Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ФАЌАЊЕТО НА КРСТОТ И ВАГИНАТА НА ИВОНЧЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,883
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ФАЌАЊЕТО НА КРСТОТ И ВАГИНАТА НА ИВОНЧЕ


[Image: 333btar.jpg]
Дедо Стефан и останатите во мантии од следната година за Водици наместо крст можат во водата комотно да фрлаат телевизори, фрижидери, клими и лап-топи и тоа по неколку комада одеднаш, за да нема лутиш и да нема мртви. Оти како тргнало, натаму оди, да заиграат ножеви и да запукаат пиштоли. Па не паѓаат секој ден од небо апарати за домаќинство, бела техника и компјутери. Кога Господ нешто дели во негово име и од неговата сопствена ризница глупо е да не падне крв.

[Image: 1081400_10152137283637180_1731082995_n.j...3b85303c37]

Историјата има маана да се повторува, такашто во името на Господ се воделе и ќе се водат уште многу војни. Само што за нас како народ кој остана без трошка идеали и самодоверба, не е повеќе штосно војувањето за големи работи и против корумпирани тирани кои ни прават лошотии, па се тепаме меѓусебе за телевизори, тостери, миксери и други тракатанци. И сето тоа, на верски празници и во името на Господ

И не е тоа од вчера. Слични инциденти за Водици кај нас се случуваа и минатите години, само ете оваа година, малку работите излегоа од контрола, па наместо богојавление, имавме РЕЗИЛЈАВЛЕНИЕ. Во борба за крстот, верниците, голем дел од нив под дејство на алкохол, делеа тупаници, клоци, се тегнеа, дивееја. Еден дури и насилно го одзеде крстот од една дама која имаше среќа да го дофати. Типот го украде и избега. Во Скопје, во Штип, во Струмица, во Битола, секаде беше исто. Распомамени таканаречени верници без мозок, кои се подготвени да убијат за да го дофатат крстот. Дедо Стефан и неговата братија соочени со тој невиден резил за нив, за Црквата и нивната паства, срамежливо најавија дека ќе го замолат Дедо Боже од следната година, да не дава повеќе подароци за оние кои ќе го фатат крстот. Искрено не верувам во тоа. Ама и да го замолат, изгледа е доцна за повеќето од нас да се променат во свеста.

Зашто секоја година МПЦ од Водици правеше невиден пи-ар зголемувајќи го влогот. На своите верници наместо лекции за милосрдност, љубов и простување им делеше материјални добра преку лотарија. Кој стигне прв до крстот ќе лапне компјутер и телевизор. Што би било следно, кога Синодот би имал толку пари? Ќе делат станови и деловни простори по теркот на лотаријата на финансискиот бог Ставревски? Додуша годинава можеа да им поделат на среќните крстофаќачи и триста евра кеш, ама да ги условат со тие пари да купат двестапеесет квадрати плац во Центар, по седумдесет денари од квадрат, ама не им текна. Или им текна, ама тие плацови не им се планирани за непознати лица. Лотаријата стана македонски национален спорт во добата на преродбеништвото и барокот. Лотарии и кладилници на секој чекор, тоа е сликата на преродена Македонија. А што му преостанува друго на мнозинството од оние кои немаат стална работа и добри приходи, освен да се лажат во зарот и милоста Господова. Треба да си бајги очаен или духовно опустошен за да се фрлиш во кочан-вода во јануари, па уште ако водата се вика река Вардар, тоа е како да си скокнал во канализација. Тешко дека по крстот скокаат оние со полни џебови и големи џипови, зашто нивно е ова царство световно. Тие го нашле својот Господ и својата среќа и супер им е. Ама што прајме со овие останатите? Е нив ги пуштивме по вода, исто како да го пушташ казанчето во тоалетот. Поточно не ги пуштивме ние, туку ОНИЕ кои живеат и владеат на нивната несреќа.

