Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 7 Vote(s) - 2.71 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПАНДЕ КОЛЕМИШЕВСКИ "ВОСКРЕСНА"
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Малку пред Велигден, Панде Колемишевски "ВОСКРЕСНА". Дали ИНСТАЛАЦИИТЕ веќе немаат кого.??? Им пропадна неделникот "СЕГА". Геро ИЗГОРЕ.... !!!!! Сега вo дневен весник "БИЗНИС". Панде Колемишевски ке објавува ФЕЉТОН, ни помалку ни повеќе туку: "20 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ВМРО ДПМНЕ".



[Image: 27046_1391813162527_1448079960_31085606_5387203_n.jpg]
(This post was last modified: 21-03-2010, 04:00 AM by Администратор.)
20-03-2010, 10:12 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Ало, Панде и Бичиклиски, ве чекам!

Во изјава за „Време“ јавно го повикав Панде Колемишевски од весникот „Бизнис“, а во изјава за А1 и Александар Бичиклиски од ВМРО-ДПМНЕ, да ми се јават, за да им овозможам увид во уплатите на моите трансакциски сметки. Ако сметаат дека е неопходно, ќе им овозможам увид и во трансакциските сметки на членовите на моето семејство. Нивна морална и законска обврска е да ги откријат тие 60.000 евра што тврдат дека сум ги добил од Соросовата фондација за активностите на ГЕМ и за тоа да ја известат јавноста. Откако ќе извршат увид, Бичиклиски и Колемишевски слободно јавно нека соопштат колку пари ми се уплатени од оваа фондација или од која било друга невладина организација, за кои било активности, во кое било време.
Уште еднаш јавно ги повикувам весникот „Бизнис“ и Бичиклиски да не ми се кријат и да ја искористат мојата добра волја, бидејќи нивните клевети сепак ќе мора да ги докажуваат на суд. Секој ден што поминува штетата што ми ја нанесуваат на угледот расте. А и вицепремиерот Зоран Ставревски ќе мора на суд да докаже како тоа јас, преку ГЕМ или на кој било друг начин, сум учествувал во некаков заговор за насилно уривање на легитимно избрани демократски институции, како што изјави пред неколку дена.
Веќе нема заебавање, драги мои. Тоа дали некој кретен мисли дека моите активности во ГЕМ и воопшто биле заради промена на името на државата или за поддршка на Црвенковски, тоа баш ме заболе, право да ви кажам. Јас сум новинар кој пишува буквално секој ден и се соочува со судот на јавноста. Но, Бичиклиски, Колемишевски и Ставревски ме обвинуваат за тежок криминал и за корупција, а тоа се обвинувања што мора да ги докажат. Ако не успеат, а знаат дека нема да успеат, тогаш судот ќе мора да ги осуди според законот.

[Image: spic_06.11.2010_strana13_10320.jpg]
08-12-2010, 05:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,630
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Новинарските герилци не излегле од употреба

Oдговор на Панде Колемишевски на Бранко Героски на текстови објавени во Шпиц –ноември 2010

Минатиот четврток, на 25 ноември наутро, на главниот уредник на весникот ШПИЦ Бранко Героски му испратив текст-полемика, во врска со пишувањето на тој весник за БИЗНИС и за мене. Героски ми одговори дека текстот е долг и дека треба да направам пократка верзија. Тоа сигурно ќе го сторам. Интересно е тоа што истиот ден се случија настаните околу А-1 телевизија и што и во нив Героски беше еден од главните новинарски актери. Имам разбирање за неговата уплашеност и неговата загриженост.

Иако тој не припаѓа на телевизиската редакција, припаѓа на империјата на Велија Рамкоски чиј весник е ШПИЦ, а цели 15 години е насекаде присутен кај што има матнеж и кај што вртат многу пари.Но , тоа е друга тема.Подолу следи моето писмо до весникот ШПИЦ, така како што е испратено, со ситни печатни и лекторки исправки .

