Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 8 Vote(s) - 3.75 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Венко Марковски
Author Message
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#1

Quote:„Гробарите“ на Венко Марковски

Никој нема право да пишува дека Венко е предавник. Предавство не е да ја пишуваш вистината. Предавници се тие што ги предизвикаа и создадоа условите за нашето заминување“, пишува Филимена Марковска, сопругата на поетот, во новиот број на списанието „Книжевно житие

Венко Марковски е народен поет и таков ќе остане. Воопшто не е важно дали тоа им се допаѓа на целата група академици, на чело со Гане Тодоровски. Не можам да речам, но си мислам, ако Венко беше жив, сигурна сум, со неговата насмевка, ќе одговореше: Не јадосувај се, луѓето не се секогаш на висината на задачата...“, пишува Филимена Марковска, сопругата на починатиот поет Венко Марковски, во полемичкиот одговор на пишувањата што лани и годинава се појавија во македонските медиуми.

Текстот на Филимена, со наслов „Измислиците околу личноста на поетот и академик Венко Марковски“, е објавен во новиот двоброј на списанието „Книжевно житие“ на книгоиздателството „Макавеј“.

Во текстот таа им одговара на редица македонски книжевни научници, проследувачи и писатели за ставовите изнесени за личноста и делото на Марковски, меѓу кои централно место му е посветено на академикот Гане Тодоровски, кој јавно истапи против рехабилитацијата на овој поет.

„Да го земам моливот ме натера човекот којшто често го менува влакното, а опашката ја врти таму од каде што дува ветрот. Не можам да поверувам дека тој човек пишува поезија и е, се разбира, поет... Тој поет е Гане Тодоровски, со звање академик, тој којшто си поставил единствена цел: до крајот на животот да се бори против Венко Марковски“, пишува Филимена и раскажува за последната средба со Тодоровски во април минатата година во Софија, со цел да пишува книга за Венко.

„Не помина многу време и кутриот поет Гане Тодоровски дава интервјуа против Венко. Нечесност и омраза дувка од неговата мисла и од неговата душа... Што и да прави со одрекувањето на Венко Марковски – Гане Тодоров ски никогаш нема да ја има љубовта на народот, туку само на ‘групировки‘, кои што се просрпски... Венко не се интересираше за ништо друго освен Македонија да биде ослободена од србизацијата. Со напади и со осквернување на поетот Венко Марковски нема да одите напред, а најмалку со неговото негирање. Напишаното од него е огромно“, пишува Филимена.

Таа открива и дека по пуштањето на Венко од затвор Тодоровски го посетил и му понудил да прави преводи на Жупанчич, Назор и други писатели, а бидејќи Марковски немал право да работи, преводите да ги потпишува Тодоровски. Марковска пишува и за тоа дека Гане Тодоровски учел како се пишува поезија од нејзиниот сопруг.

Марковска раскажува многубројни трагични случувања што го следеле Венко Марковски од создавањето на македонската држава по НОБ и револуцијата, па сé до неговото заминување во Бугарија во седмата деценија на минатиот век.

„Во последните години и денови од животот пишував и ќе пишувам додека има такви бескрупулозни мракобесници во Скопје, кои по дваесет години одново ги отворија устите. Безбели се истите што го одрекуваа неговото творештво, преку нивните поткажувања тој беше елиминиран и испратен во затворите на Титова Југославија. Тогаш навистина им пречеше, но зошто сега стануваат против него? Венко им беше трн во очите зашто не можеше да го гледа посрбувањето на Македонија“, пишува Филимена.

Таа во својот текст застанува против Блаже Конески, кој, како што вели, ја натурил српската азбука, против Гане Тодоровски, против Трајко Стаматовски, „којшто пишува измислици и ги заблудува читателите“, и против академиците Блаже Ристовски и Милан Ѓурчинов, кои исто така пишувале против Марковски, како и против Раде Силјан. Сите нив, таа, со едно име ги нарекува „гробари“ на Венко Марковски.

„Никој нема право да пишува дека Венко е предавник. Венко во своите творби ‘Мојот монолог‘ и ‘Крвта вода не бидува‘ јасно и недвосмислено напиша сé што му лежеше на душата. Предавство не е да ја пишуваш вистината за себеси и за својот народ. Предавници се тие што ги предизвикаа и создадоа условите за нашето заминување“, пишува Филимена.

Според издавачот „Макавеј“, во текстот се објавуваат непознати факти за многу монтирани настани, кои го дискредитирале авторот на првите книги на македонски јазик и еден од најпопуларните поети во повоена Македонија.

Во рубриката за критика и есеистика во овој број на „Книжевно житие“ е текстот на академикот Гане Тодоровски „Венковиот влог во македонската литература“, кој е, всушност, предговор кон книгата што Тодоровски ја подготвува за делото на Венко Марковски.

Автор: В.Д.
18-03-2010, 06:48 PM
Reply
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#2

Venko, pomedju drugo osuduvan e vo Makedonija zatoa shto pishuval za Todor Zivkov.
Da pishuval za Tito ke bil sigurno Akademik.

Quote:"Тој му ја позна, му ја погоди мислата на секој што му се јаде леб", од големиот Петре М. Андреевски;

"И каменот од подземја, да се искачи во висока куќа и нежно срце да проговори и низ прозорец да рече Тито" од акад. Радован Павловски;

"Сега се ведне сонцето спроти неговиот лик погледот да му го прибере мечтата да му ја смири" од акад. Матеја Матевски...
18-03-2010, 08:08 PM
Reply
ivan mihajlov Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,067
Joined: Feb 2010
Reputation: 8
#3

Арно го е кажал Марковски само дека во Р.Македония несакат да го знаат :


"От един народ създадохме ний два народа. От език един направихме езика два.
В името на истината бранехме заблуди. Стар ярем разбивахме. Ковехме нов хомот.
На България без жал делехме небосвода. Хвърляхме позор на майка с майчински слова...
(„Предания заветни“, песен втора)"

Венако Марковски
22-03-2010, 09:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Quote:Педесет години на операта "Гоце"



Авторите и изведувачите на првата македонска опера "Гоце"


Славомир Маринковиќ



Мајските оперски вечери '04 завршија со толку и толку прикажани претстави, имаа настапи на 23 и 25 мај, но не и на 24. Дваесет и четвртиот мајски ден остана празен термин на оперската сцена во изведбен поглед. Немаше ни претстава, ни концерт. А на тој ден пред рамно и цели 50 години (половина век, 24.5.1954) се роди македонската национална опера како творештво. Беше праизведена првата македонска оперска творба - "Гоце".

