Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПАК ЛАТАС !!!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,609
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Позери


Љубе Бошкоски доби достоен наследник. Името му е Андреј Жерновски. Овој реткозабиов го надмина Љубе.


[Image: Latas.JPG]
Македонија е расадник на плиткоумни будали во политиката. Бавча.

Два дена откако беше избран за градоначалник на Центар најави дека ќе урива се што не е по негов вкус. За почеток ќе ги уривал спомениците и другите обележја од проектот Скопје 2104. Така му кажал Мирослав Грчев. Комесар од идеолошката комисија, Совет за култура на СДСМ.

Скопје 2014 не било по нивни вкус. Доволна причина за уривање.

Жерновски не гледа причина за правна постапка. Да истражи, да анализира, да утврди и да издаде решенија за уривања. Што е закон контра личен вкус? На него му требаа само 48 часа власт да најави уништување на 200 милиони евра инвестиции во јавни и културни објекти, плоштади, споменици и улици.

Два дена потоа лично, комесарски, застана пред градилиштето за зградата на Елем карши Бристол, и нареди запирање на законска постапка за градење јавен објект. Граѓаните го барале тоа од него.

Пази формулација: граѓаните тоа го барале од него.
Знам многу граѓани што од Груевски би побарале апсење на Жерновски, затоа што ја злоупотребува својата јавна функција, и надвор од закон и постапка најавува значителни штети врз јавниот имот, но ни случајно не би се согласил со тоа само затоа што, ете, граѓаните тоа го барале од него.

Не помина ни месец дена, а нов бисер од реткозабиот.
Ќе спровел референдум за дислокација на спомениците од центарот на Скопје. Ладно, од ракав он ќе го сторел тоа ако граѓаните побарале.

Ова го кажува лик, изваден од шпилот карти на Црвенковски, кој беше и е против сите референдуми во државава. Против референдумот контра територијалната поделба на Црвенковски, по што се албанизираа Кичево, Струга, Куманово и Скопје. Против референдумот за името како предуслов за влез во НАТО и Европската унија... тоа се непотребни референдуми за нив.

Ама, затоа, референдум за спомениците мора да има.
По ова, веројатно во Париз ќе има референдум за дислокација на Ајфеловата кула. Таа, и онака, е привремен објект поставен во чест на светската изложба по повод француската револуција. Десетици илјади парижани, со години, собирале поддршка за нејзино уривање и демонтажа, бидејќи била сметана за метална грдотија контра префинетата париска архитектура.
По нашиот прогресивен ум, следи референдум во Берлин за дислокација на Бранденбуршката капија.

Капијата, прво, е градена во старогрчки стил, и не го отсликува германскиот дух и културни дострели. Градена кон крајот на 18 век таа не е современа, туку ретроградна и историски надмината по својот стил, што би рекол комесарот на СДСМ, спомнатиот Мирослав Грчев.
Најпосле, сега се точно 80 години откако во 1933 Адолф Хитлер ја зема власта во Германија. Гебелс собрал 20.000 јуришници кои на сила побарале, и добиле, именување на Хитлер за канцелар. Местото на дејствие било под Бранденбуршката капија. Место на кое Хитлеровата војска триумфално поминувала под капијата по секое големо освојување.
Доволна причина за брза дислокација на Бранденбуршката капија.
Следат нови референдуми и дислокации во Лондон, Мадрид, Рим...
Арно ама, они такви будали како Грчев и Жерновски, немаат.

Ма, уште кога ќе го видиш и чуеш Жерновски, одма ти е јасно дека човекот е обичен позер. Вештачка, фацијалис модел насмевка. Пола саат се мести за да го фатат камерите со поза на високо дигната брада, ги поддотерува наочарите и се поти жива вода за да изговори простопроширена реченица со паметен крај.

Станува рано, му треба време за детално лоцирање и фиксирање на ретката коса, и вежбањето насмевка која ќе го сокрие стравот од забар.

Се пали на камери, бетер од Љубе. Ја има истата реторика на полтрон кој се заканува на оние кои ги смета за потчинети. А и паметот не му е подалеку.
Кога некој е финансиски извршител на Ристо Пенов и Љубчо Георгиевски, а партиски одработувач на Црвенковски, судбината му е сосема извесна.
Како судбински акт го гледам и неговото подметнување, бацување рака и длабок поклон кон еврокомесарот Орав. Шефот на мисијата на Европската унија при Поранешната Југословенска Република Македонија, Аиво Орав.

Аиво Орав, европски дипломат во ФИРОМ, кој се прослави со онаа изјава дека Македонија има влада од етнички Албанци и Славомакедонски коалициони партнери. По тој редослед, и според таа формулација, од него лично јавно кажано во ноември 2012 година.

Орав јавно се среќаваше, и го поддржуваше позерот Жерновски, Славомакедонскиот кандидат од СДСМ/ЛДП за градоначалник на Центар помеѓу двата изборни круга. Тоа е дипломатски скандал, но Орав и не е некој дипломат за да го разбере тоа. Или, можеби го разбрал, ама така му чини.

Малку им беше тоа. Мината недела јавноста беше известена за нова средба помеѓу Орав и Жерновски. Темата и заклучоците останаа тајна.

Бидејќи основна дејност на Жерновски е крпење улици, шахти за фекална и атмосферска канализација, менување сијалици и бекатон-плочки... мора да имале многу заеднички теми со Орав, кој, како европски дипломат, се разбира во овие теми и има што да го советува градоначалникот на Центар.

Ако темите биле политички, мислам онака високо политички, јасно ми е зошто Жерновски сака тргање на спомениците. Тие не се одраз на Славомакедонската култура и историја, на која инсистира Орав. А, согласно виденото, во тоа го следи и Жерновски.

Кога преферира висока политика, би сакал Орав дојден од Естонија, да ми објасни како тоа во Естонија 27 посто Руси немаат никакви етнички права, а особено не во споредба со Албанците во Македонија. А, Естонецот постојано не потсетува дека овде има само еден дефиниран етникум, тоа се Албанците, и еден хибриден збир на луѓе кој тој ги именува Славомакедонци.
Да ми објасни по која европска политика врши дискриминација на новинари кои не се членови на нему омиленото Бранково ЗНМ, а другите кои се мнозинство контра нив не заслужиле внимание, поддршка и респект.

Но, зошто да чекам на Естонецот Орав.
Ќе поработам овие прашања, за дискриминација на Македонската асоцијација на новинари, како и за дипломатско плеткање во локални избори и планови на локалната власт во Центар да се поставуваат, упорно и постојано, на прес-конференциите во Брисел, па да се чуе и разбере за темата на лице место. Пред куп странски новинари, и куп оригинални европски дипломати.
Орав, очигледно е дипломат за локална самоуправа.

Автор: Драган П. ЛАТАС за Вечер
14-05-2013, 12:27 AM
Reply