Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЛАГИТЕ ОСНОВ НА ДЕЛУВАЊЕ НА ОБЕДИНЕТАТА МАКЕДОНСКА ДИАСПОРА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Австралија ќе ја признае Македонија под уставното име во петок?!

[Image: ime.jpg]

Над 90 отсто од пратениците во Австралија го одобруваат признавањето на Република Македонија под уставното име, а единствено против се двајцата парламентарци со грчко потекло, пишува Вечер.

Дали Австралија ќе биде 135-тата земја која ќе ја признае Република Македонија под уставното име, по Чешка и Унгарија, кои го сторија тоа во февруари годинава.

Обединетата македонска дијаспора од Австралија влева голема надеж во пресврт во австралиската надворешна политика на свечениот чин на доделување на признанието “Пријател на Македонија” на министерот за надворешни работи Боб Кар и на пратениците од власта и опозицијата и копретседавачи со австралиско-македонската парламентарна група на пријатели – Стивен Џонс и Лук Симпкинс.

Според очекувањата на австралиските Македонци чинот треба да се случи на гала-вечера посветена на унапредување на австралиско-македонските односи.
“Го поканивме министерот да ни биде специјален гостин и тој ќе даде еден говор во петок навечер во Сиднеј за унапредување на врските помеѓу Австралија и Македонија, а исто така во подготовките на оваа свечена вечер, пратеникот Стивен Џонс пред 2-3 недели одржа многу убав говор во Парламентот на Австралија во кој јасно кажа дека 2-те политички партии, Владата и опозицијата, треба да ја признаат Република Македонија под уставното име и спомна дека 5 јули е навистина идеален датум за ова да се случи. Се надеваме на позитивен исход, меѓутоа додека не каже министерот: Признато е!, не можам да ви кажам вечерва дека 100% ќе не признаат”, вели Ордан Андреевски од Обединетата македонска дијаспора од Австралија.

Признавањето на Македонија под уставното име е исклучиво во ингеренции на министерот за надворешни работи и за тоа не е потребна согласност од Парламентот, иако според Андреевски над 90 проценти од австралиските пратеници го одобруваат тој чекор, а единствено против се двајцата парламентарци со грчко потекло.

Инаку, Боб Кар е првиот австралиски министер за надворешни работи кој покажал почит за македонската заедница во земјата и кој ни се обраќа со Македонци, а не со вашиот народ”, вашата заедница” и прв кој посетил една од македонските заедници во Австралија.

Кар, според ОМД, увидел оти македонската заедница во Австралија дава значаен придонес во бизнисот, спортот, образованието и индустријата и оти австралиското општество е збогатено со македонската култура, наследство и традиција.

DENESHEN. MK



13-07-2013, 03:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:ОМД ГО НАГРАДИ ОСПОРУВАЊЕТО НА УСТАВНОТО ИМЕ?
8 July 2013 at 02:57

Генерално не коментирам за работата на американската организација наречена Обединета македонска дијаспора (ОМД), затоа што не сакам да давам прилика да обвинуваат други за својот недостиг на суштински плодови. Обично коментирам само дека ОМД би била навистина силна кога енергијата и средствата што ги вложува на самопромоција би ги вложувала во развивање на суштински и цврсто аргументирани политики, кон остварување на правда и слобода за македонскиот народ, како и охрабрување, развивање и организирање на кадри кои кредибилно и компетентно би застапувале такви политики. Но во оваа прилика не можам да не коментирам малку повеќе, затоа што ептен се претерува со заведувањето на јавноста околу вистинските состојби и политичките разлики во македонската дијаспора.


"ПРЕСТИЖНАТА" НАГРАДА ЗА БОБ КАР, МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА АВСТРАЛИЈА


Во интервју за 24 Анализа, од 5ти Јули 2013, Претседателот на ОМД, Мето Колоски, ја оправдува "престижната" награда која ОМД му ја доделила минатиот Петок на Министерот за надворешни работи на Австралија, Боб Кар, како некое признание дека тој наводно е првиот Министер за надворешни работи на Австралија кој има отворено дијалог со Македонската заедница, ја има посетено и има изјавено каква битна улога таа игра во австралиското општество.


