Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПАРТИЈА НА ОБЕДИНЕТИ ПЕНЗИОНЕРИ И ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote: Партија на Обединети Пензионери и Граѓани на Македонија

[Image: popgm-logo-2.png]


Партија на пензионери во Македонија?
Во изминатиот временски период во програмите на релевантните политички партии во Македонија многу малку се вградени основните интереси на пензионерите. Најчесто се спомнуваат во изборните платформи, односно кампањите, кога на партиите им требаат гласовите на пензионерите, а по завршената “задача“ остануваат само декларативни ветувања и низок степен на реализација на ветеното.
На просторите на некогашна Југославија (Словенија, Хрватска и Србија) успешно функционираат неколку политички пензионерски партии, кои имаат парламентарен статус и учествуваат во извршната власт.
Во центарот на интерес и внимание на тие партии се пензионерите и нивните егзистенцијални интереси и потреби, каде клучни прашања се висината и редовноста на пензиите, усогласување со примањата на вработените, квалитетот на пензиското осигурување, системот на здравствено осигурување, социјалната заштита, пензионерските домови за сместување, клубовите за дружење и разонода и други прашања. Поконкретно за некои достигнувања и резултати во вториот дел од овој напис.
Состојбата во нашата држава во однос на постоењето на партија на пензионери е поинаква. Ние сме една од ретките држави каде пензионерите не егзистираат како релевантен политички субјект со одредено влијание. Ние ќе бидеме сигурно последни во овој дел, но тоа е потреба и природен тек на случувањата и тешко дека некој ќе го спречи. Незадоволството од статусот на пензионерите секојдневно расте; третманот од страна на постоечките партии и власта не е во согласност со потребите и интересите на пензионерите и секако, да не го заборавиме фактот дека моментално во Македонија има над 290.000 пензионери , бројка со постојана тенденција на зголемување во наредните години. Тоа се луѓе со акумулирано искуство, знаење, мудрост и одговорност; луѓе кои ја граделе оваа држава и вложиле дел од себе во сето она што го имаме и со кое денес се гордееме.
Партиите во Македонија немаат ниту еден пензионер во своите раководни партиски структури; многу ретко пензионер е општински советник, а за пратеници пензионери воопшто и не станува збор. Едноставно, пензионерите се “добри“ само како гласачка машина и не се посакувани во другите сфери. Одговорот на тоа зошто состојбата е таква треба да се бара во преголемата самобендисаност на младите и нивната убеденост дека се знаат и дека се можат, непочитување на искуството и мудроста на возрасните, наметнатата состојба на зависност од одлуките на владеачката партија во врска со реализација на основните интереси на пензионерите, како и непостоење на партија на пензионери која целосно би се залагала за подобар, поздрав и подостоиствен статус на пензионерите и нивно учество во институциите, односно во Собранието на РМ и во извршната власт.
Сегашниот Сојуз на здруженија на пензионери во Македонија во најголем обем ги има одредено интересите и потребите на пензионерите но понатамошната реализација е ограничена на споредни прашања и повеќе декларативно отколку суштински. Влијанието на Сојузот, особено на раководните лица, вклучувајќи го и претседателот на ниво на држава, во решавањето на клучните прашања наведени на почетокот на текстот, е симболично, недоволно и често пати лицемерно, особено кога се во “нераздвојни и соработнички“ односи со владата, како што е тоа случај во моментов.
