Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МАКЕДОНСКАТА ЛУСТРАЦИА ИМА ЗА ЦЕЛ ДА ГИ ИЗМИЕ ОКРВАВЕНИТЕ РАЦЕ НА ЗЛОСТОРНИЦИТЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote: [Image: 30b2yie.jpg]

Во последниве недели повторно лустрациата е актуелна тема. Но од старото клише на лаги и манипулации од двете комуњарски групировки Сталинистите од ДПМНЕ и Титовстите од СДСМ нема инаква понуда освен онаа што го прават со години наназад, да се забошоти вистинска лустрација. Лустарација каква што предлага Советот на Европа во Резолуцијата 1096. Лустрација која конечно ке ги извади на виделина злоделата на србокомунизмот!! Во македонскиот случај велепредавстовото, прогонот на сите оние кои биле за Самостојна и Демократска Македонија од 1945 година па до денеска.
Пак гледаме "полемики" кои нудат лустарација која има за цел да попречи наредбодавачите и изврешителите да си ја добијат заслужната и според закон и тежината на злоделото одмерена казна. Едноставно кажано лустрација која ќе ги амнестира, лустрација која ќе ги измие окрвавените со МАКЕДОНСКА крв раце на злосторниците. И затоа во собранието, на телевизиите гледаме театар, пародија од толкување на Уставот, правото, толкување на човековите права, мислење на Венсеијанската комисија.
За жал на таа пародија никој од МАНУ од докторите на правни науки не собра храброст да се спротивстави.

Сликата која и покрај сиот талент за глума, глумците сепак неможат да ја сокријат е следната: ДПМНЕ се "бори" жестоко да има лустрација ама таа да е селективна и главното да не бидат казнети злосторниците, СДСМ е за лустрација ама само до 1991 година и згора на тоа оние кои се заслужни за зачувување на комунистичкиот мрак, Славко Јаневски, Јован Павловски, Владе Милчин,... да не бидат лустрирани иако биле кодоши.

Директорот на ДПМНЕОВСКИОТ центар за манипулации Илија Димовски вo "срцепарајућиот" говор, всашност го прераскажа текстот ЛУСТРАЦИЈА ЗА НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ кој е напишан од мене и Дане Поповски во јануари 2011 година, ама не да изрази согласност со напишаното, бидејки ако ДПМНЕ се согласува со текстот ке донесеше и закон кој ке овозможеше вистинска и праведна лустрација. Лустрација во која ЖРТВИТЕ ке бидат промотори на лустрацијата, значи ке им се ОВОЗМОИ на жртвите да тужат. Со покренување на тужби, судот, институција која единствена е верификувана да донесе решение дали некој е виновен или не и ке одерeди казна за оние кои ке ги прогласи со правосилна пресуда за виновни. Само со таква постапка ке го исклучи анитмакедонскиот елемент од управителството на државата.


Има едно правило кое и во настапот на Илија се потврди, имено колку добро да е осмилена манипулацијата таа секогаш му носи многу поголема штета на манипулантот одошто корист.

Која е штетата по ДПМНЕ, но корист за да се дојде до вистината, до доказот за антимакедонското работење на власта предводена од Греувски.

Признаа дека во период 1945-1990 година, прогонувани биле оние кои биле за Самостојна, Суверена и Демократска Македонија. Значи ПРОГОНУВАЧИ биле луѓе, служби кои работеле против Македонски интереси, служни кои не биле Македонски!!

Онаа што се обидуват да го сокријат со попречувањето на лустрација по судски пат е фактот дека истиот прогон, прогонот по истите "ЛИНИИ ЗА РАБОТА" и со истите луѓе на СДБ е продолжен и по првите повекепартиски избори, односно и од ВЛАСТА КОЈА Е ИЗБРАНА ПОСЛЕ ТИЕ ИЗБОРИ!! Власт во која министер на полицијата бил Јордан Мијалков!!

Значи ДПМНЕ недозволува, сака свесно да ги сокрие, да останат неказнети луѓето кои го попречувале осамостојувањето на Македонија и покрај изгласаната самостојност на референдумот 1991 година. Дали може да се растурат антимакедонските инсталациите во тајната полиција ако се остави неказнета, според законот, групата која го направила премостувањето, групата која и после референдумот овозможила тајна полиција да продолжи со својата антимакедонска дејност, продолжила со работа за интереси на туѓа држава.

