Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЕЈ МАСОНИ, СИТЕ НЕ СМЕ ГЛУПСОНИ!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,747
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ЕЈ МАСОНИ, СИТЕ НЕ СМЕ ГЛУПСОНИ!


[Image: 333btar.jpg]
Чукна часот кога решив на мојот соговорник масон да ги предочам моите согледувања во однос на неговото масонско братство и агендата што ја туркаат стрпливо и со векови. Во претходните две колумни, повеќе ги бележев неговите спознанија за слободната масонерија кои само одвреме-навреме ги пресретнував со свои куси коментари, но сега мене ми е редот. Бев спремен на тоа дека типот можеби ќе зрка бледо во мене по моето излагање, не затоа што ќе се прави на дваипол, во обид да се заштити од она што ќе го чуе, туку затоа што и самиот може никогаш не го обмислувал своето братство од тој агол, особено ако се знае дека само врвот од најмоќните масонски редови и ложи е до крај упатен и запознаен со целите на слободната масонерија. Но пред да тргнам во опасен контранапад, ќе направам нешто што по некоја логика требаше да го направам уште во првиот дел од трилогијата за масоните, ама го оставив за крај, а тоа е краток осврт на потеклото на слободната масонерија.

[Image: 1z3qb10.jpg]

Голема грешка е да се верува дека масонеријата е родена од некои средновековни градителско-ѕидарски еснафи, туку тaa, постоелa под друго име многу векови претходно и намерно се инфилтриралa во тие еснафи со цел да ги искористi како паравани за своите сомнителни активности кои се однесувале на обезбедување на монополски позиции за остварување на она за кое масоните се заинтересирани, а тоа е МОЌТА, КОНТРОЛАТА и ПРОФИТОТ. Зашто тие не биле никакви ѕидари и молери, туку елитни претприемачи и лихвари. Заради тоа и биле прогонувани низ историјата, бидејќи ги туркале владетелите и кралствата во тешки должнички ропства, а потоа и во долги и крвави меѓусебни војни од кои профитирале само тие и никој друг, зашто во истовреме ги финансирале сите завојувани страни. Се претпоставува дека не постоела поголема војна од деветиот век на нашата ера, па до денес, а тие да не ја започнале и не ја завршиле оној миг кога ја постигнале целта – ЏЕПОВИ ПОЛНИ СО ЗЛАТО. Значи тие палат, тие гасат. Оттука таа нивна стратегија на скривање која ја користат од дамнешни времиња, па до денес. Нивната лукавост оди дотаму што понекогаш користат разни култови за да го прикријат своето делување, а можеби и затоа го смислиле масонството, колку да ги забошотат своите трагови и дела. Од тие причини цели масонски ложи, да кажеме како што е македонската, може и да немаат поим за она што вистински се случува на највисоките степени во најмоќните ложи на слободната масонерија.

Кои се тогаш ТИЕ кои се кријат зад масонските редови и другите тајни друштва како Билдерберг, Кралскиот совет за надворешни работи, Трилатералната комисија, Римскиот клуб, зад големите државни администрации на суперсилите, зад мултинационалните компании и најмоќните светски медиуми? Нивниот најмал заеднички содржател (НЗС) се никој друг, туку, ИЛУМИНАТИТЕ. Погрешно се мисли дека Вајсхаупт е таткото на Илуминатите и нивни основач во 1776 година во Баварија. Целата таа приказна била илуминатски блеф во нивни фазон за да го свртат вниманието од себе и вистинските мастермајндови на нивниот ред. Вистината е дека првите банкари и лихвари кои од времето на Витезите Темплари ги финансираат раните европски кралеви, се оние кои ги создаваат Илуминатите, за потоа, тој ред до денес да се дисперзира во многу други тајни и окултни друштва кои самиот ги создал за да обезбеди максимална дискреција, па дури и да ја убеди денешната светска јавност дека одамна е укинат, уште во она време кога баварската полиција го разбуцала Вајсхаупт и неговите кутри следбеници.

