ЈорданПетровски
ЈорданПетровски-ЦРНИ
    
Posts: 15,108
Joined: Mar 2010
Reputation:
36
|
Quote:Владе Милчин и фондацијата Сорос
Среда, 07 Август 2013
Саше Ивановски
Основач, сопственик и уредник на порталот Мактел.мк
![[Image: Grujo-soro2f93.jpg]](http://h40.imgup.net/Grujo-soro2f93.jpg)
Случајно овие денови налетав на фб профилот на Владе Милчин, извршниот директор на фондацијата Сорос. Ме запрепасти агилноста и тврдокорноста на режисерот во споделување на вести од многу портали и коментирање на истите. Таа негова енергија и ентузијазам многу добро делуваат врз сите нас како јавност. Ни дава дополнителен елан во работата. Професорот Милчин изгради бренд и авторитет од себеси во државава и да ви кажам дека ич не е лоша идејата да се замоли професорот да прифати да се кандидира за претседател на следниве избори како кандидат на опозицијата. Тој заслужи да му се укаже таа чест, а и има добри шанси да победи, а ако победи ќе бид енјадобриот претседател кој некогаш сме го имале. Ние во Мактел ќе ја тераме оваа идеја упорно и може и да почнеме некоја петиција за да го убедиме професорот да прифати, што мислам ќе биде најголемиот проблем.
Сите што ги читате погорните редови сега сигурно си викате, кој му е к.. на Саше пак да не аплицирал за грант кај Владе? Одговорот е не и веројатно и нема во блиска иднина да го направам тоа затоа што како прво самата фондација се изјасни дека нема понатаму да ги помага интернет порталите а и Мактел полека застанува на нозе и сметам дека ќе може да се одржува сам на пазарот понатаму.
Зошто тогаш толку го фалам Владе кога напишав доста гневна колумна после една негова прозивка до мене а и имавме две не баш пријатни интервјуа во Политико особено првото кое беше рамно на тепачка. Типично за емисиите Политико ;)
Причината зошто го променив мислењето е што во изминатиов период имав прилика да се видам со останатите раководители на фондации во Македонија. И она што имав прилика да видам и слушнам беше запрепастувачко! Наидов на тотални аутистички незаинтересирани бирократски шупаци и кретени кои немаат две чисти каде живеат и што се случува во Македонија! На моите предлози за разни активности со кои ќе се подржи јавната дебата и новинрството тие одговараа дека немале мандат итн итн имале други планови и слично. Сепак јасно ми беше дека немаат намера да се најдат на насловната шпица на вестите на Сител како непријатели на народот и петоколонаши. Нешто што никогаш не му сметаше на Милчин 
Навистина ако се размисли, Владе Милчин можеше да биде токму таков диектор на фондација, тотален епски шупак. Да се прави наудрен да соработува со владата да се слика со Грујо и министрите да си седи мадро да си кулира да си ужива во статусот на признат режисер и НВО активист, да не таласа, да не и гази на талибанците на опашката за да не крекаат и да не блујат по него со отров.
![[Image: 29wq0ci.jpg]](http://i44.tinypic.com/29wq0ci.jpg)
Но Владе одбра да биде вистински лидер на опозицијата во Македонија. Владе е суштински над сите лидери на партиите и над Заев и над Андреј и над Ивон и над Тито. Тука не мислам хиерархиски туку суштински, практично Владе обединува се што е опозиционо и критички настроено на талибанците а не мора да е симпатизер на ниедна партија.
Погледнете го последниот потег на фондацијата. Тие го дигнаа од мртвите неделникот Фокус. И сосема со право. Доколку го немаме неделникот со нивното истражувачко новинарство и откривање на скандали и длабинско анализирање, ние порталите нема да има што да преџвакуваме и ќе останеме само со цицките на Станија и меѓуножјето на Карабатиќ!
Можат и порталите да имаат и тимови за истражување на афери и длабински анализи и да предизвикуваат вистински силен удар на талибанците, Мактел ќе се обиде понатаму да создаде таков тим, но сето тоа зависи од финансиите и од визијата на уредниците на порталите. Засега предничат големите опозициски портали, Мактел почетнички се обидува да придонесе во тој процес.
Она што сега ни фали е едно мултимедијално тв издание од типот на проектот 19 на Ацо Кабранов во А2. Таа идеја мора да ја воскреснеме и тука мора да помогнат сите. Сепак огромен број македонски граѓани гледаат телевизија и едно такв тв издание со учество на повеќе новинари од порталите поврзани преку Скајп видео линк ќе биде евтино но моќно орудие против пропагандата на бандата античко-пролетерско-џамахириско-талибанска.
Многу важни луѓе од отпорот ги изгубивме и не се дел од револуцијата. Никола Младенов и Роберто Беличанец како диригенти како генерали не се тука. Не сакам ни да помислам како би изгледала Македонија без придонесот на Владе Милчин доколку реши да дигне раце од ова што сега прави и реши да се пензионира на некое езеро и да си го лади како што одлучија многу други интелектуалци и авторитети...
На крај сакам да и се заблагодарам на фондацијата Сорос за грантот од 2,500 евра со која беше помогнат порталот Мактел да стартува и да земе здив на почетокот за да се обиде да си го најде местото под сонцето. Сметаме дека не ја изневеривме довербата на фондацијата. Ќе продолжиме и понатаму да бунтуваме против оваа дилетантска, диктаторска, манипултивна, некадарна власт и да промовиаме толеранција, прогрес, мир, соживот и либерални вредности. Солидарност на државно ниво нема да промовираме затоа што мислиме дека социјализмот е пропадната идеја а дека во либертаријанизмот лежи лекот за маките на сите општества!
MAKTEKL
|
|
10-08-2013, 11:42 PM |
|
hristo
Super Moderator
     
Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation:
33
|
|
12-08-2013, 07:32 AM |
|