Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЃАВОЛОТ НЕ Е ПЕДЕР – КУЛТОТ НА МАСОНИТЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ЃАВОЛОТ НЕ Е ПЕДЕР – КУЛТОТ НА МАСОНИТЕ


[Image: 333btar.jpg]
Кафето не беше доволно за да го сослушам до крај македонскиот масон кој седеше отспротива и полни два часа ми раскажуваше за слободната масонерија и оние славни денови во 2005 година кога е консекрирана регуларната Голема ложа на Македонија за што пишував во минатата колумна. Затоа нарачав виски, зашто ми е некако помасонски пијалок од кафе, иако масонот откаршија беше вљубеник на скапите вина до откаченост и на секоја голтка ми кажуваше по некоја кратка пикантерија за технологијата на правење вино. Едно време морав да го потсетам дека треба да се врати на темата масони, оти брзо се ладам некој кога ми збори за вино, зашто вино не поднесувам во ниедна варијанта.

[Image: a0gmx4.jpg]

Нејсе, во продолжение на муабетот за пак да ме загрее во тандем со вискито, ми откри дека најниската старосна граница за прием во масонските ложи е 21 година, освен ако новакот што треба да биде примен, не е син на некој масон. Во тој случај, може да биде примен и помлад, но под услов да е полнолетен. Тогаш го примаат ко посебен кандидат со титула ЛУИС. Интересно е тоа што ако сте машко и ако имате татко масон, тогаш и вие, еден ден, ќе станете масон со гаранција. Одело по машка линија. Да се информирани феминисткиве наши за ова, очи ќе им ископаат на масониве македонски, само да ги знаат кои се.

За да ме подзагрее уште повеќе, масонот потоа ми зборуваше за елитните клубови Ротари и Лајонс кои наводно претставуваат услужни сервиси за хуманитарни дејности на проекти поврзани со ОН, УНИЦЕФ и Светската здравствена организација, но во суштина, барем така сум чул, Ротари и Лајонс се масонски клубови кои служат како регрутни центри за идните масони. Како и да е, да знаете само колку ми стана жешко кога рече дека масонското движење било активно во Македонија уште во славните илинденски денови, а особено кога била на глас солунската ложа Macedonia Risorta или Воскресната Македонија чии членови биле големиот Ќемал Ататурк и министерот Талат Паша како Голем Мајстор на Шкотскиот ред на Отоманската Империја. Влијанието на оваа ложа кулминирало кога заедно со други масонски ложи, како ложата Macedoniе et veritas, во која бил инициран Ќемал Ататурк во 1904 година, ја потпалиле Младотурската револуција. Вауууу, ептен лудо, а? Ама типот имаше уште полуди информации, као на пример дека Даме Груев и Гоце Делчев на чело со гемиџиите, исто биле масони. Значи она со комитскита заклетва на нож, кама и библија немало врска за нив. Они тајно се заколнувале на агломер и шестар, што има логика, зашто и Гоце и Даме биле учители едно време. Сигурно носеле под мишка и шестар и агломер, а наместо библија, користеле атлас. Нејсе, ко ми текна на ова, луѓе, толку се насмеав што вискито од уши ми излезе. Тогаш го прашав, тоа скапото вино што го пие, со лизергична киселина да не го меша. Арно ама, прашањето воопшто не го збуни, само ме погледна и фрли нов влог на масата.

Еден дедо на многу близок човек до лидерот наш Грујо бил првиот голем мајстор на Бугарската ложа и еден од нејзините основачи во 1917 година. Е тој дедото се викал Александар Протогеров, а кој е тој човек близок на наш Грујо, кој е потомок на овој Александар ПРОТОГЕР-ов погедете од три пати или повикајте пријател. Тогаш престанав да се смеам зашто многу добро знам од претходно дека во секоја европска влада се влезени слободните масони без исклучок. Само не ми беше јасно која е нивната конекција со оваа нашава сегашна влада. Кога го чув тоа за дедото Протогеров мозаикот ми се пополни и ми станаа јасни и други работи, како на пример, зголеменото влијание кое го има Бугарија во нашата земја по 1991 година, а особено последните седум години, со бугарските пасоши, бугарското лоби и бугарофилските организации, партии и партиски струи во Македонија.

А дека ги има во секоја европска влада, па и нашата, доволно зборува фактот што масоните потполно ја прифаќаат европската супер-држава наречена ЕУ со сите нејзини дубиози и не само тоа. Многу пошокантно е за нас, што еден од најважните услови за Македонија да се приближи кон ЕУ интеграцијата, покрај реформите и другите глупости, беше ДА СЕ РАСЧИСТИ ТЕРЕНОТ ЗА НЕПРЕЧЕНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА МАСОНЕРИЈАТА во Република Македонија. На тој услов до 2005 година, значи до консекрирањето на македонската ложа, напорено работеле во тајност сите влади или поточно, моќни поединци од владите, а за тој услов никогаш не беше проговорено во јавноста, како и за многу други работи. Како што никаде не се зборува за тоа дека одамна е дадена согласност за промена на името на нашата држава и дека поделбата на Македонија ќе се случи најдоцна за десет години без разлика дали претходно ќе стане дел од ЕУ или ќе остане ваква каква што е, ниту на небо ниту на земја.

