Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Логика на Бесмртноста
Author Message
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 452
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#1

Логика на Бесмртноста - Дел 1

Зошто воопшто има потреба од втор – привремен Господ кој бил Исус пред 2000 години .

Нели таква е гаранцијата и самиот Исус тоа лично го потврдил се изјаснил како вториот – приверемен (со временски ограничено траење ) Господ но со целосни овластувања .Но не и како Бог .
Еве ја гаранцијата за тоа :

Псалм: 110:1 Давидов псалм. Господ Му рече на мојот Господ „Седи оддесно, до Мене, додека не ги положам Твоите непријатели за подножје на Твоите нозе!”

Матеј: 22:44 ’Му рече Господ на мојот Господ ‘Седни од Мојата десна страна, додека ги положам Твоите непријатели под Твоите нозе’?

Марко: 12:36 Самиот Давид рече преку Светиот Дух: „Му рече Господ на мојот Господ „Седи оддесно Мене, додека не ги положам Твоите непријатели за подножје на Твоите нозе.”

Лука: 20:42 Зашто самиот Давид вели во свитокот на псалмите: „Му рече Господ на мојот Господ ‘Седи оддесно Мене,

Дела Ап.: 2:34 Зашто Давид не се вознесе на небесата, но самиот рече: ‘Му рече Господ на мојот Господ седни оддесно до Мене;.

Марко 12:32 А законикот Му рече: "Точно, Учителе! Ја кажа вистината дека Бог е еден, и нема друг освен Него,

1 Коринќаните 15:24 Тогаш доаѓа крајот, кога Тој ќе Му го предаде царството на Бог и Таткото; откако ќе го уништи секое началство и секоја власт и сила.

Исаија 9:7 Неговата власт и мирот бескраен ке растат врз престолот на Давида и во царството негово, за да го утврди Он и да го зацврсти преку суд и прада отсега па довека. Тоа ке го направи ревноста на Господа Саваота.

Даниел 2:37 Ти царе, цар над царевите, кому небесниот Бог му подарил царства, власт сила и слава,

Исаија 7:14 Затоа Самиот Господ ке ви даде доказ: ете, Девица ке зачне и ке роди Син, и ке Му дадат името Емануел.

Матеј 1:23 'Ете, девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануел', кое преведено значи: Бог со нас!

Матеј 28:18 Тогаш Исус им се приближи и им рече: "Дадена Ми е сета власт на небото и на земјата.

Итн.
Итн.
Но зошто ?
Која била потребата да се прави вакво нешто ?


Затоа што :
Природата на Бог-Љубов-воскреснувач од мртвите е таква што доколку се сервира директно нема да биде можно да се разбере . Во цела човечка историја дали еден или двајца би успеале да разберат за што станува збор .Иако Љубовта е основна за постоењето – свесноста за себе на личноста . Бидејќи секоја личност прво постои како себе –АНТИДЕСТРУКТИВНА (љубов за себе ) а што е овозможено токму од Љубовта .
Целиот проблем е дека и покрај се Љубовта по природа е АНОНИМНА .

Вака :

1 Коринќаните 13 :
4 Љубовта долго трпи, љубовта е љубезна, не љубомори, љубовта НЕ СЕ ФАЛИ, не се вообразува;
5 не се однесува непристојно, НЕ ГО БАРА СВОЕТО, не се раздразнува, не памети зло;

Дела 17:28 Зашто во Него ЖИВЕЕМЕ, се движиме и ПОСТОИМЕ, како што и некои од вашите поети рекле: 'И ние сме Негово потомство.'

Марко 12:33 и да Го љубиш Него со сето срце, со сиот разум и со сета сила, и да го ЉУБИШ ближниот КАКО СЕБЕСИ - тоа е многу повеќе од сите жртви паленици и приноси."

Матеј 5:45 за да бидете синови на вашиот Татко Кој е на небесата, бидејќи Неговото сонце изгрева над злите и над добрите, и Тој им дава дожд на праведните и на неправедните.

Ете тоа е главниот проблем и одговор на прашањето зошто морало да се оди на друга варијанта за да се објасни целата работа . Природата на Љубовта е анонимноста и затоа е многу тешко да се открие да се проучи и објасни на директен начин како би можеле што повеќе луѓе да ја разберат .
Е затоа се оди на друга варијанта со привремен Господ (Исус ) како би можела целата работа стане подреч , повидлива , поопиплива за многу поголем број на луѓе .
Тоа ти е како математика кај равенка додај работи во равенка но така што равенството би останало исто ... ништо не би се сменило.

Е во Библија се оди на варијанта да се објаснат работите преку највидливата најдреч работа контра – наспроти Љубовта а тоа е суетата . Исус се јавува како Господ на безсуетноста .Самата Љубов – Бог сама по себе е безсуетна .Од друга страна не секоја безсуетност значи и Љубов тоа и самиот Исус –Господ на безсуетните кажува дека безсуетноста сама по себе не значи ништо без компонентите на љубовта –Бог што ќе рече точниот одговор е љубовна – безсуетност .Вака разложена Љубовта е полесна за разбирање .

