Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПЕДЕРИСУВАЊЕ ВО СТО ЧЕКОРИ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ПЕДЕРИСУВАЊЕ ВО СТО ЧЕКОРИ

[Image: 333btar.jpg]
Викаат педер не се станувало од првпат или од првиот секс. Можеби. Не знам. Тоа искуство не ми е познато. Ама знам дека педер у душа се станува многу полесно. Од првиот пат кога ќе дојдеш на власт. И тоа искуство не ми е познато, ама знам, не грешам кога го велам тоа, зашто за разлика од она педерисувањето отпозади, ова педерисување во душата го гледам секој ден со години наназад, а многу е актуелно во новава 2014 година. Преродбениците грујови најпосле широко ја отворија својата душа пред нас. Поточно, некој друг им ја отвори преку


[Image: 1yviqe.jpg]

таканаречените опозиционери од СДСМ. Им ја отвори две педи. И во таа душа видовме дека се криеле многу педерски работи. Корупција на медиуми и новинари, коруптивни зделки со земјиште во Центар, правење и поставување скулптури на диво, а се криеле и многу станови во вредност по 180 илјади евра по комад и тоа, само во една зграда. Пусти Димче Мирчев, така се вика улицата на која се наоѓа таа зграда, сега мора да се превртува во гробот од толку спомнувања на неговото име во медиумите последниве две недели. Иако, да ви признаам, немам поим кој бил тој Димче Мирчев. Еби му мајката. И за Тодор Александров до скоро не знаев дека е наш, а тоа излезе, херој македонски бил мајчиниот.

Туку, муабетот за душата ми беше. За онаа душа преродбеничка која пред да се прероди со доаѓањето на власт, беше многу скромна, понизна и секогаш полна со милост кон ближните свои. Ама ете, не додржа пустата, па се попедерчи од првпат штом ја освои власта. Иако, од петни жили се обидуваше да ги скрие своите педерски апетити, тие одеднаш бликнаа со сета своја раскош. Станови од 180 илјади евра, хациенди од пола милион евра, возни паркови од милион евра, фантомски фирми со обрт од многу милиони евра и тоа фирми на попедерчени новинари кои ја потхрануваат и штитат таа душа педерска. Излезе дека сѐ било лага. ЦЕЛАТА ПРЕРОДБА Е ЛАГА. И споменците и триумфалната капија и барокот и економскиот раст и субвенциите за земјоделците и покачените пензии и бесплатниот провод на пензионерите по бањите, автобусите и скијачките центри. Голема шарена лага за широките наивни народни маси, на кои преодбениците им ги наполнија очите и ушите со барок, кич, античка бижутерија и псеудо-национална патетична реторика за полесно да поверуваат во неа. Ама, ете, пак се покажа, во лагата се кратки нозете. Не за преродба, туку за БРЗО БОГАТЕЊЕ бил муабетот.

Овие денови мора да е многу тешко да се биде еден од преродбеиците. Особено е заебано да бидеш во кожата на алфа-преродбеникот. Ем е помал од афионово зрнце, ем кожата му е тесна. Неговите силвани, латаси, ивончиња, горданчиња и други цици-маци, изгледа не седеле мадро, додека он наоколу се колнеше во Господ, во чесност и во економски раст. Се колнеше во борбата против корупцијата и против сиромаштијата, во демократијата и слободата на изразување. А ваму излезе дека тие околу него најмалку верувале во Бога, најмалку биле чесни и најмалку отворени за критика, но затоа пак, покажаа најголема бруталност и безмилосна амбиција во походот за богатење. И додека преродбениците купуваат на своите деца станови од речиси двеста илјади евра или ги препишуваат на име на своите мајки за да се измијат пред светот, божем, становите не се купени со валкани пари стекнати од нивното практицирање власт, ЕДНА ПОТПОЛНО РАЗБУДЕНА ПЕНЗИОНЕРКА ОД КОШМАРОТ НА ПРЕРОДБАТА, се јави на телефон во една мала приватна телевизија и низ потресна лавина од зборови и солзи ја праша пратеничката Силванче, како да преживее во месецот со 6300 денари пензија и три возрасни школувани, но невработени деца. Несреќната мајка низ својата исповед како и самата да се обидуваше да одговори на прашањето кое најмногу ја мачеше. Каква е таа социјална, среќна и економски силна држава каква што ја прикажуваат преродбениците, во која најобични пратеници и министри можат да купат на секое свое дете по еден стан од 180 илјади евра, а од друга страна, таа на своите деца не може да им обезбеди ни три оброци на ден со својата мизерна пензија од 6300 денари!?