За тоа време простите смртници и понатаму простосмртно ќе веруваат дека нивниот глас ги носи на власт Грујо, Бранко или Сранко. Нека веруваат, нивни проблем. Затоа еден ден ќе се разбудат во многу заебан кошмар, но тогаш ќе биде предоцна да се поправи кецот по општество и државно уредување. И немојте да мислите дека гледам на гравче или на кафе, кога говорам за овие работи, оти секогаш, покрај масонските организации, постојат и други кои тајно си разменуваат разни писменца со чудни информации кои на овдешната јавност ќе ѝ звучат како добар виц ако некој се дрзне да ѝ ги образложи. Тоа е закон на природата. Тајноста раѓа тајност. Додека постојат такви кои заговараат и таат, ќе има и такви кои ќе сакаат да ги растајнат и спречат. Но кога сме кај тајните, да се вратам на темата.

Масоните многу сакаат да покажат дека не се тајна организација. Како што никогаш нема да признаат дека се култ. Што се однесува до тајноста на организацијата ќе ви речат дека таа не држи вода, зашто се регуларно пријавени како организација во секоја држава и дека во секоја книга што ќе ја купите на масонската улица Great Queen Street во Лондон можете да најдете упатство за примена на масонските ритуали. Тоа ми го кажа и мојот соговорник. Аха, добро, му реков, ако е така, ако вашите ритуали може секој да ги прочита, тогаш за кој андрак ги правите зад затворени врати. Зошто вашите обредни состаноци не ги отворите за јавноста и туристите? Знам, ќе кажете традицијата бара да останаете таинствени, ама ако е така, тогаш вие се придржувате до таа традиција, што значи не ги откривате до крај ритуалите во вашите книги или можеби не откривате ништо од нив, туку нивни сурогати, колку делумно да го задоволите љубопитството на јавноста.

Океј, еве, нели сте хуманисти и добротвори, немате скриени намери, зошто тогаш не направите некое масонско дефиле околу Воинот на коњ за да видиме кои сте, јавно да ви изразиме благодарност? Или се плашите тоа некој да не го сфати како геј-парада, што не е исклучено како опција, секогаш кога шетаат во голема група саде мажи? Од една страна зборувате за тајната која ја знаат само најупатените од редот, а од друга страна велите нема тајна организација. И пак ми текна на таа вашата приказна за Кока-Кола која ми станува сомнително-лабава кога велите дека и таа компанија има тајна формула за напитокот, а сепак не е тајна организација. Напротив, Кока-Кола не само што е масонска компанија, туку и самата е тајна организација, зашто во нејзината управна зграда не може да влезе секој, а уште помалку може да влезе во јадрото, кајшто е кремот на менаџментот и управниот одбор. Навистина, зошто до сега само еден од вас јавно призна дека е ваш масонски брат? Единствениот одговор што ми се чини логичен на ова прашање е дека откако се кенсекриравте во регуларна ложа, на ред дојде орекестрираното преземање на акции за кршење на предрасудите во јавноста за тоа кои сте, но не со цел да ја изнесете вистината за вас, туку како што реков да го свртите вниманитео на јавноста подалеку од себе ако ја убедите дека сте фини дечки од наше маало. И таа проактивна улога на убедување на јавноста во вашата добрина се одвива симултано низ цел свет, не само тука, локално, зашто тоа е долгорочна стратегија на вашата мајка Обединетата ложа на Англија (ОГЛА)!

Тврдите дека не сте елитна организација и дека едно од вашите темелни начела е она за немешање на политика и религии на вашите состаноци. Зошто тогаш секој од вас, доколку самиот не управува со своја компанија се наоѓа на моќна функција во власта или во некоја голема партија? Во деведесетите години од минатиот век во Англија имаше жестоки дебати на тема дали е во ред високи старешини на полицијата, војската, тајните служби и елитни политичари да бидат масони. Кај нас такво нешто е невозможно, зашто 98% од обичните смртници немаат поим кои сте, кога ниту еден медиум не смее да во стави во тој контекст, зашто вие сте нивните сопственици. А метастазирани се и во механизмите за водење на оваа држава, како и во големиот бизнис, во судството, во полицијата, во културата и уметноста, во науката и образованието. Насекаде.

Да ве прашам, ако не сте елитни и ексклузивни што ви значи она темелно начело дека на братот-масон мора да му се помогне секаде и во секое време под услов оној кој му ја укажува помошта да не го прави тоа на своја штета или на штета на своето семејство? Зарем тоа не значи дека ако сте премиер на една земја и масон во исто време, ќе му помогнете на братот кој има компанија да добие тендер зад кого стои државата? Ете, со таа мала помош не верувам дека тој премиер ќе се доведе себеси или своето семејство во некаква животна опасност. Ако сте масон и главен на царината, поставен од истиот оној премиер-масон, зарем не би замижале кога ваши браќа масони од бизнисот, ќе сакаат да внесат или изнесат илегално одредена роба или да избегнат царинење на истата. Не верувам дека не би направиле такво нешто за својот љубен брат-масон, особено ако е ваша целата држава. Со самото тоа што во ваши раце се компаниите, медиумите, власта, тешко е човек да поверува кога тврдите дека немате чувство на особеност и надмоќ над останатите како мене. Напротив, вашата цел е таа ексклузивност, недопирливост и надмоќ институционално и идеолошки да ја заштитите. Еве како.