Најлесна најдреч највидлива за објаснување е Суетата оти токму таа ја нарушува анонимноста и има – предизвикува цел куп несакани ефекти спротивни на Љубовта –Бог .

Суетата е тема на цела Библија ( и Стар и Нов Завет ) и дури и цела книга Проповедник темелно ја објаснува . Суетата се објаснува – дефинира како стремеж тежнение на луѓето да остават што поголеми Траги – Спомени – Докази за свето постоење било преку материјани богатства – пари - имоти од разни видови или некаква историска улога (најчесто воено-освојувачка ) со цел што подолг временски период да бидат запаметени било од своте крвни наследници или од поширок круг луѓе. А сето тоа е директно спротвно на Љубовта-Бог која јасно е објаснета како безсуетна како анонимна – не остава траги – спомени – докази од-за своето постоење

Мудрост Соломонова 2 :
4 - со време ќе се заборави и нашето име, никој нема да си СПОМНЕ за делата
наши; животот наш ќе помине како ТРАГА од облак, ќе испари како магла
гонета од зраците на сонцето и отежната од неговата топлина.
5 - Зашто нашиот живот е како сенка кога ќе помине, од смртга за нас нема
враќање: печатот е ставен и никој не се враќа.

Мудрост Соломонова 4 :
18 - тие ќе видат и ќе го понижат, но Господ ќе им се потсмее;
19- и потоа тие ќе бидат презрен труп и срам меѓу умрените довека, зашто Тој
ќе ги турне и тие ќе паднат безгласно ничкум - ќе ги оттргне од нивната осно-
ва и тие најпосле ќе опустеат, ќе бидат во жалост и СПОМЕНОТ за нив ќе загине;


Мудрост Соломонова 5 :
9 - Сето тоа премина како сенка, како краткотраен глас.
10- Како кога помине брод низ разбранувана вода, ни ТРАГА нема од него; не се познава каде поминал, нити има патеки негови во брановите;
11- или како птица што во воздух лета и не остава зад себе трага од својот пат, но лесниот воздух, удиран од крилјата и сечен од брзото движење, проникнува со движењето на своите крилја, потоа не останува НИКАКВА ТРАГА од нејзиниот лет;

Е сега тука ќе се судриме со лагите пропагандата на Православието , Католицизмот Протестанизмот кој се уходале како да ги напаѓаат луѓето па после мрачниот среден век кога ги палеле , убивале , измачувале ( добро тука донекаде ќе ги исклучиме протестантите ) луѓето (како вештери-ки демони ) после тоа со забраната на ваквите нивни методи разработиле нова тактика а тоа е напад врз луѓето обвинувајќи ги дека се “ егоисти , горди и возгордеани “ а себе си се препорачуваат дека ете баш они го знаат-имаат лекот за тоа па се повикуваат на некакви цитати дека е потеребен “нов ум “ кој ете тие можат да им го понудат на луѓето .

Вака :

Римјаните 12 :
2- Не сообразувајте се со овој век, туку преобразете се со ВОЗОБНОВУВАЊЕ на вашиот УМ за да можете да испитувате и осознавате што е волјата Божја: што е
добро, богоугодно и совршено.

Марко 7:22 прељуби, лакомства, пакости, лукавства, разузданост, завист, богохулство, безобѕирност, ГОРДОСТ, безумност

Си вадат цитати од контекст како што им одговара

А реално понудата не е таква како што лажат туку е следна :

1 Коринќаните 2:16 зашто: "Кој го запозна Господовиот ум, за да Го поучи?" А ние го имаме Христовиот ум.

1 Јован 2:16 зашто сè што е во светот: похотата на телото, похотата на очите и СУЕТНАТА ГОРДОСТ на животот, не е од Таткото, туку од светот

Ефешаните 4:17 Затоа ова го велам и сведочам во Господ, да не живеете веќе како што живеат неевреите ВО СУЕТАТАТА на својот УМ

Заклучок :
Православ Католик Протестант велат дека треба да го отфрлиме нашиот суетен ум во канта а тие ќе ни дале нов ум . И каков е тој нов ум што ни го нудат .Повторно суета . Значи да си го земеме стариот ум од канта и ...“ ај со среќа да си го користиш како нов “ ..... хахахах глупости невидени .Абе суета си е суета една е суетата нема ниту две ниту сто и две суети .
Или е е суетен или безсуетен ум . Христовиот Ум е Безсуетен Ум .

И тука ајде да го видиме односот помеѓу Суетата и Гордоста – Возгордеаноста .

Исаија 40:17 Сите народи пред Него се како ништо, - за Него се помалку од ништо, и помалку се од суетата.

Еремија 2:5 Вака вели Господ: "каква неправда најдоа во Мене татковците ваши, та се оддалечија од Мене, ја прифатија суетата и станаа суетни;

Еремија 10:15 Тоа е суета, дела на заблуда; во времето на посетата нивна тие ке исчезна

Проповедник 4:4 А видов исто, дека секој труд и секој успех во работите предизвикува меѓу луѓето ЗАЕМНА ЗАВИСТ. Но и тоа е СУЕТА и мака за духот.