Илија за да го одржи говорот во собранието уверен сум дека бил и на часови по глума.

Прашањата упатени кон "Опозицијата" зошто кога го бранат Славко Јаневски не го спемант Живко Чинго или кога го бранат Милчин не го споменат Шишков беа многу ефектни но како што реков манипулациите секогаш носат голема штета на манипулантите. Зошто Илија кога го споменува лустрираниот Трпеновски не го споменува сеуште нелустрираниот неговиот наследник Јордан Мијалков, зошто Илија кога го споменува Фрчковски не го споменува сеуште нелустрираниот неговиот предходник, Јордан Мијалков??
За чудо ни "лутите" противници на Илија од таборот на СДСМ не го споменаа Мијалков ??

Зар од неукост Илија го прескокна фактот дека во период од формирањето на "ЕКЕСПЕРТСКАТА ВЛАДА" па до 1998 година, се отворени уште неколку илјади досиеа, значи се прогонувани уште неколку илјади Македонци по старите, Југословенските, поточно УДБИНИТЕ линии на работа со додаток на неколку нови, воведени 1992 година, меѓу кои е и линија на работа за МАКЕДОНСКИ ЕКСТРЕМИЗАМ И ВРХОВИЗАМ.
Ако до 1991 година, прогонот можел да се задскирава зад идеолошката и политичката спротивност, после 1991 година веке тоа не е можно.
Маските конечно паднаа, прогонот продолжува пак на лица кои се за Самостојна, Суверена и Демократска Македонија со уште подрска , поригидна антимакедонска линија на работа на СДБ, линијата на МАКЕДОНСКИ ВРХОВИЗАМ. Ваков доказ дека СДБ работела и СЕУШТЕ РАБОТИ против создавањето на МАКЕДОНСКА ДРЖАВА може да пружат само луѓе кои се сигурни дека никој ништо не им може, дека во Македонија можат да прават што сакаат.
Кога злосторот ке остане неказнет а злосторникот награден, тоа се случуваше во период 1945-1990 година, тогаш злосторот ке се повтори бидејки злосторникот очекува повторно да биде награден. Затоа и после повекепартиските избори и после изборот на "експертската влада" злосторот кон Македонците кои беа за Самостојна, Суверена и демократска Македонија продолжи.
За жал тој трае и денеска. За прв пат можам ова одговорно да го тврдам бидејки во рацете имам несоборливи докази. Покрај доказите кои ги има јас има уште една интересна работа, МБР ги вработува децата на лустрираните наредбодавачи.
Но да е само Илија и ДПМНЕ проблем ке се надмине....

Јордан Петровски

продолжува
(This post was last modified: 24-01-2014, 03:47 PM by ЈорданПетровски.)
24-01-2014, 03:45 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:МАКЕДОНСКАТА ЛУСТРАЦИА ИМА ЗА ЦЕЛ ДА ГИ ИЗМИЕ ОКРВАВЕНИТЕ РАЦЕ НА ЗЛОСТОРНИЦИТЕ 2

[Image: 28vyird.jpg]

Да е само Илија и ДПМНЕ проблемот ке се надмине. Кога двајцата лажни лути противници, кога е во прашање демонтажата на тоталитарниот едноумен комуњарски систем имат иста цел--по секоја цена да нема лустарација--многу е тешко да се прозре играта, а уште потешко е да се прекине.

Вељановски и Ивановски покажаа дека се подобри актери од Илија. Во настапот на Вењановски недостасуваа само солзи па да биде номиниран за Оскар. Неговиот „срцепарателен“ говор имаше за цел Инфонбировците (т.е. Сталинистите) да ги издигне на пиедестал на жртви и да ги изедначи со вистинските борци за самостојна и демократска Македонија. За да делува уверливо и Ченто го вкучи во групата на Инфонбировци. Таа манипулација ќе остане само обид да се исплука секој кој бил противник на комунизмот и Југославија. Зборува за комуњарската омраза кон Ченто! Говорот на Игор Ивановски кој исто така се обиде да манипулира со улогата на Ченто, го потврдува тоа.