Во броевите на Шпиц од 6 и 8 ноември во три наслови на различни страници е наведено моето име Панде, а во текстовите и презимето - Колемишевски.Првиот е ‘‘Како ја победивме империјата на Панде‘‘, текст на Бранко Героски, вториот во информацијата од конференцијата за печат на Владимир Милчин, извршен директор на Фондацијата Отворено Oпштество Македонија (попознато како СОРОС) под наслов ‘‘Панде се продаде за 20 тони хартија‘‘ и третпат во колумната на истиот Героски насловена со ‘‘Ало Панде и Бичиклиски, ве чекам!‘

Поводот за сите текстови, претпоставувам , беше објавениот текст во весникот ‘‘Бизнис‘‘ (кој како мнозински сопственик го раководам)под наслов ‘‘Сорос дава 500 илјади евра годишно за новинари‘‘ во кој беа изнесени износи на суми кои Фондацијата ги дава на редакции и новинари,како и за активности во здруженија со кои раководат или во кои учествуваат новинари-поединци. Причината за нервозната реакција на главниот уредник на ШПИЦ не ја гледам поинаку освен како обид за ишкање на мувата од капата, бидејќи во текстот во ‘‘Бизнис‘‘, се споменува неговото учество во ГЕМ (Граѓани за Европска Македонија) и паричниот фонд од 310 илјади евра, кој му е на располагање нему и на ге-мовци.

Наместо да го демантира текстот во ‘‘Бизнис‘‘ ,Героски вниманието го свртува кон поранешна НИП ‘‘Нова Македонија‘‘,кон моето работење во неа на местото генерален директор од една страна и кон личните фалби за основањето на весникот ‘‘Дневник‘‘ и во објаснување на неговиот успех во уривањето на НИП ‘‘Нова Македонија‘‘, од друга.
Токму затоа мојата реакција во најголем дел ќе биде посветена на тој дел , односно на текстот ‘‘Како ја победивме империјата на Панде‘‘, каде Героски се фали дека преку формирањето на весникот ‘‘Дневник‘‘ ја урнал НИП ‘‘Нова Македонија‘‘,прашање за кое ние во неколку наврати сме спореле во овие 14 години.Денеска можам со огромна сатисфакција да соопштам дека конечно вистината излегува на виделина. Се потврди дека се што сум кажал во врска со тоа сум бил во право, а дека Героски долго и упорно ја лажел македонската јавност.

Како и сите други и последната приказна што ја раскажува Геровски во врска со тие настани е полна со финти и измами, се со цел и понатаму да се крие вистината за изведената,како што тврди Героски ‘‘револуција во македонското новинарство‘‘ по излегувањето на Дневник.Историјата на ‘‘Дневник‘‘ има неколку фази на развој, кои тој ги премолчува,прескокнува или ги извртува.Стопати сум кажал и пак ќе кажам дека весникот е формиран (прва фаза) во кабинетот на тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски и со пари од тајните полициски фондови.Героски, не беше избран случајно. Покрај личното новосодадено пријателство со Фрчкоски, тој веќе беше проверен кадар на службите и официјален член на Редакцијата на полициското списание ‘‘Безбедност‘‘ од каде примаше и хонорари.

Така‘‘Дневник‘‘,под полициски патронат, излегуваше година, година и половина. Се продаваше за 20 денари по примерок, со катастрофален тираж и беше пред затворање.Тогаш се направи големата операција (втора фаза) со помош на Фондот на СОРОС , кој купи машина за печатење сместена во ‘‘Европа 92‘‘ во Кочани.Истовремено, како дел на операцијата ,СОРОС заедно со други странски фондации и комитети за демократија,го плаќаа печатењето, ја плаќаа хартијата, ги покриваа трошоците за дистрибуција, ја опремија технички редакцијата,ја плаќаа киријата, ги плаќаа странските маркетинг-советници,дури и монтерите на машината.