Шкотскиот ред, поточно неговиот 28-ми степен учи дека не постои монопол над вистината и наводно тоа се однесува на догмите на големите религии. Оттука масоните отворено признаваат дека нивна е заслугата што во демократските земји религиите се одделени од световното живеење и управувањето со државата, но според мене, таа масонска борба против монополизирање на вистината повеќе се однесува на една многу опасна теза позната како СЕКОЈ ЧОВЕК СВОЈА ВИСТИНА, теза која ја пропагираат и други опасни секти кои ги има кај нас, како онаа на сајантолозите. Суштината е дека ако секој човек има своја вистина, тоа значи дека вистината не постои, туку е релативна. Во околности, ако успеете да наметнете кај луѓето една ваква теза како универзално спознание, тогаш практично секој чин на поединецот без разлика колку е злобен може да се оправда, зашто според неговата лична вистина тој ќе има право да постапува така како што постапил. Е сега, ако замислите дека тој поединец делува како штраф во моќна организација која ја поседува државата и нејзините интитуции, тогаш лесно е да се разбере дека за таквите поединци и групи секое зло, не само што нема да биде санкционирано, туку ќе биде и лесно оправдано пред јавноста, зашто и самата јавност веќе е условена да го прифати штом веќе не постои Бог, не постои морал и не постои вистина.

Оттука доаѓам до клучната поента на ова мое излагање, дека кога нема Бог, морал и вистина, кога секој деструктивен чин на една група моќници може лесно да се оправда и легализира, тоа значи дека човекот ја презема улогата на Бог. Уште ако земете во предвид дека таа група на моќници прави сѐ, не само да ја минимизира својата моќ, туку да се претстави и како бенигна, зарем тоа не ве наведува да помислите на она големо лукавство на Ѓаволот да ги убеди сите дека не постои? Токму така. Спротивно на мислењето на мнозинството, за масоните ЃАВОЛОТ НЕ Е ПЕДЕР. Тоа е оној тип на кого му се посветени древните ритуали кои до ден-денес ги практикуваат масонските ложи и редови. Затоа тие ритуали не се отворени за увид на обичните смртници. Затоа целата таа тајност и дозираност во нивната комуникација со јавноста во однос на суштинските прашања за нивното постоење и намерите. Не велам дека сите масони се до крај свесни на кого и зошто му служат во тој култ, но треба да знаат само едно, дека сѐ што произлегува од Доброто нема потреба од тајност и криење. А ѓаволот е педер у душа, затоа има потреба да се крие од светлоста на денот. Затоа има потреба да биде тајно обожуван. Затоа тој се крсти во масоните, а тие во него. Но, за тој секс ќе ви раскажам во следната колумна, преку факти. Само здравје.

Сашо Тасевски
08-01-2014, 02:12 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#2

Сашо Тасевски со отварање на темата на масоните и масонеријата во РМ отвара низа прашашања битни за постоење на РМ. Па да почнеме:

1. Поставеноста и хиерархијата на масонските структури потсетува на организација на тајните служби. Во принцип, членовите на масонските ложи се луѓе кои веќе реализирале високи постови во опшеството ( стопанственици, судии, функционери, професори, пратеници, адвокати...) или се нивни деца, па така имаат битно влијание во секое општество. Нивно поединечно влијание е ограничено но со вешто менаџирање на сите нив ( а има претставници од сите пори на општеството) може да се реализира битно влијание.

2. Интересно е да некој одговори кој има поголемо влијание во општеството- дали тековните тајни служби или етаблираната масонска организација? Затоа што во КОТЛЕ превладуваше мислењето дека тајните служби ( УДБА и КОС) се алфа и омега во креирање на функционирање на државата, а сега произлегува дека има друг силен пандан во тоа скриено влечење на конците. Кој е посилен, дали масоните или тајните служби во РМ, или тие се испреплетуваат. Ако е ова третото кој е посилен. Зошто ако се посилни службите тогаш се знае кои држави тоа го контролираат, ако се масоните може да се претпосави кои кругови од светот тука имаат превладувачко влијание.

3. Дали масоните работат во корист на РМ или во корист на белосветските интереси? Од тука произлегува и прашањето-дали констатацијата на Сашо Тасевски е точна дека:

Quote: Како што никаде не се зборува за тоа дека одамна е дадена согласност за промена на името на нашата држава и дека поделбата на Македонија ќе се случи најдоцна за десет години без разлика дали претходно ќе стане дел од ЕУ или ќе остане ваква каква што е, ниту на небо ниту на земја.