Еве и јас да ве прашам драги преродбеници, ова е вашата голема економска благосостојба? Цели 6300 денари пензија на мајка со три возразни школувани, но невработени деца! Во секоја нормална земја, 6300 денари не можат да бидат пензија, туку ПОНИЖУВАЊЕ. Што ќе ѝ се нејзе вашите ебани бесплатни бањи, вашите ебани бесплатни билети за јавен превоз и вашето ебано бесплатно скијање за пензионери, кога гладува со нејзините деца. Подобро дајте ѝ бесплатно јаже да се обеси, зашто таа жена сфатила дека е поразена како родител, не затоа што била лоша и неодговорна мајка, туку, затоа што системот ја поразил кога целиот нејзин работен век го проценил на 6300 денари, а државата пак, ја изневерила кога ги оставила нејзините високо квалификувани деца на улица. Нема поголем пораз за родител кога ќе се фати себеси дека не може да им овозможи на своите деца нормален и достоинствен живот. Не постои поголем ужас од тој.

Па уште пратеничката Силванче, со цел памет, јавно се пофали дека нејзините деца воопшто не се во Македонија, туку работат во туѓина. Со тој гаф за секунда ги покака сите патриотски пропагандни пораки на преродбениците упатени кон младите, да си седат во својата економски развиена татковина, да земаат докторати на домашните универзитети, да отвораат бизниси во татковината и да иновираат ѓоа Едисон и Тесла, зашто успехот, нивната татковина знае да го награди. Марш, копита едни непотковани! За која благосотојба зборувате кога и вашите деца бегаат одовде и од вас? Стварно бе Силванче, зошто становите од 120 квадрати на улица „Димче-Не знам кој-Мирчев“ се на име на твоите деца, кога тие работат и живеат во туѓина. Или им ги купи за кога ќе се вратат дома, како странски пензионери со странски пензии да имаат каде да се разбашкарат? Што знам јас, а може и ќе ги ренташ на петнаесет студентки од Струмица, зашто толкав простор треба да се пополни? Ееееј, во време кога во Македонија огромен процент од младите брачни парови живеат под кирии и не можат ни да сонат дека еден ден ќе купат свој стан барем од 40 квадрати, овие преродбеници купуваат по пет стана, по пет коли, имаат пет швалерки, плаќаат пет илјади евра годишно за основно образование на своите дечиња, а после и до пеесет илјади евра за елитни странски универзитети. Ете, тоа е вашето демо-христијанско чувство за правда и грижа кон ближниот свој. Некому три или пет стана од 180 илјади евра и децата на школо во Кембриџ, а некому пензија од 6300 денари и децата на улица во Пробиштип.

Ама пукна тиквата браќа преродбеници. Затоа, денови наназад. вашата матица е помала од зрнце. Сфати дека лагата има крај, исто како и владеењето. Се обиде додуша да го прикрие срамот на своите полтрони со нивните скриени станови, наместени тендери и фантомски фирми, со ефтина приказна за некаков наводен секс-скандал во парламентот меѓу пратеник од преродбата и пратеничка од борците за човекови права на командант Али, ама штосот не му пројде. Се обиде да крене прашина и да го дефокусира вниманието на јавноста од неговите Силванче и Ивонче и со помош на Коце градоначалникот и неговиот предлог за промена на името на Универзалната Сала, ама и тоа нешто не им успеа. Сигурно набрзо ќе смисли и нешто трето, ама и тоа ќе му љуфне, зашто секое владеење располага со одредено количество лаги што можат да се употребат за владеењето да се одржи, но штом тие се потрошат, хаста ла виста! А лагите за вашето владеење, преродбеници драги, се одамна на црвено салдо. Аш нема повеќе.

Ете такви се педерите у душа. А за да бидат такви, не им треба проба. Такви се раѓаат. Тие се педери у душа од првиот чекор, ич не мора да изодат СТО ЧЕКОРИ за да станат такви. Затоа сакаат да владеат и кога се на власт, се онакви какви што се овие сегашниве, не многу паметни и способни, ама алчни, препредени и брутални. И далеку ги надминаа нивните претходници според педерлукот во душата и во оние квалитети што тој ги подразбира. И после, на Заев не можело да му се верува!? НА НИКОЈ ОД ВАС НЕ МОЖЕ ДА МУ СЕ ВЕРУВА, зашто амбициите и целта ви се исти ко јајце на јајце. Власта и нејзина безочна злоупотреба на штета на останатите. Поединецот за вас е гласачко тело, обичен црв на кого му фрлате 6300 денари за да го преживее месецот, а не човек со достоинство. Да бев во власта, ќе срамев од себе да го чуев плачот на онаа мајка со пензија од 6300 денари. Но, срамот подразбира совест која им недостасува на педерите у душа. И тоа што ги кријат своите станови и фирми не е од срам, туку од страв, еден ден да не ги заменат своите петособни станови за гарсоњера во Идризово.