Дополнително Вељановски да ни ги подеметне кодошите за жртви. На добрите познавачи на проблематиката им е познато дека голем дел, скоро сите, од оние кои биле на Голи Оток ги ревидирале своите ставови, а со ревидирањето на ставовите станале соработници на УДБа за што биле наградени со кариери и титули. Значи жртвите на Голи Оток не можат да бидат Кљусев, Најчевски итн.


Да го потсетам Вељановски. Чентовото стрелање на скопксото Кале нема никаква допирна точка со Инфорбирото, меѓудругото и заради фактот што тие настани се случиле пред контроверзната Резолуција на Инфонбирото.

На Голи Оток биле затворени околу 1000 Македеонци. Но тие не биле затворени на Голи Оток заради нивното залагање за самостојна, суврена и демократска Македонија. Вељановски како комунист знае убаво дека комунизмот почива на ДИКТАТУРА НА ПРОЛЕТАРИЈАТОТ. Во диктатура нема демократија, значи манипулација на Вељановски дека Сталинистите се залагале за демократска самостојна Македонија е многу лесно воочлива за нормални луѓе!

Да нагласам јас не сум противник да бидат обештетени семјествата на оние кои не се ревидирале, како и сите останати кои не станале соработници на службите, бидејќи на нив им се кршени човековите права.

Морам да му укажам на една многу битна работа на г. Вељановски, црниот период за Македонија е периодот од 1945 па до 1990 год.

Црн е господине Вељановски затоа тоа што во периодот 1945-1990 година, затворени се околу 22000 Македонци само заради нивната заложба, која Уставот на сите граѓани на Југославија им ја гарантирал: заложба за самоопределување до отцепување на народите од Југославија (односно заложба за самостојна и демократска Македонија). Судените за заложбата за самостојна и демократска Македонија затворските казни ги издржувале во Идризово, а не на Голи Оток господине Вељановски!

Во периодот 1945-1990 год. следени се уште преку 14000 Македонци кои биле за самостојна и демократска Македонија. Периодот по осамостојувањето (1991-1998) може да се рече дека е уште поцрн од оној 1945-1990 следени се околу 4000 Македонци заради тоа што биле симпатизери или членови на ВМРО ДПМНЕ. Следени се по линија на МАКЕДОНСКИ ВРХОВИЗАМ и ЕКСТРЕМИЗАМ: новата линија на работа на „демократската милиција“ на СДСМ, предводена од уставотворецот Фрчкоски чиишто квазидемократски прдежи кои за вашите комуњарски уши се како да Штраусови валцери. За тие прогони не слушнав другарот Вељановски да каже збор. Но, слушнав обид да обрани еден од џелатот на тие Макердонци, неговиот партиски пајташ Фрчковски.

Во одбраната на злосторот на комунистите многу пожесток беше Игор Ивановски, кој со удирањето во говорницата и гестикулацијата со рацете потсети на говорите на Хитлер и Тито. Интересно е да се разбере дали тие сценски ефекти се совет од режисерот Владе Милчин или пак се дел од карактерот на човек што пати од диктаторски синдром.


Иако говорот му беше релативно краток, Ивановски успеа во него да вметне низа лаги. Тука ќе се обидам да ги истакнам најважните:

Ивановски вели дека учествувал во дебатата на Советот на Европа за носење на Резолуцијата за осуда на комунизмот. Точно, но заборава да каже дека при гласањето тој (И. Ивановски) и неговите другарчиња комуњарчиња беа воздржани, т.е. не го осудија комунизмот!

Еве ја неговата изјава по тој повод:

[Image: sfh021.jpg]

Во неговото излагање од собраниската говорница, Ивановски неколкупати се опиша себе си и неговата партија како промотори на лустрацијата. Но, како може да биде промотор на лустрација, кога според Ивановски и СДСМ комунизмот воопшто не треба да се осудува како злосторнички режим!?

