Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
БАЛКАНОТ - ПРЕД НОВ БЕРЛИНСКИ КОНГРЕС
Author Message
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#1

Руски аналитичар тврди:

БАЛКАНОТ - ПРЕД НОВ БЕРЛИНСКИ КОНГРЕС

Прекомпонирањето на Балканот може да биде артикулирано на авторитетен меѓународен форум, со поддршка на голем дел од политичката елита, експертската заедница и западното јавно мислење. По својата тежина таквиот форум би бил пандан на одлуките на Берлинскиот конгрес од 1878, односно на конференциите на сојузниците во Техеран и Јалта во годините на Втората светска војна.
Можностите за оружени судири на Балканот се уште се отворени, тврди Петар Искендеров, научен соработник на Институтот за славистика на Руската академија на науките. Тој смета дека пролетва ќе има обид да се затвори прашањето со српските енклави во северниот дел од Косово и тоа по насилен пат, со тоа што Приштина, со поддршка од Западот ќе проба да ги потисне (пара)воените српски сили околу Косовска Митровица. Оружени судири не се исклучени ни во Босна и Херцеговина, каде што опасност од интервенција и се заканува на Република Српска ако таа проба да се отцепи од федерацијата.
- Ситуацијата на Балканот се развива по крајно oпасно сценарио.Во најмала рака во двата конфликтни региони, во северниот дел од Косово и српскиот дел од Босна и Херцеговина, се привршуваат активните подготовки за оружена акција која има за цел да ги скрши српските органи на власт во овие покраини, смета Искендеров.
Кон фундаментално преиспитување на државно-правните основи на Република Македонија, според него, се работи и кај нас. Целта е, тврди тој, да се постигне трансформација во конфедерација според работно сценарио“Република Македонија - Илиријада”а потоа одредени региони да се спојат во формацијата на голема албанија.
Формирањето на ваква големодржавна структура, вели тој, е можно во блиска иднина. Не случајно последните анкети на јавното мислење меѓу Албанците во Албанија и на Косово бележат висок процент кои ја поддржуваат големоалбанската идеја. Податоците презентирани од Галуп Балкан Монитор сведочат дека создавањето на голема албанија го поддржуваат 74,2% испитаници од Косово и 70,5 од Албанија. Притоа, 47,3 % од анкетираните на Косово и 39,5% во Албанија, сметаат дека појавувањето на нова држава на сите Албанци Балканот, е реалност во блиска иднина.Јавното мислењe е доказ и за реалноста на теренот, зашто меѓу Албанците се уште функционира клановскиот начин на организирање и постои тесна поврзаност на племенските структури со финансиските интереси на водечките албански партии. Порастот на расположението во корист на создавање на голема албанија е катализатор за радикализирање на расположението во корист на таа идеја кај владеачките елити на Косово, Албанија, како и кај албанските политички елити во Македонија, јужна Србија, Црна Гора и Грција.
- Во услови кога Западот располага со милијарди евра, големоалбанските структури ја активираат борбата за создавање на голема албанија, а САД, ЕУ и НАТО заземаат курс кон форсирана изградба на косовската независност и кратење на дејтонските повластици за босанските Срби, вели Искендеров.
Традиционална Србија, со Русија како позадина и логистика, како сили кои се спротиставуваат на Новиот светски поредок, имаат само една можност за делување - да возвратат со отстапување од ограничувачките меѓународно-правни одредници, вклучувајќи ги договорите кои претходно се потпишани со Брисел, Вашингтон и со некои балкански земји, смета овој руски аналитичар. Во трасирањето на вакво однесување, Искендеров смета дека Србија би се ослободила од cиндромот на задоцнета реакција кон промените што веќе се случиле или се во тек. Тој сугерира да се пристапи кон изработка на комплексна програма за преиспитување на балканската мапа, врз основа на сопствените (српски) интереси, но дека се работи за заштита на руските интереси пред се, е сосема очигледна тенденција. Во системот на територијални компензации и систем на противтежа, би можеле да бидат вклучени не само Косово и Република Српска, туку и региони на Македонија и Црна Гора, вели Искендеров оставајќи простор таа изјава да биде различно толкувана.
Прекомпонирањето на Балканот може да биде артикулирано на некој нов Берлински конгрес, односно на некој авторитетен меѓународен форум, со поддршка на голем дел од политичката елита, експертската заедница и западното јавно мислење. По својата тежина таквиот форум би бил пандан на одлуките на Берлинскиот конгрес од 1878, односно на конференциите на сојузниците во Техеран и Јалта во годините на Втората светска војна. Во ваков развој на настаните Русите би ја ставиле во игра и улогата на Република Српска како противтежа на радикалните панисламистички тенденции кои фаќаат корен во Босна.
Како повод за преседан во уредувањето на меѓународните односи, но и во системот на одлучување внатре во Европската заедница (како уште еден чекор кон воведување на Нов светски поредок и светска влада) би можеле да послужат евентуалните оружени немири на Косово и БиХ, како и нерешливите балкан ски проблеми - проблемот на грција со името на Република Македонија; проблемот на Србија со Косово и лабавата конфедерација на БиХ.
Некои анализи одат дотаму што претпоставуваат дека создавањето на голема албанија би продуцирало територијални отстапки од Република Македонија, но едновремено и сегашните граници на грција би се поместиле на позицијата од пред 1912 година. На тоа насочува вртењето на грција од традиционалниот партнер САД кон Русија (не само кон Србија), затегнатоста на односите со Турција и топло-ладните игри со САД, покрај традиционалните добри односи со дел од арапските земји.
19-04-2010, 06:16 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,790
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