Да, изгледа е премногу доцна за повеќето од нас коренито да ги ревидираат своите сфаќања за смислата на животот и стварноста во која живеат, зашто дваесет години, а особено последниве седум се наоѓаат под директен атак на медиумите, кои по сугестија на власта и Црквата ги заведуваа со широка палета на изместени вредности и ги упатуваа на задоволување на бизарни амбиции и потреби. Сега некој од преродбенициве во портокалово секако може да ми контрира со фактот дека они фрлиле милиони евра во кампањи каде го величеле семејството, образованието, науката, љубовта кон ближниот свој и татковината и така натаму, што е точно, но тука постои една квака. Ако беа толку искрени во намерата да создадат НОВ ПРЕРОДЕН МАКЕДОНЕЦ-НАДЧОВЕК, зошто тогаш паралелно со нивните богоугодни реклами за најчистите човекови вредности и доблести, промовираат нешто сосема спротивно преку своето владеење.

Зошто додека оди нивната реклама ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА-ЗНАЕЊЕТО Е МОЌ, младите се повеќе веруваат дека партиската книшка е клуч за сила и моќ, а не знаењето? Има еден Гого од Аеродром, мој читателски фан, кој заврши политички науки на УКИМ и кој гордо работи на шалтер во кладилница, за плата од 150 евра. Има и една Маја од Лисиче, исто моја пасионирана читателка која работи во друга кладилница со диплома од правен факултет, а наскоро ќе брани магистратура. И да не ги редам, зашто не се само тие со тој ксмет. Затоа има толку кладилници и лотарии во земјава? За најумните млади луѓе да работат што било и да се расправаат со имбецили со два грама школо, наместо да го применат своето знаење кое крваво го стекнале на факултет, онаму кадешто треба? Не треба да си многу паметен да ти текне дека целата портокалова кампања за знаењето не е да се создава учен кадар, туку да се задржат младите што подолго во школските клупи, зашто говедата на власт немаат намера, ниту знаење, да им обезбедат соодветна работа за стекнатите вештини.

И додека шиба нивната реклама која ги охрабрува луѓето да почнат свој бизнис, во реалноста, секојдневно УЈП и разни други државни инспектори казнуваат и пломбираат десетици и десетици мали фирми. За тоа време пак, таканаречените странски инвеститори ги добиваат сите погодности за да почнат бизнис, ослободени се од одредени даноци, а сепак нив никој не смее да ги пломбира, без разлика што на најбескрупулозен начин ги експлоатираат нивните работници кои работат за мизерни плати, за делник и празник и чии човекови и работнички права често се загрозуваат од работодавачите. Или се запрашал некој зошто одат оние реклами за национално размножување и трето дете, кога од друга страна, нема работа, нема пристоен стандард, младите брачни парови живеат со родителите или под кирија, а армија очајници масовно ја напуштаат државава. Зошто оди онаа владина реклама за борба против корупцијата, кога постојано излегуваат на видело скандали поврзани со корупција во која главна улога играат владини луѓе и новинари, кои никој не ги гони, додека од друга страна се приведуваат и брзо се осудуваат луѓе кои важат за противници на власта? Какво е тоа промовирање на патриотизмот во медиумите, кога во истовреме власта дозволува да се веат туѓи знамиња на македонска територија, масовно да се прославува празник на туѓо знаме, му се дозволува на едно малцинство да менува преку ноќ имиња на македонски вековни топоними или се замижува кога на разни училишта им се даваат имиња на балисти кои во тој крај за време на Втората Светска Војна, палеле македонски куќи, силувале Македонки или стрелале борци против фашизмот? И згора на сѐ, принудени сме да гледаме и слушаме разни шлакнати типчиња од преродбеничка провиниенција како тврдат дека Господ прво ги создал Македонците, а после од нив настанале сите останати до Јапонското Море. А бе ние не можеме без дозвола на општинските проалбански власти веќе ни во Дебарско Езеро да се избањаме, а камо ли во Јапонско Море!

