Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
СЛОБОДА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 13,605
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Quote:[Image: raining_money_1.gif]


Можеби повеќемина би се согласиле со ставот дека примитивниот човек бил единствениот вистински слободен од неговото постоење како вид на нашава планета. Тука сега се поставува прашањето: Дали тој навистина бил слободен или станува збор за некакво романтично гледање на слободата. Да, точно е тоа дека примитивниот човек редовно си ја практикувал својата слобода да оди каде сака, да собира храни или да ја лови кога сака, каде ќе посака. Но тој едноставно не беше слободен бидејки никој не му гарантирал дека ќе го јади тоа што го собрал или уловил. Во негово време постоеле разни ѕверови, напасници или арамии од сопствениот вид кои со задоволство би му го украле собраното или уловеното. Ваквиот начин на живот го терало примитивниот човек да собира или лови повеќе отколку му е потребно во моментот да се нахрани. Сепак, и ова не било доволно за да се осигура дека плодот на сопствениот труд ќе може да го користи од една едноставна причина. Секогаш постоел ризикот од некој посилен кој ќе дојди и ќе му одземи се преку законот на посилниот.

Овој проблем примитивниот човек го решил така што се здружил со други од неговиот вид и создал општествена состојба на заедничка одбрана. Оваа состојба денес ние ја нарекуваме Држава. Тој предал дел од својата слобода, за себеси си да се заштити од грабеж, убиство и други слични дејства.

За да функционира оваа нова состојба во правец, но и за намената која е создадена бе-ше потребно таа нова општествена состојба да го поседува исклучивото право да користи сила. Што беше до тогаш одговорност на секој индивидуалец во полето на индивидуалната самозаштита сега постана организирана самозаштита. Организирана самозаштита е всушност суштината на постоењето на државата.

При ваква состојба човекот беше ослободен од стравот дека некој ќе му го одземи резултатот на својот труд. Тој веќе беше слободен да планира што ќе произведи а со вишокот му беше овозможено да тргува. Исто така почна да размислува како да ја зголеми и подобри својата ефикасност при работа за единствена цел, поголема можност за трговија.

Можноста која ја овозможуваше новостекнатата реална слобода, да планира самиот за сопствената иднина, и покрај пренесувањето на дел од сопствената слобода врз државата, всушност го ослободи повеќе одколку можело и да се замисли. При ваква оп-штествена состојба човекот почна да напредува.


Автор ПРОТИВПРОПАГАНДА
09-03-2013, 01:13 PM
Reply