Ако е точна, тогаш кои се наши шанси да делуваме контра тие процеси?
09-01-2014, 03:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Boris Lazarov

Aleko Protugerov,predok na Martin Protuger.Imalo I dr.revolucioneri masoni.Inaku,poagajki od nekoi tvrdenja deka masonite se prodolzhuvachi na deloto na Templarite,krvavo ukinati od Filip Ubaviot,ne e nekoja senzacija ova so gavolot.Se veruva deka Templarite pri svoite pohodi gi imaat pronajdeno gnostichkite(zabraneti i nepriznaeni od crkvata) evangelija.A tamu,vo tie evangelija,malku poinaku se opishani nekoi nastani.Na ovie teritorii isto taka imalo edno silno gnostichko dvizhenje-Bogomilite.
22 hours ago via mobile · Like · 1

Quote:Jordan Petrovski

Е има една "нејаснотија", врзана со изборот на советникот!! .... Масоните биле противници на ВМРО а со тоа и на Обединета, Самостојна, Суверена и Демократска Македонија ...
22 hours ago · Like

Quote:Boris Lazarov

Vlegol preku Srdzan Kerim,neli beshe sovetnik najprvo kaj nego.A,Srdzan Kerim e vmrovec od prv zavrz Icon_razz))
22 hours ago via mobile · Like

Quote:Jordan Petrovski

Да, Керим му е ментор!!
22 hours ago · Like · 1

Quote:Nenad Novkovski

А тоа е лицето...
21 hours ago · Like

Quote:Jordan Petrovski

Во текстот се работи за Мартин Протугер. Инаку Керим е ментор и на Антонио Милошевски!!
А Керим заедно со Камбовски е ментор на Филип Петровски !!
21 hours ago · Like

Quote:Jordan Petrovski

Отсекогаш масоните се обидувале да имаат свои луѓе во ВМРО. На Основачкото собрание на 17.06.1990 година во работното председателство е избран Стево Доневски-МАЈКА, Масон на француската ложа, за оваа немам сигурен податок.
Стево е првиот од лево.

[Image: 351stbl.jpg]
19 hours ago

Quote:Jordan Petrovski Еве уште една фотографија на Стево:


[Image: 2qir4i1.jpg]
19 hours ago

Quote:Marko Mark

Интересно пишување. Незнам дали колумнистот навистина разговарал со „масонот“ (чисто се сомневам дека тоа било така), односно дека тој му се доверил, или е ова некој вид на роман...? Од текстот јасно се гледа дека станува збор за М.Протуѓер. и незнам дали е тој масон, но и да е, лично немислам дека така би се исповедувал, во споротивно не би бил масон ако се исповедал.... Точно е дека М.П. е трето колено од лозата на неговиот прадедо генералот Александар Протуѓер, кој бил велик мајстор на Бугарската масонска ложа, возобновувач на ВМРО, потписник на Мајскиот Манифест каде за прв пат се споменува постоење на Македонски народ, дипломат од редовите на ВМРО кој се обратил на Париската мировна конференција и во Друштвото на народите каде барал слободата и независноста на Македонија и кој бил одликуван со „Железен Крст“ од страна на германскиот крал Вилхејм. По мајкина линија М.П. е исто така внук на Леон Огненов кој заедно со Петар Чаулев во 1913 год го кренале Охридското Востание.. Огненов бил еден од најблиските соработници на Даме Груев кој пак е најголемиот авторитет во формирањето на Македонската револуционерна организација, кој исто така бил масон... Пред неколку години беа објавени некои податоци од архивите на Бугарската ложа, посебно од Светлина каде се споменува дека фамилијата Протуѓер се наследници на масон.
6 hours ago · Edited
(This post was last modified: 09-01-2014, 08:49 PM by ЈорданПетровски.)
09-01-2014, 08:43 PM
Reply
don kihot Offline
Junior Member
**

Posts: 1
Joined: Jan 2013
Reputation: 0
#4

eve uste eden mason od nasata istorija: Slobodni zidar Tito

Njegove kolege i drugovi iz partije na sudu Kraljevine Jugoslavije neočekivano su priznali da je član masonerije. U korist te teorije spominjali su njegove odlične odnose sa Vinstonom Čerčilom, pa čak i to da je njegov vanbračni sin?!

Ta masonska teorija se često isticala zbog Titovih uspeha sa Nesvrstanima i neverojatno dobrih spoljno-političkih uspeha što bez masonerije nikad ne bi mogao da ostvari. Često se ističe da je njegou sahranu posetilo najviše najvažnijih svetskih državnika što je još jedan dokaz da Josip Broz Tito - nije onaj radnik i komunista za kojeg se izdavao. http://www.kurir-info.rs/ziveli-smo-u-za...ak-1172007
10-01-2014, 01:30 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#5

Сашо Тасевски во својот текст посветен за масоните во РМ го напиша и ова:

Quote:Кога го чув тоа за дедото Протогеров мозаикот ми се пополни и ми станаа јасни и други работи, како на пример, зголеменото влијание кое го има Бугарија во нашата земја по 1991 година, а особено последните седум години, со бугарските пасоши, бугарското лоби и бугарофилските организации, партии и партиски струи во Македонија.

Тука малку ме разочара. Еве што ВМРО-НП зборува за истата работа, ама 180% спротивно:

Quote:ВМРО-Народна партија со воодушевување ја прими изјавата на српскиот министер за надворешни работи дадена за весникот ‘‘Новости‘‘ дека во завршна фаза се преговорите помеѓу Македонија и Црна Гора за воспоставување на заеднички амбасади во повеќе држави.

