Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЗАГИНА НИКОЛА МЛАДЕНОВ !!!
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#81

(11-07-2013, 06:03 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Па добро кого мисли дека заебава фацава Мери Јордановска...

(11-07-2013, 04:13 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Факт е дека пред нас се исправени многу притисоци, закани. Факт е дека има луѓе што нѐ мразат. Факт е дека бодеме очи...
Куририте се тука за тоа. Ние не сме тоа.

Вечер ќе бидам пред трафика, да го видам првото дете на Никола Младенов како повторно...
SAKAMINFO
Факт е дека овие фаци си придаваат сами себе важност. Факт е дека се маргиналци. Факт е дека се нечии курирчиња. И факт е дека се арогантни до гадост. И на крај ги боли што никој не ги есапи.
Ете Мери ќе дремела пред трафика да чека нов број на Покус. Можеби и ќе заработи некој денар...

Абе Мрачен, мрчи и оговарај колку сакаш ама ФОКУС излезе. Го купив првиот нов број и почнав да го читам со лезет. Ех, каква разлика од ВЕЧЕР. Но, нели, за вкусовите не се спори Icon_razz.

12-07-2013, 11:16 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#82

(20-06-2013, 01:28 PM)ЈорданПетровски Wrote: После оваа колумана на Ризаов уште повеке сум убеден дека Груевски со сообраќајката на Младенов нема ама баш никаква врска.
Да донесам ваков суд ме натера една нелогичност. Судот како и полицијата нели е "под капа" на Груевски, зошто Јавното обинителство ке открива после три месеци дека истрагата не била добра. Па нели Зврлевски е човек на Груевски
Ке потсетам само на една изјава на бившиот министер Чокревски во која тој спомена новинарско полициски бракови. Па врз оснобва на тоа ке поставам едно прашање дали во новонарската фела и во полицијата се случија КАДРОВСКИ промени во овие двесет и кусур години. Ерол, Мирка, Героски, Кабрамов, Латас, Банов,.... од една страна, Аврамовски и неговата екипа од другастрана се тој новинарско полициски брак. Брак кој е марак за македонската демократија.

Јордане, а сега:

5 неодговорени прашања за Никола Младенов

И покрај тоа што Обвинителството донесе одлука да ја затвори истрагата како несреќен случај, останаа неколку дилеми како загинал сопственикот на „Фокус“


Љубиша Станковиќ



По цели три месеци интерна истрага, скопското Јавно обвинителство реши да го затвори „случајот Никола Младенов“ откако од прибраните докази утврдило дека нема ничија виновност во загинувањето на новинарот и дека станува збор за сообраќајна несреќа.

Тоа, според обвинителката Гордана Ѓешкоска, се потврдило со сообраќајно-техничките и медицинските вештачења. Со медицинското вештачење било утврдено дека пукањето на аортата е единствената причина зошто настапила смртта кај Младенов. Тој загинал поради лошо контролирање на возилото и пребрзо возење кога навлегол во клучката „Хиподром“. Обвинителството соопшти дека Младенов во обид за влез во Скопје се движел по „неадекватна траекторија и со неадекватна брзина“, но од вештачењето веројатно биле добиени одговори и за техничката исправност на воланот, менувачот и сопирачките кои не биле користени во миговите кога Младенов излетал од патот.

И покрај одлуката за затворање на случајот, во воздухот останаа да лебдат неколку неодговорени прашања, кои внесуваат контрадикторност во случајот.

1. Како се случи несреќата


Истрагата која ја водеше истражен судија од скопскиот кривичен суд, а потоа и онаа на Јавното обвинителство никогаш не одговори децидно како се случила несреќата. Истражниот судија кој ја водеше истрагата на два пати излегуваше на местото каде што загина Младенов, а негови поискусни колеги ценат дека тој направил серија пропусти при обезбедувањето на доказите.

Истрагата првично тврдеше дека Младенов во свијокот влегол со брзина од 160 километри на час, а со новото вештачење се покажало дека тој возел за 20 километри побавно. Сообраќајното вештачењето не кажува која е максималната безбедна брзина во свијокот каде што излета „мерцедесот“ што го управувал Никола Младенов и зошто тој не се обидел да го запре движењето на возилото кое ја искинало крајпатната банкина и излетало од патот.

2. Каде бил Младенов



Второто прашање е дали истрагата утврдила каде бил Младенов на 27 март годинава, односно од моментот по неговото последно телефонско јавување. Во јавноста се појавија шпекулации дека критичниот ден заминал за Велес, односно дека бил на езерото „Младост“. Се зборуваше дека Младенов, наводно, на два пати одел до Велес и се враќал, односно дека вртел кругови, а притоа со никого не се состанал. Ваквите тврдења истрагата не ги демантираше, веројатно само поради тоа што нема одговор.



3. Зошто камерите не работеле

Движењето на Никола Младенов ќе остане непознатост и поради тврдењата дека камерите што се поставени на наплатните рампи тој ден не биле во функција. Истрагата не кажува како е можно камерите, на четири наплатни рампи, да бидат надвор од функција. Не може да се каже со сигурност дали Младенов минувал на наплатни рампи, бидејќи истрагата ги нема фискалните сметки. Проблемот со издадените сметки се мултиплицира истиот момент кога „Нова Македонија“ излезе со тврдење дека тие биле пронајдени на местото на несреќата. На завчерашната прес-конференција државните органи тврдеа дека тие не ги добиле фискалните сметки од патарини, но новинарите потоа објавија дека примопредавањето на сметките било забележани и на камери, а имало и други докази што оделе во прилог на нивните тврдења.



4. Каде исчезна мобилниот

Каде е мобилниот телефон на Никола Младенов? Обвинителството излезе со тврдење дека Никола Младенов својот последен телефонски контакт го имал неколку минути по 16 часот. Ваквото тврдење беше поткрепено со изјавата што ја дала сопругата на Младенов во Обвинителството, а според која тој поседувал само еден мобилен телефон. Нелогичноста која се наметнува се однесува на следењето на сигналот од мобилниот телефон на Младенов, но само додека тој се движел по скопските улици. Всушност, по 16 часот неговиот мобилен како да престанал да зрачи сигнал и тоа се' до 23 часот кога и се случила несреќата. Тешко е да се поверува дека мобилниот телефон и да бил исклучен, не можел да биде лоциран. Истиот тој мобилен никогаш повеќе не е пронајден, а нема информации дали „Телеком“ не може да ги обезбеди сите негови јавувања и СМС-пораки и по 16 часот.



5. Цигарата меѓу прстите

Од истрагата се очекува одговор и на прашањето за цигарата која и по загинувањето, Младенов ја држел меѓу прстите. Тешко е да се поверува дека Младенов, кој излетал од предната шофершајбна и паднал на околу седум метри од негово возило, единствено што успеал да направи е да ја држи цигарата в рака.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=47E3E...91DEC4FC50

12-07-2013, 11:31 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#83

Што дума Ерол Ризаов за смртта на големиот и независен новинар Никола Младенов:

Младенов ад акта

Ерол Ризаов

Не може да се архивира ничија насилна смрт без одговор на клучни прашања

Го гледав говорот на телото на јавниот обвинтел на Македонија Марко Зврлевски и на министерката за внaтрешни работи Гордана Јанкулоска во мигот кога на конференција за печат обвинителката Гордана Ѓешкоска соопшти дека загинувањето на Никола Младенов обвинителството го става ад акта. Двајцата обвинители и министерката онака седнати еден до друг ми изгледаа како да стасале тука неволно по нечија наредба за со своето присуство да дадат сериозност и значење на обзнаната дека се затвора „случајот Младенов“. Мене, овие тројца први луге на обвинтелството и полицијата повеќе ми личеа како да си „држеа“ еден на друг страв од она што го соопштија на јавноста, отколку на авторитетен собир да ја „верификува“ вистината од истрагата како го загуби животот Никола Млaденов.

По три месеци „макотрпна“ истрага овие луѓе и соопштија на македонската јавност дека никој не е крив, освен самиот Никола за неговото загинување и дека се работи за сообраќајка, какви што има секој ден поради пребрзо возење и губење на контрола над возилото. На Никола му пукнала аортата од удар на возилото и тоа е единствената причина за неговата смрт. Мене ми пукна филмот од овој срамотилак цели три месеци да се кријат дилетантските пропусти на истрагата и на ваков начин да се навредува јавноста како да е недоветна и да се повредуваат чувствата на семејството, пријателите, колегите,читателите на Младенов, да се омаловажува и сквернави угледот на државата.

Може ли некој да верува во таа штура, конфузна и немушта приказна во која остануваат без елементарен одговор повеќе прашања без што не смее да се помисли случајот „Младенов“ да се архивира како решен. Обратно, смртта на Младенов станува се' поголема мистерија поради незавршената работа на истрагата и поради катастрофалните грешки што се направени по несреќата и што се прават и ден денес со задскривање на пропустите и со неспособноста и непрофесионалноста да се истражи случајот, што оправдано предизвикува сомнеж дека нешто не е чисто, дури и кај луѓето кои веруваат дека станува збор за сообраќајна несреќа.

Распаметува леснотијата со која се соопштува дека обвинителството и полицијата не можеле да утврдат како се случила несреќата. Не знаат каде бил Младенов и со кого тој ден и таа вечер во критичните часови комуницирал. Не знаат каде му е мобилниот телефон кој волшебно го снемало, иако истиот тој телефон sвонеше цели два часа, а можеби и подолго време по доаѓањето на истражниот судија на местото на настанот. Му sвонев на Никола околу 14 часот на 27 март. Неговиот мобилен sвонеше, се' уште не беа потрошени батериите по кој знае колку повици. „Истражувачите“ не знаат зошто не работеа камерите на наплатните рампи. Дали не работеа само таа вечер, или подолго време. Нашите големи вештаци и експерти не знаат дали баш таа вечер не беше осветлена раскрсницата на надвозникот кај Хиподром кај што се случи несреќата, веројатно не знаат и зошто тоа би било значајно за истрагата.

Јавноста не доби одговор на едно многу суштествено прашање како успеа новинарот на „Нова Македонија“ Томислав Кежаровски да ги открие фискалните сметки за патарина три дена по истрагата на место на несреќата, откако два дена врнеше и дуваше силен ветер. На сметките ја видовме саатницата на поминување на наплатните станици на автопатот Скопје – Велес – Скопје кој Никола го возел двапати таа вечер со својот мерцедес, а патем негде се задржал повеќе од 30 минути. Обвинителката Ѓешкоска соопшти дека такви сметки не се доставени ни до обвинителството, ни до полицијата иако факсимилите ги видовме во „Нова Македонија“ заедно со изјавата на главниот уредник дека ќе бидат предадени на истрагата. Можеше ли обвинителот и истражниот судија да го прашаат Кежаровски, кој 24/7 часа им е при рака како по цели три дена ги открил сметките, а истражниот судија не ги видел 15 часа по несреќата. Кежаровски е во притвор за случај што пишувал пред три, или пет години, демек тогаш го обелоденил „заштитниот сведок“ ѓоа уште пред да стане заштитен сведок. Дрн, дрн јариња. А, да не е можебои Кежаровски во притвор поради тоа што пишувал пред само три месеци во „Нова Македонија“, па ни самиот не знае дека е во „Шутка“ поради еден друг текст што не го допишал, а тоа е како ги открил сметките за патарина и како пресметал дека на Никола цели 30 минути му се губи трага на патот Скопје - Велес и дека негде престојувал тие половина час. Можеби има такви кои се уплашени и веруваат дека на Кежаровски некој му помогнал да ги најде водоотпорните сметки од наплатните рампи.