Итн итн....

Дури многу луѓе од незнаење ги поистоветуваат суетата со егоизмот и гордоста ..ги сметаат една те иста работа . Што нее точно .
Суетата е востановена работа - трка меѓу повеќе учесници кој ќе остави повеќе траги –спомени –докази за соето постоење .
Дефиниција :
Егоизмот (саможивоста –самодоволноста ) , гордоста –возгореаноста , зависта –љубомората СЕ ПОСЛЕДИЦА НА СУЕТАТА (нејзини пројавни облици ) а не обратно .

Ќе објасниме преку прости примери :
Ако некој има животен век од 1000 години ама е сам на некоја територија на која има се што му треба тогаш и цели градови да направи и кули Вавилонски да изгради дали ќе биде егоистичен и горд ? Нема сигурно оти нема со кого да се спореди .Од каде да знае дека на друго место под исти услови некој не направил повеќе градови од него и повисоки Вавилонски кули од него .Дали ако е сам ќе биде суетен .Може да само биде ако знае дека има други како него . Мора да има веќе воспоставен систем на суета – трка меѓу повеќе учесници кој од нив ќе остави повеќе виливи траги од-за своето постоење . Мора да има воспоставен принцип на споредливост , компарација ,измерливост . Гордоста се јавува во услови на веќе воспоставена суета кога некој учесник на накој начин успеал да оствари поголем успех од другите па му се јавува такво чуство – комплекс на виша вредност . Исто и егоизмот –саможивоста а па тек со нарцисоидноста (заљубеноста во сам себе ) сите се продукти на Суетата .Но не и обратно . Нема случај кога некој кој нема успех значи нема услов да биде горд ( на својот успех во споредба со другите ) а ете врз база на неуспех (негордост ) рекол “ е ај бидејќи сум горд од сега ќе трчам по суета да оставам траги – спомени од своето постоење .“ Не прво е суетата а потоа доаѓаат сите нејзини пројавни – видливи појави како гордоста , егоизмот , нарцисоидност , завист итн .

А ете Католик Протестант Православ на луѓето им нудат “нов суетен ум “ (хахахаах) а демек се борат против егоизмот , гордоста , зависта итн кој се директен продукт токму на суетата која ја нудат како некаков “новитет “

Суетните општествени ситеми си носат и суетни Закони кој ја потстрекнуваат – поттикнуваат суетата .

Еремија.
10:7 Кој да не се бои од Тебе, Цару на народите? Навистина, Тебе Ти припаѓа, зашто меѓу сите мудреци на НАРОДИТЕ и во сите нивни царства Ти нема рамен! Со што палат оган, тоа ги залудува! Законот ИМ Е СУЕТЕН - обично дрво.

Робовладетлството , феудализмот (масовно робовладетелство ) капитализмот се суетни општествени системи кој си носат и соодветни закони со кој се регулираат суетните меѓучовечки односи Самите закони ја поттикнуваат суетата .И неможе во такви суетни општества ти да бараш да нема гордост , егоизам (саможивост неосетливост кон другите луѓе ) , завист и се она што е директен производ токму на суетата тие си одат “во пакет “ со неа .

Но не и секоја безсуетност е љубовна . Кај Јудаизмот и Исламот иамаме полусуетност оти имаат некој извесни забрани за ропство меѓу нив , забрана за лихва , хипотека , камата итн така што донекаде се ограничува суетата .Имаме и случај на безсуетни општества како што беа во бившиот Источен Социјалистички блок но со голема изоставенсот на љубовните компоненти . За разлика од безсуетните закони на бивша СФРЈ каде имаше не само безсуетност ( се подразбира дека не беше целосно искоренета а со тоа ги имаше и сите пројавни облици на суетата ) туку и вградени љубовни компоненти со што се подобрија меѓучовечките односи .

А ете кога збориме за Христов Закон само по себе се поима дека станува збор за безсуетен закон .

1 Коринќаните 9:21 На оние што се без закон, како без закон, иако не сум без Божјиот Закон, туку сум под Христовиот Закон, за да ги придобијам оние што се без закон.

И тука самите Православ Католик Протестант се фаќаат во сопствените лаги .
Фрлаат дрвја камења по безсуетните закони и општества бараат секакво друго општетсво само под услов да биде суетно со суетни закони ама демек ги лажат луѓето ете да немало гордост , егоизам , завист итн што е тешка глупост и не е возможно никогаш да се изведе –спроведе практично .Штом нудиш суета бараш да се воспостват суетни општесва со суетни закони автоматски си ги понудил и сите нејзини појавни облици како гордоста , егоизмот , зависта итн и неможе веќе со векови да лажеш дека се оградуваш од нив .демек си ја сакаат суетата и ја нудат на сите други ама не ги сакале појавните облици на суетата како гордоста , егоизмот и зависта .
31-03-2013, 11:36 PM
Reply