Јубилеи и годишнини можат да се прослават и одбележат, но не мора. Ништо не мора. Но, згодно е нешто да се направи, да се каже, да се посети... на корени, на пример. Можеби јубилеен концерт со арии, дуети... и хорови од досега изведени оперски творби чии автори се македонски композитори. Можеби.

Година 1954, Македонски народен театар. Оперската сцена, вечерта на 24 мај, врие со посебна возбуда. Егзалтираните уметници и ревносните технички соработници, иако зад себе веќе имаа 19 оперски премиери, нестрпливо го очекуваат кревањето на завесата за праизведбата на првата национална опера "Гоце". Слична е атмосферата и во преполнетиот салон за чии седишта со денови порано се бараше "билет повеќе". Може само да се замисли како се чувствувал 29-годишниот композитор Кирил Вангелов Македонски (1925-1984), авторот на "Гоце", кој подоцна ќе потпише уште две оперски творби ("Цар Самуил" во 1968 и "Илинден" во 1973 година), исто така со историска тематика.

Посебно висока "температура" ги обземаше непосредните автори на претставата и директните изведувачи и сценски техничари. Најмалку 250 личности чекаа - со поголема или со помала креативна трема - реостатот да ги згасне светлата во салонот и да се запалат сценските рефлектори. Својата творечка работа, покрај композиторите, веќе ја имаа завршено писателот Венко Марковски (1915-1988) чија исто насловена драма во стихови (1951) послужи како основа за либретото, сценографот Бранко Костовски (1924-1994), костимографката Ана Петрова, кореографот Александар Доброхотов (1909-1983), корепетиторот и хор-мајстор Ладислав Перлдик (1910-1988) и, секако, режисерот Петре Прличко (1907-1955) - прославениот актер во улога на творец на оперска претстава.

Сите учесници во изведбата беа на своите места пред 19.30 часот. Вокалните солисти и епизодистите, членовите на хорот и на оркестарот, машкиот балет и статистите во улога на "заптии, народ, жетвари, комити, војводи" беа на, до или зад сцената, во оркестарската "школка", на инспициентските позиции (Васил Атансов и Трајко Шуплев), во суфлерницата (Крум Арсов). Со појавувањето на маестро Тодор Скаловски пред диригентскиот пулт, чинот на првата изведба на првата македонска опера можеше да почне.

Оперското дејство ("се случува во Македонија, пред Илинден 1903 година") го толкуваа басот Данчо Митровски и сопранистката Зина Креља преку ликовите на Гоце и на Јана, напоредно со исполнителите на другите солистички партии: алтот Калина Милошевска (1914-1981) - Стојна, тенорот Боро Ацевски (1914-1959) - Тефик бег, тенорот Јордан Тодоровски - Огне, сопранистката Евдокија Доброхотова (1929-1995) - Неда, баритонот Димче Мариновски-Андон, и басот Стефан Демирев (1917-1968) - Пашата. Во ликовите на Телалот, Џеладин бег, Темелко, Кемал, Ордан, Васил, Пане, Коџобашија, Гавазот, Една жена, Бегови и Минувачи настапија: Спирос Куфојанакис, Димче Георгиевски, Киро Стојановски, Михо Христовски, Тома Мартиновски, Васил Јаневски, Тома Велков, Александар Шулев, Серго Јаневски, Јанко Зембра, Вјачеслав Суходолски, Божидар Христовски, Илија Василев, Себастијан Лекај, Коста Бандев, Бошко Боцев, Пеце Христовски и Јулка Јовчевска.

Крајот на операта (4 чина, 7 слики) беше поздравен со бурни ракоплескања, настанот вреднуван како значаен чин во културното живеење и проследен со уметнички и општествено-политички пораки и желби за нови успеси... Уследија меѓусебни честитки на композиторот, диригентот, режисерот, изведувачите и добронамерниците, пред публиката која го искажуваше своето задоволство што присуствувала на раѓањето на македонската оперска "продуктива".

Финалето на целиот проект беше критиката. Се појавија десетина текстови како одгласи, оцени, извештаи, рецензии, мислења. Д-р Виктор Шафранек ("Нова Македонија") забележа дека "операта "Гоце" спаѓа меѓу најуспешните југословенски опери изведени по Ослободувањето", зашто "музиката е чесна, авторот не одел кон ефекти, делото е создадено во еден здив и тој (композиторот - м.з.) останал верен на националната школа". Шафранек смета дека авторот му оставил релативно мал простор на ликот на Гоце и дека, според него, недостасува љубовна сцена меѓу Гоце и Јана. Во својот критичарски текст Томе Арсовски ("Млада литература") на операта и на изведбата им дава широка и голема поддршка: "Бараме збор што ќе биде најблизок до композиторот и до реализацијата... тој збор би бил: искреност. Искреност во потходот, искреност во залагањето и искреност во резултатот". Во дневниот и во периодичниот печат ("Нова Македонија", "Современост", "Разгледи"...) определени текстови - под кои се потпишани Александар Кировски и Драган Хаџи Бошков, беа "против" и предизвикаа реакции на музичките уметници (Кирил Спировски, Ладислав Палфи, Кирил Македонски...) па овие проговорија за "непрофесионалноста, контрадикторноста, незнаењето..." на некои музички критичари.

Минатата година, Драгослав Ортаков и Фимчо Муратовски во својот труд "Волшебниот Орфеј" - посветен на 55-годишнината на оперскиот ансамбл на МНТ, се произнесоа, јасно, и за македонското оперско творештво (од 1954 до 1989 година во МНТ се прикажани 11 македонски опери), а во тие рамки и за "Гоце". Двајцата компетентни автори забележуваат дека прикажувањето на првата македонска опера "Гоце" од Кирил Македонски "претставува значаен историски чин. Сам по себе овој настан претставуваше светол датум во дејноста на нашиот музички театар и како таков беше очекуван и прифатен од целата културна јавност. Појавата на ова дело, неполни десет години по Ослободувањето, беше уште едно од многуте сведоштва за исклучително бујниот растеж на македонската култура во повоените години". Ортаков и Муратовски во наведениот труд се потсетуваат и на оцената што за "Гоце" ја даде композиторот Миховил Логар: "И оваа прва македонска опера е израз на огромниот културен напредок на оваа земја. Таа е израз на народниот дух македонски и на слободата во која тој создава". По изнесените забелешки во музичка и драмска смисла, Логар заклучува дека "првиот и најсилен впечаток на слушателите е искреноста со која Кирил Македонски му приоѓа на делото: на импозантната партитура на музиката за седумте разнообразни и сугестивни слики".