Но вистината е дека со македонската заедница во Австралија остваруваше дијалог, ја посетуваше и ја уважуваше како значајна етничка заедница и Гарет Еванс, Министерот за надворешни работи кој во 1994 ја 'призна' Македонија како "FYROM". Со македонската заедница од Австралија дијалог остваруваше и неговиот наследник, Александар Даунер, кој самиот покани на средба претставници на македонската заедница од цела Австралија, во врска со можноста за отворање на амбасада на "FYROM" во Австралија. Со македонската заедница дијалог водеа сите негови наредни наследници, вклучувајќи го актуелниот Министер за надворешни работи, Боб Каr.


Боб Кар минатата година беше почесен гостин на отворена средба со стотици Македонци од повеќе делови на Австралија, во салата на Македонската православна општина од Волонгонг. На таа средба му беше образложена неправедноста на австралискиот став да ја именува Република Македонија како "FYROM", а тој одговори дека владата сериозно ќе го преиспита тој став. За жал, досега не покажал никаков резултат од наводното преиспитување. За неговата почит кон Македонската заедница во Австралија, Боб Кар беше уважен како почесен гостин по Велигденската служба во Македонската православна катедрала Св. Кирил и Методи во Сиднеј уште во 2003 година, по што неговата влада ни додели и донација кон организирањето на концертот во Оперската куќа на Сиднеј по повод 100-годишнината од Илинденското востание. Но тогаш тој беше Премиер на федералната држава Нов Јужен Велз, која никогаш не го оспорувала македонскиот етнички идентитет и нема никакви ингеренции врз надворешните работи на Австралија. Сега Боб Кар е Министер за надворешни работи на австралиската федерација, кој на 11ти Јуни 2013 и се додворуваше на грчката заедница со јавни гаранции дека ставот на Австралија во врска со името на "FYROM" останува непроменет. За тоа ли го наградуваше ОМД минатиот Петок? Па зошто би се замерил Боб Кар со грчката заедница околу уставното име на Македонија, ако знае дека со цврстото држење за името FYROM ќе добива вакви "престижни" награди од македонската? Или колку навистина е престижна наградата од ОМД, ако се дели како локум?


КОГА СТАНА ОМД "ЕКСТРЕМИСТИЧКА" ОРГАНИЗАЦИЈА?


Ви интервјуто за 24 Анализа, Колоски со сериозен образ изјавува дека неговата организација уште од 2004 застапувала прекин на преговорите со Грција. А мене како да ми се чини дека до пред некоја година ОМД ги обвинуваше за екстремизам и непрофесионалност оние македонски организации и активисти во дијаспората кои отсекогаш биле против секакви преговори или тргувања околу името.


Која година беше кога господинот Колоски, за едно телевизиско интервју кое може да се најде овде
, изјави дека приемот во ОН под името ФИРОМ било 'доволен компромис' со Грција, но дека тој би прифатил и "политичка одредница" како Демократска Република Македонија, како замена за FYROM?


Може ли Колоски да ни посочи медумска архива со првиот јавен настап на ОМД во кој бара прекин на преговорите околу името?


Чесно е Колоски јасно да каже дали со новиот декларативен став околу преговорите за името, ОМД станува "екстремистичка" организација, или пак признава дека нашите ставови отсекогаш биле исправни. Ако пак неискрено тврди дека отсекогаш ги застапувал нашите ставови, тогаш мора да се прашаме колку искрено ги застапува денес и дали утре повторно ќе направи салто и ќе ја препишува вчерашната историја, ако тоа му биде опортуно? Всушност, дали наградата на ОМД за Боб Кар, кој вели дека Австралија ќе продолжи да ја именува Македонија како FYROM, се додека не завршат преговорите со Грција, не се коси суштински со декларативниот став на ОМД за прекин на преговорите?


