Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Партија за Економски Промени 21
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Партија за Економски Промени 21- нов субјект во македонската политика



[Image: biljana-564x272.jpg]

15/06/2013
Денеска се одржа основачкото собрание на новата политичка партија, Партија за Економски Промени 21. За претседател е избрана Билјана Јовановска. Според програмата оваа партија (ПЕП 21) ќе делува конструктивно и одговорно, а ќе дава свое мислење за сите значајни прашања од политичкиот и јавниот живот во интерес на земјава.

„Таа е самостојна, доброволна, демократска, граѓанска партија, отворена за сите оние кои сакаат да пристапат во неа и сакаат да дадат свој придонес преку свои проекти, програми, идеи, ставови и мислења. Економските прашања, односно заложбите и преземањето на активности за позитивни промени во економијата е приоритет во програмската платформа и политика на ,,Партија за Економски Промени 21“, стои во соопштението од ПЕП 21.

Оттаму велат дека ќе се залагаат за фер и пазарно модерна економија, која ќе тежнее кон што поголема вработеност и повисоки плати, а нивните делувања ќе бидат насочени проекти и мерки со кои државата ќе овозможи целосна поддршка на реалниот сектор кој би создал услови привлечни и прифатливи за вработување.

Нејзиниот претседател, Билјана Јовановска беше поранешна директорка на Агенцијата за вработување од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, потоа премина во Обединети за Македонија, па во ВМРО-Народна Партија.

FAKTOR.MK
15-06-2013, 10:56 PM
Reply