Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
"ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО"
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,608
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1


За увод во темава ке го земам сведочењето на Слободан Богоевски кое го пренесува Андов:




Quote:СЕГА: Господине Андов, многу контроверзи предизвика Вашето тврдење во неделникот “Фокус”, дека при создавањето на првата македонска влада, под влијание на Белград, Киро Глигоров ги одбил кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за премиер. Во интервју за минатиот број на “Сега”, Глигоров ја отфрли Вашата теза и изјави дека одлучил да ги одбие кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие “не соодветствувале на неговата претстава за профилот и за квалификациите на еден премиер на влада пред која се исправени вонредно тешки задачи”. Да расчистиме најнапред една битна работа - имаше ли Глиоров уставно право да избира и да се води од своите субјективни мислења за кандидатите?

Андов: Не, немаше. Такво уставно право претседателот во Македонија нема. И по стариот Устав, по амандманите со кои беше иновиран, претседателот го немаше тоа право. Значи, Глигоров, 1991 година, во февруари и март, кога одлучуваше на кого ќе го даде мандатот, немаше право да се раководи од некоја негова престава “за профилот и квалификациите на еден премиер на влада пред која се исправени голем број на задачи”. Тој, едноставно, беше должен да го даде мандатот на личноста што ќе му биде предложена од партијата која на изборите добила најмногу пратеници, а тоа беше ВМРО-ДПМНЕ. Исклучиво на пратениците во Собранието им е дадено право да одлчучат дали ќе го изберат предложениот кандидат или пак тој нема да добие потребно мнозинство гласови. Според тоа, Глигоров во 1991 година, без оглед од што се раководел, го прекрши Уставот и, едноставно, ги третираше како непостоечки резултатите од повеќепартиските избори.
...
СЕГА: Врз основа на што тврдите дека однесувањето на Глигоров во тие години беше раководено од Белград? Имате ли некакви докази за тоа?

Андов: Дека Глигоров сам не решил да не го даде мандатот на било кој предлог за премиер што ќе дојде од ВМРО-ДПМНЕ, туку дека тој став дошол од Белград, на македонската јавност и беше соопштено од еден наш врвен разузнавач, уште пред неколку години, во телевизиската емисија на новинарот Васко Ефтов “Во центарот”. Таа изјава Глигоров не ја демантираше. А како што знае јавноста, тој со деманти реагира многу често и на поблаги изјави.
[/quote]


30-08-2013, 03:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,608
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ДБК фактор во партискиот живот

ДАЛИ ЗАМЕНАТА НА ГОШЕВ СО ЦРВЕНКОВСКИ ВО СДСМ БЕШЕ ВО РЕЖИЈА НА ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА?



[Image: masri%20-%20siljan%20i%20hari%20-%20arhiva.jpg]


Со план и инструкции подготвен од 'безбедњаците' во СДБ, преку своите грижливо одбрани 'комсомолци' со кои се во силни релации уште од нивните студентски денови, перфектно ќе ја извршат задачата за елиминирање на Гошев од челната позиција во 'државотворната' партија, што ќе добие свое финале на тогашниот партиски конгрес на СКМ-ПДП каде ќе биде инагуриран 'малиот'-Црвенковски. Но со тек на времето малиот ќе порасне и од тогашните првенци на подземната мрежа, ќе биде определен за наследникот кој целосно ќе ја завладе мрежата- вели ексразузнавачот Јанко Бачев.


