Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПРЕВОСПИТУВАНИОТ ДАРКО ЈА НАДМИНА ПРЕВОСПИТУВАЧКАТА МИРКА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:ИЗВЕШТАЈ НА СТЕЈТ ДЕПАТРМЕНТОТ

Да е Јосип Броз Тито жив, ќе останеше без леб


[Image: AFCA7C1AEE69CC4198FBD13B769D547A.jpg]

Во која било нормална редакција во Република Македонија ваков извештај не би можел да помине ни како текст, бидејќи би се сметал за обична пропаганда, дозволена на партиите за време на изборите, но не и за сериозен збир на редови. Во „Викенд на мртовци“ велат: „Ова го нема ни во Белград“, ние би рекле дека ова го немаше ни во српските државни весници во времето на Слободан Милошевиќ

Дарко Јаневски

Американците и нивниот Стејт департмент нè удрија од земја. Прекуокеанскиот извештај за човековите права во Република Македонија е толку лош што некако помислувате дека тоа е писание за друга земја, а не за таа во која живеете. Оти, за земјата во која живеете, по малку и знаете. И знаете дека не е сјајно, ама не и дека е катастрофално. Особено не кога во таа земја има голем број луѓе што сè уште жалат за времињата кога за кажан збор против Маршалот, сеедно што тој веќе беше умрен, лесно се завршуваше во Идризово.

Но, ете, нека биде дека нивните очи се пошироки, поголеми и дека со тие очи повеќе се гледа. Па Американците го виделе тоа што многумина овде не успеале. На пример, дека „одреден број претставници“ на судовите ја обвиниле Владата за користење на надлежноста врз буџетот за да го контролира судството. Интересно. Владата која овозможи да им се зголемат платите на судиите, која со низа измени на судските закони и Законот за судскиот совет десетпати ги прекрши работите за да се зголеми независноста на судството и во чие време таксите за тужба станаа толку големи што обичниот граѓанин неколку пати се премислува пред да тужи (а сето тоа, меѓу другото и со цел да се зголеми судскиот буџет), одеднаш се најде на тапет дека со парите вршела влијание врз судството.

Докази за тоа? Нема. Освен дека „одреден број претставници на судовите ја обвиниле Владата“. И нешто тука не е јасно. А што ако одреден број претставници ја обвиниле Владата? Па секогаш може да се најдат и одреден број претставници на судовите што ќе ја пофалат Владата за „напорите“ што ги вложува за финансиска независност на судската власт. Дали тоа мора да биде точно? Не. Kако што впрочем не мора да биде точно и првото тврдење кое, зошто да не, може да биде политички мотивирано од оние структури (или нивните наследници) кои во 1996 година еднопартискиот во практика, а повеќепартискиот на хартија парламент на РМ ги избра како носители на новата судска власт во независна РМ. Што во крајна линија и не е толку битно колку што е битно дека вакви еднонасочни конструкции кои откриваат страшна тенденциозност не би поминале ни во партијата на Амди Бајрам, не, пак, во некоја сериозна институција. Ама ете, кај Стејт департментот поминале.

Што се за САД различни погледи

Опозицијата обвинила дека последно избраните тројца уставни судии дошле на функцијата благодарение на фамилијарните врски или лојалноста кон ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за Елена Гошева, Никола Ивановски и Хани Мурати. Докази за тоа? Нема. Дали патем не била почитувана уставната процедура која според оцените на Уставот од светски експерти по уставно право гарантира нивна независност? И кога веќе сме тука, и прашањето: А што ако опозицијата обвинила? Дали тоа по дефиниција мора да е точно? Истата опозиција тврдеше дека за градбите во Скопје се потрошени една милијарда евра. Во крајна линија, ако опозицијата тврдела нешто, па тоа нашло свое место во извештајот, нормалната логика, разумноста и професионалноста налагаат да се праша и тој што е обвинет. Тоа го знае и секој студент кој сака да се занимава со оваа професија, па белки тоа е правило што би требало да важи и за најмоќната држава на светот и за нејзините т.н. извештаи за човекови права. Во спротивно, тоа не е извештај за истите тие човекови права, туку извештај од некое биро за непроверени поплаки и жалби. Патем, во која било нормална редакција во Република Македонија ваков извештај не би можел да помине ни како текст, бидејќи би се сметал за обична пропаганда, дозволена на партиите за време на изборите, но не и за сериозен збир на редови. Во „Викенд на мртовци“ велат:„Ова го нема ни во Белград“, ние би рекле дека ова го немаше ни во српските државни весници во времето на Слободан Милошевиќ.

Да не зборуваме за тоа дека лустрираниот Владе Милчин за Стејт департментот стана жртва на сегашниот режим или дека „многу ограничен број независни медиумски гласови изразија различни погледи без забрана практично преку онлајн-изданијата“. Демек слободата на медиумите во Македонија остана да се брани само преку некои портали. Тој што испратил ваков извештај во Вашингтон, очигледно има проблем со себе или со македонската ракија која понекогаш може да биде и полна со метил и да ви го зашемети умот на повеќе денови. Ако не и подолготрајно. Особено е интересна формулацијата за „различни погледи“ во медиумите. Што тоа значи? Дали е различен поглед ако напишеме дека амбасадорот на САД во РМ Пол Волерс, оној што со крајно безобразна доза ароганција ни порачуваше „не биди теле, не биди...“ е најумниот и најубавиот човек што на планетата Земја можел да се роди (по другарот Јосип Броз, се разбира), а Никола Груевски е диктатор кој седумпати по ред на избори ја победува опозицијата и кому не му се допаѓа кога Филип Рикер се обидува да влијае на изборните резултати каков што обид имаше во 2011 година? Дали таквите зборови за Стејт департментот се во ред за да го задоволат критериумот за „различни погледи“? Што правиме ако некој не мисли така зашто смета дека тоа не одговара на вистината? Дали тоа значи дека за САД различни погледи постојат само ако тие погледи се унифицирани по мерка на Амбасадата во Скопје? Очигледно да!

