Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЏОРЏ СОРОС - ДРАКУЛА ИЛИ ФИЛАНТРОП
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote: ЏОРЏ СОРОС - ДРАКУЛА ИЛИ ФИЛАНТРОП


[Image: 333btar.jpg]

Меѓу некои е познат како Дракула, иако не е роден во Трансилванија, туку во Унгарија, ама тоа е прекутрупа што се вели. Близината изгледа, си го прави своето. Други пак, го нарекуваат глобален паразит, а трети, како на пример поранешниот малезиски премиер го нарекува ем злотвор, ем морон. За четврти пак, е префриган еврејски финансиски шпекулант и нацист маскиран во демократ. Но за повеќето претставува добротвор и филантроп. Луда комбинација ќе признаете. Ем Дракула, ем Евреин, ем нацист, ем морон, ем злотвор, а најпосле и филантроп. Човекот кој се крие зад овие живописни епитети е американскиот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос, кај нас нашироко познат по неговиот Институт за отворено општество во кој скоро две децении директорува денес лустрираниот професор и режисер Владе Милчин.

[Image: 1477026_10152029366132180_941938259_n.jp...6c94744454]

Тој институт, кај нас, за сиве овие години од многу некадарни ликови направи успешни луѓе, зашто беа во можност да ги користат стипендиите што ги даваше Владе и неговите поблиски соработници. Во првите години од основањето на институтот тие пари одеа претежно кај деца и блиски на тогашната власт предводена од Бранко и СДСМ. И тоа треба да се знае. Со парите на Сорос, правеа изложби, театарски претстави, снимаа филмчиња, издаваа книги, одеа на дошколување во Лондон или Њујорк, специјализираа триста тракатанци, а богами и докторираа. После се враќаа дома и на нам останатите ни се какаа на глава со своите искуства прибрани од белиот свет. А ние другите брзо сфативме дека тие стипендии не може да ги добие секој, туку само по некој. И тие кои ги добиваа, за чудо секогаш беа истите ликови. Курто и Мурто. Да, така беше драг читателу и тоа навистина треба да се знае. Затоа тој институт, преку Милчин, јавноста секогаш го врзуваше со СДСМ. Добро де, не само за тоа. Се знае дека Сорос се вљубил на прв поглед во Киро, а особено во Бранко на првата нивна средба. Затоа после постојано ги финансирал кампањите на Киро и СДСМ, што е малку педерски од негова страна. Но, да не навлегувам во тоа, зашто Сорос продолжуваше да работи и кога СДСМ не беа на власт. Како што работи и денес, иако може да се стекне погрешен впечаток дека сегашниве морони на власт толку го мразат тој Сорос што одма би го затвориле. Мислам на институтот. И сите кои се врзани со него ги викаат соросоиди, иако верувам никој од нив не знае кој прв им го надена тоа име на блиските до фондацијата Сорос. Не, не сум јас, ама добро знам кој е. Порано беше новинар, а денес не знам што е. Сепак, дознав дека одредени роднини на сегашниве големци во власта и тоа како си добивале помош од институтот на Сорос, што ако се вмровци. Нема врска. Глупаво и нетактички е целосно да му свртат грб, кога секоја Нова Година, Дедо Сорос на Владе му праќа нови пет милиони евра за вртење.

Нејсе, не е здраво човек да се залажува дека сегашниве морончиќи на власт ич не го мирисаат Сорос и неговите организации кај нас. Да е навистина така, одамна ќе му покажеа каде е излезната врата од земјава, како што тоа го направија многу земји во светот кои имаат сочувано барем трошка достоинство. Ние таа трошка одамна ја потрошивме, затоа Институтот за отворено општество ќе јa надживее оваа денешна Македонија, во тоа можете да се обложите како што се обложувате на Барса кога игра против Хуеска. Просто кажано, овие наши рококо-морони се премногу ситна боранија за светски познатиот милијардер и глобален шпекулант Сорос Дракула кој во моментов располага со богатство од над десет милијарди долари. Никој од нив нема да се осмели да му ја покаже вратата, зашто во спротивно ќе се доведе во голема опасност и себе со фамилијата и власта што ја има и најпосле, државата. Можеби затоа и толку лошо го спроведуваат и процесот на лустрација, зашто Сорос мрази да ги види лустрирани кодошите од минатиот режим, кога веќе добро знае дека и овој моронски режим не кубури со свои кодоши. Навистина, who the fuck is George Soros?