Чинот беше изведен, раѓањето на македонската опра се случи. А колку не е лесно и едноставно да се напише опера или колку не е исплатливо, говори податокот - наспроти очекувањето на критиката "нека веруваме дека овој настан ќе ги инспирира нашите композитори на нови потфати" - дека втората македонска опера ("Пајажина" од Тома Прошев) "се случи" по рамно 12 години во МНТ, односно 10 доколку ја имаме предвид нејзината праизведба во Риека во 1964 година.
13-11-2010, 03:15 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5



Quote:Венко сфати дека Темпо ја србизира македонската борба



Пред две недели, по деведесет и две години живот во Македонија и во Бугарија, почина Филимена Марковска, сопруга на поетот Венко Марковски. Пред четири години, првпат, по речиси четири децении молк, имавме ексклузивна можност да разговараме со неа, а таа отворено да зборува за запознавањето со Венко, за нивната свадба, за неговото дружење со Рацин, за судирот со Колишевски, за присилното враќање во Софија во 1966 година, за смртта на нивниот син Миле, за своите илјада страници дневник посветени на Венко, за барањето за негова рехабилитација. „Нова Македонија“ во две продолженија ќе објави извадоци од тие разговори



[Image: fil-mark-nas.jpg]
ПО СМРТТА НА ФИЛИМЕНА, СОПРУГА НА ПОЕТОТ ВЕНКО МАРКОВСКИ (1)

Кога разговаравме со Филимена Марковска во Софија, таа точно 41 година не беше стапнала во Македонија, а одлично го зборуваше македонскиот јазик. Прашав како успеала да го зачува, да не го заборави, а таа со насмевка ми одговори дека мајчиниот јазик никогаш не се заборава.

Веднаш потоа додаде дека дома, со Венко и со децата, постојано разговарале на мајчин јазик, не сакаше да каже македонски, а Венко до последниот миг од животот го слушал радиото Скопје. И не само што ги следел сите настани во Македонија туку секојдневно разговарале за сѐ што се случувало преку границата, која по заминувањето во Бугарија во 1966-та, односно 1967 година, никогаш веќе не ја поминале. По смртта на Венко во 1988 година, само неколку месеци пред да прослават педесет години брак, продолжила да живее со својата ќерка Султана во елитната населба Бања, каде што за време на комунизмот живееја врвните, елитни писатели, професори и интелектуалци на Бугарија.

ДНЕВНИКОТ „НЕМ СВЕДОК“

Денес ова мало гратче на интелектуалци, оддалечено од центарот на Софија околу седумдесетина километри, полека го заземаат новите богаташи градејќи луксузни дворци врз поранешните вили на интелектуалната бугарска елита. Сега, по смртта на Филимена, државата веројатно ќе ја одземе вилата што ја користеа со децении, иако таа, како што тогаш ни рече во разговорот, сакаше да ја претвори во дом на поети, со постојана поставка на ракописите и предметите што ги користел нејзиниот сопруг.

Во својот дневник со наслов „Нем сведок“, Филимена вели дека ги има запишано сите најбитни настани поврзани со Венко од неговото дефинитивно преселување во Софија во 1966-та, па сѐ до неговата смрт на седумдесет и три години. Неговиот вечен дом е на Централните софиски гробишта, односно со него почнува алејата „Вера, надеж и љубов“. За разлика од гробот на неговиот син Миле, на кој има монументален споменик од камен, направен во времето кога Венко Марковски имал голем углед и висок статус во бугарското општество, кога неговите дела биле објавувани, кога добивал големи хонорари за поезија и антимакедонска пропаганда, а бил и академик на Бугарската академија на науките и уметностите, на гробот на контроверзниот поет нема никаков споменик, а неговото име е напишано на парче лим. Сега Филимена веројатно е закопана во оној празен простор меѓу гробот на Венко и гробот на нивниот син Миле Марковски. Инаку, мозокот и срцето на Венко сѐ уште се чуваат во Националниот историски музеј во Софија.

ВЕНИАМИН, ВЕЛИМИР, ВЕНКО

Разговорот со Филимена Марковска, која по ослободувањето работела како професорка во гимназиите „Јосип Броз Тито“ и средното економско училиште „Борис Кидрич“, а потоа и како виш архивист во Архивот на Македонија, го започнавме во Македонскиот културен центар во Софија, а го завршивме на гробот на Венко Марковски на Централните гробишта во Софија, каде што почиваат и Ѓорче Петров, Крсте Петков Мисирков, Војдан Чернодрински, Христо Матов...

[Image: filimena-venko.jpg]
Филимена и Венко Марковски

- Венко има извонредно богата биографија. Таа е трагична и тешка. Животот му беше богат со настани од секаков вид, со неподносливи маки и нервози - од првиот ден, кога проодел, до последниот миг пред смртта. Сакам да се прецизираат некои податоци што се објавуваат во врска со раѓањето и името на Венко. Тој е роден на 5 март 1915 година во Скопје, крстен бил како Вениамин, значи воопшто не е познато името Велјан што го користат некои историчари во Скопје. Во српската гимназија го преименуваат во Велимир. Татко му се викаше Милан, а дедо му Тоше. Прадедо му е Марко и оттука доаѓа и неговото име Вениамин Миланов Тошев-Марковски. Кога во 1937 година илегално, по затворските денови во Скопје, бега преку Алпите во Австрија, а оттаму во Софија, бугарскиот поет по потекло од Македонија, Теодор Трајанов - негов пријател и учител по ритмика - го прекрстува во Венко. Како и да е, подоцна, по излегувањето од концентрациониот логор во Еникој и престојот во санаториумот „Искрец“, заедно со Петре Богданов-Кочко организиравме сѐ за наше префрлување во партизански одред.

КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ НЀ ПРЕЧЕКА ВО СКОПЈЕ

Венко е уапсен и затворен во централниот софиски затвор. Со помош на воен адвокат успеваат да го ослободат од затворот и уште истата вечер сите заедно - Петре Богданов-Кочко, Венко, Филимена и нивниот четиригодишен син тргнуваат за Скопје.

- Во градот бевме сместени во куќата на Никола Вражалски. Се видовме со Кузман Јосифовски-Питу. Целата ноќ не им стигна за да разговараат со Венко за иднината на Македонија, но и за последиците од војната. Од Скопје заминавме за Охрид, а оттаму илегално за Дебарца. Веднаш по доаѓањето меѓу македонските партизани, Венко сфати дека движењето е целосно србизирано. Во една пригода ми кажа: „Темпо и Орце (веројатно се мисли на инструкторот Б. Радосавлевиќ) не ми се допаѓаат. Гледам дека спроведуваат политика на србизација на Македонија“. Затоа ги набљудуваше внимателно. Дефинитивно се увери во тоа кога Темпо му даде концепт за манифест со кој требаше да му се обратат на македонскиот народ. Се сеќавам дека на Венко воопшто не му се допадна сувиот и високопарен стил. Тој напиша многу поетичен текст, од секој ред се чувствуваше дека го пишувал поет, и затоа обраќањето беше прифатено со радост од народот - вели Филимена Марковска.

