Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЦРВЕНАТА БАНДА ПАК СЕ ОБИДУВА ДА НИ ПРОДАДЕ РОГ НАМЕСТО СВЕЌА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Владо Бучковски: Новата Граѓанска алијанса е пред завршна фаза


Април, 15, 2013

Политичкото движење со работен наслов Граѓанска алијанса за позитивна Македонија, ќе биде промовирано кон крајот на мај или почетокот на јуни, вели Бучковски



Разговараше Катерина Блажевска



До каде се подготовките за новата партија што ја најавивте и каква ќе биде нејзината ориентација?

- Подготовките за поведување на иницијатива за создавање на ново политичко движење се во поодмината, пред завршна фаза. Идејата зад која се обединуваат видни интелектуалци од академската заедница, видни бизнисмени од бизнис заедницата, видни поединци од културата, медиумите и спортот, перспективни млади луѓе од студентската заедница, ќе биде промовирана кон крајот на мај или почетокот на јуни оваа година. Работниот наслов на новото политичкото движење е Граѓанска алијанса за позитивна Македонија. Иницијаторите за создавањето на новото политичко движење ги посакуваат во своите редови и старо-новиот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски, и претседателот на Либералната партија Ивон Величковски, кандидатите за градоначалници кои настапија како независни кандидати, но и истакнати земјоделци и фармери како што се Душко Илиевски-млекарот или Кире Неделковски-тутунарот… Целта на иницијаторите е да создадеме силно политичко движење кое би се трансформирало во политичка партија пред идните парламентарни избори во 2015 година. Тогаш ќе го избереме и претседателот на непосредни избори, каде што право на глас би имале сите членови на нашата граѓанска алијанса. Ориентацијата на новото политичко движење е граѓанско либерална, затоа претендира да биде граѓански сојуз, алијанса на видни граѓани од сите етнички заедници. Ќе се стремиме да ја помириме Македонија, да ги помириме не само Mакедонците со Aлбанците, туку и Mакедонците кои се поделени како никогаш досега, да ја обединиме со позитивни идеи и проекти. Ќе се обидеме да го култивизираме политичкото дејствување, да го победиме говорот на омраза. Ќе се спротиставиме на идеите за две Македонии, и на оние кои мечтаат за Македонија на Македонците и на оние кои мечтаат за Илирида, но и на оние кои се залагаат за нивна и наша Mакедонија, на вмровската да и ја спротиставиме сдсмовската.



Дали личностите од јадрото на оваа иницијатива, ви влеваат доверба дека станува збор за сериозен проект?

- Да, личностите со кои соработувам во реализацијата на оваа идеја, ми влеваат доверба дека сме сериозни во нашите намери да ги придвижиме работите во нашата држава во позитивна насока.



Зошто го чекате Конгресот на СДСМ, кога партијата ве исклучи од нејзините редови? Какви промени очекувате да донесе Конгресот?

-Го чекаме Конгресот на СДСМ за да не бидеме пречка за неговата трансформација и модернизација. Пред сe јас лично не сакам да бидам алиби за некој или некои од врвот на овој СДСМ, кои упорно се обидуваат да бараат дежурни виновници за поразите на СДСМ, а не сакаат да ја согледаат својата неспособност…

JAVNOST


Коментарите на текстот влеваат надеж дека Македонија полека ама сигурно се буди:


Quote:Климе 15/04/2013 2:17pm at 2:17 pm

Зошто повторно со истите фаци и истрошени ликови, зар не ви е доста г-дине Бучковски, бевте исклучително лош и неуспешен премиер и лидер на партија, не го искористивте вашиот момент, народот очигледно не ве сака, оставете млади луѓе да ја водат опозицијата, од сите вас ни е преку глава
Reply

Quote:JAS 15/04/2013 3:08pm at 3:08 pm

NA MAKEDONIJA I TREBAAT CISTI LUGE BEZ PUTER NA GLAVA. NE TAKVI KAKO BUCKOVSKI.
TOJ POKAZA STO ZNAE I UMEE PRVO VO 2001 KAKO MINISTER ZA ODBRANA A I PODOCNA KAKO PREMIER. PREMNOGU SKANDALI GO PRATEA
MOZE DA JA IMA PODRSKATA OD BIZNIS ZAEDNICATA AMA NIKOGAS NEMA DA BIDE PRIFATEN OD NARODOT.
Reply

Quote:JAS 15/04/2013 3:34pm at 3:34 pm

Moj predlog za imeto na novata partije e PARTIJA NA SONCOGLEDI.
I da ne zaboravat da go viknat Bocevski, Naumov i slicnite
Reply

Quote:riki 15/04/2013 3:53pm at 3:53 pm

podobra partija od maticnata-nema.ovaa ke bide pravo fijasko.moja procena.
Reply

Quote:deni 15/04/2013 4:47pm at 4:47 pm

SUNFLOWER ALIANCE
Reply

Quote:Vlajko 15/04/2013 6:56pm at 6:56 pm

Nemojte g-din Buckovski da zaboravite kako projde Demokratskata alternativa na Tupurkovski,kade e sega.I oni bea bombasticno najavuvani,de intelektualci,de Klimovski,de Kambovski,de KARAKAMISEVA,,sto bi rekle ,sve moj do moega i na kraj prvo so VMRO,pa posle so SDSM ke go rusea VMRO,abe ludilo.Mene i ova mi lici na 1998 god .
Reply

Quote:kumanovac 16/04/2013 10:00am at 10:00 am

Предлагам новата партија на Бучко да се вика друштво на камелеони.Обавезно да им се приклучат и Чашуле и Андов како и најголемиот олош Никовски.
Reply

