Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 3.5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонски фудбал
Author Message
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#1

1 (1) Ренова 23 18 3 2 49:18 57
2 (2) Рaботнички 23 14 5 4 41:21 47
3 (3) Металург 23 10 10 3 33:16 40
4 (4) Пелистер 23 10 6 7 26:23 36
5 (5) Силекс 23 8 7 8 31:29 31
6 (6) Пoбеда 23 8 4 11 29:36 25
7 (7) Хоризонт 23 7 4 12 26:33 22
8 (8) Тетекс 23 6 3 14 26:32 21
9 (9) Вардар 23 6 6 11 22:28 21
10 (10) Милано 23 2 3 18 15:73 9
11 (11) Македонија 11 5 5 1 23:5 0
12 (12) Слога Ј. 11 3 2 6 9:16 0
18-04-2010, 04:43 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#2

недела, 18 април 2010
ГС - Тумбе Кафе 16:00 Пелистер-Пoбеда
ГС-Силекс 16:00 Силекс-Металург
16:00 Милано -Рaботнички
Арена Филип II 16:00 Вардар -Ренова
Стадион - Кукуш 16:00 Хоризонт Турново -Тетекс
(This post was last modified: 18-04-2010, 04:44 PM by афион.)
18-04-2010, 04:44 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#3

ЕП У - 19 (жени) :Македонија стартува против Шпанија

Вечерва , свечено во спортската сала "Борис Трајковски" беа извлечени групите за ЕП У 19 за жени што од 24 Мај до 05 Јуни , ќе се одржи во нашата земја:

А - група

Шкотска

Англија

Германија

Италија

Б - група

Македонија

Шпанија

Холандија

Франција

На стартот , на свеченото отворање на 24 Мај во 13.00 часот на Националната Арена - ФИЛИП ВТОРИ , репрезентацијата на Македонија ќе игра против репрезентацијата на Шпанија.
18-04-2010, 04:46 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#4

18-04-2010, 04:47 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#5

Резултати од 26.коло:
Милано - Работнички 0:2
Вардар - Ренова 2:0
Пелистер - Победа 1:0
Силекс - Металург 0:1
Хоризонт Турново - Тетекс 0:1

Табела:
Ренова 57 бодови
1. Работнички 50
2.Металург 43
3.Пелистер 39
4.Силекс 31
5.Победа 25
6.Вардар 24
7.Тетекс 24
8.Хоризонт Турново 22
9.Милано 9
10.Слога 0
11.Македонија ЃП 0
18-04-2010, 05:56 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#6

Со одигрување на три натпревари попладнево се комплетира 27.коло од Првата македонска фудбалска лига.

Значаен триумф од 1:0 оствари екипата на Хоризонт Турново на стадионот под „Марковите кули“ против домашната екипа на Победа и се изедначи со освоените бодови со прилепчани.

Во борбата за опстанок во лигата во Тетово, Тетекс и Вардар одиграа нерешено 1:1 и заедно со Победа и Хоризонт се наоѓаат во опасната зона. Покрај Милано една од овие четири екипи која на крајот ќе биде на деветтото место ќе игра „бараж“ за опстанок.

Третиот денешен дуел се одигра на „Железарница„ каде домашниот Металург беше поуспешен од Пелистер и победи со 1:0 со што се зацврсти на третото место на табелата кое обезбедува настап во еврокуповите.

Вчера на арената „Филип Втори“ Работнички загуби од Силекс со 2:1.

Во петокот лидерот Ренова го совлада Милано со 1:0. На четири кола до крајот на првенството на Ренова и е потребна само уште една победа за првпат да стигне до шампионскиот трофеј.

Табела:

Ренова 60
Работнички 50
Металург 46
Пелистер 39
Силекс 34
Вардар 25
Тетекс 25
Хоризонт Турново 25
Победа 25
Милано 9.
25-04-2010, 06:02 PM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#7

МАКЕДОНИЈА СО ПОБЕДА ОД 3:1 НАД ШВЕДСКА ПОЗИТИВНО ГИ ОТВОРИ КВАЛИФИКАЦИИТЕ, НО ВИКЕНДОВ ЈА ОЧЕКУВААТ ВИСТИНСКИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ СРЕДБИТЕ СО ПОРТУГАЛИЈА И ХОЛАНДИЈА