ИЗДАДЕ ПОЕТСКА ЗБИРКА ПРЕД РАЦИН

Дополнувајќи некои од истражувањата на македонските историчари, во кои, според Марковска, има доста произволности, па дури и целосно погрешни податоци, кои се претставуваат како факти, таа потврди дека Венко бил член на Главниот штаб на Македонија, член на АВНОЈ, народен пратеник во Македонија и пратеник во Народното собрание на Југославија до 1949 година, кога целосно се убедил, како што рече, во антинародната и просрпска суштина на власта.

- Сигурно знаете дека Венко во 1938 година прв во Македонија издаде две книги на македонски јазик. Тоа се книгите „Народни бигори“, со предговор и оценка од тогаш најголемиот бугарски лингвист со светски глас, академик Стефан Младенов, и „Огнот“. Дури една година подоцна, во 1939 година, излезе од печат „Бели мугри“ на Кочо Рацин, а во 1940 година и „М’скавици“ на Коле Неделковски. Во 1939 година Венко ги објави и „Лулкина песна“, „Чудна е Македонија“, како и „Илинден“, во 1940 година излегува и „Луна“, а во 1941 година „Бие дванаесет“, во која го претскажува крајот на германскиот фашизам и победата на Русија. На 6 јуни 1941 година Венко беше уапсен и испратен во логорот „Гонда вода“, а оттаму во Еникој, Ксантиско. Во неговиот опус има 58 сонетни венци, а комплетната поезија, проза, драми, есеи, статии и сатира, печатена под псевдонимот „Клукајдрвец“, сочинува цели 50 тома - вели Марковска во отвореното обраќање до македонските историчари.

ЗАТВОРСКИ КАРИЕРИЗАМ

Венко не беше славољубив, а уште помалку предавник или кариерист, ни рече во разговорот Филимена. Тој имаше широко срце и душа; ги споделуваше своите знаења и умеења со сите што бараа од него услуги и совети. Кариеризмот не му беше нужен. Огромното творештво и авторитет му ги отвораа сите врати во секое време и насекаде. Јазиците што ги говореше и со кои се служеше го правеа богат.

Можеше да чита и да комуницира на руски, француски, германски, италијански, српскохрватски, а во затворот беше започнал да го учи и англискиот јазик за да може да ги чита во оригинал Шекспир, Бајрон и Шели, иако многу нивни дела знаеше наизуст и во секое време можеше да ги рецитира. Исто така, сакам да знаете дека сите текстови на опери што се поставија во Македонскиот народен театар по ослободувањето беа преведени од оригинал исклучиво од Венко. Тој работеше заедно со прочуениот диригент Ловро Матачич, кој токму Венко го ослободи од скопскиот затвор. Ако има некаков „кариеризам“, тогаш може да стане збор само за неговиот затворски „кариеризам“. Никој од македонските поети не поминал во затвор и логор повеќе од него, рече Филимена додека одевме кон Централните гробишта во Софија.

[Image: reportaza-venko10.jpg]
Во ретките мигови на одмор
17-09-2012, 02:08 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6



Quote: Венко одби да напише дека е со Тито и Колишевски го испрати на Голи Оток



Еден ден ме повикаа во ЦК на партијата. Во кабинетот беа Лазар Колишевски, Видое Смилевски, Цветко Узуновски-Абаз, Крсте Црвенковски. Ми рекоа да го убедам Венко да напише и да објави само една единствена реченица: „Јас сум со народот, а народот е со Тито“. Ги поканив да дојдат дома, бидејќи тој е болен, и самите да му кажат што сакаат. И навистина, дојдоа дома. Венко лежеше во постела. Се разбира, одби да го напише тоа што го бараа. Излегоа од куќата бесни. Знаевме дека ништо добро не нѐ очекува, но не се надевавме дека ќе настрада целото семејство


[Image: venko-azbuka.jpg]
Венко со соработниците при изработката на македонската азбука

ПО СМРТТА НА ФИЛИМЕНА, СОПРУГА НА ПОЕТОТ ВЕНКО МАРКОВСКИ (2)

Според она што Филимена ни го кажа во разговорот пред четири години, Венко и Методи Андонов Ченто биле многу блиски, а одреден период Венко бил добар и со Михајло Апостолски, како и со цела една група во која влегувале Богоја Фотев, Петре Пирузе, Панко Брашнаров, Павел Шатев и Димитар Влахов.

- Таа група се спротивставуваше на србизацијата на Македонија - ни рече Филимена стоејќи пред гробот на својот сопруг. Всушност, со самиот почеток на новата власт во Македонија по војната, групата во која беа Ченто, Венко, Брашнаров, Шатев, Пирузе, Чучков, Фотев и Влахов се крена против србизацијата на Македонија спроведувана од Лазар Колишевски, Видое Смилевски, дотогаш непознат за никого, Цветко Узуновски-Абаз и други. Венко беше првиот што ги отвори прашањата за ликвидациите без суд и пресуда на невини луѓе убиени во Куманово и во Велес. Истата таа група се бореше против таквите работи, но не можеше да направи ништо. Не мина многу време и членовите еден по еден беа отстранувани од функциите што ги имаа, а УДБ-а се справи со секој од нив одделно. Прв беше осуден Ченто на 11 години затвор; Шатев и Брашнаров беа сменети, а подоцна и осудени.

Венко беше член на првите две комисии за јазикот 1944-1945. Уште од стартот беше убеден дека во азбуката треба да има букви за реално постојни гласови во јазикот. По неговото отстранување од работата на комисијата беше формирана трета, политичка комисија, која многу брзо ја наложи денешната азбука. Венко беше длабоко огорчен од наредбата на Белград и од неадекватната замена на темниот вокал со апостроф што не означува ништо.

РАНКОВИЌ ПОБАРАЛ ДА БИДЕ ИСКЛУЧЕН ОД ПАРТИЈАТА

Филимена се присети и на случајот по завршувањето на славистичкиот конгрес во Белград во 1946 година.

