Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 5 Vote(s) - 4.4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
DECISTA - AMBASADORI
Author Message
mence Offline
Moderator
*****

Posts: 545
Joined: Dec 2009
Reputation: 2
#1

И функционерите бараат „азил“



Многу критики за идниот амбасадор Дарко Ангелов




Новоименуваниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Дарко Ангелов, вчера мораше да објаснува зошто по само девет месеци на функцијата шеф на кабинет на претседателот Ѓорѓи Иванов брза да ја напушти земјата.

„Вашиот настап беше очаен. По само девет месеци сакате да го напуштите бродот. Тоне ли? Само што сте се вратиле во земјата, сакате да си одите од неа. Знаете ли дека шеф на кабинет е повисока функција од амбасадор во странска земја? Нели ви е предизвик да работите за претседателот на државата, толку бргу ли се разочаравте од Македонија“, го праша рафално експремиерот Владо Бучковски, отворајќи тема - подобро ли им е и на функционерите надвор отколку дома.

Овие непријатни прашања Бучковски ги упати на Ангелов на Комисијата за надворешна политика на која тој, како кандидат за Унгарија, и Фатмир Џеладини, како кандидат за амбасадор во Полска, ги бранеа своите програми пред да заминат на новите функции. Џеладини, кој на новата функција доаѓа од амбасадорската во Кина, беше поштеден од напади, но Ангелов поради младоста и неискуството, беше жестоко навредуван од опозициските пратеници. Критиките одеа од тоа дека дипломатијата не е детска градинка, па дотаму дека неговата презентација е безидејна и безиницијативна, па и полна со гафови кои ја покажуваат неговата неподготвеност, иако во биографијата стојат запишани магистерски студии на Универзитетот за ЈИЕ во Будимпешта и политички студии во Холандија. Игор Ивановски му забележа дека настапот му бил психолошки и пророчки, поради констатацијата дека хетерогеноста и хомогеноста се привлекуваат (симболички опис на етничката карта на Македонија и Унгарија), а Лилјана Поповска, пак, го потсети дека Унгарија не е воопшто хомогена држава.

Бучковски го опомена дека претседателот во Унгарија не победува, туку се избира во парламент, па тоа е дипломатски гаф, и дека прогнозирањето и навивањето за победник на следните избори е недозволиво за иден амбасадор во таа земја. Ангелов се бранеше дека амбасадорската функција се доживува како награда, па затоа грешно се гледа на неговото заминување во Унгарија, со додавка дека не ги напушта ни претседателот ни Македонија, бидејки и натаму ќе работи за нив. Неизбежно на презентацијата се случи партиски театар, односно кавга, но престана откако снема струја во парламентот.

Во својата биографија Ангелов има запишано повеќе години работа во Советот на Европа како советник за соработка со Руската Федерација и со земјите на Југоисточна Европа. Претходно работел како аналитичар за политички прашања на ОБСЕ, а има соработувано и со македонската Влада во областа на односи со странски медиуми и јавна дипломатија. (С.Ј.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...7AC21FE31B


Navistina ovaa vlada dali povece nema kadri ili nikoj ne saka da i sluzi, neznam. Sramota e kakvi decista se pustaat za ambasadori. Tie uste ne znaat da se snajdat vo svojata zemja, atie pak gi pustaat po svet. Pa utre se lutime nikoj ne ne pocituva. A kako da ne pocituvaat ????
16-03-2010, 01:42 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#2

Mence, steta sto pisuvaat samo za ovoj slucaj, vo Fokus pisuvaa za eden slucaj kade 20 godisen gradeznik kadar na DUI bese naznacen za ambasador vo Danska. No vakvata sostojbata ne e simpotamaticna samo za ovoj slucaj. Treba da se prasat sto pravat kadrite na SDSM sto se postavuvaat za ambasadori i konzuli. Problem e sto Makedonija nema standardi za svojata diplomatska sluzba.
17-03-2010, 02:12 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,133
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#3

Cile, mislis da se prasaat od VMRO, ako ne se lazam toa se kadri na VMRO i DUI.

A mozebi i nie sme greska, nivnite kadri idat na nekoi brzi, skrateni kursevi i se obuceni za diplomatijata nivna.
17-03-2010, 03:21 PM
Reply