Во овој контекст, мора да го прашаме Колоски дали неговите денешни ставови околу преговорите со Грција ги поддржува и клучниот спонзор на ОМД, Џон Битов, кој во 90-тите направи паралелен Македонски светски конгрес (МСК) во служба на власта на Глигоров и Црвенковски, за да го делегитимизира како "екстремистички" првиот Светски македонски конгрес (СМК), токму заради ставот на СМК против промена на името и знамето? Или дали со денешните излагања на Колоски, околу прекин на преговорите со Грција, се согласува велемајсторот за камелеонски кариеризам, Срѓан Керим, кого Колоски до вчера јавно го идолизираше како најквалитетен политичар во Македонија?


Се сеќавам и како во 2006г., при залуден обид на Здружението на македонските заедници од Австралија да воспостави соработка со новоформираната ОМД, Колоски ме обвинуваше за екстремизам кога во платен оглас во австралиски мејнстрим весници, напишав дека ставот на Грција околу македонскиот идентитет е во служба на оправдување на насилната окупација на дел од Македонија. Од тогаш до сега, Колоски не ја повлекол или корегирал таа негова забелешка. А сега тој организира конференција за дискусии околу Букурешкиот мировен договор. И која ќе биде насоката на таа дискусија? Дали на Букурешкиот договор му истекол рокот? Па ако имал договорен рок, зарем не би се нашол тој рок во самиот текст на Договорот, кој е јавно достапен ( http://www.pollitecon.com/html/treaties/..._1913.html ) и доволно е да се цитира, наместо 42 наводни научници заедно да го бараат или читаат на конференција која чини повеќе од 350,000 Евра? И на какво можно истекување на рокот мисли ОМД? Дека можеби истекува мирот постигнат со Букурешкиот договор? Или дека по истекот на договорот Македонија треба да се врати во Отоманската империја? Зарем со издигнување на такви муабети на ниво на "наука" ќе се избориме за слободата и правата на Македонците под Грција, Бугарија или Албанија? Потребни ли се 42 научници да не научат дека Македонија не е поделена со Букурешкиот договор, туку со претходна воена окупација од соседните држави, прогласена како ослободување од Отоманското ропство, и дека со Букурешкиот договор тие воени окупатори само се согласиле каде да застанат нивните окупаторски чизми, за повеќе да не војуваат меѓу себе?


Кога веќе поставуваме прашања околу новокомпонираниот "екстремизам" на ОМД, да го прашаме Колоски и дали сеуште смета дека Охридскиот рамковниот договор бил голем чекор кон посветла иднина за Македонија, или пак и по тој став ќе се однесува како никогаш да не го застапувал?


НАЈАВЕНОТО ПРИЗНАВАЊЕ ОД АВСТРАЛИЈА


На барањето да ја образложи несериозната најава на извршителите на ОМД во Австралија дека очекувале на минатонеделната нивна гала вечера, Министерот Боб Кар да прогласи признавање на уставното име на Македонија, Колоски одговара дека признавањето може да дојде во секое време. Зарем тоа е изговор за заведувачкиот начин на кој неговите извршители си правеа реклама за гала вечерата? Па зошто тогаш ОМД не објавува секој ден очекување дека Австралија ќе ја признае Македонија под уставното име, на било кое место на планетава, туку тоа го најави конкретно за гала вечерата за која многу тешко се продаваа картите?


МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА УГНЕТЕНИ?


Во врска со плитката, но популарна предрасуда која ја испитува водителот на интревјуто на 24 Анализа, дека на Македонците во дијаспората им е лесно да солат памет за состојбите во Македонија, Мето Колоски објаснува дека и во Австралија Македонците биле угнетени затоа што државата им наметнувала 'славомакедонски' идентитет. Немој Мето, те молиме, така да не браниш, за да не излезе дека и ние сме нечесни кукавици. Австралија никогаш не го оспорувала македонскиот етнички идентитет, чии официјални носители се и стотици македонски етнички организации регистрирани во оваа држава од шеесеттите години наваму, без прекин или пречка.