"Круните" паднаа, следува "момент на вистината"

* Традицијата се продолжува, Швеѓаните и понатаму се "муштерии", а позитивниот старт на турнирот е само најава за возбудувањата кои следуваат во следните два дена
25-05-2010, 02:53 AM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#8

Мара да не си на некоја дрога?Одбојка е оваа а темата е за фудбал?
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
25-05-2010, 07:47 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#9

Quote:ЧАРШИЈАТА УШТЕ ЕДНАШ БЕШЕ ВО ПРАВО ЗА ТОА КОЈ ЌЕ БИДЕ ПОБЕДНИКОТ ВО 18. ФИНАЛЕ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Нов финален СРАМ...


*Сосема очекувано Тетекс славеше, за првпат во својата историја освои титула, и тоа куп титула. Работнички не се обиде ниту да "одработи" еден посилен тренинг


Тетекс е победник во 18. финале во Купот на Македонија. Вчера, во пресметката со Работнички успеа да слави со 3:2 и сосема "заслужено" да стигне до својот прв трофеј. Велиме сосема очекувано зошто се оствраија "приказните" на фудбалската чаршија дека Тетекс ќе биде тој што ќе го порази Работнички во Скопје. Пукна нов финален СРАМ...
Срам од кој нашиот мак - фудбал тешко дека ќе се дигне, ако и пред тоа имаше каква било шанса за такво нешто.
Тетекс слави, с$ ќе се заборави за недела - две. Во историјата ќе биде запишано дека "штофарите" ја освоија својата прва титула, но на каков начин. Само да се потсетиме дека во првиот круг ја минаа Шкендија без одигран натпревар. Во 1/16 финалето го совладаа Превалец со 4:0. Во следното коло Беласица немаше шанси. Потоа во 1/4 финалето дојде на ред Македонија ЃП. Во Ѓорче "тетовци" загубија со 0:2, но откако "лавовите" беа избришани Тетекс победи со службени 3:0 и така му отиде на нозе на Скопје. Дома беше 0:0 за на Автокоманда во еден скандал меч да победи со 2:1. И еве вечера успеа да го победи апсолутниот фаворит, тимот на Работнички, кој во некои други околности сигурно дека ќе победеше без проблем и без мака со најмалку 3-4 гола разлика. Но во некои други околности. Вчера Работнички не одигра ништо. Дури не "одработи" ниту еден посилен тренинг. Но така е тоа, кога некои работи во мак - фудбалот не се расчистуваат на време.
Вака сите задоволни освен Силекс. Кратовци излегуваа во Европа, но само ако Работнички славеше. Ете тоа не се случи. Тетекс слави за пехарот, но Тетекс го слави и првото излегување во фудбалска Европа. Значи сите задоволни освен Силекс и оние неколкумина фудбалери на Работнички кои не успеаја да ги скријат солзите што не влегоа во историјата. Третпат по ред да го освојат куп трофејот.
Некои велат дека најскандалозно финале беше она во 2007 година меѓу Вардар и Победа. По тој натпревар сите се согласивме дека не може да се одигра едно полошо, едно посмешно финале. Ова вчерашното н$ демантираше, но не до крај. Имено, не сме сигурни дена наредното 19. по ред нема да биде карикатура.
И сосема за крај. Во изјавата подолу претседателот на Работнички истакнува дека неговите играчи пред натпреварот биле изложени на невидена пресија од страна на некои бандити. И дека случајот ги пријавил до МВР и до ФФМ. Е сега ајде да видиме што нашите челници ќе преземат...
З. Ѓоршоски
28-05-2010, 12:17 AM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#10