Quote:igor 16/04/2013 3:18pm at 3:18 pm

Bravo profesore, nie sme za novo dvizenje. Gi citam pogore komentarite i jasno e deka na Bihacka se nervozni. Se gleda krajot na poltronite koi bez partijata se nikoj i nisto. Vie im dokazavte deka i bez SDSM ste golem covek. Omilen pomedju studentite i favorit na medjunarodnata zaednica. Neka puknat dusmanite profesore! Nue sme pozitivni, neka ostane negativniot naboj na Bihacka!
Reply

Quote:JAS 17/04/2013 10:08am at 10:08 am

Se gleda deka Bucko vi e profesor!!!!!
Neznam za drugite ama jas ne sum ni od Bihacka ni od zoltatata kuca.
Istroseni politicari ne ni trebaat, posebno takvi koi za pari se prodavaat.
Reply


Quote:Oskar 16/04/2013 5:15pm at 5:15 pm

Partija od dezerteri nebiva, osven ako sakate da im se isvetite na svoite bivsi partii. Za mozen prtsedatel na vasata partija go predlagam sampionot na preminuvanje od partija vo partija Bocevski.
Reply

Quote:Petar 17/04/2013 10:33am at 10:33 am

Ovde nee Bihacka.Ovde e glasot na narodot na partijski neoboenite no sekako gradjani so pravo na glas.Kazete edno besto dobro sto Buckovski go napravil vo svojot pokiticki zivot?!Samo skandali,bacila,rezervni delovi,prodazba na elektrodistribucija korupcija skandali.So kos pravo ke ja narekuva partijata gradjanska alijansa(bez odobruvanje na narodot)ako predhodno gradjanite ne de soglasat da mu go dadat imeto na covek koj ne zasluzuva da se identifikuva so niv?!A sto ke pravi taa partija vo ruralnite sredini?!Ili tamu nema da bara glas i nema da ima svoja infrastruktura?!Smesno.Se gleda deka ova e nameneto za saka jada politicki radkapni kako Bicevski ,Stevco J.Buzle i uste nekoi likivi od plejadata na politicki moroni-gasterbajteri.Inaku radkapna e del od vozilo koe nema nikakva funkcija niti vrednost tuku sluzi samo za dekor.A vecnite studenti mozat samo da lizat zaradi licni interesi.Od takvi na gradjanite im e preku….
17-04-2013, 01:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Снимка од основачкото собрание на Бучковата "Граѓанска алијанса"


[Image: images?q=tbn:ANd9GcT81ytjQGWCdfbvU0vCmzb...9DBN-FjdoZ]
17-04-2013, 02:14 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Quote:Владо Бучковски, Минчо Јорданов и Љупчо Зиков се иницијатори на нова партија

29-04-2013


Владо Бучковски, Минчо Јорданов и Љупчо Зиков се иницијаторите на Движењето Граѓани за позитивна Македонија, вели Зиков за НОВА. Како што изјавил тој за порталот, во моментов не е дефинирана лидерската позиција, бидејќи ваквата одлука би била донесена на Конгресот на движењето.

[Image: vinarija-stobi-300.jpg]

Формирањето ќе биде во мај, а се преговара со 40-тина проминентни интелектуалци, уметници, бизнисмени и спортисти од сите политички провиниенции. Како што вели Зиков, акцентот е на јавни личности кои до сега не се занимавале со политика.

- Се работи за движење со лева центристичка позиција, сосема различно од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во смисол на култивирана, граѓанска опција, вели Зиков за НОВА и дополнува дека ќе се повлече од функцијата на главен и одговорен уредник од групацијата Капитал во моментот кога ќе се формира ова движење.

Како што најавува тој, движењето би можело да прерасне во партија ако во скоро време се донесе одлука за предвремени парламентарни избори.

LIBERTAS
29-04-2013, 09:09 PM
Reply
hristo_arsov Offline
Junior Member
**

Posts: 22
Joined: Apr 2013
Reputation: 0
#4

Bravo
(17-04-2013, 02:14 PM)ЈорданПетровски Wrote: Снимка од основачкото собрание на Бучковата "Граѓанска алијанса"


[Image: images?q=tbn:ANd9GcT81ytjQGWCdfbvU0vCmzb...9DBN-FjdoZ]

Bravo

bucko, minco i zikov ! Toa li ke e idninata?! Upm, taman mislevme sme go doprele dnoto vo ovaa bedna makedonska politika, a imalo i beter !
Bucko - so mentalitet na korupcioner, Minco - eksponent na eks sovetskoto kriminalno biznis podzemje koe ete se pletka kaj nas so politika (za analiza!) i Zikov enklavist (proben balon dali da se napusti mimikrijata na edna etnicka grupa, i taa definitivno da se prikluci kon albanskiot separatizam (ne se znae koi se poopasni za Makedonija onie od Stipsko ili onie od Krusevsko ;)) !
Ova dvizenje e dvizenje za pogreb na Makedonija !

Jordane ovie se mnogu poopasni od soncogledite vo makedonskata politika !