(19-04-2010, 06:16 PM)афион Wrote: Руски аналитичар тврди:

БАЛКАНОТ - ПРЕД НОВ БЕРЛИНСКИ КОНГРЕС


Во ваков развој на настаните Русите би ја ставиле во игра и улогата на Република Српска како противтежа на радикалните панисламистички тенденции кои фаќаат корен во Босна.
Како повод за преседан во уредувањето на меѓународните односи, но и во системот на одлучување внатре во Европската заедница (како уште еден чекор кон воведување на Нов светски поредок и светска влада) би можеле да послужат евентуалните оружени немири на Косово и БиХ, како и нерешливите балкан ски проблеми - проблемот на грција со името на Република Македонија; проблемот на Србија со Косово и лабавата конфедерација на БиХ.
Некои анализи одат дотаму што претпоставуваат дека создавањето на голема албанија би продуцирало територијални отстапки од Република Македонија, но едновремено и сегашните граници на грција би се поместиле на позицијата од пред 1912 година. На тоа насочува вртењето на грција од традиционалниот партнер САД кон Русија (не само кон Србија), затегнатоста на односите со Турција и топло-ладните игри со САД, покрај традиционалните добри односи со дел од арапските земји.


Анализата е НАРАЧАН текест кои има за цел да ја скрие вистината. Албанците се задоволни во овој момент и тие знаат дека секое нивно посегнување во мометов за проширување на териториите ке е погубно за нив. Тие ке сочекаат некоја година па и по цена да влезат во некаква заедница на Западен Балкан, заедница помеѓу Србија, Б и Х, Косово, Црна Гора и Македонија, во таа заедница Косово ке ги стекне сите државни нишани. териториите во Македонија, Србија и Црна Гора кои се населени со Албанци многу лесно ке ги спои кон Република Косово во некое идно РАЗДРУЖУВАЊЕ на таа заедница "Западен Балкан".

Во моментов само на Србија и одговара ВОЈНА. Војна која нема да ја предизвикаат Србите. Само така таа ке биде "столб" на отпорот и борбата за зачувување на православието. Столб ке се врзат многу лесно Македонците , Србите од Црна Гора а со тоа и Црна Гора и Србите од Република Српска...

Затоа се зачестените контакти помеѓу Србија и Хрватска, Б и Х е во прашање.
(This post was last modified: 19-04-2010, 07:57 PM by ЈорданПетровски.)
19-04-2010, 07:56 PM
Reply
Paradigm Offline
Senior Member
****

Posts: 499
Joined: Feb 2010
Reputation: 12
#3

Берлинския конгрес подели България 1878г.Што има врзка тука Берлински конгрес?!
19-04-2010, 08:00 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#4

Поднесете молба за влегување без виза во САД и Секретаријатот за домашна безбедност ќе ви понуди 251 опција за „земјата во која живеете“. Широкиот ама бизарен избор ги вклучува Буве, ненаселен леден остров во Јужниот Атлантик, кој и припаѓа на Норвешка, потоа Јужен Јемен, кој го загуби статусот на држава во 1990 година, и Неутралната зона, пустински предел во форма на дијамант меѓу Саудиска Арабија и Ирак што исчезна по Заливската војна од 1991 година.

Во тоа е проблемот со ваквите листи. На нив секогаш завршуваат територии што не се вистински држави, додека местата што малку повеќе личат на држави (барем во нивните очи) отсуствуваат. На листата на Америка, на пример, ги нема Абхазија и Јужна Осетија, самопрогласени држави што се отцепија од Грузија со поддршка од Русија. Само три други земји, Никарагва, Венецуела и островчето Науру, ги признаваат овие држави како независни. Истовремено, ниту една земја во светот сé уште не е подготвена да му даде на Јужен Судан име, иако се чини тој ден не е далеку.