Колку и да се труди овој човек, кој на говорницата наликнуваше на мал Хитлер, да нѐ убедува дека со оној комунизам кој Советот на Европа го осудува нема врска заради годините, и заради тоа што неговите родители не биле од тој сој комунисти, неговиот обид виновници да се бараат сораборници на странски служби покажа дека Игор е роден кодош, идеален соработник на УДБа. Малиот Хитлер го накодоши јавно, од собраниска говорница директорот на Арховот на Македонија заради тоа што нудел селективни докази! Имено досиета на „докажаните“ соработници на Бугарските служби ги сокривал од очите на јавноста.

Се прашувам како може да ги сокрива директорот на Архивот на Македонија тие досиеа кога министри на полицијата биле Фрчкоски и Чокревски, луѓе кои се сопартијци на малиот Хитлер. Фрчковски и Чокревски сигурно се сеќаваат колку кривчни пријави поднеле против такви лица и колку од тие лица се осудени со правосилни пресуди. Сигурно весниците пишувале за тие судења, така да Ивановски кога го листал ДНЕВНИК за да го пронајде потписот на председателот на Президиумот Ченто, можел да пролиста и да најде барем еден судски процес по кривична пријава за соработка со странски служби, поднесена од Фрчкоски или Чокревски.

За да поплука по десницата, по вистиското и единствено ВМРО и да ја сокрие традицијата на злостор, Ивановски отиде и бајаги години наназад споменувјќи ги убиствата на Александров и десницата, заборавајќи дека Сандански ја започнува братоубиствеана војна за да превземе власта во Организацијата. Зар не го направија истото левичарите и во 1945 год., кога стрелаа идеолошки противници без суд и без пресуда. Сандански, малечок Хитлеру е левичар.

Врв на лагата и подметнувањето беше театралното покажување на потписот на Ченто, како председател на Президиумот, врз налогот за апсење во истражна постапка на свештеникот Методи Гогов, подоцна владика Михаил. Таквото апсење и тогаш било, и сега е уставно. Ченто не потпишал налог за неуставно прислушкување, или пак наредба за неуставно следење. Во тоа е разликата зошто се лустрирани Фрчкоски, Чокрески, Павлевски, Костојчиновски и сличните им. Тие сопартијци на малиот Хитлер потпишувале неуставни решернија со кои се кршени уставно загарантираните парава на граѓаните на Македонија!

Најголемата лага на малиот Хитлер ке ја оставам за третото и последно продолжение!

Јордан Петровски
27-01-2014, 03:03 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,754
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:МАКЕДОНСКАТА ЛУСТРАЦИА ИМА ЗА ЦЕЛ ДА ГИ ИЗМИЕ ОКРВАВЕНИТЕ РАЦЕ НА ЗЛОСТОРНИЦИТЕ 3

Благодарение на некои умни,објективни луѓе, Советот на Европа донесе одлуки да ги осуди двата типови на режими кои во дваесетиот век на светот му донесоа дотогаш невиден злостор, запечатен со систематско уништување на животи, наци-фашизмот и комунизмот. Фашизмот беше осуден и забранет а креаторите и извршителите на фашистичките злодела беа казнети. Лустрацијата, онака како ја предложи СЕ има за цел да го стави во центарот на вниманието злосторот на вториот тоталитарен режим . Скоро сите од бившите комунистички држави ја спроведоа листрацијата и го осудија комунизмот, и се разбира ги казнија креаторите и извршителите. Со тој акт покажаа дека го смениле комунистичкиот менталитет.

Академикот Аралица нуди еден многу лесен и едноставен начина за препознавање на менталниот склоп на човекот, на општеството и на системот. Ќе го парафразирам:
Како основ за препознавање на човековиот, односно општествениот менталитет, треба да се тргне од темелот. Да се дефинира разликата на менталитетот кој настанува во демократски општества и од оној што се ствара во тоталитарните.
Вообичаено е да сметаме дека демократ неможе да биде човек кој подеднакво не ги осудува обата тоталитаризми.
Ако на некого комунизмот му е негативе, а кон фашизмот е благонаклон, тогаш тој човек е ментален неофашист. Ако пак фашизмот му е негативе, додека за комунизмот во сите случаеви има оправдувања, тогаш човекот е ментален комунист, па и да се убие од докажување дека е демократ тоа неможе да го смени!
Демократите со менталитет на комунист во Македонија кога ја оспоруваат лустрацијата како една од главните причини го нудат фактот дека „комунистите ја донеле слободата,“ и „ја створиле Македонската држава.“ Веднаш на секој разумен човек му се наметнува прашањето која и каква слобода донеле комунистите. Каква е таа слобода кога се извршени илјадници убиства без судки процеси, без судски докажана вина? Каква е таа слобода кога немало непосредни и демократски избори, кога немало почитување на устав, кога немало почитување на индивидуални човекови права? За каква слобода зборуваме кога зборуваме за класична полициска држава? Ова, повеќе од сѐ ги издава противниците на лустрацијата за тоа што впрочем се.