(This post was last modified: 29-04-2013, 10:01 PM by hristo_arsov.)
29-04-2013, 10:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

(29-04-2013, 10:00 PM)hristo_arsov Wrote: Bravo
(17-04-2013, 02:14 PM)ЈорданПетровски Wrote: Снимка од основачкото собрание на Бучковата "Граѓанска алијанса"


[Image: images?q=tbn:ANd9GcT81ytjQGWCdfbvU0vCmzb...9DBN-FjdoZ]

Bravo

bucko, minco i zikov ! Toa li ke e idninata?! Upm, taman mislevme sme go doprele dnoto vo ovaa bedna makedonska politika, a imalo i beter !
Bucko - so mentalitet na korupcioner, Minco - eksponent na eks sovetskoto kriminalno biznis podzemje koe ete se pletka kaj nas so politika (za analiza!) i Zikov enklavist (proben balon dali da se napusti mimikrijata na edna etnicka grupa, i taa definitivno da se prikluci kon albanskiot separatizam (ne se znae koi se poopasni za Makedonija onie od Stipsko ili onie od Krusevsko ;)) !
Ova dvizenje e dvizenje za pogreb na Makedonija !

Jordane ovie se mnogu poopasni od soncogledite vo makedonskata politika !



Се слагам дека овие се поопасни од сончогледите. Финалните борби се во тек. Службите на терен ке ги изведат најсилните играчи.


пс. кога ја ставав снимката не ми беше познато дека Минчо е во играта.
(This post was last modified: 30-04-2013, 12:14 AM by ЈорданПетровски.)
30-04-2013, 12:11 AM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#6

Hehe,partija jaka so sto ortaka...Icon_razz
Ako neka probaat I oni,kakvi se ne "likovi" prodefiliraa pa Mincho I Zikov dva sekretara Skoja,da ne zamesaat prsti I omrsat brk...Icon_razz
30-04-2013, 06:39 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

(30-04-2013, 06:39 PM)Larsson Wrote: Hehe,partija jaka so sto ortaka...Icon_razz
Ako neka probaat I oni,kakvi se ne "likovi" prodefiliraa pa Mincho I Zikov dva sekretara Skoja,da ne zamesaat prsti I omrsat brk...Icon_razz




Не би рекол дека Мичо оваа го прави по сопствена желба. Aко не игра, ке го најде судбината на Мишковиќ.
30-04-2013, 07:29 PM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#8

(30-04-2013, 07:29 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(30-04-2013, 06:39 PM)Larsson Wrote: Hehe,partija jaka so sto ortaka...Icon_razz
Ako neka probaat I oni,kakvi se ne "likovi" prodefiliraa pa Mincho I Zikov dva sekretara Skoja,da ne zamesaat prsti I omrsat brk...Icon_razz


Не би рекол дека Мичо оваа го прави по сопствена желба. Aко не игра, ке го најде судбината на Мишковиќ.


A bata Cobe da ne ima on nesto vrska so novata partija,da ne e on kolateralna steta od proektot?
Daleku e Mincho od Miskovic,po site parametri bog I sisirdzija se oni,go imas preceneto Mincho.

30-04-2013, 11:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#9

(30-04-2013, 11:24 PM)Larsson Wrote:
(30-04-2013, 07:29 PM)ЈорданПетровски Wrote: Не би рекол дека Мичо оваа го прави по сопствена желба. Aко не игра, ке го најде судбината на Мишковиќ.


A bata Cobe da ne ima on nesto vrska so novata partija,da ne e on kolateralna steta od proektot?
Daleku e Mincho od Miskovic,po site parametri bog I sisirdzija se oni,go imas preceneto Mincho.



Мислев "параметарот" затвор да не им биде заеднички. Icon_razz Icon_razz
30-04-2013, 11:49 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

(17-04-2013, 02:14 PM)ЈорданПетровски Wrote: Снимка од основачкото собрание на Бучковата "Граѓанска алијанса"


[Image: images?q=tbn:ANd9GcT81ytjQGWCdfbvU0vCmzb...9DBN-FjdoZ]



Со Мичо во партијата, таа веке не е партија на сончогледи, туку, ... но сликава ке каже повоеке одошто јас можам да напишам.


[Image: tajnapolocija_zpse4fdea13.jpg]
02-05-2013, 02:56 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

Quote:Влашкото бизнис лоби – дел од партијата на Бучко?!

02-05-2013

По најавите дека поранешниот премиер Владо Бучковски ќе прави новата партија, односно движење, наречено Граѓанска алијанса за позитивна Македонија, според извори на Либертас, тој секојдневно работи да привлече што повеќе бизнисмени кои би биле дел од партијата.


Објавено е дека бизнисменот Минчо Јорданов ќе биде еден од основачите, заедно со Бучковски и сопственикот на Капитал, Љупчо Зиков. Нив најверојатно прифатиле да им се придружат и од влашкото бизнис лоби кое контролира голем дел од капиталот во државава. Имало и бизнисмени кои ја одбиле понудата од Бучковски да му се придружат во правењето на новата „опозициска“ партија, која, како што изјавуваат иницијаторите ќе била конструктивна, и ќе ја критикувала, но кога треба и ќе ја фалела власта.

На бизнисмените што не прифатиле, им била сомнителна позадината на идејата, овие луѓе кои се блиски до власта да прават нова партија која би го рушела Груевски и затоа поканата ја одбиле. Извори на Либертас тврдат дека иницијаторите за Граѓанската алијанса имале големи планови, меѓу другото прво што би направиле, е да купат една од постојните телевизии која засега е неутрална и иако е релативно нова, во услови кога другите телевизии се под контрола на власта, има кредибилитет кај гледачите. Наводно на сопственикот на телевизијата веќе му пратиле абер дека се заинтересирани да ја купат.

Од Капитал, магазинот кој го поседува новинарот Зиков, за Либертас потврдуваат дека тој веќе им кажал на новинарите дека ќе се повлече од уредничката позиција и ќе се ангажира во новата партија, а и дека е можно тој да биде нејзиниот лидер.