Значи кога се зборува за слободната масонерија и нејзините скриени планови и агенди секогаш се мисли на Илуминатите, поточно на оние што ги создале, банкарско-лихварските елити кои потекнуваат од Витезите Темплари. За нив се верувало дека се христови војници во заштита на христијанството од налетите на неверниците, но најверојатно е дека тие никогаш не биле деца на Ватикан и христовата црква, туку верувале во разни древни мистерии и практикувале окултни обреди кои потекнувале од античкиот Египет и Вавилон, за што подолу ќе стане муабет, а со Ватикан играле сѐ додека тоа им било исплатливо или поточно, до мигот кога биле фатени во лагата. Тие витези-темплари ја измислиле азбуката на современото должничко ропство, чија жртва сега е и Македонија и ја имаат формулата за тоа како да се владее со светот преку контролата на банкарскиот систем и финансиските текови. Но како темпларскиот ред ја стекнал таа моќ? Да се биде темплар во тоа време, значело да се откажеш од целото свое материјално богатство, такашто ќе го подариш на редот на браќата Темплари. Така постепено, со богатството растела и моќта на тој ред, такашто почнале да ги лихварат сите оние кои имале потреба од некаков голем заем. Меѓу нивните должници бил Ватикан и сите кралеви на тогашниот европски континент.

Првиот кој жестоко реагирал на нивната перверзна опсесија за профит и контрола на светот бил Филип Четврти Убавиот, кралот на Франција, зашто и самиот станал нивни должник. Кога видел дека долгот не може да го врати дури и ако го враќа за три негови животи и дека само враќањето на каматите од неправедниот лихварски долг ќе го урниса неговото кралство и народот, тој не само што одбил да го враќа, туку на Темпларите им приредил невиден прогон и колеж на ден петок тринаести, во октомври, 1307 година, откако претходно ги обвинил за окултизам и за обожување на цицлестиот андрогин демон Бафомет. Ете кој не знаеше, сега знае од каде доаѓа целата симболика на денот петок тринаести и на насловот на оној култен хорор филм. После тој црн петок за темпларите, тие се рашириле низ цела територија на денешна Западна и Средна Европа, редот го ставиле во илегален режим на работа, а со златото што го спасиле, пак лесно навлегле во сите сфери и видни позиции во тогашните кралства. Станале нивна „влада во сенка“, само што избегнувале да се ословуваат како Темплари, иако нивниот ред во ниту еден момент не го згаснале и продолжиле да лихварат, сплеткарат и потпалуваат војни меѓу кралствата кои биле нивни должници. Редот на Темпларите, таа влада во сенка и денес стои не само зад најмоќните држави во светот, контролирајќи ги на сосема идентичен начин, со лихварење, ширење ерес и опасен окултизам, туку е активен и во Македонија, во чии редови влегуваат дел од оние кои ја пополнуваат Големата ложа на Македонија и редовно тајно ги донира најголемите партии во власта, преку свои фантомски фирми и фантоми-поединци

Така доаѓаме до сржта на прашањето кои се по ѓаволите илуминатите и масоните. Чуму тие тајни средби исполнети со многу театар и древни опскурни ритуали? Нивниот окултизам и ритуалите претставуваат технологија да се придобијат разни демонски сили со чија помош, како што самите велат, би биле „владетели на владетелите на светот пред чии нозе ќе клекнат сите кралеви и понтификати“. Опа, од каде сега оние кои постојано се обидуваат да нѐ убедат во својата ангелска природа, се обожаватели на демони. Не е можно. Тоа некој мора намерно да ги компромитира, зашто му е криво што не е во нивната екипа. Да, ќе беше така, ако тие самите не се компромитираа и тоа, преку нивните водечки фигури. Еве за што се работи.

Спротивно на тврдењето на нашите малокалибарски масони дека масонеријата не е религија, туку братство на филантропи и хуманисти, нивниот светец, таткото на масоните Алберт Пајк за масонеријата отворено вели дека е религија со свои храмови или ложи, а нејзиното учење е верско упатство за остварување контакт со демонските сили. Истото ова типче во своите записи тврди дека масонската религија цели кон тоа, човекот повторно да се соедини со Бог. Но со кој Бог, прашање е сега? Масоните пред јавноста него го именуваат како „Големиот архитект на универзумот“, но никогаш не даваат објаснување до крај дека тој нивни архитект не е Бог-творец како библискиот старо-новозаветен бог или да кажеме, муслиманскиот бог, туку е Бог кој само го обликува веќе создадениот свет, но по своја желба, со помош на волјата своја. Практично кодираното име на масонско-илуминатскиот бог е ЈАХ-БУЛ-ОН кое претставува спој од еврејскиот бог Јахве (Јехова), старозаветниот демон БААЛ чие име има потекло од Монголија и го означува ѓаволот и ОЗИРИС на кој откако му здосадило да биде лигав бог на плодноста, станал египетски бог на мртвите и си останал таков. Но треба да се знае, главен соперник и душман на ЈАХ-БУЛ-ОН е богот АДОНАЈ, а тоа е оној нашиот, библискиот бог, кој за масоните претставува бог на темнината и злото. Според масоните, Луцифер е рамен на Адонај, но тој е добриот Бог кој се бори во корист на човештвото, а против самоволието на библискиот бог Адонај. Ех, какви би биле тоа масони кога не би ја завртеле целата работа на глава, зарем не?