И тоа не е сѐ. Минатиот мај во гиманзијата Јосип Броз Тито, ученик опцул и се заканил на професорка. После настанот професорката била замолена од директорот на гимназијата да заборави на настанот, зашто таткото на ученикот, инаку близок бизнисмен до власта, секогаш бил великодушен кон гимназијата и финасирал во нови клупи, табли и креди. Таа професорка и добро пројде, зашто имаше и десетина случаи на физички нападнати професори од страна на ученици, со убодни рани и скршени ребра, за кои школите во кои работеа решија да молчат или набрзина да го минимализираат настанаот ако за него се расчу наоколу. Денес е многу во мода да се плука на бившата држава, ама во неа за ваков испад се викаше милиција во школо, а ученикот добиваше клоца од директорот и забрана да го продолжи школувањето на територијата на целата земја. Немаше заебанции за некои работи во таа некогашна држава, а денес во Македонија сѐ е голема заебанција, па дури и државата. Затоа ни се случува целата трагедија. Секојдневните убиства, пљачки и тепачки по автобусите или за Водици. Младите се слика и прилика на она во што се претворија нивните родители. Хиени лишени од солидарност, човечност и емпатија, желни за пари, статус и моќ по секоја цена. Кога изби скандалот со фирмите на Ивонче и тендерите за неа што ги потпишал Тодоров, реакцијата на јавноста беше: Ах, на Ивонче ја заболе вагината за скандалот. И нас да ни се може ко на неа и ние ќе лапаме и ќе возиме скапи џипови! Медиумите и власта се главните поттикнувачи и диригенти на таа колективна психопатија. Од најголемите негативци прават супер-херои и ги поттикнуваат најпримитивните нагони кај гледачите, а со тоа ги наведуваат на девијантно однесување или ги подготвуваат, таквото однесување да го прифатат како нормално. Снисходливост кон власта за стекнување лична корист, гола амбиција и неизгаслива желба за моќ и богатење. Тоа се псеудовредностите кои вистински ги промовира власта и медиумите зашто знаат дека, кога сите ќе станеме како нив, тогаш нивните злосторства и криминали ќе бидат прифатени и оправдани.

Дај го Големиот Брат, опни ја Фарма во ударен термин. Во тие реални шоуа се промовираат исти такви психопати какви што има во секоја власт и какви што љуби секоја власт, за да владее што полесно со стадото. Сега е хит Фактор Икс со Фифи и Даниел. Забава, забава и само забава. Забавата најдобро го неутрализира секој никулец на критичко размислување и обмислување на реалноста, ама за тоа, во друга прилика. Важно, нашата самодоверба е толку уништена што целата таа бесцелна поп-журка ја доживуваме ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ. И не се само тинејџерите фатени на таа јадица, туку и повозрасните. Даниел мора да победи! Еве и нека победи! Што, ќе ви пораснат рогови ако победи или следниот ден ќе ви тропне Тодоров на врата да ви понуди тендер за да возите и вие џип како Ивонче? Дали сте нормални? Ќе знае ли некој друг пошироко од овој проклет и стеснет балкански атар во рамките на Македонија, Србија, Босна и Хрватска дека Даниел победил?

Општеството на спектаклот полека го заробува духот, полека ама сигурно. Иреверзибилно. А ние веќе се однесуваме како зависници од него. Ни треба лажната тензија што ни ја нуди и лажните херои кои ги забораваме пет минути по нивниот голем триумф, зашто сѐ е во пи-арот, вистинските величини и вредонсти повеќе не постојат. На истиот начин ќе заборавиме и на овие Водици и нивните херои кои стекнаа огромен публицитет од својот резил, како оној тип што насилно го одзеде крстот од кутрата дама. Зашто најпосле, резилот не е важен, туку настанот за кој ќе се прикажува дури две недели. Затоа мислам дека ништо нема да се смени, а Господ и следната година ќе дели подароци за крстофаќачите. И пак ќе има тепање и крадење, а можеби и убиство, зошто да не? Будалите секогаш ги повторуваат сопствените грешки. Само да не се налути Дедо Боже, би било добро Дедо Стефан од следната година да не го фрла крстот во реката во која се излеваат сите скопски гомна, туку да го дислоцира целиот настан на олимпискиот базен, зашто таму водата и онака е секогаш ладна како онаа во Вардарот, во јануари.

Сашо Тасевски


22-01-2014, 03:48 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#2

Се тоа што Сашо Тасевски нареди како средства за замајување на народот, а при тоа опишувајки го и менталитетот на современиот македонски граѓанин, е во ред. А, ако пак народот се освести и повеќе не верува во тие забудалувања, имаат друг џокер во рацете-Името не го даваме и лажната историја. На таков широк арсенал на опстојување и на тековната власт и опозицијата, македонскиот народ, за жал, нема одговор.
23-01-2014, 01:34 PM
Reply