Вистината е дека во 1994, по признавањето на' FYROM' во согласност со власта на Република Македонија, австралиската влада се обиде да ги амортизира грчките реакции со директива сите државни служби да ги ословуваат "лицата од FYROM или асоцирани со FYROM" како "Славомакедонци", повикувајќи се на официјална литература на Република Македонија во која Македонците се идентификуваат како 'Словени'. Веднаш следеше широка и жестока рекација на советите на македонски заедници и православни општини од цела Австралија, при што објаснивме дека македонската заедница во Австралија не е заедница на Република Македонија, туку етничка заедница на домородни Македонци, чија татковина е поделена меѓу Република Македонија, Грција, Бугарија, Албанија и Србија. Објаснивме и дека не се сметаме ниту за 'Словени', ниту за 'Славомакедонци' по етничка припадност или национално потекло, туку само Македонци, наспроти исполитизираните историски тези кои произлегуваат од асимилаторите на македонскиот народ. Баравме апсолутно почитување на нашето право на слободна самоидентификација, како Австралијанци со македонска етничка припадност.


Горенаведеното го образложивме во низа медиумски настапи во 1994г., на средби со австралискиот Премиер Пол Китинг, Министерот за надворешни работи на Австралија, Гарет Еванс, Министерот за имиграција и мултикултурни работи, Ник Болкус, пратеници на власта и опозицијата, а и преку безпримерно масовни протести во Сиднеј, Мелбурн и Волонгонг. Заради таквата реакција, директивата да бидеме нарекувани "Славомакедонци" никогаш и не почна да се применува, со мали бирократски исклучоци, кои со тек на време беа елиминирани. Но иако референцата 'Славомакедонци' никогаш не влезе во стандардна употреба, односно беше мртвороденче, македонските активисти во Австралија продолжија едногласно, при секоја прилика, да бараат и нејзино официјално повлекување, како симболично признавање на првичната грешка. Тоа конечно се случи во 2012г., со директно известување на владата на Австралија до Австралиско-македонскиот комитет за човекови права, кој тивко, скромно, без многу самопромоција, ја лобираше владата со широка поддршка од други македонски организации во Австралија.


На Мето Колоски му се многу пати укажани и образложени овие факти, но за жал не му одговараат на тезата дека нашата заедница била заспана додека ОМД не се појавила како спасител, иако ОМД воопшто не беше сериозен фактор ниту во спречувањето на примената на директивата "Славомакедонци", ниту во официјалното повлекување на директивата.


ПРИСУСТВОТО НА ОМД ВО АВСТРАЛИЈА


Според Колоски, не може да се рече дека ОМД се "наметнува" во Австралија затоа што двајца од коосновачите на ОМД биле од Австралија. Но Колоски не кажува дека еден од тие двајца коосновачи, Том Вангеловски од Канбера, одамна се откажа од ОМД и стана нејзин најжесток критичар, затоа што американската централа не сакаше да дозволи демократска структура во која австралиските претставници ќе ги избира локално членство, туку сакаше од Америка тука да си назначува сервилни извршители на сервилни политики.


Ќе каже ли Колоски конечно колку полноправни членови има ОМД во Австралија и кога тие гласале на демократски избори за раководство на ОМД? Кога веќе ОМД упорно се промовира како најголема или предводничка организација на македонската дијаспора, зарем не треба да ги изнесе и тие податоци како поткрепа?


Очекувам коментари дека горните критики се неконструктивни затоа што водат кон неединство. Но токму лажното глумење на единство е пречка за постигнување на вистинско единство, исто како што активноста насочена кон нејасни или меѓусебно противречни цели, врз лажни или лабави темели (како срамежливо разлабавеното сонце од логото на ОМД, кое според коосновачот Том Вангеловски било дизајнирано со обзир за чувствата на грчките угнетувачи, кои според Спогодбата "меѓу двете страни" од 1994, имаат екслузивно право врз сонцето од 'Вергина'), е неконструктивна активност.