Не е тешко да се најде одговорот и на ова прашање со едноставна анализа на состојбите и односите кои владеат, како во општеството така и во самото здружение. Имено, партиската и етничката поделеност на населението е основна причина за “анемичното“ работење на здружението. Вазалскиот однос кон владата е една од клучните причини за неисполнување на основните интереси на пензионерите, кои во огромен број се членови на општинските здруженија, атрактивната награда за волонтерското работење во здружението е доволен мотив еден број “пензионерски раководители “љубоморно да си ги чуваат своите позиции, да ги поддржуваат владеачките партии и многу малку да се интересираат за реалните проблеми на пензионерите. Во прилог на ова оди и фактот дека од членарината се собираат значителни парични средства, за кои, за жал, пензионерите не знаат каде и за што се трошат, ниту знаат за некои големи парични средства кои се “наследство од претходниот систем“ , што го вклучува и недвижниот имот со кој порано располагаа пензионерите.
Сега да се навратиме во кратки црти на состојбите и резултатите кои ги постигнале партиите на пензионери во некои од некогашните републики на Југославија а особено српската партија која во моментот е во голем подем како респектабилен политички фактор во Србија.
Во Словенија почетокот е во далечната 1990 година кога се формирала првата пензионерска партија, која неколку пати го менувала името.
Конечно во 1992 година се именува “Демократска Странка на пензионерите на Словенија или кратенката во оригинал “ДеСУС“, кога го стекнала и собранискиот статус. Од тогаш па до денешни денови постојано е во Собранието, а од 1996 година во коалиции кои ги формирале владите на Словенија.
Во 1996 година во Хрватска била формирана партијата “Хрватска партија на пензионери“ со цел да се створи политички субјект кој ќе се бори за заштита на правата на пензионерите, особено кога неколку пати по ред им биле намалени пензиите. По седум години постоење, партијата влегува во Собранието во 2003 година и го има тој статут до 2007 година. Иако не учествувала во формирање на владите имала договор за меѓусебна поддршка со владеачките партии. Во 2009 година и тој договор е раскинат, бидејќи владата донела закон за даноци, кој негативно се одразил и на дел од пензионерите кои имале повисоки пензии.
Од 1990 години во Србија имало неколку обиди за формирање на пензионерски партии и тоа се случувало, но ниедна не стекнала собраниски статус се до појавата на партијата “Партија на обединети пензионери на Србија“(кратенка во оргинал: ПУПС) во 2005 година. Во коалиција со други партии во 2008 станува собраниска партија и тој статус го има и денеска.
Во Србија има повеќе од 1.7 милиони пензионери, а самата партија има преку 280.000 членови, од кои најголем број се пензионери, но има и солиден број млади луѓе. Во интервју еден од видните членови истакнал: “ПУПС нема пријатели и непријатели, туку бараме коректни партнери за реализација на нашите цели. Не сме на ничија страна, имаме 12 пратеници, потпретседател на влада и министри.”
Што е тоа што ги привлекува луѓето во Србија постојано да и се приклучуваат на оваа партија?
- во последните три години пензиите се зголемени за 24 %,
- 75 % од пензионерите добиле еднократна помош во висина од 16 % од просечната пензија во Србија,
- Закон за пензии со кој за ПРВ пат се гарантира раст на пензиите паралелен со растот на платите,
- просечната пензија не смее да биде помала од 60 % од просечната заработувачка во Србија,
- воведена е членска карта “65 плус“ која им овозможува на пензионерите одредени подобрувања и можности (бесплатен превоз, бесплатно користење на услугите на библиотеките, бесплатни спортско-рекреативни активности, збогатени содржини во пензионерските клубови (конзумирање на безалкохолни пијалоци и храна по минимални цени), организирање на бесплатни курсеви за компјутери,
- за 65.000 пензионери во Белград, кои имаат пензија во износ помал од 15.000 динари, е обезбедена помош во висина од 16.000 динари во период од четири години,
- ПУПС подготви иницијатива за донесување на Закон за социјално претприемништво