Очигледно по заедничката прослава по повод 100 години од српската окупација на Македонија одржана во Зебрењак, по почетокот на изградбата на домот на српскоот оружје во центарот на Скопје, по поставувањето на Цар Душан и уште пет владетели од династијата на Немањич на мостот Око, ова претставува логично продолжување на политиката на денешното ВМРО-ДПМНЕ. Да потсетиме во почетокот на 90-те години имаше едно ВМРО-ДПМНЕ кое се бореше за сопствени македонски амбасади, денес имаме друго ВМРО-ДПМНЕ кое се бори за поништување на тие амбасади.

ВМРО-Народна партија предлага, спојувањето на амбасадите да не е единствениот чекор туку уште подобро ќе биде и министерството за надворешни работи ако е можно да го споиме зошто очигледно и така тоа во последните неколку години е во функција на нашиот северен сосед.


Кој е во право? Дали навистина секој си има своја вистина која сака да ја наметне на јавноста како дефинитивна ( апсолутна ) вистина. Дали Сашо Тасевски е во право или ВМРО-НП? Со ова никако не сакам да му ја намалам успешноста да ја пошироко испровоцира македонската јавност со темата за масоните, што впрочем се гледа и по присатноста на форумџиите на ова тема.
10-01-2014, 03:52 PM
Reply
Администратор Offline
Administrator
*******

Posts: 716
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#6

(10-01-2014, 01:30 PM)don kihot Wrote: eve uste eden mason od nasata istorija: Slobodni zidar Tito



Of-topicOf-topic
don kihot од името на екипата на Котле ти пожелувам добредојде на форумот

10-01-2014, 04:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,667
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

Quote:Масони против масони во борбата за Македонија!

[Image: Glavna.jpg&h=270&w=620&zc=1]

За улогата на Масоните во македонската револуционерна борба од пред сто години малку се зборува, а уште помалку се знае во нашата јавност. За некои аспекти од неа, пишуваше „Фокус“ пред неколку години.

Пишувал
Блаже МИНЕВСКИ

Дали македонското револуционерно движење било поврзано со масоните, и колку масоните имале влијание во македонската историја? Кои македонски дејци биле членови на масонски ложи? Според документите што досега се откриени во архивите на неколку масонски ложи, особено во архивата на софиската масонска ложа „Светлина”, десетици македонски интелектуалци, револуционери и преродбеници биле масони, а дел од нив дури и водечки личности на своите ложи. Така, на пример, охриѓанецот Александар Протогеров станал Велик Мајстор на масонската ложа „Светлина”, а високи позиции во своите масонски ложи „Зора” и „Светлина” имале и Македонците Андреј Љапчев, Кирил Прличев, Јордан Бадев, Антон Кецкаров, проф. Љубомир Милетич, Ефтим Спространов, Наум Томалевски, д-р Димитар Точков, Георги Баждаров, Јордан Чкатров, Иван Ѓурков, Димитар Мирчев, проф. Никола Милев, д-р Руменов, Георги Кулишев, потоа Димитар Ризов, новинар и дипломат, автор на првата етнографија на Македонија напишана на француски јазик, Наум Тефикчиев, трговец и снабдувач со оружје на четите на ВМРО, близок пријател на Гоце Делчев, и други.

ЕДИНСТВЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ПРЕМИЕР НА БУГАРИЈА БИЛ МАСОН!

Еден од најистакнатите македонски масони секако е познатиот висок политичар Андреј Љапчев, премиер на Бугарија во третата деценија на минатиот век. Тој е роден 1866-та година во Ресен, а своето образование го стекнал во Цирих, Берлин и Париз. Во време кога редица други македонски интелектуалци се вклучувале во ВМРО или во други македонски организации, Љапчев се ангажирал во Демократската партија на Бугарија, а подоцна и во Демократскиот зговор, каде што напредувал до раководител на партијата.

Во 1922 година бил суден како еден од виновниците за таканаречената Втора бугарска катастрофа. Ресенчанецот Љапчев, сограѓанин на Христо Татарчев и Симеон Радев, бил на чело на Бугарската влада во периодот од 1926-та до 1931-та година. Како Македонец не се ангажирал за решавање на македонското прашање, но во таа насока сепак водел малку поеластична надворешна политика од својот претходник Александар Цанков, иако и двајцата биле од истата политичка партија. За разлика од него, професорот Кирил Прличев, син на големиот македонски поет Григор Прличев, уште од гимназиски денови бил вклучен во македонското револуционерно движење.

По завршувањето на солунската гимназија во 1894-та година активно се вклучил во движењето, па во 1902-та година веќе бил секретар на Задграничното претставништво на ВМРО, а за време на Илинденското востание бил борец во четата на Христо Чернопеев.

Подоцна, од 1909 до 1913-та година, бил учител во Солун. По завршувањето на балканските и Првата светска војна повторно се активирал во ВМРО, па на Шестиот конгрес во 1925-та година бил избран за член на Задграничното претставништво на Организацијата. По расцепот на ВМРО влегол во новоформираната Протогеровистичка фракција на ВМРО, но во 1931-та година се повлекол од секакво учество во македонското револуционерно движење.

Автор е на повеќе книги од македонската историја, а во 1943-та година, како директор на музејот во Охрид, го открил гробот на свети Климент Охридски. Според неговото сопствено сведоштво, зачувано во семејната архива на син му Григор Прличев, тој, освен што е македонски револуционер со најдолг стаж во Организацијата, бил и еден од најстарите членови на масонската ложа „Светлина”. Починал во Охрид во 1944-та година.