Пишува Јадранка КОСТОВА


Веста дека собраниската комисија за контрола на ДБК ќе ја раководи опозициската СДСМ ми прозвучи иронично. Партијата под чија контрола е тајната полиција во сиве овие плурални години на живеење, ете и официјално ќе биде главна за 'контролата'. Кога пак јавија дека кандидат за оваа функција е лично Лазе Китановски, еден од 'експертите' за оваа 'направија', веќе работата доби и цинична нишка. Значи се-де-се-то ќе ја контролира полицијата 'уз дуж и попреку'. За своите истакнати дејци, пак, што до неодамна раководеа со овие ресори, тука им Бранко Црвенковски. Благодарение на неговите ингеренции спрема Агенцијата за разузнување, Миле Зачевиќ доскорешен директор на УБК, Цане Чапраговски доскорешен директор на Биро за Јавна безбедност и Лазе Велковски-помошник министер и началник на скопската полициска управа, како што наголемо се шушка, по изгледа ќе се вдомат кај 'разузнувачите'. Зоран Верушевски, како што е познато, да не се заборави, уште пред неколку месеци беше деташиран во Италија за конзуларана работа. Тоа се јавните размештаљки на 'сите претседателови луѓе'. Е останува уште да се пофаќаат конците на подземните игри и играчи кои ќе работат за истата 'кауза'.

'АДМИНИСТРАТИВЕЦ' И 'РОН'- КРТОВИТЕ ВО ВМРО ДПМНЕ

И така некако ни се наметна темата за ова продолжение од серијалот за лустрацијата. Се чини дека особено богат период кога ДБК, би рекле дури и по инерција беше инволвирана во партискиот живот, беа првите неколку години од плурализмот. Тогаш всушност се направи првата 'перестројка' барем во бројот на партиите-клиенти на ДБК, но не и реформирање адекватно на демократските системи. Неколку различни извори тврдат дека ВМРО ДПМНЕ си ја работеле 'ко бавча', па се инфилтрирале дури во врвовите на раководство на ВМРО ДПМНЕ. Според еден од нашите соговорници за оваа цел биле преземени оперативни акции, заведени како 'Темел', База' и 'Дувло'. Јанко Бачев, пак, единствениот кој отворено, но и дозирано говори за оваа тема, ни ја потврди ваквата информација. И уште ја дополни со податокот дека 'кртовите' во ВМРО-то биле луѓето заведени под псевдонимите Административец и Рон. Интересно е што Бачев наведува дека дотичните оперативци ги врбувал и инсталирал во 'македонската екстремистичка националистичка партија', како што ја пропагираше службата, токму 'благонадежниот' Силјан Аврамовски. Но, за замешателството на полицијата во ВМРО ДПМНЕ имаше доволно штоф уште тогаш. Дури и оние што ѓоа ги снабдуваа љубчовци со доверливи податоци, всушност работеа за 'туѓи партиски дворови'. Тогаш дури и неколку вакви афери, како што беа Дувло, Сина птица и слични, беа повод за посебна анкетна собраниска комисија која демек ја истражуваше ДБК и нејзините пипци во ВМРО-то. Се разбира, 'службата' си ги возаше како што сакаше, па од 'тресењето на гората, се роди глушец' и ништо повеќе. Тогашниот минстер за внатрешни работи, пак, Љубомир Фрчковски кој во стилот на квискотека 'една особа, во една соседна земја' ... ја сугерираше врската на потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ, Доста Димовска со Бугарија, и дури нели делуваше убедително. Времето ќе покаже дека си терал 'дрндупки' со нас, не мафтосувал зашто еве денес таа му е едно од најдобрите пријателчиња.
Од друга страна, на пример, 'Време' пред неколку месеци објави дека Киро Глигоров бил соработник на КОС долги години под псевдонимот Гавран. Имено податокот го обелодени повторно Бачев впуштајќи се во полемика со шефот на ДБК во првите плурални години, Слободан Богоевски. Бачев за ова уште ќе го праша: зошто во пресрет на парламентарните избори 1994 се наредува првиот бран на чистење на овие досиеја во СДБ', но искусниот Богоевски веќе не се јави за збор.