Втор пат јавно го поставувам прашањето дали има врска притварањето на Кежаровски со случајот Младенов. На ова прашање од надлежните нема никаков одговор. Се прашувам дали сега по ставањето на случајот ад - акта ќе заврши и притворот на Кежаровски. Можеби набргу повеќе ќе нема потреба од негова изолација. Неговиот уредник повторно јавно потврди дека сметките се предадени на истрагата. Обвинителката Ѓешкоска пак јавно тврди дека сметките не стасале до обвинителството и полицијата. Па добро бе луѓе, имате ли малку доблест да кажете каде се предадени и каде стасале сметките што ги најде Кежаровски три дена по вашата „темелна“ истрага на местото на несреќата . Какви се ова обвинители, министри, истражни судии, кои за еден трагичен случај, за смртта на една јавна личност, новинар и основач на медиуми прават морбидна претстава. Срамота и греота.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9FE8C...5D371B3314
16-07-2013, 02:14 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#84

А што думаат македонските граѓани:

Quote:germanija, 15.07.2013 00:27:30

ova vlast za se gi biva ,za lazenje ,kradenje,podmituvajne,karajne so sekoj nestomislik,ja unistija Makedonija ,tie mu e skroija na pokoen Mladenov,samo vie i drugi kako vas da ne zastanite da se odi do kraj ,ne se vecni kaj de e vremeto mu se blizi ,naracatelot mora de se pronajde ,a pose toa i izvrsitelot.


Quote:Итар Пејо, 15.07.2013 00:32:23

Истрагата личи на онаа за изчезнатите Македонци и албанци во 2001. Нели и тогаш џипот на еден од изчезнатите осамна во полициска станица но никој не знае како таму стигнал. Што се однесува до Кажаровсли, не ми се верува дека жив ќе излезе од затвор. И така една кадифена диктатура прераснува во железна ...


Quote:Трпе, 15.07.2013 00:42:05

Незнам каде ке им оди душата на обввинителката,истражниот судија,министерката на мвр со вакво недолично однесување.Министерката за внатрешни проблеми се однесуваше како да е на некоја прес конференција за сопштување на победничките резултати.Никој не е победник сите се губитници во рМ со ваква извршна и судска власт.Се трудам ова слика на тв екраните колку може побргу да ја заборавам.Претпоставувам дедо Стефан со упут кај св Петар ќе ги упати таму каде им е местото.


Quote:respekt, 15.07.2013 01:26:35

Нема потреба повеке да се поставуваат прашања за куп пропусти и недоследности во истрагата. СЕ е веке јасно. Фактот што Обвинитеството ТВРДИ дека фискалните сметки од наплатната рампа ги НЕМА на увид а главниот уредник на Нова Македонија со видео сторија потврдува дека истите се уредно предадени на Обвинителството-- СЕ е кажано!!! Не знам само, што сега ке ,,верглаат,, комедијантите(Латас, Миленко, Милка и слични). Тогаш ,,верглаа,, зошто се кревало толку врева околу една катадневна ОБИЧНА сообракајка. Денес гледаме дека за ,,обичната,, сообракајка, во НЕОБИЧЕН состав(фалеше уште шефот), со дебилско образложение, предметот се става ад акта!!!


Quote:melbourne, 15.07.2013 01:37:40

Skapuvame od vnatre Erole,toa e toa.Partiskoto vrabotuvanje,namesto strucnoto si go zema svojot danok.Doprva ke gledame kako e otrueno ova opstestvo.


Quote:jana, 15.07.2013 01:49:19

Do site komentatori koi se sluzhat so navredlivi zborovi od tipot: grkot, turchinot, torbeshot....Toa li e vashata kultura? Zhiveeme vo 21-vi vek, a ne pred nashata era. Bidete pocivilizirani! ........Obvinitelkata Gjeshkoska,vo pridruzhba na Jankulovska i Zvrleski, izgledashe zbuneta i nesigurna, koga soopshti deka sluchajot ,,Mladenov,, se zatvara. So koja sovest go napravi toa? No kaj shto se parite nema sovest. Edno znam, deka gragjanite ne i veruvaat na vlasta, zatoa se i ovie somnezhi. Istoto vazhi i za Kezharovski-zatvoren e poradi suchajotMladenov. G-ne Erol, kolku ida prashuvate, bilo shto, za Mladenov, odgovor nema da dobiete , od nashite nadlezhni. Takvi se, sekogash tie se vo pravo, Opozicijata vinovna i za smrtta na Mladenov! Pozdrav!


Quote:cane sokolovski, 15.07.2013 05:51:18

Не е самослучајот Никола Младенов ад-акта Ероле. Целата наша тажна земја е ад-акта.


Quote:Istraga po terk na Somalija, 15.07.2013 062314

Da ne se rabotese za tazen nastan onaj pres na Goc a so Zvrle i Geskoska ce bese vistinska komedija. Na se licese samo na pres ne. Istite deluvaa kako upolaseni deca naterani od nekogo da lazat. Propusti za slucajot Mladenov vo istragata se tolku golemi sto ne se pravat ni vo Somalija ili Zimbabve. I sega sakaat da ubedat nekogovo nesto vo sto i sami ne veruvaat.Toj istrazen sudija , koj izlegiol na mesto na nastanot za da naporavi takvi propusti ili bil pijan ili drogiran ili prinuden od visa sila.


Quote:Лост, 15.07.2013 06:26:42

За овој случај никако да разберам како можело да го снема телефонот. Зарем не се во можност да го пронајдат, да извршат дополнителна истрага и јавноста да почне да верува дека е се направено како што треба, зошто се остава простор за сомнеж. Белки не намерно? МВР работи одлично, нека го најдат и ќе нема потреба заради еден телефон јавноста да се сомнева.


Quote:Vitamin C, 15.07.2013 06:41:29

Ova ubistvo na Mladenov nema nikogash da bide razresheno se dodeka na vlast e nasiot tiranin Gruevski so negovata mafija. Da, kazuvam UBISTVO, bidejki nema veke ni trunka somnez deka se raboti vsushnost za edno monstruozno i ladnokrvno narachano ubistvo od strana na najtesnite krugovi na diktaturata. Da povtorime po kojznae veke koj pat: 1. Telefonot ne e pronajden i se znae deka nema nikogash ni da se najde (unishten dokazen materijal) Telefonsite razgovori, SMS pozivi, sve toa moze da se obezbedi od mobilniot operator no toa nikoj nikogash ne go napravi (unishten uste eden dokaz). Patarinite gi nema a Kezarovski u zatvor (unishten uste eden materijalen dokaz) Vozdushni pernichinja otvoreni a kaishot ne bil staven???? ajde de...a baska demek uspeal Mladenov da se *motne* megu niv i izleta 7 metri...kako? Dragi moi, ne pravat site budali i najstrashno od sve e deka im se moze i im pominuva sve.


Quote:meksikanec, 15.07.2013 07:04:43

Толку многу нешта,во една мала држава,за кратко време се случија,да не можат да се регистрираат,а камо ли опишат.Го казнија за заборавено дело Љубе,без вина и докази.Ги казнија,Убијците од Смилјковското езеро,а Гордана ко бајаги интервенирала естредицијата да се забрза,а нејзиниот косовски колега тврди друго.Го судат Тито, по баранје на Груевски.Го затвараат новинарот Кежаровски за работа за која не се суди,а тесно е поврзан со убивството на Младенов.Убиецот на Нешковски се гоштева во затвор со колегите а еден од нив врши пренос со мобилен и ако е забрането да се поседува.Случајот Младенов се става ад акта и ако сеуште нее ни почнат.Албанскиот фактор со знаминја ја бележи освоената територија итн.Згора на се со два приватни авиони,чие белосветско скитанње ке го платиме ние,доваѓа Субрата и ветува невероватни нешта, за да се чуди и радува народот пред изборите кои ке следат,но не и Груевски кој јади и пие со него.Дојде време,народот да ја брани државата загрозена од Власта.СРАМОТА.


Quote:miki, 15.07.2013 07:28:16

Точно така, многу неодговорени прашања.......... дури е Преродбата, нема ниту да се одговорат...............Феликс, каде си, ни недостасуваш...........


Quote:трајко, 15.07.2013 07:58:07

Сметките се таму каде што се и личните карти кои беа фалсификувани за парламентарните избори 1998, во Охрид.Беа одземени и при давањето на полицијата да ги чува безбедно за натамошна истрага истите волшебно исчезнаа или како што рекоа му паднале од џебот на полицаецот кој бил задолжен за нив.


Quote:Гаврил, 15.07.2013 08:01:55

Ероле, Николче и од таму каде што сега е, продолжува да се потсмева на нему својствениот начин на лаицизмот, на дилетантизмот, на недоветностите во судството и системот, генерално. Имаа прецизни инструменти за да ја утврдат вината на Љубе Бошковски за случај од пред повеќе од една деценија, да го дијагностицираат со милиметарска точност гревот на новинарот Кежаровски, а трагичната смрт на Младенов остана голема загатка за еден судски гломазен апарат и за една светски опремена парадна полициска машинерија. И еве една баналност, нека го пуштат од зандана новинарот Кежаровски да го заузди шумскиот разбојник, со полициски заштитен знак, кој со години по патот кон Марков Манастир и врвиците кон Караџица, беснее со својот камион, без возачка дозвола, додека униформираните сини ангели шеретски му отпоздравуваат. Тешка полициска задача...


Quote:Zoki, 15.07.2013 08:26:03

Se e jasno be Erole, se naveduva deka familijata go ima ubieno Mladenov, i zatoa e takva istragata, zatoa se zabosotuvaat dokazite


Quote:Miki, 15.07.2013 08:32:26

Na vremeto vo SSSR na partiski sostanok Nikolaj prasal: kaj otidoa kravite od kolhozot? Site kjutele...Po nekoe vreme Leonid pak na partiski prasal: kaj otidoa kravite-i kade iscezna Nikolaj?!! Drag Erole, samo vnimavaj, a ke izdrzime sekako, Duducite neka nemaat somnenie!


Quote:ZEMJATA, 15.07.2013 08:39:17

Od kogo ocekuvate doblest g-dine Erol? Od ovie koi imaat namera celata drzava da ja stavat ad akta.Edinstvena nadez e deka so nekoja druga vlast ke profunkcionira pravnata drzava (eve vo Srbija seuste ne se pronajdeni ubicite na Slavko Curuvija) i pravdata ke izleze na videlina.