Според информациите кои ги имам вистински иницијатори и луѓе кои ке јаводат партијата се Иван Бабановски и Драги Аргоровски.
26-05-2013, 12:52 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Конститутивно собрание на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија

09.04.2013

Откако македонските пензионери се раскараа и се разединија во повеќе здруженија, дел од нив ќе се обидат социјалните права да ги унапредат преку политичка партија.

Денеска беше одржано конститутивното собрание на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија, а за нејзин претседател беше избран пензионираниот генерал Илија Николовски.

Според Николовски, партијата немало да биде со власта како Сојузот на пензионерите, туку како што вели, по наредните парламентарни ќе била дел од власта.

Николовски вели дека членовите на партијата не ги поврзува иделогија, туку интереси. Нивна цел ќе била унапредување на социјалните права на пензионерите, невработените, стечајците и невработените млади кои ја напуштале државата
29-05-2013, 02:27 AM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#3

A Ilija Nikolovski e?
Ima li informacii za negoviot lik I delo?
Ne mi zvuci poznato....
01-06-2013, 01:53 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,810
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

(01-06-2013, 01:53 AM)Larsson Wrote: A Ilija Nikolovski e?
Ima li informacii za negoviot lik I delo?
Ne mi zvuci poznato....




Неможе пензионираниот генерал Илија Николовски да е без "педигре". Во текстов подолу можеби ке го најдеш одговорот зошто за него нема информации дотуркал до генерал...


Quote:За Роберт Фрост и Службата

Цветин Чилиманов

The woods are lovely, dark and deep.
But I have promises to keep,
And miles to go before I sleep,
And miles to go before I sleep.
Robert Frost, Stopping by Woods on a Snowy Evening

Ги има барем 25.000. Можеби дури и 40.000. Во секој случај ги има колку еден просечен македонски град, а по број на вработените, дневниот промет и влијанието се една од поголемите индустрии во државава. Секако, зборуваме за кодошите, шпионите, агентите на Службата. Преку ден работат како професори, новинари, пејачки, доктори, академици, фризерки, писатели, цариници, адвокати, службеници, обвинители, судии, боеми, бармени, чистачки... Живеат нормални животи, додека не падне команда. Тогаш, како во филмот во кој Чарлс Бронсон брка хипнотизирани руски агенти распоредени низ САД, некој им се јавува на телефон. Притоа можеби првин им ги чита гореспомнатите стихови на Роберт Фрост, а можеби не губат време на поетски глупости, туку веднаш преоѓаат на работа. Во секој случај, нашиве хипнотизирани кодоши се будат како од сон. Разговорот завршува, а на крајот хипнотизираниот кодош се потсетува дека, што и да направил, неговата работа продолжува, дека останува на линија. Ремембер Трпе, ѕоу хаве милес то го бефоре ѕоу слееп... И, по спуштањето на слушалката, разни нешта се случуваат.
Не мора да се случи ништо драматично; можеби само некој јавно ќе се скара со некого, некој ќе се вработи, а друг ќе остане без работа, некоја книга ќе добие лоша или добра критика, ќе се објави или заборави некој текст или телевизиски прилог, некој на некого јавно ќе му се извини, некој камион ќе помине граница, а друг нема, некоја тендерска документација ќе биде подотворена да се види понудата, а друга загубена, ќе избие пожар или ќе се појават глувци баш во магацинот каде што се чуваат некои документи. Обични, секојдневни работи. Од друга страна, понекогаш по овие повици се демолираат кафеани, луѓе се препнуваат и незгодно паѓаат по два-трипати на глава, се организираат митинзи, штрајкови, се фрлаат камења и јајца, а, во екстремни случаи, богами и се пука. Може да се организира и политичка ликвидација или испраќање мафијашка порака преку медиумите. Така, може да се случи одбраната жртва некое утро (обично во вторник) да се разбуди и во креветот да најде предупредување во вид на пресечена глава на скапо платен полициски коњ, набавен без тендер.
Самото хипнотизирање се врши по двоен принцип, Службата ги привлекува слабите, а ги напаѓа силните и неподобните. Се вртеле и се вртат следниве муабети: Сакаш да не служиш војска? Да станеш асистент на факултет или ќе се враќаш на село? Сигурно не сакаш жена ти да ги види оние фотографии што ги имаме? Знаеш дека можеш да лежиш затвор за онаа работа?
01-06-2013, 11:33 AM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#5

Ili mozebi sakas kako.C .Ch da bides dopisnik od eu...
02-06-2013, 01:35 AM
Reply