Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МАКЕДОНИЈА ЗЕМЈА НА ЧУДАТА !!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,423
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

(07-12-2011, 08:55 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:МАКЕДОНИЈА ЗЕМЈА НА ЧУДАТА-Досијета на главните кодоши и на кодошените се во Белград!



[Image: aj_9_gf1_40_b.jpg]

Наш Бранче, инаку, имал многу голема доверба во Калиниќ, Калиниќ во Среќкo, Среќко во Чедо, Чедо во Змејко, Змејко во ВМРО... А во сите нив најмногу доверба имал Вања Бокан зет на генерал Недељковиќ...Во Бокан, многу верувал Баџо, а во Баџо, Јовица Станишиќ. А во Јовица, СЛОБОДАН МИЛОШЕВИЌ. Сега можеби е појасно зошто и Љупчо и Груица мораат да го штитат Бранчета. Дуван убија ...така велат и пријателите на доктор Тодоров...


Зборуваме за кодоши и соработници, сакаме да ги откриеме и "казниме" за нивната активност. Дотука, декларативно, се е вред и е на патот кон ЕУ и почитувањето на резолуцијата за осуда на комунизмот. Ама, едно големо, ама, тоа треба да го сторат луѓе кои им давале налози и за чии кариери и идеологии, соработниците кодошеле.
За да се осигураат налогодавачите дека раката на правдата нема да стаса до нив, тие за да го спроведе законот за лустрација избраа самобендисан шутрак, кој за да ја покаже самобендисаноста се обидел како глумец, балетан, боксер и никаде не успеал. Обично таквите нарциси ги ангажира србокомунистичката тајна полиција. Дали овој нашиов шутрак е ангажиран од нив не сум 102% сигурен, ама н еми се верува дека е случајност одењето во политика на таков нарцис и времето кога е влезен во политиката.
Но, налогодавачите не би биле налогодавачи и во Караѓорѓево и во Титово и во Кирово време ако не биле претпазливи, па затоа донесоа и закон дека лустрација ќе нема по 1991 година. Наводно, 1991 година е избран демократ над демократите и донесен е демократски устав над уставите.


Алиса не знае ништо за чудата оти не била во Македонија


Абе што да ви раскажувам. Како од бајките. Како да ја читаме пред нас „Алиса во земјата на чудата“. Но, за жал, во Македонија чудата се уште почудовишни, па затоа Алиса не знае ништо, оти не била таму, во таа „чудовишна“ земја. Еве неколку што драгата Алиса не ги видела и не ги знае.



Првото чудо во земјата на чудата

Зетот на четничкиот војвода Стојан Мишев, (Г.К.), го донесоа да прави независна македонска држава. Какав тест, такав зет. Во бугарско Бугарин во српско Србин, ама никогаш Македонец.




Второ чудо во земјата на чудата - ФРЧОЛИНА



[Image: b172ce97c4978dd69d5b1e1a2a6bb61a.jpg&t=1]

Тој е пишувачот на уставот над уставите, демократ „по ширину и висину“.  Да се земе човек со дефект - по кумановски "удрен сас Бојкову чарапу" - да пишува устав, може да биде само по налог на политичко - полициското подземје, бидејки нема подобар и поефекасен начин да се растури државата од правење на дефектен прв устав на првпат осамостоена држава. Но, на полициско-политичкото подземје тоа му е малку, па комунистичко-мафијашкиот испрдок со дефект во главата, Љубомир Данаилов Фрчковски го назначија и за министер на полицијата.
За да видиме дека полициско - политичкото подземје навистина знае да направи избор, не требаше да се чека многу. Удрениот „сас Бојкову чарапу“ веднаш тргна „демократски“ да ја реорганизира МВР и ја прилагоди согласно неговите сништа од детството да стане главен во маалото, па и малку пошироко. Зеде за соработници „демократи“ како што се неговите херои што му удирале чврги по скопски кафиќи и дискотеки, Роли, Сеад, Циганот, Орце...и тргна демократијата по теркот на болниот во глава: ред тепа полиција, ред тепаат и пљачкаат демократските идоли на испрдокот.
Бисер од демократската лепеза на удрениот во глава е прогонот за МАКЕДОНСКИ ВРХОВИЗАМ И НАЦИОНАЛИЗАМ во МАКЕДОНСКА ДРЖАВА. Со знаење, разбира се, на зет му на Стојан Мишев. САО Куманово и Илирида не го интересираа, тоа беа појави кои по негов критериум не заслужуваа прогон.