Quote:jovan, vlada @, 15.07.2013 09:08:57

Поголема срамота и поголема греота од тебе во последно време почитуван и драг Ризаов нема во македоснкиот журнализам(со изклкучок на некој забегани по стари години експерти за полови орагани).Правењето вешта од една голема лична семејна трагедија пред се за Младнови од ваша срана е бедно и срамно само да знаеш,и на оној свет не ги оставате да почиваат на раат.Незнам тебе тука што ти е конспиративно,недај Боже да беше СДСМ на власт и да се случеше ова дали ќе беше вака конспиративно настроен со сомнителни препоставнки кој никаде не се докажани или покажани во јавноста.Мислам дека тереба да престане ова медиумско лудило од ваша страна со конспиративни теории кој секој може да ги користи во своја корист а на штета на семејството за кое по се изгледа на вас не ви чуе ич,немате скруполози и обзири кога се работи за ситни дневно политички поени.Срамота има граници кој не смеат да се преминат,граници на вкусоното и невкусното.Поздрав до сите кој не мислат како мене и сакам да видам факти....


Quote:Mirko, 15.07.2013 10:21:47

Se e kazano i zosto da mlatam prazna slama, koga vo nea nema nisto novo. Nazalost, pokazavme nestrucnost, a isto i nesovesnost. Toa nie e sudbina, a i vekovna slabost kako narod.


Quote:Санто, 15.07.2013 10:22:21

На кои тоа сметки за патарина го пишува името на возачот, па тие да се третираат како крунски доказ.Некој ако сака да си прави афери може да „позајми“ сметки од пријател кој патува релација Велес-Скопје и од тоа да прави афери и руши институции, или едноставно патник ги фрлил сметките низ прозор.Каде е релевантноста на доказот, дека сметките исклучиво се од починатиот, или се однесуваат за неговото возило.Почит кон починатиот новинар, но од се да се прави афера не е во ред.


Quote:Neverni Toma, 15.07.2013 103820

Normalno deka ne ja znaeme vistinata, no posle onoj pres, zakljuchokot e ochigleden - Mladenov e ubien! A dali se raboti za zatashkuvanje ili nesposobnost i nespretnost, pa i bezobrazluk (g-djata se kleshti dodeka zbori za smrta), doprva ke vidime. Vo sekoj sluchaj, sluchajot e daleku od ad-akta. Naprotiv, tek e na pochetokot. Pa sestra Ljube go osudija za delo storeno dodeka beshe brat, pred 15 godini. Pa i nim ke im se sudi, ama ke sudi nekoj drug i vo nekoe drugo vreme. Zivi bili!

Quote:Во истрага да се опфатат и Бранко и сите, тактика некоја да не е,
15.07.2013 11:21:36

Каква завршница имаше судењето на Младенов од Бранко. Дали беше се чисто. Вака кога не е јасно ништо и кога има сомнежи треба сите да бидат опфатени со истрага од пред 15тина години наваму. Како инаку до правдина се доаѓа. А за политики и измислици сите можеме. Човечки живот ако е во прашање се треба да се испита од кога е трн човеков во очи на многумина. Па и на Бранко. Може некој сега видел шанса а сосема на друг се сомневаат. Тоа може да биде тактика.

Quote:do ,,jovan, vlada @,, 15.07.2013 112917

Vie ste losh chovek. Koj znae kakvi misli vi se vrtat vo glavata za da bidete losh. Ovde stanuva zbor za fakti, a vo otsustvo na istite sekoj normalen bi se zaprashal toa sto se prashuva novinarot. I ako se prashuva e sramno?! Sramno e ako ne se zaprashuva. Vashata reakcija vprochem go potvrduva somnezot koj postoi kaj sekoj NORMALEN i DOBAR chovek. Nema daleku da stignete so losotija, vo toa bidete siguren.


Quote:Страшно, 15.07.2013 11:43:25

Ех бре Ероле, толку ли ја мразиш власта или пак толку ли должиш на некој од опозицијата што се служиш и со вакви грозоморни шпекулации? Срамота е!


Quote:До jovan, вlada @, 15.07.2013 11:50:52

Што мислиш , Господине Блада , дали семејството на великанот Младенов , размислува како Ерол , или како вас талибанците од Горна Македонија?!


Quote:kumanovac, 15.07.2013 11:55:30

Do koga na platenici kako Rizaov ke im se dava prostor da sirat lagi, omraza, spekulacii, nevistini, se da go zaraboti one za koe go placaat negovite gazdi.Do koga????


Quote:vizija, 15.07.2013 13:46:07

Obicen gragjanin da izgubi mobilen telefon ke prijava kaj mobilniot operator i vo policija i ke mu go najdat(baram taka bese pred nekoe vreme) , a ne da zagine covek...Ako na kraj od kraistata ne go nasle telefonot, neka se javat barem tie sto razgovarale so nego posledni, a moozebi i se javile koj da znae?


Quote:ucitelka, 15.07.2013 15:31:15

До сите оние кои се обидуваат да ги оправдаат институциите кои се појавија на пресот по повод затворањето на случајот за смртта на младенов. Се е точно она што го напиша Ерол, затоа што и јас го мислам истото бидејќи и мене како обичен граѓанин и посматрач ми остави таков впечаток. Недај Боже на некого од вас бранителите на пресот да ви се случи нешто такво во семејството. Наместо да му се одаде чест и почит на Младенов, вие со огнени стрели се усмерувате на Ерол. А што е со оние како мене? Јас не сум ничиј платеник, нели, туку едноставно сум загрижена за сето ова што се случува. Незнам до кога ќе биде вака!!!

Quote:Skender Beg, 15.07.2013 15:50:02

не е ни прв ни последен случај...па и случајот кога имавме пред 19-20години ликвидација на директорот на пошта од охридско, кој се спротивставуваше да се наплаќаат телефонски приклучоци бидејќи се работеше за донација од Турција, само се замачка. Фатен е и осуден извршителот, екс пилот од ЈНА, осуден е на 12 години и ад акта. А нарачателите ????? Се е заташкано ни на Гоогле неможе да најдеш ништо за случајот, платениот убиец одслужи и се изгуби. Пред 3 години е ставена ад акта ликвидацијата на цело семејство на бизнисмен, веќе заборавив Штип или Струмица беше, ќерката избега во УСА, немало заинтересиран. Ами што е случајот сега со брат Љубе, имаше и видео лента А1, тогаш полицијата ја одзема, можеби и уништи. Сега се процесуира таа работа а сите рипаат, демек требало да се затвараат старите убиства и ликвидации...


Quote:Caro-kann, 15.07.2013 18:55:41

Г-дине Skender Beg,точно е дека ова не е прв случај ( се надевам,а затоа се и реакциите на јавноста,да биде последен) што предизвикува сомнение,уште повеќе што нема одговори (овој “бистроумен“ jopvan,vlada@,од нас бара факти (каква глупост боже мој) на повеќето прашања,на кои реагира и авторот на текстот.Еве,едно конкретно прашање:Има ли кај тебе сомнение за “Раштански лозја“ кое е ставено ад акта (во Хрватска сеуште не)??? Инаку,очигледно не ти се познати многу работите околу “затварањата“ на случаите!!! Ти не се затварааат по моја или твоја желба,туку согласно Кривичниот законик на Р.Македонија (а така е и во целиот свет),со настанување на апсолутна застареност на делото.Апсолутната застареност на делото пак настанува по истекот на дупло години од максималната казна за конкретното дело. Значи,ако максималната казна е 10 год.,застареноста настапува по истекот на 20 год, од неговото случување.Така да некои кр. дела НЕЗАСТАРУВААТ ( дело за кое е предвиден доживотен затвор)!!!!!!!!


16-07-2013, 02:23 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#85



22-01-2015, 09:11 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#86



23-01-2015, 02:21 AM
Reply
трендафил Offline
Member
***

Posts: 166
Joined: Jan 2010
Reputation: 3
#87

За жал кај нас секоја смрт може и се искористува за лични цели, па така и смртта на Никола Младенов, Бог да го прости. Од цитираните коментари се гледа дека секој се обидува овој немил настан да го искористи за лечење на личните фрустрации. Да коментирам некои. Т.н. Германија на пример смета дека сегашната влада ја уништува Македонија. Јас не се сеќавам дека било кога порано Македонија била во европскиот врв по пораст на БДП или индустриско производство. Ако некој има контра аргумент нека го наведе. Итар Пејо може доколку тоа го дозволи сопругата на Младенов и ако мерцедесот е уште достапен да плати анализа кој било која фирма што се бави со истражување во светот, па да докаже дека неговите сомневања се оправдани. На Трпе му пречи дедо Стефан и веројатно тоа што Душко, млекарот од Битола, беше ослободен од обвинението. Затоа што нели според него судот не работи правилно. Не знам од каде е и тврдењето на експерт дека фискалните сметки од патарината имаат врска со сообраќајката. Затоа што во случајов се вршеше истрага за сообраќајна несреќа, а не за убиство, како што без докази се обидува некој да тврди. Не постои никаква индиција за постоење на некое друго лице или возило во случајот со несреќата во која загина Младенов. Фикс идеите на некој не се причина за водење на истрага за можно убиство ако не постои ниту една индиција за такво нешто. Не знам зошто таквите како мелбурн не им пречеше партијско вработување во време кога друга партија беше на власт. Или сега во Центар, Куманово, Струмица и Ранковце. И каква врска имаат евентуалните партиски вработувања со една сообраќајна несреќа. Јана не знае ли дека ако државата не води истрага според нејзината фикс идеа за убиство, дека истрагата може да ја продолжи секој што тоа ќе го посака. Се разбира со дозвола на сопругата на Младенов. Не може ли СОРОС да финансира ваква истрага. И да ги објави евентуалните докази наместо да потплатува новинари да обвинуваат без докази. Гледам и цане соколовски за земја што според Светската банка е една од земјите со најголем економски раст во Европа во последните години, а се предвидува дека така ќе биде и во иднина, тврди дека е земја ставена ад-акта.
Нема да коментирам понатаму. Сега врз основа на фикс идеи во врска со смртта на Никола Младенов, Бог да го прости, се клевети дека Кежаровски бил невин. Иако има откриено идентитет на заштитен сведок во до сега единствениот случај во Македонија за судење на платени убијци. Патем Кежаровски е ослободен од понатамошното издржување на казната.
АКо власта убиваше новинари, веројатно би имало многумина на листата пред Младенов. Кој патем беше претепан во време на друга власт и ја плати најголемата одштета за клевета што ја платил некој новинар во Македонија. Но на Бранко Црвенковски. Не на Никола Груевски. Тогаш никој од сегашните борци за слобода на изразувањето не прозборе ништо. Пишувам за борците за слобода што сакаат да ги замолчат Латас, Миленко и Мирка. Еден од нив е изгледа и респект во коментарите.
23-01-2015, 12:04 PM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#88


Истрага за наводната сообраќајна несреќа на Младенов како што можевме да видиме практично и немаше .Амa ете некој си ја имаат мувата на капата па почнаа самите да се јавуваат . Миљенко Неделковски , Мирка Велиновска од „сигурни извори“ знаеле дека Младенов ќе загине „во несреќен случај „ А од која странска служба тоа го дознале ? Ова владините новинари – пропагандисти не само што се до гуша во криминал туку ништо чудно да испадне дека се замешани и во убиства .Значи и Младонов бил меѓу тие 20 000 „државни непријатели „ па цело време бил следен од тајните служби на ДПМНЕ и Мијалков па затоа Миљенко , Мирка Латас цело време биле информирани за сите негови активности дури и средбите со Заев .биле следени снимани прислушкувани..(Абе ако злостоничкото здружение ДПМНЕ Гуевски Мијалков итн се ДРЖАВА како што самите се прогласија со наводната афера „пуч“ демек ДПМНЕ и Груевски и Мијаков итн се криминалец до кримналец а нападот врз нив бил напад врз Република Македонија тогаш тие 20 000 кој биле прислушкувани маркирани како нивни непријатели значи се чесни луѓе .)