ДБК ИЗБИРА ЛИДЕР НА СДСМ

Но да се пишува за улогата на ДБК во партискиот живот на вмро-то и не е некоја екслузива. Според информациите со кои располага еден постар безбедњак токму 'службата' одиграла клучна улога и во смената на Петар Гошев од кормилото на СДСМ и доаѓањето на Црвенковски на негово место. Единствениот расположен за јавни изјави, Бачев, се согласува со податокот, и дури ни појаснува:
-Интересна е изјавата на Петар Гошев за 'Дневник' од 8 септември 2001 г., кога вели дека пред првите парламентарни избори во 1990, како тогашен претседател на СКМ-ПДП, го посетиле високи полициски функционери и му предложиле 'помош' во изборите, но тој ги одбил и им рекол да си ја вршат само својата законска дејност. Допуштам дека Гошев е искрен во својата изјава, но ако и ден-денес искрено верува дека навистина ги тргнал полициските структури од изборниот процес, и дека дополнително неговата смена во СКМ-ПДП била 'демократски чин' во 'демократска' Македонија, тогаш само можам да му честитам на простодушноста, но не му завидувам на наивноста. Во оваа прилика да спомнам дека Гошев можеби не знае дека во почетокот на деведесетите години, тогашните личности од политичко-полициски центар кој во тоа време му нуди 'помош' всушност ќе го подготви неговото сменување. Со план и инструкции подготвен од 'безбедњаците' во СДБ, преку своите грижливо одбрани 'комсомолци' со кои се во силни релации уште од нивните студентски денови, перфектно ќе ја извршат задачата за елиминирање на Гошев од челната позиција во 'државотворната' партија, што ќе добие свое финале на тогашниот партиски конгрес на СКМ-ПДП каде ќе биде инагуриран 'малиот'-Црвенковски. Но со тек на времето малиот ќе порасне и од тогашните првенци на центарот или подземната мрежа, кој има свој контиуитет од 1945-та година, ќе биде определен за наследникот кој целосно ќе ја завладее мрежата. што мислам дека веќе не е спорно за никого во државата- вели ексразузнавачот Бачев.
За Петар Гошев уште додава дека е еден од ретките политичари за кои тој во своето повеќегодишно работење во СДБ не го сретнал во ниту еден службен материјал во врска со некаква поврзаност со било какви афери.
А кога сме кај аферите, од претседателските и парламентарните избори во 1994 г остана нерасветлен случајот 'Хард Рок'. Во актуелните препукувања Фрчковски-Павле Трајанов деновиве преку 'Вечер' се вклучи и Роли Јакуповиќ, вработен сеуште на бензиска пумпа, а кој весникот го претставува за 'шеф на обезбедување на СДСМ од 1991г'. Интервјуот со Јакуповиќ дава солиден материјал за нашата тема 'тајниот центар' на СДСМ во првите години на плурализмот.

НОВИ МОМЕНТИ ЗА СЛУЧАЈОТ 'ХАРД РОК'