Кога постави снајпери на покривите пред Собранието за да обезбеди уште четири години владеење на полициско политичкото подземје дури и по цена на крв до колена, период кој му беше неопходен на подземјето да се инфилтрира докрај во ВМРО ДПМНЕ, тогаш на јавноста и покажа дека нема ништо пострашно од тоа кога на „удрен во глава“ ќе му дадеш власт.

По изборите почнаа сериозни подготовки за конечна пресметка со ВМРО. Почна удрениот во глава да избира екипа која ќе им помогне на старите кадри во КСИО. Но, настанаа "мали" проблеми внатре во полициско политичкото подземје. КУМОТ од Белград сакаше чисти сметки и веке немаше потреба од идеологија. Затоа им пушти малку мафијашки вирус на дотогаш со идеологија врзаните следбеници во Македонија. Вирусот ги зафати и полициското и политичкото крило и се разбира настана борба.
Главната битка се водеше кој да стане "придружничка" од Македонија на КУМОТ на мафијата, а се знае, придружничката за да стане придружничка No1, мора да ги елиминира сите. Изборот на местото каде што беше врачена пораката на дотогашната придружничка , дека тој и идеологијата се веќе историја, има голема симболика. Ороспиите како придружнички на мафиозите и КУМОВИТЕ почнуваат и завршуваат пред места како што е скопскиот хотел „Бристол". Другарчето по идеологија Столе Андов, по се изгледа недовлно информирано, се затрча да седне на столот на стaрата ороспија ама го избркаа како куче полно болви.
Испрдокот наместо да замине и тој во историја, го наградија да продава зјала по свет, стана министер за по надвор. На негово место донесоа човек чие мото беше и е, "све за краља и отаџбину" и затоа и не е издвоен како чудо, зашто за краља и огаџбину и не е некое чудо во Македонија. Додуша, тој и не беше тој што го водеше министерството. Кумот прати свој човек, бата Зоки Јаначковиќ. Другарчето на Латас.
Зоки дојде да го убие конечно духот на ВМРО, кој Кумот го беше пуштил малку за да се поигра и да тестира дали духот ке има следбеници. Ама се покажа дека по играчка оди плачка, оти духот имал премногу следбеници. Бата Зоки веднаш тргна на два фронта. На едниот фронт оружјето му беше „пара врти где и бургија неќе".
Шверцот на цигари го превзедоа „ортодоксни" ВМРО-вци, на кои бата Зоки прво им ги симна товарите од грб. На едниот кривична пријава од Народна Банка, на другиот кривичната пријава за шверц на дрога.


Трето чудо во земјата на чудата

Така дојдовме до третото чудо во чудесната земја Македонија. Државниот шверц на цигари во време на апсолутна власт на Бранко го водат "луѓе" на Љупче војвода. Почнаа да влегуваат пари во касата на ВМРО – то, а по некоја пара и во по некој приватен џеп, па затоа, можеби, Љупче не се посомнева како негови пулени и на аеродромот Петровец станаа газди, па им слетуваат и полетуваат аероплани ИЛ 76 кога ке им се посака.
Бата Зоки не беше ич скржав, а и уметничка душа беше, па лесно ЈА ПРОНАЈДЕ БРАНОВАТА ДОЛЖИНА со стихоклепците во Ве Ме Ре Ото.


Чудо четврто - 63 Падобранска:


Второто оружје на бата Зоки требеше да биде „смртоносно" и духот на ВМРО конечно да го убие. Бата Зоки ја изведе на терен екипата составена од "вундеркиндови", екипа која ја обучуваше генерал Александар Аца Васиљевиќ, еден од творците на "ОПЕРА" Момците од Македонија од последните две генерации кои служеа во ЈНА.
Додуша тие правеа по некоја ситна акција и дотогаш, "колку" да се држат под „узбуна". Скрнавеа, де муслимански, де христијнски гробишта, одеа на панахиди, но, бата Зоки дојде со голем план и се случија „студенските протести". КСИО во меѓувреме ги „среди" општинските комитети и сега требеше да ги уфрли момците протестанти во штабот во УМС, во ИК и во ЦК.
Ништо полесно и поедноставно. Шумот и сјајот на парите толку беше силен, што пусти Љупчо ниту слушаше, ниту гледаше дека опкружувањето во партијата му стана експозитура на КОС И УДБА. Дури ни вакви предупредувачки пораки не гледаше:

Добро искористена зимска ваканција за подготовка и план и постојано насочување на Протестите

