Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЕСМА ПРОТИВ ТОШЕ И НИЕ ПРОТИВ САМИТЕ СЕБЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ЕСМА ПРОТИВ ТОШЕ И НИЕ ПРОТИВ САМИТЕ СЕБЕ



[Image: 333btar.jpg]

Есма неодамна го изеде стапот од фановите на Тоше кога изјави дека е против тоа новата Универзална Сала да го добие името на Тоше, зашто смета дека имаме музичари кои повеќе ја задолжиле македонската музика од Тоше. Ај што она го навлече на себе тој библиски бес од тошевите фанови, добро, ама го навлеков и јас, кога на фејсбук напишав дека Есма е во право. И не го напишав тоа за да бидам интересен, ниту да провоцирам без потреба, туку пред сѐ, бев иритиран од начинот на кој Есма беше нападната на социјалните мрежи и портали поради таа изјава од голем број фанови на Тоше. Не од сите нормално, зашто и меѓу нив има разбрани луѓе, ама од оние фанатиците кои би реагирале исто и ако им закачнеш било што, за кое тие сметаат дека е тотем или ако се обидеш да им

[Image: wi5vgy.jpg]

ги разбиеш предрасудите или табуата. Многу такви заслепени умови сретнував последниве години, фала богу, почесто меѓу оние кои ги коментираа моите колумни или постови на социјалните мрежи, отколку што ги сретнував во живо. Ама не дека не сум се соочил со такви и во живо. Баш еден таков пред десетина дена ме праша зошто носам портокалов џемпер, кога толку ја критикувам оваа власт. Уууууу, му реков, какво прашање ми постави, како пред ерата на Грујо да не постоела портокаловата боја, па он ја измислил. Имбецил. Не знам за вас, ама ја од такви ликови одма почнувам да се нафрлам у последно време. И касам.
Да се вратам на муабетот. Есма кажа што кажа, личен став изнесе жената, а бе ја нападнаа со такви коментари по порталиве од кои на човек не само што ќе му се крене коса на глава, туку и ќе му овене во истиот момент. Такви навреди и таков расизам невкусно е тука да ги цитирам, ама обидете се да ги замислите, ако можете. И тоа, плукачите не беа, да кажеш, пубертетлии од тринаесет години, туку речиси дупло повозрасни. Како бре, на еден од нив не му текна дека навредува човек кој влегол во осмата деценија од животот, ем жена која е јавна личност, ем пејачка позната и призната во многу пошироки граници од оние во кои беше познат Тоше. Какви се тие фанови на Тоше, кога немаат елементарно почитување и култура кон постар човек и признат уметник? Значи они ништо не научиле од својот идол, кој беше и добро воспитан и милозлив и богобојажлив. Не навлегувам во тоа дали имало скриена намера во ставот на Есма да се стави себеси пред Тоше во именувањето на новата концертна сала. Таа кажа дека нема таква намера и даде свои предлози во ликот и делото на Васка Илиева и уште некои и нема зошто да не ѝ верувам, без разлика што можеби и мене не ми е допаѓа нејзиниот карактер, а сум имал прилика со неа да седам на иста маса.
Есма беше подложена и на напади од типот: Која си ти, да земаш пензија за национален уметник од 1000 евра! What the fuck! Kои сте вие да кажувате кој треба да зема пензија за национален уметник? Да ги соберете сите влакна од вашите коси нема да стигнете ни приближно до бројката на настапи и концерти кои ги остварила Есма во кариерата. Есма таа пензија ја заслужува по секоја ставка и тука нема муабет. Го пишувам ова зашто премногу лесно плукате по живите величини, додека се удирате во гради дека ги браните оние починатите. Го пишувам и со намера да ве отрезнам барем малку од тоталитарната свест во која сте зачмаени. Сакавте демократија, така!? Тогаш почитувајте ги различни мислења и ставови, не живееме во среден век, иако сѐ си мислам, баш таму и живееме. Но најмногу го пишувам за да ви укажам дека имате кратко паметење, за разлика од Есма и останатите кои не размислуваат како вас. Затоа Есма е во право. Памети и знае повеќе од вас, особено за музика.
