Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Рускиот тајкун Борис Берeзовски е најден мртов!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:Борис Берeзовски е најден мртов


[Image: 1831golema.jpg]

23-03-2013
Рускиот тајкун Борис Березовски, кој живееше во егзил во Велика Британија е пронајден мртов во неговиот дом. Се уште не се познати деталите околу смртта на милијардерот кој во Русија се бара со потерница, а кој важеше за жесток опонент на претседателот Владимир Путин.

РИА "Новости" објави дека 67-годишниот Березовски починал, повикувајќи се на написот на неговиот зет Егор Шуппе на страницата на "Фејсбук".

Борис Бeрезовски емигрира од Русија во 2000 година. Моќниот брокер од Кремљ почнува да го намалува своето богатство под влијание на Путин.

Минатата година тој загуби 3 милијарди фунти во спор со сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи, Роман Абрамович.
23-03-2013, 10:10 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,750
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Березовски напишал проштално писмо на Прочка


[Image: 1834golema.jpg]
23-03-2013
Смртта на Борис Березовски можеби не е толку неочекувана, како штоизгледа на прв поглед, пишува dp.ru. Весникот потсетува дека пред една година тој напишал писмо во кое им се извинил на своите сонародници и се кае поради тоа што го довел Путин на власт.

Рускиот тајкун Борис Берeзовски е најден мртов

Смртта на милијардерот стана актуелна пред неколку часа. Според првични податоци, тој се самоубил. Сајтот dp.ru го објави целиот текст на прошталното писмо:

Воздржи се секакви зла, оди по правиот пат и не прави грешки, рекол Бог преку пророкот Еремија и затоа токму сега, на Денот Прочка, и јас ви се обраќам. Годините на прогонство ми овозможија да погледнам од страна на својот живот, на својата татковина и многу јасно да сфатам дека без покајание, без признавање на грешките од минатото, без храброст да се изгради иднината, нема прогрес. Ниту за мене лично, ниту за кого било друг. Живеев долго убав живот. И за тоа време направив многу дела, неизбежно и сум грешел. Грешки сум правел и свесно, а уште повеќе сум направил и несвесно. Како што се вели молитвата за покајание: "свесно и несвесно, волно и неволно." Знам дека вие, народот на Русија, чиј дел сум и јас, ги осудувате многу од моите дела.

Се каам и се молам да ми простите за алчноста. Жеден за богатство, без да размислувам дека тоа е на штета на другите. И покрај тоа што не сум го направил сето тоа сам, не е оправдување.

Простете ми.

Се каам и молам за прошка, исто така, за поткопување од моја страна на слободата на говорот. Бранејќи го потегот со желба да ја спасам Русија од црвената чума, јас, креаторот на политиката на главниот информативен гласноговорник на земјата ги игнорирав демократските вредности. Моите активности го поставија почетокот на уништувањето на независната на новинарството. Не го правев тоа сам, но тоа не е оправдување.

Простете ми.

Се каам и молам за прошка и за тоа што го доведов на власт Владимир Путин. Бев обврзан, но не можев да го видам во него идниот алчен тиранин и узурпатор, човекот, кој ја уништи слободата и го запре развојот на Русија. Многумина од нас тогаш не можеа тоа да го откријат, но тоа не ме оправдува.

Простете ми.

Други гревови пред Русија јас немам. Знам дека покајанието не се само зборови, но и дела. И тие ќе следат.

Борис Березовски,
26 февруари 2012 година
23-03-2013, 10:12 PM
Reply