Листите на приватниот сектор се исто толку чудни колку и тие направени од владите. Хотмејл нуди 242 „земји/територии“ од каде што можете да се регистрирате и да отворите имејл-адреса. Некои можеби се спокојни што Буве го има на листата, на луѓето од Косово (што го признаа 65 држави) и од Западна Сахара (повеќе од 80) ќе им биде залудна потрагата по татковината.

Кој било обид јасно да се дефинира поимот држава се претвора во збир од исклучоци и недостатоци. Дипломатското признавање и не е некаков индикатор во вистинскиот живот. Во првите години на Студената војна повеќе земји го признаа кинескиот режим во Тајван („Слободна Кина“), додека комунистите од централниот дел („Црвена Кина“) беа изолирани. Денес апсурдноста се движи во обратна насока. Бројот на земји со формални дипломатски односи со Тајван се намали на 23, најчесто мали финансиски слаби острови. Сепак Тајван не е само држава туку многу битна држава. Оваа земја, под името Кински Тајпеј, што ги задоволува властите на копното, е членка на Азиската банка за развој, на Светската трговска организација, а е и набљудувач на неколку панели на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Тајван има околу 100 „трговски канцеларии“ во светот.


ЧЛЕНСТВО ВО ОН


Ако дипломатското признавање не е главен критериум за една држава, тогаш што е? Дали е тоа способноста да се издаваат пасоши од кои корисникот има некаква корист, или способноста да се контролира парче земја? Повторно, не е доволно јасно. Легитимноста, физичката контрола и капацитетот за издавање документи не секогаш се согласуваат. На пример, многу земји што не го признаваат Косово, немаат проблем со патниците со косовски патни исправи.

Со децении, прогонетите дипломати на Литванија издаваа важечки пасоши, иако земјата беше под власт на Советскиот Сојуз. Суверениот малтешки воен ред, ентитет со хуманитарни активности и со крстоносни корени, не само што издава пасоши туку и поштенски марки (и одржува дипломатски односи со над 100 земји). Неговата територија се сведува на само две убави згради во Рим. Ватикан, енклава од само 44 хектари во центарот на Рим, е само малку поголема, ама сепак себеси се смета за држава. Дипломатите на Ватикан му служат на папството, односно на Светиот престол, а не на државата во која се наоѓа. Светиот престол е набљудувач во Обединетите нации.

Ниту присуството или отсуството во Обединетите нации не ги појаснува работите. Израел се придружи кон оваа организација во 1949 година, иако 19 од вкупно 192 членки не го признаваат постоењето на еврејската држава, а многу дури и избегнуваат да го изговорат нејзиното име и користат изрази како на пример „ционистички ентитет“. Третина од членките на Обединетите нации го признаваат Косово, ама самата организација не го признава.

Во реалноста, членството во Обединетите нации не е неопходен ниту пак е доволен услов за една земја да добие статус на држава. Косово сé уште ги чека својот интернет-домејн, телефонскиот префикс и шансата да игра меѓународен фудбал. Тајван, од друга страна, иако е признаен од уште помалку земји, ги ужива сите овие привилегии.

Во Северен Кипар, владата поддржана од Турција, прогласи независност во 1983 година, ама е признаена само од Анкара и останува во состојба на економска изолација. Направени се напори да се почне директна воздушна линија со Британија, ама во 2009 година судот реши дека тоа би го прекршило меѓународното право што на меѓународно признаената влада (која го контролира грчкиот дел од островот) и дава суверенитет врз нејзиниот воздушен простор.


ЛЕГИТИМНА УПОТРЕБА ВО СИЛА


Германскиот социолог Макс Вебер државноста ја дефинираше како монопол врз легитимата употреба на сила. Ова можеби е практичен пристап, ама не ја разјаснува работата. Хаотичната Сомалија никако не успева да го исполни овој критериум, па сепак се смета за суверена држава. Додека, пак, нејзиниот северен дел Сомалиленд со голем ентузијазам го исполнува овој критериум уште откако прогласи независност во 1991 година. Сомалиленд има своја валута, регистарски таблички, па дури и биометриски пасоши. Ама само приватните компании како ДХЛ го поврзуваат со надворешниот свет. За користење на меѓународната поштенска служба е потребно членство во Светската поштенска унија, при што за земјите што не се примени во ОН потребна е дозвола од барем две третини од земјите-членки на меѓународната организација. Африканската унија добива да ја признае независноста на Сомалиленд зашто не сака да ги менува границите. Земјите од другите делови на светот треба да почекаат Африканците да се премислат.