Се родил во Унгарија во 1930 година во богато еврејско семејство и се викал Ѓерѓ, а не Џорџ. Арно ама кога дошле нацистите во Унгарија, татко му со триста врска и мито набавил лажни документи за фамилијата дека се христијани со ариевски склоности. Така Ѓерѓ го добил новото презиме Сорос што на јазикот есперанто значи „да полеташ“. И гледај чудо! Новото презиме на малиот Ѓерѓ како да му дало крила и полетал да си ебе ангелите! Кога имал четиринаесет години преку својот тутор кој бил близок со нацистите бил бутнат во нацистичкото Економско оделение на ес-ес во Унгарија, кое го водел генералот Курт Бехер, а од Берлин го надгледувал лично Адолф Ајнхман, кое се занимавало со конфискување на имотите на депортираните и убиени Евреи. Фактички малиот Евреин Ѓерѓ работел на списоците за конфискација на имотите на неговите сонародници. Во едно познато интервју децении потоа ќе изјави дека тоа бил најсреќниот период од неговиот живот. Очигледно убаво било да се лета на крилата на нацизмот. Е сега, тоа што на другите Евреи не им пораснале такви крила кој им е крив. Они на друг начин се вивнале на небо. Во вид на бел чад.

Затоа нацистите си добиле по газето, ама не и Ѓерѓ, кој нели бил малолетен, и како што вели, не ја разбирал до крај таа врска меѓу списоците што ги правел и неговиот народ. Затоа по војната во 1956 оди во Лондон да учи филозофија на лондонската економска школа на катедрата на Карл Попер творецот на онаа синтагма „отворено општество“ која подоцна ќе стане бренд на Сорос. Попер покажал дека тоталитарните идеологии како фашизмот и комунизмот ги врзува зеднички елемент кога тврдат дека ја поседуваат единствената вистина. Затоа се служат со репресија, како би ја наметнале својата визија за уредување на општеството. Попер сметал дека никој нема монопол на вистината, туку различни луѓе имаат различни вистини, со што лично не можам да се согласам зашто тоа би значело дека секој човек може да си најде оправдување за било која своја постапка доколку таа соодветствува на неговата лична вистина. Нејсе, оттука Попер сметал дека за да се усогласат тие различни вистини потребни се институции кои ќе ги штитат правата на граѓаните и нивната слобода на избор. Така дошол до идејата за социјална организација наречена ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО кое според Сорос има за цел „да поддржува алтернативни активности, во коишто секој граѓанин би мислел со своја глава“ Фино звучи, нема што.

Арно ама, Сорос бил на мислење дека либерално-пазарниот капитализам во кој живееме, иако може да биде злобен и непријатен со својот прекумерен индивидуализам и себичноста на играчите на пазарот кои се во постојана трка за профит на сметка на своите конкуренти, сепак не е толку лош како фашизмот и комунизмот кои се нели, смртни непријатели на отвореното општество. Според него и тој laissez faire капитализам може да го загрози отвореното општество, но само по грешка. Ептен онака, ако му се откачи. Инаку е многу добар и хуман. Зашто принципите на слободниот пазар не се контрадикторни со отвореното општество. И за право чудо, од некои причини поперовата доктрина „отворено општество“ била добредојдена за таткото на денешните пазарни хиени и шпекулатори Фридрих фон Хајек, а подоцна и на Милтон Фридман, кои живот давале за нерегулираните диви пазари на кои преку ноќ некои правеле милијарди, а други си врзувале јаже околу вратот.