Суптилна закана

15 февруари 2015

Прв пат после долго време, додуша со задоцнување од еден ден, внимателно ја изгледав емисијата на Миленко Неделковски на Канал 5, преку сајтот каде што ги објавува неговите валканици, а го поддржува познатиот бизнисмен Венко Глигоров. Сакав да слушнам какви директиви добиле пропагандистите на Груевски и каква порака ќе ни испрати Миленко.
Пораката стаса и таа е поврзана со трагичната судбина на Никола Младенов и со очекувањата СДСМ, во рамките на кампањата „Вистината за Македонија", да обелодени снимки или други материјали кои ќе ги потврдат сомневањата во официјалната верзија за настанот, според која станува збор за обична сообраќајна несреќа. Се шпекулира дека тоа е една од најчувствителните „бомби“ со кои располага Зоран Заев.
Она што можевме да го слушнеме во емисијата, покрај другите отровни, но веќе слушнати фабули, е суптилната закана до семејството Младенови и до неговите колеги, дека ако Заев обелодени нешто непријатно за неговата погибија, Неделковски, Мирка Велиновска, а можеби и некои други луѓе, РАСПОЛАГААТ со детали и „интимни тајни" од нивни средби со Младенов во последните недели пред трагедијата. Идејата е да се мотивираат најблиските на Младенов и неговите колеги од „Фокус" да извршат притисок врз Заев да не обелоденува ништо за настанот што ја потресе Македонија.
Јас лично не знам дали и со какви материјали располага Заев во врска со Младенов. Никогаш не сум пишувал за моите недоумици во врска со настанот, кој е нешто повеќе од приватна трагедија на семејството Младенови - смртта на Никола е голема загуба и за македонското новинарство и за нашата демократија. Од тие причини, ако било кој располага со било какви кредибилни информации што фрлаат сомнеж врз официјалната верзија, тој е должен да ги сподели со македонската јавност. Во спротивно, и самиот ќе стане соучесник во една многу валкана работа.
Никола Младенов го уредуваше неделникот под мотото „За нештата да станат појасни". Сигурен сум дека кога би можел самиот да одлучува, тој никогаш не би се согласил нештата поврзани со неговата смрт да останат неразјаснети.

http://www.plusinfo.mk/mislenje/267/suptilna-zakana

17-02-2015, 12:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#89






1.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протугер

ГЈ: Не е лошо утре, да видиме истражниот да даде изјава, пошто реално мислам, ја ќе ти кажам шо ќе има, ама не е во ред ние да даваме изјава за нешто што не сме го работеле, условно речено, ние директно?
МП: Не, не вие не треба да давате изјава, никако…
ГЈ: Ние и заради тоа денес се дистанциравме, телото е…од што е умрен тоа, не знаеме, телото на обдукција е, кои се причините истражниот го води увидот. Мислам јас се координирав со моиве, зошто претпоставував дека таја меѓу два круга, ова она и Нино ми се јави, ми вика абе да не има нешто..абе нема ништо, излетал од кола…

2.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протугер

ГЈ: Негово е возилото лично, значи он со истото возило отишол натаму, иначе мислам го терале, знаеш, последен човек со кого се видел е Стевче Јакимовски.
МП: Дa?
ГЈ: ха
МП: А кај се видел?
ГЈ: Па не прашав да бидам искрена.
МП: А шо бара он натаму по тој пат?
ГЈ: Па можда таму негде понастрана се гледале, не прашав, пошто нашиве знаеш правеле разговори, телефонот му го проверуваат, сите тие работи и само тоа ми кажаа, да знаете последен пат се видел со Стевче.
МП: А зошто толку време бил исчезнат, се водел како исчезнат?
ГЈ: Епа зошто, жена му синоќа се слушнала со него околу десет саат и он и рекол за толку и толку време си доаѓам дома, нели?
МП: мхм
ГЈ: …и оваа чека да си дојде дома. Не се јавил саат, два, три, пет и дури сабајле дури она побара беше од кај 8 саатот сабајле, вика абе не му се случило на него толку долго да не се јави, знаеш. Башка преку ноќ не се вратил дома, не е нешто да речеш се зафатил со работа. Вика му звонам, телефонот му е активен.
МП: Да не бил у кафана после нешо негде да не? Пошто си пивкаше он…
ГЈ: Епа она и самата…Јас со Павле зборев, пошо она ми вртела од сабајле, ама ја кај и го знам телефонот, у 7 сабајле, непознат број ти звони, и Павле ме доби. Абе знаеш вика женава е загрижена, да ти го дадам бројот да го лоцирате, кај е географски, вика оти знаеш да не џапнал баш, со овие зборови вика, да не дрмнал некоја вотка поише па нешто да му се случило, од кај да знам дека он вотка пие, он така? Мислам реално…Вика, има и, баш со овие зборови, он јака кола има, мерцедес да не згазнал поише отколку што треба, она за тоа се секира. И ја му викам на Павле нема проблем, ама дај женава…ние одма ќе укључиме, ама женава нека ни побара, пошто знаеш терсене се… утре ќе рече што сте ми го лоцирале телефонов?
МП: Да да да
ГЈ: Посебно таков човек ..И жена му за волја на вистината, одма дојде во полициска станица, пополни тоа све што треба и практично после тоа, немаше ни два саати ние кога го најдовме кај е.
МП: мхм
ГЈ: По сигналот на телефонот..
МП: мхм мхм
ГЈ: Еве ќе видам сабајле ќе ти кажам ако нешто, мислам ќе ти кажам да знаеш прво кои се причините, ќе прашаме у судска медицина, па да процениме дали…
МП: Тоа е важно, може да се открие алкохол у крв. Евентуално доколку постои
ГЈ: Да да да ако бил во алкохолизирана состојба ќе се открие на обдукцијата
МП: Ја ги гледам сега бе како као го величеа, као он да е, чекај бе чоекот е…
ГЈ: Да да сите го пљукаа
МП: Мислам Бог да го прости, беше корумпиран, беше све тој човек бе
ГЈ: Се што не треба да биде
МП: Рекетар, преварант, хоштаплер, лажов, што нема пишувано за нас, најгрдите лаги
ГЈ: Се шо не треба, да се шо не треба
МП: Шо сега ние овдека не треба да имаме двоен морал, имал ….океј Бог да го прости, нека му е лесна земја, шо нема да го плачеме сега.

3.Разговор помеѓу Влатко Мијалков и соговорник

ВМ: Повели
НН: Само ти јавувај….да знаеш
ВМ: Знам бе знам, знам, знам.
НН: Добро, сабајле Павле ми се јави уште у 9 саат, у п…у, го немаше нигде.
ВМ: Кој Павле?
НН: Стојанов.
ВМ: Па, жали ли за него, што?
НН: Не бе, жена му му се јавила, пријатели биле, ама ја барал министерката, не можел да ја најде, па ја пуштив луѓе да го лоцираме, знаеш како е, пошто никој не знаеше каде е, у 12 саат открија дека е, убиен.
ВМ: А, каде паднал он, у ендек?
НН: Кај, кај клучката Хиподром.
ВМ: Ама, многу брзо возел бе, ми кажаа мене.
НН: А, пред тоа у 10 и пол саат бил пред тоа синоќа со Стевчо Јакимовски, биле негде у град, кај биле.
ВМ: Мхм, мхм.
НН: По кажување на жена му.
ВМ: Мхм, мхм, мхм.
НН: Тоа ти е.
ВМ: А, што, не можеле да го најдат околу, никој не го видел дека се стумбал?
НН: Никој не го видел. Па жена му прашувала, ваму, таму, кај Павле, кај министерката наша, и после го лоциравме, и така.
ВМ: По телефонот го лоциравте?
НН: Да.
ВМ: Со телефонот, а?
НН: Да.
ВМ: Иначе не можеш да го најдеш, у п…у матер.
НН: Не можеш да го најдеш, у п…у матер.
ВМ: Да бе, мајку му е..м.
НН: Тоа е, Бог да го прости, шо да праиш.
ВМ: Бог да го прости, ама зол чоек беше.
НН: Знам, знам, знам.
ВМ: Е па сеа, шо да ти кажам.
НН: Знам, знам, знам.
ВМ: Што да ти кажам, не беше како што треба.
НН: Знам, знам.
ВМ: Не беше коректен чоек.
НН: Ептен знам.
ВМ: Тропаше глупости, лажеше.
НН: А и рекетар беше.
ВМ: И рекетар беше.
НН: Новинарски рекетар, тие се најопасни.
ВМ: Така. Значи, кај клучката, каде?
НН: Хиподром.
ВМ: Хиподром, а?
НН: На враќање од Петровец, не натаму, наваму, накај Скопје.
ВМ: Значи, он идел од Петровец, а?
НН: Да, од Петровец идел.
ВМ: По аутопут?
НН: Да, да, да.
ВМ: Како можел бе тука да се…?
НН: И мене не ми е јасно нешто. 30 метра летал, па на кров паднал нешто, не знам ни ја, не сум бил на лице место.
ВМ: А, он доаѓал од некаде? Од кај доаѓал, од?
НН: Од Петровец или од Велес, сега не знам од каде.
ВМ: Од Велес доаѓал и на клучката кај што се врти за Скопје?
НН: Да, лево, знаеш она полулево што е, знаеш, кај кружниот тек што е патот.
ВМ: Мхм.
НН: И тука летал 30 метра.
ВМ: Па може он доживеал и удар бе.
НН: Па, не знам, не знам, не знам.
ВМ: Знаеш, изгубил контрола и отишол.
НН: И бил психолошко-финансиски оптоварен.
ВМ: Да?
НН: Да. По кажување на Павле.
ВМ: Добро брат, да си жив и здрав.
НН: Е така. Ајде.
07-05-2015, 06:34 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#90