Причина за ваквата конфузност е и мрзливоста. Многу лесно е да се избришат земјите што исчезнале или местата што останале ненаселени Секретаријатот за внатрешна безбедност на САД тврди дека причина за ова се застарените историски податоци и ветува дека наскоро ќе го смени тоа. Но самата инертност и чувството кај многу суверени земји дека промените на границите и статусот се лош преседан, ги отежнуваат ваквите промени.


СУБЈЕКТИВНО ПРАШАЊЕ


За политичарите крајно субјективно е прашањето до кој степен едно населено парче земја се квалификува како држава. Ни адвокатите не можат да го решат ова прашање на начин прифатлив за сите. А фактот дека постојат степени на државност, што варираат од целосни дипломатски односи до целосно негирање на постоењето на некоја земја, им дава на владите калибриран збир на алатки што можат да се користат за да се награди доброто однесување или да се казни лошото.

Што и да вели теоријата на дипломатијата, животот продолжува понатаму. Тајван ја празнува пријателската резолуција на Европскиот парламент и испраќа помош за преживеаните во земјотресот на Хаити. Косово позајмува телефонски повикувачки броеви од Монако и од Словенија. Наредниот месец во Малта треба да почне фудбалското првенство за екипи од непризнаени земји. На 3 април, делегација од високи политички преставници од Сомалиленд имаше пријателска средба во Белата куќа. Очигледно го решиле проблемот со имиграциските власти.
Оваа е позајмено но е исто интерес прилог за сосотојбите.
19-04-2010, 08:00 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#5

Ако аргументите на Грција се вистинските и ако таа е во право, Македонија треба да го задржи името, бидејќи тоа е придобивка за сите, зашто со тоа ќе биде зајакната стабилноста во регионот, пишува „Економист“ во нова анализа за грчко-македонскиот спор за името.

„Грчкото тврдење (грубо кажано) е дека Македонија е име што им припаѓа а) на античка Македонија и б) на северната грчка провинција што го носи тоа име. Комунистичка Југославија и го даде тоа име на својата јужна република како провокација по грчката граѓанска војна. Ако го прифати „Македонија“ како име за поранешната југословенска република, Грција би го признала приграбувањето на името од страна на комунистите и би станала подложна на територијални барања или дури тероризам. Таа тврдоглаво одбива да му дозволи на северниот сосед да продолжи на патот кон членство во Европската Унија и НАТО сé додека не се помрдне од ставот во врска со името“, анализира весникот.

„Економист“ оценува дека не држи ни аргументот за опасен иредентизам. „Како релативно голема земја и членка на ЕУ и НАТО, Грција не може да бара изговор во прогон од нејзиниот мал северен сосед. Последните 20 години покажаа дека проширувањето на ЕУ и на НАТО е најдобриот начин да се направи проблематичното соседство побезбедно“, истакнува текстот.

Ако се во право, македонските, како што авторот ги нарекува, „најзакоравени протагонисти“, односно оние што тврдат дека „се наследници на античката цивилизација, додека Грција е етнонационалистички силеџија со фашистички тон што се противи на словенското малцинство на северот“ тогаш меѓународната заедница треба да биде многу позагрижена одошто е.

„Ако властите од Скопје се во право, тогаш непризнавањето на нивното име е срамота. Ако не се право, дури и ако се будалести и провокативни, давањето на нивното посакувано име чини помалку отколку што тврди Грција, и има големи придобивки за сите, преку зајакната стабилност“, заклучува авторот.

Оваа нова анализа на „Економист“ следува по текстот за името објавен пред неколку недели во кој реномиран весник во козерски интонираниот напис на двете земји им даде нови имиња - „државата што не може да биде именувана“ за Македонија и „државата на која и треба помош“ за Грција. Овој текст станал најчитаниот во историјата на весникот.
http://www.novamakedonija.com.mk/Uploads...nomist.jpg
19-04-2010, 08:02 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#6

(19-04-2010, 08:00 PM)Paradigm Wrote: Берлинския конгрес подели България 1878г.Што има врзка тука Берлински конгрес?!