Ја разбирам вашата болка по загубениот идол, зашто Тоше беше одличен пејач и добар човек. И трагата што ја остави во македонската музика е длабока, ама треба да се биде и објективен. ИМАШЕ МУЗИКА И ПРЕД ТОШЕ И ТОА МУЗИКА ОХО-ХО! Тоа беше музика во споредба со која денешниов македонски рок-поп и фолк изгледа смешно и штуро ко манџа без месо. И вие ги пеете тие песни денес иако се стари и по триесет, четириесет и пеесет години, кои биле создадени кога вашите родители се фачкале и пушеле кришум во тоалетот за време на големиот одмор во нивните основни и средни училишта. А знаете зошто ги пеете и денес? Затоа што се како суво злато. Го победиле времето во кое се родиле, станале вонвременски, мали уметнички дела. Значи за да процените едно уметничко дело дали е вонвременско треба да оставите да помине време. Исто е и со уметниците. Големите уметници и големите дела ги потврдува времето. Едно злонамерно типче, мој врсник, на фејсбук ми пиша: Така пишуваш за Тоше зашто ти е криво што никогаш нема да бидеш толку голем уметник ко него! Што си направил ти до сега!? Како да му објасниш на таков човек дека големата уметност не секогаш има врска со идолопоклонството, со пи-арот и со популарноста. Значајниот музичар-уметник не се цени секогаш по тоа дали ќе наполни стадион од пеесет или сто илјади гледачи, зашто по таа логика и Цеца е Бетовен. Башка муабет што голем дел од оние фанатични и необјективни бранители на делото на Тоше немаат баш чиста претстава за тоа што е голема уметност. Големите дела секогаш се авангардни, со зачудна естетика и ја поставуваат летвичката на стварноста на повисоко ниво, барем според мене. И секој кој гледа од тој агол, ќе каже дека има музичари кои заслужуваат повеќе од Тоше да им се укаже честа по нив да се именува некоја сала или стадион.
Океј, прашав некого од коментаторите на мојот пост за Есма, зошто мисли дека нема поголеми музичари од Тоше? И сега наместо да ми објасни со аргументи, тој рече, затоа што пеел супер, бил млад и убав, сите го сакале, бил хуманист, имал харизма и прв бил кој му успеало да го обедини Балканот. Тука веројатно мислеше на три-четири од бившите шест ју-републики. Е добро сега, од групата Леб и Сол никој не е убав, Влатко не знае да пее и никогаш немал харизма како Тоше, ама мислам дека беше уште помлад од Тоше кога ја освои Југославија, ама буквално од Вардара па до Триглава. Песните на Леб и сол беа со месеци на врв на тогашните топ-листи и тоа во таква конкуренција од која денес на денешниве џеј-џеи ќе им се смати во главата. Е како така бе!? Влатко, Гаро и останатите, ем се акрепи во споредба со Тоше, ем тогаш не знаеа што е пи-ар, ем растураа на врвот. Чиј придонес за македонската музика е поголем? На Тоше или на Леб и сол? Според мене, на Леб и сол без двоумење, зашто тие на сосема откачен, иновативен начин ја претставија македонската традиционална музика и беа оригинални и Влатко со право важеше за еден од најдобрите гитаристи во Југославија, а на Гаро како тапанар му симнуваа капа.
А ви текнува на Скопскиот фестивал? Не на овој денес насилно оживеаниот на кој победува Ламбе со стоикусур гласови од публика преку ес-ем-ес. Дали ви текнува на оној од седумдесетите години на минатиот век кога секоја година од дваесет песни, подоцна петнаесет стануваа евергрини. Голем број од тие песни ги создадоа Александар Џамбазов, Бранѓолица, Славе Димитров и останатите. Зарем некој од нив тројца не заслужува по него да биде именувана новата Универзална Сала? Зашто патината која ја стекна таа сала како место за големи музички настани, ја стекна најмногу благодарение на нив и Скопскиот фестивал во неговите златни години, кога грмеше од аплаузи на изведбите на Драган Мијалковски, Зафир, Верица... А се сеќавате на Горан и Златко од Анастасија кои ја направија музиката за „Пред дождот“ на Милчо? И двајцата се далеку од лепотани и никогаш не наполниле стадион со 30000 луѓе од кои 25000 тинејџери и пионери, па сепак, каков