Quote:ТРОФЕЈОТ „СКРОЕН“ ЗА ТЕТЕКС

Смртни закани „играле“ пред финалето на Купот

Закани за животот на фудбалерите на Работнички и нивно малтретирање од страна на „најмени силеџии“ за да го загубат мечот му претходеле на финалето на фудбалскиот Куп на Македонија, во кое Тетекс излезе како победник со 3-2 и стана десеттата екипа чиешто име ќе биде изгравирано на големиот преоден пехар. Поради тоа, Работнички не беше ниту бледа сенка на силната екипа која го освои второто место во првенството и која стаса до финалето на најмасовното фудбалско натпреварување. Вистината се дозна по средбата. Фудбалерите на Работнички биле изложени на притисоци и на закани за сопствениот живот од непознати лица, а некои дури и физички биле малтретирани. Од нив било побарано да го играат натпреварот, но да играат слабо. Прашање е од кого била „нарачката“, но познато е дека претседател на Тетекс е Ацо Закоски- Гризли, а спонзор на клубот е Слободан Вујчиќ-Брацо. Поповски ги потврди заканите и притисоците, но додаде дека тоа не е причина да се „продаде“ еден натпревар. - Еден ден пред натпреварот имавме состанок со фудбалерите. Разговарав со нив и побарав сите што не се чувствуваат безбедни да го кажат тоа. Се јави Секуловски, кој е од Тетово, и тој беше изоставен од екипата. Другите ветија дека ќе играат машки и на победа. За заканите кон фудбалерите беше известена и ДБК. На играчите им беше понудена максимална заштита, не само пред натпреварот. На денот на средбата го известив и комесарот за натпревари на ФФМ, Миле Спиркоски, а разговарав и со претседателот Харалампие Хаџи-Ристески. Закани имаше, но тие не беа причина за фудбалерите да потклекнат - вели Поповски. Тетекс поведе набрзина со 3-0 на почетокот од второто полувреме, со голот од пенал на Захариевски и погодоците на Генц Исени и на Александар Стојановски. Работнички успеа да намали на 3-2 со головите на Никола Глигоров и на Филип Петковски. По мечот, дел од фудбалерите на Работнички на чело со тренерот Зоран Стратев не излегоа да ги примат сребрените медали. - Не останав ниту јас. Се чувствувам излажан, предаден од сопствените фудбалери. Чистка сигурно ќе има, но мора да има чистка под итно и во ФФМ. Случувањата пред финалето се последица на односите кои владеат во македонскиот фудбал. Ова е продолжување на агонијата на македонскиот фудбал. Под итно раководството на ФФМ треба да си замине и на нивно место да дојдат нови и чесни луѓе. Тврдам дека ако овие луѓе останат на власт, следното првенство нема да заврши - изјави Поповски. Разочаран и лут поради „нечистите игри“ во финалето, Драган Поповски го напуштил стадионот во 60. минута од средбата. - Морално и материјално тврдам дека натпреварот не беше наместен. Напротив, го посакувавме пехарот, а како доказ за тоа им ја зголемив премијата на играчите од 2.000 на 2.500 евра. Работнички загуби поради тоа што го предадоа неговите фудбалери кои не играа како што знаат поради закани за сопствените животи. За кукавици нема место во клубот и тие ќе бидат ставени на трансфер-листа - изјави Поповски.


28-05-2010, 01:34 PM
Reply
афион Offline
Posting Freak
*****

Posts: 2,509
Joined: Mar 2010
Reputation: 3
#11

Оваа беше фудбал
Низ срцето на Македонија тече Вардар,а не Дунав...Нашиот бисер е Охрид, а не Јадран...Нашето наследство се патриотските песни, а не ТВ Пинк...Јас навивам за ПЕЛИСТЕР, а не за Ѕвезда...Слобода ми донесе мојот дедо,а не КПЈ...Македонија ја создаде Господ,а не Тито...МАКЕДОНИЈА е вечна, а Југославија е мртва!!

Makedonija


http://macedoniahistorydocuments.blogspo...-post.html
30-05-2010, 11:02 PM
Reply
montehristo Offline
Неверен Тома
*****

Posts: 1,424
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#12

Quote:ПРЕСИНГ

Киселина од базата

„Дрти Хари четири пиштоли“ трет мандат побрзо го влече колтот од сите. Има човекот карма, иако топката е заглавена во каша. Не можат да го сменат ни кривични, ни местенки, ни фудбалски катастрофи, туку 120-ина (пот)платеници. База од која не' изеде киселина

Нервозни се нешто во фудбалската куќа. Тие што треба да ја смируваат разбеснетата толпа на и околу трибините ги потпалуваат страстите со меѓусебни тепачки. Така изгледа кај нас неизвесната битка за челната позиција на табелата.