И така благодарение на весникот на Латас, конечно добивме една верзија за случајот Хард Рок. Најавувајќи дека соговорникот 'се споменува како организатор на внатрепартиската тепачка пред изборите во 1994', Вечер ни откри дека тогаш 'во дискотеката Хард Рок физички се пресмета групата на Фрчковски и Киро Глигоров од една, и на Бранко Црвенковски и Лазе Китановски од друга страна'. Е ова е веќе вест. Се разбира, писателот сака да каже дека 'лошите момци' се Киро и Фрчко, а добрите Бране и Лазе. Па ќе се поентира 'уз тезата' дека 'ќотекот го изеде Фрчковски и неговата група која ја организираше тепачката'. Ах, уште еден нов момент. Тепачката за која имаше 30-сетина сведоци, а на чуден начин потоа обвинителството ја запре истрагата, иако претходно имаше и притворени, сега дознавме дека Роли по тој основ во судски спор добил надомест на штета од еден милион денари (16 000 евра).
За периодот кој го опсервираме, и главните ни ликови: Бране, Фрчко и Лазе, плус уште еден 'тешкаш' тутунскиот бос Данчо Шутурков, занимлива е епизодата кога Шутурков посакал да се види со Роли. За ова тој сега раскажува дека се консултирал со Лазе и откако Лазе му кажал дека е 'нивен', иако демек 'играл со сите', тој заминал со неколкумина кај Шутурков дома. Според верзијата на Роли за Вечер, Шутурков побарал да бидат пријатели, а за возврат му понудил 300 000 швајцарски франци, да им се нашле за лобирање во негова полза. Јакуповиќ вели дека не ги зеле парите ама за ова му кажале на премиерот и партискиот шеф Бранко Црвенковски, затоа што демек не сакале да му работат зад грб. Роли вели дека Бранко бил лут на Шутурков ама како воспитан, нели, се заблагодарил на информацијата.
Дека Роли бил близок со најверојатниот претседател на собраниската комисија за контрола на ДБК, а тогаш и комшија со Шутурков, се гледа и од делот каде Роли раскажува како бил кај Лазета дома и случајно го виделе Фрчкота како со 'голфот ГТИ' кој вредел околу 40 илјади евра влегува кај тустунскиот бос. И она што е занимливо, е дека 'почнале да го сликаат'. Сликите ги има, разбира се, Љазе, а Бране не знаел за средбите. Инаку поентата беше дека Фрчко си заминал со натоварена кола.
И сега, ај нека каже некој дека нема штоф и сведоци кои можат да ја разјаснат улогата на тајниот центар на СДСМ во самостојна Македонија.
Скептицизмот дека е предоцна- не држат вода. Ако е така, зошто Европа дури во 2006 г. донесе резолуција за осуда на комистичкиот режим. Ако пак ги прифатиме за оправдани сомневањата за можни манипулации и при откривањето на кодошите на тајната полиција, тогаш би требало да ја укинеме и владата затоа што во секоја влада има корупција, манипулации и злоупотреби. И за крај, ако вака малодушно размислуваше Симон Византал многу нацистички злосторници ќе останеа среќно да си живеат на слобода. Фокус, во секој случај, ќе продолжи со оваа тема.
30-08-2013, 03:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,608
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ГЛИГОРОВ ВО БИТКА СО "ВНАТРЕШНИОТ НЕПРИЈАТЕЛ"


[Image: 3242.jpg]

Со почетокот на распадот на поранешна Југославија, експресно од Белград е вратен Киро Глигоров, да се најде при рака и да ја раководи Македонија ако случајно се определи за сувереност и независност. Иако првенствена задача на Глигоров беше зачувување на Југославија, сепак глобалните политички процеси не му одеа во прилог и Македонија стана независна држава. Затоа можеби Македонија е уникатен пример на меѓународната политичка сцена, бидејќи се конституира како независна држава наспроти нејзината волја. И дури кога се виде дека Југославија неможе да се задржи, тие се определија за независност.

Инаку, ниту до ден денес не сме слушнале поширока елаборација како наеднаш овој човек исплива во преден план и зошто му беше доверена највисоката државна функција. Сумарните образложенија на неговите ментори во тоа време се дека стануза збор за искусен и авторитетен човек, кој уште во шеесетите години на минатиот век во комунистичка Југославија имал храброст да проповеда граѓански и либерални елементи, пазарна ориентација и слични небулози, кои беа најобични приказни за мали деца-првиот македонски претседател всушност е "делегиран" човек и резултат на добро осмислено сценарио.