ДРУГАРИ МЕНТАЛНИ КОМУНИСТИ: БЕЗ СЛОБОДА НЕМА ДЕМОКРАТИЈА!

Менталините комунисти за демократија ја сметаат бескрупулозна борба за власт со своите идеолошки браќа, Сталинистите. Да потсетиме, во 1948 год. за време на озлогласеното Иформбиро југословенските комунисти-Титовисти масовно крвнички прогонуваат илјадници нивни колеги комунсти-Сталинисти.
Каква држава створиле комунистите видовме по распадот на Југославија. Македонија всушност била држава само во рамките на Југославија, а тоа значи била држава само колку да се залажуваат Македонците, оние слепите почитувачи на власта, оние кои не сакале да ја видат реалноста, туку верувале на зборот на партискиот секретар, нешто што впрочем не е искоренето до ден денешен.

Да се вратам на „тестот“ на академик Аралица. Јас сум убеден дека во Македонија нема повеќе од илјада луѓе кои ќе го „минат“ тестот за ментален комунист на академик Аралица. За жал и несреќа на граѓаните на Македонија во тие илјада нема ниту еден новинар, интелектуалец, политичар, пратеник, ниту еден лидер на невладина организација или лидер на организација за заштита на индивидуални човекови права. А, најголемата несреќа е што во највисоките институции на државата седат ментални комунисти, и што законот за лустрација го пишуваат токму тие ментални комунисти !!
Прв на чело на оваа гарнитура на ментални комунисти е секако ЉД Фрчкоки, авторот на Устав на РМ, а воедно и човек кој е тежок прекршувач на истиот. Веднаш зад него се судиите, сегашни и минати, членови на Уставен суд на РМ.


За да добиеме појасна слика по уставотворецот Фрчковски да го слушнеме лустраторот Благоја Гешоски и се разбира неговите лаги:


Кога се зборува за Уставниот суд мора да се спомене и Стамен Филипов. Човекот кој обжалил и срушил еден куп закони. Околу Филипов се наметнуват две дилеми. Како тоа СДБ никогаш не го прогонувала иако рушел закони кои биле наводно во корист на власта? Дури може да се каже ја исмејувал власта, а останал нечепнат. Тоталитарните системи секогаш фингираат слобода на мисла, па оттука и на критика. Таквите СДБовски творби се препознават кога СДБ ќе ги употреби за своја употреба. Филипов таква улога доби кога заедно со друг соработник на СДБ, Владе Милчин ја оспорија лустрацијата за период после 1991 год. Каде е доказот за моето видување? Зар може правник со толакав стаж, како оној на Филипов да не знае дека сите закони на РМ мора да се во согласност со Устав на Р. Македонија?!


Член 51

Во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.
Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.



Законите и уредбите по кои работела СДБ и по кои прогонувала идеолошки и политички противници не се во согласност со Устав на РМ кој е донесен во ноември 1991 год.

Еве ги доказите:

Уставот во Член 17

Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење.
Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката.


[Image: 16ie16x.jpg]


Со Правилник за работа на СДБ 10/92 прислушкување се дозволува само со решение потпишано од министерот на МВР.


Член 26

Се гарантира неповредливоста на домот.
Правото на неповредливост на домот може да биде ограничено единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или спречување, на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето.


[Image: 103wrxw.jpg]

Истиот Правилник за работа на СДБ го крши и овој член на Уставот! Без налог, инспекторите влегувале во домовите на следените и обавувале информативни разговори со нив.



