Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ НЕГУВА КУЛТ НА ЛИЧНОСТА ??
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Текстот е на еден порано многу активен форумџија. Форумџија кој пишуваше под ник ПРОТИВПРОПАГАНДА на форумот АЈВАР. Мислам дека и денеска текстот е многу актуелен. Се надевам дека денеска повеке луѓе ке го разберат во однос на 2004 година и ке извлечат поука.


Quote:КУЛТОВИ И КУЛТНО ОДНЕСУВАЊЕ



[Image: pogled-na-severna-korea-1-1-1bp-1805.jpg]

Тешко е да се даде строга дефиниција на зборот Култ. Многуте разни форми на девијантно групно однесување ја поттикнуваат тешкотијата во строгото дефинирање на тоа што ја прави една група култна или не. Во пропагандните активности, ваквата активност се смета за пожелна за поттикнување бидејки олеснува при создавање, односно креирање на правци на мисла, менталитет или пак создава поволна состојба за полесно принудување на активност. Друга потешкотија при дефинирање и откривање на култови или култно однесување претставува бројноста на одредена група или прифатеноста на одредена идеологија во општеството. Култовите често поседуваат конотација кон религиозното, иако мошне тесна, во повеќето случаеви допира до вистината, ама само допира. Култно однесување може да се забележи во политички партии и општествени активности како што се идолизирање на пеач или глумец, наметнат начин на забава (скопска шема), начини на однесување кои генерираат одредени ние против тие елитистички настојувања.

Покрај потешкотиите, досегашните испитувања на култни групи даваат можност за една дефиниција за тоа што претставува култ.

КУЛТ - група или движење која покажува голема или претерана приврзаност или посветеност кон личност, идеа или предмет. Користење на неетички манипулативни техники на убедување и контрола во групата кои се дизајнирани на начин на кој полесно би се оствариле идеите на водачите на дадената група.

Според истражувањата кои се направени на групи со култно однесување во далечното и поблиското минато и сегашните групи добиени се овие показатели по кои треба да се анализира една група и да се детерминира дали една група поседува во себе култно однесување.

Овие 14 точки на однесување на група ќе ви ги дадат потребните знаења за валидно да процените дали таа група е култно ориентирана:

1. Дали групата е фокусирана на жив лидер кон кого членовите на таа група покажуваат претерано ревносен став и неоспорна предаденост?

2. Дали групата е презафатена со активирање на нови членови?

3. Дали во групата оспорувањето, сомнежот или несложувањето со наметнатото мислење се обесхрабрува или се казнува?

4. Сомнежи за групата или за лидерите на групата се гасат преку разни техники на казни и награди?

5. Дали лидерите на групата диктираат како членовите треба да мислат, да се однесуваат или како да се чувствуваат?

6. Дале групата е елитистички настроена. Дали таа поседува возвишен, ние сме најдобри, став за себе или за своите лидери?

7. Дали е групата поларизирана, односно дали има ние против тие менталитет кој предизвикува конфликт со останатите групи во општеството?

8. Дали лидерите на групата се сметаат за семоќни решавачи на судбини без да одговараат пред никоj друг во групата?

9. Дали групата налага активности од своите членови за извршување на своите наводно свети цели со средства кои не би биле сметани за етички?

10. Дали лидерите на групата предизвикуваат чувство на вина со цел полесно да ги контролираат членовите?

11. Дали со членувањето во групата на членовите им се налага да ги прекинат врските со пријателите и семејството, да ги откажат своите лични цели и активности во животот пред да и се вклучат на групата?

12. Дали се очекува од членовите да одвојуваат премногу време за групата.

13. Дали се очекува и им се наметнува на членовите да живеат и/ или да се дружат само со членови од групата.

14. Дали групата е преокупирана со заработување на пари.

Доколку кој било 4 точки се совпаѓаат со однесувањето на одредена група тогаш постои голема веројатност дека таа група поседува култно однесување и го наметнува врз своите членови.
22-02-2013, 03:57 AM
Reply
Тодор Offline
Македонски Българин
***

Posts: 111
Joined: Oct 2010
Reputation: 27
#2

Комунизмът беше кълт. Навиките негови умираат полека со поместване на постарите генерации со помлади. Твойта генерация е следна па мойта сетне.
Небото да е книга, морето мастило, не ще можам да напишам своите ядови.
22-02-2013, 11:24 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 15,946
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(22-02-2013, 11:24 AM)Тодор Wrote: Комунизмът беше кълт. Навиките негови умираат полека со поместване на постарите генерации со помлади. Твойта генерация е следна па мойта сетне.



Не би се сложил дека култот на личноата во Македонија умира со тоа како исчезнуваат генерациите. Погледни ги дефинициите кои се карактеристика на култот па спореди ги со онаа што се случува денеска во Македонија, во СДСМ и ДПМНЕ, ке добиеш јасна слика дека ништо не се сменило од времето на Тито.
22-02-2013, 12:45 PM
Reply
Тодор Offline
Македонски Българин
***

Posts: 111
Joined: Oct 2010
Reputation: 27
#4

Груевски и Цървенковски денес се во свойте 45 - 50 години старост. Пред дваесетина години тие цицая комунистичко млеко. Тие денес я водат държавата. Кога нивните внуци на нивна старост ще я водат държавата тогаш култът много ще отслабне. Проблемот е во тоа щото ниту ти ниту яс не ще го дочакаме тоа.
Небото да е книга, морето мастило, не ще можам да напишам своите ядови.
22-02-2013, 02:48 PM
Reply
МрачниотКоњаник Offline
stop the brainfcuk
*****

Posts: 1,391
Joined: Dec 2010
Reputation: 1
#5

А твојот сакан Бојко, чие млеко цицаше?
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Борба за слобода од шарените окупатори!
22-02-2013, 04:26 PM
Reply