Во комунизмот многу т.н внатрешни непријатели експонирани од позицијата либерализам, бирократски догматизам и граѓанска десница, завршија на "Голи Оток", а оние "посреќните" беа вдомени во "Идризово". Па, останува прашањето како можел Глигоров, како либерален и граѓански елемент во тогашна Југославија, наместо да им прави друштво на "внатрешните непријатели", педесетина години да ги има највисоките сојузни функции. Инаку, уште во далечната 1948 година, по препорака на тогашната сојузна ОЗНА, на Глигоров му се става на приватно располагање нов луксузен модел на БМВ, а ваквата привилегија ја имале само уште неколку сојузни функционери кои можеле на прсти да се избројат.
Со дисолуцијата на поранешна Југославија, сојузните овластувања се превземаат како републички, со надлежности на органите утврдени со уставот и законите на Република Македонија. Во таа насока, новата македонска држава требаше да организира и сопствена служба за државна безбедност (СДБ). Но, во овој дел се направи само просто преименување на СДБ од југословенска во македонска, без никаква суштинска трансформација. Нашата служба и натаму продолжи да функционира како филијала на југословенската КОС, и затоа не случајно и по осамостојувањето клучните управи во "македонската" СДБ ќе ги раководат најлојалните инсталации на КОС.
Така на пример, во тие преломни години на предвечерието на плурализмот, ќе се прослави во тоа време перспективниот агент С. Аврамовски, кој беспрекорно ќе ја одработи доверената задача од раководството на СДБ да организира и спроведе импозантен број на полни автобуси од Македонија во Србија, на сенародниот митингот на Ушче на починатиот српски претседател Милошевиќ. Каква ли иронија, овој агент на СДБ во годините што следат самиот да стане најлојалниот соработник на тајна служба на држава која промовира токму анархолиберални и граѓански елементи. Но, чудни се патиштата божји, денес си ваму утре си таму.
Во согласност со Титовата школа за апсолутно владеење, според која после втората светска војна југословенскиот маршал ги отстранува сите искусни илинденци и национални македонски дејци кои имаат по педесетина години и ги прибира околу себе младите комунистички кадри, така и Киро Глигоров уште во стартот на своето владеење во Македонија ќе ги отстрани искусните македонски кадри од поранешна СФРЈ и ќе собере околу себе "деца" кои ќе си играат држава и со кои нели најлесно се манипулира. Патем, за оваа цел ќе му послужи наменската конструкција наречена експертска влада, како преодна етапа во целосно апсолутизирање на власта и за потребите на најсуптилен начин да се "издрибла" ВМРО ДПМНЕ како победничка партија на првите парламентарни избори.
Значи, откако беше поставена посакуваната политичка сцена, а СДБ од порано веќе е под целосна контрола, немаше повеќе никаков проблем оваа најбитна државна служба на теренот да воспостави целосна контрола врз т.н. внатрешни непријатели, кои сега во плурализмот беа преименувани во внатрешни екстремисти и врховисти. За таа цел СДБ е "преструктуирана" и е воведена посебна линија на работа-"македонски екстремизам и врховизам". Таа, всушност, е камуфлажа за непречена контрола и следење, пред се, на ВМРО-ДПМНЕ.

Во такви околности, СДБ немаше време за чекање и веднаш се заведоа соодветни оперативни акции. Инаку, да појаснам за читателите-во СДБ оперативна акција се заведува со цел извршување на конкретни задачи во земјата и странство кои бараат организирано и синхронизирано ангажирање на поголем број на извршители, за прибирање на безбедносно-интересни сознанија, при што централно место имаат соработниците, а се заведува со псевдоними. На почетокот се заведе првата ОА "Павароти", во чии рамки ќе се следат "екстремните активности на радикалните политички партии и задграничните комитети во одредени политички партии". Јасно е дека станува збор за ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна со оваа акција ќе биде опфатен и првиот независен синдикат.
Истовремено, иако противзаконски, во рамките на ОА "Павароти" ќе бидат заведени бројни оперативни обработки (ОО) за лица. Во оваа пригода ќе ги споменеме само првите позвучни оперативни обработки во тоа време: "Книга" (Љ. Георгиевски), "Лејди" (Д.Димовска), "Валенса" (Љефтеров од првиот независен синдикат)...

Но, бидејќи секојдневно се повеќе растеше бројот на т.н.македонски шпиони, внатрешни непријатели и екстремисти, дојде редот и на други категории на граѓани-новинари, професори, студенти поети... Во СДБ им се виде претесна ОА"Павароти" и затоа од неа ќе произлезат ОА"Темел", ОА"База", ОА"Дувло", ОА"Журналисти", ОА"Академци" ОА"Кутлеш/95 и други. Таканаречените албански екстремисти ќе бидат почестени со ОА"Оперета", ОА"Кабала" ОА"Марксисти"...