[Image: 382px-Venkomarkovski.jpg]

- Венко бил повикан од Александар Ранковиќ, кој веднаш му се нафрлил со закани и највулгарни зборови. Расправата била толку жолчна, па дури се стигнало и до кревање столови. Веднаш потоа Ранковиќ побарал од ЦК на Македонија, Венко итно да биде исклучен од партијата, а Колишевски и Смилевски тоа веднаш го извршуваат. Сепак, Венко не го загуби духот ни по тој настан. Имаше силен карактер, а тоа го разбеснуваше Колишевски. Тој и неговата клика веројатно сметаа дека Венко ќе клечи и ќе им се потчинува на новите полуграмотни раководители командувани од Белград. Скандалите што му ги местеа, бруталните статии и пишувања не успеаја да го уништат неговиот дух, но и народот беше со него, го сакаше како поет и човек.

Две години подоцна излегува Резолуцијата на Информбирото против Тито. Во тоа време Венко веќе е болен, со постојана температура. Белите дробови му се многу ослабени; не може да стане од креветот. Следната 1949 година е судбоносна.

- Нѐ следеа деноноќно - ни рече Филимена. - Бевме во домашен притвор. Еден ден ме повикаа во ЦК на партијата. Во кабинетот беа Колишевски, Смилевски, Абаз, Крсте Црвенковски. Ми рекоа да го убедам Венко да напише и да објави само една единствена реченица: „Јас сум со народот, а народот е со Тито“. Одговорив дека не можам да влијаам на Венко. Ги поканив да дојдат дома, бидејќи тој е болен, и самите да му кажат што сакаат. И навистина, дојдоа дома. Венко лежеше во постела. Се сеќавам дека го читаше „Сирано де Бержерак“. Им го прочита најсилниот сатиричен дел. Се разбира, одби да го напише тоа што го бараа. Излегоа од куќата бесни. Знаевме дека ништо добро не нѐ очекува, но не се надевавме дека ќе настрада целото семејство. Прв беше одведен Венко, по него Миле, па Султана, Љупка, татко ми Владо, мајка ми Кона, брат ми Благој. Децата со баба Љуба беа интернирани, а родителите и брат ми затворени. Наскоро потоа беа уапсени Гиле и Бојан, зетови на Венко, а подоцна и сестра му Дока, па мојата тетка, сестра на мајка ми, и нејзиниот син Коле, како и мајката на Љупка и сите други што доаѓаа кај нас. Вкупниот број беше 24 лица. Долго време не знаев каде ни се децата. По интервенција на Обединетите нации, по протестните ноти испратени од страна на Бугарија, бевме ослободени.

[Image: filimena.jpg]
Една од последните снимки на Филимена Марковска

ВО ЗАТВОР ЈА НАПИША ДРАМАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Филимена и Венко не биле интернирани. Татко ѝ, мајка ѝ и брат ѝ биле тепани и малтретирани, односно заплашувани дека ќе бидат убиени ако не кажат сѐ што тајно пишувал Венко.
- Постојано бевме пред револверите на иследниците - рече Филимена. - При апсењето беше одземен романот „Тома Горин“, една книга во ракопис на Павел Шатев „За нациите“, сите писма на Илја Еренбург, Отон Жупанчич, Владимир Назор, Мирослав Крлежа, Иво Андриќ, кој ни беше гостин во Скопје, како и писмата на Пол Елијар, кој исто така беше наш гостин. Дали е зачувано нешто од таа архива - не знам. Но знам дека Венко цел живот жалеше за својот роман „Тома Горин“. Во него беше одразен целиот тогашен општествен живот во Југославија, а особено во Македонија. Во затворот Венко ја напиша драмата „Гоце Делчев“, а ракописот остана кај неговиот иследник Слободан Цветковиќ. И по излегувањето од затворот не се промени нашиот живот. Насекаде бевме следени од провокатори и шпиони. За да го контролираат, Венко беше назначен за драматург во Народниот театар, а таму требаше да работи под агентското око на Перо Коробар, мој братучед по таткова линија. Иако ми беше братучед, воопшто не му пречело секој ден да доставува грозни извештаи во УДБ-а за дејноста на Венко во театарот. Драмата „Гоце“, која му ја зачува иследникот Цветковиќ, беше поставена и беше играна со огромен успех; салонот беше преполн со публика, а актерите беа поздравувани со овации. Композиторот Кирил Македонски напиша музика врз тој текст и така беше создадена првата македонска опера - се сеќаваше Филимена Марковска пред гробот на својот сопруг.

ПЕТ ГОДИНИ НА ГОЛИ ОТОК ЗА ИЛЕГАЛНА КНИГА

По пат, додека излегувавме од гробиштата, зборуваше за илегалната книга „Современите парадокси“. Книгата била отпечатена тајно и растурена исто така илегално. Била испратена до сите амбасади и прогресивни интелектуалци во Југославија. Според Филимена, УДБ-а никогаш немало да открие кој е нејзиниот автор ако самиот Венко не му ја однел лично на полуграмотниот дрводелец од Велес, чие име таа не сакаше да го спомне. Страшливецот ја зел книгата и ја предал во УДБ-а, откривајќи ја анонимноста на авторот. Веднаш потоа, на 7 јануари 1956 година, Венко е уапсен, суден и осуден на пет години строг затвор и на две години лишување од граѓанските права.

- Беше испратен на Голи Оток, со надеж дека таму ќе биде докрајчен. Сепак, успеа да преживее и беше ослободен на 7 јануари 1961 година.

Филимена и Венко во заедничкиот педесетгодишен живот имале две деца - еден син и една ќерка. Синот Миле беше даровит поет, особено во детската проза. Тој беше трагично убиен на 36-годишна возраст во Софија.

- Нашата ќерка Султана беше исклучително талентирана пијанистка, која на неполни 16 години заврши средно училиште со одличен успех, а со одличен концертен испит влезе во Музичката академија во Белград. Како одлична студентка доби стипендија од Москва, но некаква чиновничка Милка Божикова од Министерството за култура на Македонија, по инструкции на УДБ-а, ја пречекала со шлаканици, и тоа пред сведоци, а не ѝ даде пасош за странство. Ќерка ми Султана поднесе жалба во судот, па Божикова беше осудена јавно да се извини. Сето тоа ја прелеа чашата на трпението, и Венко, кој веќе беше болен по малтретирањата низ затворите и логорите, посака да се лекува во Русија. Логорот Голи Оток, каде што беше пет години, Венко го напушти со рана на главата од тепање. Поради таа повреда доби атрофија на централниот очен нерв и почна да го губи видот. Во Скопје го лекуваше неговиот соученик д-р Миовски, но лекувањето беше неуспешно.

