаса да се лустрира и во Македонија.

Павле ТРАЈАНОВ
КАКВИ ИНФОРМАЦИИ НА ДБК ДОСТАВУВАЛ 'ПАПАЗ'?!

Павле Трајанов е за разоткривање на доушниците на ДБК, но во законска процедура, а како резултат на продлабочена анализа, за да не се дискретирале оние кои тоа не го заслужиле, а за такви ги смета оние што давале информации во функција на безбедноста државата. И тој индиректно посочува дека еден куп јавни личности, со имиџ на успешни, го имаат бекграундот на кодоши.
- Со отварањето на досието на соработниците ќе се демистифицират голем број на 'успешни' кадри, кои со кодошење на своите колеги, роднини и комшии брзо напредувале во кариерата, но ќе се разјаснат некои аспекти и за нивното делување во последните 15 години. Многумина од нив ќе бидат затечени, посебно некои од интелектуалците, уметниците, писателите, новинарите, потоа некои од актуелните политичари, бизнисмени и др, кои јавно ги критикуваат кодошите, а тие се кои што се многу активни. Многу интересно ќе биде, како ќе реагираат некои од косовските лобисти ( на пример, соработникот на СДБ под псевдонимот 'Папаз' и др.), кога ќе бидат објавени нивните имиња и содржината на информациите што ги доставувале до СДБ или КОС, посебно оние со кои се подржуваше режимот на Милошевиќ и слично, потоа оние кои примаа 'плата' од СДБ за кодошење на своите колеги новинари, професори, писатели и итн.

Д-р Миодраг ЛАБОВИЌ
МЕДИУМИТЕ ЈА ОДРЖУВААТ ПОСТОЈНАТА ЖАБОКРЕЧИНА

За Миодраг Лабовиќ улогата на медиумите се сведува на 'не бранувај':
- Факт е дека дури и кога на најгледаните телевизии се организираат дебатни емисии, се вртаат едни те исти 'издувани' претставници на интелектуалната елита, коишто го креираат кревкото или се уште неформирано јавно мислење во Македонија. Така, за многу значајни теми од витален национален интерес, многу често се случува да нема опонентни размислувања, нема рационална конфронтација на аргументи, суштински различни тези и идеји. Тоа се случува само кога гостите се од различни политички партии. Тогаш тие строго контролирано кобајаги се 'караат' но не излегуваат од видокругот на постојната жабокречина. Така во Македонија на велико царуваат медиокритетите, а граѓаните немо и бледо се повеќе ѕиркаат, а се помалку гледаат и слушаат. Не можам да Ви опишам колкава ненадоместлива и несогледива штета се прави со тоа за развојот на демократијата во Македонија, ако воопшто таква постои.
02-02-2014, 11:15 PM
Reply