само вонвременски скок беше нивната музика во онаа уметничка смисла, кога на нашето музичко наследство му дадоа еден сосем поинаков контекст и амбиент. Нивниот албум со музиката од филмот беше едногласно оценет од големи европски музички имиња како ремек-дело. И пак ќе прашам: Во уметничка смисла чие дело е позначајно, на Тоше или на Анасасија? Да, ама еден друг загрижен фан на Тоше ми рече дека овие што ги спомнав уште се живи и не можело по живи луѓе да се крсти сала. Па еве Шпато не е жив. Како што не е жива ни Васка Илиева. Да не направиле помалку од Тоше за македонската музика?
Не е работата во тоа само да се грака и плука без здрави аргументи, во обид да се одбрани светоста на сопственото мислење. Имаше две-три дами кои на мојот пост коментираа во фазон дека тоа не ми требало, па било срамота што сум рекол дека Есма е во право. Дури било и тажно што сум напишал такво нешто, зашто Тоше умрел млад и да живеел подолго сигурно ќе ги надминел сите со своето дело. Е по што сте сигурни дека ќе ги надминел? Можеби ќе ги надминел сите, а можеби и не. Не се знае. Необјективно е да се тврди нешто со сигурност, преку методот ШББ-КББ или Што Би Било-Кога Би Било. И многу е тешко да влезеш во дискусија со луѓе кои своите ставови наместо со разум и логика во главата, ги градат со срцето и со утробата (да не употребам некој повулгарен збор). Тогаш џабе везеш. Како што и сега пак џабе везам за нив, зашто нема и не сакаат да го сфатат ова. Кога некој премногу се потпира на сентименталноста и емоциите при формирање став, не само што тој став нема да биде објективен, туку постои опасност да стане патетичен до отекување. Кога само ќе ми текне на оние луди предлози Тоше да се прогласел за светец или изјавата на онаа егзалтирана мајка дека ќе биде многу горда и среќна ако синот ѝ биде како Тоше. Што ако не биде жено божја? Ќе го фрлиш у бунар? Од таа пуста желба на мајките синовите да им бидат како Тоше, денес сите пеачи него го имитираат, наместо да бидат свои и неповторливи.
Тоше направи многу за својот краток живот и колку што се сеќавам немаше лош збор за никого и ако навистина сте негови фанови, без пизма допуштете да има и такви кои не се толку емотивно врзани за делото и песните на Тоше и кои поинаку го толкуваат неговото уметникување. Кога ќе научиме да го почитуваме мислењето на другиот? Оти она што најмногу ме загрижува е тоа што кај нас, такви групи на фанови кои лесно се разбеснуваат на најмала критика упатена на нивниот пулен има и во други области на нашето живеење. Ако го чепнеш Грујо на пример, одма ти се нафрлаат како шакали. Кога ќе научиме дека секој авторитет треба да се става на проба одвреме-навреме, за да се види дали заслужува и понатаму да биде авторитет. Затоа оставете времето да каже колкаво значење има тошевиот опус во уметничка смисла и смирете ги страстите, зашто како што духовито се изрази една моја пријателка на фејсбук: Тагата нѐ спојува, тогаш кога умот не може да нѐ спои! Е, во тоа е целата трагедија на нашиот менталитет како народ. Може затоа премногу сакаме да ги оживееме умрените, а безмилосно ги закопуваме оние кои се уште живи.
Најпосле, јас воопшто не се согласувам да се менува името на салата. Таа треба да остане Универзална Сала, зашто тоа име е повеќедецениски препознатлив бренд, дел од идентитетот на Скопје и скопјани, па и на сите Македонци. Само и за тоа изгледа џабе везам, зашто овие преродбенициве веќе донесоа одлука да го сменат и да ја наречат Тоше Проески. Овојпат сите биле едногласни при гласањето и црни и бели и жолти и црвени, не зашто се луди по Тоше, туку затоа што сите имаат точно пресметано дека кога би гласале против, би изгубиле значителен дел од гласачкото тело. Само Есма била против. Еве и јас. И Драган Б. Костиќ. И уште многу како нас, само кој нѐ прашува кога и онака овде силата и мнозинството одлучува. Без разлика на тоа колку им сече.