Затоа деновиве гризат како хиени и сега Заев им е крив или некој над него, кој што му ги лиферува сите дубиозни зделки на преродбениците за кои слушавме во последно време. Најверојатно оние од Брисел полека ја местат јамката околу вратот на оваа преродбеничка власт. Тешко дека таа ќе преживее уште едни парламентарни избори. Не случајно евро-комесарите го викнаа Заев на кафенце во Брисел. Знаат дека преродбениците се во тесно. Ако го сменат името на државата, ќе го загубат гласачкото тело, а ако не го сменат, тогаш ќе мора да бидат сменети од Брисел. Зашто Брисел сака да се смени името, не затоа што така му прднало, туку зашто некој меѓу нас Македонците не е наш, што значи бил педер у душа, па му ветил на Брисел дека ќе го смени името, ако Брисел го поддржи да ја освои власта во Македонија. И Брисел изгледа му помогнал во тоа, па од тој некој сега бара ветувањето да го исполни. Како и да е, крајот за преродбата е тука некаде, иако никој од вас во тоа не верува. И постојано шепкате меѓусебе: Леле, нема кој да ги смени! Ете ви кажав кој ќе ги смени – Брисел, зашто тој е селекторот и најголем педер у душа и тој менува кога власта во едно тажно парче земја како нашево, ќе почне да си дава автоголови и да ги крши ветувања што некогаш ги дала. Друг муабет е што како народ препуштивме за нас да одлучуваат педери у душа. Поголеми и помали.

Сашо Тасевски
30-01-2014, 05:36 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#2