Така нашиот Дракула, по Лондонската индоктринирачка авантура заминал да работи на Вол Стрит, нормално во интерес на сиромашните, зашто како што самиот вели „отсекогаш носев некои месијански фантазии, кои морав исвесно време да ги држам под контрола.“ Стварно, кој друг, освен лудак отворено би зборувал на Вол Стрит за својот внатрешен повик да го спаси светот од беда. Затоа нестрплив во желбата да им помогне на сиромасите, Сорос во 1969 година, со пари позајмени од Џорџ Карлвај, подреден на еврејската фамилија Ротшилд го основа хеџ-фондот Квантум кој собирал пари од богаташи за да ги вложува во рискантни бизниси со потенцијално големи профити. Така и го полазала среќата. Сорос конечно станал милионер. Ама велат, сонот на секој милионер е да стане милијардер, па затоа во 1992 година со измама ја девалвирал британската фунта и на тоа заработил милијарди долари, додека милиони Бритнаци останале без своите заштеди и имотите чија цена се преполовила. Тогаш го добил прекарот ЧОВЕКОТ КОЈ ЈА СКРШИ БАНКАТА НА АНГЛИЈА. Англичанине до денес очи нејќат да му видат.

Во 1997 година ги девалвира и валутите на Тајланд и Малезија по што тие запаѓаат во тешка економска криза, а тогашниот малезиски премиер Д-р Махатир Мохамад го нарекува злосторник и морон, како што веќе знаете и го замолува да усвет што побрзо и никогаш да не се врати. Подоцна Сорос е присилен да ѝ плати на Франција оштета од 3 милиони долари поради трговска измама, а неговата родна и мила Унгарија го казнува со 2,2 милиони долари заради нелегална манипулација на пазарот со пари. Види го ти него, ќе рече некој. Вистински Робин Худ! Краде од богати дава на сиромашни! Како што даваше стипендии на кутрите деца на партиципиентите во првата влада предводена од СДСМ и како што дава верувам и денес, на децата на сегашниве властодршци.

А бе Open Society и сѐ можно. Само, малку кој знае дека тоа отворено општество нема врска со промовирање на индивидуалната слобода и човековите права. Ама има врска со наметнување на принципите на глобалната економија, зашто секое општество кое сака да се заштити од грабежот на мултинационалните корпорации е ЗАТВОРЕНО. Затоа мора да дојде Сорос и да го отвори барем три прста. Според него кога неговите фондации соработуваат со властите се поефикасни, но кога не соработуваат се попотребни и поценети зашто обезбедуваат алтернативни извори на приходи за граѓанското општество. Значи што полоша власт толку повеќе работа за неговите организации. Тој е капиталист кој делува без трошка совест и е еден од идеолозите на глобализацијата и Новиот Светски Поредок. Нему му требаат отворени општества и отворени граници за неговите бизниси со нафта, со дрога и со оружје. За неговите финансиски шпекулации. Ако не е така зошто тогаш би сметал на НАТО кој според него треба да се престори во инструмент за заштита на вредностите на отвореното општество секаде во светот. Воена алијанса во служба на цивилно општество и цивилни институти. Звучи откачено, нели? Зошто тогаш би вложувал пари во одредени политички партии ако не сака истите да ги контролира за свои интереси. Како што вложувал во кампањите на Киро и СДСМ и како што вложуваше и во други партии од другите републики од бившата СФРЈ. Ги устоличуваше на власт, а потоа профитираше од нив кога мораа да му вратат за добрината што има ја сторил. Затоа тие партии неуморно ја туркаа неговата агенда за либерален пазар и либерални општества во кои меѓудругото се ослободуваат и најнегативните појави и најдекадентните групи и идеологии кои во нормални услови и без парите на Сорос не можат лесно да се наметнат. Оттука, неговата филнатропија е маска зад која се девастираат сите морални вредности и автентични традиции на општествата и културите во многу држави. Глобалниот пазар го бара тоа, зашто подразбира потрошувачи со слични вкусови и униформирани потреби.