4.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котевски

ГЈ: Да
ИК: Е, само да докажам, мислам, утре ќе ми каже овој финално дал добил, дал не добил Добре, ама генерално праел муабет со Ушлинковски и Ушлинковски му рекол дека кај нив крим техничките вештачења значи се завршени.
ГЈ: Супер, сабајле нека ги пуштат.
ИК: Е, со тоа што, сеа не знам дал ќе стигне сабајле да ги искуца, за тоа треба само да ми јави овој од сообраќај. Ако го искуцаат од кај Ушлинковски, ќе ги пуштиме…
ГЈ: И да не се пуштени, ја ќе речам готови се, во текот на денов ќе ги пуштиме.
ИК: Да, да. Е, ама сега за тој вториот дел малку да дообјаснам. Значи, готови се крим техничките вештачења кај анс, тоа не е спорно, ама тешко е дека ние ќе ги пуштиме до истражниот судија затоа што нас ни бара, вика, нас нé задужува за истрагата и вика, ни бара комплетен предмет, а тоа подразбира, не само крим техничките вештачења, туку и фото албум, скици, дндр мндр…
ГЈ: Добро, ама…
ИК: Затоа што, нели, треба време за да се изработи, значи, утре многу тешко, да не лажеме затоа што ќе се јавуваат у Суд да проверат, ние ќе немаме у Суд, и прашање е дали до крај на неделава…
ГЈ: Не, ок е тоа дека крим техничките се готови и има и уште други материјали што треба да се комплетираат и готово.
ИК: Да, да. И штом ќе го докомплетираме предметот, ќе го изработиме, ќе му го доставиме, кога, ќе видиме, можно е до крај на неделата, можно е до нардната.
ГЈ: Кога, кога ќе бидеме готови, ха.
ИК: И поентата е што веројатно од нас ќе бара во склоп на предметот ние да го зимаме вештачењето што треба Машински факултет да го праи. Значи, тоа за техничка исправност, кочници, мочници.
ГЈ: Да де, да.
ИК: Истражниот вика, чекаме ние да ја даде наредбата за Машински…
ГЈ: Истражниот ако преживее да го доврши рпедметот, добро ќе биде, хаха.
ИК: И со Џили праевме муабет, ја му викам, а бе, нашиве не праат вештачење за кола. Ај тогаш да му кажам да пише една наредба према Машински, пошто мене ми се јавуваше Ушлинкоски што да праам со колава, нека си ја земат, нека си ја вештачат за кочници.
ГЈ: Хахаха, катастрофа.
ИК: И сега да идат нашиве утре да му бараат да потпише наредба за да се вештачи колава на Машински, а вика, од искуство наше, вика, ако се запнат, може да го завршат тоа вештачење за два до три дена, ама како и да е, еве, пет дена да е, ние додека не го добиеме тоа, во рамки на предметот може да…
ГЈ: Ама, ние ќе им го насскаме после таму да се јавуваат, шо ти е гајле, хаха.
ИК: Каде, у Машински?
ГЈ: Па у Машински, да.
ИК: Апсолутно, апсолутно.
ГЈ: Хахаха, шо ти е гајле.
ИК: Апсолутно.
ГЈ: Ако сакаат нека си ја земат на раце колата и шо сакаат нека праат, ти е гајле.
ИК: Сите мислат дека ние сé праиме.
ГЈ: Да, импресивно е.
ИК: Денеска два пати ми се јавуваше овој….а, у меѓувреме, на Савовски му се јавуваше, Савовски мене уствари ме бараа од доле, од кај Ристе, дојдете, те бара овој да се чуете, многу ги напаѓат у Суд, хаха.
ГЈ: Хаха.
ИК: Каква врска имам ја сеа, хаха, шо ја да праам, хаха. Не бил проблем у судијата, е па сеа, Боже мој. А, нас па кога нé праат парче, кому плачам јас, шо да праам.
ГЈ: Они мислат дека така треба. Ај не можам да зборам сега овдека.
ИК: Ај
ГЈ: Ај.

5.Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Иво Котевски

ИК: Ало.
ГЈ: Ало.
ИК: Да.
ГЈ: Што правиш бе Иво?
ИК: Еве се враќаме у кола. До сега гњавеа.
ГЈ: А што те гњавеа.
ИК: Да им дообјаснувам. Не, не. За овакво, што требало до крај, како требало.
ГЈ: Ја не знам, ти да си појдеш, да си бидеш истражен судија најарно ти е.
ИК: Ама не…
ГЈ: На кого треба ќе си даваш наредби,
ИК: Стварно…тој…мислам, не го биѓава. Не е тоа за во јавност, ама не го биѓава.
ГЈ: Леле, ама денес, мислам, попладне ќе го збудалат. После…
ИК: Не да ќе го збудалат. Ха, ха.
ГЈ: После ваква изјава мислам дека ќе го најдат обесен утре. Ха, ха, ха.
ИК: Ама кој ќе го слуша тек сега, колку ќе плаче овој Џилвиџиев, што е претседателот на суд.
ГЈ: Па ти што му дигаш на него?
ИК: А бе му дигав вчера пошто му го немав меморирано. Сега му го имам меморирано телефонот, ама и да не му дигам он се јавува кај Савовски, Савовски му се јавува мене. Ха, ха.
ГЈ: Леле, леле.
ИК: Затоа што нив ги фаќа непотребно паника. Мада, добро, што е за право и они се под притисок. Ама не, дека треба-треба да се договори. Мислам, со —-правевме муабет, УБК, и они можат да помогнат, само поентата е што нели, нашиве се, како да кажам…недоволно координирани. Што сега…
ГЈ: Абе добро, ама…
ИК: …си имаат и они, овакво. Ако треба нека го викнат бе и УБК да му кажат што има, како има на истражниот, сега…
ГЈ: Па не, можат после кога ќе…
ИК: Не можеш да го третираш како овакво…
ГЈ: Како што го третираат. Ха, ха.
ИК: Да бе да. Ха, ха, ха.
ГЈ: Мислам, мене жал ми е за човекот.
ИК: А бе, башка тазе е од општинските.
ГЈ: Мислам, греота е. Ќе се изремети човекот до крај на кариера ќе бара прекршоци да работи.
ИК: Ха, ха, ха. Скроз…
ГЈ: Ха,ха. Нека појдат и од УБК на состаноци, нека му кажат што имаат да му кажат. Греота е.
ИК: Ај, ќе видам јас ако не, ќе се чујам со Горан, да видам што е-како е.
ГЈ: Ха, ха, ха. Ќе го изгубиме човекот.
ИК: Ама не, затоа што УБК си ги знаеме како УБК. Они ни со овие од „сообраќај“ не комуницираат. Значи нив им е…
ГЈ: А они всушност затоа ти се јавив. А скицата напрвена е?
ИК: Колку што јас знам уште не е. Ама тоа треба да се црта допрва. Значи тоа им го објаснував дека нели „крим“…
ГЈ: Добро, ама можат да ја нацртаат за еден ден, не е нешто.
ИК: Па сега обично им требаат неколку дена, мада ирелевантно е дали денес ќе ја цртаат или утре или задутре…
ГЈ: Да де да.
ИК:…кога пред да му го пуштат извештајот во пишана форма треба да ги комплетираат сите материјали…
ГЈ: Да де да.
ИК:…вклучувајќи го и тоа, вештачењето за техничка исправност.
ГЈ: Ама тоа не зависи од нас. Овој уште не знае на кого да даде наредба за тоа.
ИК: Ха, ха. А бе он сакал у Битола да си даде.
ГЈ: А бе, кажете му таму…(кај си бе Нино)
ИК: Мислам тоа ќе…
ГЈ: Кажете му нека им даде на Машински факултет или на Бирото за судски вештачења…
ИК: Му кажав јас веќе…
ГЈ: Нека не заебава сега, кај до Битола ќе ја носи колата!?
ИК: Му кажав веќе на —-, ама ај ќе го барам јас и Џилвиџиев за да му кажам…
ГЈ: Кажи му таму…
ИК: Он нека си укаже, да не се заебава таму
ГЈ: Да, да, да.
ИК: Да не губиме многу време…
ГЈ: Да не биде ние му бираме кој да прави…
ИК: Со тоа што, знаејќи го како е изгубен, треба и…
ГЈ: Добро, друго што те прашуваа?
ИК: Не, не, ништо.
ГЈ: Само за ова?
ИК: Да, за тоа ме прашуваа. Овие овде шпиуниве…
ГЈ: Ги гледам све запишуваат…
ИК: За…кога ќе сме имале соопштение. Викам у тек на денов, кога ќе ставиме…
ГЈ: А за што соопштение?
ИК: За пресот што зборела министерката.
ГЈ: Е да бе, за све ќе пишуваме ние.
ИК:….Нема врска, ќе ставиме секако.
ГЈ: Ај сега чао, почнувам со еден состанок у Влада.
ИК: Ајде.
ГЈ: Ќе се чуеме.
ИК: Важи.

6.Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер

ГЈ: Да.
МП: Што правиш Горде?
ГЈ: Ало? Еве се спремам да искачам. Ти што правиш?
МП: Слушај, а бе Жоро ми пиша порака сега, малце чудна.
ГЈ: И што вика?
МП: Дека имал докази.
ГЈ: За што? Ало?
МП: Ало?
ГЈ: Еј, кажи, кажи. Ало?
МП: Дека имал докази за Младенов. Биле на местото на…
ГЈ: Ама не ја водиме ние за Младнов истрагата, истражен судија ја води. Но, не не проблем, ќе му направам контакт со истражниот, ако сака.
МП: Најдобро е така.
ГЈ: Чиста работа, така?
МП: Да.
ГЈ: Место по весници, или со обвинителот, да видам кој бил тогаш дежурен обвинител. Иначе истражен, дежурен мислам беше тогаш Туфегчиќ тогаш. Не е проблем. Све што има, таму кај што треба. Бива таа работа?
МП: Да, да, да.
ГЈ: Ја можам утре од сабајле да видам со Марко кој излегол на увид обвинител. И да му се понуди: сакаш ли ти бе брат да збориш со тој што е главен за таа работа? Така е најчисто, наместо да пишуваат по весници.
МП: Да, да, да.
ГЈ: А што му се доказите? Дека овој се начукал, а? Ха, ха.
МП: Не знам што му се. Кои што ќе помогнат, ќе ги спречат сите шпекулации и ќе докажат кај бил он.
ГЈ: Добро бе. Најпрофесионално, најкоретно да му закажеме со дежурниот обвинител, може и со Марко директно, ако сакаш, ако сакаш да го истретираме.
МП: Не, нејќам да го истретираме Жоро…
ГЈ: Од кај знам…
МП: А и се изнервирав, многу глупи флаери ми пратија за Центар.
ГЈ: Ха, ха, ха. Не се секирај…
МП: Леле какви кретени се, у п..у матер
ГЈ: Море гледај Куманово ти сега, само Центар го гледате да му се сневиди. Гледај таму Куманово да победиме. Ајде.
МП: Ајде.
ГЈ: А за ова немај гајле, ќе искомуницираме, ќе го средиме нема проблем. Ајде.
МП: Ајде, чао, чао.