Смешна едностраност

Сето тоа во крајна линија не е толку битно, колку што е битна техниката на создавање на овој извештај. Толку еднонасочно и еднострано писание не сме виделе одамна. Се добива впечаток дека извештајот на Стејт департменот е закупен простор од овдешни луѓе на кои таквата содржина целосно им одговара. Своевремено, кога во МТВ уредник беше еден господин кој подоцна палеше и гасеше светла во ТВ „А1“, се појави прилог од тогашниот дописник на националната телевизија од Германија, за тоа колку еден германски весник ја испофалил владата на Бранко Црвенковски за економските успеси. За потоа да се види дека всушност самата македонска влада си платила две страници рекламен простор во истиот весник. Не дека извештајот на Стејт департментот е платен и дека во него нема и понекоја точност, далеку од тоа, но отсуствува елементарната желба да се открие, да се долови вистината, што кога ќе се подвлече црта, го прави контрапродуктивен. Поентата би била дека тој треба да помогне да се подобри ситуацијата во Македонија, а тоа не може да се стори кога во него има паушални недокажани тврдења, за кои како извор се посочуваат „одреден број претставници“ на судството, „опозицијата“ (вредноста на нејзиното мислење беше измерена на неодамнешните избори), „некои новинари“, „некои уредници и сопственици на медиуми“ кои очигледно имаат проблем со читаноста и гледаноста, а не со власта итн. И кога на ваквата смешна едностраност ќе додадете дека доаѓа од земја во чие досие е Гвантанамо, во чие досие е „сугестијата“ до медиумите за необјавување фотографии од убиени американски војници низ светот и ковчезите во кои се наоѓаат нивните тела, земја што ја практикува смртната казна, која се иззема од меѓународното кривично право, земја во чие досие е Патриотскиот акт и да не набројуваме повеќе, тогаш целата приказна станува јасна. И така, наместо со извештај што би требало да и помогне на РМ, Стејт департментот се закитува со ореолот на структура која го предупредува македонскиот гласач дека сеедно како тој размислува, на изборите заокружува погрешен број. Или како што велеше еден поранешен поручник на ЈНА, во војската е дозволено самоуправување, ама под услов да биде како што тој ќе каже. Изгледа приближно така Американците ја сфаќаат и демократијата и во тие рамки и слободата на мислењето.

DNEVNIK
(This post was last modified: 24-04-2013, 12:26 AM by ЈорданПетровски.)
24-04-2013, 12:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

26-04-2013, 02:31 AM
Reply
stetos2000 Offline
Member
***

Posts: 53
Joined: Apr 2013
Reputation: 0
#3

(26-04-2013, 02:31 AM)ЈорданПетровски Wrote:



Sm_upsetSm_upsetSm_upsetSm_upsetSm_upsetSm_upsetSm_upsetSm_upsetSm_upset

Язека не знам зощо ширите ваква анти-Македоснка пропаганда, за каква дискриминация, за каква цензура зборувате, зер ако имаше цензура во Македонjа тааа дебата ке я имаше?!?!? Во Македониjа са най-слободните медии во светот, па ние сме на 117 место по свобода на словото, па видете ги нашите македонски вестници - Вечер, Дневник, Утрински, Нова Македониjа - па секой що сака може да коментира слободно во медиумите, па Сител е найдобрата телевизия на Балканот.

Яз не знам ако живеете у Бугариjа како мен шо ке кажете, всека медия е цензурирана, еден коментар не може да напише човек слободно, ако е Македонец като мен сите коментари ни се модерираат, единствениот кой не го модeрираат пощо татарите ги е страв е нашиот Стойко Стойков. Но дори и него го тортурираат и не може да си го користи вистинското Македонско име Стойкоски во Бугариjа, другите 850 000 Македонци не ни даваат достъп до Телевизия, радио, медиуми. Да са живи и здрави нашите вистински патриоти от "Народна воля" Солунски,Самуил Pатевски,Ян Пирински, Биляна Вардарска хора чиито родители са имали вистинското македонско чуство и ги кръстеле сo вистински Македонски иминя, свети за секой Македонец - Солунски,Самуил, Пирински,Вардарска.

Тие се вистинските журналисти во Бугария и да припомним йощ еден пат нашиот девиз, напишан от третиот по величина, след Крсте Мисирков и Димитрийа Чупоски,Македонски херой Гоце Делчев,девиз напишан со сопствената му рака - „Македонија има свои интереси и своја политика. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединување на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец“

Makedonija Makedonija Makedonija

Поръбен Македонец от Бугариjа
Поръбен Македонец от Пиринска Македониjа Makedonija
(This post was last modified: 30-04-2013, 12:18 PM by stetos2000.)
30-04-2013, 12:17 PM
Reply