На тој глобален пазар кој мора да биде отворен за сѐ, ниту една стока не е доволно лоша за да не биде понудена и продадена, само ако носи профит. Од тие причини Сорос е тој кој најмногу вложува во легализацијата на медицинската марихуана, како и во супституциони терапии за зависниците, поточно во финансирање на пазарот на лекови како метадонот кои се замена за хероинот и сето тоа оди под маската на здравствена превенција на наркоманите. Неговиот добро познат став дека борбата против дрогата направила повеќе штета од самата употреба на дрогата, ја демаскира неговата улога во производството на опиум во Авганистан и во заштитата на производството на кока во Перу, Колумбија и Боливија со образложение дека тие луѓе од плантажите, кога не би произведувале опиум или кока би умреле од глад, а башка тоа што се коси со принципот на слободни пазари и слободни индивидуи кои сами избираат што и како да произведуваат и продаваат. Освен тоа, Сорос знаел често да спинува во негов стил кога прво зборува за ужасите од наркоманијата, за потоа да подвлече дека е невозможно да се победат нарко-картелите, а најпосле да поентира со тоа дека затоа е најубаво дрогата и нејзиното производство да се легализираат. Преку неговата подружница на Human Rights Watch во Колумбија, сме го чуле и како жестоко ги критикува акциите на колумбиската армија против нарко крателите во Меделин и ги обвинува за кршење на човековите права. Профитот на нарко-картелите Сорос не го коментира или пак, нивните обезглавени жртви, ниту пак ги коментира крајните корисници на тие наркотици. Пардон, зависници! Тоа е очигледна демонстрација во пракса и (зло)употреба на тезите на Попер и Хајек за слободна индивидуа која мисли со своја глава и работи за свој интерес, дури и ако нејзиното делување нанесува некому огромна штета.

Како голем верник во тезата за намалување на светската популација како пат во подобар свет, Сорос не пропушта да финансира цела палета на ЛГБТ организации, особено во источните земји по падот на Берлинскиот ѕид. Со кампањата за ЛГБТ правата се управува од соросовиот центар во Будимпешта, а целта е да се создаде позитивна слика за ЛГБТ популацијата и така нејзините припадници да стана видливи и прифатени како еднакви и корисни во општеството. Исто така, во соросовите ЛГБТ невладини организации како што е „Наш свет“ во Украина, „Gay.ru“ во Русија и други во Македонија, Бугарија, Романија, Словачка, Србија, се формираат работни групи кои имаат за цел да реагираат бурно на секој хомофобичен испад во медиумите или јавноста за да ги убедат останатите дека се стигматизирани и дискриминирани, а од 1999 година, во соросовиот центар за издаваштво во Будимпешта постојано има проекти за спонзорирање на книги со геј-тематика. Но, зад овој наизглед хуман проект се крие идејата за таканаречената безболна стерилизација. Затоа многу соросови агенти промовираат истополови бракови и посвојување на деца од истите. Огромен број психолози и психијатри сметаат дека после сто години ваквата пракса доколку се легализира глобално, ќе го намали населението на планетава за дури три милијарди луѓе, зашто репродукцијата на децата посвоени во геј-бракови ќе биде премногу блиску до нулата. Тоа се факти, се лутел некој за тоа или не.

Ете, драг читателе, тоа е отприлика сликата за филантропот Џорџ Сорос. Човек на кого понекогаш му тече мед не само од устата, туку и од џебовите, но кој во суштина е крајно бескрупулозен во идејата да го спроведе концептот за глобален свет управуван од еден центар. За таа цел, тој создава влади и партии во сенка за да ги дестабилизира државите, ги корумпира и контролира медиумите за да креира антидржавни ставови во јавноста доколку оние на власт не работат по негово, ги поткопува изборните системи и спроведува убиствен социјален инжинеринг преку своите институти за отворено општество во кои инсталира мрежа од свои лојални оперативци и ги поставува на влијателни позиции во власта, медиумите, финансиите и универзитетите. Препознавате некого во ова? Како и да е, од сознанијата кои ги имам релативно сум сигурен дека Сорос, тајно и преку разни свои организации ја финансира и сегашнава македонска власт, без разлика што таа јавно покажува омраза кон него. Зошто тогаш би го оставиле да работи преку својот Владе? Или мрсно ги плаќа или му се плашат. Трето нема. Ништо на овој свет нема џабе! Ама знам дека и во двата случаи, Сорос добива.