Нешто подоцна кон ова се приклучи и финансико-инвестициската групација ‘‘СЕАФ Македонија ‘‘ која обезбеди 600-700 илјади долари неповратен кредит.Сето тоа овозможи ‘‘Дневник‘‘ да се продава по цена од пет денари, прекршувајќи ги сите закони за нелојална конкуренција.Цената на весниците ‘‘Нова Македонија‘‘ и ‘‘Вечер‘‘ беше 30 денари, цена која и денес би била профитабилна за еден примерок од дневните весниците што се на пазарот.
Ако јас лажам административно-финансискиот побратим на Героски, извршниот директор на Фондацијата Отворено Општество Македонија (ФИООМ) Владимир Милчин не лаже.

После долги години и тој деновиве (види чудо) во писмо испратено до мене признава (а не признаваше деценија и пол) дека Фондацијата Сорос навистина ја купило машината, дала грант и обезбедила бескаматен кредит за да може ‘‘Дневник ‘‘ да го разбие монополот на НИП ‘‘Нова Македонија‘‘.По моја слободна проценка, за сите тие намени на формираната фирма и на други фирми -учеснички и беа неповратно дадени околу 3 – 4 милиони марки. Колку имало фиктивни фактури, колку пари и на кој начин биле испрани, тоа не можам да го пресметам. Од друга страна не сакам, барем засега , да мешам и други лица, (некои и членови на сегашната влада )вклучени во оваа нелојална, илегална и субверзивна операција за уривање на конкурентски економски субјект, што секаде во светот се смета за кривично дело.

Да завршам со овој дел. Весникот ‘‘Дневник‘‘ стана легален и легитимен субјект во македонското новинарство дури откако го презеде германската групација ВАЦ.(трета фаза). Се дотогаш тоа беше дело на новосоздадената полициско-новинарска мафија и на странски фондации (и служби секако) заинтерсирани за спроведување на нивни цели во Македонија. Без да ги набројувам целите ќе ги споменам само околностите кога (и зошто) е фаворизиран весникот. Тоа се случи кратко по атентатот на претседателот Киро Глигоров, распадот на коалицијата за Македонија (разидувањето Стојан Андов – Бранко Црвенковски), поделбата на ПДП (Партија за демократски просперитет) и формирањето на ДПА (Демократска партија на Албанците) подемот на ВМРО-ДПМНЕ и силната офанзива за уривање на власта на СДСМ, односно на владата на Бранко Црвенковски.

Што се однесува до НИП ‘‘Нова Македонија‘‘ немам намера да се занимавам со небулозите што ги пишува Героски. Ниту сакам да навлегувам во психолошки анализи зошто и по толку години ја покажува завидливоста кон некои работи што јас сум ги правел уште тогаш, а тој не може ни сега и покрај сета слава и пари што ги има.Сакам накратко, да изнесам само неколку факти кои Героски или не ги знае или свесно ги крие. Имено НИП ‘‘Нова Македонија‘‘ отиде во стечај во 2003 година, пет години откако дадов оставка на функцијата генерален директор.

После мене со куќата раководеа исто толку (5 ) генерални директори. Значи, компанијата сум ја оставил со финансиско-материјален капацитет и кондиција да издржи уште пет години, кога сигурно можела и да се спаси од стечај или да се продаде, а не да оди во ликвидација.Што се однесува до тиражите на весниците ,на денот на моето заминување (декември 1998) ‘‘Нова Македонија ‘‘ со цена од 15 денари имаше дневен просечен , продаден тираж од 18 до 20 илјади примероци, а весникот ‘‘Вечер‘‘ со десет денари, меѓу 48 и 53 илјади продадени примероци дневно. Тоа се факти, не се измислени бројки.