LIBERTAS
02-05-2013, 01:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

Quote:Љупчо Зиков, новинар и иницијатор на ново политичко движење
20.05.2013


ЗОШТО ГРАЃАНСКА АЛИЈАНСА ЗА ПОЗИТИВНА МАКЕДОНИЈА?




"Љупчо Зиков е новинар, економист, кој вистински успеа во професијата. И тоа не го велам само јас, туку на еден начин овој став е широко прифатен во македонската јавност. Од неделникот „Капитал” создаде најугледен, најпочитуван и најцитиран бизнис, па и политички медиум во Македонија. Она што мора да се каже е дека во последните три години стана и најцитиран македонски медиум на целиот Балкан. Анализите, темите, интервјуата и коментарите во „Капитал” се задолжително четиво на сите блиски до стопанството, банкарството, големата трговија, како и оние кои занимвајќи се со овие професии на еден начин се сериозно блиски и до политиката. Како оснивач, инвеститор и менаџер, пак, најде формула тој медиум да го води успешно веќе 14 години (догодина Капитал ќе го прослави големиот јубилеј 15 години од основањето). Повеќе месеци наназад ново во ангажманот на Зиков е секако, во овој период нашироко (о)зборуваното движење - Граѓанска алијанса за позитивна Македонија (ГАПМ). Ова движење во моментот тој го формира заедно со професорот и екс премиер Владо Бучковски, но и со можеби најголемиот приватен инвеститор во домашната економија, бизнисменот Минчо Јорданов. Како што вели Зиков, станува збор за Граѓанско движење на слободни и мотивирани индивидуалци со конкретни идеи проекти, од град и од село, земјоделци, фармери, индустријалци и интелектуалци, студенти и млади луѓе, невработени и вработени со конкретни професии, како и оние кои се тука секојдневно размислуваат да ја напуштат земјата, а сепак не трба да го направат тоа, како што вели, оти тоа е најлошото нешто што може да и се случи на нашата татковина и нејзината иднина! И сето тоа како веројатен зачеток на идна политичка партија!? Додека движењето стане партија, и додека можеби дојде на важна позиција во државната хиерархија на местото каде треба да работи на спроведување на реформате и реализација на проектите за кои зборува тој и неговите колеги иницијатори, Зиков е новинар, па како колеги се договоривме се’ уште да нема персирање меѓу нас..."

[Image: zikov1.jpg]

Заедно со поранешниот премиер Владо Бучковски, и со бизнисменот Минчо Јорданов, најавувате нов политички субјект. Која е целта на Граѓанска алијанса за позитивна Македонија? Зошто сметате дека ни е таа потребна?

Ние, иницијаторите на Граѓанската алијанса за позитивна Македонија, тргнавме од премисата дека во македонското општество, во сите негови сегменти, сите нас во заложништво не’ држи огромно количество негативна енергија, кумулирана веројатно од долг период во минатиот век. Но, можеби најмногу пизма и негативна енергија се создаде во оваа наша мачна транзиција од 22 години, по независноста, и која никако да заврши. Велам, сите станавме заложници на една ваква деструктивна енергија - говор на омраза, нетрпение мегу Македонци и Македонци, Албанци и Албанци, Македонци и Албанци и сите други внатре во земјата. Ова ја блокира секоја добра идеја и проект за нешто да се направи, а да биде развојно. Понатаму се блокира секаква благородна идеја за обликување на општеството, како и конкретна реформа во некој сегмент. Ваквата деструктивна енергија континуирано ја труе убавата мисла, добриот збор. Нашата земја стана место каде успехот на поединецот кој инвестирал време, енергија и финансиски средства, што во суштина се биолошки нагони на човекот како едно од суштествата на природата, почна да се смета за злочин. И како производ на сето ова, политичка сцена во Македонија веќе ја губи смислата на своето постоење. Омраза, деструкција, блокади. Политичка сцена на залудно потрошени политички кариери. Лица на политичката сцена кои функционираат сами за себе, одвоени од реалноста и потребата Македонија и сите нејзини граѓани конечно да зачекорат по „Патот Напред”. И сето тоа само овде кај нас. Во Македонија. Кога на сево ова ќе се додаде дека исти ликови во политиката се вртат со децении, и всушност, тие станале генератор на сето она лошо за кое секојдневно зборуваме, тогаш заклучокот е јасен - нешто мора да се промени, да се модифицира, да се додаде или да се надгради на политичката сцена. Некое нешто што ќе даде силен, позитивен импулс за да нештата излезат на вистински пат. И тоа, не само заради наше приближување кон развиениот свет, со тоа што ќе ги забрзаме реформате, туку, како што гледаме, и заради елементарниот опстанок како држата.

Кој е твојот личен мотив во овој проект?