МАСОНОТ КЕЦКАРОВ Е ПОГРЕБАН ВО ЦРКВАТА СВ. КОНСТАТИН ВО ОХРИД!

И Антон Кецкаров е охриѓанец, роден е една година пред Кирил Прличев, а починал една година подоцна од него. И Кецкаров бил масон, а истовремено и револуционер. И тој се школувал во Солунската гимназија, каде што професор по општа историја и црковнословенски јазик во тоа време е големиот славист Петар Драганов.

По завршувањето на гимназијата бил учител во Охрид, Битола, Солун и Одрин. Поради солидализирање со ученичкиот бунт во 1899-та година бил отпуштен од Битолската гимназија. За време на Илинденското востание е член на Горскиот штаб на Охридската околија. По задушувањето на востанието се засолнува на планината Караорман, а потоа преку Албанија и Црна Гора се префрлува во Бугарија, живеејќи привремено во градот Добрич.

Во текот на 1908-та година се враќа во Македонија за да продолжи со учителската работа, а подоцна учествува во Првата балканска војна. По војната е назначен за директор на тогашната битолска прогимназија, но набрзо заминува во Бугарија каде што останува до крајот на својот живот, ангажирајќи се во работата на Илинденската организација и во други здруженија на македонската емиграција.

Бил член на масонската ложа „Светлина” каде што членувале и редица други македонски интелектуалци, револуционери и преродбеници. Во 1922 година бил воздигнат во степенот Мајстор. Интересно е што во 1945-та година, односно на 21 јануари 1945, веднаш по смртта, според неговата последна желба, бил донесен и погребан во Охрид.

Меѓу документите за неговото членство во масонската ложа и Илинденската организација има и документ, односно одлука на партизанската управа на градот со дозвола посмртните останки на Антон Кецкаров да бидат погребани во Охрид. Имено, во решението издадено од Народниот одбор во кој членувале Георги Бандо, Љупчо Чакар и Јонче Заро „дозволува граѓанинот Андон Кецкар да се закопа во просторите на црквулчето Свети Константин, имајќи предвид желанието на покојниот и заслугите му”. Другарите партизани веројатно не знаеле дека во „црквулчето Свети Константин” во Охрид дозволиле да биде погребан масон, член на масонската ложа „Светлина” од Софија.

Меѓу видните дејци од македонското движење, кои истовремено биле и масони, е и штипјанецот Љубомир Милетич, филолог со знаење стекнато во Загреб и Прага. Умрел во 1937-та година на 74-годишна возраст во Софија. Според документите на масонската ложа „Светлина”, Милетич бил масон полни две децении. Благодарејќи на неговата упорност и посветеност, биле запишани и зачувани за македонската историја, автентичните сведоштва на редица македонски револуционери како Даме Груев, Јане Сандански, Ѓорче Петров, Христо Татарчев и други.

Како масон бил професор на Софискиот универзитет, член на БАН и нејзин долгогодишен претседател, а го формирал и раководел и со Македонскиот научен институт, кој го издавал списанието „Македонски преглед”.

Виден член на истата „македонска” масонска ложа во Софија е и битолчанецот Јордан Бадев, кој до 1913-та година бил учител во својот роден град, а потоа емигрирал во Бугарија. Бил масон и активен учесник во македонското ослободително движење, близок соработник на Ванчо Михајлов и коментатор на весникот „Македонија”. Исто така, тој е автор на неколку книги и статии посветени на учесници во македонското движење, а ја напишал и книгата „Заговорот против Тодор Александров”. Јордан Бадев бил убиен во 1944-та година.

БОРИС САРАФОВ БИЛ МАСОН?!

Според истражувањето на „Фокус”, засега единствено може да се потврди дека од лидерите на ВМРО само Александар Протогеров бил Велик Мајстор на силната софиска масонска ложа „Светлина”. Тој е роден во Охрид во февруари 1867-та година, а бил член на ЦК на ВМРО, заедно со Тодор Александров и Петар Чаулев. По убиството на Александров се спротивставува на терористичките методи на ВМРО, но, за жал, тоа ќе го чини живот, односно ќе биде ликвидиран од луѓето на Ванчо Михајлов.

Благодарејќи на масонските пријателства и контакти на Протогеров, македонската револуционерна организација имала одлични врски со значајни европски центри на моќ. Така, уште на почетокот на минатиот век, со масонска финансиска поддршка излегувале многу македонски весници во Европа, кои пишувале за страдањата и голготата на македонскиот народ.

Еден од тие весници е и весникот „Македонско движење”, кој излегувал од 1902 до 1903 година. Главен уредник на весникот бил ресенчанецот Симеон Радев, роден 1878-та година, кој, исто така, бил масон. По завршувањето на францускиот лицеј во „Галата Сарај”, во Цариград, ресенчанецот Радев активно се вклучил во македонското ослободително дело.

Одржувал чести контакти со Гоце Делчев, Пере Тошев, Христо Матов и Борис Сарафов, за кои пишува дека се „големи борци за слободата на Македонија”. Бил редактор на повеќе македонски весници од почетокот на минатиот век, меѓу кои и на „Македонско движење”.