НИП ‘‘Нова Македонија‘‘ не беше империја на Панде.Таа беше империја на македонизмот од нејзиното основање од АСНОМ до последниот мој ден.Со сите маани,нејзините изданија со децении беа македонска гордост. Весникот ‘‘Нова Македонија‘‘ беше единствениот печатен медиум кој од првиот број бил користен и вкоричуван во комплети во Конгресната библиотека во Соединетите американски држави.Героски не знае, но јас знам : бев навистина восхитен кога долгогодишната директорка на Библиотеката, при нејзината посета во Скопје ,(пред да замине во пензија,) оддавајќи ми низа професионални комплименти, ми соопшти дека американските власти обилно ги користеле статиите од ‘‘Нова Македонија‘‘ како најрелевантни ориентири за американската политика на Балканот, за настаните при распадот на Југославија како и за политичката состојба во самата Република Македонија.

Тие што ја имаа задачата да ја урнат НИП ‘‘Нова Македонија‘‘, криејќи се зад мотивите дека ме уриваат мене, (а многу сакаа да ме нема зашто никој не можеше да ме купи), се уште ги уживаат благодетите на своите налогодавци.Искрено – тие беа платени да ја уриваат, јас бев платен да ја чувам.И уште поискрено, во мое време ја сочував, со сите маки и перипетии,без разлика како некому тоа денес му звучи.Јас лично,во ‘‘Нова Македонија‘‘ како новинар,како уредник, главен уредник на весникот и како генерален директор, заедно со многумина од сите нејзини делови и погони, чесно ги одработив точно 32 години. Во неа останав до денот кога стечајната управничка поставена од владата на Бранко Црвенковски ми даде отказ (јули 2003 ) како вишок на кадар и кога,по судскиот епилог кој беше решен во моја корист, како стечаец,заедно со останатите од куќата, се пријавив во Агенцијата за вработување.

Како и да е ,се уште сум горд што рамно десет години бев на чело на таа исклучително значајна национална институција, не само во историјата на новинарството, туку во историјата на државата.Јас бев генерален директор во клучниот период на осамостојувањето на Македонија како суверена држава. Горд сум што во уредувачката политика на весниците го додржав заветот на нејзините основачи од АСНОМ 1944 година,произлезени од народнослободителната антифашистика борба на македонскиот народ. До денес чист ми е образот , кренато ми е челото, што не ја посрамотив ниту куќата, ниту себеси или семејството со било каква афера , иако не ме штедеа со фабрикување на измислици. Напротив. Сега,по толку поминати години, со благ насмев под мустак можам да заклучам дека додека јас сум се нашол во легендите, никогаш не излегле од употреба некои од пачаврите. Домашни или странски, сеедно.

НИП ‘‘Нова Македонија‘‘ не постои таква каква што беше.За голема жал и Република Македонија одамна не е таква каква што беше, или онаква за каква што се залагаа да биде изданија на НИП ‘‘Нова Македонија‘‘ во мое време. Период кога наводната ЦЕ-КА што ја споменува Героски, се тресеше од страв што ќе објават ‘‘Нова Македонија ‘‘ и ‘‘Вечер‘‘, а не весниците и новинарите да се плашат што ќе каже новата ЦЕ-КА. Велам новата, зашто старата за која работеше Героски и од која повеќе години примаше плата како новинар на весникот ‘‘Комунист‘‘ веќе беше мртва и не можеше да дава пари. А зградата за која геровци и другите новинарско-полициски и соросови герилци ,на претседателот Глигоров му ветиле дека ќе ја урнат се уште стои.Не ја однесе Панде дома. А и весникот ‘‘Нова Македонија‘‘ , повторно оживеа, и види чудо , пак е во битка со силите што сторија се него да го нема.

Немам ниту волја ниту желба да се осврнувам на другите наслови објавени во весникот, како на пример на оној кој гласи ‘‘Панде се продаде за 20 тони хартија‘‘. Убеден сум дека секој и малку паметен новинар или читател може насловот да го постави и обратно. На пример да гласи: ‘‘Панде не се продаде за 20 тони хартија‘‘, а тие уште помудрите и поербапите би ставиле наслов кој би гласел :‘‘Кој глупак не го купи Пандета за 20 тони хартија‘‘.