Кога човек ке ја прочита најновата колумната на Сашо Тасевски неодминливо му се јавуваат две чувства, барем така е кај мене. Првото е големата тага и разочарување во македонската држава ( уште една дефитивна потврда за тоа), како заедница која може на своите граѓани да овозможи нормален живот и развој. Во секоја смисла. Второто е надеж дека ,сепак, во Македонија ке се најдат луѓе кои, од една страна се имуни на пропагандите и перењето на мозок од власта , но исто не се пресреќни од постоење на лажната опозиција ( која имала доста време и власт да ги менува работите на подобро). Луѓе кои не се уплашени своето незадоволство да го искажуват јавно со име и презиме, но на начин на кој секој контраудар на власта кон тоа искажување ке значи крај на таа власт. Зошто хипотетички направена неправда кон кажувачот ( Сашо Тасевски) ке означи апсолутен крај на владетелите и нивните пропагандисти. Нивна единствена надеж е да овој текст не го прочитаат поголем број на луѓе.
Најважното орадие во овој текст е искреноста, праведноста и непомирливоста со состојбите. Доаѓа од човек кој никогашп не бил на власт или работел за некоја власт. Од друга страна, а преку другите негови колумни, јасно разбираме дека пишувачот е човек со голема ерудиција, многу информации и пред се има честит пристап кон општествените состојби.
Неговата храброст треба да се “ награди“ со ширење на овој текст во што поширок круг на луѓе, на искажување на своите лични импресии од овој текст ( како што јас го правам сега) и формирање на нужен заклучок дека во Македонија, дефинитивно, треба менување.
Но, не треба да се прави мит и култ од авторот( мислам дека и тој тоа најмалку го посакува). Доста ни е од култови и митови. На секој досегашен политички лидер му беше изграден и одржуван култ како голем државник, политичар и слично. Па така го имавме култот на Киро Глигоров, Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски и сега најповеќе на Никола Груевски. И што излегува? Што поголем култ или мит кон “водачот“ толку работите во Македонија идат подоле.
Ако веќе градиме култ и мит кон нешто , треба да се изгради култ кон тезите на Сашо Тасевски за подобро и поправедно општество. Тие да се надградуваат ( не во сто чекори Icon_razz ) и дополнуваат, но со луѓе кои немаат совитлив рбет, не се апологетски градени, луѓе со достоинство и чувство на срам од своите постапки и најважно кои ја сакаат Македонија. Просто е. На тој што го сакаш не можеш да му направиш ништо лошо или пак да го искористуваш. Дали во Македонија тоа е можно? Еве, Сашо Тасевски запали една сијалица во тунелот наречен Македонија. Дали ние другите ке може да запалиме уште некоја сијалица! Не мора да биде како неговата од 500 вата! Секој да запали и од 40 вата, таа здружена светлост ке биде доволна да го осветли патот по кој Македонија ке може да оди напред.
Конечно, така создадена критична маса на граѓани кои си ја сакаат Македонија и сакаат тука да живеат, работат и починат, како што сакаат и нивните деца и внуци да останат во МК, ке мораат да направат нова политичка партија со други вредностни критеријуми со лидери од тип на Сашо Тасески која ке ја одведе Македонија во ред на западните демократии. Алтернатива на ова , за некои можеби утопистичко размислување, е чмаење и гниење на Македонија и нејзина потенцијална поделба.
31-01-2014, 09:55 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(31-01-2014, 09:55 AM)hristo Wrote: Кога човек ке ја прочита најновата колумната на Сашо Тасевски неодминливо му се јавуваат две чувства, барем така е кај мене. Првото е големата тага и разочарување во македонската држава ( уште една дефитивна потврда за тоа), како заедница која може на своите граѓани да овозможи нормален живот и развој. Во секоја смисла. Второто е надеж дека ,сепак, во Македонија ке се најдат луѓе кои, од една страна се имуни на пропагандите и перењето на мозок од власта , но исто не се пресреќни од постоење на лажната опозиција ( која имала доста време и власт да ги менува работите на подобро). Луѓе кои не се уплашени своето незадоволство да го искажуват јавно со име и презиме, но на начин на кој секој контраудар на власта кон тоа искажување ке значи крај на таа власт. Зошто хипотетички направена неправда кон кажувачот ( Сашо Тасевски) ке означи апсолутен крај на владетелите и нивните пропагандисти. Нивна единствена надеж е да овој текст не го прочитаат поголем број на луѓе.
Најважното орадие во овој текст е искреноста, праведноста и непомирливоста со состојбите. Доаѓа од човек кој никогашп не бил на власт или работел за некоја власт. Од друга страна, а преку другите негови колумни, јасно разбираме дека пишувачот е човек со голема ерудиција, многу информации и пред се има честит пристап кон општествените состојби.
Неговата храброст треба да се “ награди“ со ширење на овој текст во што поширок круг на луѓе, на искажување на своите лични импресии од овој текст ( како што јас го правам сега) и формирање на нужен заклучок дека во Македонија, дефинитивно, треба менување.
Но, не треба да се прави мит и култ од авторот( мислам дека и тој тоа најмалку го посакува). Доста ни е од култови и митови. На секој досегашен политички лидер му беше изграден и одржуван култ како голем државник, политичар и слично. Па така го имавме култот на Киро Глигоров, Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски и сега најповеќе на Никола Груевски. И што излегува? Што поголем култ или мит кон “водачот“ толку работите во Македонија идат подоле.
Ако веќе градиме култ и мит кон нешто , треба да се изгради култ кон тезите на Сашо Тасевски за подобро и поправедно општество. Тие да се надградуваат ( не во сто чекори Icon_razz ) и дополнуваат, но со луѓе кои немаат совитлив рбет, не се апологетски градени, луѓе со достоинство и чувство на срам од своите постапки и најважно кои ја сакаат Македонија. Просто е. На тој што го сакаш не можеш да му направиш ништо лошо или пак да го искористуваш. Дали во Македонија тоа е можно? Еве, Сашо Тасевски запали една сијалица во тунелот наречен Македонија. Дали ние другите ке може да запалиме уште некоја сијалица! Не мора да биде како неговата од 500 вата! Секој да запали и од 40 вата, таа здружена светлост ке биде доволна да го осветли патот по кој Македонија ке може да оди напред.
Конечно, така создадена критична маса на граѓани кои си ја сакаат Македонија и сакаат тука да живеат, работат и починат, како што сакаат и нивните деца и внуци да останат во МК, ке мораат да направат нова политичка партија со други вредностни критеријуми со лидери од тип на Сашо Тасески која ке ја одведе Македонија во ред на западните демократии. Алтернатива на ова , за некои можеби утопистичко размислување, е чмаење и гниење на Македонија и нејзина потенцијална поделба.



Bravo Bravo

Со твојот коментар Христо ми го направи пријатно утринсково кафе. Сашо во посветата на својата последна книга под наслов "ОТПОЗАДИ" во посветата го пишува ова:

"Посветено на моите прекрасни деца, Каја, Кален и Кира да бидат доволно мудри постојано да се качуваат кон врвот и никогаш да не стапнат на него".

Многу силна и умна порака !!
31-01-2014, 11:11 AM
Reply