Сашо Тасевски
06-12-2013, 12:57 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#2

Џорџ Сорос е УДБА на Новиот Светски Поредок ( дело на светските мегабанкари):

08-02-2014, 11:23 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(08-02-2014, 11:23 AM)hristo Wrote: Џорџ Сорос е УДБА на Новиот Светски Поредок ( дело на светските мегабанкари):




Што е тогаш Милчин и гласилата што ги финасира Милчин??
08-02-2014, 04:56 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#4

(08-02-2014, 04:56 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(08-02-2014, 11:23 AM)hristo Wrote: Џорџ Сорос е УДБА на Новиот Светски Поредок ( дело на светските мегабанкари):




Што е тогаш Милчин и гласилата што ги финасира Милчин??

Нивна филијала, се разбира.

08-02-2014, 08:26 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Guy Standing, kolumnist The Guardiana i profesor ekonomije na Sveučilištu u Bathu
Ovaj čovjek otkrio je novu klasu koja će zapaliti svijet


[Image: Standing33_17081211.jpg]

Ali, sad su zastajali i pitali se - o čemu taj Englez govori? Vrijedilo bi ga poslušati, spominje pravdu, neofašizam, plaće, revoluciju, obvezu države da građanima jamči mjesečni dohodak od kojega se pristojno živi, a ne preživljava...

-Mi danas zaista ne znamo je li razvoju više dao moj djed ili vaš i bas zbog toga, jer ne znamo, svi imamo pravo na neku vrstu socijalne dividende koju nam država treba omogućiti.

-Ja sam proživio 1968. s revolucijom kao student ...

-Moja generacija osjetila je trenutak, te 1968. godine, što znači sloboda i kako se bolje društvo može ostvarivati

Целиот текст:JUTARNJI



Злото наречено ШЕЕСЕТИОСМАШИ е врзано за СОРОС. Луѓе кои сејат магла за социјалба еднаквост за социјална сигурност. Ама не кажуват дека за да ибезбедат тоа ке земаат од оние што работат и ке даваат на оние шѕо несакаат да работат.
Зошто Сорос не го подели целото богатсво??
10-02-2014, 12:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

(08-02-2014, 08:26 PM)hristo Wrote:
(08-02-2014, 04:56 PM)ЈорданПетровски Wrote: Што е тогаш Милчин и гласилата што ги финасира Милчин??

Нивна филијала, се разбира.



Ако е нивна филијала тогаш дали може да биде прердводник на патот кон демократија и почитување на индивидуални човекови права.
10-02-2014, 12:29 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#7

(10-02-2014, 12:29 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(08-02-2014, 08:26 PM)hristo Wrote:
(08-02-2014, 04:56 PM)ЈорданПетровски Wrote: Што е тогаш Милчин и гласилата што ги финасира Милчин??

Нивна филијала, се разбира.



Ако е нивна филијала тогаш дали може да биде прердводник на патот кон демократија и почитување на индивидуални човекови права.

Нормално, не. Тие служејки на Новиот Светски Поредок, од кои се платени, служат свесно и за старите структури, носители на тоталитарната едноумна власт. Тоа не им е тешко затоа што и самиот Нови Светски Поредок се залага за една светска управа ( Влада) укинување на постоечки религии ( и инсталирање на една нова единствена за сите луѓе), укинување на националните традиции и вредности ( унификација на се), а се тоа завиено во една мека неототалитарна доктрина, каде малцинството ( држејки ги полугите на моќ-полицијата и војската и финансиите -парите се кај нив) ке владее со огромното мнозинство. Клучните светски медијуми се веќе во нивни раце и како што сакаат го обликуваат светското јавно мнение.



12-02-2014, 12:20 PM
Reply