Ако од досега реченово, работите уште не се до крај јасни, без нервози, тука е чичко Алберт Пајк, за тие да станат појасни. Во една своја масонска мантра, Пајк недвосмислено ја дефинира масонеријата и го открива ОНОЈ со кој треба да биде соединет секој масон: Масонската религија треба да биде Луциферова доктрина. Луцифер е бог. И кога масоните во фазон на нивните извртени тези велат дека нивната мисија е да ја досегнат светлината во смисла: „О боже наш, смилувај ни се со твојата голема светлост и откриј ни ги силите на темнината“, бидете сигурни, тие директно го повикуваат Луцифер, оти тој е ОНОЈ што го носи светлото кое тие треба да го досегнат. Бреее, да се наежиш!

Инаку, Луцифер е ангелот Светлоносец кој прво му бил мил на Бога, ама после му дојадил Стариот со своите паламудења за здраво тело во здрав дух, па решил да му се спротивстави, ама се заебал у проценките на силата на Стариот, па за казна бил фрлен во пеколот. Затоа кога се зборува за масоните и Илуминатите, треба да се знае дека тоа се луциферијански култови и меѓусебе се однесуваат како ракавица која совршено ѝ пасува на една дланка. Но треба да се знае и следново. Не се сите масони во илуминатите, а особено не се оние од пониските степени на масонските редови. Но, ако го земеме Шкотскиот ред на пример, во него сите кои го имаат 32-от и почесниот 33 степен се Илуминати. Покрај тоа што го користат окултното да се стекнат со силата на Луцифер, Илуминатите користат разни сатанистички ритуали и култови и за да ги вметнат помалку упатените од нив, во својата програма за контрола на умот. Тоа голем дел од нивните чираци и калфи во масонските редови не го знаат. Едноставно им треба верна армија на својот пат до врвот на светот. До светлоста и нивниот Луцифер.

Како што знаете, целата западна цивилизација е фундирана на христијанството, поточно, на учењето на Христос за иманентноста на Бога, на неговиот план да се манифестира себеси преку создавањето и на идејата дека човекот е недовршен, зависен од божјото откровение и затоа треба да ја следи неговата волја, а не да се препушта на своите себични интереси и претенциозни желби. Но тоа не е учењето на кое се поклонуваат масоните и Илуминатите, туку е нешто сосема спротивно. Како што напишав уште во минатата колумна, тие целосно се отклонуваат од христијанскиот морален светоглед, релативизирајќи ја вистината со тоа што целосно му ја препуштаат на поединецот. Колку луѓе, толку вистини! И на тој начин го отвораат патот за аминување на секое зло од страна на поединецот, зашто кога се промовира дека секој човек има своја вистина која мора да се толерира, така се брише границата меѓу доброто и злото Тоа значи, секоја постапка на некој поединецот може да се оправда затоа што произлегува од неговата волја и желба. Само треба да се помачи да најде добро оправдание што би поминало полесно кај останатите. Таа идеја доаѓа од нивното верување дека секој човек е бог кој може да го уредува и управува со светот по своја волја. За масоните и Илуминатите човекот е тој што ја дефинира реалноста и затоа неговите лични желби и амбиции се негова единствена заповед. За таквиот човек, Бог е мртов, такашто над него повеќе не постои никаков авторитет пред кого би сносел одговорност за своите дела.

И сега, ако го погледнете светот во кој денес живееме, локално или во рамките на западната цивилизација, не е тешко да сфатите дека тој одамна не е по планот на Христос, туку е плен на Ѓаволот и неговите еманации и демони како Мамон, Бафомет, Јахбулон, Баал, Белзебуб, Сатанаил и останатите. Практично, со нас владее глобален сатански култ кој има свои емисари во секоја земја во светот. Неговата агенда е ЕДНА СВЕТСКА ВЛАДА, ЕДНА СВЕТСКА РЕЛИГИЈА и ЕДНА ВАЛУТА за сите, целосна анихилација на националните, етничките, историските, културните и другите разлики меѓу луѓето и целосно укинување на независноста и суверенитетот на државите, зашто текот на нивниот капитал не смее да биде забавуван на ниту еден начин. Од нив потекнува идеја за глобализацијата и слободните неконтролирани пазари кои создаваат огромна маса од робови и мали, но многу моќни елити. Затоа тој луциферијански култ промовира максимална толерантност кон сите човекови постапки, кон големите монотеистички религии, кон сите културни разлики и политички идеологии, значи, не со цел истите да ги помири, туку да ги релативизира до нивна негација. Ќе прашате како? Просто, ако сѐ е дозолено, тогаш сѐ може да се преџвака. Digest civilization and doublethinking. Злото е добро, војната е мир, слободата е ропство, а незнаењето е сила. Тоа се последиците на масонската религија и култот на Илуминатите со кои веќе се соочуваме. Ним им требаат луѓе без идентитет, безлични и лишени од моќта, послушни робови кои можат да проголтаат сѐ што ќе им се сервира пред носот, оти само така ќе можат да ги држат под контрола и во постојан страв пред доаѓањето на новиот тоталитарен технократски свет.