Кога сме веќе кај насловите и кога дискутираме за весниците, во сите нив, вклучувајќи го и ШПИЦ , читам дузина текстови во кои се тврди дека новинарството во државата е во досега невиден хаос. Го слушам истото и на сите телевизии. На моиве години сум спокоен што не сум учествувал во создавањето на хаосот ниту пак во неговото подгревање. Тој тип на фабрикувано новинарство,таа драстична поделба на наши и ваши, ( а речиси никогаш на истите), таа нова уплав -психологија во редакциите и труење на односите меѓу колегите, ги создадоа Героски и сите вртивери и вртикапи како него, кои заради поткупувања од разни страни и за нечии интереси ги погазија сите морални принципи на професијата. Работите ќе се одвиват во таа насока се додека и во новинарството и во политиката масовно се применува народната поговорка која во новата извртена верзија гласи –‘‘ Нов бунар копај и колку што можеш посилно во стариот плукај‘‘. Дали е тоа , генерално гледано, одлика на променетиот и новопечен македонски национален идентитет, не можам да просудам.

П.с.Кога станува збор за односот на Бранко Героски кон весникот ‘‘Дневник‘‘ за кој тој самиот упорно тврди дека е главниот основач и финансиер, топло му препорачувам да го прочита од Светото Писмо делот за судот на мудриот цар Соломон во спорот на две жени за едно дете.Ако нема толку време за читање,поради зафатеност од трибините на ГЕМ, накратко да му ја раскажам:Две жени жестоко се расправале чие е едно дете и која е таа мајка што треба да го земе при себе. И едната викала мое е и другата истото – мое е.

Царот Соломон,кој требало да донесе суд чие е навистина, ги слушал, што ги слушал, и рекол : Штом е таква работата ајде детето да го пресечеме на половина и да го поделиме подеднакво на двете.Едната жена веднаш се согласила, а другата спискала и повикала – Не, не , никако да не го сечеме, дајте и го на другата, мене ми е најважно детето да биде цело и живо! Мудриот цар Соломон пресудил и детето и го дал на вистинската мајка, на онаа што не давала да се пресече.Приказнава му ја раскажувам зашто не верувам дека ако некој се чувствува за родител тешко дека било кога ќе се реши да му ги копа очите на сопственото дете, како што во случајов Героски тоа му го прави на ‘‘Дневник ‘‘ од позиција на главен уредник на ШПИЦ.

Панде Колемишевски,поранешен генерален директор на НИП ‘‘Нова Македонија‘‘
08-12-2010, 05:03 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#4

Spored ona procitanoto, moze da sed vidi deka se raboti za dve lica koi po se izgleda se gledaat preku nisanot na nivnite puski,koi se na gotovs.Samo ke vidime koj ke ja prezivee.
Ovaa presmetka e ednakva na onaa prestavena vo filmot "Dobriot,Losiot i Grdiot",kade site tragaci po zlatoto,koe e zakopano nekade,zastanuvaat vo triagolnik,i Dobriot go ubiva Losiot.Imeno site tri protagonisti vo filmot nemaat moral,edinstveniot moral im e Zlatoto,a zivotot go ziveat po slednava maksima "Sekoj zasebe",i ne biraat nacin kako da stignat do toa zlato.
Takvi se i nasite protagonisti Pande i Geroski.Imeno edniot si gi pokazuva perduvite nebare e "Gospod Bog" a vtoriot e "Idealist" koj se predal na vistinata i profesijata.
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
08-12-2010, 06:32 PM
Reply
Nikola Offline
Senior Member
****

Posts: 512
Joined: Dec 2010
Reputation: 12
#5

Сакав да поставам еден клип од интервју на Миленко со Колемишевски од пред 5 месеци ама не може да се гледа тука.
(This post was last modified: 26-03-2011, 12:25 PM by Nikola.)
26-03-2011, 12:23 PM
Reply