По тортурата врз Султана, Венко тврдо решава да го напушти Скопје, барајќи да му се издаде задграничен пасош. Со помош на Вера Талевска, сопруга на композиторот Властимир Николовски, со кого работеле на поемата „Тажачка“, посветена на земјотресот, заедно одат во полиција и Венко најпосле добива пасош. - Со писмо од Иван Аржентински, бугарски писател-сатиричар, наш многу добар пријател, Венко замина за Бугарија, а потоа и за Москва. Значи, тој никогаш не бил во Одеса, како што тврдат некои скопски историчари. Откако беше предупреден дека одново ќе биде уапсен, Венко дефинитивно реши да остане засекогаш во Бугарија, а ќерката да учи во Москва.

НИКОГАШ НЕ СТАНА МОНЕТА ЗА РАЗМЕНА

Сакам да подвлечам дека Венко никогаш не падна духовно, беше исклучително силна личност. Доста операции издржа без да трепне, но загинувањето на нашиот син Миле, како за него, така и за мене, беше тежок удар, кој не можевме да го издржиме. Венко одвај не беше покосен од инфаркт.

Исто така, сакам да подвлечам дека по доаѓањето во Софија, Венко никогаш не стана монета за размена. При една средба на Живков со Тито во 1967 година, Живков меѓу другото го поставил прашањето да ми се издаде пасош за да се преселам во Софија. Тито му ветил и, навистина, по два месеца добив таков пасош и го напуштив Скопје. Тој се гордееше дека е роден во Скопје и дека сестра му Параскева била член на ВМРО. Сите зборови кажани од Венко во последните денови на животот се запишани и зачувани за поколенијата. И уште нешто. Кога Венко ја напиша книгата „Крвта вода не станува“, како одговор на скопските фалсификати на историјата, јас му прочитав илјадници страници историски документи за Македонија и нејзината судбина. Венко во неа кажува дека е Бугарин, и како Бугарин умре. Таа книга не беше напишана од памет, заврши Филимена кога веќе повторно се вративме во Македонскиот културен центар во Софија.

Сега и таа лежи до Венко во Централните софиски гробишта. Како Бугарка или како Македонка, знае само таа, и господ.
18-09-2012, 08:54 PM
Reply
Kasandar Offline
Member
***

Posts: 118
Joined: Jun 2010
Reputation: 0
#7















27-09-2012, 10:29 PM
Reply
nescafe Offline
Member
***

Posts: 91
Joined: Dec 2012
Reputation: 9
#8

Малко отклонение - баща ми, Бог да го прости, ме водеше с него като дете, виждал съм Венко Марковски. Не е хубаво така да се говори за мъртъв човек, но подлога си е бил на Тодор Живков и такъв си е умрял. Сигурно ще го героизират като македонец или българин, като патриот и всякакъв, но трябва да се знае, че в България литераторите го имаха за доносник на властта и той се ползваше с всички привилегии на доносниците, независимо дали са българи, македонци или марсианци.

Ако трябва да търсите герои - защо забравяте почтени, свестни хора като Христо Попсимов? Внук на Григор Пърличев, в края на живота си нямаше къде да пише, използваше един куфар, пълен с книги, за бюро, да пише стихове. Носил съм му храна като дете, живееше в пълна мизерия, един кадърен, почтен, честен човек.

Аз казвам - ако някой друг иска Венко Марковски, халал да му е. Не искам нищо общо с него.

(This post was last modified: 06-02-2013, 06:37 PM by nescafe.)
06-02-2013, 06:35 PM
Reply
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15
#9

Датум: 30.01.2014, 15:56

ГИ ЗАБОРАВАМЕ ЛИ ВЕЛИKАНИТЕ

Венко Марковски заслужува да биде лектира

Во 1968 година, во времето на големите студентски и антикапиталистички демонстрации и нереди во Франција, министерот на полицијата дојде кај претседателот Де Гол и му реферира: Претседателе, денес уапсивме околу триста демонстранти, студенти, асистенти и професори од „Сорбона“ и од другите универзитети. Меѓу нив е и филозофот Жан Пол Сартр! Тогаш генералот Де Гол му одговара: Министре, Франција не ги апси своите великани! Се разбира, истиот ден Сартр е ослободен, а министерот е разрешен. Ние исто така, бидејќи сме правно и демократско општество и држава, не ги апсиме, но ниту ги рехабилитираме нашите великани.

Веќе пишував во два-три наврати, за случаите на Ченто, Панко Брашнаров, Димитар Влахов, Васил Ивановски, Kрсте Шакир, Петре Пирузе, Епаминода Попандонов, Лазо Соколов, Владимир Полежина и многу други - асномци, вмровци, инфорбировци, либерали и други заслужни за оваа нација и за оваа држава. Меѓу нив немаше многу културници, писатели, поети, ги имаше малкумина како Панче Пешев, Рацин, Kоле Неделковски и по уште некој.

И така, се навратив на случајот на Венко Марковски, кој долго време југословенските „служби“, па и македонските, го држеа во „фризер“. Се ми се чини дека и денес има некои резерви кон неговото творештво или национална определба. Имаше, во последните години, особено од 1988 г. до 2009 г. неколку книги и прилози, на Гане Тодоровски, Георги Старделов, Раде Силјан, Блаже Миноски и други за неговиот придонес на македонската литература и јазик. Имаше во последно време и некои сосем коректни и убави фељтони во медиумите, за неговата судбина, партизанштина и страдања на Голи Оток. За него пишуваа и историчарите Ачкоска и Жежов, вбројувајќи го во „репресираните“. Бугарите, се разбира, го својатаат и го злоупотребуваат. Убав пример за истојазичноста и за истата култура? Неумности. Венко почина во Софија, 1988 г., пред четврт век. Скопјанец, роден 1915 г. во Дебар Маало. Бевме комшии, синот Миле Марковски, кој подоцна загина во неразјаснета „трамвајска“ незгода во Софија, до последен момент се изјаснуваше за Македонец. Но, се сеќавам на неговите настапи во литерарниот кружок во гимназијата „Јосип Броз Тито“, во тоа време т.н. женска гимназија. Со ќерката Султана одевме заедно во Музичката средна школа.

И што се случуваше со Венко? Едноставно, беше еден од основоположниците на модерната македонска литература и македонски јазик, но и како Вапцаров , Антон Панов и други - беше комунист. Вистина е дека Васил Иљоски, прв, некаде 1935-6 г. во Kуманово ги изведуваше своите драми, Бегалка и другите на македонски, за што си ја заработи од српските власти - забраната. Но, во 1938 г. Венко Марковски, првпат, во Софија, на чист македонски јазик, во тоа време с` уште нестандиризиран, со многу апострофи итн. ги објави своите две литерарни збирки – „Огонот“ и „Народниот бигор“; во втората збирка е вклучена и маестралната поема „Жетварите“. Дури една година подоцна, 1939 г., во загрепски „Самобор“, Kочо Рацин, ќе ги објави „Бели мугри“. Венко се придружува на партизанското движење во Македонија. Против кого е тоа движење? Против бугарската фашистичка власт и окупација. Станува член на АСНОМ. Но, пред тоа е член на првиот Иницијативен одбор за АСНОМ, уште од ноември 1943 г. Потем пак, заедно со Шоптрајанов, Тошев, Kиселинов, Проданов, Петрушевски, Џамбаз, Павловски и др. ја установија Јазичната комисија на првиот македонски Президиум.