Игор А. Александров

Претседател на Здружението на македонски заедници од Австралија и Генерален раководител на Македонската православна заедница од Австралија
13-07-2013, 03:05 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:ОМД измислува дека Австралија ќе не признае под уставното име

Интегрален транскрипт од реакцијата на Македонска православна заедница од Австралија:

[Image: sidney-opera-house.jpg]

Ние, долунаведените македонски организации од Австралија, го осудуваме отежнувањето на нашата работа за афирмација и заштита на македонските национални права и интереси, од страна на организацијата наречена Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), а особено нејзиното заведувачко самопромовирање и контрапродуктивно додворување на австралиски политичари.

На 3-ти Јули 2013г. веб страницата на Сител објави изјава на ОМД, со која се создаде очекување дека Министерот за надворешни работи на Австралија, Боб Кар, ќе ја признае Република Македонија под уставното име, на гала вечера на ОМД, закажана за 5ти Јули 2013 во Сиднеј.

На 4-ти јули 2013г., веб порталот Нет Прес, објави интервју со претседателот на ОМД, во кое тој вели: “Нашата организација е можеби единствената која што се бави со тоа што може македонската дијаспора да придонесе кон австралиското општество.”

Овие се две од многуте изјави со кои ОМД заведувачки се прикажува како врвен претставник на Македонците во Австралија. При очајничката самопромоција, ОМД ги оцрнува повеќедецениските напори на втемелените австралиско-македонски организации како нешто што не придонесува кон австралиското општество.

Неоснованото тврдење дека министерот Кар можеби ќе најави австралиско признавање на правилното име на Република Македонија, токму на гала вечерата на ОМД, е карактеристично за неодговорното и заведувачко рекламирање на оваа организација.

Во австралиско-македонската заедница, а веројатно и во македонските дипломатски кругови, е општо познато дека министерот Кар, само пред неколку недели, јавно ја уверуваше Грчката заедница дека нема промена на политиката на Австралија во однос на Македонија. Тешко е да се поверува дека ОМД не била свесна за тоа. Ако навистина не била, тогаш ОМД е неверојатно неспособна и неупатена организација.

Ние би биле пресреќни кога Австралија би го признала правилното име на Република Македонија, било каде тоа да се случи, како што би биле пресреќни кога владата на Република Македонија би се откажала од секакви преговори за менување на името. Но заведувачките најави како онаа на ОМД ги комплицираат напорите кон таа цел.

ОМД е речиси нерелевантна во македонската заедница во Австралија, а прашање е колку е релевантна во други делови на светот. Основана е во 2004г, со база во Вашингтон. Сеуште не е јасно колку членови и како ги избираат нејзините челници. ОМД нема ниту морална, ниту политичка тежина да доделува одликувања на австралиски министри или парламентарци. Посебно прашање е кои се целите на таквите одликувања, имајќи го во предвид одликувањето на Министерот за надворешни работи Боб Кар, само неколку недели откако јавно ја уверуваше Грчката заедница дека Австралија ќе продолжи да ја ословува Република Македонија како БЈРМ.

Постапките на ОМД ги нарушуваат нашите стратешки позиции во односите со австралиските парламентарци и министри, особено околу признавањето на Република Македонија под правилното име.