Член 52

Законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила.
Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија“ најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.


[Image: 2zxpkqo.jpg]

Правилник за работа на СДБ 10/92 е објавен во посебен Службен весник, кој не е достапен до јавноста! Значи правилникот по кој е правен прогонот не постои, бидејќи не е објавен во Службен весник на РМ. Што значи дека службениците на органите на државата не работеле согласно со законите на истата.

Уставн суд и сите мегафони на СДБ расфрлани во разни асоцијации за наводна заштита на човекови права, и се разбира и правникот Стамен Филипов, се повикуват на фактот дека со носење на новиот устав од 1991 год. и воспоставениот плурализам нема прогонети лица на политичко-идеолошка основа. Односно според застапниците на тоталитаризмот немало луќе не биле гонети заради различни идеолошки и политички убедувања, кои биле поразлични од партијата на власт; а ако имало таков прогон, тоа биле ретки случаи, и се работило за самоволие на некој чиновник. Па сходно на тоа, тие поединци вработени во СДБ кои работеле своеволно треба да одговараат крвично за злоупотреба на службена должност. Како и да е, зужбениците на органите на државата мораат кривично да одговараат. Но, тука е проблемот на застареност на делата.
Како и да е, повторно се срешаваме со две големи манипулации. Прво, сѐ до 1994 год. СДБ својата работа ја уредува согласно закони на бившата тоталитарна држава Југославија.

[Image: 20z6u5s.jpg]

Второ, не се работи за поединечни случаи и пречекорување на овластувањата на поединеци во СДБ. Законите, Правилниците и Уредбите кои ги носела владата и собранието, како што се гледа од погоре дадените докази, членови на Уставот и скенирани службени белешки, биле НЕУСТАВНИ а за тоа не реагирал ни Уставниот суд. Значи не се работи за изолирани случаи туку за систематско продолжување на тоталитарното комунистичко владеење!

За да го прикрие сето тоа Уставниот суд два пати го оспорува фактот дека кршењето на човековите права продолжило и по 1991 год. За да обезбеди алиби и вината за третата и по сѐ конечна одлука дека периодот по 1991 год. е демократски, ја симне од себе, Уставниот суд бара мислење од Венецијанската комисија. На прв поглед исправен потег. Но, на менталните комунисти, како и на Данајците, никогаш не смееш да им веруваш. Имено Уставниот суд во писмото во кое ја објаснува ситуацијата во Македонија свесно ги премолчува најбитните елемнти и така ја доведува Венецијанската комисија во заблуда.
Нашиот Комитет за Демократизација на Македонија кога доби информација за случувањата веднаш реагираше и на Венецијанската комисија и ги предочи елемнтите кои Уставниот суд ги премолча.
За прв пат јавно ја обзнануваме аудио снимката од разговорот со Венецијанската комисија.


Еве го и преводот на битните делови од разговорот кои укажуваат дека Устасвниот суд свесно сокрил податоци од Венецијанската комисија и така ја довел во заблуда, односно ја натерал да донесе мислење кое не коренспондира со вистиската ситуација во Македонија!

КДРМ: „Господине Маркерт, дали Комисијата е свесна дека во периодот кој му следи на Устав на РМ од 1991. год. Службата за Државна Безбедност отпочнала да води околу 4.000 досиеа?“

Томас Маркерт: „Ова е покриено со кажаното во Параграф 26 и 27 и претставува ‘посебни историски и политички услови’ во уставно општество. Комисијата дава Мислење чија што цел не е да даде пресуда, бидејќи не ѝ се познати сите детали. Оттука следи дека Уставен Суд треба да го примени Мислењето земајќи ги в предвид сите податоци.