Битка за челна позиција и на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најавуваат и кулинарите со големи апетити за тронот спроти собирот на трибуните на 26 декември. Во фудбалските кујни веќе се готви нешто по стариот, испробан рецепт за освојување на власта. Големите мајстори за поткупување гласачи имаат мали тајни како полесно термички да ги обработат фудбалските пратеници. Подготвени се мирудиите, наречени членство во разни тела, органи и комисии, делегатски такси и супервизорски дневници, ноќевањата на туристичките патувања со репрезентациите, со ултра ол инклузив понуда - цело семејство вклучено (жена или љубовница, гратис за две деца, поголеми од 12 години). На потешко сварливите кревачи на два прста ќе им ја забиберат чорбата со политичко-полициски методи. Најлесни за динстање се државните службеници, вработените во јавни претпријатија и сите што земаат плата од буџетот (па и нивните блиски), кои ќе сркаат закани за бркање од работа.

Во казанот се вари се' и сешто, а на менито се застапени солени понуди, од кои подоцна можат да произлезат кисели насмевки ако не се исполнат зашеќерените ветувања. Горчината ни останува нам во празниот желудник, иако сме сити од тоа што фудбалот ни го креираат незаситни.

Тие незаситни во сленгот на спортската јавност се нарекуваат јагнешки бригади, термин што потекнува од селските меани. Таму, по нарачките на коленици, од допирот на понежни и помалку криви колена под масата, откриени од мини-здолниште, доаѓа инспирација да се запее евергрин-хитот „Чекала сам, чекала“. Да не ти се верува дека во ваква позитивна атмосфера се готви преврат во општинските фудбалски сојузи. Таму се избираат делегатите за Собранието на ФФМ (може да биде и кратенка за Федерација за фудбалска манипулација), кои пак гласаат за првиот фудбалски човек во земјава, како што нагалено го викаат потписникот на сметката со годишен буџет од околу 4-5 милиони евра.

Наводно, запршката сега се прави во УЕФА. Во Швајцарија јадат со златен прибор, но помијата ни ја оставаат нам, зашто од неа полесно се обезбедуваат гласачи во европската битка за власт. Откако од Нион пристигна нарачката за македонската собраниска свадба, мора набрзина да се коле прасето пред Божик: на 26 декември ќе усвојуваат буџет за 2010 година, за кој се плашеа да не им го посвојат други старатели. Ова друштво што евтино го раскрчмува, ќе има пет дена до Нова година да го дотроши, небаре им е последен, па ќе кани на гала-претстава, традиционално во „Александар палас“. Лично од водителот Тони Михајловски на изборот на „Најдобрите во 2010“ ќе слушаме само за успеси, а хостесите на високи потпетици ќе потклекнуваат за да поделат бакнежи при доделувањето златни плакети на сите заслужни што Хари е се' уште на власт.

„Дрти Хари четири пиштоли“ веќе трет мандат побрзо го влече колтот и од опозицијата, и од полицијата, и од политиката, и од медиумите. Има човекот карма, иако топката е заглавена во каша. Во оваа карма-каша, блуткаво е сознанието дека претседателот, кој и да е, не можат да го урнат ниту афери, ниту кражби, ниту фудбалски катастрофи. На актуелниот фудбалски суверен ништо не му можат кривичните пријави против него, верификуваната местенка од УЕФА за прилепска Победа, претпоследните места на репрезентацијата во квалификациските групи, инцидентите по стадионите... Добрите фудбалери веќе не живеат тука. Затоа на трибините често има помалку луѓе отколку играчи на теренот.

Додека тие си пијат брендирани сортни вина, нам фудбалот ни е тапа. Во гнасната турли-тава што постојано ни се сервира, на повраќање тера и начинот на кој сакаат лидерот да го складираат во магацинот на истрошени челници кои прилично потрошија, а фудбалот од тоа ништо не заработи. Но, стилот на тазе јуришниците на власт не се разликува многу од тој на нивните претходници, па и фотороботот на евентуалниот наследник се наѕира, зашто рецептот за пуч е препознатлив.

Така ќе биде додека од 120-ина евтини (пот)платеници ќе зависат илјадници фудбалери, тренери и навивачи, кои ги држат како заложници. База од која не' изедоа киселини.