Бугарите денес ќе истакнат дека во Kомисијата, Марковски се залагал за „мало и големо ЕР“. Нема врска, Марковски е еден од основоположниците на македонската азбука и литература. Најважно е што, сепак, ние, децата го изучувавме „на школо“, макар што веќе беше забранет, а неговите драми „симнати од репертоар“. Па сепак, во летото 1945 г., доаѓа до познатата „диференцијација“, во ЦK на KПМ; во „антипартиската“, односно македонистичка и сепаратистичка група ќе се вбројат - Ченто, Пирузе, Соколов, Апостолски, Влахов, Глигоров, Попандонов, Хаџипанзов и мн. други. Но, некои, како Ченто, Брашнаров, Влахов и Марковски, ќе се одржат уште некоја година. Имено, во Македонија беа преголеми авторитети во народот, за да може режимот да ги ликвидира веднаш. Затоа, две-три години подоцна им се „намонтирани“ сталинистичките процеси. Голооточки казни. Венко издржува четиригодишна казна и се враќа, по тешки тортури, со сериозно нарушено здравје. Речиси полуслеп. Гане во својата „Kнига за Венко Марковски“ (2009) ги следи „трагите и трагиката“, но и дилемите и прашањата што си ги поставувал самиот на себе - големиот поет.

Некаде, 1966 г. треба да оди на операција и третман во Русија, но бара оттаму да патува за Бугарија. Разочаран е од татковината. Црвенковски во своите записи, пишува дека можеби бил и малку суетен и очекувал премногу. Во тоа време, Живков доаѓа во Белград и има разговори со Тито и со Црвенковски, и прашува што со Венко, кој би сакал да остане во Бугарија? Овие му велат с` е во ред, но, под услов да не го користите во антимакедонска и антијугословенска пропаганда! И така било, Венко останал, но го искористиле и злоупотребиле. Не затоа што веднаш се декларирал за „репресиран Бугарин од Македонија“; првата објавена песна во Софија му била „Одата на Мао Ѕедунг“... И потоа, таму ќе го избираат за академик, ќе му ги даваат сите титули, привилегии итн. Впрочем, како што и на крајот на животот, на сиромашниот Kрсте Петков Мисирков, му дале пензија, но под услов да се откаже од „Македонцките работи“.

Ќе прашате - двоен идентитет, конвертит, просветлен или освестен Бугарин? Не занесувајте се. Мојот колега и пријател, хрватскиот автор Златко Kрамариќ, сосем добро го осветли проблемот на „двојните културни идентитети“. На пр. во случајот на Миладиновците, или на Штросмајер, Станко Враз и Људевит Гај или, пак, на Иван Мештровиќ. Kај Марковски, мислам дека беше манипулација со неговата личност и творештво. Но, затоа да се откажеме од Венко Марковски? Напротив, треба сесрдно да го вклучиме во нашата литература, треба да ги објавуваме и преобјавуваме „Жетварите“ и „Народниот бигор“ и „Огонот“! И да ги вклучиме во лектирите, исто како што треба да го вклучиме и Вапцаров. Па, не само тоа. Да го одбележиме во неговото родно Скопје со некој споменик, улица? Таму каде што е роден Венко, улиците се Грубишиќ, Туцовиќ итн. Да ~ дадеме име на некоја наша библиотека „Венко Марковски“?

Димитар МИРЧЕВ

Аз лично не бих подценявал т.нар. "двоен" или "множествен" идентитет...В представите ми именно югославянството е форма на "множествена" идентичност...


Иначе т.нар. едноставен идентитет от типа на "не занесувайте се" ражда текстове като този -

ОТРОДНИЦИ

Отродници клети,
нищожни отрепки,
от майка проклети
бидете навеки.
Сам Бог нека Ви прости -
от нашата кръв сте.
Ний сите сме гости
и сите се кръстим.
Напраи ни по-благи
рисиянски чеда
сам апостол Павле
и Христос ни гледа.
А тогаш каде беа
бугарите ваши?
На Тангра се молеа
скитащи апаши.
Вратете се, бракя,
елате при нас,
турете на рака
свойот компас.
Турете на сърце
рацете свои.
Бугарин, сърбин
или гъркот ви спои.
Дърво без корен
ке вейне, се знай.
На стълбот позорен
ке висиш безкрай.

Димитър Иванов

http://www.narodnavolja.com/articles2014/02/txt18.asp

Авторът се вдъхновява поне в началото на "проникновението" си от един голям поет, приятел и биограф на Г. Делчев...но нейсе

http://www.slovo.bg/showwork.php3?AuID=1...24&Level=3

Одродници клети ....че и от майка проклети; пък и позорен стълб...кой ли е лиричният герой на този "брилянтен" автор...
30-01-2014, 06:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

Quote:

[Image: 73482550_10156649300282963_5556502656597...e=5E2106E4]


