Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Лустрирани Черчил и Рузвелт
Author Message
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#1

Лустрирани Черчил и Рузвелт

На денешната седница на комисијата за верификација на фактите под претседателство на лицето Аџиев Томе беа лустрирани лицето Делано Франклин Рузвелт и лицето Черчил Винсент. Имено според доказите прибавени од историскиот архив јасно се гледа дека споменатите лица активно соработувале со наредбодателот Васарионович Јосиф Џунгишвили Сталин .Споменатите лица во текот на Втората Светска Војна неколку години континуирано доставувале тајни информации до лицето Сталин за сите движења , маневри , намери на нацистите .
Одсега па натаму споменатите лице веќе не ќе можат да вршат било каква јавна општествена функција .Против ваквата одлука на комисијата лустрираните лица имаат право на жалба до Управниот Суд во рок од три дена .
Во текот на жалбената постапка судот ќе треба да утври дали навистина лицата Рузвелт и Черчил ги кодошеле нацистите кај Сталин.


Претседателот на комисијата Аџиев најави дека на следната седница ќе се разгледуваат досиејата на Џон Вејн и Гари Купер .Имено за овие двајца веќе се пристигнати видео материјали на кој се гледа дека носат значки – петокраки што значи биле луѓе од режимот и на кој се претставуваат под кодно име “шериф “ .Од видео материјалите може да се заклучи дека постојат сериозни индиции дека овие двајца се јавуваат како наредбодатели и користат доушници – кодоши со кој успешно ги спречуваат разбојниците да пљачкаат банки .Како крунски доказ за нивната соработка со режимот и на наредбодателите и на кодошите се дебелите хонорари кој ги наплатувале ..

Од МВР известуваат дека до комисијата ги испратиле и досиејата со докази за Том и Џери . Како наредбодател се јавува госпожата која го ангажирала Том кој пак цело време го бркал и кодошел Џери .

21-11-2013, 12:40 AM
Reply