Главните настани за Македонија се случуваат за време одморот меѓу двата семестри. Период во кој можеше добро да се организираат протестите. Организацијата на протестите ја презема ВМРО-ДПМНЕ преку Унијата на млади сили. Ректоратот сфаќа дека протестите добиваат политички предзнак и се повлекува од протестите, но, скоро цело време додека траат истите им дава морална поддршка на протестантите. И ССУКМ се повлекува од протестите, но под притисокот од власта.
Како официјален организатор останува Студентската организација на Педагошката академија, а неофицијален организатор всушност е УМС. Сепак, вистински организатори на протестите се српски разузнавачи кои активно, преку свои луѓе, или поточно преку „комановското лоби“ во ВМРО-ДПМНЕ, ги раководат протестите.
Имено, на Србија не и одговараше во Македонија да им се дадат толку големи права на Албанците, затоа што истите потоа требаше да ги примени и на Косово.
Несокриена е врската меѓу службите во Србија и „кумановското лоби“ во ВМРО-ДПМНЕ (Даравелски, Томе Стојановски-Далавера, Филип Петровски). Интересено е што „Кумановското лоби“ паѓа и го губи приматот во исто време кога паѓа Милошевиќ.
Во 1997-мата, во ВМРО-ДПМНЕ, а посебно во УМС, немаше способен човек кој можеше да организира толку добро организирани протести. Самите протести беа организирани во три фази: прво беа само студенски протести, па откако се истрошија студентите беа активирани средношколците, па потоа имаше штрајк со глад.
Имајќи го сето ова во предвид, воопшто не изненадува постапката на македонските безбедносни служби кои т.н. лидер на Студентските протести, Филип Петровски, го ставаат под постојана присмотра, а токму поради сомнежот дека одржува контакти со српски разузнавачи. Само како илустрација да потсетиме, дека на протестите учествуваа студенти со многу посомнително минато од Филип Петровски, па за нив не е отворено досие.

Оливер ОЛСЕН соработник на Данскиот институт за меѓународни работи и политика


Бата Зоки беше сигурен дека онаа што не им успеало на неговите претходници тој ке го оствари со малку пари, кои и така не се српски. И се случи раскол во ВМРО ДПМНЕ, судир на "Македонисти" и "Бугарофули", т.е.пулените на бата Зоки исфингираа војна против клети Бугараши. И глеј четврто чудо во земјата на чудата, најжестоките "македонисти" преку ноќ и станаа најверни чувари и најодани бранители на БУГАРШТИНАТА и на ликот и делото на "бугарашката" Доста. Таа оком, тие скоком , чистеа и газеа се што бата Зоки и сестра Доста ќе им го посочеше.



Чудо петто во земјата на чудата

(Магарето му рекло на зајакот имаш големи уши. Така и Љупчо му пронаоѓа кодоши во партијата на Грујо)...Малку враќање наназад:

„ЗОШТО ГЛАСАВМЕ ЗА ВАС!?”

(Отворено до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Љубчо Георгиевски)

Ви се обраќаме уште еднаш за да ве известиме за состојбите во ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Куманово и за вкупните состојби во градот по победата на парламентарните избори 1998 година. Ви се обраќаме свесни за ризикот дека оваа информација нема да допре до Вас. Првото јавување беше на 16 јануари 1999, кога темелно ги образложивме мотивате на петицијата потпишана од 137 членови.
Основата на незадоволството беше приватизацијата и узурпацијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од страна на координаторот Драган Даравелски, монополизацијата на градската кадровска листа и преземањето на апсолутната власт во градот од страна на Драган Далаверски и неговиот татко Томислав Стојановски, актуелен потпретседател на собранието на РМ. Нашата предупредувачка информација за негативниот тренд на водење на партијата во Куманово и сите негативни импликации и реперкусии за градот како и за рејтингот на партијата беа дочекани “на нож” од страна на Драган Далаверски.
Со одлука на нелегитимна дисциплинска комисија формирана од редуциран ОК беа исклучени носителите на искажаното предупредување. Поради нелегитимноста на новоформираната дисциплинска комисија исклучителните членови не се жалеа до Судот на Честа туку, како стои во Статутот на партијата, до Извршниот Комитет ( на 18. 01. 1999 год.) како и до Статутарната Комисија (на 25.01.1999). За жал досега и од двете партиски институции немаме добиено писмен одговор за нашиот статус.
Не Ви се јавивме порано поради разбирањето за Вашето ангажирање околу состојбите сврзани за Косово и бегалците. Сега тие состојби се на пат на нормализирање и цениме дека сега повеќе време ќе можете да обрнете на состојбите во партијата.
Кадровското екипирање во Куманово заврши. Ефектите се повеќе од разочарувачки. Најголемиот дел од именуваните функционери не се членови на ВМРО-ДПМНЕ, (ако не се смета членувањето од есен 1998 година, односно, по изборите). Повеке од нив немаат соодветна школска квалификација за функциите кои ги обавуваат.  Некои од имаат судски досијеа (но, не за политички ангажман).......