КРДМ: „Значи при формирањето на оваа Мислење на Комисијата не ѝ било познато дека Службата за Државна Безбедност на Македонија обработувала лица при што се служела со Правилник за Работа кој бил објавуван во Посебен Службен Весник на РМ достапен само до државните органи (меѓу кои и Уставен Суд), но не и до јавноста? Притоа, при водењето на досијеата биле користени мерки како прискушкување на телекомуникациски направи и следење без обезбедување на судски налози. Дали на Комисијата ѝ е познато дека откатко беа отворени досијеата во 2000. год. Јавното Обвинителство не превзеде никакви мерки во однос на кршењето на човековите и уставни права во однос на овие досијеа? Дали ви е познато дека кривичните дела кои биле сторени во водењето на досијеата биле затсарени уште при самото отворање на досијеата, при што оштетените немале можност да бараат законски лек?“



Томас Маркерт: „Тука би морал да кажам дека доколку Комисијата била запознаена со овие детали тогаш Мислењето би гласело поинаку, бидејќи во тој случај има смисла за лустрација, и покрај тоа што станува збор за период петнаесетина години подоцна. Сепак, сакам да сме на јасно дека ние даваме општи мислења, и се обидуваме да не носиме пресуди.“

КДРМ: „Тогаш да го заокружиме она што го велите: Со оглед на даденото дека СДБ водела досијеа за граѓани на РМ при што се служела со анти-уставни мерки, и земајќи ги в предвид Параграф 26 и 27, дали има смисла за лустрација во Македонија за пероидот кој му следи на 1991. год.?“

Томас Маркерт: „Земајќи го в предвид она што го велите, би рекол дека тоа ја менува сликата.“



После оваа случка нашите убедувања дека лустрацијата е фингерај, за што сме пишувале многу пати, добија непобитна потврда. Но да објаснам врз кои факти го носиме овој заклучок.
- Во секоја држава каде што власта навистина сака да спроведе лустрација после нашето обзнанување на манипулацијата на Уставниот суд, ќе побараше ново мислење од Венецијанска комисија, документирајќи ги сите докази кои ние во разговорот со Венецијанска комисија ги посочивме. Со тој чин сите приговори на фактот дека со промена на уставот 1991 год. дошло до демократизирање на власта ќе паднеа во вода!
- Нашиот текст наиде на комплетно игнорирање од гласилата финсирани од Владимир Милчин кои и ден денеска шират лага дека се демократски.
- Провладиниот ДНЕВНИК објави делови од нашиот текст, но тие објави беа извадени од контекст и нивната цел беше да се сокрие мислењето на Венецијанската комисија.
Никој од владата не се обиде да нѐ контактира, не нѐ контактира ни ниту еден член од собраниската комисија која го работеше последниов закон за лустрација.

Денеска сите можат да видат зошто. Сите Милчинови мегафони и пратениците на СДСМ се повикуваат на мислењето на Венецијанската комисија, иако знаат дека тоа мислење е невалидно.
Власта, односно Илија Димовски, воопшто не се ни обидува да го дематира повикувањето на пратениците од СДСМ на невалидното мислење на Венецијанската комисија. Не го дематира свесно, остава кај обичните граѓани да се створи уверување дека СДСМ и Милчиновите мегафони се во право.

Ќе останам недоречен ако не го запрашам Стојан Андов зошто тој не побара мислење од Венцијанската комисија ако намерите за спроведување на лустацијата како што денеска проповеда му биле чисти.

Одговорите се наметнуваат сами.
Менталните комунисти и во власта (Сталинистите) и во опозицијата, (Титовистите) иако смртни непријатели, кога е во прашање зачувување на комунистичката идеолигија си ги заборават злоделата чинети едни на други за да не дозволат лустрација по препораките на Советот на Европа преточени во резолуции. Таквата лустрација треба да се одвива во судовите, аниз судските процеси ќе проговорат жртвите. Со тоа до јавноста ќе допрат сведочењата на жртвите за траумите и тортурите кои ги преживеале. Зар не делува чудно што за Голи Оток се напишани еден куп книги, кои сведочат за пеколот низ кои поминале комунистите-Сталинсти кој им го приредиле нивните идеолошки браќа, комунистите-Титовисти.
На Голи Оток биле затворени 16 000 комунисти Сталинисти од што комунисти Сталинисти од Македонија биле околу 1 000.