Во едно негово шифрирано писмо цитирано во спомените на Кирил Приличев меѓу „браќата” по принципот Љубов – Вистина – Труд го спомнува и Ахил, псевдоним кој во тоа време го користел само Гоце Делчев! Сепак, засега нема никаков документ дали Гоце бил масон, односно, ако бил, во која ложа членувал. Но, како биле обезбедени средствата за печатење на македонскиот весник на Радев кој излегувал во Париз?

Според сведоштвото на Борис Сарафов, кој, како што е познато бил висок функционер на ВМРО и учесник во Илинденското востание – а најверојатно и масон, иако засега нема конкретни докази за тоа – парите за весникот ги дал некој непознат „англиски пријател”.

Во тоа време Сарафов бил задолжен за одржување на контакти со политичките и дипломатските претставници на европските земји, како и за обезбедување финансиски средства за македонското ослободително дело. Веднаш по престанувањето на излегувањето на македонскиот весник ”L’effort”, Сарафов оди во Париз, каде што со посредство на Симеон Радев се запознал со француските интелектуалци Пресансе, Клемансо, Виктор Берар и други, кои ја поддржувале македонската ослободителна организација. Меѓутоа, како што подоцна ќе запише во своите спомени, Сарафов бил цврсто решен да изнајде пари за нов весник.

Во средината на март 1902-та година дошол во Женева за да се сретне со својот „англиски пријател”. Тој „пријател” всушност бил влијателен член на една од Лондонските масонски ложи. Сеќавајќи се подоцна на таа средба, Сарафов пишува: „Добив 50.000 франци. Човекот изгледаше дека не е политичко лице, но веднаш видов дека е многу богат. Кога ги зедов парите, веднаш заминав во Париз. Таму имаше група студенти, меѓу кои беше и Симеон Радев. Во една кафеана им истресов 50 банкноти од по 1000 франка. Им реков во Париз веднаш да почне издавањето на весникот „Македонско движење”.

МАКЕДОНСКА МАСОНСКА ДИПЛОМАТИЈА

Ресенчанецот Симеон Радев, како главен уредник на весникот, заедно со уште неколку свои колеги, ги зел парите и веднаш почнал да го подготвува првиот број. Во клучните моменти за Македонија, значи на крајот на 1902 и почетокот на 1903 година, биле отпечатени 24 броја „Македонско движење”, весник кој излегувал на осум страници на француски јазик. Според некои претпоставки, сите броеви на весникот по свои канали ги добил и Гоце Делчев, тогашниот неформален лидер на македонското револуционерно движење.

Се разбира, весникот со големо внимание го следел и Александар Протогеров, кој бил меѓу најпознатите масони во македонската револуционерна организација. Тој бил првиот Велик Мајстор на Великата ложа во Бугарија. Неговиот авторитет меѓу влијателните бугарски политичари, како и меѓу дипломатскиот кор во Софија е огромен.

Заедно со него во масонските ложи „Зора” и „Светлина” во тоа време членуваат повеќемина видни дејци на ВМРО или луѓе поврзани со македонската ослободителна организација. Секако, масон бил и Симеон Радев, главниот уредник на „Македонско движење”, најсилниот македонски весник во тој период.

Битно е да се каже дека задграничните претставници и раководители на револуционерната организацијата, како Протоѓеров, Баждаров, Прличев, Спространов и Томалевски, по масонски канали, воспоставуваат значајни и многубројни контакти во Европа. По тие канали се одржуваат врски со Австрија, Унгарија, Италија, Германија, па дури и со Франција, која, како што вели Кирил Прличев, во тоа време била мошне „непријателски настроена кон ВМРО”, впрочем како и сега.
Преку масонството, ВМРО создава и одржува врска и со политичките партии во Бугарија. Токму во тој период македонската револуционерна организација има најдобри врски и пристап до највлијателните центри на моќ во Европа, па дури и со Британскиот двор, односно до кралот Едвард Седми, кој, исто така, бил масон.

За жал, по убиството на охриѓанецот Протоѓеров, Великиот Мајстор на масоните во Софија, кое било организирано од штипјанецот Ванчо Михајлов, паѓа авторитетот на Македонците во масонската ложа „Светлина”. Всушност, таа го губи своето влијание и значење за ВМРО, па новиот Велик Мајстор на масоните, Петар Мидилев, ги известува членовите да се воздржуваат во своите реакции кон убијците, најверојатно затоа што во заговорот против Протогеров директно е вмешан и генерал В’лков, односно бугарската држава.
Сертификатот на Александар Протогеров, со кој се потврдува неговото стекнување на титулата Велик Мајстор на масонската ложа „Светлина“

Сертификатот на Александар Протогеров, со кој се потврдува неговото стекнување на титулата Велик Мајстор на масонската ложа „Светлина“

Против воздржаноста на масоните на Мидилев кон егзекуцијата на Протогеров реагирале Македонците – масони Спространов, Баждарев, Прличев, Томалевски, Бадев… Но, попусто!

Кризата во ВМРО по убиството на Протогеров, станува криза и во масонската ложа во Бугарија, па Великиот Мајстор Мидилев прави два обида да ја разреши таквата состојба. Првиот кон крајот на 1929 година, а вториот во март 1930 година. И при двата обида, Мидилев се судрува со целосна непопустливост на Ванчо Михајлов кон луѓето блиски на генерал Протогеров, односно кон масоните во ВМРО.