Сашо Тасевски
25-01-2014, 01:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Сепак, Тоше е нашата најголема поп-ѕвезда


[Image: Gero%20profil%20picture.jpg]
Една од ретките погрешни уреднички одлуки што сум ги донел во кариерата е кога своевремено, кога загина Тоше Проески, одбив да објавам текст на еден мој помлад колега, во кој се осудуваа претерувањата во оплакувањето за нашата поп-ѕвезда. Како уредник во „Шпиц“, тогаш повеќе размислував за чувствата на читателите, отколку за правото мојот новинар да сведочи за вистината.Го кажувам ова, за да знаете дека и јас мислам дека приказната за Тоше, иако е единствена и неповторлива, како и чувствата на неговите фанови, многупати беа злоупотребени. Од таква позиција, сакам јавно да кажам дека го сметам во најмала рака непристојно противењето на пејачката Есма Реџепова објектот Универзална сала да го понесе името на Тоше.

Покрај и наспроти сите претерувања (како, на пример, оној несреќен и непотребен споменик на Тоше на мостот на Вардар), ако нешто требаше да „добие“ Тоше од Македонија по својата смрт, тоа е име на објект посветен на музиката. Мислам дека Универзална сала, позната по тоа што во неа се одржуваат главно поп, рок и џез-концерти, е идеален објект за таа намена, со оглед на нејзиното сегашно безлично име.

А Есма, пак, е последната од која треба да се очекува да „гласа“ против Тоше и да ги прави тие невкусни и глупави споредби со заслугите на други познати македонски пејачи. Да, Македонија имала и ќе има подобри пејачи од Тоше, но она што еден музичар го прави ѕвезда е неговата харизма и неговата животна приказна, која во случајов, за жал, ја вклучува и трагичната смрт.

Може тоа на Есма да не ѝ се допаѓа, но Тоше беше и веројатно уште долго ќе биде нашата најголема поп-ѕвезда.

Бранко Героски
(Објавено во Слободен печат)





Героски по обичај кога е КОТЛЕ во прашање несмее да се впушти во директна полемика. Колку да се труди да не убеди дека вака "ничим изазаван" му текна да пишува за реакцијата на Есма околу именувањето на универзалната сала нема да успее. Колумната "ЕСМА ПРОТИВ ТОШЕ И НИЕ ПРОТИВ САМИТЕ СЕБЕ" на нашиот колумнист Сашо Тасевски објавена на 24.01.2014 е пресилна заради фактите изнесени во неа за да може Героски и другите почитувачи на Тоше да полемизираат директно со Сашо !!
27-01-2014, 04:09 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#3

Малите народи, посебно оние со недоволна автентична историја, како и покасно формирани, патат( боледуваат) од потреба на создавање митови. Со тие митови тие народи го прескокнуваат јазот помеѓу недостатокот на своја историја ( признаена и од другите) и желба да имаат своја долговековна историја. Нели, историската теза е дека минатото е основ за иднината. Со градење на нови митови тие народи исто така и ја надополнуваат својата “ маленкост“. Поаѓајки од таа визура појасно ке се разбере потребата од создавање мит за Тоше Проески. А, при создавање мит-мерка нема. Сашо Тасевски, личност со надстандардна информираност, свест и индивидуалност нема потреба од митови и тој многу пореално ја перцепира и анализира нашата состојба. Од друга страна, Бранко Геровски како долгогодишен дел од естаблишментот кој ја води Македонија ( и врвните новинарски пера кои свесно никогаш не го допираат дното на каузалитетот на недостаток на развој на општеството е дел од естаблишмент) има интерес да го гради митот на Тоше Проевски.Кој е пак нужен за замајување на народот и дефокусирање од реалноста. Затоа иднината на Македонија ја гледам во луѓе од тип на Сашо Тасевски, а никако од луѓе кои се учесници во “ заробување “ на вистината за Македонија.
28-01-2014, 09:23 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,884
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

(28-01-2014, 09:23 AM)hristo Wrote: Малите народи, посебно оние со недоволна автентична историја, како и покасно формирани, патат( боледуваат) од потреба на создавање митови. Со тие митови тие народи го прескокнуваат јазот помеѓу недостатокот на своја историја ( признаена и од другите) и желба да имаат своја долговековна историја. Нели, историската теза е дека минатото е основ за иднината. Со градење на нови митови тие народи исто така и ја надополнуваат својата “ маленкост“. Поаѓајки од таа визура појасно ке се разбере потребата од создавање мит за Тоше Проески. А, при создавање мит-мерка нема. Сашо Тасевски, личност со надстандардна информираност, свест и индивидуалност нема потреба од митови и тој многу пореално ја перцепира и анализира нашата состојба. Од друга страна, Бранко Геровски како долгогодишен дел од естаблишментот кој ја води Македонија ( и врвните новинарски пера кои свесно никогаш не го допираат дното на каузалитетот на недостаток на развој на општеството е дел од естаблишмент) има интерес да го гради митот на Тоше Проевски.Кој е пак нужен за замајување на народот и дефокусирање од реалноста. Затоа иднината на Македонија ја гледам во луѓе од тип на Сашо Тасевски, а никако од луѓе кои се учесници во “ заробување “ на вистината за Македонија.



BravoBravo Se_klanjamSe_klanjam

Христо каков што јас го знам !!
28-01-2014, 03:26 PM
Reply