Па, многу е голем мојот мотив. Со години работејќи го ова што го работам, се наоѓам во зоната на бескрајна, елегантна комоција која ти дозволува да кажеш се’, да искритикуваш, да исплукаш (иако се трудам да не го правам тоа, зашто и не е мој стил на опстанок во професијата и средство за заработка), сега решив да преминам токму на таа страна која ми беше тема за анализи и коментари. Сликовито кажано денес ги вадам сакото и враторската, ги засукувам ракавите и вистински се фаќам за лопатата. Со мој пример да покажам дека - се’ што зборуваме, анализираме, фалиме и критикуваме има смисла ако самите се фатиме за работа. И ништо повеќе. Е сега, овие нагони не’ поврзаа нас тројцата иницијатори, како и десетици други личности од сите сфери со кои разговаравме и договаравме во месеците наназад. Ќе биде ова движење големо. Ве уверувам во тоа. Луѓето ја препознаваат позитивната енергија, мислата и определбата на движењето. Нам ни треба поинаква Македонија, во која пред се’ на доминантна позиција ќе бидат ставени позитивните вредности, позитивната енергија, добрата мисла и што е најважно - слободата и креативноста на поединецот граѓанин, на индивидуата. Ние ќе нацртаме наша линија на делување. Таа нема да биде црвена, но ќе биде конечна! Ќе претставува јасна и цврста граница меѓу она што се случувало во послендите 20 години во транзицијата, со тоа што треба да и’ се случи на Македонија во следните 50 и 100 години нанапред. За оние што се родија во оваа деценија, за оние што денес се раѓаат, како и оние што допрва ќе се родат. За оние што на секаков можен начин нежно и суптилно молиме да се родат, а како што гледам некои од нас, и брутално и недолично коментираат зошто не се раѓаат деца, без притоа критички да се осврнат на вистински причини за тоа. Зошто, ај што не се раѓаат деца во Македонија, туку и стотици илјади годишно заминуваат од земјата!? Па ако толку многу млади и креативни луѓе ни заминуваат неповратно, како може да очекуваме да се раѓаат деца во земјата?

Велиш ќе понудите нешто што досега го немало. Меѓутоа, ниту еден од вас инцијаторите, не е нов за македонската јавност, а Бучковски и Јорданов биле на важни позиции во државата: премиери, министри, советници... Како ќе го убедите гласачот дека во минатото не сте покажеле се’ што знаете, и оти тоа ќе го направите баш сега?

Не, поентата не ни е да нудиме само нешто ново, досега невидено и нечуено. Таков пристап нема да имаме. Тоа е претенциозен пристап, кој сам по себе нервира и шири негативна енергија. Не ново по секоја цена. Ние ќе нудиме вистински решенија. Ќе нудиме надградба и подобрување на сегашни проекти и решенија, кои на пример, во основа биле добри, но не и доработени како што треба. Инаку, овде ќе кажам дека многу од решенијата кои беа понудени во сите сфери се добри, некои од нив одлични, и ние нема да имаме проблем јавно да ги истакнеме, да ги пофалиме и, што е најважно, силно да ги подржиме. Ние немаме комплекси во нас да премолчуваме, да калкулираме и водиме деструктивна дневна политика. Токму тоа јасно ќе не’ разликува од сегашните политики, јас би рекол на речиси сите партии. За жал, кај нас, деструкцијата и дневните подметнувања и етикетирања станаа основната филозофија на владеење, што само по себе е блокада и е ретроградно. Оттука, јас сметам дека и деструктивните ставови, креирани особено околу името на еден од иницијаторите, поранешниот премиер Владо Бучковски се производ на политика и политиканство како што ги опишав погоре. Етикети и политика на игнорирање и исклучување. Но, тоа само ја аргументира силината на тој човек и го прави посилен. Од друга страна, мојот став е дека транзицијата ги „изеде” сите политичари. Но, таков систем е инсталиран и добро управуван. се разбира. Вие, и Мона Лиза да ја ангажирате во ваков систем на крајот, кога таа ќе излезе од него, народот ќе има негативна перцепција. Затоа е потребно да го менува системот. Да нудиме креативни концепти, да ги менуваме политиките, да ги преиспитуваме нашите визии постојано. Не секогаш, се разбира, проблемот е во луѓето. Проблемот најчесто е во системот и во решенијата. Да го земеме СДСМ за пример. На крајот на денот, проблемот не мора да се бара само во еден човек, лидерот, иако тој е најмногу одговорен за многу нешта и во Партијата и во Македонија, но еве да го поставиме и спротивното прашањето: дали нешто таму може да промени и нов лидер!? Многу малку, затоа што во таа партија работите се концепциски погрешно насадени! Тој ентитет има доктринарен, стратешки проблем. Погрешна концепција, отсуство на политичка филозофија на делување, немање визија и стратешки цели. И секако, немање конкретни проекти. А долго време го зафатиле местото на најголема опозиција во земјата! Погрешно и погубно. На Македонија и’ е потребна силна и креативна опозиција. Оттука, точно е дека како премиер и претседател на СДСМ, Бучковски имал добри и лоши моменти во владеењето, но верувајте, иако е од ваквиот СДСМ каков што ви го опишав, тој е најквалитетниот од нив. И не го велам само јас тоа. Има многу такви. Што се однесува до господинот Минчо Јорданов, тука немам што многу да кажам освен секој заинтересиран, добронамерен и злонамерен да го упатам на конкретна географска точка во Македонија, да види што е направено и изградено. Не што е приватизирано, туку што е купено, удрено темел, светено од поп или владика, и што е изградено. Не треба повеќе да се зборува. Уште еднаш ќе додадам дека тој е најголемиот инвеститор во земјава! Човек кој спаѓа во малиот број инвеститори со македонско потекло, Македонци, на кои се потпира најголемиот дел од македонската економија. Има отворено илјадници работни места во земјава. Со неговите проекти се врзани многу мали стопанства низ повеќе градови. Тој не ги изнесе своите пари надвор од државата, за да купува јахти и вили по разни брегови, туку инвестираше овде. Во нашето маало, во нашите села и градови. Во Градско, на зелена полјана покрај Вардар направи конгломерат од преработувачка индустрија за храна (земјоделски производи), вино, млеко и други производи. Наскоро почнува со изградба на логистички центар. Сите комбинати што ги преземал пораснаа десетици пати од тоа што беа на почетокот. Ги подигна од мртви „Бетон” и „Факом”, отвори работни места, заедно со своето семејство ја основаше и изгради болницата „Ремедика”. И уште ја гради во современ медицински центар. Покрај тоа, финансира спортски клубови во фубалот и ракомтот. Годинава сите сме горди на Металург во ракометот. Металург го води еден од најдобрите светски тренери, Хрватот Лино Червар. Јорданов е и голем филантроп и донатор. И сега јас се прашувам и себе, и вас и тие што шират негативна енергија секојдневно: зарем таков човек, со толкава посветеност на својата земја, во услови кога можел да живее каде сака на земјината топка, не треба да се прашаме што тој мисли за состојбите во Македонија? Сигурно дека треба, особено што е силно позициониран, како на Балканот. така и пошироко. Од друга страна, иницијаторите на ова движење се спој на три временски периоди - возраст која вклучува реализираност-мудрост и финансиска моќ, средни години исполнети со искуство и интелегенција, и младост полна со ентузијазам, енергија, знаење и успех, кој е докажан и валозиран во јавноста. како и силна посветеност да се успее. Токму заради сето ова, ние сосема свесно, во јавноста засега излегуваме само со три имиња. Но, имаме уште 50-тина мошне квалитетни и силни личности со кои разговаравме и договоривме. Ја добивме нивната согласност дека се со нас. Многу интелектуалци, непознати во јавноста, млади луѓе, пред се’ работници, во смисла на претприемачи, мали, но и големи инвеститори. Многумина ни се јавуваат секојдневно на нашите телефони. Одиме низ Македонија и разговараме со нив. Многу не’ радува тоа што сме препознаени меѓу нашите граѓани кои живеат на село, препознаени сме од многу фармери. Некои од нив ќе бидат претставени наскоро, во средината на јуни за кога предвидуваме обзнанување на нашата Декларација за формирање и Принципи на делување на Граѓанската алијанса за позитивна Македонија, со која Декларација ќе ја побараме поддршката, но и благословот од граѓаните за нашето основање и делување. Но, негативната енергија и пизмата секако нема да исчезнат преку ноќ. Јас ве уверувам дека од човек на Граѓанската алијанса за позитивна Македонија никогаш нема да слушнете омаловажувачка теза, ниту да видите таков настап за било кој соговорник или политички противник. Наместо со негативна енергија, нашите настапи ќе бидат полни со аргументи, тези и што е најважно - со конкретни проекти на теренот. Ќе ја потенцираме онаа друга Македонија: прогресивна, иницијативна, градителска, храбра, компетентна, шармантна и неодолива ...