Mилорад Стојмановски
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B7B948E221...DEBE12417A
‘What has been will be again, what has been done will be done again; there is nothing new under the sun‘ ( Eccl. 1:9).
16-11-2010, 03:07 AM
Reply
Филибе Offline
Member
***

Posts: 196
Joined: Jun 2010
Reputation: 9
#13

В момента, в моя любим отбор играе едно скромно македонско момче - Драги Коцев, добър футболист.
Македонски играчи, които също са играли при нас са:
Ванчо Траянов, Робърт Петров, Бобан Янчевски, Зоран Златковски и един много уважаван от феновете играч - Зоран Балдовалиев!Icon_lol
Незнам дали ви говорят нещо тези имена!
08-12-2010, 11:02 PM
Reply
inmate1807 Offline
Junior Member
**

Posts: 28
Joined: Dec 2010
Reputation: 0
#14

(28-05-2010, 01:34 PM)mara-popara Wrote:
Quote:ТРОФЕЈОТ „СКРОЕН“ ЗА ТЕТЕКС

Смртни закани „играле“ пред финалето на Купот

Закани за животот на фудбалерите на Работнички и нивно малтретирање од страна на „најмени силеџии“ за да го загубат мечот му претходеле на финалето на фудбалскиот Куп на Македонија, во кое Тетекс излезе како победник со 3-2 и стана десеттата екипа чиешто име ќе биде изгравирано на големиот преоден пехар. Поради тоа, Работнички не беше ниту бледа сенка на силната екипа која го освои второто место во првенството и која стаса до финалето на најмасовното фудбалско натпреварување. Вистината се дозна по средбата. Фудбалерите на Работнички биле изложени на притисоци и на закани за сопствениот живот од непознати лица, а некои дури и физички биле малтретирани. Од нив било побарано да го играат натпреварот, но да играат слабо. Прашање е од кого била „нарачката“, но познато е дека претседател на Тетекс е Ацо Закоски- Гризли, а спонзор на клубот е Слободан Вујчиќ-Брацо. Поповски ги потврди заканите и притисоците, но додаде дека тоа не е причина да се „продаде“ еден натпревар. - Еден ден пред натпреварот имавме состанок со фудбалерите. Разговарав со нив и побарав сите што не се чувствуваат безбедни да го кажат тоа. Се јави Секуловски, кој е од Тетово, и тој беше изоставен од екипата. Другите ветија дека ќе играат машки и на победа. За заканите кон фудбалерите беше известена и ДБК. На играчите им беше понудена максимална заштита, не само пред натпреварот. На денот на средбата го известив и комесарот за натпревари на ФФМ, Миле Спиркоски, а разговарав и со претседателот Харалампие Хаџи-Ристески. Закани имаше, но тие не беа причина за фудбалерите да потклекнат - вели Поповски. Тетекс поведе набрзина со 3-0 на почетокот од второто полувреме, со голот од пенал на Захариевски и погодоците на Генц Исени и на Александар Стојановски. Работнички успеа да намали на 3-2 со головите на Никола Глигоров и на Филип Петковски. По мечот, дел од фудбалерите на Работнички на чело со тренерот Зоран Стратев не излегоа да ги примат сребрените медали. - Не останав ниту јас. Се чувствувам излажан, предаден од сопствените фудбалери. Чистка сигурно ќе има, но мора да има чистка под итно и во ФФМ. Случувањата пред финалето се последица на односите кои владеат во македонскиот фудбал. Ова е продолжување на агонијата на македонскиот фудбал. Под итно раководството на ФФМ треба да си замине и на нивно место да дојдат нови и чесни луѓе. Тврдам дека ако овие луѓе останат на власт, следното првенство нема да заврши - изјави Поповски. Разочаран и лут поради „нечистите игри“ во финалето, Драган Поповски го напуштил стадионот во 60. минута од средбата. - Морално и материјално тврдам дека натпреварот не беше наместен. Напротив, го посакувавме пехарот, а како доказ за тоа им ја зголемив премијата на играчите од 2.000 на 2.500 евра. Работнички загуби поради тоа што го предадоа неговите фудбалери кои не играа како што знаат поради закани за сопствените животи. За кукавици нема место во клубот и тие ќе бидат ставени на трансфер-листа - изјави Поповски.



ееее ова беше времето кога имаше фудбал во МК. треба ли хулиганите да се вратат, за пак да ни заживее фудбалот... Nenene
08-01-2011, 04:50 PM
Reply