Dime Ratajkoski

3 hrs
„Во началните дни на 1948 година се прсна слух низ Скопје дека Венко Марковски има напишано роман во стихови со филозофски карактер... И токму затоа не беше чудно што на состанокот во Друштвото на писателите на Македонија на ден 6-ти април 1948 година, кога Венко го читаше својот роман, кадешто обично се држеа состаноците, не беше како и секогаш! Бројот на присутните беше тројно поголем а самата атмосфера навестуваше дека ќе се одигра нешто неочекувано, дека на ова место ќе се одржи двобој меѓу гонителите и обожавателите на Венко. Затегната атмосфера околу Венко, по забраната на неговата пиеса „За родниот кат”, се изоструваше. Лошите лични односи меѓу Венко и некои од Управата на Друштвото на македонските писатели беа очевидни и разбирливи и забележливи за секого... Нестрпливо се очекуваше дискусијата по повод романот „Тома Горин”… Читањето траеше околу четири часа. Романот имаше 5555 стихови.
Блаже Конески започна прв:
-„Мојот основен впечаток за овој роман е, имено, дека е тоа текст нејасен и неконкретен! Ова е застој. Од каде ваков застој? Па овдека имаме јасно изразени црти на мегаломанија”...
Зема збор Коле Чашуле... Чашуле беше главниот обвинител...
-„Стварноста изнесена во романот- објаснуваше Чашуле - не одговара ни на социјалистичкото ни на комунистичкото општество! Дејствието е наивно, неопрвдано и измислено. Ликовите не се луѓе од комунистичкото општество!”
Славко Јаневски „докажуваше” како „Тома Горин” претставува роман од научната фантастика. Благоја Корубин го постави прашањето дали „Тома Горин” претставува роман?
Последен дискутатнт беше Димитар Митрев.
-„Проблемот за животот и смртта е разрешен и нема потреба од литературно разрешување, во романи како Венковиот” – рече Митрев.
Во салата настана чудна тишина. Сите молчеа, се погледнуваа, неоти бараа со очи одговори но ненајдуваа. Јасно беше, се чувствуваше дека на овој состанок не се води некоја обична дискусија по некое обично читање на необјавена творба! Се чувствуваше дека овој состанок во Друштвото на писателите на Македонија е состанок на кој треба да се расчисти со Венко, да биде ликвидиран тој како творец и тоа на официјално литературно поприште – редовен состанок на ДПМ. Но- зошто и како? Тоа беше недоловливо и неприближливо како тајната на ѕвездите! Седнат на сниското столче веднаш до прозорецот што гледаше на улицата Венко молчеше и слушаше...”
(Извадоци од расказот „Венковиот „Тома Горин” – Двобојот во Друштвото на македонски писатели” од Гане Тодоровски, април 1948 година. )
***
Василије Поповиќ – Цицо, мајсторот на македонскиот и југословенски цртеж на најоригинален начен ја изработи Венковата карикатура, вбројуваќи го во великаните на своето време.
31-10-2019, 10:20 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 16,253
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#11

(31-10-2019, 10:20 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:

[Image: 73482550_10156649300282963_5556502656597...e=5E2106E4]


Dime Ratajkoski

3 hrs
„Во началните дни на 1948 година се прсна слух низ Скопје дека Венко Марковски има напишано роман во стихови со филозофски карактер... И токму затоа не беше чудно што на состанокот во Друштвото на писателите на Македонија на ден 6-ти април 1948 година, кога Венко го читаше својот роман, кадешто обично се држеа состаноците, не беше како и секогаш! Бројот на присутните беше тројно поголем а самата атмосфера навестуваше дека ќе се одигра нешто неочекувано, дека на ова место ќе се одржи двобој меѓу гонителите и обожавателите на Венко. Затегната атмосфера околу Венко, по забраната на неговата пиеса „За родниот кат”, се изоструваше. Лошите лични односи меѓу Венко и некои од Управата на Друштвото на македонските писатели беа очевидни и разбирливи и забележливи за секого... Нестрпливо се очекуваше дискусијата по повод романот „Тома Горин”… Читањето траеше околу четири часа. Романот имаше 5555 стихови.
Блаже Конески започна прв:
-„Мојот основен впечаток за овој роман е, имено, дека е тоа текст нејасен и неконкретен! Ова е застој. Од каде ваков застој? Па овдека имаме јасно изразени црти на мегаломанија”...
Зема збор Коле Чашуле... Чашуле беше главниот обвинител...
-„Стварноста изнесена во романот- објаснуваше Чашуле - не одговара ни на социјалистичкото ни на комунистичкото општество! Дејствието е наивно, неопрвдано и измислено. Ликовите не се луѓе од комунистичкото општество!”
Славко Јаневски „докажуваше” како „Тома Горин” претставува роман од научната фантастика. Благоја Корубин го постави прашањето дали „Тома Горин” претставува роман?
Последен дискутатнт беше Димитар Митрев.
-„Проблемот за животот и смртта е разрешен и нема потреба од литературно разрешување, во романи како Венковиот” – рече Митрев.
Во салата настана чудна тишина. Сите молчеа, се погледнуваа, неоти бараа со очи одговори но ненајдуваа. Јасно беше, се чувствуваше дека на овој состанок не се води некоја обична дискусија по некое обично читање на необјавена творба! Се чувствуваше дека овој состанок во Друштвото на писателите на Македонија е состанок на кој треба да се расчисти со Венко, да биде ликвидиран тој како творец и тоа на официјално литературно поприште – редовен состанок на ДПМ. Но- зошто и како? Тоа беше недоловливо и неприближливо како тајната на ѕвездите! Седнат на сниското столче веднаш до прозорецот што гледаше на улицата Венко молчеше и слушаше...”
(Извадоци од расказот „Венковиот „Тома Горин” – Двобојот во Друштвото на македонски писатели” од Гане Тодоровски, април 1948 година. )
***
Василије Поповиќ – Цицо, мајсторот на македонскиот и југословенски цртеж на најоригинален начен ја изработи Венковата карикатура, вбројуваќи го во великаните на своето време.



Quote:Gorazd Rosoklija

2h


Тој состанок на ДПМ во 1948 година има свое продолжение во 1949 година. Следува прогон и апсење на целото семејство. Јас се раѓам на 21 април 1949 година, и на 9 месечна возраст останувам без родителите, оставен на 10 годишна сестра (Бранислава) која се грижи за мене, за другата сестра која има 5 години и за тетка, сестра на мајка ми и на Венко, која е во фаза на умирање од рак, инаку една од основоположничките на женската ВМРО-вска организација, Параскева Марковска. УДБА доаѓа дома, ги апси родителите, ја наоѓа книгата ,,Тома Горин“ која и не е забранета и ја запленува. Покрај нашето семејство, уапсено е и семејството на вујна ми, сопругата на Венко, нејзиниот брат Благоја и сопругата Ленче, за поседување на ,,Тома Горин“, сите заедно се однесени во истражниот затвор на Кале. Следат секојдневни претреси при што еден од инспекторите Слободан ја раскрвавува сестра ми со шамар затоа што свири клавир кога тие доаѓаат да претресуваат. Другиот инспектор му вика, ,,Слободане, па ова е дете“. Јас развивам температура, веројатно пнеумонија. Дома кај нас се осмелуваат да дојдат неколкумина. Рада и Бранко Видиниќ, родителите на славниот македонски голман Бане Видиниќ, Аргир од Егејска Македонија кој носи млеко за да преживеам, Шабан и Осман, пациенти на мајка ми, од село Глумово кои ни носат храна и доктор Јанев кој ме лекува. УДБА го повикува др. Јанев и му забранува да доаѓа. Др. Јанев им одговара: ,,Јас сум доктор и вие не можете да ми забраните да го лекувам детето. Можете да ме уапсите, но до тогаш, јас ќе го лекувам“ УДБА ги создаваше темелите на ова што ни се случува денес.
31-10-2019, 10:23 PM
Reply