За идеата за самостојна и демократска Македонија затворени се околу 22 илјади Македонци. Од онаа што официјално се знае од тие на смрт или на затворски казни подолги од 15 години се осудени 242 лица. Но никој не кажува колку од тие 22 илјади умреле во Идризово? Во истражните затвори од тортура, од изгладнување, од мачење со жед, или од премрзнување. Колку од тие од затвор излегле со трајни оштетување на здравјето и починале набргу; колку од тие под притисок прифатиле да станат соработници на СДБ? Од 1945 до 1990 год., следени се преку 14 000 лица и од 1990 до 1998 околу 4 000, а за тоа нема скоро никакво сведочење, ниту пак после 1988 год. е покренато обвинение или судски процес против некој од следените. Зар е можно СДБ да не собрало никаков доказ, а следело преку 18 илјади лица? Или пак следењето имало друга цел?

Да, СДБ имало друга цел. Таа прогонот не го прави за да на Прогонетиот („предмет на Претходна Обработка“) му ги докаже наводните индиции кои формално послужиле како покритие за отворање на досието, и конечно да го уапси и осуди Осомничениот. Да нема недоразбирање, тоа СДБ не го прави од неспособност или од незнаење, туку заради тоа што целта на системот на работа е да се здобие со нов кодош - при што од секој „противник“ прави „свој“ човек, бидејќи, целта е, нели, Едноумие! За да се здобие со нов кодош, СДБ не избира средства или начини. Најчест метод се уцените со нешто од што жртвата, „предметот Претходна на Обработка“, се плашела да излезе во јавноста - прељуба, ситен криминал, лична тајна и слично; како и местенка на некој проблем за кој Службата на „предметот на Претходна Обработка“ ќе му понуди помош за решавање - на пример, задолжување кај лихвар, стопирање на судски предмет и слично. Откако службата ќе го добие новиот кодош, и предметот го става во „Оперативна Обработка,“ со што почнува со поставување на задачи кон истиот, т.е. обработка на нов предмент на „Претходна Обработка.“

Ако се одржат судки процеси сето обва ќе излезе на виделина. Чуварите на тоталитарниот систем кои се далеку од очите на јавноста се свесни дека ќе проговорат обвинетите. Од тие сведочења на обвинетите ќе се стаса до нив. Ќе се стаса до креаторите на злото.
Во таа игра да се сочуваат креаторите на злото клучна улога во овие осум години има Груевски.

На почетокот на текстов реков дека „колку добро да е осмилена манипулацијата таа секогаш му носи многу поголема штета на манипулантот одошто корист.“

Груевски за да ефектно ја изведе ДИФЕРЕНЦИЈАЦИЈАТА и да ги исчисти неговите опоненти, комунистите-Титовисти под превезот на лустрација чија основна цел треба да е осуда на злоделата на комунизмот, важноста на законот ја направи до 2006 год. Со тоа не сакајќи Груевски јасно ни стави до знаење дека прогонот на идеолошките и политичките противници продолжил и по периодот 1998 год. За ваквото мое тврдење има сериозни индиции, па може да се каже и несоборливи докази дека е така.

[Image: 2pt4baq.jpg]

Дека СДБ продолжила да го работи онаа што го работела до 1998 година, продолжила да прогонува Македонци заради нивното залагање за вистиски самостојна и демократска Македонија и за конечен раскин со тоталитарниот комунистички систем.

Груевски не донесе закон за увид во досиеата од периодот 1998-2006 год. Причината за тоа е што во тој случај делата нема да се застарени, а тоа значи дека Груевски не може да ги спречи судските процеси. Во тој случај Грувески не би можел да ги спречи жртвите да покренат кривични пријави кои обинителството не би можело да ги отфрли како застарени. На тој начин Груевски на злостониците им обезбедува сигурна заштита.

Дали лажниот повекепартизам, лажното демократизирање на Македонија со Уставот од 1991 година, лажниот раскин со коминизмот, лажната лустрација, лагите за мислењето на Венецијанската комисија би поминале, дали граѓаните не би го виделе тоа ако медиумите, попрецизно вработените во нив не служеле и за жал сеуште служат на коминистичкиот тоталитарен систем за да опстои.

Јордан Петровски
(This post was last modified: 04-02-2014, 04:10 AM by ЈорданПетровски.)
04-02-2014, 04:09 AM
Reply