Твојата кратковидност не ти дава да видиш што се случува во регионот,и мислиш дека се се врети околу вас.Da_ne_si_lud
19-04-2010, 08:03 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#7

Naming and blaming
A last word on the Greece-Macedonia name dispute

Apr 15th 2010 | From The Economist online

A USEFUL test for an outsider trying to analyse an argument is to assume that one side is right and then to work out the consequences. If an analysis of eggshells conclusively proves that an egg is better opened at the big end rather than the small one, what follows? And if the assumption is reversed, how bad would it be to have got it wrong? Eggshells, as Jonathan Swift so bitingly observed in “Gulliver’s Travels”, are not worth getting cross about. The cost of a lifetime spent opening eggs incompetently is a small amount of wasted time and some spilled yolk. At the other extreme, take the question of whether Iran has nuclear weapons: get that wrong and you may either see Israel wiped off the map, or, alternatively, a catastrophic and unnecessary pre-emptive strike on Iran.
Walking on eggshells

This column’s recent attempt to look at the name dispute between Greece and its northern neighbour (FYROM to the Greeks, Macedonia to the locals) became the most-commented article ever to appear on the Economist website. A second column, which highlighted some similar issues in the post-communist world (and suggested that they might be overblown), was a runner-up.

At the risk of provoking ruptured spleens all round, here is a third attempt, using the principle outlined in the first paragraph. What if the Greeks are right? What if the other camp is right? In each case, does it matter?

The Greek case (crudely stated) is that Macedonia is a title properly belonging a) to ancient Macedonia and b) to the northern Greek province that bears that name. Communist Yugoslavia applied the label to its southern province (which in fact speaks a dialect of Bulgarian) as a provocation, in the aftermath of the Greek civil war. If it were to accept “Macedonia” as a name for the former Yugoslav republic, Greece would legitimise that communist name-grab and lay itself open to territorial claims, or even terrorism. It stubbornly refuses to allow its northern neighbour’s application for European Union and NATO membership to proceed until it budges on the name issue.

Assume Greece’s argument is right. Would it matter? The globe is studded with ancient, buried hatchets involving names and places (which came first: Bretagne or Grande-Bretagne? Who cares?) Logically preposterous toponyms are the rule, not intolerable exceptions. So set aside that argument, unless you are trying to drum up business for map publishers.

Nor does the argument about dangerous irredentism stand up. As a relatively big country, and a member of the EU and NATO, Greece can scarcely plead persecution from its small northern neighbour. The last 20 years show that expanding the EU and NATO is the best way of making troubled neighbourhoods safer. But even if there is a danger of terrorism from Skopjean extremists, how should it be contained? By including Macedonia in western clubs, prosperous and, with luck, well governed? Or by keeping it weak, divided and isolated?

So even if the Greeks are right, the course of action looks wrong. What of the Macedonian/FYROM side? Assume its most hardline protagonists are right: that they are the heirs to an ancient civilisation, whereas Greece is an ethno-nationalist bully with fascist undertones that oppresses a Slavic minority in the north. If that’s true, then the EU and others ought to be more worried than they are. But it has little bearing on the name of the northern neighbour.

On that basis, the verdict is clear. If the Skopje authorities are right, then withholding recognition of their name is an outrage. If they are wrong, even if they are silly and provocative, it is not worth breaking eggshells to set them right. Giving them their favoured name costs less than Greece claims, and has big benefits, for everyone, in increased stability.
19-04-2010, 08:05 PM
Reply
Paradigm Offline
Senior Member
****

Posts: 499
Joined: Feb 2010
Reputation: 12
#8

(19-04-2010, 08:03 PM)афион Wrote:
(19-04-2010, 08:00 PM)Paradigm Wrote: Берлинския конгрес подели България 1878г.Што има врзка тука Берлински конгрес?!

Твојата кратковидност не ти дава да видиш што се случува во регионот,и мислиш дека се се врети околу вас.Da_ne_si_lud
Че ще има промена на граници в скоро време ще има,ама защо Берлински конгрес...
Кога си толко далновиден как я гледаш Македония след 10години?
Може прав си Берлинския конгрес отдели Македония от България,ако се менат граници пак там ще е...
19-04-2010, 08:13 PM
Reply
Пат Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,630
Joined: Apr 2010
Reputation: 39
#9

(19-04-2010, 06:16 PM)афион Wrote: Руски аналитичар тврди:

БАЛКАНОТ - ПРЕД НОВ БЕРЛИНСКИ КОНГРЕС

Прекомпонирањето на Балканот може да биде артикулирано на авторитетен меѓународен форум, со поддршка на голем дел од политичката елита, експертската заедница и западното јавно мислење. По својата тежина таквиот форум би бил пандан на одлуките на Берлинскиот конгрес од 1878, односно на конференциите на сојузниците во Техеран и Јалта во годините на Втората светска војна.
Можностите за оружени судири на Балканот се уште се отворени, тврди Петар Искендеров, научен соработник на Институтот за славистика на Руската академија на науките. Тој смета дека пролетва ќе има обид да се затвори прашањето со српските енклави во северниот дел од Косово и тоа по насилен пат, со тоа што Приштина, со поддршка од Западот ќе проба да ги потисне (пара)воените српски сили околу Косовска Митровица. Оружени судири не се исклучени ни во Босна и Херцеговина, каде што опасност од интервенција и се заканува на Република Српска ако таа проба да се отцепи од федерацијата.
- Ситуацијата на Балканот се развива по крајно oпасно сценарио.Во најмала рака во двата конфликтни региони, во северниот дел од Косово и српскиот дел од Босна и Херцеговина, се привршуваат активните подготовки за оружена акција која има за цел да ги скрши српските органи на власт во овие покраини, смета Искендеров.
Кон фундаментално преиспитување на државно-правните основи на Република Македонија, според него, се работи и кај нас. Целта е, тврди тој, да се постигне трансформација во конфедерација според работно сценарио“Република Македонија - Илиријада”а потоа одредени региони да се спојат во формацијата на голема албанија.
Формирањето на ваква големодржавна структура, вели тој, е можно во блиска иднина. Не случајно последните анкети на јавното мислење меѓу Албанците во Албанија и на Косово бележат висок процент кои ја поддржуваат големоалбанската идеја. Податоците презентирани од Галуп Балкан Монитор сведочат дека создавањето на голема албанија го поддржуваат 74,2% испитаници од Косово и 70,5 од Албанија. Притоа, 47,3 % од анкетираните на Косово и 39,5% во Албанија, сметаат дека појавувањето на нова држава на сите Албанци Балканот, е реалност во блиска иднина.Јавното мислењe е доказ и за реалноста на теренот, зашто меѓу Албанците се уште функционира клановскиот начин на организирање и постои тесна поврзаност на племенските структури со финансиските интереси на водечките албански партии. Порастот на расположението во корист на создавање на голема албанија е катализатор за радикализирање на расположението во корист на таа идеја кај владеачките елити на Косово, Албанија, како и кај албанските политички елити во Македонија, јужна Србија, Црна Гора и Грција.
- Во услови кога Западот располага со милијарди евра, големоалбанските структури ја активираат борбата за создавање на голема албанија, а САД, ЕУ и НАТО заземаат курс кон форсирана изградба на косовската независност и кратење на дејтонските повластици за босанските Срби, вели Искендеров.
Традиционална Србија, со Русија како позадина и логистика, како сили кои се спротиставуваат на Новиот светски поредок, имаат само една можност за делување - да возвратат со отстапување од ограничувачките меѓународно-правни одредници, вклучувајќи ги договорите кои претходно се потпишани со Брисел, Вашингтон и со некои балкански земји, смета овој руски аналитичар. Во трасирањето на вакво однесување, Искендеров смета дека Србија би се ослободила од cиндромот на задоцнета реакција кон промените што веќе се случиле или се во тек. Тој сугерира да се пристапи кон изработка на комплексна програма за преиспитување на балканската мапа, врз основа на сопствените (српски) интереси, но дека се работи за заштита на руските интереси пред се, е сосема очигледна тенденција. Во системот на територијални компензации и систем на противтежа, би можеле да бидат вклучени не само Косово и Република Српска, туку и региони на Македонија и Црна Гора, вели Искендеров оставајќи простор таа изјава да биде различно толкувана.
Прекомпонирањето на Балканот може да биде артикулирано на некој нов Берлински конгрес, односно на некој авторитетен меѓународен форум, со поддршка на голем дел од политичката елита, експертската заедница и западното јавно мислење. По својата тежина таквиот форум би бил пандан на одлуките на Берлинскиот конгрес од 1878, односно на конференциите на сојузниците во Техеран и Јалта во годините на Втората светска војна. Во ваков развој на настаните Русите би ја ставиле во игра и улогата на Република Српска како противтежа на радикалните панисламистички тенденции кои фаќаат корен во Босна.
Како повод за преседан во уредувањето на меѓународните односи, но и во системот на одлучување внатре во Европската заедница (како уште еден чекор кон воведување на Нов светски поредок и светска влада) би можеле да послужат евентуалните оружени немири на Косово и БиХ, како и нерешливите балкан ски проблеми - проблемот на грција со името на Република Македонија; проблемот на Србија со Косово и лабавата конфедерација на БиХ.
Некои анализи одат дотаму што претпоставуваат дека создавањето на голема албанија би продуцирало територијални отстапки од Република Македонија, но едновремено и сегашните граници на грција би се поместиле на позицијата од пред 1912 година. На тоа насочува вртењето на грција од традиционалниот партнер САД кон Русија (не само кон Србија), затегнатоста на односите со Турција и топло-ладните игри со САД, покрај традиционалните добри односи со дел од арапските земји.


