Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
НИЕ ЅЕБРЊАК И СВЕТИ САВА, ТИЕ МИЛАНСКИОТ ЕДИКТ ВО НИШ БЕЗ МПЦ-ОА
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1



Quote:Миланскиот едикт не важи за МПЦ

Единствено претставник од Македонија на религиско нив, ќе има за време на литургијата што на 21 септември во Ниш ја организиара Католичката Црква. Тогаш се очекува присуство на над 100.000 католици, а меѓу нив ќе биде и Скопскиот Бискуп и Апостолски егзарх, Киро Стојанов. На се друго што е во организиација на СПЦ, нема да има место за претставници на МПЦ.

[Image: mil1.jpg]

Никој од Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, ниту пак од Православниот Богословски факултет во Скопје, не е поканет на ниту еден настан од јубилејното одбележување на 1700 години од прогласувањето на Миланскиот едикт, што годинава се одржува во Србија. За најголемиот настан во христијанството засега нема покана за учество ниту пак до државните македонски институции, вкучително и до Комисијата за односи со верските заедници во Македонија. Србија 2013-тата ја прогласи за година на Константин Велики и во текот на целата година организира манифестации поврзани со христијанството. На тие настани ќе присуствуваат претставници од сите христијански религии, од православните, католиците, протестантите па се до најмалите признати христијански секти. Единствено од МПЦ, ќе нема претставник.

Официјални организатори се српската држава и српската православна црква. Орборот за одбележувањето на јубилејот го водат, Претседателот на Србија, Томислав Николиќ и Патријархот на Српската православна црква, г.г. Иринеј. Во орборот членуваат речиси и половината од владиниот кабинет заедно со Премиерот Ивица Дачиќ.

Единствено претставник од Македонија на религиско нив, ќе има за време на литургијата што на 21 септември во Ниш ја организиара Католичката Црква. Тогаш се очекува присуство на над 100.000 католици, а меѓу нив ќе биде и Скопскиот Бискуп и Апостолски егзарх, Киро Стојанов. На се друго што е во организиација на СПЦ, нема да има место за претставници на МПЦ.

Централната прослава во Ниш ќе биде од 3 до 7 јуни. Тогаш се предвидени многу црковни и симпозиумски настани. Во органзиационит одбор за меѓунардоната конференција посветена на Византија, нејзината уметност и култура членуваат и двајца академици од Македонија, Цветан Грозданов, кој воедно е и почесен член на САНУ, и неговата сопруга, Вера Битракова-Грозданова. Таа за денешен.мк, вели дека нема информации зошто никој не е поканет од Македонија, но вели дека на меѓународната конференција посветена за византологијата, најверојатно ќе има учесници од Македонија на професорско или стручно ниво, доколку тие до 1 мај, се пријават за учество како византолози.

Во Нишката епархија на СПЦ, велат дека немаат информации за тоа дали некој ќе биде поканет како претсатвник на македонската држава, но категортични се дека од МПЦ нема да има претставник.

-Што се однесува до државата, не сме запознаени. Но што се однесува до МПЦ, вие многу добро знаете дека таму има проблем, кој не е решен и од тие причини, сосема логично е дека нема да има поканети претставници, велат за денешен.мк од нишката епархија на СПЦ, која е ко организатор на главната прослава.

Иако државата директно е вклучена во одбележувањето на оваа најмасовна светска прослава посветена на 1700 години од признавањето на христијанството како официјална религија, сепак нити во канцеларијата за односи со верските заедници во Србија, немаат информации дали некој е поканет од македонската држава.

Константиновата година, свечено беше отворена на 17 јануари во Ниш. На свечената академија и почетокот на јубилејната прослава зборуваа Патријархот, г.г Иринеј и Претседателот, Томислав Николиќ.
27-01-2013, 03:13 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,296
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Императорот од Ниш го споре прогонот


[Image: kons.jpg]

Римскиот император Константин Први Велики, кој воедно е и последниот император кој владеел со целокупната римска империја во 313 година во Милано го потпишува документот, познат како Милански Едикт со кој се забранува дотогашниот прогон на христијаните. Христијанството три века по Исус Христос станува официјална призната религија. Миланскиот едикт е првиот документ кој денеска е основа за она што се нарекува верска толеранција. Неговото значње е огромно за рзвојот на христијанството. Седум години подоцна, Константин Велики е првиот имератор кој престолнината ја пренесува во градот на Босфор, кој името го добиве по него – Константинопол, денешен Истанбул.

Константин Велики се родил помеѓу 271 и 273 година, во градот Наису, денешен Ниш. Татко му бил римски овфицер од висок ранг, а мака му Елена жена со скромно потекло.
27-01-2013, 03:13 AM
Reply