Идејата беше ВМРО-ДПМНЕ да се има и одблиску под целосна контрола, заради што во највисокото раководство на оваа партија СДБ успева да ги инсталира оперативните врски "Административец", "Рон", "Гуде". Инаку, иако во согласнот со правилата СДБ треба да доставува соодветни извештаји со безбедносни информации и до премиерот, претседателот на Собранието и министерот за надворешни работи, сепак информации добиваше само Глигоров. Бидејќи Глигоров беше информиран и знаеше дека СДБ успеа да воспостави целосна контрола на теренот врз т.н внатрешни непријатели, дојде на ред да се тргне и наменски создадената експертска влада, затоа што во тоа време стана очигледно дека одделни министри со вмровска проивиненција можат да му прават проблеми на патот на целосното зацеметирање на неговата власт и севкупна контрола врз државата.
Во овој контекст СДБ му дава сигнали на Глигоров дека е време да се тргне од Владата незгодниот министер Мијалков, кој одби доброволно да се повлече. Службата добива одобрение да изнајде компромитирачка основа за негова дискредитација, по што би се подготвила интерпелација. СДБ ја смисли конструкцијата на начин што би се презеле полициски мерки (вклучително и приведување на лицето Балабан Н. од Охрид) пријател на тогашниот министер, со цел сервирање на информации во јавноста за дружење со криминалци на министерот за внатрешни работи. Но, овојпат т.н. благи методи на СДБ за елиминација на комрпомитирачка основа се неуспешни, за разлика од успешноста во случајот на Александар Лепавцев, кој во рамките на ОО "Зидар" беше спречен да стане премиер, иако беше предложен од ВМРО-ДПМНЕ како победничка партија на првите плурални избори.

Јанко Бачев
30-08-2013, 10:31 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,608
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Екипата која го носи Глигоров во Македонија:


Quote:... во серијата “Најдолгиот пат” емитувана на Канал 5 минатиот месец, беше посочен од страна на Никола Кљусев како човекот кој го довел Киро Глигоров од Белград за да бидне претседател на независна Македонија. Изјавата на Кљусев гласеше вака (парафраза): “Се собравме во вилата на Михајло Апостолски, кој беше оженет за сестрата на Киро Глигоров, Цвета. Таму бевме јас, Ѓорѓи Наумов, Јордан Мијалков и Борис Змејковски. Ние одлучивме дека, преку Пане Велев, треба да го вратиме Киро во Македонија, зашто тој има доволно искуство да ја води државата”. Што е она што е посебно интересно во изјавава на Кљусев? Тоа што за враќањето на дедото на Шеќеринска во тазе осамостоена Македонија решавал не само таткото на Сашо и Владимир Мијалков, ами и “чичковците” на Никола Груевски, Кљусев и Наумов.

Quote:За атер на блискоста со Ѕинго, Мијалков "работел" по Штипска линија, за К.Глигоров од парламентот да биде избран за прв претседател на независна
Република Македонија. Но,и покрај тоа, поради различната политика што ја застапувале, меѓу нив имало голема недоверба. Глигоров постојано го критикувал Мијалков и работењето на МВР и притискал кај Кљусев да го смени. Еден од современиците на Мијалков, во своите сеќавања открива една многу индикативна работа, за која му се доверил Мијалков: "Во такви околности, спроведувајки ги службено добиените задачи, Јордан воспостави таен режим за секојдневно следење на Глигоров, за да не дојде до ескалирање на односите меѓу претседателите, а сето тоа се одвиваше во интерес на РМ". Ако очите не не лажат, ова е јасно сведочење дека Мијалков го прислушувал својот претседател Глигоров! За иронијата да биде целосна, Ѕинго сведочи дека Мијалков кај него факал врски за Глигоров да го задрзи на министерската функција откако ке падне експертската влада на Кљусев!?


Причините за тогашниот судир помеѓу Мијалков и Глигодов се истите кои го предизвикаа деновиве судирот Мирка-Жоро ...
30-08-2013, 10:39 PM
Reply