Само да потсетам: Кога се активира српската пропаганда во Македонија? Откако Босна била анектирана од Австроунгарија!

Размислете за тоа, и за тоа што се’ се случува во Македонија.
(This post was last modified: 19-04-2010, 09:13 PM by Администратор.)
19-04-2010, 08:30 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#10

Како и да е пак се прави сметка без нас.(Сите балканци)
Пак запад и русија си играат со ножиците.
19-04-2010, 09:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,790
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

(19-04-2010, 09:10 PM)афион Wrote: Како и да е пак се прави сметка без нас.(Сите балканци)
Пак запад и русија си играат со ножиците.


За да ножиците не сечат од Македонија треба да избереме страна. 1991 година ја избравме губитничката. Дали СЕГА КОНЕЧНО ке се свестиме и ке ја избереме ВИСТИНСКАТА СТРАНА.?????
19-04-2010, 09:24 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#12

Која е вистинската страна?
Во моментот има неколку играчи,Америка,Русија,Велика Британија,Германија и Франција.
Французите се на страната на грците.
Германија се на страната на грците и традиционален партнер на бугарите.
Британците се грчки пријатели но до некаде се и Американски потрчковци.
Русите се пријатели со србите и бугарите.
Американците некако се единствени што можат да не подржат за некој нивни планови заедно со албанците.Мислам дека базата во Косово и амбасадата во Скопје е примерот за плановите на Америка во следните 50 години,а некако и подршката меѓусебна со турција оди кон тоа.

Што мислиш ти?
19-04-2010, 09:40 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#13

Sto se odnesuva do tekstot, moeto mislenje e slednovo:
1.Na Rusija pa i na Srbija ne im odgovara poradi toa sto ke gi izgubaat svoite pozicii na Balkanot, poradi toa sto Srbija ne uziva tolku dobar rejting megunarodno bidejki ke dokaze deka seuste komunizmot e na vlast vo Srbija i Rusija.
2.Igrata koja ja protizira Rusija preku branitelstvoto na pravoslavieto e da se dojde do resursite koi se naogaat vo spomenatiot tekst. Ova e obid preku na zaplasuvanje da se izvlece od Zapadot (Istocna Evropa i Balkanot) poradi toa sto Rusija so zavrsuvanjeto na Studenata vojna izgubi pristap do pazari.
3.Kosovo, Albanija,Crna Gora i Makedonija se omileni meti poradi nivnata golemina i vtoro poradi toa sto seuste ne zavivuva ekonomijata i pravniot sistem vo tie drzavi, a so toa e demoralizirani graganite na tie drzavi.
4.So vojnata vo Gruzija Rusija javno ja demonstrirase svojata moznost da ja proektira svojata voena mok i so toa saka da povtorno zastane na isto ramniste so Amerika i povtorno da ima podelba spored onaa na Jalta.
19-04-2010, 09:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,790
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

(19-04-2010, 09:40 PM)афион Wrote: Која е вистинската страна?
Во моментот има неколку играчи,Америка,Русија,Велика Британија,Германија и Франција.
Французите се на страната на грците.
Германија се на страната на грците и традиционален партнер на бугарите.
Британците се грчки пријатели но до некаде се и Американски потрчковци.
Русите се пријатели со србите и бугарите.
Американците некако се единствени што можат да не подржат за некој нивни планови заедно со албанците.Мислам дека базата во Косово и амбасадата во Скопје е примерот за плановите на Америка во следните 50 години,а некако и подршката меѓусебна со турција оди кон тоа.

Што мислиш ти?

Страна ке избереш спрема твоите желби . Ако сакаш навистина МАКЕДОНСКА ДРЖАВА, тогаш и со ЦРН ЃАВОЛ ке се здружиш да стасаш до целта.
Ако желбата е само заради тоа што тоа е "моден тренд" и да не бидеш обвинет дека не си ИН а Самостојна Македонска Држава САКАШ колу и ЛАНСКИОТ СНЕГ, тогаш ке измислуваш триста нишани каква таа да биде.
Треба да направиме ДРЖАВА и да ја сочуваме. Kаква ке биде: дали Капиталистичка, дали Комунистичка, дали Фашистичка, дали Монархија за ТОА КЕ ОДЛУЧУВААТ ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА на СЛОБОДНИ И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ.
Се надевам ти дадов јасен одговор.
19-04-2010, 10:32 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#15

Toa e edno,mislev za silite kako ke bidat raspredeleni vo eventualnata razvrska.
19-04-2010, 11:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,790
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16

(19-04-2010, 11:01 PM)афион Wrote: Toa e edno,mislev za silite kako ke bidat raspredeleni vo eventualnata razvrska.