Ако Бучковски нема лидерски амбиции, а веројатно истото важи и за Јорданов, пред се заради возраста, дали си ти тој што ќе биде формално промовиран како прв човек на ГАПМ?

Најголемиот дел од енергијата што ја трошиме и разговорите што ги водиме во моментот се однесуваат на концептите, смислата на движењето, дефинирање на развојни проекти, кои не’ поврзуваат во единствената смисла зошто се собравме околу ова движење ...

Што, конкретно, ќе понудите вие?

Најголемиот проблем со кој се соочува македонското општество во моментов е физичното намалување на популацијата. Од 2000 година, за само една деценија, се заминати повеќе 300.000 луѓе. Веќе не треба да зборуваме за „два милиона народ”, туку за 1,7 милиона. Толку останавме. Решението сигурно не е само во кампањата - раѓајте повеќе деца. За да можат младите да си дозволат основање семејство, и негово проширување, неопходно е прво да имаат услови за егзистенција, а тоа значи барем вработување и пристојна заработувачка. Доколку го постигнеме тоа, луѓето ќе размислуваат да останат во Македонија, ќе има повеќе деца, кои подоцна ќе прават деца. Можноста за силни домашни инвестиции и отворање силни бизнис перспективи за домашните граѓани во голема мерка ќе ги неутрализира овие очајни трендови. Македонската економија и државата воопшто се соочуваат со опасноста да изгуби професионалци од сите сфери и од сите категории. Се’ повеќе има проблем да се најдат вистинските луѓе за нашите фирми. Важен е и процесот за враќање на тие што се исселиле. Особено оние што се неодамна заминати. Ако некој што заминал во 2001. или 2005 година во Њу Џерси, види дека овде има можности да инвестира во пријателска атмосфера за работење, ако има можност за добро кредитно финансирање - ќе направи фабрика! Со знаењето што го стекнал таму, тој ќе дојде и ќе ја направи фабриката. Тие се темите со кои ќе се занимава нашето движење. Имаме и други силни проекти во делот на инвестициите и, воопшто, во економијата.

Како да дојдеме до македонски производи, кои ќе бидат конкурентни на пазарот? Ти ги спомена фабриките на Минчо Јорданов, но за Македонија треба многу повеќе од тоа. Знате ли вие како масовно се отвораат работни места, а да не се во државна администрација или лон производство?