Ако мислите дека ништо од ова не е вистина, само ќе потсетам на тврдењето на масоните од 33-от степен на Шкотскиот ред дека претставуваат МАТИЧНА ЈУРИСДИКЦИЈА НА СВЕТОТ или негово главно советодавно тело. Тие себеси несомнено се сметаат за негови и наши господари, без разлика што повеќето од нас немаат поим за тоа. Точно, мнозинството заради инертност на духот и понатаму ќе ја врти главата настрана секогаш кога ќе се отвори ваква тема, каква што отворив јас во последните три колумни. Останатите пак, кои се дел од тој реален заговор, ќе се обидат да смислат безброј начини како да ги исмеат оние кои ги демаскираат нивните активности или пак, ќе прибегнат кон најефикасното оружје во вакви ситуации – ТУРИ ГО НА ИГНОР!

Затоа, наместо да ја пикате главата во песок, завртете се околу вас и ќе ги видите нивните окултни ѓаволски симболи на секој чекор. Ќе го видите Мостот Око во Скопје, како најсилен илуминатско-масонски симбол кој го претставува Хорус, синот на сонцето и светлоносецот Луцифер, кој проникнува секаде и гледа сѐ. Завртете се и ќе видите безброј скулптури на бикови и мачки, диви и питоми, кои во древен Египет биле дел од нивните окултни ритуали, ќе видите пирамиди и триаголни градби, дури и во помалите места како што е фонтаната-пирамида во Радовиш. Тоа се премногу нешта кои имаат еден НСЗ и само тотално неупатен човек би ги сметал за случајности. И кога ќе видите некој од нашиве масони како донира во изградба на црква, нека не ве лаже умот дека, ете, се покажал прав христијанин и чист кон Бога. Тој истиот, можеби утре ќе даде пари да се изгради болница, училиште и што ти уште не. Не паѓајте лесно на тие фини провокации, оти не се цвеќиња за мирисање како што зборат. Тие често го прават тоа, зашто измамата е дел од нивното школување во ложите. Нивното тајно друштво е опасен и елитен култ кој се грижи да обезбеди благосостојба само за неговите членови кои надвор од култот се наоѓаат на најважните места во државава или се газди на најмоќните овдешни компании. Прашајте се само колкава ќе биде цената која отпосле ќе ја платиме за таа нивна лажна хуманост со која ги покриваат своите матни бизниси и големи планови со Рогатиот чиј најголем курназлак е во тоа, да ги убеди сите дека не постои.

Сашо Тасевски
16-01-2014, 03:05 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#2

За многу луѓе кои немаат барем базична информација за Новиот Светски Поредок, нивните амбиции и средства за остварување на тие планови ова колумна на Сашо Тасевски ке им прозвучи многу претенциозна, неточна и конспиративна. За жал за тие кои ја следат ова проблематика, колумната на Сашо Тасевски означува само едно- некој прв елоквентно, јасно и сублимирано да ги искаже во македонскиот медијумски простор идеите на Новиот Светски Поредок.
На практичен план, за тие кои активно или пасивно се бават со следење на македонската политичка сцена, тоа пак отвара нови проблеми и прашалници? Досега ( така е и во КОТЛЕ) главната причина за недемократија во Македонија беше ставена на грб на службите кои беа во папочна врска со северниот сосед. Ова сега отвара нов простор за анализа. Кој колку е поинволвиран во случувањата во Македонија? Кој има поголемо влијание на политичките и економските текови во Македонија? Дали службите или претставниците на Новиот Светски Поредок. Дали тие и персонално се испреплетени? Иконогрфијата на проектот Скопје-2-14 на кој укажа Сашо Тасевски јасно покажува дека и во власта има луѓе кои работат за интересите на НСП.
17-01-2014, 02:09 PM
Reply