Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Итно соопштение на Министерството за здравство
Author Message
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#1

Итно соопштение на Министерството за здравство

Во најновото соопштение на Минстерството за здравство се кажува дека се пристигнати резултатите од референтната лабараторија за вируси и бактерии од Лондон . Според добиените резултати се работи за вирус од типот ВМРО од подтипот ДПМНЕ . Вирусот забрзано се шири на територијата на Македонија и ги напаѓа Македонците .Епидмиолозите предупредуваат дека станува збор за екстремно опасен вирус кој може да го уништи цел народ .Според експертите на Светската здравствена организација жариштето на вирусот е детектиран некаде на Илинденска бб иако и од таму предупредуваат дека ситуацијата е навистина сериозна и се очекува вирусот набрзо да мутира да се камуфлира и да добие бароктен стил .

Поповод новонастаната ситуација се огласија и од Мистерството за глупости кој ја известуваат јавноста дека ситуација ја следат одблизу и кога неспијат тогаш ја следат и будно но тоа се случува многу ретко речиси никогаш .Од ова Министерство известуваат дека се во постојан контакт со Премиерот на Владата .

Исто така поповод ваквата ситуација прес конференција одржа и ресорниот Минстер за кинење зелени .Тој упати смирувачки тонови до јавноста дека Минситерството за кинење зелени е целосно спремно техничи и стручно екипирано да се справи со ваквите предизвици .Минситерот за кинење зелени на прес конференцијата воодушевено ја соопшти и веста дека во Македонија за прв пат во светот е извршена успешна операција на слепо црево .За ваквиот колосален научен напредок Мистерството веќе подготвува специјална хала каде ќе ги смести сите честитки,пофалби , кој се очекуваат да пристигнат од сите страни на светот не само од научните кругови туку и од лидерите на држави .

Според добрите познавачи на приликите од Институот за епидемии и други заразни болештини објаснуваат дека вирусот ги има сите карактеристики како и секој друг вирус .Во првата фаза вирусот се наоѓа во состојба на хибернација демне и кова планови .Во втората фаза слободно се шета низ организмот залажувајќи го имунолошкиот ситем дека има добри патриотски намери како не би бил откриен и уништен .Во третата фаза вирусот се намножува и си го покажува вистинското лице уништувајќи го и имунолошкиот одбрамбен систем на организмот а потоа и целиот организам .

Од Минстерството за здравство известуваат дека се отворени неколку одделенија каде се хоспитализирани најтешките неизлечиви случаи на заразени лица кој ја шират болеста ..Тоа се информативните одделенија на Сител ,Канал 5 , МРТВ но има најави за отварање и на други такви одделенија .Тешко болните имаат силен нагон на верглање повторување на исти зборови како ...Заев ,Заев ,СДСМ СДСМ итн.Затоа Мнистерството за здравство препорачува да се избегнува посета на тешко болните а тоа се постигнува со едноставно притискање на копчето од далечинскиот управувач .Инаку болните се под постојан медицински надзор и терапија .Од морално етичка гледна точка не е добро болните да се пцујат или исмеваат .Сепак и тие несакаат ....ама така од внатре ги тера ...болеста .

Доколку сепак несакајќи сте посетиле некој од наведените одделенија но сепак не сте се задржале премногу тогаш од Миснистерството за уроци ,зли очи , м “ ѓии и други разно разни бабини деветини како превентивна мерка препорачуваат граѓаните да си плукнат под пазува , мрсулот да биде со што поголем вискозитет како би фатила мајата и притоа да ги изговорат волшебните зборови ...”пу пу скраја да е подалеку од мене нивно таму да си остане .’
Доколку сепак сте посетиле некое од наведните одделенија и сте се задржале подолго време тогаш симптомите на болеста лесно ќе ги препознаете а тие се : ...мачнина, гадење ,повраќање ,подуеност и пролив .Ако ги имате тие симтпми а сте посетиле некое од овие одделенија тогаш задолжително јавете се кај вашиот матичен лекар како веднаш би почнале со лекување оти последиците можат да бидат фатални по вашето ментално здравје .

Лошо ќе биде ако вирусот ги нападне младите кај не развиле отпорност кон вирусот оти кај нив последиците може да бидат катастрофални и трајни а се манифестираат со траен имбицилитет.
30-11-2013, 01:16 AM
Reply