Портпарол
Др Крис Попов
info@macedonianhr.org.au

Оваа изјава е издадена со согласност меѓу следните организации:

1. Австралиско-македонски комитет за човекови права
2. Македонска заедница од Аделјад и Јужна Австралија
3. Македонска православна заедница од Австралија (со седиште во Сиднеј)
4. Македонска православна оштина за Мелбурн и Викторија
5. Австралиско-македонска православна заедница (со седиште во Сиднам, Мелбурн)
6. Македонска општина од Западна Австралија
7. Македонска православна општина од Волонгонг
8. Македонска православна општина од Нјукастел
9. Македонска православна општина од Квинбијен
10. Македонска православна општина од Канбера
11. Македонска православна општина од Бризбан
12. Македонска православна општина од Голд Кост
13. Македонска православна општина од Џилонг
14. Македонска православна црковна општина Св. Петка од Рокдејл
15. Здружение на македонските заедници од Австралија
13-07-2013, 03:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,762
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Дијаспората во „војна“


[Image: 4B10DE5730A6B54CA4AA4E27EE8B8F01.jpg]
Македонските иселеници во Австралија вчера ја обвинија Обединетата македонска дијаспора за неодговорно однесување со кое им ги загрозува стратегиските интереси

Слободанка Јовановска


Петнаесет организации на македонските иселеници во Австралија вчера и' објавија „војна“ на Обединетата македонска дијаспора, обвинувајќи ја за „заведувачко самопромовирање“ и за неодговорно однесување со кое им ги загрозува стратегиските позиции и интересите.

Писмото е втора јавна реакција на иселениците во Австралија на адреса на ОМД, Мето Колоски, и нивните претставници на овој континент откако се случи скандалозната најава за признавање на уставното име од страна на Канбера, а потоа беше речено - „пу, пу не важи“.

„Ние, Македонците во Австралија, го осудуваме отежнувањето на нашата работа за афирмација и заштита на македонските интереси и национални права од страна на организацијата наречена Обединета македонска дијаспора, а особено нејзиното заведувачко самопромовирање и контрапродуктивно додворување на австралиските политичари“, стои во јавното обраќање.

Претходно, претседателот на заедниците на македонските иселеници, Игор Аврамовски, ја нарече ОМД „американска“ организација и ја запраша јавно кои и' се членовите во Австралија, кој ги избрал и кого претставуваат. Судирот еруптираше откако ОМД организираше гала-вечера во Австралија на која го покани актуелниот шеф на дипломатијата, Боб Кар, со лажна пропагандна најава дека тој таму ќе објави признавање на уставното име на Македонија, што ги насмеа сите што се разбираат барем малку од политичката сцена на овој континент. Притоа, му беше дадена награда зошто бил прв министер што отворил дијалог со македонската заедница, нешто што според Игор Аврамовски е нонсенс, бидејќи таков дијалог имало и со претходните министри.

Она што ги изнервира „Австралијците“ најмногу е што ОМД се промовира како врвен претставник и борец за правата на нашите иселеници таму и што Боб Кар само пред еден месец и' се додворувал на грчката заедница дека нема да го смени ставот кон името БЈРМ, а ОМД веднаш потоа го наградува.

На гала-вечерата на ОМД било прочитано писмо од претседателот Ѓорге Иванов, а тој ќе биде и почесен гостин на глобалната конференција на оваа организација што ќе се одржи за неколку дена во Скопје и на која ќе се расправа за стоте години од Букрешкиот договор.

Одамна постои впечаток дека Колоски и ОМД седнаа во скутот на актуелната власт во Македонија, а реакциите од Австралија се сигнал дека почнува некаква пресметка за превласт таму, на штета на интересите на иселениците. Според реакцијата на македонските организации вчера, ОМД е речиси ирелевантна во Австралија, па со овие активности само им прави штета на нивните интереси. Аврамовски ја нарече ОМД и „екстремистичка“ организација, бидејќи изминатите две-три години настапува со радикални и сосема спротивни ставови од тие што ги имаше пред тоа, наведувајќи дека Мето Колоски прво заговарал компромис за спорот со Грција, а сега прекин на преговорите, запрашувајќи го што искрено застапува, тоа што го говори денес или што го говорел тогаш.

По судирот поради црквите со владиката Петар, за чиј стил на проповедање се уверивме самите овде во Македонија неодамна, ова е најава за уште еден голем судир во иселеничката заедница во Австралија.

UTRINSKI
13-07-2013, 03:35 PM
Reply