Ако Македонија остане со вакво уредување ке нема подршка од никој од ЗАПАД.
Ако расчисти со комунизмот а Србија остане во прегратките на Русија тогаш ке има подршка од сите од Запад.
Ако Србија се отргне од комунизмот и од Руското влијание тогаш
зад Србија ке застанат Франција и Англија. Во овој случај и Македонија по принцип на сврзани садови ке се ослободи од комунизмот и Македонија мора да бара спас во спротивниот табор САД, Германија.
19-04-2010, 11:13 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#17

(19-04-2010, 11:13 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(19-04-2010, 11:01 PM)афион Wrote: Toa e edno,mislev za silite kako ke bidat raspredeleni vo eventualnata razvrska.


Ако Македонија остане со вакво уредување ке нема подршка од никој од ЗАПАД.
Ако расчисти со комунизмот а Србија остане во прегратките на Русија тогаш ке има подршка од сите од Запад.
Ако Србија се отргне од комунизмот и од Руското влијание тогаш
зад Србија ке застанат Франција и Англија. Во овој случај и Македонија по принцип на сврзани садови ке се ослободи од комунизмот и Македонија мора да бара спас во спротивниот табор САД, Германија.

Icon_wink
19-04-2010, 11:16 PM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#18

текстот е обид за плашење на противникот! ништо повеќе...
19-04-2010, 11:40 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#19

(19-04-2010, 11:40 PM)toni_a Wrote: текстот е обид за плашење на противникот! ништо повеќе...


Toni_a tuka si greska, Rusite znaat sto sakaat i mnogu pametno postapuvaat. Eve sega so manipulacija na anketi se obiduva preku propaganda psiholoski da vlijae vrz naselenieto vo drzavite koi saka da gi apsi:Makedonija,Srbija i Crna Gora pa i vo Albanija.
Problemot e vo toa sto Zapadot pa i nie ne obrnuvame golemo vnimanie na sto se zboruva i na toa sto se slucuva pa i nemame strategija kako da se borime protiv toa.
Rusija, bidejki ako ne dobie izlez na pazarite vo Istocna Evropa, ja izgubi Ukraina i Balkanot ke bide vistinski porazena. Zatoa sega preku koristenje na verata se obiduva da se pretstavi kako zastitnik na pravoslavieto, a za vozvrat za toa sto e zastitnik na verata se obiduvaat da dojdat do resusrsi, monopol na tie pazari i izlez na Mediteranskoto more za da trguva so Arapite i da se vospostavi kako sila vo Mediteranot. Grcija se svesni deka nikogas nema da ja dobijat bidejki gi izgubija strukturite vo 1948, tuku ke se obidat da ja destabiliziraat.
(This post was last modified: 20-04-2010, 05:44 PM by basilius_2.)
20-04-2010, 05:42 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#20

Afion dobrdojde na forumov. Za nacija se smeta taa zemja koja imo tocno utvrdeni granici,naselenie, vlada i teritorija. Imeno terminot nacija e izmislen od Francuzite po 30 godisnata vojna megu Francija i Germanija, po koja Germanija e podelena na 9 mini drzavicki a toa e 17 vek. so Vestfalskiot mir. Spored odredbite vo toj mir Svedska, Anglija, Francija i Zapadno Atlantskite drzavi koi se formirale po raspad na Svetata Rimska Imperija se odnesuva na Germanija (Belgija,Luksemburg i Holandija) go drzaat primatot i balansot na silite se do 1918 koga toj sistem na balans na sili se raspaga.
Po ustolicuvanjeto na Petar Veliki i Golemata Severna vojna, Rusija ja pobeduva Svedska i stanuva seriozen igrac vo Evropa. Petar Veliki ja miodernizira Rusija koja seuste bila vo srednovekovieto, i go vospostavuva sirenjeto na Rusija kon Baltickite zemji i Sredozemnoto more so cel da gi dobie resursite i pristap kon pristanista sto ne se zamrznati cela godina poznati kako "prozorci kon zapad".
21-04-2010, 08:39 PM
Reply