Со почит, во име на потпишаните на петицијата:
Драган Јаневски, Ѓорѓи Бојаџиев, Јордан Наумов, Ангел Тасевски и Бранко Скендерски.

Моите разговори со Вас, драг Љупче Г, се надевам не сте ги заборавиле. Тогаш во 1997 и 1998 ми дадовте едно ветување, да ве потспомнам. Ветивте дека кога ќе дојдете на власт ке го расчистите случајот со ангажманот на СДБ околу мене,а посебно сценариото со Бугарската амбасада. Сценарио,кое ако го истражевте и обелоденевте ке ги откриеше сите соработници на бата Зорана кои беа околу Вас. Ама тогаш бевте зафатени со „поважни" и "подоходовни" работи, па заборавивте и на "ДУВЛО" и на "СИНА ПТИЦА". Или можеби игравте на друга карта, направивте дил од типот: јас денеска нема да ви ги чепкам инсталациите ама затоа вие утре ке ме оставите намира.
Не бевте глупи па за да не се осигурите да не ве чепкаат утре, сигурно зедовте копии од деловодната книга на соработниците.

Оваа постава што ја води партијата денес е 102% ваша. Носителите на скоро сите функции се "ваши"...Има една приказна која ја раскажуваат доброинформираните: Изборот на Груевски за претседател со Ваша несебична подршка е во знак на благодарност на Сашо Мијалков, кој ве спаси од апсење кога ја распуштивте владата 1999 година.


Чудо шесто во земјата на чудата


(како нарцисоиден шутрак замислува власт)

Од примеров подолу, имеил упатен до нас, ГРУПАЦИЈАТА на ДИСИДЕНТИ ВЕТЕРАНИ , најубаво ќе се види Грујовата заложба за спроведување на лустрацијата:

"..Обама да го прими Ѓорѓе Иванов и тоа во функција на предстојниот самит на НАТО во ноември во Лисабон. Може ли групацијата да стори нешто околу оваа идеја ако ништо друго, барем да остварат една подолга средба во септември за време на Генералното Собрание на ООН во Њујорк."

Бидејки еднаш бевме злоупотребени, кога посетата на Канада, Грујо ја употреби исклучиво во себепромовирање, за да помогнеме да се оствари оваа средба, побаравме конкретна понуда во смисла, што е подготвен Груевски да "даде", бидејќи тој ја знаеше нашата "цена". А таа беше една и единствена - да ја "спроведе" лустрацијата од 1991 година до денес, по законската можност која му ја дава кривичната пријава на Јордан Петровски.

Но, на Груица му беше поважно да ги спаси Бранко Црвенковски, Љубомир Фрчковски и останатите од полициско - политичкото подземје, отколку средбите со Обама и уште еден или двајца претседатели од групата Г7, за кои можевме да помогнеме да се договорат.


Чудо над сите чуда на светот, па и пошироко

[Image: images?q=tbn:ANd9GcSMCDVhpZPQPyQMt0Ainak...3gDdsMotsA]

(Бранче наркоманче , по изјавите на Тачи, Елмази и Љупчо).
Ај да му прогледаме низ прсти за што бил наркоманче и пијаница. Младост – лудост, а може господ му дал и некоја лошотија од жена. Ама уште една беља, тој ти бил и србоманче, унук ДЕЈАНА ВОЈВОДЕ. Ќе каже некој, па кога му простија на Киро, зошто не и на Бранета....Така е и затоа и Македонија е замја на чудата.

Ама дали треба да му го простиме заебот на Бранче кој му го стори на Фрчолина твoрeцoт на уставoт над уставите и „го скина у цвету мафијашке младости“. За што е збор?

На почетокот на 1993 година во Скопје од Сараево доаѓа Душко Калиниќ, "лепоцветка" со сите нишани, со BMW 740 TDI, блиндирано. Душко е другарче на Бранчета од Сараевски денови. Пред тоа, во Скопје доаѓа и Среќко Кестнер, а доаѓа и Бобан, све „мој до моега“, бидејќи мајка му на Бобан работела во ИНДУСТРИЈАИМПОРТ Титоград, (после стана Подгорица), представништво во Скопје.
Но, Бобан воопшто не седи во представништвото на мајка му. Нашол поинтересно место и поинтересни луѓе. Чедо Радомировиќ и Тихе од прочуената фирма ТЕХНОКОМ, каде што беа монтирани „машине за перење“ на ГЕНЕКСОВИ „производи“... Од тоа што останувало во машините после е направена и РАДО Банка, божем Холандска.