Не знаејќи го поширокиот контекст на дејствувањето на масоните во полза на македонското ослободително дело, Михајлов на тој начин всушност ги прекинува сите битни врски што ВМРО ги имала воспоставено преку масоните во Европа и светот. Тоа, се разбира, многу влијаело ВМРО да се маргинализира и да се претвори во обична терористичка организација, која на крајот ќе мора да бара сојузници само меѓу фашистите.

ВАНЧО МИХАЈЛОВ ПРОТИВ МАСОНИТЕ ВО ВМРО!

Познатиот публицист и, најверојатно, влијателен масон во тоа време, русинот Лев Неманов, на 14 јули 1928 година, по повод убиството на Протогеров, пишува писмо до Ванчо Михајлов: „Верувајте и разберете, додека вие стоите на чело на Организацијата, никој во Европа нема да се осмели да каже ниту еден збор во нејзина заштита и оправдание. Излезете од ЦК, тргнете се од раководството, зашто мојата совест и совеста на целото европско општествено мислење не ќе може да се помири со мислата дека на чело на така големо дело може да остане човек со крвави раце…”

Оваа реакција на Неманов, колку што е реакција за убиството на Протогеров, како член на ЦК ВМРО, исто толку е и реакција на еден масон за убиството на својот масонски пријател.

Следните неколку месеци, но и години, Ванчо Михајлов и неговите терористи, каков што е Кирил Дрангов, на пример, ќе ги ликвидираат и другите масони во револуционерната организација, како што се задграничните претставници Баждарев и Томалевски, а неколкупати ќе се обидат да го ликвидираат и Кирил Прличев, син на Григор Прличев, човекот со триесет и шестгодишен стаж во ВМРО, еден од најобразованите луѓе во ВМРО, кој зборувал француски, германски, грчки и латински јазик, а кога не бил со чета во Македонија, уредувал весници, пишувал историски студии и ги преведувал Маркс, Волтер, Кауцки и други.

Според неговите запишани сведоштва, токму масонот Протогеров воспоставил многу врски низ Европа, како ниту еден друг деец на ВМРО дотогаш. Како што пишува Прличев во своите спомени, Протогеров воспоставил, на пример, блиски врски со Куен Хедервари, Кања и други унгарски државници.

Во тоа време, значи на почетокот на третата деценија на минатиот век, македонската револуционерна организација била во тешка финансиска криза. Тогаш од Будимпешта, тајно, неколкупати добива голема финансиска помош. Преку Протогеров, како Велик Мајстор на масонската ложа во Софија, била воспоставена врска со унгарскиот амбасадор Шандор де Киш, а од страна на ВМРО за одржување на врската со Де Киш бил задолжен Кирил Прличев. „Еден ден“ – пишува Прличев во своите спомени – „Шандор извади од касата на мисијата сноп банкноти, како дар за ВМРО. По неколку дена му доставив формална организациона расписка со сумата што ја добив, потпишана и со печат. Подоцна Де Киш уште многупати го повтори тој гест, и секогаш добиваше уреден документ”.

Преку оваа масонска врска се обезбедени и 13 пасоши за 13 Црногорци, кои со помош на ВМРО се префрлени во Црна Гора преку Албанија. Благодарејќи на масонските врски, се разбира, многу значајни текстови во влијателни весници за активностите ВМРО во тоа време напишал Лев Неманов, Евреин од Русија, но во тоа време познат новинар од Франција. Реализирани се и контакти со италијанскиот амбасадор Пјанчетини, со Филип Грејвс, главниот уредник на”Тајмс”, со влијателните политичари и угледни личности како што се Калефи, Де Лука, Јашар беј Еребара, Авни бег, Хусеин беј Старова, Мустафа Кемал и многу други. Таквите контакти со реализирани со помош на силните масонски врски на ВМРО.

Во 1931-та година, неколку години по убиството на Протогеров, софиската масонска ложа, предводена од Мидилев, бара од Кирил Прличев да ги врати масонската книшка и знаци. Тој наместо тоа им пишува писмо: „Горко тежи сознанието дека во создавањето и поддржувањето на срамниот крвав режим на братоубијците од 7 јули 1928 година наваму, учествуваат и наши браќа, кои се докажани рушители на принципите Љубов – Вистина – Труд”. Меѓу „браќата” масони, кои ги спомнува Прличев, биле д-р Станишев, Јордан Чкатров, Васил Василев, Јордан Ѓурков, Јордан Бадев и другите соработници на Ванчо Михајлов, кои до гуша се извалкале во братоубиствените атентати. Сепак, неколку години подоцна, Кирил Прличев ги вратил масонската книшка и знаците, и дефинитивно расчистил со своето масонство, а со тоа најверојатно завршуваат и сите врски меѓу масоните и македонската револуционерна организација.

Сепак, останува отворено прашањето колку масонството било инволвирано во македонското револуционерно движење, и дали во клучните мигови кога се одлучувало за кревање на востанието во 1903-та година масоните извршиле некакво влијание врз првите луѓе на организацијата? Се разбира, ова допрва треба да го истражи македонската историографија, која досега речиси воопшто го нема допрено овој аспект од македонското револуционерно движење.

ФОКУС
21-01-2014, 09:06 PM
Reply