Тоа е клучното прашање и на него ја трошиме 70-80 отсто од нашата енергија на состаноците. На Македонија и’ требаат нови компании во сите сектори кои можат да прават пари. Ни требаат нови фабрики, но за да имаме нови фабрики, некој треба да инвестира. Оттука, не смееме да се залетаме со сфаќањето дека само странски инвеститори ќе ни ги решат проблемите. Тие секако дека се добри и корисни, бидејќи странецот донесува многу знаење, професионалност, нови пристапи кон организацијата и менаџментот, воведува работна етика, која толку многу ни е потребна, а за пошироката заедница е важен затоа што влијае и со одредена култура на живеење, поразлична од нашата. иако тоа не значи дека е подобра. Убаво е да се имаат странци во државата, меѓутоа само тие не ви го решаат економскиот проблем. Ние мора да отвориме наша, домашна приказна. Македонскиот човек е работлив, претприемлив, креативен, Не се плаши од ризик, од влегување во клинч со предизвиците. Покрај тоа, научен е на мали приходи, што значи голем дел од профитот ќе го реинвестира. Ние веќе имаме такви примери, но за жал, се’ уште премалку за тоа да се почувствува на општиот економски тренд, како и да биде видливо со голо око. Е сега, според нас, тука е важна улогата на државата, владата, на институциите. Дали ќе се развиваме економски, брзо и силно, е прашање на политичка одлука во општеството и државата. Првиот чекор е во оваа наша држава да донесеме силна политичка одлука дека сакаме да се развиваме со стапки на раст над шест проценти годишно. Потоа се знаат мерките. Реалокација на средствата во буџетот, барање на нова домашна акумулација преку државна гаранција на банкарските кредити, докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот со посебен пристап кон проектно финансирање на старт-ап бизнис кај младите категории граѓани. Не е проблем да расте задолженоста на Македонија, но за проекти од овој тип: да градиме патишта, пруги, мелиоративни и иригациони системи, акумулации и енергетски капацитети. Ако немаме домашна финансиска акомулација, тогаш сигурно неа мора да ја најдеме надвор. Ние мораме да правиме нови фабрики. Илјада пати ќе кажам - нови фабрики. И толку е тоа просто. Ако не знаеме како, ајде да го прашаме турскиот премиер Ердоган. Ќе одиме ќе ги препишеме нивните мерки што ги спровеле во последните 20 години. И ќе ги спроведеме. А не само нахално да гледаме турски серии на сите можни телевизии, кои патем речено, се силен извозен продукт. Едноставно дојдени сме до таа точка. Владата треба да каже: „решивме од денеска да се развиваме со шест проценти годишно”. И да удри на тој план.

На кој дел од гласачкото тело ќе се обраќате?

Ќе ти одговорам на ова прашање со мојот пример. Јас сум, од една страна, основач на издавачката компанија „Капитал Медиа Груп“, која го издава неделникот „Капитал“. Ја основав во 1999 година, на 29 години, кога други на тие години стануваа премиери. Со заштеда од 10.000 германски марки, колку што можев да соберам. Но, во таа фирма, која се развива во овие 13-14 години со многу успеси и проблеми, подеми и падови, јас сум во основа работник. Ако го заборавам тој факт, многу бргу ќе сфатам и дека веќе не сум ниту сопственик. Значи, целиот ден, од утро до вечер, ја заработувам само мојата плата и ништо друго. И тоа е најважно. Најважно е да работиме и да заработуваме. Сите ние сме работници, сите ние создаваме, сите влегуваме во компаниите со нашите професии. Професии!!! Оттука, место да губиме време и енергија на тоа кој колку има во џебот, многу покорисно ќе биде да се свртиме кон успешните и да произведеме што поуспешни луѓе со свои конкретни професии, кои со својата креативност и иницијативност, ќе си помогнат сами на себе. Ова е важно и за една друга, клучна работа. Во прашање е и финансиската слобода на граѓаните, зашто ако нема финансиска слобода тогаш не може да зборуваме ни за демократија и човекови права. А, финансиска слобода се остварува преку работен однос. Тоа се вистинските теми, а не односот на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Пет месеци народот се труе со мелодрамата: дали Бранко Црвенковски ќе си замине од лидерската позиција. Па, што ако си замине? СДСМ ќе се распаднала и ќе била мала партија. Па, што ако СДСМ стане мала партија? За тие работи треба да се мислат таму, во партијата. Или, пак, дали ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски ќе организираат предвремени парламентарни избори. Зошто тоа би требало да е важно за некој земјоделец, кој обработува десет хектари земја, или за сточар, кој се обидува да го одржи своето стадо од 300, 500, 1.000 овци? Го прашува ли некој како тој ги молзе тие овци, односно колку луѓе треба да плати за да ги измолзат? Од каде наоѓа пари при состојба на евтино млеко на пазарот? Каде го пласира производот? Ги прашува ли некој селаните како ќе го заштитат родот од град? Секоја година по 50 отсто од земјоделското производство воопшто не се собира, умира на нива, зашто е уништено од временски непогоди. А, над 70 отсто од македонското население е директно или индиректно поврзано со земјоделството. Да резимирам, ако зборуваме за тоа на кој дел од народот ние му ги праќаме нашите пораки, одговорот е - до сите што размислуваат на овој начин. Јас знам дека такви има и во СДСМ, и во ВМРО ДПМНЕ со нивните коалиции, а пред се’ во огромниот процент неопределени. Нашите врати се отворени и за сите етнички заедници, што ќе го покажеме при промовирањето на ГАПМ. Правиме се’ за да создадеме силен политички субјект на политичката сцена, кој во голема мерка ќе ги помати сметките на двата блока. Убеден сум дека сериозно ќе ги „здрмаме” СДСМ и ВМРО ДПМНЕ уште на првите следни избори.

Рече дека е рано да се зборува за лидерската позиција во ГАПМ, но имаш ли ти, лично, премиерски амбиции? Уредник си и новинар, кој се занимава со економија и политика, односно со области кои се делокругот на еден претседател на Влада. Дали би ја преземал таа функција, при евентуални такви изборни резултати? Дали е предизвик кој би го прифатил?