Каква случајност и Душко и Среќко и Бобан се специјалисти за МАРЛБОРО, а Господ да ги состави во Македонија во исто време и на исто место. Па после, Македонија не била земја на чудата и чудесата.
Наш Бранче, инаку, имал многу голема доверба во Калиниќ, Калиниќ во Среќкo, Среќко во Чедо, Чедо во Змејко, Змејко во ВМРО...Чедо имал многу доверба и во Горенчев за ДС , Горнчев во зетот на бившиот министер на милициција Трпеновски, оној што стана потоа претседател на НЕЗАВИСНА антикорупциска ...( за оние што забравиле, овие двајца и Бубе Бујото му беа главни советници на Гошев во ДС).
А во сите нив најмногу доверба имал Вања Бокан зет на генерал Недељковиќ.. Во Бокан, многу верувал Баџо, а во Баџо, Јовица Станишиќ. А во Јовица, СЛОБОДАН МИЛОШЕВИЌ.

Е ама сето тоа у тоа време не го знаел Фрчолина, и бидејќи беше и е „удрен сас Бојкову чарапу у главу“, не трпеше покурнази од него и реши на Калиниќ да му покаже кој е најфраер во: Скопје. Му го зел BMW - то. Калиниќ кај ќе оди да се пожали ако не кај првиот другар, Бранче наркоманче, плус србоманче. Бранче му рекол: "Остави го сега, нека пројде малку време, ќе му дадете саатче за спомен. А клоца у г'з на Фрчолина ќе му удрам јас и тој повеќе нема да е главен на џандармерија и мафија".

Сега можеби е појасно зошто и Љупчо и Груица мораат да го штитат Бранчета. Дуван убија ...така велат и пријателите на доктор Тодоров...

Во 1995 година, стариот КУМ решава да го пренесе кумството на помладите и така е решено МАРКО МИЛОШЕВИЌ да биде КУМ на сите. Бокан доби куршум, КИРЧЕ, бомба, Баџо малку повеќе куршуми, Треф се лизна на "опушак"..., Калиниќ, кој се осоколи многу од како му даде саатче на Фрчолина и реши ќе бива зет во Фамилија македонска. Сакаше да се удоми, дали кај Шутурко, дали кај Свето Пивара, сеедно му беше. Кога разбарале овие му спискале на Бранчета, Бранче го заборавил моментално другарство со Калиниќ, по што го снајде судбината на Фрчолина и доби клоца у газ, а ни саатче немаше кој да му даде...
И после лустрација. Абе ајде...



* * *

За крај неколку биографски податоци за мене. Оваа го правам заради „докторите“ и „магистрите“ споменати во текстов, да не се почувствуваат девалвирани, мислејќи дека не сум им ниво.
"Доктор“ сум во две области и тоа:


1. "ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА СРПСКА СТОКА", Во класата на Др. РАТКО*. Докторирав на област која беше табу тема во Македонија и за која сe казнуваше и се казнува најстрого .
2. "ПОСТАПКА ЗА ДЕМОНТИРАЊЕ НА ПОЛИЦИСКО ПОЛИТИЧКОТО ПОДЗЕМЈЕ.
Вториот "докторат" е и меѓународно признат.

И сосема за крај. Овој имеил што го пренесувам во целост не е чудо над чудата, туку реална вистина за тоа кој се уште и како се грижи за нас:

From: arhivyu@eunet.rs
To: jordanpetrovski@hotmail.com
Subject: Re: dosije
Date: Tue, 1 Dec 2009 15:08:24 +0100

U vezi sa Vašim pismom od 30. novembra 2009. godine, obaveštavamo Vas da je potrebno da nam dostavite dopunu podataka koje tražite, gde ste bili zaposleni, zanimanje i dr, kako bi smo nastavili sa istraživanjem i dostavili Vam informaciju o traženom dosijeu ukoliko se nalazi u našim fondovima. Takođe Vas obaveštavamo da Arhiv Jugoslavije poseduje arhivsku građu od 1918. godine do 2006. godine i to uglavnom građu centralnih državnih organa.



V.D. DIREKTORA



Miladin Milošević

================================================== ====================

Во име на ГРУПАЦИЈАТА на ДИСИДЕНТИ ВЕТЕРАНИ
ЈОРДАН ПЕТРОВСКИ
20-07-2013, 01:51 AM
Reply