7.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котевски

ИК: Ало…
ГЈ: Ало, е Иво, кажи сеа за сообраќајката
ИК: Абе сообраќајката е еве до сега ме окапуваше ова експертов Жанета Мин. Нема врска она за друго ама нели сега сите се наоѓаат експерти за сообраќајни несреќи и тапанење за утре Томче најавил ќе видиме што ќе објави овој идиотов шо ни напраи проблем…
ГЈ: Аха…
ИК: Со ова Нова Македонија као најавил дека по некојси фискални он бил у Велес, драпај си меот…
ГЈ: Што е тоа релевантно дали е битно…
ИК: Ама уопште не е… значи тоа ми е муабетот , не поентата е што нели ако прашувате ќе видам ќе проверам уште еднаш сабајле не верувам дека денеска завршиле се од…мада ќе видам ја уше еднашка, за анс е најважно да го поднесеме извештајот, ако прашуваат…
ГЈ: Да де да…
ИК: Околу увидот чисто да спомнам пошто денеска овој Џилвиџиев се јавуваше два пати, се обидував да го смирам, они се многу љути на написов у Нова Македонија, дека стварно го изремети истражниот судија, па си заминал, па наводно наши коментирале дека вака било онака било, нели од полицајциве, па да сме дематирале ние, му викам абе што да демантираме…
ГЈ: Ние не сме дале изјава па да демантираме
ИК: Изјава да…анонимна или пак ако е против вас тужете го па нека си ги бара он полицајците после…
ГЈ: Да, да, да…нека му сведочат
ИК: Да де да, нека му сведочат ако некој потврди дека зборел против истражен судија ние го бркаме уште утре од работа…
ГЈ: Да бе да…
ИК: Толку е тој муабет…
ГЈ: Крај на приказната…
ИК: Они ќе си реагирале до судски совет викам реагирајте си што можеме тука ние….
ГЈ: Да, де, да…
ИК: …дека е во право никад до сега вака не бил нападна истражен судија, не бил нападнат сеа… башка овој на почеток на кариера некој многу од овие тазе примени… што да му прајш…
ГЈ: Преку општински…
ИК: хахаха…епа сеа да не кажуем ама тоа е сеа… не, сеа како и да е, дека напраил утки напраил утки ама дека не е тоа за да го кажуеш за у јавност не е… ние треба да го…
ГЈ: Да да…
ИК: На крај на краиштата го покриваме со милион работи… најважно е ќе прашам ја утре баш пред настан ќе се договориме дали веќе ни е готов ако ни е готов да кажеме готов е и испратен е…
ГЈ: Да де да…
ИК: Што има не можеме да коментираме додека не си го прими он…
ГЈ: Ќе ви каже истражниот шо има…
ИК: Да после ќе ве информира истражниот инаку чисто заради нас има таму некаква боја кај задњата врата јас спомнав тоа и вчера… Ушлинковски денеска ми кажува вика не знаеме ниту може да кажеме колку е стара, многу е мал ударот значи ако е вопшто и удар… се цивнале ама прашање е дали е од тогаш или е од претходно е сеа тоа може да напраи миљон забуни после тоа не дај боже информација да излезе си ебавме мајката иди после докажувај се ти…
ГЈ: Не ние нема шо да коментираме содржината, за нас е битно дали сме завршиле или не сме завршиле со вештачењето… толку е од нас
ИК: Тоа е… ако, ако, ако прашуваат да исто за на лице место, како одел, што одел, во увидот дека ние сме постапувале и сме работеле…
ГЈ: По наредба шо…
ИК: Крајно професионално како за секоја друга сообраќајка, по наредба на истражен судија и може да се каже исто тоа сообраќај шо ми го кажа овој Добре како се вика, началнико шо е на увидна, дека и целиот увид е снимен, значи снимен е како се изведува увидот, така да не можеш тука да имаш зафрканции.. зошто не е се подигнато ако запињаат со такви детаљи дека се е превземено во врска со истрагата и пак истото да им се повторува…
ГЈ: Да де да…
ИК: Ќе бидат доставени до истражниот судија она што е најважно во моментот е да се утврди нели како дошло до несреќата…
ГЈ: Ама ние…
ИК:… пред, предмети од Нова Македонија наоѓале таму, да но ти предмети се фотографирани и нели истите се дел од материјалот којшто е обезбеден, ако прашаат за дали, нели денеска и за тоа гњавеа, дали ви ги доставија овие…
ГЈ: Па нема што нас да ни ги доставуваат
ИК:…ни ги доставиле, значи…
ГЈ: Па треба да ги препратиме, нема зошо кај нас да ги доставуваат…
ИК: Ги доставуваат значи, ги доставуваат до кај нас не е битно, ние после со извештајот ама ако прашаат дали ви доставиле, да ги доставија и тие одат во прилог на тоа што веќе го знаевме… значи ние го имаме утврдено целата траекторија на движење ја имаме утврдено и тоа за нас не е енигма, пошто сега од друга страна, абе нашиве се сите ко рогови у вреќа, УБК им тера инает на овие, колку шо ми кажаа нашиве имаат од УБК, поо…цела траекторија му ја имаат траса на движење по локација на базни станици на мобилниот телефон…
ГЈ: Да де да…
ИК: Тебе не ти значи ништо ова од патаринава…
ГЈ: Да де да…
ИК: Коа знаеш како се движел
ГЈ: Добро ама таа не е информација за у јавност…
ИК: Не не, не е информација за у јавност и нема да ја кажуваме ама може да кажеме дека овие белешкиве што ги доставиле од Нова Македонија, одат само во прилог на она што ние веќе го имаме утврдено …. а ние знаевме кога и каде поминал….
ГЈ: Според мене нема што ние да кажуваме кога и каде поминал , дали сме знаеле, тоа треба да си го знае истражниот судија…ние што ни побарал истражниот тоа сме направиле…
ИК: Не бе добро ама…
ГЈ: Не водиме ние истрага за случајот… ние сме во служба на истражниот…
ИК: Ја кажуем само мене шо ме прашуваа и шо може утре да прашуваат…
ГЈ: Ама јас за тоа и го коемнтирам нема што ние да коментираме, нешо шо не е наша работа….
ИК: Добро…
ГЈ: Што има ние да коментираме дали истражниот ја знаел патеката на движење
ИК: Не, не ама истражниот…
ГЈ: Негова работа е…
ИК: Истражниот во оваа фаза не знае ама баш ич ништо…значи
ГЈ: Нема што ние на јавноста да презентираме… таму кај шо сме добиле наредба таму ќе презентираме…
ИК: Не, не океј е тоа се… се согласувам, но во оваа фаза истражниот не знае ама баш ич ништо… значи ни има дадено нас наредба и ние мора да постапуваме по таа наредба…
ГЈ: Да ама не мора да ги известуваме новинарите дали сме знаеле или не сме знаеле кај возел, не е работа на јавноста тоа…
ИК: Така де така ама ја кажуем…
ГЈ: Односно не е наша работа да ја информираме јавноста
ИК: Делумно…
ГЈ: Све што сме дознале, таму кај шо треба ќе кажеме… истражниот ако процени дека нешто треба да знае јавноста ќе ја извести…
ИК: Не бе добро океј ама пак да кажам ќе прашуваат ради овакво, тие дали ни ги дале….пошто и јас исто и се согласувам нели со тоа. Второ што да речеме дека тераш ти строго правно дури и да има кривична постапка ова што го донел Томче од Нова Македонија не ти никаков доказ…
ГЈ: Да де да…
ИК: Од кај да знам јас…
ГЈ:…дека се неговите сметки…
ИК:…што е фрлено од некоја кола и што летнало таму…
ГЈ: Да бе да…
ИК: …дека се баш неговите, не ти стои таму регистрација и овакво…
ГЈ: Да бе да… никаква идентификација…
ИК: Формално правно тоа и не ти е никаков доказ ко за беља чисто и тоа да спомнам не работат камериве на ниедна од патариниве натака…хахаха
ГЈ: Добро ама тие не се наши камери така да шо…
ИК: Не не не се наши, не се наши оваа исто напињаше…
ГЈ: Нема што да му се секирам за тоа…хаха
ИК: Оваа исто напињаше дебилов Секуловска дали работеле камерите у Ѓорче не и одговорив ништо… а утре може да прашаат тоа не е искључено…
ГЈ: У Ѓорче?
ИК: Пардон у Синѓелич, на влез во Скопје…
ГЈ: Па и тоа не е нејзина работа…
ИК: хахаха абе добро…
ГЈ: И не е податок што е…информација од јавен карактер… зошо на неа би и одговрале дали работат камерите
ИК: Затоа шо до сеа ја памтам најмалку 5 или 10 пати дека сум давал изјави дека функционира…
ГЈ: Ама добро ние викаме функционира ама не кажуваме која камера работи која не работи…
ИК: Абе добро ама сеа…
ГЈ: Системот функционира…700 камери
ИК: Ама ако тоа системот дали работи или не работи не е класифициран податок зошто тогаш би бил класифициран податок дали таа камера работи или не работи….
ГЈ: А зошто па ние за неа да праиме посебно вештачење дали работи или не работи… нема шо да и одговараме
ИК: Не, не, не… сеа…не ми е мене да се карам ама…
ГЈ: Нека се нервира комуњарка бе…
ИК: Абе добро сеа…хахаха
ГЈ: Ти како им се притресуваш на комуњариве…
ИК: Нее, далеку од тоа не им се притресувам затоа задња порука и беше нема ништо да објавувам денеска, не објавувај твој проблем баш ми е гајле…
ГЈ: Шо сакаш праи…
ИК: Да бе да, јас сеа да не треба да те молам тебе да објавиш или да не објавиш, твое си е, од тебе фајде нема…
ГЈ: Што сакаш праи бе… кај ќе објави, на фејсбук ќе пишува
ИК: Така бе така, нее… мислам нивни проблем, ја кажуем чисто за утре да се знае кои прашања се во оптек и со што све гњават деновиве…
ГЈ: Доброо… по мене најчисто е нема шо на нив сметка да им полагаме, посебно не у изјава…
ИК: Како да кажам… утре ќе праша
ГЈ: Па добро бе ќе добијат одговор дека друг ја води истрагата…не ние
ИК: Не бе добро мое е да ги кажам сите овие работи, сеа…
ГЈ: Се согласувам…но исто…
ИК: По мене ќе беше искрено и најбоље сега ако више праиме муабет сега ова утре искрсна така веројатно сте се договарале со Сокол ама најбоље ќе беше првото појавување откако ќе го доставиме…
ГЈ: Еее сеа јас ќе си го уредувам животот по извештајот за Никола Младенов…
ИК: хахаха.. Не бе добро не да го уредуваш…
ГЈ: Има работи што се 100 пати побитни од него…
ИК: Не бе добро ја не…
ГЈ: Ајде стечај да прогласиме додека не заврши вештачењето, глупост
ИК: Не бе денеска ја ако го опишам целиот муабет со Секуловска тоа е смејурија, на луѓе шо им го кажувам пошо нели ја договарав тоа шо праевме муабет за у петок евентуално прес нели околу ова генерално сообраќајов со Никола од Републички совет и баш му го кажуев муабетот пошто не можев да му кренам, еднаш го барав па он уште 6 пати после тоа менеи оваа ме гњавеше тогаш у меѓувреме, не ми се веруеше муабетот со нејзе идеше дека…нели сеа викам ова она објаснуваш се што моеш да објасниш пошто она ништо не разбира у принцип и никад не водела МВР…
ГЈ: Да бе да…
ИК: Не моеш да и замериш за тоа стварно е многу боса…
ГЈ: Па добро таа и други работи не разбира…
ИК: Не разбира ама за ова па е ептен боса, ептен