Имам идеи и проекти за Македонија. Многу од нив во годините наназад, напишав и образложив. И како што кажав на почетокот, сега решив од оваа комотна позиција на дијагностичар, аналитичар и коментатор, да ги засукам ракавите и да покажам што научив и што знам. Секако, дека е предизвик ова за што ме прашуваш. Но, пред се’, мене ме интересира дали во оваа фаза на формирањето на ова движење, кое подоцна ќе се трансформира во партија, ние ќе успеем да направиме силен тим од стотина извршни професионалци со конкретни силни креативни вештини и професии. Верувајте целата своја енергија во овој момент ја насочувам токму во тој правец. На ништо друго не размислувам и не сум оптоварен со тоа. На Македонија и’ е потребен секој посветен нејзин граѓанин со знаење и самопожртвуваност. Или како што вели често мојот пријател Јорданов - “дечко, на Македонија не и’ се потребни мртви херои, туку живи, силно способни и храбри луѓе да ги повлечат вистинските потези“. Алберт Ајнштајн во една пригода, пред стотици млади луѓе рекол: „За едно општество не се проблем луѓето кои превземаат чекори и грешат, за државата и општеството најопасни се оние кои не превземаат ништо”. Јас знам и сум сигурен, и сите ние сме свесни за тоа, дека такви храбри луѓе денеска има и во Владата и ВМРО-ДПМНЕ, и во ДУИ, и во ДПА и во СДСМ. И кај Македонците и кај Албанците, кај Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците... И кај оние на село, и кај оние во град.

Како реши, покрај новинар и основач на „Капитал“, да станеш и фармер, одгледувач на стадо овци?

Тоа е заеднички проект со мојот брат, Горан Зиков! Тој проект го развиваме веќе пет години. Во околината на Штип, одгледуваме речиси 1.000 овци, со намера таа бројка да биде многу поголема. Но, работиме постепено, етапно, со огромна посветеност со желба развојот да биде органски. Од дамнешни времиња основното занимање во нашата фамилија било одлгедувањето овци и кози. Во 1946., кога била национализацијата ни биле земени вкупно околу 15.000 грла овци, распослани на четири планини низ цела Македонија. Тој број и во денешно време звучи застрашувачки. Значи, станува збор и за генетика, нели? Малку е работата и во кодот. Така, пред пет години со брат ми решивме да се вратиме малку на нашите корени. Тешко е во овие години да кревате фарма. Но, што воопшто не е тешко денеска и овде и секаде?

Имаше влијание врз вашата одлука тоа што државата дава субвенции?

Не, зашто кога го почнувавме ова, немавме претстава до каде ќе се развие системот на субвенции. Инаку, проект на владата за субвенционирање е одличен. Тоа сум го кажал многу пати. Не постои сериозна држава во светот, која сака да развива фармерство, земјоделие и производство на храна, а да не субвенционира. Можеби треба малку да се поработи на планот субвенциите да се фокусираат уште попрецизно кај вистински земјоделци и фармери, како би имале уште посилни ефекти. Ми пречи тоа што субвенцијата како да доби социјален аспект, а често и доаѓа во рацете на луѓе кои немаат намера да се занимаваат со тоа. Потребни се корекции на моделот на субвенции.

Ти си еден од оние што го поддржуваат проектот „Скопје 2014”, иако како досега потрошена сума наведуваш бројка од 500 милиони евра, која е прилично повисока од онаа што ја објави Владата неодамна...

(ПРОДОЛЖУВА)

INTERVJUA



Има една српска поговорка која вели вака: "радо иде Србин у војнике , двоје га туку троје га вуку". Поговорката е јасна слика на твојата и на Мично доброволност да влезете во политика.
20-05-2013, 02:52 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#13




Тие 350 илјади отселени нема да се вратат само за работни места, бидејки голем дел од нив имале работни места во Македонија ама заминале, заминале затоа што во Македонија, царува, криминал, корупција у основно нема демократија, за тоа Зиков не рече ни збор.
(This post was last modified: 27-06-2013, 02:04 AM by ЈорданПетровски.)
27-06-2013, 02:01 AM
Reply
Larsson Offline
Senior Member
****

Posts: 656
Joined: Sep 2011
Reputation: 6
#14

(27-06-2013, 02:01 AM)ЈорданПетровски Wrote: Тие 350 илјади отселени нема да се вратат само за работни места, бидејки голем дел од нив имале работни места во Македонија ама заминале, заминале затоа што во Македонија, царува, криминал, корупција у основно нема демократија, за тоа Зиков не рече ни збор.


Za ovaa rabota vece nikoj ne spomnuva i debatira,demokratijata e sekojdnevna borba i dokazuvanje ,toa go nema vo Makedonija,bez demokratija nema nisto,ni ekonomija ni butur....se sto oni zboruvaat e samopromocija i "agenda"...se dodeka ne se brkne dlaboko vo srzta na problemot nema razvoj...i pozitivna Makedonija...
28-06-2013, 01:58 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

Quote:Народното движење за Македонија информира дека е загрижена од последното, како што вели, наменско формирање на нови политички партии по нарачка и оценува дека ова е чекор назад во македонската демократија бидејќи не навраќа на настаните во македонската политика од почетоците на плурализмот „кога политички партии наместо на реални основачки собранија се формираа во кабинетите на македонската тајна полиција“.

07-07-2013, 05:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,839
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#16





20-09-2013, 05:30 PM
Reply