8.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котески

ИК: Ма не не, луди се комуњариве се, скроз се…
ГЈ: На ранг на претседател на држава…не, не…
ИК: На ранг на претседател на држава, хахаха….
ГЈ:…не ме донервирувај дополнително
ИК: Не, не абе ти пази до каде е таа забеганост,…
ГЈ: Да бе да…
ИК: Мислам океј загинал, бил новинар еве да речеме Жанета оваа од…
ГЈ:…добро чоек ко чоек, загинал
ИК: Жанета од МИН има многу поокеј став, не го става над овие три деца, нејзе и е зашто стварно ете да речеме она работела некое време у Фокус, океј бил као колега, комуницирал, ајде придонел за независни медиуми се тоа не можеш да му го оспориш ама да го праиш претседател на држава дека бил на ранг…кој бе претседател мислам кој му дал мандат на него…
ГЈ: оф мори мајко какви будали има…
ИК: Ненормални еј… не тоа е, скроз се слудени затоа ти кажувам, тоа фејсбуци, твитери све е тоа…
ГЈ: Абе ајде комуњари проклети…
ИК: Не мене ми е најболја, Трендо го ангажирав, го рчкавме прво Теменугов еден другар шо работи у Алсат
ГЈ: Го знам де Теменугов…
ИК: Е Трендо му рекол да му праќа поруки, да му вика Теменугов кој е следниот…хахаха
ГЈ: А и он е…
ИК: Не. Не е комуњар, не е комуњар мислам онака…
ГЈ: Не мислам дали е забеган вака…
ИК: Не не не е забеган, со него знаеме дека можеме да се смееме, затоа му вика Теменугов прибери си се ти, остај го тој Бранко…
ГЈ: хахаха…
ИК: Нема врска он не е ни СДСМ…ама со онакви поруки, Јани Макрадули нема утре децата да ти ги чува, виде ли шо се случи во Николче хахаха…онака… а иначе беше заебанцијата за на…за тогаш коа се деси за на коа му праеа комеморација, некој да иде само да го праша Геро, абе Геро гумине напумпани ти се? Хахахах…
ГЈ:хахахаха…
ИК: И демек Геро да не знае да влезе у кола од параноја…пошо е таков…
ГЈ: Ама многу се, многу се нокаутирани, сега и у Струмица нема втор круг, него се прегласува мислам…
ИК: Не мене… пошо се прегласува не се знае дај боже да има втор круг
ГЈ: Тоа ти викам, не да речеш, друго е коа има втор круг
ИК: Може…градоначалник
ГЈ: Мобилизираш луѓе знаеш… кампања водиш…
ИК: А како треба да излезе сеа таму за да има…
ГЈ: Треба помала излезеност, за да нема, за да нема 51 процент
ИК: Ама чекај… не он треба да има 51 процент од излезените
ГЈ: Да
ИК: А излезените се сосем солиден процент, поентата е шо…
ГЈ: Финтата е да не излезат, нашите да излезат…
ИК: Да неговите не треба да излезат…кај неговите тоа е, или да не излезат за да му падне на него процентот шо го има на другиве места…сеа не знам на тие места он колку освојува
ГЈ: Не знам како е математички ама ги… у оваа ситуација
ИК: Ако ако тоа е…
ГЈ: А он на кој ранг е?
ИК: Па овој ако е претседател тој е ваљда на Европски парламент или на ЕУ хахахаха…Заев на ЕУ..овој штом е претседател на Македонија
ГЈ: Кои будали се…
ИК: Или премиер да не е…
ГЈ: Кои будали се…
ИК: И тоа е интересно шо ми го кажаа нашиве шо не е за у јавност, кошто кружел има една луфта таму од пола саат… и задња базна станица шосе јавува сеа нели тоа не мора ништо да значи е Аеродром Александар Велики… пошто има луфта измеѓу патариниве можно е он да свртел да носел некого на аеродром, па може пречекувал нешто или таму…
ГЈ: Ама ако пречекувал кај му е чоекот… хахаха
ИК: Не не да му даде нешто па овој да си заминал со кола…
ГЈ: Да да…
ИК: Или нешо у тој стил да било ама… тоа е.. никој не може да знае…чудно е малку што нашиве викаат тој телефонот што го проверуеле што патем нели и за тоа може да прашуваат го најдовте ли телефонот, нас телефонот не ни е најден…
ГЈ: Апаратот?
ИК: Да апаратот..
ГЈ: Ама не ти треба апаратот…
ИК: Па тоа се расправавме со Секуловска, како тоа не ви треба бе, абе ало ако има нели потреба си се вади листинг…извадивте ли листинг абе ако даде истражен наредба ќе извадиме, има ли наредба? Прашај го истражниот ама многу морон
ИК: А задњи шо му ѕвонел тоа е малку чудно што нашиве викаат дека 3-4 саата он нема примено повик.. шо е малку нели сеа… ич да не е…
ГЈ: Да де некој ќе ти сврти, пациент нека е…
ИК: Така де така, милион луѓе новинари ваму таму… али добро е што е задниот повик од Геро хахаха…
ГЈ: Ауууу…
ИК: И не му кренал и после Геро му пишал порука со тоа што овој не му одговорил, баш пред да трга од дома…
ГЈ: Интересно…
ИК: Така да можеме…мислам сеа треба да се договориме нели после откако ќе заврши се евентуално
ГЈ: Нека се расчисти па ќе праиме …. хахах
ИК: И евентуално на некои од овие новинариве шо се истражувачки ориентирани да им кажеме последен човек со којшто комуницирал и не му одговорил на пораката…
ГЈ: Што му кажа Геро во пораката?
ИК: Го… и некој таков наслов, што му порача Геро пред да го испрати во смрт…
ГЈ: Или Геро го испрати во смрт
ИК: Ххахаха, да де да…. а стварно така е последна порака е од него само што глупо нашиве го не праеа сеа тоа, баш како што објаснив сеа на оваа само со судска наредна може да се обезбеди…
ГЈ: Да бе да…
07-05-2015, 06:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#91



08-05-2015, 02:47 AM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#92

Држ се до удбашките медиуми Јордане, само таму е вистината.
Зависник од спортски натпревари следи исклучиво спортски канали. Зависник од удбашки приредби следи исклучиво удбашки канали.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
08-05-2015, 06:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#93



08-05-2015, 10:25 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#94



24-05-2015, 12:14 AM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#95

1)
Каде отидоа трите милијарди евра од буџетот?

На почетокот, лопатарската политика на Груевци даваше резултати кај неукиот дел од народот. За разлика од Бранковци, овие се шинуваа од лопати фрлање. Но, денес, после пет години, и слепците прогледаа, па поставуваат логично прашање: Што всушност изградија и колку тоа не чини?

Фокус 3 мар 2014,

Текстот е објавен во неделникот „Фокус“ на 1 април 2012 година.

Пишувал
Никола Младенов

После секое излегување од продавница, разумниот граѓанин се прашува, дали во кесето има соодветна замена за парите што веќе ги нема во неговото портмоне? Дали купеното е скапо, евтино или е баш тамам за дадените пари? Слична е ситуацијата и пред политичкиот избор. После завршениот мандат, граѓанинот се прашува, дали актуелната влада ни пружила соодветни услуги за парите што ни ги земала? И, како што при пазарењето споредуваме со другите продавници, така и во овој случај, правиме споредба со претходните влади. Само така може да разбереме, дали актуелната власт била подобра или полоша од претходната?

Значи, после пет години Преродба, на петти јуни ќе треба да подвлечеме црта и да одлучиме, дали Груевци не чинеа скапо или ефтино, дали повторно да им ги дадеме нашите пари на располагање или да ги отераме во три фини мајчини? Бројките се неумоливи, цехот е ненормален. За разлика од претходната влада на СДСМ, портокаловиве не чинат дури три милијарди евра поскапо. За толку е УГОЕН ДРЖАВНОТ БУЏЕТ во нивнава петолетка, кој, фала на прашање, се полни од нас, народот на Македонија. По разни основи, од ДДВ за секој купен производ, преку давачки за бензин, до сите можни намети по разноразни основи, заклучно со астрономските казни за пцуење на Пастирот. И, што добивме повеќе за ТРИТЕ ЕКСТРА МИЛИЈАРДИ ЕВРА , кои недостасуваат во нашите џебови – цирка 1.500 евра по човек?

Притоа, воопшто не ги есапам крпењата на дупките по локалните патчиња или оправките на селските водоводи ем канализации. Такви ,зафати, правеше и владата на СДСМ. Во моментов не интересира она што Бранковци не го направиле, а, ете, Груевци ни го овозможиле. Што би рекле тие, лажливите на мајка, како ,Донација од Владата, за народот на Републиката!

Денес, благодарејќи на мудрото водство на Никола Пастир Груевски и вредната му Фамилија, Македонија е на најниските гранки во професионалниот фудбал, кошарка, ракомет, одбојка… но, затоа, Скопје ќе има фудбалски стадион за 35.000 гледачи, а целата држава располага со едно чудо изградени или планирани за градба спортски сали, базени, тениски терени, плус карпа за планинарење. За се да биде баш о-кеј, неодамна ни изградија и терен за хокеј. За сето тоа не избричиле со безмалку 180 милиони евра. Машала!

Очекувано, Преродбата не водеше сметка само за спортот, туку целосно се посвети и на едукацијата на младината. За таа цел, фркнаа 50 милиони евра за компјутерите што збираат прашина пред секој ученик. Како резултат на тие натчовечки напори, само 48 отсто средношколци планираат да збришат од државава во следните 10 години. Не беше баш ефтино, ама, очигледно, компјутеризацијата си ја заврши работата. Без неа, гарант ќе избегаа веднаш!

Тука е, секако, и Скопје 2014, кој не е по ќеифот на само шест-седумдесеттина проценти од населението, главно заведено од опозициските предавнички сили. Тој проект ќе не чини едвај 80 милиони евра, и тоа на 8 годишни рати до 2014-та. До сега, значи, на него не отишле ни 50 милиони, а веќе имаме споменици што вредат 60 милиони евра. Звучи шашаво, ама, гледате, штом се сакало – се се можело. Ем вредно, ем ефтино, ем функционално. Многу државни службеници ќе добијат и свој покрив над главата со Скопје 2014. Само по основ на заштедата за кириите, кои до сега ги плаќале, градежниов зафат ќе се исплати за неполни 214 години. А може и порано, доколку благовремено се изгласа на референдум и влезе во Програмата во 1.000 чекори!

Но, Преродбата не го зафати само главниот град. Од неа не куртули ни Охрид. Владата фрли тони пари за промоција на туризмот по белосветските медиуми. Зарем наколната населба ќе ја чуваме само за себе?! Никако. Тоа чудо од колци и слама за некои безначајни 3-4 милиони евра беше нашиот адут среде острата туристичка конкуренција. Благодарејќи на сето тоа, бројот на странските туристи е се помал од година во година, само поради светската криза. Што не значи дека нема да го задржиме тој надежен тренд и после нејзиното завршување. Цврста гаранција за такво нешто е владиното ветување, дека веќе ги удвојува напорите на овој план. Кај ќе ни беше крајот, ако и од Бугарија ни праќаа туристи, оспособени за бродски расходки!

Разбира се, преродбеничкиот дух не ќе беше целосен, доколку не ја обземеше сета Македонија. Тоа задоволство се распореди рамномерно, од Шара до Осоговијата, и од Табановце до Богородица, благодарејќи на волшебните владини реклами. Некој ќе рече, 70 милиони евра се многу пари. Меѓутоа, зарем луѓето во малешевско или полошко не заслужуваат да видат, колку им е убава живеачката? Зошто тие да не знаат, дека земјоделскава ни влада го субвенционираше земјоделството со 150 милиони евра?Тоа што тиеможеби не виделе жив ем субвенциониран земјоделец, воопшто не значи дека такви нема. Не можат они да одат низ цела Македонија и да истражуваат, кој добил, а кој не добил субвенција. Ако времето го трошат на тоа, тогаш кога ќе можат самите да се бунат за неисплатените им субвенции!? Затоа, нема штедење на рекламите. Не случајно, уште од Гебелс е кажано: Бонус рекламус – Пакс ин домус!

Верувале или не, сево ова не чини едвај 500 милиони евра. А, каде се тука современите апарати за јавното здравство, украинските автобуси, па кинеските на кат, па џабе пензионери на главни седишта, сосе интернет во нив и топол оброк ем бесплатно бањање за сите, доколку обврската да гласаат за Преродбата ја пренесат и на нивните внуци?! Добро прашање, но, очигледно, една петолетка е премалку за сите портокалови ветувања. Ама, затоа, петте години се сосема доволни, за да се види дека Груевци не можат да оправдаат ниту една од трите милијарди евра. Значи, Преродбава е изгор скапа. Цената и е барем три пати повисока од пазарната. Како може човек да се чувствува во таква ситуација? Веројатно како секој од нас, кога на бензинска би му дрпнале 210 за дизелот кој чини 70 денари!!!

Дали можеше да биде и полошо од ова? Ве молам, зар не гледате дека и тоа е остварено. Во случајов, не само што ни свирнале бензин по три пати повисока цена, туку на мнозина од нас им наплатиле за гориво, иако тие немаат ни тротинет. Плус, без право на препродажба. Бездруго така се чувствуваат третината сиромашни во земјава, кои плаќале за едно чудо работи, кои воопшто не им се потребни. Храната е приоритет за гладниот, а не лизгалиштето за хокеј. Додуша, Ставревски не мисли така, но, тој е феномен. Тој ептен има врска со економија. Кумот е меѓу ретките, кои погодија дека светскава криза е добродојдена за Македонија. Да не беше таа, со што ќе ги правдаше глупостите кои секојдневно ги прават и зборуваат низ државава!?

Секоја буџетска пара е добра за нашата економија?! Точно, меѓутоа, прашањето е, што се можеше да се направи со трите милијарди евра, кои оваа влада дополнително ги извлече од народот? Кој денар ќе беше подобар за Македонија: Вложениот во изградба на нови патишта, железница, хидроцентрали, бескаматни кредити за нови работни места… или за ТВ спотови, наколни населби, панорамски тркала, карпи за планинарење и слични будалаштини? По ѓаволите, ним не им е доволно тоа што на најдолен начин не крадат, туку и за будали не сметаат!!!

Затоа, на оваа влада не би и дал ни три кучиња на мочање да одведе, а не, пак, три милијарди евра за уште еден мандат. Да простат КУЧИЊАТА , разбира се, на ДРУШТВОТО во кое ги ставив!

http://fokus.mk/kade-otidoa-trite-milija...-budhetot/

2)

Епа Никола нека ти е вечна слава ама ГИ НАЈДОВМЕ ПАРИТЕ .

Грујо ајдук војвода и неговата верна злосторничка дружина ги УКРАЛЕ .
И повеќе од тоа украле .
Уствари освен што краделе , убивале , уништувале ништо други и не правеле и неправат.

Еве :
За 6 години од земјава нелегално се изнесени фантастични 3,7 милијарди долари!

мај 26, 2015

За десет години од Македонија на нелегален начин се изнесени 5,2 милијарди долари, што ја позиционира Македонија на 79-то место по сумата на изнесени нелегални средства. Ваквиот податок го отвора прашањето дали македонските надлежните институции имаат ефикасен систем за следење на трансакциите и спречување на перење пари. Дел од експертите од оваа област велат дека системот што треба да ги следи финансиските трансакции е слаб. Укажуваат дека загрижува тоа што според новиот Закон за спречување на перење паи и финансирање тероризам, функционерите се изземени од регулативата односно банките немаат обврска да ги следат нивните финансиски трансакции.

-Загрижува фактот, што со новиот Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, се извадени од законот “политички експонираните личности”, тоа се сите јавни функционери, а за тоа постои посебна директива во Европската унија, дека тие лица се посебен ризик и треба да се следат со внимание. А кај нас со законот од 2014-та година тие се извадени од регулативата или поточно банките немаат обврска да ги следат нивните финансиски трансакции, значи на некој начин како да се прави подготовка за полесно пренесување на средствата надвор од земјава, затоа мислам дека сеуште нашиот систем е многу слаб, но тука многу ќе помогнат другите системи надвор од Македонија.Кај нас системот кој што треба да ги следи финансиските трансакции и перењето пари е многу слаб, пред неколку години беше многу подобро воспоставен тој систем. Сите механизми кои што беа воспоставени се ослабнати, вклучително и контролата што ја вршат банките но и контролата над банките во однос на исполнување на нивните обврски од овој тип, вели Слаѓана Тасева, претседател на Транспарентност Македонија.

Според истражувањето на „Глобал Фајненшал интергрити“ во периодот од 2003 до 2012 година на нелегален начин биле изнесени 5,2 милијарди долари. Ако се анализира по години, податоците покажуваат дека најмногу нелегални пари се изнесени во 2008 година, односно 928 милиони долари, и во 2011 година 852 милиони долари. Во периодот од 2003 заклучно со 2006 година, во просек годишно на нелегален начин биле изнесени околу 365 милиони долари. Годините потоа односно од 2007 до 2012-та година, годишниот просек на нелегално изнесени пари надминува 625 милиони долари, односно околу 3,7 милијарди долари. Вкупната сума за 10 години изнесува 5,212 милијарди.

Првата графа е година 2003, следуваат следните години, претпоследната графа е вкупниот износ на изнесени пари за сите години, а последната графа е годишниот просек на изнесени пари.


Швајцарската Влада почна да ги објавува странските затајувачи на данок

Швајцарската Влада почна да ги објавува имињата на странските државјани за кои постои сомнеж дека затајувале данок преку сметките отворени во швајцарските банки. Како причина за овој потег, Швајцарската даночна управа ги наведува барањата на надлежните институции од дургите земји за помош во истрагите против депонентите во швајцарските банки. Овој потег доаѓа барање на Европската унија. На 21-ви овој месец, Европскиот парламент донесе директива за објавување на вистинските сопственици на фирмите со сметки во швајцарските банки. Дали на листата има и македонски државјани?Дел од експертите очекуваат дека на списокот ќе се појават имиња и фирми на лица од Македонија.

-Не е исклучено наши функционери да имаат сметки во Швајцарија. Досега без исклучок се покажа дека од сите држави кои што имаат правни системи кои имаат голем проблем со корупцијата, функционерите ги изнесуваат средставата и ги стваат во швајцарските банки.

Очекувам дека на тој список ќе има и имиња на лица од Македонија и компании, затоа што постојат многу информации, а и не е ниту тајна дека наши луѓе имаат основано компании во други држави, а овој пат ќе се знаат вистинските сопственци. Многу често се случува тие компании да се основаат под други имиња, тешко може да се стигне до вистинскиот сопстевник на компанијата или за тоа кој интерес го застапува таа компанија. Доколку на тие списоци се појават имиња на наши државјани, тие имиња ќе можеме да ги видиме, оти тоа ќе биде јавно и ќе може да се види кои се тие лица, и тие нема да ги селектираат по држави, туку ќе ги објавуваат сите, па доколку имаме интерес ние и доколку има лица од Македонија, тоа ќе може да се види. Овој потег на Швајцарија произлезе после настаните пред неколку години кога се обелоденија имињата на лица и компании кои имаат жиро сметки во Швајцарија, за да ги избегнат даночноите обврски во другите држави од ЕУ, и сега норамлано ЕУ побара од Швајцарија да ги објавува имињата. На овој начин ќе се има поголем увид во тоа кои се лицата кои избегнуваат плаќање на данок, вели Тасева.

Според дел од експертите доколку на листата се најдат и државјани на Македонија, тогаш тие ќе мора да одговараат пред надлежните институции во земјава, но доколку се утврди корупција и перење пари ќе одговараат и пред швајцарските надлежни институции.

http://faktor.mk/2015/05/26/za-6-godini-...ni-dolari/

Вистината е како шило ...вти вти ..и Грујо ајдук војвода ќе се извти гадот умноболен.
18-06-2015, 07:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#96

Quote:Младенова: Причина за смртта на Никола е брзината и ништо друго

[Image: biljana-mladenova-960x444.jpg]

15.03.2019
Шест години од смртта на новинарот Никола Младенов. Роден е на 10 март, а загина на 26 во сообраќајна незгода.
Неговата сопруга Билјана Младенова вечерва првпат зборува јавно за смртта на сопругот во гостување на 1ТВ.
Младенова вели дека нема нови моменти за истрагата за сообраќајната несреќа на Никола Младенов иако владата на Заев во програмата од 2017 година стави дека институциите ќе помогнат за неколку судски процеси да се дознае вистината, но овие две години не е спомнат случајот.


Quote:Сознанијата со кои јас располагам не ја менуваат претходната фактичка состојба дека Никола загина во сообраќајна несреќа поради неприлагодена брзина, согласно условите на патот. Јас ја разбирам добрата намера на сегашната влада. Луѓето ја изгубија целосно довербата во институциите на системот. Тоа дополнително ги подгреваше сомнежите не само за сообраќајната несреќа на Младенов. Тоа не беше констатација само на граѓаните, туку и од целокупниот меѓународен фактор, добивме оценка дека нашиот правен систем е урнисан и имаме заробена држава. Да бидам децидна. Причината за трагичната сообраќајна несреќа е брзината. Апсолутно немам сомнеж дека стои нешто покрупно, рече Младенова.
16-03-2019, 03:01 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#97



16-03-2019, 03:02 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,414
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#98

[Image: image.png]
20-03-2019, 01:33 AM
Reply